build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 22-Aug-2020 at 12:44
Во Општина Бутел се случува градежна офанзива

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ, ВЕЛИМИР СМИЛЕВСКИ
„Кога станав градоначалник бев реализиран стопанственик, кој имаше само една цел. Да го направам Бутел подобро место за живеење. И тоа што го ветив немам сомнеж дека ќе се случи“. Со овие зборови го започна разговорот со нас градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој меѓу граѓаните важи за вреден и позитивен лик што си ја сака својата општина и кој им е достапен на сограѓаните за сите прашања и проблеми.

Очигледно е дека граѓаните забележуваат оти во општината се работи мошне интензивно, особено на инфраструктурни проекти. Што се сработи досега во Бутел?
– Долга е листата на реализирани проекти изминативе неполни три години. Но едно имам да кажам, дека развојната експанзија на Бутел допрва следува. Можам слободно да кажам дека Бутел се развива во модерна и урбана општина со иднина и големи можности за развој на малите и на средните претпријатија во сите области. Општината има економски раст како никогаш досега. Голем број успешни и познати компании инвестираа во објекти и комплекси во нашата општина. Новите инвестиции се должат на подобрувањето на бизнис-климата преку решавањето на инфраструктурните проблеми и имплементирањето нови и подобрени решенија, како што е изградбата на водоводот и канализацијата во индустриската зона Визбегово, што беше еден од децениските проблеми на стопанствениците и огромна пречка за нови инвестиции. Во периодот зад нас се реализирани голем број капитални инвестиции што го изменија ликот на општината. Реализирани се капитални инвестиции во реконструкции и санации на сите седум основни училишта и во сите детски градинки на територија на
Општина Бутел. Реконструирани се повеќе од 40 сервисни улици, каде што е поставен асфалт со вкупна површина од околу 40 илјади квадратни метри.

Изградени се 15 пешачи патеки со вкупна површина од шест илјади квадратни метри. Изградена е нова инсталација за осветлување на 30 локации во должина од пет илјади метри. Во завршна фаза се реконструкцијата и проширувањето на патот од Бутел до селото Љуботен со должина од шест километри км во вредност од 13 милиони денари, средства финансирани од буџетот на Општина Бутел. Покрај многубројните реализирани проекти, огромна поддршка за развојот на Бутел добивме и од градската власт. Пуштен е во употреба модерниот булевар Христијан Тодоровски-Карпош, а во завршна фаза е и изградбата на исклучително важниот за бутелчани булевар Босна и Херцеговина, кој ќе се поврзе со булеварот Христијан Тодоровски-Карпош. Во меѓувреме е изградена атмосферска канализација и реконструирана е главната артерија на Бутел од улицата Боца Иванова до улицата Бутелска.
Со реализираните проекти досега далеку од тоа дека се решени сите проблеми и дека се задоволени сите потреби на граѓаните, но како и досега ќе продолжам да работам чесно и одговорно заради потврдената доверба од моите сограѓани.

Кои проекти се планираат наскоро, што да очекуваат граѓаните?
– Како што напоменав претходно, развојната експанзија на Бутел допрва следува. Во овие неполни три години ми беше потребно да ги увидам ситуациите на терен, да се запознаам со проблемите на граѓаните, да ги консолидирам ресурсите и да го анализирам направеното.
Но од сега и во иднина следуваат важните проекти за бутелчани, кои се од исклучителна важност, а дел од нив беа и во мојата програма. Станува збор за изградба на нова поликлиника на територија на општината. Поликлиниката во целост ќе биде сервисирана од Владата, а се надеваме дека за брзо време почнуваме со изградбата. Средствата ги имаме, а моментално се чека измена на деталниот урбанистички план (ДУП) за да може Општината да издаде одобрение за градба и да почнат работите. Во меѓувреме, пак, со Министерството за здравство разговараме за опциите каде би се лекувале и прегледувале корисниците на амбулантни услуги додека се гради поликлиниката. Потоа следува и изградба на нова полициска станица и пожарна, за која веќе имаме предвидено локација.

Кои се приоритетите што бараат особено внимание?
Во ситуацијата во која се наоѓаме, за бутелчани исклучително важни се сите предвидени проекти за реализација, но тука би ја издвоил борбата против нашиот најсериозен непријател – пандемијата на ковид-19, а потоа и заштитата на животната средина како еден исклучително важен фактор за здравјето на сите нас. Наш приоритет е да ја кренеме јавната свест на жителите и сите заедно интензивно да се грижиме за заедничкиот воздух, за водите и за зелените површини. Ќе има строга контрола и високи казни за загадувачите, комунална општинска полиција и 24-часовен надзор на инспекциските служби. Повеќе екоинспектори, повисоки казни за фабриките што не ги исполнуваат еколошките стандарди и повисоки казни за граѓаните што загадуваат. Тоа се, според мене, приоритетите на кои ќе обрнеме исклучително внимание во иднина.

На прагот сме од почетокот на учебната година, дали училиштата и градинките се подготвени да почнат да работат, доколку Министерството за образование и наука одлучи да има физичко присуство во училиштата?
– Технички и оперативно училиштата и градинките се подготвени за почеток на новата учебна година доколку МОН одлучи да има физичко присуство на ученици во училиштата. Покрај реновираните и свежо варосани училишта, ќе обезбедиме автобуси што ќе вршат училиштен транспорт и ќе бидат дезинфицирани пред секое возење. Училиштата постојано и навремено ќе набавуваат соодветно количество средства за дезинфекција на рацете, сапун, хартиени бришачи за раце и резервни маски за лице за учениците и за вработените што заборавиле да понесат своја. Покрај мерките за заштита како што се: носење маска, држење растојание, по едно дете во клупа, дезинфекција на рацете и обувките, мерење температура, ќе се организира и психосоцијална поддршка на учениците и стручните соработници во училиштата (психолог, педагог, социјален работник, специјален едукатор).
Општината ги задолжи сите училишта да организираат дискусија со учениците на тема за стигматизацијата, односно справување и надминување на стереотипите за лица што биле заразени со ковид-19 или кои се претпоставува дека се заразени. Сите училишта се опремени со кујни, што значи, доколку родителите пројават интерес, училиштата се подготвени да обезбедат и храна за сите ученици.

Вие сте еден од најактивните градоначалници на социјалните мрежи. Комуницирате со граѓаните и одговарате на нивните прашања и сугестии. Дали и оттаму црпите информации за да ги насочите активностите кон задоволување на потребите на граѓаните?
– Користењето на социјалните мрежи е дел од моите секојдневни обврски, тука сум доста активен. Идниот развој на општината зависи од сите нас и токму затоа го користам ваквиот пристап, бидејќи ми помага полесно да стигнам до важни информации од терен и од граѓаните. Наедно сметам дека на овој начин успевам да бидам транспарентен и одговорен кон граѓаните. Не сум присутен онлајн затоа што е модерно, туку, пред сè, за да се излезе во пресрет на очекувањата и навиките на граѓаните, кои во огромен процент се активни во интернет-просторот. Сметам дека обврска на секој функционер е да комуницира и да дава одговори и информации за граѓаните и медиумите.

Неминовно е да го завршиме интервјуто со неколку прашања за коронавирусот. Со оглед на ситуацијата предизвикана од ковид-19, како се снаоѓате со секојдневните обврски?
– Повеќе од шест месеци ние и целиот свет живееме со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Ситуацијата воопшто не е лесна за никого, но мораме да издржиме и да се справиме со тоа. Ова е ситуација на која сите треба да ѝ пристапиме сериозно и одговорно, да слушаме и да ги применуваме мерките и препораките од Министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата секојдневно одам на работа и ги завршувам моите работни обврски. Се заштитувам на начин како што советуваат од Министерството за здравство, постојано го мијам рацете, користам средства за дезинфекција и, без исклучок, носам маска. Не сум исплашен туку повеќе сум загрижен за моите најблиски и за безбедноста на нашите граѓани.

Што презема Општината за заштита на своите граѓани и за справување со коронавирусот?
– Со почетокот на пандемијата оваа година, Општина Бутел ги засили мерите за заштита на граѓаните од ширење на вирусот со целосно дезинфицирање на сите јавни површини, училишта, верски објекти и пазари. Формиравме мобилни тимови за набавка на храна и лекови за стари и изнемоштени лица што живеат на нашата територија. На почетокот на пандемијата Општината им подели повеќе од 500 пакети со храна и средства за хигиена на социјално ранливите категории, а во моментов подготвуваме и ново количество помош за 200 лица со социјален ризик. Проблем се создаде и со почетокот на изведбата на онлајн наставата за учениците, која почна последните месеци од учебната година како последица од затворање на училиштата поради пандемијата на коронавирусот. Увидовме дека секое семејство нема компјутер дома за своето дете ученик. Со моја лична донација и со донација од граѓаните успеавме да поделиме 50 компјутери за ученици, чии родители не беа во можност да ги купат. Во периодот што следува внимателно ќе ја следиме состојбата со вирусот и ќе продолжиме посветено да работиме за заштита на сите наши граѓани.

Верувам многумина сакаат да ве отпоздрават, да ви ги кажат проблемите со кои се соочуваат, да ви дадат идеи и слично, па како се справувате со оглед на фактот што и вие треба да го чувате здравјето, а, сепак, сакате да ги испочитувате граѓаните?
– За мене кружат интересни муабети. Велат дека не постои жител од општината што не сум го примил на разговор, еднаш или повеќепати за да ги ислушам неговите потреби и барања. Знам на среде улица да го прекинам телефонскиот разговор за да се поздравам со моите сограѓани. Ова беше мојот единствен завет кон себе кога пред три години станав градоначалник. Сакав поинаков, искрен пристап кон моите сограѓани и кон луѓето што ми ја дале довербата да ја водам Општината. И тоа го правам секојдневно. Од првиот ден сум на терен и секогаш сум помеѓу граѓаните. На почетокот на пандемијата вистина е дека ги намалив физичките присуства на состаноците во затворени простории и ги заменив со онлајн состаноци, но продолжувам на терен, почитувајќи ги мерките за заштита и безбедност од ширење на вирусот.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/во-општина-бутел-се-случува-градежна-о/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 26-Aug-2020 at 11:33
Општина Ѓорче Петров забрани сушење на алишта во дворовите со поглед кон плоштад или улица

На територијата на Општината Ѓорче Петров, се забранува сушење на алишта во дворовите со поглед кон улица и плоштад. Ова го објави градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој на својот „Фејсбук“ напиша дека Општината усвоила измени во Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.

Во дворните места се забранува оставање, складирање, односно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.

Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина,
– гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.

Ова наиде на остри критики кај жителите кои коментираа дека Општината не ги решила другите поголеми проблеми, па стигна да забранува сушење на алишта.

https://tv21.tv/mk/opshtina-gorche-petrov-zabrani-sushene-na-alishta-vo-dvorovite-so-pogled-kon-ploshtad-ili-ulitsa/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 26-Aug-2020 at 13:46
“One of the great mistakes is to judge policies and programs by their intentions rather than their results” - Milton Friedman

Ај баш да видиме како ќе ја спроведат одлукава! Ако било само до одлука лесно ќе се решеле оддамна овакви прашања. Можда намерите да им се добри, ама резултатите ќе бидат никакви. Башка во делот на алишта одлуката им е анахрона, западниот свет со последните студии за еколошка ефикасност и штедење енергија на големо враќа во мода сушење алишта на природен ветер, а не во машина.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 26-Aug-2020 at 14:04

Секогаш може сушална на задниот балкон, на сред дневна една сталажа, па дури и на задните прозорци. Не знам кој амбиент ќе се наруши на место како Ѓорче ако некој суши алишта, не е ова Центар, ама ајде.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 26-Aug-2020 at 14:51
Абе еден амбиент у Арозонава наречена Ѓорче што да ти кажам. Жителите не треба да сушат надвор да не им трујат алиштата на бензин а не „да не ја нарушуваат лепотата“ на Општината.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 27-Aug-2020 at 14:25
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 28-Aug-2020 at 17:02
Некогашното „Матично“ ќе биде предадено на користење на заинтересираните младински здруженија и невладини организации, а дел ќе биде наменет за потребите на администрацијата на општината.
Бараката е предадена на општината од страна на Владата, а ние комплетно ќе ја реконструираме, за што е распишан јавен оглас за избор на најповолен изведувач на градежно-занаетчиските работи.
Целиот зафат ќе биде готов околу Нова година, истиот ќе чини околу 6 милиони денари, од кои дел се средства од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, а дел од буџетот на Општина Центар.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 28-Aug-2020 at 18:52
Да се забрани со устав вакви непотребни трошоци да се прават. Ќе реновирале барака на која единствена интервенција може да и биде багер. Па има ли попропадната инвестиција од реновирање на вакви бараки.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 01-Sep-2020 at 11:43
Другово без канализација и со неасфалтирани патишта, Дехари: Доделени се средства, треба да се решат имотните проблеми на жителите



https://tv21.tv/mk/drugovo-bez-kanalizatsija-i-so-neasfaltirani-patishta-dehari-dodeleni-se-sredstva-treba-da-se-reshat-imotnite-problemi-na-zhitelite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 03-Sep-2020 at 14:48
Во Мичурин (од твитер)

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 03-Sep-2020 at 23:23

па добро, точаков бар е подобра и поурбана визура отколку гаќите на прозор и климите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 04-Sep-2020 at 08:30
Ееј и вие пак. Забранија сушење гаќи од страна на булевар, што да прават луѓето, нека дадат субвенции за машини за сушење па ќе нема ваква глетка
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 04-Sep-2020 at 12:47
Нешто побитно покажува сликата, дека граѓаните се плашат да користат велосипеди поради високата стапка на криминал, точаци најлесно се крадат, а полицијата и целиот правосудниот систем се нефункционални и во нив се нема доверба.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 04-Sep-2020 at 19:36
Тоа на улица ќе те прегазат, ќе си умреш, ќе го осудат условно, ти за украден точак сакаш казна.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 13-Sep-2020 at 10:48
ГРАД СКОПЈЕ Е ХЕНДИКЕПИРАНА ИНСТИТУЦИЈА И МОРА ДА ДОБИЕ ПОВЕЌЕ ИНГЕРЕНЦИИ, ШИЛЕГОВ БАРА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ИНСПЕКЦИИТЕ ОД СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

Случајот со дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ во центарот на Скопје уште еднаш ја покажа нефункционалноста на институциите и прашањето кој за што е надлежен. Град Скопје нема надлежност за уривање и отстранување на дивоградби, па градоначалникот на Скопје Петре Шилегов побара Владата да му даде поголеми надлежности односно да се одземат ингеренциите на скопските општини и Градот да го преземе инспекторирањето и справувањето со дивоградби. Шилегов во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК зборува дека ваквите законски измени се неопходни поради тоа што сегашните надлежности не му дозволуваат да делува соодветено, а граѓаните тоа од него како прв човек на Скопје го бараат.

Велите дека ќе барате од новата Влада поголеми надлежности за Град Скопје и влегување во втората фаза од децентрализацијата со што општините би добиле повеќе ингеренции. Но, случајот „Мавровка“ покажа дека џабе ни е децентрализација. Наместо Општината да си ја врши работата, дивоградбата кај „Мавровка“ беше урната од Владата. Што ќе ни е тогаш децентрализација?

Јас сум упорен во целокупното свое политичко дејствување, во тоа дека ние мора да направиме нешто што во изминативе 30 години не е направено, а тоа е институциите да бидат сериозно одговорни особено кога се нивните законски обврски во прашање, а од друга страна да изработиме институционален систем со непречена функционалност. Тоа се двете теми кои јас ги отворам во јавноста изминатиов период, а примерот како „Мавровка“ ги покажува целокупните аномалии и недостатоци на овие две категории, категоријата наречена одговорност и категоријата наречена нефункционален систем. И токму моите заложби се конзистентни од првиот ден како градоначалник и порано како опозиционер кога ги критикував нефункционалните институции и немањето одговорност. Кога ќе ги земете наталожени една со друга, добивате хаос и институции кои не функционираат и оправдан е револтот на граѓаните.

Што барате вие како Град Скопје?

Градот Скопје со овие ингеренции е направен како хендикепирана институција. Многу е логично граѓаните да очекуваат од својот градоначалник работите во градот да функционираат, а од друга страна ингеренциите се направени на тој начин што меѓу Градот и општините не постои никаков хиерархиски однос. Градоначалникот на Град Скопје не може да наложи на градоначалниците на општините да преземат определени дејствија. Од друга страна јас сум многу свесен дека сите колеги градоначалници во Скопје имаат сериозен политички легитимитет затоа што се избрани на непосредни избори. Од тој аспект гледано, темата е сериозно сензитивна, меѓутоа ние мора да расчистиме како општество што е тоа што сакаме да го постигнеме, дали сакаме да влеземе во институции кои одговараат на потребите и нема да треба граѓаните да се тие кои ќе ги тераат да ги исполнуваат своите законски обврски. Ако сме согласни околу тоа, имајќи го предвид дуализмот во Град Скопје, тогаш моето размислување оди во насока за преземање на инспекторатот, токму поради балансот на силата на одлучување. Ова го зборувам за да не се доведуваме во апсурдни ситуации, за можеби преќутни поведенија на поединци на терен, да очекувате дека лицата кои ги дозволиле тие поведенија, треба да ги контролираат. Идејата е дека тука треба да има определен баланс и затоа делот што јас го нарекувам субјективни слабости на можеби определени административни работници, го доведеме на што е можно помало ниво.

А што ќе биде гаранција дека Градот кога ќе добие повеќе надлежности ќе постапува против вакви дрски кршења на законот? Како гарантирате дека на вас како градоначалник на Град Скопје или пак на вашиот наследник нема да ви се случи дивоградба во центар на град, да не знаете кој е инвеститор, да го барате на оглас, да не можете ни три пати на тендер да најдете фирма за уривање?

Тогаш ќе биде оправдан револтот кој што и сега е насочен кон градоначалникот на Скопје. Затоа што граѓаните не знаат и не треба да знаат кој е надлежен. Граѓаните треба да видат дека владее правото. Во конкретната ситуација можеби многумина се во заблуда дека градоначалниот на Скопје требало да интервенира кога е „Мавровка“ или Матка во прашање, како два најекспонирани примери изминативе две години и да го прозиваат градоначалникот на Скопје за постоење на дивоградбите. Во таква варијанта многумина ќе се воздржат од преземање на незаконити дејствија оти ќе знаат дека надвор од делокругот на Општината постои уште една институција која може дирекно да влијае на одредени процеси.

Беше ли дивоградбата кај „Мавровка“ дел од договорот за составување на новата Влада меѓу СДСМ и ДУИ? Ќе се урнеше ли објектот да немаше политички договор меѓу двете партии?

Не можам да го знам тоа бидејќи јас не учествував во политичките договори околу формирањето на новата влада, меѓутоа сметам дека е добар примерот што го направи Владата со енергичното постапување кога е дивоградбата кај „Мавровка“ во прашање. Таквата реакција која треба да е на сите нивоа на институциите, особено кога станува збор за вакви еклатантни противправни дејствија, ќе одврати од помисла некој друг да гради гради дивоградба сред центарот на Скопје.

Тогаш зошто не се урнаа и дивите платформи на Матка?

Пак велам ова е прашање на кое не може да одговори градоначалникот на Град Скопје. Во сегашната ситуација ние како Град не можеме да побараме ниту увид во документацијата за било која дивоградба, било да е „Мавровска“, Матка или некоја која куќа или зграда. И токму затоа барам да ми се дадат поголеми надлежности.

Спремен ли е Градот и Инспекторатот на Град Скопје во моментов да ги добие овие надлежности?

Преземањето на ингеренциите подразбира и преземање на кадарот од општините. Во нашата земја се дефицитарни квалификувани луѓе за инспекциски надзор. Фокусирањето и концентрирањето на поголем број луѓе во една институција, ќе ја направи оперативна и кадровски поспремна од она што сега е во општините. Не мислам само за градежната инспекцијата туку за животна средини и слично. Постапувањето или непостапувањето на инспекторите за животната средина има последици за сите граѓани не само за жителите на таа општина каде бил лоциран одреден проблем.Имаме апсурдни ситуации кога општински инспектори на Општина Бутел не можат да го казнат субјектот кој фрла шут затоа што фрла на десната страна, а таа страна е под Општина Гази Баба. И сега на лице место имате инспектор кој гледа дека се случува нешто, но нема механизам како да го санкционира тоа. Затоа со централизирањето на инспекцијата ќе се решат ваквите проблеми..

Три години барате од Владата комунална полиција, ќе добие ли конечно Градот во оваа последна година од вашиот мандатот?

Декларирана политичка волја за продолжување на процесот на децентрализација има. Но, тој процес беше стопиран или ставен во втор план и заради поголемите случувања во државата, како референдум, претседателски избори, предвременени парламентарни избори, па ковид пандемија. Но, сега со формирање на Владата и фактот што кај премиерот Зоран Заев постои волја за продолжување на децентрализацијата, тој процес ќе продолжи. Комуналната полиција е дел од тој процес, законските процеси во онаа рана фаза се поминати и многу брзо, добри законски решенија може да се донесат. Тие се за мене неопходни работи. Нема пологична работа од Центар за социјални работи да биде општинска, а не државна надлежност. Услугите за граѓаните на тој начин ќе бидат понепосредни и подирекни. Еве на пример во било кој град од внатрешноста Центарот за социјални работи е под Министерство за труд и социјална политика. Ако биде под Општината граѓаните ќе го прават притисикот за решавање на одреден проблем кај градоначалникот. Многу е полесно да дојдете до градоначалникот од било кој град од внатрешноста отколку до министерот.

Каква е финансиската состојба на Град Скопје со оглед на пандемијата на ковид-19?

Влошена, сериозно се намалени приливите на Градот заради забавените еконосмки активности, но сѐ уште доволно добра за да може да ги обавуваме фунцкиите.

Колку пандемијата го поремети реализирањето на проеките кои ги планиравте лани кога го креиравте буџетот на Градот и кога немаше никаква навестување дека ќе се соочиме со ковид кризата?

Поремети доста, на пример забавниот парк не можеме да го реализираме бидејќи парите ги насочивме кон други активности на Градот. Но, јас сметам дека тоа ми е должност оти на овој начин локалната економија сериозно ја подобрувавме. Градежната офанзива која ја гледате низ улиците е всушност кичмата на секоја здрава економија. Ние тие фирми со инвестицијата во инфраструктурата во градот, ги одржуваме во функција. Да не беше тоа, егзистенцијата на овие фирми ќе беше загрозена. Тоа е еден мал придонес на Градот и во зачувување на работни места. Многу од работите кои мислевме дека ќе бидат предмет на реалиција во април или мај не се остварија. Имаме сериозни проблеми во економската функционалност на ЈСП ‘Скопје’ бидејќи средствата од продажба на билети се сериозно намалени, а оперативните трошоци се тука. Но, во разговори сме со Владата и сметам дека тоа ќе се реши.

Градот во моментов има 645 вработени, имате ли потреба од сите овие вработени? Дали администрацијата на Град Скопје е ефикасна и доследно ги извршува работните задачи?

Градот може да функционира и со помал број вработени, но прописите се такви, треба сериозни постапки да водите за да го рационализирате работењето на државната администрација. Тоа што голем број вработени ги користат мерките на Владата и не се на работа, а ги плаќаме, покажа дека Градот и без тие луѓе може да фунционира. Јас очекувам како полека ќе се укинуваат мерките, ќе почне спроведување на политиката на намалување на државната администрација за 20 проценти. Градот ќе може да даде сериозна анализа, која веќе ја работиме, за определени сектори каде имаме поголем број на вработени од потребното.

https://sdk.mk/index.php/instagram/grad-skopje-e-hendikepirana-institutsija-i-mora-da-dobie-poveke-ingerentsii-shilegov-bara-prezemane-na-inspektsiite-od-skopskite-opshtini/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 13-Sep-2020 at 16:51
Значи од истата партија на власта е човекот, не е независен кандидат, па да изиграва, не знам јас, не сум одавде. Три години поминаа, сето ова што го зборува досега требаше да биде донесено и спроведено. Мизерија.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 14-Sep-2020 at 07:53
Владата најавува сериозна битка за зачувување на животната средина

Планско и интензивно раззеленување на државата, нови законски решенија, заострување на казните во областа заштита на животната средина, засилена контрола во градежништвото и при увоз и извоз на отпад, собирање, складирање и третман на сите видови отпад. Вонредна контрола на сите издадените дозволи за управување со отпад. Зајакната инспекциска контрола на правните лица кои поседуваат дозволи за собирање, транспорт и третман на отпад (особено медицински и останати видови опасен отпад). Ова се дел од она што Владата го најавува во својата програма за следните четири години.

Владата, како што се наведува во програмата, ќе се води од следниве принципи: борбата против климатските промени на глобално ниво, како составен дел на сите секторски политики, превентивно дејствување (пред да настане штетата, односно загадувањето), загадувачот плаќа (трошоците за заштита на животната средина треба да ги сноси правното или физичкото лице кое ја загрозува животната средина), борба против нарушување на животната средина на самиот извор на загадувањето (каде е поедноставно и поекономично да се отстранат последиците од загадувањето) и интегрирање на заштитата на животната средина во другите политики (земјоделство, транспорт, енергетика, индустриска политика итн.).

– Се залагаме за долгорочен одржлив развој што се темели на грижливо користење на природните ресурси. Контролата и намалувањето на загадувањето останува една од основните цели. Ова вклучува употреба на еколошки горива и користење на обновливи извори на енергија, промовирање на одржливо управување со отпад, правилно и правично управување со водите и зелен транспорт. Ја поддржуваме циркуларната економија преку која ќе се намалат количините на отпад поради повторна употреба и рециклирање на материјалите и производите, стои во програмата.

Владата ќе се залага до 2024 ниту една државна институција да не се грее со стари и нееколошки системи за греење. Сите јавни институции се мапирани и ќе се донесат одлуки за најсоодветните решенија, како поврзање на централно парно греење, на гас, користење на високоефикасни инвертер клима уреди или топлотни пумпи.

– До крај на 2020 воведуваме постојана 24/7 контрола на Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати, ги вмрежуваме државниот и локалните капацитети и ќе ги зголемиме нивните ингеренции. По акредитација на методи на нив ќе им биде ставена целосно на располагање Централната лабораторија за животна средина, а Државниот инспекторат секоја година ќе потпишува договори за соработка со акредитирани лаборатории за суперконтрола, се наведува во програмата.

Од Владата најавуваат заострување на казните само во областа на заштита на животната средина поради, како што велат, лошото искуство од неажурност на институциите и бирократско водење на постапките. Ќе има кривична одговорност за оние кои незаконски ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето поради профит. Секој кој ќе биде констатирано дека ги прекршил правилата и процедурите ќе ја изгуби лиценцата и дозволите поради неодговорно однесување и неисполнување на законските обврски.

Новата Влада планира во првите две години да вложи 5 милиони евра за енергетска ефикасност на јавните објекти за да ја намали потрошувачката и загадувањето.

Првите две години на мандатот, Владата најавува дека ќе ги посвети на планско, но интензивно зазеленување на државата, а особено најзагадените градови. Согласно планот, ќе има поставување на зелени коридори и бариери/ѕидови на критични точки како зелен ѕид на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, поголема запуштена површина ќе биде заменета со урбано зеленило и соодветна урбана опрема, обврска за зелени зони околу индустриските капацитети, пошумување во касарни.

Ќе почне промена во политиките за јавен транспорт. Владата ќе даде поддршка на Град Скопје, кој почнува изградба на систем „Bus Rapid Transport“ – брз транспорт со трамвај (со кредитна линија од ЕБРД). Планирано е воведување покомплексен систем на субвенции и даночни олеснувања за набавка на „еколошки“ возила (на електричен и хибриден погон), замена на нееколошко гориво со гас кај транспортни средства (особено за транспортери на стоки, такси возила и сл.) и набавка на велосипеди.

Се најавува унапредување на велосипедскиот сообраќај и воведување зони со ниска емисија или зона со забрана на сообраќај за тешки товарни возила, временски распоред за достава на стоки, локална политика на паркирање (особено во близина на јавни објекти, пред се градинки, училишта и здравствени објекти). Ќе се инвестира во дополнителни мерни станици низ државата и посебна софтверска апликација која ќе овозможи полесен и потранспарентен приказ на состојбата со ПМ честичките, како по датум, така и по локација, со соодветни прегледи и извештаи.

– Во 2021 година ќе воведеме систем во четири нивоа на опасност за рана најава на поволна временска прогноза за појава на зголемено загадување на воздухот, кој ќе биде дел од постоечкиот систем за рана најава во УХМР. Податоците за емисиите од големите загадувачки капацитети ќе им бидат достапни на граѓаните во реално време, како и Катастарот за животна средина, регистрите за испуштање и пренесување на загадувачки материи, регистрите на издадените еколошки дозволи и одобрени елаборати, стои во програмата.

Од Владата велат дека ќе дадат поддршка на иницијативите за поставување мерни станици со пропишување на различни категории мерни инструменти, според нивната прецизност на мерењата со цел детектирање на локалните доминантни извори на загадување на воздухот. Најавуваат намалување на законски дефинираните гранични вредности на загадувачките супстанции во воздухот (на пониско ниво) и зголемување на стандардите за квалитет на горива во насока на контрола на повеќе параметри.

– Ќе донесеме законско решение за дефинирање на стандард за квалитет на пелети. Во 2021 ќе воведеме мерење на зацрнетоста на чадот по соодветни стандарди. Во 2021 ќе го донесеме Законот за индустриски емисии и од 2023 ќе обезбедиме меки кредитни линии за набавка на опрема и нови технологии за намалување на загадувањето на животната средина за малите, средни и големи капацитети. За истата ќе обезбедиме и даночни олеснувања при увоз, најавуваат од Владата.

Се планира да се обезбеди засилена контрола над работата на станиците за технички преглед на возила заради задолжително контролирање на издувните гасови од возилата што се регистрираат. При регистрирање на возило во сообраќајот кое ги надминува пропишаните мерки, веднаш ќе се активира контрола и одговорност за станицата која истото го одобрила, а возилото времено ќе биде отстрането од сообраќајот.

– Ќе помогнеме на малите и средните претпријатија да се прилагодат на новите еколошки стандарди. Ќе ги мапираме малите и средните компании кои користат дел од својот отпад за затоплување на просториите, а со тоа го загадуваат воздухот и ќе ги повикаме да учествуваат во повикот за субвенционирање на еко-опрема за мали и средни компании, стои во програмата.

Власта ќе предложи закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која ќе можат досегашните комунални инспектори и Еко патроли заеднички да преземаат мерки за сторителите на штетните активности: одлагање на отпад на места кои не се предвидени за тоа, создавање на диви депонии од градежен и мешан комунален отпад, палење на гуми и останати високоштетни материи, палење и уништување на контејнери и сл. со мандатни казни. Комуналната полиција ќе почна да функционира во 2021.

Најавуваат засилена контрола на градилиштата и почитување и контрола на енергетските и други критериуми при градба и реконструкција на објекти.

– Преку проектот „Зајакнување на капацитетите на централно ниво за намалување на цврсти честички во воздух преку користење на нуклеарни технологии“ од IAEA (Меѓународна агенција за атомска енергија) со 235.990 евра ќе се набави инструмент кој користи нуклеарни технологии за анализа на составот на PM честичките, набавка на семплери за земање на примероци на воздух, спроведување на мерна кампања и подготовка на национална студија за одредување на главните извори на PM во поголемите градови во Македонија, се вели во програмата.

– Наша цел е до крајот на 2025 година минимум 60 отсто од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија да се преработи со операции за преработка или да се употреби за добивање енергија, а до крајот на 2025 година минимум 55 отсто, а максимум 80 отсто од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден и собран на територијата на Република Северна Македонија да се рециклира. Во 2020 ќе го донесеме Националниот план за превенција на отпад како национална цел и политика за создавање, намалување, повторна употреба и рециклирање на отпадот (2020-2026).

Од Владата велат дека континуирано ќе спроведуваат активности за поставување системи согласно новите шест закони за посебните текови на отпад, заради унапредување на примарната селекција на посебните текови на отпад (отпадна пластика и хартија, отпадна опрема од домаќинствата, отпадните гуми и масла, искористени возила и отпадот од текстил). Ќе се работи на интегрирана регионална инфраструктура за собирање и третман на отпадот, со акцент на одделно собирање, на местото каде се создава отпадот, на материјали кои може да се рециклираат, како и на третман на биоразградливиот отпад. Во програмата стои дека вкупното намалување за периодот 2020-2026 на биоразградливиот отпад што се отстранува на депониите ќе биде 25 отсто.

Владата ветува дека ќе се залага да помогне во расчистување на диви депонии, да продолжи осовременувањето на депониите, ќе ги поддржува локалните власти во борбата за чиста околина, ќе обезбеди директна поддршка за набавка на 10.000 канти и контејнери на годишно ниво.

Владата до 2024 година ќе изработи нов просторен план на државата за наредните 15 години.

– Ќе се зафатиме со решавање и на останатите критични жаришта. Ќе направиме санација на индустриско жариште – ревитализација на депонија за индустриски отпад од рудник во Радуша и Јегуновце. Редовно ќе се оддржува системот СКАДА и пумпна станица во депонија Јегуновце и ќе се санира таложник во пречистителна станица Јегуновце. Ќе се спроведе санацијата на индустриското жариште, односно ќе се реши проблемот со линданот во хемискиот комбинат ОХИС, Скопје (отстранување од една од двете локации со соодветна технологија и ревитализација на локација) со обезбедени 15,5 милиони долари. Ќе се направат испитувања на третата депониска локација во ОХИС, стои во програмата.

Ќе биде воведена забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови. Владата ќе ја поддржи изградбата на пречистителна станица за Град Скопје (136 милиони евра со вклучени 10 милиони евра грант компонента). Предвидени се рехабилитации на канализациски мрежи во повеќе општини, изградби на пречистителни станици, зголемување на процентот на заштитени подрачја. Планот на Владата е Шар Планина да се развива како национален парк. Ќе се изготват нови планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, ќе се донесат планови за управување со заштитените подрачја (Шар Планина, Осоговски Планини, Преспанско Езеро, Маркови Кули и др.).

https://plusinfo.mk/vladata-na-avuva-seriozna-bitka-za-zachuvuva-e-na-zhivotnata-sredina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 15-Sep-2020 at 21:19
Денес приметив дека ја заградиле парцелата/тревникот зад Кривичен суд поточно каде што го преместија споменикот Бомба при градбата на кривичен. Но немора да значи дека ќе никне зграда,не е оградено со класични тараби а и немаше никаква механизација ниту било какво инфо. Направив некои фотки па ќе ги споделам во текот на утрешниот ден.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 15-Sep-2020 at 23:34
Парк е тоа, да не прават патеки околу споменикот?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 15-Sep-2020 at 23:57
Овде негде не требаше да се премести споменикот на Крсте Мисирков?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.224 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.