build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11708
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 10-Mar-2018 at 18:36
Originally posted by hcitrS

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПРАВИ ЗИПЛАЈН ОД КАЛЕ ДО ПАРК

Град Скопје ќе гради зиплајн, жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале преку реката Вардар до Градскиот парк кај стадионот.

Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Тендерот за изградба на жичницата ќе биде распишан пролетва а со неа ќе стопанисува ЈСП „Скопје“ или приватен концесионер.

„За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата“, велат од Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека ја разгледуваат можност за изградба на уште една жичница која е предвидено да биде сместена кај кањонот Матка, но заради административните пречки кои предвидуваат вклучување на повеќе институции, за реализацијата на овој проект ќе биде потребен подолг временски период.

„Зиплајнот во Скопје ќе ја зголеми туристичката и рекреативна понуда на градот и несомнено ќе го стави Скопје во редот на модерните европски градови кои посветено работат на унапредувањето на туризмот преку изградба на атрактивни објекти со потенцијал да привлечат нови туристи од земјата и регионот“, додаваат од Градот.

A. Антевска, СДК




А бе, уште само тоа ни требаше.

Edited by Џоле - 10-Mar-2018 at 18:36
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1395
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 04-May-2018 at 17:21
Знае ли некој за какви градежни работи станува збор(фотките се превземени од фб)



Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 04-May-2018 at 23:02
Мислам дека станува збор за проект на агенција за млади и спорт, катчиња за вежбање и слично.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11708
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 05-May-2018 at 19:06
Да, тоа се места за фитнес направи на отворено, баш првата фотка е кај хотелот Александар Палас, денес поминав таму и се одвиваа некои градежни работи.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1395
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 26-Jun-2018 at 14:06
City Tree поставено пред Бисер во Аеродром(превземено од фб)



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 28-Jun-2018 at 01:19
не ми е јасно покрај толку дрва што го ставиле тука... сто пати подобро ќе беше во Реонски или во Стар Аеродром
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11708
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 28-Jun-2018 at 08:32
Тука повеќе луѓе ќе го видат, а и веројатноста да го оштетат е помала
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 28-Jun-2018 at 22:57
Originally posted by Џоле

Тука повеќе луѓе ќе го видат, а и веројатноста да го оштетат е помала
буквално стои на пола метар од дрво, и на некој начин ја блокира патеката... на плочникот на Бисер барем да го ставеа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 02-Jul-2018 at 14:03
Ова допира во повеќе теми како урбана мафија, урбано дивјаштво, квалитет на воздух, бучава, итн., па затоа ќе го постирам во Разно.

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 537
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 18-Aug-2018 at 01:06
Општина Аеродром како пример за просторно планирање на Википедија (на неколку јазици)

Edited by hcitrS - 18-Aug-2018 at 18:56
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 18-Aug-2018 at 18:18
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11708
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 24-Aug-2018 at 16:20
Во случај да се прашувате што прави #авионот што моментално лета над #Скопје
Снима со термална камера со цел да се направи мапа на урбани топлотни острови #климатскипромени

https://twitter.com/PZdraveva/status/1032953257726013440/video/1
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 770
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 24-Sep-2018 at 17:08



слично тераат и во Србија https://twitter.com/UNDPSerbia/status/913784250066984960 а сигурно и цел балкан, јасно ко и во цел свет, оон-ци ваквата програма ја имаат врзано на повеќе нивоа та заедно и со фАО [1] односно освен за undp анти-гринхаус агенда воедно во однос фао и за кодекс алиментариус [2][2][2]

но во ред разбирливо е во костец нивните стравови од глобални гајрети [3] што имаат агенди, да речеме кои нема прстор никој да ги спинува во еугеничарски филмои предочени во 2-рите фусноти, но зошто тогаш не користат сателитско инфрацрвено скненирање, туку тоа тука локално го прават со авиони, што доколку секаде низ свет така го прават, логично поефтино би било и самите во орбита да закачат ir-сателит, или пак зошто да одат со авиони а не со дронови, еве да речеме доколку ниту една земја од големите не се волни да им помогнат во однос своите истражувања, иако членови на ваквите оон-програми се научници кои имаат пристап о свите национални датабази на податоци, исто колку што знам не постои закон дека од сателит не смее некој да скенира некоја држава та затоа да одат со ваква ортофото метода на страна неефикасноста од собирање парцијални наместо континуирани ir-скенови!

https://www.vox.com/2015/5/1/8529995/satellite-timelapse-images-video

можеби ова е само агитпроп спин онака од спунт да не потсетат дека унпрофор имале некогаш мисија кај нас, а морале и тие да думаат слично за да бидат ефективни како пазачи ... но да не ме разбере некој параноично, па би рекол добро е нашите безбедносни сили да думаат слично [1] ако не оон-ци [2]2] иако со дронови да го скенираат Скопје може ќе ви делува склет, но посекако корисно доколку знаеме дека живееме во времиња кога за сметка на еу-пенетрацијата треба полициски да глумиме европски манири, а ко за беља сеуште сме во балкански филм, колку да не ја таабат и нашата Полиција за цајкнот-однесување при интервенции за сомнителни скитковци [3] иако ова да се тера вака доколку не е граѓански испеглана некоја идна регулатива за постојан надзор, тоа може да генерира параноја дека системот ако е во зорт раце може да се злоупотребува дополнително, заради што паметно е ваквиот надзор да е при т.е. постојано под надзор пр. на студентите и професрите на Факултетот за Бебзбедност односно за да биг-брадер не стане биг фадер или полошо вери биг очув! да прашам јавно до каде е рфид зонско пазење на возила и пешаци преку регистарски таблички и лични карти, нормално чим ги имаме рфид-таговите таму вметнати зошто и да не се користат некако од системот бар околу јавни институции како училишта спортско-забавни хотспотови но и верски објекти, што за да биде корисно за извршната и судската власт треба да е регулирао од законодавната, само што се плашам дека без озбилна јавна дебата 24/7 по институционални форуми бар внатреекспертски каква и да е легализација на мас-контрола ќе има недоносен ефект ако не ризици од ријалити шоу за табање неподобни партиски сограѓани!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1395
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 12-Nov-2018 at 16:54
Колку што знам на овој простор се предвидуваше изградба на 60-катници но не верувам дека ќе се дозволи толкава катност,како и да е сепак во иднина и на овој простор ќе се изградат згради

-----------------------------------------------------------------------

ОТСТРАНЕТА НАПЛАТНАТА БАРАКА: Што се случува на паркингот кај “Холидеј ин”?

Бараката на паркингот спроти “Холидеј ин”, која служеше како наплатен пункт за паркингот, денеска беше отстранета. Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП), кое стопанисува со паркингот, велат дека отстранувањето е во согласност со решението за уривање издадено од Општина Центар. Од станбеното претпријатие велат дека на дел од паркингот е веќе оформена урбанистичка парцела, бидејќи дел од сопствениците кои ги добиле парцелите по пат на денационализација ги продале.
– Дел од сопствениците, кои со постапката на денационализација се стекнаа со парцели на дел од просторот на паркингот, истите ги отуѓија на приватен инвеститор кој согласно Законот за градежно земјиште извршил дооформување на целокупната урбанистичка парцела согласно важечкиот Детален урбанистички план, велат од АДСДП.
Од денешната постапка на уривање, која беше направена со кран, се збунети и граѓаните кои таму редовно се паркираат, дел од нив плаќаат и месечна карта која чини 1.770 денари. Па денеска и тие останаа подзинати бидејќи немаше кој да прашаат дали сега не им важи веќе платената месечна карта.

Овој паркинг важеше за еден од најатрактивните бидејќи е во строг центар само со рампа и саат чинеше 30 денари првиот час, секој нареден по 20.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, претходно за ВЕЧЕР изјави дека Деталниот урбанистички план за тој простор е под мораториум и се уште се разгледува од страна на Комисијата за проверка на плановите.

– Никој досега во општина Центар нема побарано за добивање на одобрение за градење на овој простор – рече тогаш Богдановиќ.





https://vecer.press/отстранета-наплатната-барака-нема-по/

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.155 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.