build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 25-Oct-2020 at 17:51
Илегални трговци ги узурпираа улиците и тротоарите во Скопје



https://alsat.mk
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7420
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 26-Oct-2020 at 00:55

секогаш ќе има нешто, ако имаа надлежност или повеќе инспектори, тогаш изговорот ќе биде дека продавачите се некаква повредена социјална структура што преживува за леб... ако нема никој волја, нема ни да се реши проблемот никогаш
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 27-Oct-2020 at 18:15
Трепкачите не трепкаат и кога треба да трепкаат

Тренд на сЀ поретко користење на покажувачот на насоката на возилата
Користењето на трепкачите во сообраќајот се чини дека повеќе не е во мода. Сѐ повеќе возачи, кога вртат лево или десно, не ги вклучуваат трепкачите, па предизвикуваат забуна меѓу другите учесници во сообраќајот низ улиците. Исто е и со користењето на четирите трепкачи, кои се вклучуваат при вонредно застанување на улица или на отворен пат.
За жал, од реалноста, но и од сведоштвата на нашите соговорници може да се заклучи дека игнорирањето и запоставувањето на обврската да се користат трепкачите често е причина за сообраќајна незгода, а уште полошо е и тоа што многумина од новопечените возачи воопшто не знаат кој трепкач треба да се вклучи за насоката кон која се движат. Па, така, додека возилото врти лево, еден од трепкачите покажува свртување надесно.
Низ улиците, особено на скопските, се случува вистинско шаренило од бои. Некој смета дека итно му е потребен простор за движење, па се движи со поголема брзина од дозволената со вклучени четири трепкачи, друг, пак, воопшто не ни вклучил трепкач за да сигнализира дека ќе го смени правецот на движење, додека трет, пак, го промашил правецот на движење во однос на трепкачот што го активирал.

– Сѐ почесто возачите ги игнорираат трепкачите. Сметаат дека нема потреба да им сигнализираат на возилата зад нив дека ќе вртат и каде ќе вртат. Така, на двапати имам удрено возило пред мене и јас излегувам виновен затоа што сум удрил одзади, иако тој пред мене имаше вклучено погрешен трепкач. Уште посмешно е што кога веќе ќе се случи несреќата тие тогаш ги вклучуваат трепкачите за да се види дека сигнализирале, за да не излезат виновни. За жал, не може никако да се докаже вистината – вели Раде Цветановски, жител на Железара.
Тој вели дека е возач повеќе од 40 години и се жали особено на младите возачи, кои немаат навика да ги употребуваат трепкачите.
– На една девојка ѝ застанало возилото среде возење навечер. И девојката комотно си излегла од возилото и не ги вклучила четирите трепкачи, кои во тој случај треба да се вклучени за да им сигнализираат на другите возачи дека има возило што не се движи на патот. Среќа е што не возам брзо, па сфатив дека возилото пред мене не се движи – вели тој.

Проблем немаат само возачите. И пешаците и велосипедистите мака мачат со несовесните возачи на кои им е проблем да вклучат трепкач.
– Јас си чекам зелено светло на семафор. Тие од спротивната страна имаат дополнително зелено светло доколку вртат кон мојот правец. Кога и ним и мене ми е зелено, се соочувам со опасности, затоа што одеднаш гледам дека автомобил доаѓа кон мене. Возачот воопшто не се потрудил да вклучи трепкач, па јас навистина не можам да знам кој во кој правец планира да се движи – вели Јордан Живкоски.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека досега се немаат случено сообраќајни незгоди како последица на користење или некористење на трепкачи. Такви инциденти се случуваат, но не се пријавуваат.
– Од извршените проверки во евиденциите на Секторот за внатрешни работи – Скопје може да се види дека нема извршено увиди со наведената причина на употреба или неупотреба на прикажувачи на правци – трепкачи – велат од МВР.
Оттаму додаваат дека во согласност со Законот за безбедност на патниот сообраќај овие прекршувања се регулирани во членот 62 од законот.

– На јавен пат возачот е должен да ги вклучи покажувачите на правци на возилото, а особено: ако врши предупредување на други учесници за опасност во сообраќајот, во услови на намалена видливост (густа магла, чад и слично), ако е последен во колоната на возила запрена на пат надвор од населено место, освен ако колоната запрела заради постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира сообраќајот и ако запре на коловоз, освен во случај на паркирање на обележано паркиралиште, односно поради постапување по сообраќаен знак или правилата во сообраќајот – се вели во ставот еден од членот 62.
Според ставот два од членот, мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода во согласност со одредбите од овој закон, на возачот што постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/трепкачите-не-трепкаат-и-кога-треба-да/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 27-Oct-2020 at 18:26
Originally posted by stef4o

Ова го приметив и јас минатата недела кога одев накај Сити Мол зад бензинската на Окта на Партизанска но еве и по фб почна да се збори за тоа сепак немам точно инфо за што се работи некои велат хотелче,некои некаква доградба на Окта а некои извадиле план од местото каде што е вцртан објект со висина од 18 метри...?



Извадок од планот



https://www.facebook.com/groups/883203825068334


Незнам која нишка е соодветна,незнам што ќе биде ама добива висина





https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 02-Nov-2020 at 13:25
Див пазар со месеци расте до амбулантата Пролет, надлежните не реагираат!



Во близина на амбулантата Пролет, од двете страни на булеварот „Трета македонска бригада“ со месеци како се повеќе расте див пазар со продажба на секаков зеленчук и овошје од паркирани камиони на самиот коловоз. Жители од овој дел на градот се жалат дека сцените се како во некоја заостаната африканска држава, за што до редакцијата на весникот ВЕЧЕР испратија фотографии од дивиот пазар.

– Моламе за помош преку анимирање на јавноста за надминување на следнава состојба која се случува цела една година сред Скопје, а последниов период и ескалира. Ваквата состојба не само што е илегална, а и некоректна кон сите продавачи на пазарите кои плаќаат закуп на тезга, туку претставува огромна опасност од ширење инфекции со оглед дека наоколу се расфрла скапаниот зеленчук и овошје, а и продавачите вршат нужда во близина. Исто така, овој див пазар претставува и опасност по безбедноста на сообраќајот со оглед дека камионите од кои се продава се паркирани на тротоарите и коловозот, додека купувачите, исто така, паркираат на едната од двете расположливи сообраќајни ленти на булеварот и го блокираат нормалниот проток на возило на една од најпрометни градски сообраќајници – се вели во реакцијата на жители.

За овој проблем реагирале, како што велат, безброј пати во Град Скопје и во градскиот инспекторат, но оттаму нема никаков одговор ниту реакција.

– Напротив, со секој ден дивиот пазар се повеќе се шири и во моментов се седум камиони од кои се продава, сето тоа непосредно до Државниот инспекторат за храна чии канцеларии се веднаш позади еден од камионите и спроти полициската станица Пролет и на неполн километар од строгиот центар на градот – велат револтирани жители.

https://www.vecer.press/див-пазар-со-месеци-расте-до-амбуланта/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 03-Nov-2020 at 08:17
Знае некој што спремаат тука?





https://www.facebook.com/gamagradba.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 03-Nov-2020 at 11:14
[Фото] Старата барака на „Матично“ по реконструкцијата ќе стане младински центар

Општина Центар, Град Скопје и Сојузот на извидници денеска го најавија почетокот на реконструкцијата на објектот на поранешната Управа за водење на матичнити книги, познат како „Матично“. Зафатите за објектот што се наоѓа во склоп на општинските бараки ќе траат 50 денови и потоа „Матично“ ќе стане младински центар.

Општина Центар ќе го отстапи објактот за реализација на програмските активности на центарот, кој покрај основната цел ќе претставува и мултимедијален центар подобен и за други содржини во интерес на младите.

Од Сојузот на извидници соопштија дека Младинскиот центар го гледаат инлузивен простор. Ова, велат тие, се реализира една година отако оваа идеја и иницијатива дошла на извидниците на граѓанскиот форум на општина Центар.

Снежана Јанковиќ, претставничка на Сојузот, на прес-конференцијата рече дека ќе биде место на вмрежување на сите младински и организации за млади на територија на Општина Центар.

„Тие ќе можат да го искористат просторот, да се вмрежат. Да ги прилагодат своите програми и да понудат на младите нешто поинакво, нешто на европско ниво, на светско ниво. Место каде ќе може да се собираат, да творат, да бидат креативни, да разменуваат добри практики, позитивни навики и нормално да стекнуваат некои основни навики за вештини за живот кои му се потребни на секој млад човек да прерасне во општествено одговорна личност како што е редот“, рече Јанковиќ.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ вели дека белегот на градот Скопје и култниот објект „Матично“, после 52 години, за првпат ќе биде реконструиран во нов облик и функционален простор за промоција и афирмација на младинската мрежа.

„Креирањето на еден ваков одржлив и инклузивен центар за младите, ќе претставува сервисен центар, нов мултифункционален простор за реализација на разни едукативни активности за младинските и извидничките организации, како и неформалните групи на млади лица. Младите директно ќе бидат вклучени во креирање на политиките на локално ниво, ќе имаат соработка со основните училишта и ќе работат на социјалното вмрежување и поттикнување на неформалното образование“, рече Богдановиќ.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов нагласи дека дека проектот на Општина Центар е она што го разговарале со младите – потенцијалите што ги имаат општините на своите територии да ги стават во служба на младиските организации.

„Очекувам дека младинските организации од општината Центар ќе го препознаат ова катче како свое. Ги охрабрувам и другите градоначалници на територијата на Скопје да го следат овој пример и во рамките на своите можности да обезбедат по еден ваков капацитет за да се подобри младинското организирање“, рече Шилегов.

Инаку, како што беше најавено на прес-конференцијата, градежните и градежно – занаетчиските работи ќе се изведуваат на површина од 470 метри квадратни. Ќе имаат за цел да обезбедат зголемување на енергетската ефикасност на објектот и обезбедување соодветни услови за лицата со посебни потреби.

Вкупното чинење на реконструкцијата ќе изнесува 6.941.282 денари со влучен ДДВ. Општина Центар ќе обезбеди 83 проценти, односно 5.768.074 денари од својот Буџетот за 2020 година, а останатите 1.173.208,00 денари ќе бидат обезбедени од Програмата за развој на обединетите нации – UNDP во форма на донација.

Се работи за активности во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“. Одобрен е финансиски грант во износ од 50.000 швајцарски франци за реализација на три проекти кои се избрани од граѓаните на одржаните форумски сесии мината 2019 година. Младинскиот центар е еден од предлог проектите кои влегоа во финалната селекција, заедно со „Отворени сцени“ и „Зајакнување на капацитетите на градинките за социјална инклузија – сензорни соби“, проекти кои се во фаза на подготовка.







https://www.radiomof.mk/foto-starata-baraka-na-matichno-po-rekonstrukcijata-kje-stane-mladinski-centar/#prettyPhoto
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7420
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 03-Nov-2020 at 21:59

знаат дека ова е времена барака стара 60 години, така?

Edited by zabegan - 03-Nov-2020 at 22:00
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 386
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 03-Nov-2020 at 23:00
Originally posted by zabegan


знаат дека ова е времена барака стара 60 години, така?


И ставаат пвц прозори на неа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 06-Nov-2020 at 07:51
ClickPlus со Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје 05.11.2020



https://mk.tv21.tv
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 11-Nov-2020 at 13:03
ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ОД ДЕНЕС ЗА СЕКОЕ РЕЦИКЛИРАНО ПЛАСТИЧНО ШИШЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПАРИ

Од денеска жителите на општина Центар ќе може да рециклираат пластични шишиња и лименки, а за тоа ќе добиваат пари. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање. Првите седум машини за рециклирање се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница „Апче“, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, затворено паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ и затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец.

За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари. Парите ќе ги добиваат на платежната картичка „Грин пеј“.

„Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 30 локали кои ќе овозможат попусти, а заради големиот интерес зелената мрежа секојдневно ќе се проширува. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички“, вели директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

Општина Центар за спроведување на овој проект обезбеди 12 милиони денари.

До крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zhitelite-na-tsentar-od-denes-za-sekoe-retsiklirano-plastichno-shishe-ke-dobivaat-pari/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2277
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 12-Nov-2020 at 20:15
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 14-Nov-2020 at 18:18
ИНТЕРВЈУ со Марин: Засилен инспекциски надзор и зелени проекти се решение за загадениот воздух во Аеродром

За намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, одржуваме постојана координација и со другите институции во државата, со Град Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање. Заедничките мерки што ги преземаме се однесуваат на засилен инспекциски комунален надзор на недозволени палења на отворено и спречување создавање мини депонии“, ова во интервју за Локално го посочи градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Вели дека и проблемот кој може да се каже се уште го одбележува неговиот мандат, Мајчин дом, е „масло“ на претходното раководство кое носејќи го донесе Деталниот урбанистички план И10 ненајавено и без дебата, направиле измени со кои се впиша голема маркица за градба и со тоа цената на земјиштето вртоглаво порасна.

Марин во интервјуто посочи и дека е во постојана координација со здравствените власти околу проблемот од кој најмногу е засегната општина Аеродром во моментов, Ковид кризата. Имено, сите механизми се употребени за да се спречи ширењето на заразата, и се наоѓа идеално решение во секој момент, како на вистински начин да се апелира до граѓаните.

На прашањето, дали ќе се кандидира на претстојните локални избори за свој втор мандат во општина Аеродром, Марин вели:

– Моментално сум фокусиран на реализација на проектите што ги ветив во предизборната програма. Пред мене претстои период во кој активно ќе работам на приближување и усовршување на услугите на граѓаните.

Пред да дојдете на функцијата во 2017 година, приоритет во Вашата програма беше решение за проблемот со загадување на воздухот. Дури оваа сезона имавте и акција преку која субвенциониравте инвертер клими, но Аеродром повторно е на врвот на листата најзагадени општини, кој е проблемот и како до решение?

-Уште од почетокот на мојот мандат, односно во изминатите три години од практикувањето на локалната власт, моја цел беше да создадеме чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. На тој план направивме многу. За три години засадивме 10 000 нови високостеблести дрвја, обезбедивме прочистувачи на воздух за сите детски градинки и основни училишта, секоја година доделуваме субвенции за велосипеди, инвертер-клими, печки на пелети, за чистење оџаци, организиравме многу екоакции, исчистивме голем број мини депонии. Го зголемивме бројот на зелените површини во општината. Изградивме нови паркови во Мичурин и Острово.

Наскоро ќе биде завршен и паркот Бојмија, а Стар Аеродром ќе добие два нови парка, покрај улиците „Методија Шаторов-Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“. Покрај овие поголеми паркови, уредивме и неколку помали, спроти поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, на булевар „Србија“, како и нова зелена површина на бул. „Трета македонска бригада“ спроти Американ колеџ. Исто така, со Град Скопје уредивме два запоставени простори во општината. Едниот е покрај Железничката станица, другиот покрај булеварот „Јане Сандански“. За намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, одржуваме постојана координација и со другите институции во државата, со Град Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање. Заедничките мерки што ги преземаме се однесуваат на засилен инспекциски комунален надзор на недозволени палења на отворено и спречување создавање мини депонии.

Дел од граѓаните уште пред да дојдете на позицијата градоначалник, реагираа на високиот степен на градење во општината. Откако пристигнавте ветивте дека нема да ја дозволите изградбата на станбен објект кај „Мајчин Дом“, тоа сепак се случи, па оттаму дали сметате дека презедовте било какви мерки за спречување или зошто не успеавте да го контролирате градењето во општината?

-Уште во кампањата, а и пред тоа, се обидувавме да го заштитиме плацот кај Мајчин дом од градење и да најдеме решение во интерес на граѓаните. Но претходното раководство во Општина Аеродром го донесе Деталниот урбанистички план И10 ненајавено и без дебата, со направени измени со кои се впиша голема маркичка за градба и со тоа цената на земјиштето вртоглаво порасна. Сето тоа предизвика бурни реакции во јавноста.

Ветив, по преземањето на градоначалничката функција, дека ќе се борам со сите правно достапни механизми за да го спречам градењето. Уште веднаш беше направена ревизија на градбите, а поднесовме 13 претставки до Уставен суд, кој очекувавме да го поништи ДУП-от, но судот одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста. По направените темелни анализи, се обидовме да најдеме решение со заменска парцела во соработка со Град Скопје и Министерството за транспорт, па и надвор од територијата на Аеродром, но тоа се покажа како невозможно поради низата правни пречки, но и кратките временски рокови. Друго решение беше обесштетување на инвеститорот, но сумата беше огромна, што за општината ќе значеше комплетен крах на буџетот, а тоа ќе беше крајно неодговорно пред граѓаните. Факт е дека во последните години се изградија повеќе од 100 згради во општината со одлуки на претходното раководство. За жал, речиси е невозможно да го спречиме градењето на донесените детални урбанистички планови и на оние што уредно имаат право на градба. Затоа формиравме општинско партиципативно тело за урбанизам составено од граѓани, невладини организации, надворешни стручни лица и вработени во општината, со цел да ги надгледуваат сите активности во делот на урбанизмот и активно да учествуваат во носењето на новите детални урбанистички планови. Исто така, во новите детални урбанистички планови што ги подготвуваме има предвидено многу повеќе зеленило и сѐ што е потребно за заштита на животната средина.

Се почесто гледаме пајак служби низ општината, па оттаму прашањето ми е зошто дел од граѓаните на кои им следува бесплатен паркинг како жители на општината не можат да добијат зелено светло, со изговор дека во делот каде што живеат нема зонско паркирање, па затоа не можат да добијат дозвола? Во
склоп на тоа, зошто и мештаните на населбата Мичурин се соочени со идентичен проблем, немаат каде да паркираат, па реагира пајак службата, а истите немаат ниту гаражен простор како решение за своите автомобили?

-Проблемот со паркирањето во Мичурин го решаваме етапно. Моментално во тек е изработка на сообраќаен проект за еднонасочен режим на улицата „Симеон Кавракиров“ во населбата Мичурин, со што ќе се олесни паркирањето за жителите од овој реон и ќе се намали метежот по улицата. Свесен сум за проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат поголем дел од жителите на овој дел од Аеродром, но ние како Општина се обидуваме да изнајдеме трајни и одржливи решенија. Би сакал да посочам дека генерално паркирањето е отворено прашање во сите градски урбани средини, особено во Аеродром како општина со најмногу жители во Скопје. Инаку, сите нови градби се со задолжително обезбедување соодветен број паркинг-места според бројот на нови станови.

Имате највисок процент на новозаразени лица од Ковид 19 во општината Аеродром. Бројката е алармантна, па оттаму на што сметате дека се должи ваквиот растечки тренд, дали само свесноста кај луѓето од оваа општина е поголема или…?

-Општина Аеродром од почетокот на пандемијата формира Општински кризен штаб, кој ја следи состојбата со коронавирусот и презема активности според насоките и препораките на Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, со кои е во постојана координација во врска со бројот на заразените. Службите на општината ги преземаат сите мерки за заштита на граѓаните од заразата.

Упатуваме апели, вршиме дезинфекција на јавните површини и објектите на територијата на Општина Аеродром, на улиците, на детските и спортските игралишта. Поделивме заштитни маски за граѓаните и за станарите во Домот за стари во Аеродром, а за влезовите во зградите обезбедивме средства за дезинфекција. Треба да се има предвид дека Аеродром е отворена општина со најголем број жители, кои постојано без ограничување гравитираат низ целата територија на Град Скопје. За да се подобри актуелната неповолна епидемиолошка слика, граѓаните мора да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за да се заштитат себеси и другите. Само на таков начин ќе се стави под контрола ширењето на заразата.

Нешто што е од скоро е изминатиот прв бран од коронавирусот, поради кој сите бевме во карантин, вклучително и децата од училиштата и градинките. По пет месеци битка, родителите не добија одговор, зошто не се поштедени од редовните плаќања во градинките во време на корона кризата?

-Управните одбори на двете детски градинки на територијата на Општина Аеродром, „Буба Мара“ и „Срничка“, донесоа одлука родителите на запишаните дечиња да плаќаат надомест од 521 денар за месеците додека траеше изолацијата. Одлуката се темели на Правилникот за утврдување цени на услуги на јавните установи за деца (Сл. весник на РСМ бр. 66/2003; 78/2004) и насоките од Министерството за труд и социјална политика (бр.11-10-692/5 од 27.10.2003 година), според кои родителите плаќаат 521,5 денари за материјални трошоци.

Ова се однесува, пред сè, на режиски трошоци, како што се електрична енергија, вода, комунална хигиена, централно греење… и други трошоци што градинките ги плаќаат месечно без исклучок, како и трошоци што дополнително произлегоа од вонредната состојба, а ќе се користат исклучиво за потребите на дечињата, со цел тие да бидат здрави и заштитени. Од друга страна, со одлука на Советот, Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од месечен надоместок за престојот на нивните деца во детските градинки.

Дали општината направи финансиски план за последната година пред локалните избори, за што ќе бидат наменети средствата и како ќе ги приоритизирате предвидените проекти?

-Оваа недела ќе биде донесен ребалансот на буџетот, по што ќе следува изработката на буџетот за 2021 година. Објавивме и анкетен прашалник преку кој ги вклучивме граѓаните и граѓанските здруженија да дадат свои предлози и мислења и да бидат дел од креирањето на буџетот за 2021 година.

Дали на локалните избори кои следуваат, ќе бидете повторно кандидат за градоначалничката позиција во општина Аеродром?

-Моментално сум фокусиран на реализација на проектите што ги ветив во предизборната програма. Пред мене претстои период во кој активно ќе работам на приближување и усовршување на услугите на граѓаните.

А.В.

https://lokalno.mk/intervju-so-marin-zasilen-inspektsiski-nadzor-i-zeleni-proekti-se-reshenie-za-zagadeniot-vozduh-vo-aerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 21-Nov-2020 at 18:14
Надградба над самата бензинска на Окта на Партизанска





https://www.facebook.com/Skopje.Skopska
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13233
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 21-Nov-2020 at 18:33
Насетувам дека ќе прерасне во станбена зграда
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2277
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 23-Nov-2020 at 22:32
Меморијален центар АСНОМ, Пелинце







Дружељубивиот чувар

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13233
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 24-Nov-2020 at 17:53
Како е ситуацијата со центаров, изгледа доста занемарено однадвор?
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2277
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 24-Nov-2020 at 22:31
Не е до толку занемарено, комплексот е чист, музејот работи (ама има многу малку содржини, клупите на сликата кои ги гледаш од тераса и десетина рамки со документи, печати и слики) и имаше неколку групи луѓе на прошетка. Ресторанот беше затворен (масите беа наместени и имаше комбиња, ваљда имаат скратено работно време), хотелчето и конгресниот изгледа не се користат.

Плочките од платото пред музејот беа извадени, пред 6 години им текнало плочките да ги заменат со внатрешни, се надигнале, па сега пак санираат.

Општо гледано комплексот не е блиску до град и има малку содржини - годишно го посетуваат 7-8 илјади луѓе. Пожелно би било да се изгради поголем хотел со конгресен центар и да се збогати музејот. Има фудбалско и кошаркарско игралиште, да се средат и да се надополнат со тениски, шах, билјард и ќе живне малку местово.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7554
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 29-Nov-2020 at 10:19
ИНТЕРВЈУ со Темелковски: На просторот кај Расадник ќе овозможиме хумано живеење

Дупот за Расадник не е донесен, постапката е се уште во тек. Граѓаните имаа можност на јавна анкета двапати да даваат забелешки по однос на предлогот за дупот. Точно е дека имаше забелешки од незадоволни граѓани, но имаше и граѓани кои бараа поголема катност на зградите, вели во интервју за „Локално“, Филип Темелковски, градоначалникот на Кисела Вода.

Општината и да сака, според него, нема можности ниту пак средства да ги откупи плацевите и на тоа место, како што бараат граѓаните да направи парк. Но затоа, доколку се усвои дупот добитници, вели, „ќе бидат сите жители на општината“.

-Покрај зградите, во кои ќе живеат околу 8.000 жители, ќе има многу паркови со зеленило, детски игралишта, катна гаража, подземни паркинзи и нови улици. Предвидена е изградба на нова детска градинка, основно и средно училиште, а ќе биде изградена и поликлиника. Со сите овие придобивки, на просторот на расадникот ќе овозможиме хумано живеење, истакна Темелковски.

Се уште не размислува за нов градоначалнички мандат, но додека ја води Општината Кисела Вода, најважно од се му е да го исполни ветеното – да реализира најголем број од проектите, со кои досега, според него, во руралните и урбаните населени места видно ја подобриле инфраструктурата.

-За следната година, која е и последна од мојот мандат, имаме многу планови за подобар живот на сите жители на општината, додава градоначалникот на Кисела Вода.

Во каква состојба, ја наследивте општина Кисела Вода и на кој начин, Вие како градоначалник, ја променивте состојбата во внатрешноста?

-Кога ја презедов функцијата, Општина Кисела Вода беше многу задолжена, претходната власт неоправдано трошела премногу, доцнела и со враќањето на долговите, а недостигаше и потребен кадар за непречено и професионално функционирање. Изминатите три години, заедно со општинската администрација, вложивме многу труд да ја вратиме во форма институцијата. Сигурен сум дека со сегашното добро менаџирање, ќе направиме Општина без долгови.

Не е тајна дека Кисела Вода станува општина која најмногу се населува. Имено, граѓаните велат дека од густата населеност и зградите нема доволно зелена површина во општината, што значи и поголема фрекфентност на возила и загаден воздух. Како општина Кисела Вода се справува со ваквите проблеми?

-Ме радува фактот што од страна на граѓаните има голем интерес за живеење во Кисела Вода. Изминатиов период направивме многу во справувањето со аерозагадувањето, од почетокот на мојот мандат, досега засадивме повеќе од 2.000 дрва. Во соработка со Градот Скопје на места на кои несовесните граѓани често создаваа диви депонии, направивме паркови со многу зеленило. Оваа година, Градот Скопје во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“, од запуштената површина, лоцирана покрај железничките пруги и трим патеката на 16.000 м2, направи нов зелен парк.

Во урбаната заедница „11 Октомври-згради“, во дел од паркот „Шопен“ поставивме автоматски систем за наводнување, а засадивме и трева. Со цел да го намалиме арозагадувањето на воздухот, во објектите на ЈДГ „8 Март“, во „Пеперутка 1 и 2“, лоцирани во населбата Драчево, со поддршка од Владата целосно го заменивме начинот на греење. Таму поставивме 8 нови инвертери.

Во делот на хигиената и намалувањето на загадувањето, извршивме чистење на најголемите диви депонии. Нашите работници секојдневно ја одржуваат чистотата во сите населени места. Со поддршка од Владата, хортикултурно ја уредивме дворната површина на градинката „Синоличка“. На 2.596 м2 засадивме вкупно 250 садници. За одржување на зеленилото поставивме систем за наводнување.

Дали се донесе конечниот ДУП за Расадник, имаше бурни реакции околу целиот процес. Како ќе се одвива проектот?

-Дупот за Расадник не е донесен, постапката е се уште во тек. Граѓаните имаа можност на јавна анкета двапати да даваат забелешки по однос на предлогот за дупот. Точно е дека имаше забелешки од незадоволни граѓани, но имаше и граѓани кои бараа поголема катност на зградите. 90 посто од земјиштето е во приватна сопственост, со законот за денационализација вратено им е на сопствениците. Општината и да сака, нема можности ниту пак средства да ги откупи плацевите и на тоа место, како што бараат граѓаните да направи парк.

Но затоа, доколку се усвои дупот добитници ќе бидат сите жители на општината. Покрај зградите, во кои ќе живеат околу 8.000 жители, ќе има многу паркови со зеленило, детски игралишта, катна гаража, подземни паркинзи и нови улици. Предвидена е изградба на нова детска градинка, основно и средно училиште, а ќе биде изградена и поликлиника. Со сите овие придобивки, на просторот на расадникот ќе овозможиме хумано живеење.

Паркинг просторот, генерално е проблем за оваа општина. Како ќе се дојде до решение, дали ќе се активира зонското паркирање или има некоја друга соодветна алтернатива. Се разбира дали до крајот на мандатот е предвидено да се реши ваквиот проблем?

-Покрај останатите проблеми кои секојдневно ги отстрануваме, размислуваме и за изнаоѓање на решение и за оние населени места, кои се соочуваат со помалку паркинг места. Во Расадник ќе поставиме монтажна гаража, а во моментов изработуваме сообраќајни решенија за урбаните заедници „Бирарија“ и „Цветан Димов“. Се надевам дека до крајот на мојот мандат ќе успееме да го решиме и тој проблем.

Она што е исто така проблем на општината е и делот со Охис и оној индустриски дел со кој располага Кисела Вода. Што е планот до крајот на мандатот да се преземе по ова прашање, со оглед на тоа дека знаеме дека имаше немил настан во фабриката Охис, па оттаму и прашањето?

-Благодарение на одличната соработка со централната власт, Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина, после долги години опасниот отпад, Винил Хлорид Мономер, кој беше лоциран на нашата територија, поточно во дворот на АД „ОХИС“, повеќе не претставува опасност за жителите на Градот Скопје.

Опасниот отпад, на почетокот на минатиот месец, безбедно беше транспортиран во Германија, каде што треба да биде уништен. Како што знаете, минатата година Владата, направи нешто што ниедна Влада досега не го направила, одвои 1 милион евра за чистење на линданот во „Охис“. Верувам дека преку понатамошната соработка со Владата, ќе успееме да направиме целосно расчистување на останатите остатоци од опасните материи за животната средина.

Во поголемиот дел од вашето раководство се соочувавте со протести од граѓаните кои бараа дислокација на Центарот за зависници, но и покрај нивните напори истиот не е дислоциран и бројот на зависници во него е ист. Каде е проблемот, дали има решение за ова воопшто. Што преземавте, а што мислите да преземете?

-Веднаш кога стапив на функцијата градоначалник, и покрај тоа што не беше дел од мојата пред изборна програма дислокација на Центарот за зависности, јас постојано се ангажирав да изнајдеме решение, кое ќе биде во корист на жителите. За таа цел, одржавме повеќе работни средби со министерот за здравство, Венко Филипче, кој согласно можностите ни излезе во пресрет на дел од барањата. Сите средби ги одржувавме и во соработка со жителите, кои живеат околу Центарот за зависноти.

После сите состаноци, благодарение на Министерството за здравство, успеавме да го намалиме бројот на лица кои секојдневно примаат терапија во Центарот за зависности. По барање на граѓаните, во соработка со невладини организации и фирми околу Центарот, повеќе пати вршевме чистење на медицинскиот отпад, одложен од примателите на терапија.

Дали, со оглед на тоа дека следната година ни се ближат локалните избори, ќе влезете во трката за втор мандат во општина Кисела Вода?

-Се уште не размислувам за нов градоначалнички мандат, но додека ја водам Општината Кисела Вода, најважно од се ми е да го исполнам ветеното, да реализирам најголем број од моите проекти, со кои досега во руралните и урбаните населени места видно ја подобривме инфраструктурата. За следната година, која е и последна од мојот мандат, имаме многу планови за подобар живот на сите жители на општината.

https://lokalno.mk/intervju-so-temelkovski-na-prostorot-kaj-rasadnik-ke-ovozmozhime-humano-zhiveene/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.