build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 181920
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11100
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 08-Sep-2015 at 19:23
Една од најзабележителните станбени згради во Белград да ти била дело на македонски архитект

Originally posted by Trajkovic;126928551

Autor je makedonski arh. Rista Šekerinski, izgrađena je 1963. god.



еве линк и до Google Street View

https://www.google.hr/maps/@44.8152938,20.4914572,3a,75y,312.02h,110.9t/data=!3m6!1e1!3m4!1s-jr_eJbSo6LHk8Tz-qLNfw!2e0!7i13312!8i6656?hl=hr
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2375
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 09-Sep-2015 at 00:31
интересно.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 09-Sep-2015 at 02:04
Перверзија е зградава за свое време. Од модернистичка гледна точка е прејака, а од архитектонска е бааги тешка за изведба
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 11-Jul-2016 at 11:10


ништо не ет тешко ако за инспирација имате сонародници ко Андреј Дамјанов или Стојан Везенков, своевремено и повеќе од револуцинерни

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=557&PID=124018#124018

~

Ристо Шеќерински, архитект, за градителството како стил на живеење, како одраз на духот на времето

Архитектот мора да ја познава психологијата на личноста

Архитектурата како стил на живеење, како чувство на сигурност, како одраз на духот на времето. Секое време носи свој стил на живеење, свои специфични потреби, па така и просторот треба да биде приспособен на темпото на животот на корисниците на становите и канцелариите. За архитектурата, пред сe, како сегмент од социјалната сфера на живеењето разговаравме со архитектот Ристо Шеќерински, кој на 20 март заедно со македонскиот стопанственик Трифун Костовски стана почесен член на Архитектонската академија на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Ристо Шеќерински е македонски архитект, кој повеќе години живее и работи во Германија, а неговите проекти и зданија ги красат градовите на просторите на бивша Југославија. Според неговата замисла, се изградени многу станбени згради во Скопје, на улица °Рузвелтова°, на булевар °Кочо Рацин°, како и во старото јадро на македонската престолнина, на улица °Ленинова°. Шеќерински е проектант и на блокот °45° на Нов Белград каде што се изградени 2.800 стана, а негова помош за изградба на објекти побарале и неговите колеги од арапските земји.



При проектирањето на домовите мора да се почитуваат и интравертниот и екстравертниот дел на личноста на станарите

За овој исклучителен архитект, некогашен професор на Архитектонски факултет, човек кој своето место го заслужи и во книгата °Македонски градители°, неговите колеги при неговата промоцијата во Архитектонската академија истакнаа дека °тој е еден од оние архитекти што имаат чувство за современото планирање кое бара креативна личност, чија енергија се насочува кон социолошки, економски и естетски интереси, а особено е значајно тоа што Ристо Шеќерински е во редот личности кои имаат посебен осет за уочување на општествените проблеми и нивно разрешување. Личност што стварноста ја гледа на нов, свеж и динамичен начин°.

-На архитектурата мора да се гледа и како на социјална дејност, затоа архитектот мора да ја познава и психологијата на личноста, значи не само да ги изучува материјалите, да ги проучува проектите туку треба да знае нешто и за луѓето за кои е наменет просторот, вели архитектот Ристо Шеќерински. Архитектите понекогаш треба да ги слушнат и мислењата на луѓето кои не се во струката, затоа што како луѓе од страна тие имаат увид во некои други видови проблеми на просторот, отколку архитектите кои понекогаш се обидуваат дури и премногу да ги задоволат академските правила. Прво, треба да се знае дека секој од нас бара чувство на сигурност. Значи, при проектирање на еден стан, на пример, треба рационално да се искористи просторот, но и да се почитуваат интравертната и екстравертната страна на секој член од семејството. Сите ние во одреден момент бараме да сме со членовите на своето семејство, да бидеме заедно, да се посоветуваме и разговараме. Но, секој има потреба и од интима, да биде сам со своите мисли, така што архитектот мора да предвиди катче за секого. Не станува збор секогаш за голем број квадрати, за скапи станови и исклучително скапи изолациски материјали. Секако, потребна е добра идеја, која ќе биде приспособена на дадените услови. Во медицината постои израз ?во здраво тело, здрав дух°. Во архитектурата не постои таков израз, но за мене архитектурата мора да има три компоненти за да биде, условно кажано, здрава. Мора да се почитува функционалната димензија, да и се обрне внимание на психичката страна и да се задоволат принципите на естетиката. Ако се усогласат сите три компоненти, тогаш може да се каже дека архитектонското дело успеало, објаснува Шеќерински.

Според него, просторот меѓу станбените згради мора да се хуманизира, да има зеленило, место за одмор, детски игралишта. Не е поентата на една современа населба само да се редат згради до згради, да се искористи секоја педа земја за изградба, туку мора да постои и место каде што луѓето ќе застанат, ќе поразговараат, да им се остави простор на станарите и за комуникација, затоа што живееме во динамично време и отуѓеноста ни станува главен проблем. Бидејќи во спротивно, се наметнува чувството дека становите се само некакви видови хотели каде што се преспива, се гледа телевизија и слично. Шеќерински во Скопје доаѓа по три години и не го крие впечатокот дека забележува напредок во архитектурата, обновување на фасадите, што, според него, е особено битно за естетиката на еден град, а на една од архитектонските изложби истакнува дека забележал многу интересни проекти, што говори за постоењето на значи дека постојат свежи идеи и талентирани млади архитекти, кои можат да направат чекор напред во македонската архитектура. "Во Скопје, впрочем, како и во цел свет, постојат елементи на постмодерна архитектура, но добро е тоа што не се претерува, бидејќи на Запад понекогаш постмодерната архитектура е расипничка и асоцијална. Воопшто, кога станува збор за постмодерна архитектура мора многу да се внимава, бидејќи во многу проекти од овој правец на изградба се оди од осмислувањето на надворешноста, на која и се дава посебен акцент, а потоа се оди кон внатрешноста на објектот и затоа голем е ризикот да се дојде до грешки°, вели Шеќерински, објаснувајќи дека големината на архитектот и на проектот не се состои во грандиозноста на тоа што се проектира, на некои преголеми површини, затоа што една добра идеја, една добра водечка мисла и од мала станбена зграда може на градителот да му даде можност да направи вистинско мало ремек-дело.

Ристо Шеќерински е конкретен: "Во Македонија сакам да видам повеќе оптимизам и да слушнам конструктивна критика, не критика само за да се каже нешто°. За овие неколку дена, колку што е во Скопје, тој не го крие своето воодушевување од новото шеталиште покрај Вардар, рекреативната зона што почнува од °Александар палас° па до центарот на градот, со восхит истакнувајќи го и новиот изглед на кејот °13 Ноември°. "Скопјани треба да знаат дека тоа е вистинско богатство што треба секогаш да го чуваат°, додава архитектот Ристо Шеќерински.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=832&stID=6845



Edited by beTon - 11-Jul-2016 at 11:14
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 26-Jul-2016 at 23:13



уште едно оправдување освен туризмот и апокалипсата, зошто владата да го опушти овално скопскиот центар

просто изгледа центарци и статистички се најистрауматизирани од брутализмот па удри мишко здраво шампастирано

http://zdravstvo24.mk/2013/12/02/za-tri-meseci-nad-20-000-upati-za-sizofrenija-i-depresija/

https://macedoniandimension.wordpress.com/mk4d-2/за-три-месеци-над-20-000-упати-за-шизофрениј/

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 27-Jul-2016 at 15:33


Colin Ellard - Big Picture: Inside the heart and mind of a city

The streetscapes were so designed to explore the impact of different types of layouts on how we find our way and how the shape of an environment influences attention, cognitive effort, and urban stress

https://www.theguardian.com/cities/2014/feb/04/cities-psychology-neuroscience-urban-planning-study

http://urbanedge.blogs.rice.edu/2015/12/28/why-cities-should-embrace-psychogeography

https://issuu.com/thepsychologist/docs/psy02_15/50





Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 05-Aug-2016 at 13:08
Црна Гора распиша тендер за изградба на најголемата жичница во светот



Црногорските власти изготвија план за изградба на најголемата жичница на светот, па за таа цел распишан е и меѓународен тендер, јави порталот „Кликс“.

Жичницата ќе се гради на релација Котор-Ловќен-Цетиње, со две меѓустаници, а патувањето би траело 43 минути. Таа треба да биде долга 14,7 километри, со што би претставувала најдолга жичница во светот. Изградбата е планирана да трае 10 до 12 месеци. Проценетата вредност на проектот е 47 милиони евра. Рокот за понудите за претквалификации истекува на 5 октомври.

Според црногорските медиуми со просечна цена на повратна карта од 20 до 30 евра, во зависност од делницата која ќе ја избере патникот годишните приходи се проценети на над 3,6 милиони евра, односно 4,7 милиони евра според оптимистичкото сценарио, веќе во првата година на работа.

Информацијата е официјално потврдена од градоначалникот на Цетиње, а воедно и национален координатор за Проектот – Александар Богдановиќ, и од претседателката на Тендерската комисија, Далиборка Пејович. Според нив, ова претставува историски чекор за земјата.

Концесијата за проектот за жичницата ќе биде доделена транспарентно, согласно меѓународните принципи за наддавање и во двостепена постапка, согласно црногорскиот Закон за концесии.

http://www.porta3.mk/crna-gora-raspisha-tender-za-izgradba-na-najgolemata-zhichnica-vo-svetot/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11100
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 01-Sep-2016 at 16:36
Тука слободно може да се префрли плажата од Центар



фото: @ZKardula (твитер)
За сè има вторпат
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 01-Sep-2016 at 19:10
Скопско Памук Кале
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 04-Apr-2017 at 08:51
Не успеaв дa нaјдaм oпштa темa зa дивoгрaдби. Акo немa дoбрo би билo дa се oтвoри. Кaкo и дa е пoдршкa зa рушење нa сите дивoизгрaдени oбјекти кoи се градени пoсле зaкoнoт зa легализација. http://skopjeinfo.mk/foto-rano-utrovo-urnata-divogradba-na-plasticharska-ulicata
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11100
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 28-May-2017 at 21:01
Некаде во Бразил



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11100
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 27-Jul-2017 at 10:28
Пописот во тогашно кралство СХС од 1931 година, каде може да се види колку жители имале Скопје, Битола и Прилеп.

За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 27-Jul-2017 at 14:19
Интересен е скокот на население во првите три града. Битола и Прилеп се зголемиле тројно, а Скопје најмалку 10пати. Куманово и го нема.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2375
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 27-Jul-2017 at 19:33
Суботица 100K. Tрет град по големина wow!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 28-Jul-2017 at 02:56


Не е само тоа, туку од Војводина се дури 7 градови на листава  Shocked

Но друго, уште поинтересно што произлегува од овие податоци е дека гледиштата дека големиот раст на населението во Скопје е исклучок и екстрем, паѓаат во вода. Ако ја игнорираме стагнацијата во Војводина, што е сосема друга тема, испаѓа дека повеќето други градови на листава имаат неколкукратен пораст баш во рамки на растот што го доживеало и Скопје.

Со исклучок на Суботица, која е дел од војводинската стагнација, работата се сведува на тоа дека Скопје го има претркано Сараево, и тоа едвај (нити во 1931 Сараево било значително поголемо од Скопје, нити пред граѓанската војна во Југославија Скопје беше значително поголемо од Сараево). Со оглед на географската положба на двата града, со оглед на страотниот број жртви во Босна и Херцеговина за време на втората светска војна, како и со оглед на постземјотресната обнова на Скопје како импулс, не е ништо чудно дека ние сме имале малку поголем раст.


@ Џоле
Одличен фајнд  Cheers


Edited by Cloverstack - 28-Jul-2017 at 02:58
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11100
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 21-Nov-2017 at 18:10
Едно типично градилиште од Скопје. Инспекциски служби?



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 21-Nov-2017 at 18:28
Na koja lokacija e ova na gornava fotka? Kojznae kolku vakvi ima niz skopje. Slicna e i situacijata so gradilisteto vo Madzir maalo,direktno so kalni trkala izleguvaat na bulevarot.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11100
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 21-Nov-2017 at 20:06
Автокоманда, пред кружниот тек што се наоѓа пред влезот во нас. Железара
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 181920

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.