build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 11-Oct-2019 at 10:19
Денеска забележав дека почнато е со рушење на дел од онаа напуштена зграда спроти ВИП хотел.Не забележав багери туку рачно се рушешеа дел од придружните објекти околу објектот.Незнам дали има најава за градба на некаков објект?? Но во секој случај подобро е да го срушат бидејќи објектот веќе речиси целосно се распаѓа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 12-Oct-2019 at 15:24

Во врска со претходниот пост еве вчерашни фотки од состојбата на првата фотка лево(со zoom) може да се види дека се врши рушење на еден дел,денес не забележав никаква активност.




Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 12-Oct-2019 at 17:48
Ако не грешам, на форумов се сврти еден рендер од станбен комплекс што тука требаше да се гради, ми се чини на Адора беше.
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 12-Oct-2019 at 18:48
Originally posted by Џоле

Ако не грешам, на форумов се сврти еден рендер од станбен комплекс што тука требаше да се гради, ми се чини на Адора беше.


Не одговара никако макетава за маркичката на ова место. Мислам дека е правена за парцелата од спротивната страна на „Гоце Делчев“.





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 12-Oct-2019 at 19:02
Ako dobro go sfakam planot toa znaci deka zgradata na Adora ke bide na parkingot pred Vip hotel?
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 12-Oct-2019 at 19:17
Originally posted by stef4o

Ako dobro go sfakam planot toa znaci deka zgradata na Adora ke bide na parkingot pred Vip hotel?

Да.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 13-Oct-2019 at 12:52
Originally posted by Théoden


Originally posted by Џоле

Ако не грешам, на форумов се сврти еден рендер од станбен комплекс што тука требаше да се гради, ми се чини на Адора беше.
Не одговара никако макетава за маркичката на ова место. Мислам дека е правена за парцелата од спротивната страна на „Гоце Делчев“.



На кој дел се однесува планот прикажан на втората фотка?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 13-Oct-2019 at 13:09
Originally posted by stef4o



На кој дел се однесува планот прикажан на втората фотка?


Првиот план е од четврт ЦС 8, од јужната страна на бул. „Гоце Делчев“, на крстосницата со „Беласица“ кај саемот.

Вториот е од четврт ЦС 7, северната страна на истиот булевар, истата крстосница.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 13-Oct-2019 at 13:18
Дали тие две маркици Б4 се оденесуваат на местото каде сега се наоѓа стариот објект за кој зборував деновиве?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 13-Oct-2019 at 13:31
Да, старата зграда што можеби се руши е опфатена со десната од двете Б4 маркички.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 20-Oct-2019 at 15:52
Златко Марин: Општина Аеродром ќе биде зелена оаза

Првиот човек на општина Аеродром, Златко Марин за 24 инфо вели дека откако е на функција целосно се посветил на реализација на сите проекти кои ги најавил. Затекнал општина која била целосно затворена за граѓаните со многу диви депонии и запоставена животна средина. Приватно вели дека се труди да воспостави баланс меѓу работата и семејството. Наоѓа време за сопругата и за двата сина, но и за пријателите онолку колку што му дозволува времето.

Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено?

Откако стапив на функцијата градоначалник на Општина Аеродром, целосно се посветив на реализација на сите проекти што ги најавив во програмата. Затекнав општина затворена за граѓаните, со уништено урбано јадро поради лошото урбанистичко планирање, запоставена инфраструктура, недостаток на детски градинки, паркинг-места, многу нерешени легализации, голем број диви депонии и запоставена животна средина.

Во текот на двегодишниот мандат успеавме да реализираме голем дел од најавените предизборни проекти преку транспарентна, чесна и посветена работа. Наш приоритет беше да создадеме чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Во поглед на инфраструктурата, реконструиравме и саниравме голем број улици во Горно и Долно Лисиче, населба Лисиче, Мичурин, Стар Аеродром, Реонски центар и во други делови од Општината. Изградивме над 50 нови паркинг-места во Ново Лисиче и Мичурин, а ги реконструиравме постојните. Ја обновивме урбаната опрема на целата територија на Општината, како и осветлувањето, а за првпат поставивме сосема ново осветлување во трговскиот центар во населбата Лисиче.

Во овие две години посебно се залагавме за чист воздух и за чиста животна средина. Токму затоа и презедовме конкретни мерки што имаа позитивен ефект. За 2018 година го зголемивме буџетот за 20 пати и издвоивме 300.000 евра за таа намена. Исчистивме над 62 мини депонии, уредивме 22 локации со зеленило, организиравме и се вклучивме во многу екоакции, ангажиравме и фирма за одржување на јавната чистота, а го зголемивме и бројот на сезонските работници. Го почнавме проектот „Аеродром нека блеска. Чиста околина за секого“. Само во 2018 година засадивме 1800 дрвја, за што од буџетот издвоивме 8 милиони денари, а засадивме и 500 нови садници во соработка со Град Скопје. Поставивме прочистувач на воздух „Сити три“ пред Бисер. За сите градинки обезбедивме 83 прочистувачи на воздух. Собравме 50 кубни метри кабаст отпад во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Издвоивме 500 илјади денари за субвенционирање домаќинства за промена кон еколошки систем за загревање.

Ги зголемивме згрижувачките капацитети во градинките. Изработивме три нови проекти за доградба на веќе постојните градинки. Доградба на „Црвенкапа“ и доградба и надградба на „Изворче“ во Стар Аеродром, како и реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населбата Лисиче. Изградивме сосема нов објект на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче со капацитет од 200 деца. Исто така, ги олеснуваме трошоците на родителите. Веќе две години по ред доделуваме по 3.500 денари за секое прваче и 5.000 денари за секое новороденче. Како општина, посебно ги поддржуваме младите и спортот, па во тој правец обезбедивме еднократна финансиска помош за талентирани спортисти од 10 илјади денари, со што ја зголемуваме нивната мотивација за остварување на уште подобри резултати.

Каква е соработката со централната власт?

Соработката со централната власт е важна и неопходна заради навремено и целосно реализирање на проектите што се од особено значење за Аеродром и за граѓаните. Владата е наш голем поддржувач за сите капитални проекти. Исто така, имаме одлична соработка и со Град Скопје за сите проекти што ни се од заеднички интерес.

Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот?

Со стапувањето на градоначалничката функција, секако дека обемот на работни обврски драстично се зголеми, а со тоа и одговорноста. Се трудам да воспоставам баланс меѓу работата и семејството, со цел да не ги запоставам двете. Секогаш е потребна добра организација. Секако дека наоѓам време за семејството, за сопругата и за двата сина. Наоѓам време и за пријателите онолку колку што ми дозволува времето.

-Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?

И во наредниот период Општина Аеродром ќе се фокусира кон заштита на животната средина и ќе презема мерки за намалување на аерозагадувањето. Предвидовме субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, велосипеди и инвертер-клими, набавка на мерачи за испитување на квалитетот на воздухот, проект за собирање отпад. Планирана е и набавка на прочистувачи на воздух во основните училишта за училниците во кои се одвива целодневна настава. Имаме проект за подигнување нови површини со зеленило преку изградба на 4 нови парка, три во Стар Аеродром, а еден на булевар „Трета македонска бригада“, како и реконструкција на два постојни. Ќе продолжиме и со натамошно садење на нови високостеблести дрвја. Една од главните цели ќе биде подобрување на условите во образованието, зголемување на грижата за младите и за ранливите категории. Во таа насока, во две основни училишта е планирана изградба на лифтови за деца со посебни потреби, а во неколку училишта ќе се постават и пристапни рампи. Конечно, ќе го решиме деценискиот проблем во ОУ „Лазо Ангеловски“ со немањето простор и учењето на децата во три смени. Имено, проектот за доградба на четири училници е во завршна фаза и наскоро ќе почне неговата реализација. Ќе продолжиме исто така и со доделување парични награди за најдобрите ученици и спортисти. На нашата територија ќе се гради мултифункционален спортски и културен центар „Дом на спортовите“, со поддршка на Владата и Олимписки комитет, во чии рамки ќе бидат олимписки дом, базен, отворени игралишта и фитнес-зона. Значи, во иднина наша цел е да создадеме современа, развиена европска општина со висок стандард на урбано живеење во сите нејзини делови и со висок степен на безбедност на граѓаните. Што се однесува до мојата наредна кандидатура, сметам дека е сè уште рано да се размислува за тоа. Фокусиран сум на реализација на проектите што ги ветив во предизборната програма. Пред мене претстои период во кој активно ќе работам на приближување и усовршување на услугите на граѓаните.

https://24info.mk/златко-марин-општина-аеродром-ќе-биде/?fbclid=IwAR2OVqtmvAA1aYGx2lnINPePVgK-KWoTdy8Bes9YrrOCRcCfpXPytdvD9Mg
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1978
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 23-Oct-2019 at 15:45


Edited by Staro Skopje - 23-Oct-2019 at 15:46
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 27-Oct-2019 at 12:06
ФОТО: Аеродром пред и после Златко Марин





http://javno.mk/foto-aerodrom-pred-posle-zlatko-marin/?fbclid=IwAR36jdqqcMt-jXLZJy9sxeMv2fOayCo8Rbks1pcRkResH9jHsjusx5EXbdE
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 01-Nov-2019 at 16:39
Originally posted by stef4o


Во врска со претходниот пост еве вчерашни фотки од состојбата на првата фотка лево(со zoom) може да се види дека се врши рушење на еден дел,денес не забележав никаква активност.






Сепак нема да се руши објектов но денес интервенирале во врска со бездомните лица кои создаваа смет и беа диво вселени во него и притоа ќе биде извршено оградување на објектот...

Инспекторатот на Град Скопје ја задолжи фирмата Вато ДОО Скопје сопственик на објектот кој се наоѓа на булевар Гоце Делчев во близина на поранешниот саем. Правниот субјект постапи по решение на инспектор за животна средина на град Скопје и објектот се чисти и заградува. Внатре во просториите на објектот диво населени се преку 30 лица. Спречен е напад врз инспекторот за животна средина.









https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 03-Nov-2019 at 15:08
Originally posted by stef4o

Originally posted by stef4o


Во врска со претходниот пост еве вчерашни фотки од состојбата на првата фотка лево(со zoom) може да се види дека се врши рушење на еден дел,денес не забележав никаква активност.






Сепак нема да се руши објектов но денес интервенирале во врска со бездомните лица кои создаваа смет и беа диво вселени во него и притоа ќе биде извршено оградување на објектот...

Инспекторатот на Град Скопје ја задолжи фирмата Вато ДОО Скопје сопственик на објектот кој се наоѓа на булевар Гоце Делчев во близина на поранешниот саем. Правниот субјект постапи по решение на инспектор за животна средина на град Скопје и објектот се чисти и заградува. Внатре во просториите на објектот диво населени се преку 30 лица. Спречен е напад врз инспекторот за животна средина.

/



Според написите од Инспекторатот објектов е значи во сопственост на Вато Доо Скопје,патем ако има веќе маркица Б4 за деловен објект зарем до толку ли не е атрактивен просторот за изведба на деловен објект??Да беше маркицата А2 веројатно досега ќе никнеше некоја голема станбена зграда...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 09-Nov-2019 at 17:09
Некој случајно да не има инфо што се гради близу Министерство за земјоделство?

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 09-Nov-2019 at 19:13
Станбена зграда, мислам дека ТомчеСофка е инвеститор.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 895
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 09-Nov-2019 at 22:25
Само што не се гради ништо, бидејќи е поставена само плочата што се гледа, а арматурата е веќе ’рѓосана.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 10-Nov-2019 at 09:54

Имаш ли инфо за тоа кој е инвеститор/изведувач бидејќи јас пред 20-тина дена кога поминав со кола сосем случајно го приметив градилиштето видов дека има и некаква табла но не бев во можност да сликам.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 10-Nov-2019 at 17:13
Бетонски барикади низ Скопје – градот се гуши, властите велат добро е што се градело



Скопје се гуши, а метрополата и натаму се ѕида на големо. На речиси сите локации низ главниот град се градат згради и нови станбени единци. Најатрактивна во моментов е онаа во Кисела Вода, која се подготвува за бетонирање.

Општината планира да изгради 100 нови згради во Расадник, три пати повеќе од веќе изградените, на единствениот слободен простор во Кисела Вода.

Автомобили на тротоарите, градежни работи и малку зеленило е сликата која може да се види во Расадник, но не за долго. Жителите на Кисела Вода се против изградбата на висококатници, но велат дека кога урбанистичкиот план е веќе изготвен, не може ништо да се направи.

На големо се гради и на местото кај поранешен „Саем“. Тука треба да никнат трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк, распослани на површина од над 250.000 метри квадратни. Инвестицијата се проценува да тежи 300 милиони евра и би се реализирала во наредните пет до седум години.

Трговски и стамбен комплекс од 4 дваесеткатници ќе „никне“ зад „Рамстор“, инвестиција од 250 милиони евра.

Заградено и спремно за градба е и на местото кај поранешна „Алумина“, но градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, рече дека таму, ништо не градело, зашто земјиштето било спорно. Но дали на ова место ќе се гради периодов, градоначалникот не кажа.

Од Скопскиот плански регион велат дека Скопје е метропола и заслужува да се гради. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски го спореди Скопје со Виена, иако разликата е неспоредлива.

И додека главниот град на големо се ѕида и се гуши во смог, се гради и кај поранешната фабрика „Треска“ во Капиштец, во Автокоманда, во Центар и Карпош, а згради ќе никнат и речиси на сите зелени површини во скопски Аеродром, што ќе претставува директна пречка на и онака слабите ветрови во скопската котлина.

https://alfa.mk/betonski-barikadi-niz-skopje-gradot-se-gushi-vlastite-velat-dobro-e-shto-se-gradelo/?fbclid=IwAR1qfIIKPfc8wYWtKg9SZgr97jbKuyCGTWltNQ_lgGlrWQ0mdvc2bNSx17U
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.