build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 35>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 11-Jan-2010 at 01:33

Непроверени клими ни висат врз глава

Кој ќе ја сноси одговорноста ако врз нечија глава падне клима-уред? Евентуално монтерот, но само ако уредот паднал во рок од една до две години, колку што трае гаранцијата за монтажата. А потоа, со среќа. Законска рамка за поставувањето на овие апарати на надворешниот дел од зградите воопшто нема, па нема ниту каде да се бара виновникот ако од временските влијанија шрафовите се разлабават или попуштат и поради тоа биде предизвикана несреќа.

- Кога шетам со моето мало дете во количка, го избегнувам центарот бидејќи на секој чекор висат клима-уреди. Пешачките патеки секогаш се зафатени со автомобили, па луѓето се принудени да одат веднаш покрај зградите. Таму над главите ни висат клима-уреди, саксии, разни реклами и што ли уште не. Мојот сопруг понекогаш смета дека сум премногу параноична, но јас навистина се плашам за својата и за безбедноста на моето дете, оти се' и сешто паѓа од фасадите - вели Ана Стојанова, жител на Карпош.

Во Скопје, инвазијата на поставување еркондишни започна пред 15-ина години. Од фирмите што се занимаваат со нивното монтирање велат дека одржувањето на клима-уредот не е во нивна надлежност по истекот на гаранцијата од една до две години, која зависи од типот на уредот.

Освен климите, несреќи може да предизвикаат и многу други објекти како билборди, шипки, ламарини и разни делови од стари истрошени фасади. Се' уште се памети случајот од 80-тите години од минатиот век, кога саксија што паѓа усмрти човек што се движел покрај Градски ѕид.

- Со пријателката си правевме муабет и одеднаш од зградата кај семкарницата „Зуко“ ни падна ламарина пред нозе. Целосно бевме извадени од памет! Можевме да загинеме доколку направевме еден чекор повеќе. Беше голема 1,5 метар, со остри рабови. Страшно! - вели скопјанката Катерина П.

Во последно време на покривите од скопските згради може да се забележи и зголемено присуство на масивни билборди. Од Градот велат дека ги изработуваат елаборатите само за билбордите на јавните површини, додека за оние на зградите целата одговорност за безбедноста е на грбот на општините.

- За конструкциите и билбордите на зградите се надлежни општините и тие треба, согласно законот и детаљните урбанистички планови, да издаваат согласности. Значи, кога е во прашање безбедноста на граѓаните и естетиката на просторот, ставот е доследно почитување на законите и на подзаконските акти - изјавија од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Голем дел од големите билборди и рекламни паноа по фасадите и над зградите се поставени без дозвола, иако таа е потребна за сите објекти што имаат поголема површина од 12 квадрати. Од општините неколкупати досега потенцирале дека од нив никој не побарал дозвола. Сепак и покрај свесноста за вакво нешто, општинските инспектори го толерираат самоволието на рекламните фирми и не излегуваат на терен да ги отстранат дивоградбите.

За се' друго што паѓа од старите фасади на зградите, поради тоа што никој не ги одржува со децении, може да се зборува со денови. Со новиот Закон за домувањето, одржувањето на фасадите е строго поставено во рацете на куќните совети, но колку тоа ќе заживее допрва ќе се види.

За среќа, досега не е забележан случај со трагични последици, но, како што коментираат самите граѓани, сето тоа може да се припише на невидена среќа.

Староста на фасадата и нередовното одржување си го прави своето, па изминативе години на неколку згради беа залепени и предупредувања до минувачите да внимаваат на одроните од фасадите. Такво нешто можеше да се види на зградата на Уставниот суд, од која паѓаа плочки, но и од кулите на Градски ѕид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1E38BF53AF2E014F962989DC842ADAB3

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 09-Jan-2010 at 06:35

„Паркови и зеленило“ кампува на „Партизанска“

Во приколките се чува алатот со кој работат работниците на жардиниерите

Работниците на „Паркови и зеленило“ деновиве кампуваат во зеленилото на булеварот „Партизански одреди“. Екипите што работат на озеленување на жардиниерите од булеварското средишно зеленило имаат паркирано три камп-приколки на пешачките патеки кај поликлиниката „Букурешт“ и во близина на хотелот „Карпош“. Приколките ќе останат таму додека траат теренските работи, по што ќе се преселат на некоја друга локација во градот.

Бидејќи се стари и неугледни даваат навистина грда слика, а во јавното претпријатие велат дека приколките им се неопходни. Во нив го чуваат поголемиот дел од алатот со кој работат работниците на жардиниерите. За да се заштеди време, вработените теренци наутро доаѓаат директно на локацијата каде што работат наместо да одат во базата, објаснуваат во „Паркови“. Затоа и алатот треба да им биде при рака. Во јавното претпријатие признаваат дека приколките не им се најсигурни, бидејќи лесно се провалуваат, но немаат друг избор. Работниците што наутро доаѓаат на работа ги користат и за пресоблекување во работничка облека.

„Не можеме да дозволиме работниците што газат в кал така да си одат дома. Мора да се обезбеди место за пресоблекување и затоа најлесно ни е да користиме приколки. Лесно се транспортираат, а сега се наоѓаат на ’Партизанска’. Претходно, кога работевме на средишното зеленило на булеварот ’Јане Сандански’ беа таму паркирани“, велат во „Паркови“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2282042E352B1048B561EAA4B50666C5
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 06-Jan-2010 at 05:33

Се монтира лизгалиштето среде плоштад

Од почетокот на наредната недела скопјани ќе може да се лизгаат и да се забавуваат на лизгалиштето што Општина Центар деновиве го поставува во центарот на градскиот плоштад Македонија. Австриската фирма „Солкав алтернатив енерџи систем“ победи на конкурсот за изнајмување лизгалиште со вештачки мраз, што го распиша Општината, и веќе ги обавува подготвителните работи.

Лизгалиштето ќе зафаќа површина од 800 квадратни метри, односно ќе биде со димензии 20 на 40 метри, со капацитет за 300 луѓе.

- Станува збор за лизгалиште што е според сите светски стандарди, со големина на ракометно игралиште. Според условите во тендерот, тоа ќе биде во функција до март, односно три месеци од денот на пуштањето во употреба - велат во Општина Центар.

Лизгалиштето ќе располага со 360 чифта лизгалки за изнајмување, со големина од 25 до 46 број, за сите возрасти, а ќе има и машини за острење на лизгалките. Ќе се одржува со машини, а мразот редовно ќе се мазни. Ќе има и пингвини и бели мечки како помагала за помалите деца.

Лизгалиштето ќе биде оградено со алуминиумска ограда, а панелите на оградата ќе бидат изработени од поцинкуван челик. Од внатрешната и од надворешната страна на оградата ќе има и простор за поставување на реклами.

Работно време на лизгалиштето ќе биде од 10 часот до полноќ. Влезницата за периодот од 10 до 18 часот ќе чини 30 денари, а од 18 часот до полноќ ќе чини 50 денари. Ќе се лизга во смени, во траење од 45 минути. Во цената е вклучено и изнајмувањето на лизгалките. (А.П.)                                                                                                                                                                                                 http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8B52AC48052E174993372895C1FF95AD   
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 28-Dec-2009 at 16:56
Previous
Мислам канализација за ново изградените згради !!??
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 28-Dec-2009 at 15:14
На партизанска се копа за некои пластични цефки се ставаат незнам за што се...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 23-Dec-2009 at 11:10
Ама ова каде и да пројде позади себе сепак ќе остави мора или влажна површина, неможе скрос барут да исуша позади себе. Па така ако е ладно вече за мраз, ондак ќе биде ладно и таа мокра површина позади себе да ја направи потенцијално стакло лизгалиште за неколку минути.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3609
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 22-Dec-2009 at 21:12
пча зависи од типот имаш со греачи имаш на пареа имаш со тоа средството, како и да е за квалитетно површини греота е да се пушта тоа плугот ќе прави пуздер посекако, всушност камионот со плуг може да помине прв и не до земја а потоа може да помине ваква механизација како целосно би го стопила снегот
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 22-Dec-2009 at 21:06
Интересен концепт Мах, но ако добро прочитав проблемот со ваквите машини е премалиот капацитет на топење во однос на другите типови чистачи - 5000 тони на час
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3609
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 22-Dec-2009 at 21:03
не е проблем водата бидејќи во случај да станува збор за снег тоа е пред се заробен воздух. додека мраз сигурно нема да чекаме да се собере премногу! едноставно и применливо, а поентата е да не се уништува асфалтот или плочниците онаму каде истите се поскап муабет пример плоштад...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 22-Dec-2009 at 20:10
А на пример кога ќе се стопи каде ќе оди водата? Бидејќи кај нас не сме баш најспремни со канализациони одводи, замисли каков мраз ќе се создава ако се применува тоа. Вака снегот си стои како снег додека не дојде потопло време да си се стопи сам и да испари.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3609
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 22-Dec-2009 at 18:43


да прашам што мислите колку е поевтино и поисплатливо да се топи наместо да се рине снег, мислам дека тоа е далеку поидаелно решение и за мраз, на балканов незнам некој да има затерано ваква механизација, но за тоа новите автопати штета и греота би било да се користат чистачи и соларки!

http://en.wikipedia.org/wiki/Winter_service_vehicle#Snow_melter

ова е идеално решение и за тротоарите само најдобро e некој да извади домашно производство на некоја ваква машина или мултифункционална машина, пример www.fod.com.mk кои тераат и со култиватори, ако ништо друго да понудат додаток за камионите за чистење или евентуално некоја приколка, додека за пристапни патеки и скали би требало тоа да биде пример некој џогер на пареа, но далеку по робусен него тоа домашните х2о-моп, сепак поефтино и поиплатливо е мразот да се растопува него да се рине!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 19-Dec-2009 at 08:21
А добро зашто мора вака со нервозен пристап кон проблемот одма. Ова може да се реши многу лесно. Компанијата што има барање за прекоп едноснаво нека достави банкарска гаранција во висина приближна или нешто повиксока од штетата што би се направила, па нека биде активирана доколку не го испочитува рокот за да го потрупа. Или едноставно не ни мора тогаш да го потрупува, едноставно ќе си плати на улици и патишта да го потрупаат, и чиста сметка. Не ни мора преку банка да иде, нека биде преку обично депонирање средства.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 18-Dec-2009 at 22:18

Јакимовски ќе забрани прекопи на улиците во Карпош

Подземните инсталации ќе можат да се инсталираат
единствено со подземно дупчење


Деспина Трајковска

Во Општина Карпош во наредните пет години ќе биде забрането прекопување на улиците, тротоарите и парковите за потребите на разни инсталации. Ова е конечната одлука на градоначалникот Стевчо Јакимовски, со цел да се стави крај на, како што вели, несовесниот пристап на субјектите кои имаат потреба од инсталирање разни подземни инсталации на подрачјето на Карпош. На сите нив Општината ќе им дозволува монтирањето на подземните системи да го вршат поинаку од досега. Имено, според Јакимовски, постои метод за подземно дупчење со кое би се извршило монтирањето разни кабли, доводи, инсталации...


„Како по примерот на европските градови, но и на системот што се употребуваше порано кај нас, сите субјекти што имаат потреба од прекопи, од 15 јануари ќе можат да го сторат тоа единствено со дупчење одоздола, проверен и некогаш употребуван систем. Само на овој начин сметам дека ќе ставиме крај на несовесните раскопувања од страна на субјектите кои постојано имаат потреба од зафати“, вели Јакимовски, според кого кабелските и Интернет-операторите, „Телеком“, ЕВН, потоа „Водовод и канализација“ и МВР се тие кои најчесто му ја нагрдуваат општината.

Јакимовски вели дека ниту алармирањата по прекопувањата да ги вратат зафатените подрачја во првобитна состојба не дале плод. И во случај да го сториле тоа, прекопаните локации личеле како на нив да работела „мачката со опашката“. Во десетици наврати општинските инспектори регистрирале такви случаи, а најсвежи се, велат, примерите со дел од тротоарите на булевар „Партизански одреди“, на улиците во станбениот блок на улица „Волгоградска“ и делови пред ТЦ „Лептокарија“.

Инаку, од Општината сметаат дека со забраната за издавање дозволи за прекопување нема да го прекршуваат законот. Напротив, градоначалникот посочува дека незаконски се однесувале субјектите што прекопувале низ Карпош, а Општината не ги санкционирала.

„Тоа не значи дека најавите за тужби против МВР и другите субјекти поради раскопаниот терен, а потоа не е вратен во првобитна состојба, нема да ги реализирам. Моите обвинувања не се паушални, за тоа имаме стотици фотографии, како и забелешки и пријави од граѓаните“, дополни Јакимовски, според кого досегашниот однос на прекопувачите не само што предизвикал оштетување на општинскиот буџет, оти Општината ги санирала прекопувања иако не и' е обврска тоа, туку истовремено тоа негативно се одразувало на општинските ангажирани фирми, кои наместо да работат на инфраструктурните зафати, речиси секојдневно се ангажираат за санација на прекопите.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C56166F239C584C851A39B76C044CCD
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 11-Dec-2009 at 18:15
ВЛАСТИТЕ ЗАПНАА ВО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА
Цела процедура за обичен јавен тоалет

Роза Петкова

На локалните власти тешко им оди реновирањето на неколкуте јавни тоалети во центарот на градот, што е нивна обврска со Законот за јавна чистота. Трите објекти што Град Скопје се нафати да ги среди и повторно да ги стави во употреба, наместо во ноември како што беше најавено, ќе биле готови до февруари. Реконструкцијата, како што велат надлежните, е во завршна фаза и останува да се довршат уште мал дел од занаетчиските работи. - До извесно мало одложување дојде поради спроведување на постапките за јавни набавки. Во текот на јануари, најдоцна до почетокот на февруари 2010 година ќе бидат ставени во функција објектите во првиот и во вториот дел на Градски парк и под мостот „Гоце Делчев“ - велат надлежните од Град Скопје. Кој ќе ги стопанисува објектите и дали нивното користење ќе се наплаќа, градските власти и натаму не откриваат, туку велат дека ќе донесат одлука откако ќе направат технички прием на тоалетите. Општинските власти од Центар, кои требаше да реновираат подземен јавен тоалет сместен во паркот „Жена-борец“, во близина на споменикот на децата-бегалци, се повлекуваат од проектот. - Во моментов не постојат услови за градба на тоалетот во паркот затоа што тој е потполно урнат, руиниран и затрупан, а во таква состојба е невозможна каква било интервенција. Потребна е целосна интервенција која не може да се покрие со лимитираните средства од Министерство за транспорт и врски. Од тие причини, Општина Центар го повлече доставениот предлог за реконструкција на тоалетот - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општината. Од Центар воопшто не споменуваат дали во замена ќе поправат некое друго јавно веце за кое ќе имаат доволно пари. Јавните тоалети во Скопје долго време се во лоша состојба и неупотребливи. Министерството за транспорт и врски на почетокот на годинава распиша јавен повик на кој општините требаше да се пријават за да добијат пари и да ги реновираат санитарните јазли, како и да изградат нови, таму каде што има потреба. За таа цел Министерството одобри три милиони денари за Град Скопје и 800.000 денари за општина Центар. Во моментот во метрополата нема ниту еден јавен тоалет кој е комплетно оспособен за нормална употреба и со кој може да се пречекаат и туристите кои го посетуваат градов.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1889&ArticleID=128740
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 09-Dec-2009 at 01:52

Водњанци бараат да се покрие каналот кај „Кочо Рацин“

Каналот за одлив на атмосферски води спроти основното училиште „Кочо Рацин“ на улицата Салвадор Алјенде е отворен со години. Жителите од оваа улица сметаат дека отворениот канал не само што претставува неубава глетка за овој дел од градот, туку е и сериозна опасност за нивните деца, како и за автомобилите. Тие се жалат дека освен што каналот е исчистен пред еден месец, досега никој од надлежните не се заангажирал да го покрие.

Од друга страна, Градот Скопје и Општина Центар најавуваат дека ќе го покријат каналот во следната година и врз него ќе изградат паркинг.

- Досега не се случило некое од децата или возрасните да настрада во каналот, бидејќи родителите стравуваат и ги носат до училиштето, особено помалите. Но, затоа три-четири пати се случило во каналот да пропаднат возила - вели жител на улицата Салвадоре Алјенде.

Родители чии деца учат во ова училиште стравуваат за нивната безбедност.

- Имам седумгодишен син, кој оди на училиште во „Кочо Рацин“. Каналот е опасен, а тротоарот до него е многу тесен, па затоа постојано го опоменувам моето дете да се движи од страната на улицата, каде што има тротоари. Ако се покрие каналот, ќе биде и безбедно и поубаво за пешаците - вели Благица Поп Томова.

Каналот претставува опасност и за возрасните, бидејќи од неговата страна просторот за движење е многу тесен и мало невнимание може да доведе до несреќен случај.

- Мене ми е страв да поминувам покрај каналот иако сум возрасна, бидејќи имам вртоглавица. Надлежните треба да преземат нешто тој да се затвори - вели скопјанката Мирка Велкова.

Проблемот со отворениот канал беше изнесен и на последната седница на Советот на Град Скопје. Советничката Дафинка Саздова од ВМРО-ДПМНЕ предложи неговото покривање да се вметне во буџетот на Градот за 2010 година.

- Поради отворениот канал, се случувале повеќе немили случки. Се случувало деца да паднат во каналот, а досега никој не се заангажирал тој да се затвори. Сепак, се работи за елитната населба Водно, а приоритет е безбедноста на децата што оттука секојдневно минуваат - рече Саздова.

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, потврди дека каналот ќе се затвори и со тоа ќе се создаде и простор за паркирање. Иако за каналот е надлежен Градот, Тодоровиќ ветува дека и Општината Центар ќе помогне за реализацијата на проектот.

- Разговарав со скопскиот градоначалникот Коце Трајановски, од кого имам сознанија дека Градот е подготвен во наредната 2010 година да го затвори каналот. Се' зависи од подготвеноста на Градот, а двајцата се согласивме да ги поделиме трошоците - истакна Тодоровиќ.

Тој додаде дека Општина Центар веќе нарачала проект, кој е подготвен.

- Според проектот е предвидено каналот да биде покриен со покривни монтажни плочки на кои ќе можат да се паркираат возила. На тој начин сме завршиле две работи - и каналот ќе биде покриен и ќе се создадат одреден мал број места за паркирање - вели Тодоровиќ.

Според него, покривањето во должина од 400 метри ќе чини околу 100.000 евра.

Од Градот Скопје потврдија дека се во комуникација со Општината Центар за решавање на проблемот, но не сакаа да кажат детали.

- Штом ќе се договорат детали, јавноста ќе биде информирана за проектот - одговорија од Градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CE8D649A92D3DE42836B9C161FF192DB

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 07-Dec-2009 at 14:49
Карпи од Водно ќе ја затрупаат црквата Св. Ѓорѓи

Служителите во црквата секој ден ја чистат улицата од одроните

Општина Кисела Вода пет години не може да најде решение да го спречи одронувањето на карпи и камења од Водно, кои после секој дожд се трупаат зад црквата Св. Ѓорѓи. Иако и претходниот и сегашниот градоначалник ветија дека ќе изградат потпорни ѕидови покрај патот за да ги задржат одроните и да ја заштитат црквата, служителите велат дека досега никој ништо не направил за да го реши проблемот. Се жалат дека секој ден сами ја чистеле улицата од камења за да можеле граѓаните да влезат во црквата.
"Ерозивната карпа ни создава големи проблеми, но досега никој не реагирал. Карпата над црквата со години се рони, а не е заштитена. Неколку пати досега се случило камењата да ги смачкаат и колите паркирани зад црквата, но за тоа никој не се грижи. Бараме Општината под итно да преземе мерки за да не се случи несреќа", велат служителите.
За тоа како Општина Кисела Вода планира да го реши проблемот со ерозијата на Водно, не успеавме да добиеме одговор оти со недели општинарите не даваат одговор на прашањето.
Градоначалникот Марјан Ѓорчев во својата предизборна програма ветува дека квалитетно ќе го реши лизгањето на земјиштето од Водно во населбите Пржино, Црниче, Цветан Димов и Кисела Вода, но досега не презел ништо за да го реши проблемот.

http://vest.com.mk/?ItemID=C2FE2AE2DAC96648AAD1B634814F5B81
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 02-Dec-2009 at 02:50
Почист град само со нови возила



Купени се четирите нови камиони за собирање смет, до крајот на годината треба да пристигнат уште два, а за в година се планирани уште 12 специјални комунални возила. Некои од нив ќе бидат помали за да може да се пробиваат и во потесните улици. Промената на возниот парк на претпријатието во голема мера треба да ја подобри сликата за јавната чистота на градот, вели првиот човек на „комуналците“

Проблемите со возниот парк, трансформацијата на „Дрисла“, забелешките за третманот на кучињата во стационарот беа темите за разговор со неодамна именуваниот директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Ракип Дочи. Тој смета дека работите тргнуваат кон подобро поради слухот на градот за обнова на возилата, поради растоварувањето на трошоците за одржување на депонијата, а не се согласува со одредени невладини организации, кои обвинуваат за несоодветните услови и несоодветниот третман на кучињата во „Вардариште“.

Планирате ли да внесете некои новини во работењето на претпријатието?

- Прво и основно, треба да се подигне одговорноста во извршување на работните задачи. Адекватно треба да се ангажираат сите луѓе од претпријатието. Од наредната година ќе го преземеме собирањето и транспортирањето на сметот и во руралните подрачја, кои се надвор од рамките на Генералниот урбанистички план. Досега нашето претпријатие немаше надлежност за вршење на својата дејност во овие населби.

За таа цел, во првата половина на 2010 година ќе подготвиме План на активностите. Во наредната година планираме да ја прошириме селекцијата на отпадот и во јавните установи. Пред неколку недели Владата донира 4.800 пластични канти од 120 литри, наменети за амбуланти, градинки, училишта... Секоја од овие установи ќе добие по четири канти. Во една од нив ќе се собира комуналниот отпад, во друга - хартија и картон, во третата - пластика и пет-амбалажа и во четвртата - биоразградлив отпад. Ќе ја прошириме и селекцијата на пет-амбалажата, со тоа што ќе се отворат два до три рециклажни двора и во другите општини. Во постојниот, во населбата Карпош, исто така планираме да воведеме новина: ќе се постават големи контејнери во кои граѓаните слободно ќе може да го депонираат гломазниот отпад (стар мебел, стари машини за перење, шпорети...).

На тој начин ќе придонесеме за подобрување на општата слика за хигиената во градот. Со намалувањето на количината на отпад што треба да се депонира во „Дрисла“ исполнуваме една од европските директиви за влез во ЕУ.

Како ќе се одрази врз приходите на претпријатие тоа што депонијата „Дрисла“ се одвои од ова јавно претпријатие? Очекувате ли да се намалат приходите на претпријатието?

- Со одлука на Градот Скопје, депонијата „Дрисла“ се издвои како посебно претпријатие за депонирање отпад. Приходите можеби ќе се намалат, но ќе се намалат и трошоците за одржување на депонијата. Не верувам дека отцепувањето на депонијата многу ќе влијае врз работењето на Јавното претпријатие, бидејќи и во иднина ќе мора да соработуваме со „Дрисла“. Тоа е единствена депонија во земјава што ги исполнува сите санитарни услови за депонирање на сметот.

l Како мислите да ја подобрите ефикасноста во работењето на претпријатието кога е во прашање собирањето на сметот. Во некои скопски населби тоа не се врши според предвидената динамика?

- Мој впечаток е дека хигиената во Градот е подобрена со купувањето на четирите нови камиони за собирање смет. До крајот на оваа година треба да пристигнат уште два нови камиона. Тоа ќе придонесе за уште поголема ефикасност. Со одлука на Советот на град Скопје, во наредната година Градот ќе набави уште 12 специјални комунални возила. Некои од нив ќе бидат помали за да можат да се пробиваат и во потесните улици. Со купување на помали возила во голема мерка ќе се подобри состојбата и ќе се смени досегашната слика за јавната чистота на градот. Освен тоа што возилата на нашето претпријатие се габаритни, тие се и дотраени. Нивната просечна старост е 20 години, па честопати се дефект. Со мал број возила, и во четири смени тешко е навреме да се собере сметот во сите делови од градот.

Како нов директор на ова претпријатие, би сакал да упатам апел до граѓаните и тие да дадат свој придонес нашиот главен град да биде почист и поубав. Посебно, да не ги паркираат возилата покрај контејнерите за да не ги попречуваат нашите возила во подигање на сметот од контејнерите.

Исто така апелирам и до комуналните инспектори да излезат на терен за да следат колку се почитува Одлуката за комунален ред на град Скопје. Кога сите ќе се мобилизираме, јас сум убеден дека хигиената во Градот ќе се подобри.

Постојните возила мора постојано да ги сервисирате за колку толку да функционираат.

- И досега се правеше голем трошок за сервисирање на возилата, за набавка на резервни делови, како и за гориво. Сервисирањето на возилата се врши редовно и континуирано. Но, решението за редовното собирање на сметот и подобрување на хигиената во градот е набавка на новите возила.

На кој начин ќе ја подобрите сликата за стационарот за бездомни кучиња „Вардариште“, со оглед на тоа што во изминатиот период повеќето од здруженијата за заштита на животните негодуваа за несоодветните услови во него и големата бројка не евтаназирани кучиња?

- Стационарот „Вардариште“ е единствен во Македонија за третман на бездомни кучиња, кој работи од 2007 година. Невистинити се тврдењата на одредени невладини организации за несоодветните услови во него и несоодветниот третман на кучињата. Не е точно и дека 60 проценти од заловените кучиња се евтаназираат. Тоа се шпекулации. Здруженијата немаат докази со кои би ги потврдиле своите тврдења како вистинити. Моите информации говорат дека во „Вардариште“ се евтаназираат само тешко болните кучиња или оние што имаат беснило. Воопшто не станува збор за евтаназија на здрави кучиња. Сепак, сакам да нагласам дека имаме повеќе поплаки од граѓани што се каснати од кучиња. Двајца од нив дури имаат поднесено тужби против претпријатието.

Во стационарот има какви такви услови за престој на кучињата, не се воопшто лоши какви што сакаат да ги претстават здруженијата за заштита на животните.

Мислам дека забелешката оти има премногу кучиња во стационарот, односно дека е претесен можеби и држи, но Градот веќе планира да го прошири неговиот капацитет. Исто така, постои ветеринарска служба што се грижи за соодветниот третман на кучињата. За кучињата се обезбедува специјална храна. Во стационарот се врши и обука на вработените како тие треба да постапуваат во текот на целиот третман на кучињата, од нивното заловување до нивното стерилизирање, бележење, престој додека закрепнат и нивното повторно враќање во средината од каде што се заловени. Ветеринарската управа до крајот на годината треба да подготви Правилник за постапката на третирање на бездомните кучиња од нивното заловување, па се' до завршување на третманот.

Исто така, засега се ангажирани и двајца волонтери од невладините организации кои се грижат за кучињата во стационарот. Можеби оваа бројка е мала, но засега постојат услови само за нив. Во петоците и во саботите за посвојуваат бездомните кучиња. Мора да се води сметка за третираните кучиња исто како што се води сметка и за болните луѓе во болниците кои не треба да бидат вознемирувани. Треба да постои некаков ред.

Може ли да наведете точна бројка на заловени, третирани и евтаназирани кучиња во последните неколку месеци, со оглед на тоа што од здруженијата за заштита на животните деновиве излегоа со податок дека 60 проценти од заловените кучиња во стационарот се евтаназираат иако се здрави?

- Не можам да ви дадам таква бројка бидејќи јас сум неколку недели во претпријатието. Доколку кажам некоја бројка, таа не би била прецизна.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8C5E4CF5AB1EDE4799516C0298643E3B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 30-Nov-2009 at 00:59

Се бетонира коритото на Серава

Екипи на Општина Бутел деновиве го бетонираат речното корито на Серава, кај населеното место Кучевишка Бара, поточно. Се работи за потегот од мостот на реката до надвозникот на обиколницата.

- Речното корито се прави според сите стандарди за бетонирање. Во основата се гради потпорен бетонски ѕид, на кој се поставуваат вертикални армирани столбови, за на крајот просторот помеѓу нив да се изѕида со полни бетонски блокови. Станува збор за ново речно корито во должина од еден километар, што значи дека по регулацијата на Серава по 1963 година ова е првиот нов километар на регулирано речно корито. Всушност овој дел беше и најзагаден со најразновиден отпад и тежок за одржување поради земјеното корито - велат во Општина Бутел.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC83534860CCF745A4D5E800A86A4AB0
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 27-Nov-2009 at 21:25
Па да ти кажам и веќе нема потреба за ова...и така улициве партали се напраија последниве години, мада еве и јас го поздравувам ова...за горенаведениве фирми и нивната спознаја на водењето на сопствените инсталации можам да кажам све најлошо, посебно електро и телефонската мрежа (тука се и „новите“ тв-кабелски оператори) - ако ви текне да праите куќа и да почнете да копате јама, ќе сфатите дека дворот ви е полн кабли за кои само Господ знае каде водат - баш да го видиме тој подземен катастар како ќе функционира...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 27-Nov-2009 at 21:05


Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up  ,   АМА чекаме да видиме на дело
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.520 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.