build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 27282930>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 16-Sep-2020 at 11:12
Originally posted by stef4o

Денес приметив дека ја заградиле парцелата/тревникот зад Кривичен суд поточно каде што го преместија споменикот Бомба при градбата на кривичен. Но немора да значи дека ќе никне зграда,не е оградено со класични тараби а и немаше никаква механизација ниту било какво инфо. Направив некои фотки па ќе ги споделам во текот на утрешниот ден.


Еве како е оградено(вчерашни фотки)



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 16-Sep-2020 at 11:41


Тука МКЦ организира културни настани на отворено, како музичкиот фестивал Здраво Млади, на пример.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 16-Sep-2020 at 11:49
Претпоставував дека е такво нешто ама не бев сигурен,ми дојде чудно зошто заградиле помислив некој поголем концерт ќе се прави или некоја манифестација.Како и да е,фала ти за инфото.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 16-Sep-2020 at 12:21
Се распродале становите во Охрид: По 1.500 евра за квадрат во зградата на Усеини

По 1.500 евра за метар квадратен плаќале граѓани за станови во Охрид оваа година. Според нашите информации за толку се продавале становите во зградата за која се зане дека е поврзана со Нефи Усеини, советникот во општина Охрид за кој јавноста доста знае, а е добро познат и во Охрид. Тој е сопственик на фирмата Нефи ИК.

Од Агенциите за недвижнини во овој град за Фактор велат дека годинава имало јагма за станови во градот. Со оглед на тоа што понудата е помала, а имало голема побарувачка цените отишле нагоре. Агенти за продажба велат дека становите се продавале за 1.300 - 1.400 евра за квадрат. Ова е навистина висока цена, каква не е регистрирана ниту во центарот на Скопје каде недвижнините се доста поскапи со години.

„Уште има станови за продажба, но оваа година навистина имаше доста голема побарувачка. Всушност можеби инересот е сличен како лани, но ние очекувавме многу помалку поради корона кризата, па сега сме изненадени од побарувачката. Точно е дека во некои нови згради цената на метар квадратен стасуваше и до 1.400 евра за квадрат, велат за Фактор од охридска агенција за недвижнини.

Според регистарот на цени и закупи на Агенцијата за катастар во вториот квартал изнесува 43.772 денари или 711 евра. Сепак ова е просечна цена. Таа е за 20 евра повисока годинава споредно со истиот период лани. Но, ова е значајно повисоко од периодот од пред две години или вториот квартал во 2018 година кога просечната цена на квадратот изнесувал 38.338 денари.

Според податоците во второто тромесечје во Охрид регистрирани се 144 трансакции со недвижнини, додека во првиот квартал биле направени 203 трансакции или вкупно 347.

https://faktor.mk/se-rasprodale-stanovite-vo-ohrid-po-1500-evra-za-kvadrat-vo-zgradata-na-useini
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 19-Sep-2020 at 12:56
Девет од десет хидранти во станбените згради се надвор од функција

Драстично отежната борбата на пожарникарите со пожарите во главниот град
Неисправните хидранти во станбените згради се најчестиот проблем со кој се соочуваат пожарникарите кога ќе добијат повик за гаснење пожар во стан во зграда. Многумина од хидрантите се нефункционални, непроверени со години, со недостиг од делови, искинати црева… Пожарникарите велат дека сето тоа им предизвикува проблеми затоа што со исправни хидранти секој станар би можел да реагира додека да пристигне пожарната, па дури додека пожарот е на почеток, целосно да го изгасне. За нефункционалноста на хидрантите, граѓаните, односно станарите плаќаат високи цени, понекогаш дури и со живот.
Во старите згради, кои во градот ги има во голем број, или нема никакви хидранти, односно истите тие се откорнати и на ѕидовите може да се види само белег дека некогаш на таа локација имало хидрант, или, пак, ги има, но истите тие се во евидентно катастрофална состојба, затоа што дури и лаик што не знае ништо за нив може да констатира дека се целосно во неисправна состојба

.Некои од граѓаните велат дека никогаш не се ни сетиле да погледнат дали во зградата каде што живеат воопшто има хидрант. Велат дека најчесто тие служат како полици за саксии со цвеќе, за оставање сметки што никој не ги зема, но и за огласи на разни нелегални бизнисмени.
– Живеам во зграда во Чаир. Зградата е стара, ни самата не знам колку години. Има метална кутија од хидрант, но ништо друго нема. Откога знам за себе не сум видела дали воопшто во нашата зграда има функционален хидрант. Сега кога ми го посочивте прашањето, дури и се замислив. Навистина со исправни хидранти секој би можел да реагира навремено доколку ненадејно избие пожар. Барем додека да пристигнат екипите на противпожарната бригада, станарите би можеле да спречат огромни катастрофи – вели Душанка, жителка во зграда во Чаир.
Сепак, во новоизградените згради во метрополата се почитуваат сите вакви прописи. Во секоја нова зграда, на секој кат има хидранти, но прашање на време е кога истите тие ќе станат нефункционални. Пожарникарите велат дека хидрантите се од огромна важност за спречување на ширењето на пожарите.
– Замислете објект зафатен од пожар каде што не функционира една од мерките за гаснење пожар, а тоа е нефункционирање на хидрантската мрежа. Доколку се излезе на терен, во 90 проценти од станбените згради не функционира хидрантскиот систем, недостигаат црева, нема млазници, дури и рачките од вентилите се извадени – вели Трајче Кметовски, помошник-командант за развој во противпожарната бригада во Скопје.

За пожарникарите тоа е најголемиот проблем во зградите. Велат дека додека да го добијат повикот за пожар, па додека да пристигнат се потребни минимум петнаесетина минути, кои во случај на пожар кога секунди се бројат се доволни пожарот да се префрли и на соседните станови.
– Затоа е важна исправноста на хидрантите. Човечкиот фактор, со непочитување на превентивните мерки што се строго пропишани со закон, лошото одржување на системите за откривање пожари, дојава и гаснење, нередовниот инспекциски надзор врз спроведените мерки, како и неспроведувањето казнени мерки пропишани со закон, се најчестите причини за избивањето, но и за неуспешното превенирање на пожарите во станбените објекти – нагласува Трајче Кметовски.
Тој истакнува дека доколку при пожар функционира хидрантскиот приклучок, малку поприсебен станар ќе успее да го локализира секој почетен пожар.
Од некои од општините со кои контактиравме велат дека одговорни за исправноста на хидрантската мрежа се заедниците на станари, односно фирмите што се одговорни за управувањето со зградите.

– Општинските инспектори за домување вршат увид на хидрантите во зградите, единствено по пријава од странки само доколку хидрантот е блокиран (не може да му се пристапи) и ако истиот тој е надвор од употреба. Редовен инспекциски надзор за исправност на хидрантите по фирми или по колективни станбени објекти имаат право да вршат само републички овластени инспектори, кои се вработени во Дирекцијата за заштита и спасување. Инаку, заедницата на станари, меѓу другото, е задолжена за безбедноста на својот објект (одржување на хидрантската мрежа), при што, во случај на неисправност на хидрантите, тие повикуваат лиценцирана фирма со таква дејност, која одговара за поправката, сервисирањето и натамошната исправност на хидрантите – информираат од Општина Карпош.

И од Општина Центар велат дека одговорноста за исправноста на хидрантите е на фирмите за домување.
– За одржување на хидрантите во станбените единици на територијата на Општина Центар, одговорни се фирмите за домување и управителот за вршење на дејностите на управувањето, врз основа на одлука на собир на сопственици – велат од Центар.
Оттаму додаваат дека секој што има податоци за неисправност и нефункционалност на хидрантите во станбените згради на територијата на Општина Центар треба да испрати податоци и информации во Општината, за инспекторите за домување веднаш да интервенираат на терен.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/девет-од-десет-хидранти-во-станбените/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 04-Oct-2020 at 14:00
ГРАД СКОПЈЕ ПО ТРЕТ ПАТ ГО РАСПИША ТЕНДЕРОТ ЗА ДИГИТАЛЕН ГРАД ОД 5,5, МИЛИОНИ ЕВРА

По двата неуспешни тендера за воведување систем за дигитален град или смарт сити, Град Скопје објави нов, трет оглас. Според проценетата вредност во тендерската документација, имплементацијата на проектот дигитален град ќе чини 5,5 милиони евра. Во тендерот се бара платформата за дигитален град да опфати систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните и дигитална комуникација меѓу Градот и граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал.

„По трет пат ја распишавме постапката за смарт сити бидејќи првиот пат не добивме соодветни понуди, а вториот пат од неразбирливи причини за мене, постапката беше поништена од Бирото за јавни набавки. Со овој проект ќе се воведе дигитализација на градот и можност за дигитална комуникација меѓу Градот и граѓаните“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов го најави проектот паметен град уште со неговото стапување на градоначалничката функција пред три години, но реализација сѐ уште нема.

„За вакви големи и скапи проекти подобро е да изгубите време во самата постапка отколку да добиете производ кој е неупотреблив. Тоа значи дека ќе ги потрошите пари на граѓаните, а нема да го добиете потребниот квалитет“, додава Шилегов.

Според тендерската документација, ќе се набават и постават нови 9.434 ЛЕД светилки и ќе се воведе систем за паметно осветлување, со што за околу 70 отсто ќе се намалат трошоците на градот за уличното осветлување. Системот за паметно паркирање ќе се состои од веб апликација за мониторирање и администрирање и мобилна апликација за граѓаните и за возачите. Со него се очекува побрзо и поедноставно лоцирање на слободни паркинг места од граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и помало загадување. Со системот за мониторинг на квалитетот на воздухот ќе се направи мобилна апликација за граѓаните, сензори за мерење на квалитет на воздухот и ќе се постават 10 сензори за мерење на загадувањето.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-po-tret-pat-go-raspisha-tenderot-za-digitalen-grad-od-5-5-milioni-evra/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 05-Oct-2020 at 15:40
Верувам ова би опфаќало велосипедски патеки? Зошто не ги објавуваат јавните презентации на основни проекти на интернет?

ШИЛЕГОВ: ЗЕЛЕНИТЕ КОРИДОРИ НА ЛЕПЕНЕЦ И СЕРАВА СЕ НАСЛЕДСТВО КОЕ ЌЕ ИМ ГО ОСТАВИМЕ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Лепенец, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Овој проект е изработен врз основа на Студијата за воспоставување зелени коридори по теченијата на реките Серава и Лепенец од 2017 година.

Предмет на оваа студија беше да истражи кои се условите и можностите за воспоставување зелен коридор по должината на реката Лепенец, од клучката кај село Орман до вливот во реката Вардар, како и по течението на реката Серава, од изворот до вливот во реката Вардар.

- Во името на Град Скопје сакам уште еднаш да упатам огромна благодарност до УНДП, ГИМ и до тимот експерти кои го изработија Основниот проект за воспоставување на зелен коридор по течението на реката Лепенец. Денеска го презентираме пред стручната јавност Основниот проект за зелен коридор на Лепенец, а веќе следната недела ќе презентираме ист ваков проект за зелен коридор на Серава. Зелените коридори по теченијата на Лепенец и Серава се ветувања од мојата програма кои влегуваат во фаза на реализација и јас искрено се надевам дека во многу блиска иднина граѓаните ќе имаат можност да почнат да уживаат во она за што денеска ќе разговараме. Улогата на реката Лепенец долг период беше запоставена, како потенцијален простор за поврзување со зелената мрежа на Градот, не само во смисла на подобрување на квалитетот на животната средина, туку и како рекреативен простор, особено заради определбата на Град Скопје да ја проширува својата територија за развој во непосредната околина на реката. Со цел да се сочува автентичноста на природните вредности на крајбрежјето и да се унапреди биолошката разновидност, потребно е коридорот да добие третман на речен парк, со приоритетни заштитни и еколошки функции. На тој начин ќе се обезбедат посебни услови за одмор и рекреација на жителите кои живеат во околните населби – рече денеска градоначалникот Шилегов.



Покрај оваа важна функција, додаде тој, коридорите се од особено значење и за одржување на еколошките процеси, тие се патиштата за движење на животните, тие се основа за одржување на биолошката разновидност и за одржување на здрава животна средина.

- Јас многу не би навлекувал во стручниот дел од оваа презентација, повеќе сакам презентацијата да ја погледнеме заедно и да го чујам вашето мислење на оваа тема. Како што имате можност да видите, во изминатите 3 години откако го преземав управувањето со Градот, ниту еден сериозен проект не е реализиран без консултација со стручната јавност. Ваквите проекти не смеат да се работат паушално и набрзина. И токму заради долготрајноста на некои комплексни зафати кои ги реализираме, сакам заедно внимателно да го поминеме секој чекор и секоја фаза пред да влеземе во реализација. Никој од нас нема право самостојно да решава во име на цела генерација, а уште помалку во името на идните генерации. Зелените коридори на Лепенец и Серава се наследство кое ќе им го оставиме на идните генерации и токму заради тоа е потребата од презентации, дискусија и разговори кои ќе не одведат до оптимално решение кое ќе биде максимално искористено на долг рок, во следните 20, 50, 100 и повеќе години – нагласи Шилегов.

skopje.gov.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 05-Oct-2020 at 18:28
Ќе ви сликам како делува Лепенец моментално деновиве во деловите од ЖС „Ѓорче Петров“ до Орман

Да, може да се среди, но за нашиве власти е проект на векот
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 05-Oct-2020 at 20:12
Супер би било ако се реализира и одржува. Може и поврзувачка патека помеѓу Лепенец и Серава долж обиколница.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 09-Oct-2020 at 13:01
Ова го приметив и јас минатата недела кога одев накај Сити Мол зад бензинската на Окта на Партизанска но еве и по фб почна да се збори за тоа сепак немам точно инфо за што се работи некои велат хотелче,некои некаква доградба на Окта а некои извадиле план од местото каде што е вцртан објект со висина од 18 метри...?



Извадок од планот



https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 12-Oct-2020 at 13:59
Originally posted by stef4o

Ова го приметив и јас минатата недела кога одев накај Сити Мол зад бензинската на Окта на Партизанска но еве и по фб почна да се збори за тоа сепак немам точно инфо за што се работи некои велат хотелче,некои некаква доградба на Окта а некои извадиле план од местото каде што е вцртан објект со висина од 18 метри...?



Извадок од планот



https://www.facebook.com/groups/883203825068334


Што намена е Е2? Тоа е маркицата за објектот што се гради до Окта на Партизанска

Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 12-Oct-2020 at 15:10
Originally posted by stef4o


Што намена е Е2? Тоа е маркицата за објектот што се гради до Окта на Партизанска



Е2 Комунална супраструктура:
- бензинска пумпа
- катна гаража
- трафостаница
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 12-Oct-2020 at 15:42
Малце големо како за трафостаница, а две бензиски пумпи, една до друга, малце не иде. Најверојатно катна гаража е.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 13-Oct-2020 at 08:39
Originally posted by skopskodete

Малце големо како за трафостаница, а две бензиски пумпи, една до друга, малце не иде. Најверојатно катна гаража е.


Еве извадок од еден фб коментар во врска со градбата



https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 21-Oct-2020 at 06:50
Од вчерашното гостување на Шилегов во Топ Тема



https://telma.com.mk
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 21-Oct-2020 at 12:34
И која е таа нова локација за администрацијата на Град Скопје?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 21-Oct-2020 at 12:43
Originally posted by skopskodete

И која е таа нова локација за администрацијата на Град Скопје?


Бившата ЕВН каде ги тргнааа скелињата,треба наскоро да го презентираат проектот за обнова на фасадата и потоа да ја изведат па да се вселат...јас така знам не сум го слушал целото интервју можеби грешка сум??
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 21-Oct-2020 at 13:23
Шилегов за одржување на градските часовници планира да искешира 40 илјади евра



Град Скопје распиша јавна набавка за одржување на јавно осветлување и градски часовници. Како што информираат од Градот, во претходните години ова беа паралелни јавни набавки, каде посебно се распишуваа тендери за повеќе услуги.

– Годинава се распишува за заедничка услуга, но истата (јавната набавка) е деллива, каде еден оператор може да аплицира за еден или сите делови од истата – објаснуваат градските власти.

Овој јавен повик има 3 дела: одржување на други објекти (улично и булеварско осветлување), јавно осветлување и осветлување на градски објекти (централно градско подрачје, мостови, Кале)…, како и одржување на градски часовници.

Проценетата јавна набавка изнесува околу 70 милиони денари, а финалната цена ќе се одреди преку е-аукција. Проценетата вредност само на одржувањето на градските часовници е околу 2,4 милиони денари (40.000 евра) без ДДВ, одржувањето на други објекти е околу 3,8 милиони денари без ДДВ, а делот за јавно осветлување и осветлување на градски објекти е проценета на околу 53 милиони денари без ДДВ.

Градските власти велат дека тековно ги одржува уличните часовници и дека тие редовно се сервисираат доколку покажат некаков дефект во работењето.

– Покрај одржувањето се врши и корекција при сезонските менувања на сметањето на времето. Екипите задолжени за нивно одржување редовно ги следат и доколку има потреба ги сервисираат – потенцираат од Градот.

Во моментов има 16 градски часовници поставени на градските булевари. Од Градот велат дека од аспект на дефекти често имаат случаи и на намерно уништување на урбаната опрема и останатите материјални добра на Град Скопје, каде честа мета се штети на зелените површини, инсталациите за наводнување, столбови за осветлување, директна кражба на расадите, палење на контејнери, оштетување на сообраќајните знаци…

https://www.vecer.press/шилегов-за-одржување-на-градските-час/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 21-Oct-2020 at 16:54
Originally posted by stef4o

Originally posted by skopskodete

И која е таа нова локација за администрацијата на Град Скопје?


Бившата ЕВН каде ги тргнааа скелињата,треба наскоро да го презентираат проектот за обнова на фасадата и потоа да ја изведат па да се вселат...јас така знам не сум го слушал целото интервју можеби грешка сум??

Јас колку што слушнав во интервјуто, не кажа конкретно туку рече дека ќе дознае јавноста набрзо. Во овој случај (да се префрлат во зградата на ЕЛЕМ) тоа значи дека ќе треба да ја откупат или да бидат под кирија.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 23-Oct-2020 at 22:20
Кој е проблемот со руглово среде Куманово?


Edited by Staro Skopje - 23-Oct-2020 at 22:20
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 27282930>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.