build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 08-Jul-2020 at 13:24
Цените на становите и на недвижностите ќе се зголемува затоа што сме членка на НАТО? Која е поврзаноста?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 08-Jul-2020 at 15:28
Прочитај малку за investor sentiment. Не значи дека е нешто логично, но членство во меѓународна алијанса како НАТО, ЕУ, ASEAN и многу други низ светот влева колку толку доверба кај странските инвеститори (и како верижна реакција раст на платите, па на цените, па на стандардот, и така натаму според економската теорија). Теоријата вика поарно парите во Македонија отколку Молдавија, Ерменија или Белорусија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 08-Jul-2020 at 15:38
Хмм интересно, фала за инфото (јас мислев дека е предизборна пропаганда, односно така ми делува на прв поглед).
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 08-Jul-2020 at 16:14
Originally posted by гитардемон

Прочитај малку за investor sentiment. Не значи дека е нешто логично, но членство во меѓународна алијанса како НАТО, ЕУ, ASEAN и многу други низ светот влева колку толку доверба кај странските инвеститори (и како верижна реакција раст на платите, па на цените, па на стандардот, и така натаму според економската теорија). Теоријата вика поарно парите во Македонија отколку Молдавија, Ерменија или Белорусија.

Тоа некако има логика повеќе во бранши каде е важен странскиот капитал. Вака во стамбената изградба која е целосно запоседната од домашни инвеститори не гледам стварно поврзаност.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 08-Jul-2020 at 18:09
Originally posted by skopskodete

Значи, се' додека велосипедските патеки се со кривини од 90 степени, подигнати рабници, патеки што директно се „судруваат“ со автобуски постојки итн. нема да се зголеми, на задоволително ниво, процентот на луѓе кои користат велосипед.
мора да разбереме и во поглед на поврзаност колку ни се далечни доста од населбите во скопје
не е баш најзабавно да ги поминуваш километрите од Драчево, Радишани, Волково, Ѓорче и останати со точак, особено во екстремни летни и зимски услови, ако треба да одиш на работа во Центар секој ден на пример

не е се во инфраструктурата за велосипедизам, мора да се гледа целата слика и бројки како велосипеди по глава на жител не треба да ни се фрапантни

мислам дека премногу се форсира велосипедизмот кај нас, само затоа што сме слушнале дека холанѓаните го прават истото... тоа не значи дека треба велосипедизмот да се стави на пиедестал и масивно да се инестира во него

кај ни е на пример јавниот превоз и брзите врски помеѓу регионите во Скопје? ...за почеток, сеуште не ни се изградени ни основната мрежа на булевари што треба да го поврзуваат градот, а не па друго
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 08-Jul-2020 at 18:32
Originally posted by zabegan

Originally posted by skopskodete

Значи, се' додека велосипедските патеки се со кривини од 90 степени, подигнати рабници, патеки што директно се „судруваат“ со автобуски постојки итн. нема да се зголеми, на задоволително ниво, процентот на луѓе кои користат велосипед.
мора да разбереме и во поглед на поврзаност колку ни се далечни доста од населбите во скопје
не е баш најзабавно да ги поминуваш километрите од Драчево, Радишани, Волково, Ѓорче и останати со точак, особено во екстремни летни и зимски услови, ако треба да одиш на работа во Центар секој ден на пример

не е се во инфраструктурата за велосипедизам, мора да се гледа целата слика и бројки како велосипеди по глава на жител не треба да ни се фрапантни

мислам дека премногу се форсира велосипедизмот кај нас, само затоа што сме слушнале дека холанѓаните го прават истото... тоа не значи дека треба велосипедизмот да се стави на пиедестал и масивно да се инестира во него

кај ни е на пример јавниот превоз и брзите врски помеѓу регионите во Скопје? ...за почеток, сеуште не ни се изградени ни основната мрежа на булевари што треба да го поврзуваат градот, а не па друго

Целосно се согласувам со тебе, освен за тоа дека кај нас се форсира велосипедизмот. Не се согласувам со ова, бидејќи, тие што јавно критикуваат во однос на нештата поврзани со велосипедизмот (пример: „На точак“), реално, даваат многу добри критики. Кај нас како и за многу други работи, така и велосипедската инфраструктура се прави на ниво плукни-залепи. Баш затоа што во главниот град се' уште не е изградена основната мрежа на булевари треба уште повеќе да се размислува на оваа тема затоа што ТИПИЧЕН пример е новиот булевар АСНОМ каде што толку лоши се велосипедските патеки што е прашање дали може и така да се оквалификуваат. Очигледно е дека тие што се на јавни функции воопшто не се возат со велосипеди, инаку до сега ќе беше велосипедската инфраструктура како што треба. Плус, да, точно е дека не е најзабавно да се поминуваат километражите кои ги спомна, но не се само тие релации и не се велосипедските патеки исклучиво за повозрасни луѓе кои одат на работа туку тие се пред сe' за средношколци, студенти и млади луѓе кои се вработени (како и за рекреативци, па понатаму туристи итн.). Во однос на јавниот превоз, многу повеќе се размислува, ете, нови автобуси и од оваа власт и од претходната, иако се согласувам дека не е ни тоа добро направено, но од друга страна имаш ептен фушерај во поглед на велосипедизмот, иако е рамничарски предел -- градот и околината.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 08-Jul-2020 at 22:17

коментарот ми беше повеќе во однос на статистиките колку малку се користат велосипеди кај нас, комплетно изземајќи го фактот дека велосипедот не е погодно средво за превоз во било какви услови
дури и автопат за велосипеди да се направи, овие луѓе нема да користат велосипед... не се работи само за инфраструктура, туку и за временски услови и чувство на безбедност
...од друга страна, напрај им асален систем за јавен превоз базиран на ЛРТ и Автобуси, кој нема да ги кошта повеќе отколку да си го наполнат резервоароти кој ќе биде брз и ефикасен, и полека ќе се преобратат

Дури и Амстердам што толку се фали со велосипедите, факт е дека се базира на јавен превоз како секојдневен сообраќај, а велосипедите се користат рекреативно или на кратки релации... не верувам дека некој седнува на точак да извози 10 км секој ден во било кое време од годината

во поглед на тоа дека имаме фушерајски изведби, баш поради тоа што се фура мода дека одредено превозно средство е најбитно во сообраќајот, наместо да се гледа сообраќајот како целина од пешаци, велосипедисти, јавен транспорт и моторни возила
поради тоа имаме лошо вкрстување на автобуска постојка со велосипедска патека, кратење на коловози таму кај што нема потреба, контејнери на сред улица и слично

Edited by zabegan - 08-Jul-2020 at 22:25
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 08-Jul-2020 at 23:23

Z ако на еден проблем се приоѓа само парцијално точно не е решение само Вело Култура Инфраструктура и Субвенции, но сепак доколку знаеме дека денес е неопходен ваквиот Транспортен Мод за многу Сограѓани факт е дека треба истиот да се дигне на далеку посеопфатно ниво него постојно, за што дпбра поука се аберите кои ги фрлив во нишката за Вело Патеки кои во однос заживување на Велосипедскиот Т. Мод би ги симплифицирал на три точки како неопходност од:

1. Вело Автопати, особено во централното градско подрачје, освен рекреативни Вело Патеки

2. Вело Приколки на Јавниот Автобуски Превоз, како Градски така Приградски но и Меѓуградски, но воедно и за Железничкиот, што чинам може ет и клучно за омасовување на Вело Културата, и тоа да стануе збор за двоспратни кои би можеле да примат вертикално дваесет Точаци по Приколка, а доколку распали Вело Култура озбилно и ова ќе да е малку, практично и да има некој Кондиција да вози турбо цел ден, понекогаш мора инстант да се избаци од Точка А до Точка Б а да не се испоти, а во случај да нема друг Излез добро би дошло доколку Постојат Јавни тушеви во Секоја Општина, но не онакви каде ќе те изедат полжаи туку кои по секоја употреба ќе бидат со ув-ц неонки дезинфицирани [1]

3. Мотивирање на таквата околност преку разни Индивидуални Авто Демотивации пр. дупло кревање на Регистрација за секое второ возило на една Адреса Семејство но и Општина, Вињети за минување низ Центар и Скап Паркинг во истиот, а посекако и бенефиции во однос ЈСП доколку некој се откажал од Автомобил, но воедно за сите нив достапност до бенифициран Карго Јавен Градски Превоз за индивидуални потреби, иако ова некој може да го злоупотребува и за бизнис околности па мора и да се води евиденција кој за што кога и како го користи ваквиот Градски Карго Бонус ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 15-Jul-2020 at 11:22
ПАК ЗАГАДЕН ВАРДАР ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ АКО Е ИСТИОТ ЗАГАДУВАЧ ЌЕ СЛЕДИ РИГОРОЗНА КАЗНА

Реката Вардар во населбата Долно Лисиче утрово повторно е загадена. Водата по течението на реката е обоена во црвена боја, и по пријава на граѓани инспекторите од Град Скопје и Државниот инспекторат за животна средина веднаш излегле на терен.

„Во координација со Државниот инспекторат за животна средина испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна“, вели Мирослав Богдановски раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

На истата локација водата беше загадена, обоена во црвена боја и лани во септември, што предизвика и помор на риби. По испитувањата на инспекторите од Државниот инспекторат за животна среднина беше утврдено дека загадувањето е предизвикано од погоните на компанијата „Арцелор Митал“. Во еден од погоните дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води.

Тогаш компанијата беше казнета со парична казна од 100.000 евра и забрана за работа за работа до санација на дефектот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-zagaden-vardar-vo-naselbata-lisiche-od-grad-skopje-velat-ako-e-istiot-zagaduvach-ke-sledi-rigorozna-kazna/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 20-Jul-2020 at 14:55
Просечната старост на автомобилите е 19,3 години, во првото полугодие увезени 8.000 половни коли

Наместо да се поднови, возниот парк со увозот на половни автомобили од странство во изминатиов период единствено остарува, односно се зголемува просечната старост на автомобилите во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила лани била 19,3 години, што е историски најлош резултат од достапните статистички податоци во периодот од 2003 година до денес.
Една деценија претходно, во 2010 година просечната старост на автомобилите во земјава изнесувала 16,3 години, односно возилата што сообраќале по нашите патишта биле за цели три години понови во споредба со денес. Паралелно со ова, Царинската управа на Република Северна Македонија (РСМ) лани регистрираше рекорден увоз на половни возила. Само во 2019 година во земјава влегле 41.479 автомобили „на старо“ од странските земји.

Последните податоци на Царинската управа на РСМ покажуваат дека во првото полугодие од 2020 година динамиката не е променета. Најголем дел од она што е увезено е старо. Од вкупно 11.592 патнички моторни возила увезени во периодот јануари-јуни 2020 година, дури 8.000 се внесени во земјава како половни.

Она, пак, што посебно треба да загрижува е дека расте и бројот на половни дизел возила во земјава, коишто постепено се исфрлаат од возниот парк во западноевропските земји, како големи загадувачи на воздухот.

https://meta.mk/prosechnata-starost-na-avtomobilite-e-193-godini-vo-prvoto-polugodie-uvezeni-8-000-polovni-koli-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 26-Jul-2020 at 15:13
За првпат по осум години, лани опаднал бројот на регистрирани автомобили во Скопје (инфографик

По осум години континуирано зголемување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје, лани за првпат забележано е намалување на патничките моторни возила со скопски регистарски таблички, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2019 година во главниот град биле регистрирани 148.892 автомобили, односно за скромни 592 вакви возила помалку во споредба со претходната година. Забележано е и намалување на вкупниот број на возила во Скопје, од 175.588 во 2018 година на 174.008 возила (автомобили, мотоцикли, автобуси, камиони, трактори и друго) во 2019 година.

Ваквото намалување на моторизацијата на Скопјани се должи првенствено на падот на бројот на автомобили што ги поседуваат жителите на општините Гази Баба, Карпош, Аеродром, Чаир, Шуто Оризари и Бутел.

Наспроти ова, во општина Центар каде што има најголем недостиг на паркинг места и проблеми со сообраќајниот хаос, во 2019 година имало зголемување на бројот на автомобили на 24.544 во 2019 година, наспроти регистрираните 23.415 автомобили во 2018 година. Зголемување на бројот на автомобили лани имало и во општините Кисела Вода и Сарај.

Ваквото изненадувачко намалување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје доаѓа паралелно со зголемениот број на регистрирани возила на ниво на целата земја. Имено, во 2018 година вкупно во земјава имало 485.612 возила со македонски регистарски таблички, додека лани овој број се искачил на 495.636 возила.

Паралелните податоци за користењето на јавниот превоз во Скопје покажува дека бројот на патници што се возат во градските автобуси опаѓа од година во година, па се поставува прашањето дали намалувањето на регистрираните автомобили е резултат на зголемената еколошка свест кај граѓаните кои повеќе пешачат и користат велосипед или пак лани во Скопје се возеле повеќе автомобили со странски регистарски таблички.

Она што е евидентно од статистичките податоци е дека за осум години на улиците на главниот град се зголемил бројот на автомобили за над 26.000, што е загрижувачки показател во однос на присутниот сообраќаен хаос, недостигот на паркинг места и загрижувачкото аерозагадување. Податоците на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје за 2019 година покажуваат дека бројот на паркинг места со кои управуваат тие во главниот град е за дури 13 пати помал од бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите кои живеат околу нивните паркинзи.

https://meta.mk/za-prvpat-po-osum-godini-lani-opadnal-brojot-na-registrirani-avtomobili-vo-skopje-infografik/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 27-Jul-2020 at 04:08

за државата не е ренатбилен железничкиот мод, пополека и автобускиот ќе рокнуе ако се омасови велосишедскиот мод, во меѓувреме автомобискиот транспортен мод во градот опаѓа заради печалбарската емиграција, бонус сигурно е и економската стагнација, а прашање е колку идни светска рецесија нема дополнително да удри на регистрираните возила, иако ќе зависи и од државата како сето тоа ќе го изменаџира! Лично ваквата новина само можам да ја поздравам, и да ги окуражувам Сограѓани да си чукнат глаите и да се иселуваат совреме Насело не Понадвор, нек си искористат колите и волјата совреме за да си избилдаат сејфхаус за Не Дај Боже времиња да имаат каде Нивје да Заораат, прашање е колку се свесни дека веќе и живееме во такви времиња само што ту мач хедонизам и забава та дефокусирани се озбилно од какви и да е ризици и нивно правовремено менаџирање, иако риск-менаџмент може да значи и само јака свест добар план здрава стратегија (како индивидуално така и колективно), но што е тоа е, секој со својо акал си ака, Чунки регистрираните Коли за арно се користат!? неретко и тркнување до Бензиска по Вода Грицки и Сладолед!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 30-Jul-2020 at 10:49
Корона вирусот доведе до голем пад на тргувањето на пазарот на недвижности

Драстично намалување на обемот на тргување на пазарот на недвижности во периодот од 1 април до 30 јуни годинава откриваат новите податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности. Во второто тримесечје од 2020 година, кога се разгоре кризата предизвикана од корона вирусот, евидентирани се вкупно 4.073 трансакции, што е помалку за 3.085 трансакции во однос на првите три месеци од годинава.

Во овој период, во Регистарот на цени и закупнини се впишани вкупно 3.197 продажби на недвижности, што претставува пад за 1.738 продажби во однос на првиот квартал од 2020 година. Што се однесува до закупите, регистрирани се 876 закупи на целата територија на цела држава, што претставува намалување во споредба со закупите од претходниот квартал за 1.347 трансакции.

Во периодот април – јуни 2020 година, во земјава се продадени 681 новоизградени станови што е за 38 станови помалку од првиот квартал во 2020 година.

Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените домови за дополнителни 4 станови.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.902 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, се констатира во извештајот.

https://www.facebook.com/meta.mk.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 02-Aug-2020 at 09:57
Најмногу патуваме со автомобили, сè помалку користиме јавен превоз, автобуси и возови (инфографик)

Во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека автомобилот и такси превозот постанале главното средство за патување низ годините. Во 2018 година, 80,4 отсто од изминатите патнички километри во патниот превоз (9.452 милиони патнички километри) граѓаните ги поминале со своите автомобили или со такси. За разлика од ова, јавниот превоз во земјава остварил само 10,9 отсто од вкупниот број на изминати патнички километри (1.278 милиони патнички километри).

Статистиката за 2018 година покажува дека меѓуградскиот и меѓународен превоз со автобуси поминал 968 милиони патнички километри (8,2 отсто од вкупниот број), додека железничкиот патнички транспорт остварил само 64 милиони патнички километри (0,5 отсто од вкупно изминатите километри во годината).

Силната доминација на автомобилите и такси превозот во патувањата на граѓаните се должи на сè поголемиот број на автомобили на нашите улици, при што ова превозно средство граѓаните вообичаено го користат за патувањето до своето работно место, на училиште, на одмор и слично. Но, статистичките податоци покажуваат дека актуелните бројки се многу поразлични во споредба со тоа како сме ги организирале патувањата како општество во периодот на распадот на СФР Југославија.

Во 1990 година, мобилноста на населението била речиси двојно помала од денес. Наспроти денешните изминати 11.762 милиони патнички километри, пред речиси три децении се регистрирани 6.750 милиони патнички километри во патниот превоз. Од нив, 54,7 отсто биле поминати со автомобили и такси превоз (3.692 милиони патнички километри), додека 22,1 отсто од изминатите километри остварил меѓуградскиот и меѓународен превоз (1.492 милиони патнички километри).

Градскиот и приградскиот превоз во 1990 година остварил 1.211 милиони патнички километри (17,9 отсто од вкупниот број), додека во железничкиот патнички сообраќај се забележани 355 милиони патнички километри (5,3 отсто од вкупниот број).

Ваквиот тренд на развој на сообраќајот во нашата земја се должи и на континуираното намалување на бројот на патнички возови што сообраќаат низ нашата земја, како и на опаѓањето на бројот и на зачестеноста на автобуските линии, како во јавниот превоз, така и во транспортот помеѓу самите градови.

Она што треба да се забележи е дека за период од помалку од три децении за над 2,5 пати пораснал бројот на изминати патнички километри со автомобили и такси превоз во нашата земја. Овие бројки се загрижувачки особено од аспект на аерозагадувањето во македонските градови, во кое значаен удел има токму сообраќајот, односно секојдневното користење на автомобилите. Уште понегативни се резултатите кај масовниот превоз на патници, каде без исклучок се регистрира намалување на бројот на изминати километри во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски и железнички патнички транспорт.

https://meta.mk/najmnogu-patuvame-so-avtomobili-se-pomalku-koristime-javen-prevoz-avtobusi-i-vozovi-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 09-Aug-2020 at 10:25
ОПШТИНАТА ДАЛА ДОЗВОЛА ЗА РИНГИШПИЛ, ШТИПЈАНИ БАРААТ ЗАБРАНА НА ТАКВА ДЕТСКА ЗАБАВА ВО КОРОНАКРИЗА

Попладнево, во паркот на штипската населба „8 Ноeмври“ влегол конвоj камиони за да се постави рингишпил, по што реагираа жителите и граѓани кои шетаат по патеката покрај реката Брегалница во чија близина треба да се постави реквизитот. Остри реакции брзо се јавија и на социјалните мрежи, со барање да се стопира поставувањето на рингишпилот што ќе ги мами најмладите да се собираат сега во време кога Штип е еден од најзагрозените градови со ковид-19.

Јавно се бара на сопственикот, кој деновиве бил во Општинската зграда и најверојатно добил некаква дозвола да го инсталира рингишпилот, да му се анулира потврдата и да не му се дозволи поставување на рингишпилот.

Општина Штип, во одговор на барањата, образложи дека вакви дозволи се одобрувале секоја година во овој период како дел од забавната програма за најмладите, но сега кога веќе има реакции од граѓаните, Општината сериозно ќе ги разгледа барањата за да им излезе во пресрет.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtinata-dala-dozvola-za-ringishpil-shtipjani-baraat-zabrana-na-takva-detska-zabava-vo-koronakriza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 15-Aug-2020 at 14:51
Originally posted by stef4o

ПАК ЗАГАДЕН ВАРДАР ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ АКО Е ИСТИОТ ЗАГАДУВАЧ ЌЕ СЛЕДИ РИГОРОЗНА КАЗНА

Реката Вардар во населбата Долно Лисиче утрово повторно е загадена. Водата по течението на реката е обоена во црвена боја, и по пријава на граѓани инспекторите од Град Скопје и Државниот инспекторат за животна средина веднаш излегле на терен.

„Во координација со Државниот инспекторат за животна средина испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна“, вели Мирослав Богдановски раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

На истата локација водата беше загадена, обоена во црвена боја и лани во септември, што предизвика и помор на риби. По испитувањата на инспекторите од Државниот инспекторат за животна среднина беше утврдено дека загадувањето е предизвикано од погоните на компанијата „Арцелор Митал“. Во еден од погоните дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води.

Тогаш компанијата беше казнета со парична казна од 100.000 евра и забрана за работа за работа до санација на дефектот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-zagaden-vardar-vo-naselbata-lisiche-od-grad-skopje-velat-ako-e-istiot-zagaduvach-ke-sledi-rigorozna-kazna/

По месец дена денес повторно иста боја

https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 16-Aug-2020 at 11:03
Нема решение за Усјанскиот канал

https://telma.com.mk/2020/08/15/нема-решение-за-усјанскиот-канал/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 16-Aug-2020 at 14:28
Градежниот бум се преселува во општините Илинден, Бутел и Петровец

Воочливо е дека опаѓа интересот за градење во Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров како општини во кои изминативе години имаше градежен бум. Интересно е што Ѓорче Петров, како една од поголемите градски општини во јуни не издала ниту една дозвола за градење, како впрочем и Карпош, Чаир, Шуто Оризари и приградските општини Арачиново, Зелениково, Сарај и Студеничани.

Наспроти нив, сè повеќе одобренија за градење се издаваат во приградските општини Петровец и Илинден кои се на само 10 километри од центарот на Скопје и таму, речиси и да нема слободни парцели за градење. Градоначалниците на овие две општини во изјава за весникот ВЕЧЕР потврдуваат дека интересот за слободни парцели драстично е зголемен поради што планираат од есен да стават на продажба нови парцели за градење куќи.

Скопскиот регион и натаму е најинтересното место за градење во државава иако во јуни се издадени речиси двојно помалку дозволи споредено со претходниот месец. Тоа го потврдуваат и последните статистички податоци кои говорат дека од вкупно издадените 273 одобрениja на ниво на цела држава, во скопските градски и приградски општини, во текот на јуни годинава, биле издадени 33 дозволи и тоа 17 на физички лица и 16 на деловни субјекти (фирми).

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), општините Илинден (10) и Центар (7) водат со најмногу издадени градежни дозволи. Пет дозволи се издадени во Бутел, три во Петровец, по две во Аеродром, Гази Баба и Сопиште и по една во Кисела вода и Чучер Сандево. Во Илинден од издадените 10 дозволи, шест се на деловни субјекти, односно таму ќе се градат згради за колективно домување или индустриски капацитети.

Воочливо е дека опаѓа интересот за градење во Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров како општини во кои изминативе години имаше градежен бум. Интересно е што Ѓорче Петров, како една од поголемите градски општини во јуни не издала ниту една дозвола за градење, како впрочем и Карпош, Чаир, Шуто Оризари и приградските општини Арачиново, Зелениково, Сарај и Студеничани.

Наспроти нив, сè повеќе одобренија за градење се издаваат во приградските општини Петровец и Илинден кои се на само 10 километри од центарот на Скопје и таму, речиси и да нема слободни парцели за градење. Градоначалниците на овие две општини во изјава за весникот ВЕЧЕР потврдуваат дека интересот за слободни парцели драстично е зголемен поради што планираат од есен да стават на продажба нови парцели за градење куќи.

– Во септември на продажба ќе ставиме 71 парцела на потегот од Катланово до Катлановска бања поради големиот интерес за изградба на викендички, а во Средно Коњари во план ни се 102 парцели. Исто така, почнавме со легализација на објекти. До нас беа пристигнати барања за легализација на над 4.100 објекти во населените места Брезица, Градманци, Дивље, Блаце, Бадар и викенд населбата околу Катланово. Околу 90 проценти веќе се легализирани – вели градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски.

Слично е и во соседната општина Илинден. Таму се продадени 500 парцели во населбата Јака каде 90 проценти од инфраструктурата е веќе изградена, останува само канализациона и атмосферската мрежа да се постави и да се асфалтираат уличките.

– Парцелите во Јака веднаш се продадоа. Освен од луѓе од нашата општина, голем интерес имаше и од жители на Скопје, но и од други градови. Покрај општински парцели, се купуваат и од приватници и се градат куќи, а тоа им го овозможивме со измена на локалните урбанистички планови. Интересот за куќи е голем, па размислуваме за проширување на нови простори за домување – изјави градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.

Инаку, вкупната предвидена вредност на овие 33 објекти за кои се издадени одобренијата за градење во јуни, изнесува 1 милијарда и 140 милиони денари или околу 18,5 милиони евра.

Издадените 33 одобренија ќе опфатат изградба на 161 стан, од кои дури 78 се планирани да бидат трособни и 40 двособни. Дури 149 станови ќе се градат во Аеродром, а со петте дозволи во Бутел се планирани само 3 стана/куќи.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/градежниот-бум-се-преселува-во-општин/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 17-Aug-2020 at 06:42
Езерото Младост станува прва иновативна туристичка атракција во земјава. Со вкупна инвестиција од 62 милиони денари обезбедени преку Проект за локална и регионална конкурентност изградбата на пристапни патишта до угоститлеските објекти, на просторот околу езерото се поставува содржини со смарт уреди како што се штедливо осветлување, и паркинг со користење на дигитален систем за управување со 23 места, клупи со полначи и се набавуваат смарт велосипеди. Исто така во тек е изградба на еко камп којшто ќе содржи повеќе интересни катчиња за најмладите.

https://www.facebook.com/carovska.mila
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 18-Aug-2020 at 14:06
На улица за 300 луѓе сега живеат 3.000, може ли вакво Скопје да издржи 800.000 жители?

Скопје станува град во кој тешко се живее. Не, не само поради тоа што градоначалниците не си ја вршат работата како што треба па градот е во хаос, туку и поради пренатрупаноста, односно пренаселеноста за постојната инфраструктура.

Денеска во Скопје од внатрешноста се доселени нови седум жители, по разни основи – преселба во нов стан, заради работа, заради склучување брак… Ваков податок нема да се прочита во некој медиум или институционален извештај, но лесно се добива кога ќе се пресмета доселувањето во главниот град на Македонија во изминативе години. Во 2018 од внатрешноста се доселиле 2.575 лица, во 2016 уште повеќе, 2.882 лица. Излегува дека за последните десет години во Скопје се преселил град со големина на Гевгелија, а чии жители се распределија најмногу по скопските општини Аеродром, Карпош, Центар… Само во Аеродром секоја година има најмалку илјада новодоселени граѓани.

Приливот не запира, а доказ за тоа е и секојдневното градење на нови згради, на стотици нови станови. Веќе се подготвени и новите Детални урбанистички планови за новите населби Расадник, Хром, за 60-катниците на паркингот кај ГТЦ, за Трнодол, Маџир Маало, Треска… Сите тие предвидуваат десетици и десетици нови згради во кои ќе се населуваат нови жители на Скопје. Тоа ќе значи ново и ново зголемување на населението во градот. Од последниот попис во 2002 година кога Скопје забележа 506.926 жители, па преку додавање на општините Сарај и Кондово кога се искачи 668.518 жители, сега веќе се проценува дека во градот има околу 800.000 жители. Според ГУП за Скопје градот во 2022 година треба да има околу 630.000 жители. Проценка е дека „вишокот“ во градот се меѓу 100.000 и 150.000 жители, но на кои секоја година се додаваат нови и нови… Скопскиот регион веќе одамна е пренаселен, со 341 лице на еден квадратен километар за четири пати е погусто населен од просекот во земјава кој изнесува 83 лица на еден просторен километар!?

На потребата да запре доселувањето на градот апелираат многумина.

-Јас немам никаков проблем со растење на градот, ама ако тоа некој некогаш го правел плански. Сега овој град не расте туку се компресира и тоа ќе доведе до експлозија. Нема инфраструктура на толку мал простор да се набијат толку луѓе. А проблемот не се решава туку на против се зголемува, изјави неодамна за „Скопско ехо“ режисерот Срѓан Јаниќиевиќ.

Слично мислат и другите граѓани.

-Треба да се најде начин да се сопре доселувањето во Скопје. Првенствено, да се регулира доселувањето, жителството да се дава исклучиво на тие што поседуваат имот во градот. Да се сопре и градењето на новите згради, смета скопјаката Даниела Хаџи Јаневска – Гиевска.

-По пред две години имаше улици во Аеродром каде живееја по 300 граѓани, а сега напикаа нови згради и таму живеат 3000 луѓе. Тоа не е нормално и градот ќе пукне бидејќи го пренадуваа, реагира Јасминка Иванова.

Според сегашните правила, за да се добие жителство на Скопје, покрај другото, доволно е само да се достави склучен договор за изнајмување на стан!?

Очигледно, додека не се преземе нешто трендот на доселувањето во Скопје ќе продолжи. На последните локални избори пред три години во кампањите на кандидатите овој проблем воопшто не се ниту спомна. Тоа значи дека како да е оставен на стихијата која еден ден ќе ја затрупа недоволната градска инфраструктура – канализацијата, сообраќајниците, јавниотпревоз, струјата, водоводот…

https://skopskoeho.mk/na-ulitsa-za-300-luge-sega-zhiveat-3-000-mozhe-li-vakvo-skopje-da-izdrzhi-800-000-zhiteli
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.523 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.