build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 04-Mar-2020 at 15:05
ИНВЕСТИТОРИТЕ ПРВО ДА КАЖАТ КАКО ЌЕ СЕ ГРЕЕ ЗГРАДАТА, ПА ПОТОА ДА ДОБИЈАТ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА, БАРА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

При издавање на одобрението за градење точно да се наведе како ќе се грее објектот, бара Регулаторната комисија за енергетика. Од таму денеска најавија дека ќе испратат известување до Министерството за транспорт и врски во Предлог-законот за градење да се стави ваква одредба.

„Станува збор за пракса преземена од европските метрополи, модел што не фаворизира туку дава предвидливост, сигурност и стабилност во испораката. На овој начин, ќе имаме однапред мапирани реони каде и со кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. На пример, каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат на истиот, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем за да го реши проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира. Крајна цел е домаќинствата да добијат економичен, ефикасен и еколошки енергенс, а операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде и во кои реони да ги зајакнат инвестициските циклуси во мрежата, за да се сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот“, рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од регулаторната комисијата велат дека најголем потрошувач на гас е гасната електрана-топлана „Те-То“ АД Скопје, по неа се топланите, компании од металната, прехрамбената и општата индустрија, На природен гас приклучени се и два објекта од здравството, а тоа се Клинички центар и болницата „8 Септември“, а од јавните институции Министерството за одбрана и ЈСП „Скопје“.

Во 2019 на гас се приклучени нови 14 домаќинства, во 2018 нови 53, додека во 2017 нови 19 домаќинства.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/investitorite-prvo-da-kazhat-kako-ke-se-gree-zgradata-pa-potoa-da-dobijat-odobrenie-za-gradba-bara-regulatornata-komisija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 25-Mar-2020 at 14:00
Полни камиони на секои 10 минути истовараат градежен шут и отпад



Жители на населбата Лисиче и Ново Лисиче информираат за голема депонија формирана во непосредна близина на крстосницата на булевар „АСНОМ“ со „Февруарски поход“ спроти новиот парк, во потегот од последната постројка на ЈСП кон кејот на река Вардар, од лева страна.

Тие реагираат дека на оваа локација секојдневно, по пет товарни камиони без ознака секои 10 минути истовараат градежен шут и отпад.

– Овие камиони нанесуваат огромни количини кал и земја по должина на улицата „Февруарски поход“, велат жителите и додаваат дека од правот што се крева концентрациите на ПМ2,5 честици во овој реон се огромни во текот на целата година.

На истата локација се наоѓа и градилиштето од проектот за третман на отпадни води, кој требаше да заврши на 14.2.2020 година.

Граѓаните кои живеат во непосредна близина на депонијата секојдневно фотографираат и снимаат видеа, од каде што многу детално и јасно може да се види со што се натоварени камионите, со каква брзина се движат, како и калта и штетата што ја нанесуваат по целата должина на булеварот. Апелираат и бараат да се преземат итни мерки за да се спречи натамошно ширење на депонијата и нејзино дислоцирање.

Од Општина Аеродром велат дека дале дозвола за вршење градежни активности за пречистителна станица на таа локација.

– Ние немаме информации дека таму има депонија, но би ја повикале јавноста да пријават доколку забележат фрлање шут и друг отпад на тоа место, по што инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе извршат контрола – одговорија општинските власти.

На територијата на општина Аеродром досега се отстранети околу 5.500 кубни метри шут и друг отпад од повеќе локации и истите се хортикултурно уредени со пешачки патеки, детски игралишта и друга урбана опрема.

(А.П.)

https://www.vecer.press/камиони-со-градежен-шут-и-смет-на-секои/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 04-Apr-2020 at 10:16
Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на 2019 година. Во периодот на изминатава деценија, Македонија успеала да увезе фантастични 339.519 употребувани автомобили, камиони и автобуси од странство.



Статистичките бројки на Царинската управа покажуваат дека од година во година расте и побарувачката за нови возила на македонскиот пазар. Во 2019 година во земјава биле увезени 7.490 нови возила, што е најголема бројка по рекордот постигнат во 2010 година. Забрзаната моторизација на македонското население веќе престана да доведува до опаѓање на староста на возниот парк во земјава, а тоа особено е видливо кај автобусите што ги користат автотранспортните претпријатија.

Од друга страна, континуираното доведување на европскиот „крш“ од возила во нашата земја веќе предизвикува сериозни проблеми во градовите. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека бројот на новоотворени паркинг места во македонските градови е за над 10 пати помал во споредба со бројот на новорегистрирани автомобили во земјава. Во некои градови, како што е случајот со Скопје, неофицијалните проценки покажуваат дека недостигаат околу 8.000 паркинг места за возилата.

Поради галопирачкиот раст на увозот на возила, општинските власти имаат многу редуцирани податоци за тоа колку паркинг места навистина недостигаат низ градовите, но со неконтролираниот увоз се отежнува и прогнозирањето на идните потреби за паркирање во општините. Значајно влијание од постојаното зголемување на бројот на возила може да се почувствува токму на оние локации каде и во моментов има најголем недостиг од паркинг места, како што е случајот со центарот на Скопје.

Рапидниот раст на бројот на увезени возила влијае врз зголемувањето на сообраќајниот хаос во градовите и уништувањето на зелените површини што се користат за паркирање, а особен проблем се старите возила кои придонесуваат за зголемување на загадувањето на воздухот со испуштањето на штетни издувни гасови.

https://meta.mk/urivame-rekordi-lani-sme-uvezle-41-479-polovni-vozila-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 19-Apr-2020 at 11:30
Селектирањето отпад слаба страна на тетовци



Тетово, 19 април 2020 () – Нема зголемување на совеста кај тетовци кога е во прашање оставањето отпадоци во специјализираните канти и контејнери за пластика, стакло, хартија. Комуналниот отпад се фрла без да се одвои, иако низ градот постојат десетици такви канти и контејнери. Воедно таквите садови за оставање различни видови отпад најчесто од неразбирливи причини се и оштетени. Една од таквите слики се најновите специјализирани контејнери за оставање стакло. Во нив има сè, а и самите се оштетени, исчкртани или демолирани. Друштвото за управување со отпад од пакување „Пакомак“ во сите општини редовно донира канти и контејнери за одвоено оставање отпадоци, а во Тетово велат имаат неповолни резултати во обидот граѓаните да ги поттикнат со тоа да го селектираат сметот. – Во 2019 година првпат дадовме за користење во Тетово 15 контејнери наречени „игло“ или „ѕвоно“ за оставање само стакло. Забележуваме дека половина од сметот е стакло, додека остатокот разни видови отпадоци што ги оставаат жителите. Бројките кажуваат и за совесноста за селектирање на стаклото. Од таквите контејнери во 2019 во Скопје се собрани 320 тони стакло, а во сите други градови 533 тони, од кои во Тетово само 9,4 тони стакло. За споредба, во Охрид и Битола имаа по 50 тони, Струмица 58 тони, вели Игор Макалоски, оперативен менаџер во „Пакомак“, потенцирајќи дека е планирано годинава во Тетово да се донираат уште 25 вакви контејнери за стакло. Според него, за несовесноста се даваат изговори дека постојат други егзистенцијални тешкотии, иако сметот како проблем е секојдневно присустен во животот на граѓаните.



– Сум слушал на работилници и трибини дека македонскиот граѓанин е оптоварен со грижи и сè и сешто, па последно е ова. Не е изговор, затоа што не е наивно на листата на проблемите, фрлањето смет да се стави на стото место, па да ги решиме прво другите 99 проблеми. Апсолутно е акутен и секојденевен, реален проблем, Тетово се задушува во секојдневното ѓубре. Сметам дека е солидно опремен секој град, па и руралните места, со вакви специјални канти и контејнери, за да се биде општествено одговорен и совесен граѓанин. Секој изговор дека нема контејнер пред влез е став на малоумен човек, никаде во ЕУ нема контејнери и канти пред самите згради или куќи. Па во швајцарски Берн има три пункта за селектирање каде што луѓето одат со возило и ги оставаат, желни во намерата да селектираат отпад и позитивно да придонесат за зачувување на животната средина, рече менаџерот. И институционалното потфрлање е причина за ваквите состојби, смета Макалоски. – Кога мислам санкционирање, тоа не подразбира веднаш пишување казна. Треба прво записник, опомена и крајна инстанца казна. Но главно е дека се бара ангажман на терен. Трагедијата на локални самоуправи е тоа што има само еден таков вработен, кој во град каде што гравитираат над 100 илјади луѓе е невозможно да направи ред. Кој и да е, каков и да е, колку и да е способен, не бил можел, вели тој. Во тетовското комунално претпријатие велат дека „водат борба“ со граѓаните за да го соберат сметот низ градот. Најголем проблем за нив се несовесните постапки на некои граѓани, како и ограничената механизација и средства за работа. – Проблематично е фрлањето смет покрај контејнерите, а не внатре, како и оставање на цврстиот отпад, како мебел за домаќинства, санитарна опрема, градежни материјали, гранки од дрвја. Овој отпад, освен што ја загадува животната средина, предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад. Место да го оставаат во контејнерите, граѓаните треба таквиот отпад да го однесат кај новата претоварна станица на патот Тетово кон Фалише, вели директорот на тетовското комунално претпријатие Џелал Цека.
Селектирањето отпад слаба страна на тетовци



Јавното комунално претпријатие Тетово низ градските улици и тие села што ѝ припаѓаат на општината има поставено 520 контејнери, 12 големи контејнери од по пет тони, како и канти по домаќинствата. – Сметот се собира во трета смена, но во реоните во главните улици се оди и двапати, односно и во текот на денот. Во зима камионите некаде не можат да пристигнат поради мраз и снег, а во лето сообраќајниот метеж е главното отежнување во работата. Еднаш неделно, за да се собере сметот, се оди во селата при општината. На Попова Шапка двапати, а во сезона – трипати неделно. Имаме седум реони, а 235 луѓе работат во одделот за комунална хигиена, објаснува директорот. Словенија бележи најдобра и најуспешна практика во промената кога станува збор за управувањето со отпад, посочуваат од организациите што се занимаваат со областа. Mинатата година Љубљана стана првиот главен град со нула отпад. Пред 15 години биле во иста ситуација како сега полошкиот регион, кога сиот отпад се оставал на депонија, но тоа сега е целосно променето. Во 2002 година било стартувано со посебно собирање хартија, стакло и амбалажа, а четири години подоцна, градот почнува да собира биоразградлив отпад – од врата до врата. Во 2013 година, секое домаќинство, пак, добило канти за амбалажа и за хартија. Развојот на најмодерната фабрика за третман на биолошкиот отпад во Европа бил најголемиот чекор во остварувањето на целта – до 2025 година да се рециклираат најмалку 75 проценти од отпадот, се наведува во специјализираниот информативен сајт „Балкан грин енерџи“. Регионалниот центар за управување отпад бил отворен во 2015 година. Таму се користи гас за производство на сопствена топлина и електрична енергија. Центарот обработува 95 проценти од отпадот во материјали што може да се рециклираат и во цврсто гориво и праќа помалку од пет проценти отпад на депонијата. Отпадот го претвора во висококвалитетно ѓубриво за градини. Според информација од нивните платформи на интернет, овој центар обработува 170 илјади тони отпад годишно, од кои 150 илјади се измешан комунален отпад и преку 20 илјади тони посебно собран биоотпад. Опслужува 700 илјади жители, или 43 општини во Словенија, што претставува една третина од државата.
Селектирањето отпад слаба страна на тетовци

https://opserver.mk/makedonija/opstini/selektiranjeto-otpad-slaba-strana-na-tetovci/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 23-Apr-2020 at 16:05
Петровец, Сопиште и Илинден стануваат градежна мека






Драстично е опаднат интересот за градење во Скопскиот регион. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во надолна линија е издадениот број на одобренија за градење. Од нив во февруари годинава најголем процент се издадени за индивидуално градење во приградските општини Петровец, Сопиште и Илинден, додека многу мал е интересот за градење на станови во Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров како што беше изминативе години

Драстично е опаднат интересот за градење не само во Скопскиот регион, туку и во целата држава. Тоа го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистика за бројот на издадени одобренија за градење од страна на општините. Па така, во февруари годинава на ниво на целата држава биле издадени вкупно 248 одобренија за градење, наспроти 303-те градежни дозволи во декември минатата година.

Сепак, најголема градежна активност ќе има во Скопскиот регион. Во февруари службите во 12-те скопски градски и приградски општини издале само 71 дозвола за градење, од кои 43 се на физички лица, а 28 се на градежни фирми.

Воочливо е дека опаѓа интересот за градење во Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров како општини во кои изминативе години имаше градежен бум.

Наспроти нив, сè повеќе одобренија за градење се издаваат во приградските општини Петровец, Сопиште, Илинден и најголем процент ги добиле физички лица, што укажува дека во пораст е градењето на индивидуални куќи, а помал е интересот за градење на станови.

Па така, 15 одобренија за градење во февруари издала општина Бутел (15), Петровец (14), Карпош (13), Сопиште (9), по три во Илинден и Аеродром, Кисела Вода (2) и Гази Баба (1) и грото од нив се дадени на физички лица.

За споредба, лани во декември од скопските општини најмногу станови се граделе во Аеродром. Во последниот месец од 2019 година стартуваше изградбата на 165 станови.

Поинтензивна станбена изградба во тој месец почна во Чаир, каде се градат 96 стана, додека во Карпош, општината која е многу атрактивна за градежниците овој пат во изградба е 21 стан. Кисела Вода издала одобрение за градба на само еден стан, а Центар на ниту еден.

Ако се погледнат статистичките податоци за 2018 година, тие покажуваат дека најмногу се градело во Карпош (109) објекти, Аеродром (85), Гази Баба (76), Кисела Вода (65), Ѓорче Петров (47), Илинден (45), Бутел (43), Петровец (31), Сопиште (15), Сарај (8), Зелениково (3) и Арачиново (1).

Исто така, во 2018 година како бесправно изградени објекти биле евидентирани 226, од кои 42 се објекти за домување, 36 се деловни објекти, 30 оџаци, по 20 доградби, надградби и помошни објекти и 21 летна тераса, од кои 19 биле на територијата на општина Центар.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/петровец-сопиште-и-илинден-стануваат/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 23-Apr-2020 at 16:22
Како што и треба да биде.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 05-May-2020 at 17:02
Запалената месна заедница претворена во извор на зараза





Жители од населбата Дексион се жалат дека речиси половина година изгорената месна заедница претставува извор на зараза во овој дел од општината Ѓорче Петров. Местото мириса, околината е обрасната со трева, а несовесни граѓани фрлаат вреќи со ѓубре и просторот е претворен во депонија. Ја прозваа општината да преземе нешто да се исчисти просторот бидејќи во непосредна близина има детско игралиште, како и да се поправи уличното осветлување.

– Откако се запали месната заедница пред шест месеци, градоначалникот на Општината Ѓорче Петров не презема никакви мерки. Во близина е и игралиштето, тука си играат моите внуци и другите деца од маалото, а тоа е опасно по нивното здравје. Можат да се заразат или да се повредат бидејќи градежниот шут од запалената месна заедница стои неподигнат – реагира Пепи Стојанова, жителка на Дексион од улицата „Александар Македонски“.

свен овој проблем, таа напоменува дека не функционираат новите лед-светилки и навечер нивната улица е во мрак.

– Пресечен е кабелот и светилките не работат. Со месеци го молиме градоначалникот да се поправи, односно да се постави нов кабел, еве досега не е преземено ништо. Навечер е темно, а плаќаме за уличното осветлување. Не е само нашата улица, има проблем и на околните – потенцира Стојанова.

Овие проблеми таа ги навела и на фејсбук-страницата на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, поткрепени со фотографии од кои може да се види дека објектот на месната заедница навистина е оставен така како што е откако избувнал пожар.

Од Општината велат дека пожарот е пријавен кај надлежните институции: МВР и противпожарната служба, а штетата e пријавена и во осигурителната компанија за нејзина проценка.

Постапката е сè уште во тек и бидејќи станува збор за пожар од непознат сторител. Истрагата трае и затоа состојбата засега останува иста. Тековно работиме на сите сфери за подобрување на условите за живот на граѓаните. Исто така, Дексион деновиве е зафатен и со големо расчистување на сметот и уредување на зелената површина – информираат општинските власти.

Што се однесува на осветлувањето, од Општината Ѓорче Петров велат дека на посоченото место во Дексион, во тек е замена на доводен кабел.

– Очекуваме санација на проблемот и пуштање електрична енергија најдоцна за три дена – најавија општинските власти и додадоа дека сличен проблем имало и во друг дел на Дексион кој исто така ќе се санира.

Од Општината додаваат дека на нивната територија речиси е завршено поставувањето на новите лед модерни светилки.

– Има неколку места каде сè уште не се поставени, но поради состојбата со ковид-19, и на наша територија и на територија на партнерот (Република Турција) поставувањето за кратко беше стопирано. Постапката повторно продолжува и светлата набрзо ќе бидат поставени, децидни се од Општината

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и Ибрахим Суха Џем, директор на турската компанија АД „Џемдаг осветлување-производство и трговија“, во октомври, минатата година потпишаа договор за јавно-приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување на територија на општината со лед-светилки.

Според договорот со фирмата „Џемдаг“, треба комплетно да се заменат старите 2.887 светилки со нови, енергетски ефикасни лед-светилки. Турската компанија во наредните 12 години ќе обезбеди и дополнителни 983 светилки и ќе ги постави на нови линии каде претходно немало осветлување, а локациите ќе се одредат во консултација со граѓаните.

(А.П.)

https://www.vecer.press/запалената-месна-заедница-претворен/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 12-May-2020 at 12:47
Чиј е Поштенскиот дом над Средно Водно?!





Додека објектот е уништен, иако во него се наоѓа мурал на познатиот академски сликар Борко Лазески, државните институции се незаинтересирани да го заштитат. Објектот бил на Македонска пошта, но оттаму велат дека со поделбата меѓу ПТТ и Македонски телекомуникации, тој припаднал на Телеком, но оттаму кажуваат дека не е во нивна надлежност. Упатуваат на Агенцијата за катастар на недвижности од каде, пак, велат дека кај нив нема запишано таков објект, но земјиштето било државно



Деновиве граѓани на социјалните мрежи споделија фотографии кои укажуваат на катастрофалната состојба на Поштенскиот дом кој се наоѓа над Средно Водно.

Тие се згрозени од глетката која, како што велат, укажува на вандализам на несовесни граѓани.
Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески кој е познат академски сликар и автор на муралите што се наоѓаат во Поштенскиот дом, а и во дирекцијата на Македонска пошта кои изгореа во пожарот пред осум години, на социјалните мрежи коментира дека деновиве, кога се искачувала на Водно, патот ја однел до Поштенскиот дом. Таа вели дека била шокирана од она што го видела.

– Домот е тотално демолиран. Некој беснеел кршејќи се што ќе му дојде под рака. Толку голема разурнувачка енергија не сум видела. Само муралот на ѕидот не ги заинтересирал. Тој за нив и така ништо не вредел. Местото некогаш беше прекрасно – коментира Лазеска и се прашува дали некој знае зошто и како ова се случило?

Додека луѓето се прашуваат зошто објектите туку така пропаѓаат, повеќе институции и компании се оградуваат од грижата за овој објект. Од Македонска пошта не негираат дека овој објект некогаш бил во нивна сопственост, но потенцираат дека сега тој не е во нивна надлежност.
Во моментот на поделба на ПТТ и Македонски телекомуникации, овој објект припадна на Македонски телеком – посочувајќи одговорот за него да го побараме кај Македонски телеком.
И од Македонски телеком велат дека објектот повеќе не е во нивна сопственост, упатувајќи на одговор од Агенцијата за катастар на недвижности. Оттаму за весникот ВЕЧЕР одговорија дека објектот Поштенски дом на Водно воопшто не е запишан кај нив.

– Кај нас воопшто нема запишано таков објект. Она што можеме да кажеме е дека земјиштето под објектот е државно – велат од Агенцијата за катастар на недвижности.

И професорот Љубомир Цуцуловски пред две години на крајот на јули на Фејсбук пишуваше за состојбата на овој дом која не е променета ни до ден-денес. Според него, тој е изграден некаде 70-тите години од минатиот век и бил комбинација на хотел со ресторан и летна тераса. Се наоѓа на надморска висина од 700 метри на Водно.

(А.П.)

https://www.vecer.press/чиј-е-поштенскиот-дом-над-средно-водно/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 13-May-2020 at 16:13
Градежен работник падна во дворот на соседна куќа, граѓаните вознемирани



Ако во февруари се грижеа само за светлината без која останаа, сега семејството Колевски од Кисела Вода има многу поголема грижа. Вчера во нивниот двор падна работник од зградата која се гради веднаш до нивната ограда. 48 годишниот И.К од скопското Средно Коњари е тешко повреден и хоспитализиран во Градската општа болница. Одговорните на објектот прво повикале брза помош, но потоа се предомислиле и го одјавиле повикот, па работникот бил однесен во болница со приватно возило.

Пред три месеци Сител објави дека со измени во ДУП овозможено е новата зграда да стане лепенка на соседната куќа. Семејството Колевски за ваквите промени не биле уредно известени, а освен што останаа без дневна светлина во домот, сега имаа дополнителен проблемм со безбедноста на овој објект од кој постојано нешто паѓа во нивниот двор.

МВР го потврдува инцидентот кој се случил вчера напладне. Но полицијата на лице место излегла по повик од соседите, а не од сопствениците на објектот.

Работите на зградата денеска течат вообичеано и покрај вчерашниот инцидент. Од трудова инспекција детали за тоа дали објектот е обезбеден, дали работниците се заштитени и пријавени, најавуваат за утре.

ИК не е едиснтвениот градежен работник кој вчера паднал од објкет. Речиси во исто време иста пријава во МВР стигнала и од бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје. Таму, М.Ј.(56) од с.Гиновци, кривопаланечко се здобил со тешки телесни повреди и исто така е однесен во скопската градска општа болница.

https://sitel.com.mk/gradezhen-rabotnik-padna-vo-dvorot-na-sosedna-kukja-gragjanite-voznemirani
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 24-May-2020 at 14:26
Вака се наводнува новиот парк во Мичурин...









https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 24-May-2020 at 16:08
Подобро зграда да имаше одколку ова...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 24-May-2020 at 18:52
Чекај да почнат горештините летово LOL
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 14-Jun-2020 at 14:35
Трим патека во Кисела Вода











https://www.facebook.com/regnum.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 15-Jun-2020 at 16:21
Загуба на зеленило при изградба на објектите во околината на Хотел Бристол







https://www.facebook.com/culturalechoes
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 15-Jun-2020 at 21:26
мнигу се манипулира со слики од Google Earth кога е во прашање зеленило. Глејте барем од исти месец да бидат!
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 16-Jun-2020 at 11:13
Не разбирам што менува месецот во случајов... зеленилото е комплетно отстрането, а не исушено.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 16-Jun-2020 at 13:13
Можеби треба да почнеме да правиме разлика помеѓу уредено и одржувано зеленило и неуредено зеленило што е всушност обичен празен простор.

Во секој случај, овде е направена огромна штета по зеленилото, во која и да е форма. Зградите на ЕЛЕМ и Агенција за млади и спорт се натрапници во секоја смисла на зборот. Единствено палата Лазар Поп Трајков се вклопува до негде, ако се занемари неизбежното надвишување за еден кат. Идеално, првите две би ги немало, а третата би формирала линија со хотел „Бристол“.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 16-Jun-2020 at 14:59
Не можеби, туку веќе ТРЕБА да се прави разлика меѓу уредено и неуредено зеленило. Заради тоа што се гледа само еднодимензионално, денеска се прават само обични зелени површини со по некое засадено дрвце (знак прашалник дали се води сметка да биде тоа дрво од соодветен вид и сл.) ради реда, а притоа си прават политичарите реклама со ваквите „паркови“.
Од друга страна, не треба само да се проблематизира дали е изградена зграда на едно место, туку треба да се проблематизира и нејзината висина. Иако во одредени случаи се проблематизира висината, сепак очигледно е дека најмногу се проблематизира дали на одредена локација е изградена зграда или не, што според мене, тоа не е најголем проблем.
Плус, треба да се гради повеќе во висина, но со помала основа, на тој начин и повеќе зеленило би се зачувало, но тоа е веќе друга тема.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 16-Jun-2020 at 18:27
Originally posted by Théoden

Можеби треба да почнеме да правиме разлика помеѓу уредено и одржувано зеленило и неуредено зеленило што е всушност обичен празен простор.
Во секој случај, овде е направена огромна штета по зеленилото, во која и да е форма. Зградите на ЕЛЕМ и Агенција за млади и спорт се натрапници во секоја смисла на зборот. Единствено палата Лазар Поп Трајков се вклопува до негде, ако се занемари неизбежното надвишување за еден кат. Идеално, првите две би ги немало, а третата би формирала линија со хотел „Бристол“.
конкретно во случајот на објектите карши стара железничка, беа уништени веќе оформени паркови површини, со патеки, споменици и урбана опрема, не беа некои рандом ливади... просторот дополнително ќе добиеше на значење доколку булеварот и последната делница на Ул. Македонија станеа пешачки како што се најавуваше одреден период
мислам дека тука штетата е одамна направена со кулите од градски ѕид, на кои воопшто не им е местото таму, ама тоа е друга дискусија... напротив, наместо да се надоврзат на градежните линии формирани од градскиот ѕид, тие дополнително го погребаа просторот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 16-Jun-2020 at 19:21
Тоа дека немаше ни потреба ни место за објективе сега е јасно, но не сфаќам зошто после земјотресот не е формирана градежна линија до крај на улица Македонија, а градски ѕид да е на соодветна дистанца од таа линија. Се гледа дека е утната работата тогаш со објектите позади Бристол.

Edited by <Fresno> - 16-Jun-2020 at 19:22
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.