build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 25-Dec-2020 at 13:47
Со буџетот за 2021 година предвидуваме повеќе средства за заштита на животната средина

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АЕРОДРОМ, ЗЛАТКО МАРИН
Како ќе ја оцените изминатава година како градоначалник?
– Годинава што изминува, за жал, беше во знакот на справување со пандемијата што го зафати светот. Тоа, секако, се одрази и на државно и на локално ниво. Сепак, и покрај кризата, успеавме да реализираме голем дел од планираните проекти за 2020 година. Тука, пред сè, мислам на изградбата на новите паркови во Бојмија и во Мичурин, реконструкцијата на околу 20 детски и спортски игралишта, реконструкцијата на паркингот на булеварот Јане Сандански, обновата на улицата 20 во Долно Лисиче, како и целосната реорганизација на комуналните активности.

Што ќе издвоите како најголем проект реализиран во 2020 година?
– Уште од почетокот на мојот мандат и во текот на изминатите три години од практикувањето на локалната власт, моја цел беше и е да создадеме чиста и одржлива средина, која ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. На тој план направивме многу. За три години засадивме десет илјади нови високостеблести дрвја, обезбедивме прочистувачи на воздух за сите детски градинки и основни училишта, секоја година доделуваме субвенции за велосипеди, инвертер-клими, печки на пелети, за чистење оџаци, организиравме многу екоакции, исчистивме голем број мини-депонии. Реализацијата на еколошките проекти, всушност, кулминира токму во оваа 2020 година, кога зелените површини во Аеродром значително ги зголемивме и ја достигнавме бројката од набавени и засадени близу десет илјади нови дрвја на различни локации низ Аеродром. За голема радост на сите, можам да констатирам дека 2020 година измина во знакот на изградба на нови паркови во Аеродром. Тука посебно ги издвојувам новите паркови „Мичурин“ и „Бојмија“ во населбата Острово, како и просторот во Мичурин кај железничката станица, некогашна депонија, кој заедно со Град Скопје го претворивме во прекрасен парк. Исто така, наскоро Стар Аеродром ќе добие два нови парка, покрај улиците Методија Шаторов-Шарло и Пандил Шишков. Нови паркови ќе се градат и меѓу булеварот Трета македонска бригада и касарната „Гоце Делчев“.

Која е вашата најголема новогодишна желба како градоначалник?
– Најмногу од сè сакам што побрзо да излеземе од оваа пандемија и да се вратиме на нормалното функционирање. На таков начин ќе успееме да ги реализираме сите планирани проекти што се од интерес на сите граѓани на Аеродром.

Што ќе посакате за вас и за општината за 2021 година?
– Посакувам развој на општината, задоволни граѓани и што помалку проблеми.

На што ќе се фокусирате во 2021 година?
– Во 2021-та, односно во четвртата година од мојот мандат, фокусот ќе биде насочен кон заокружување на ветените проекти, односно довршување на клучните и капиталните проекти. Со буџетот за 2021 година повторно предвидуваме повеќе средства за заштита на животната средина, за развој на спортот во општината, посебна грижа и поддршка за децата со посебни потреби. Исто така, предвидена е и доградба на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување на децата. Хортикултурно ќе уредиме уште две површини – на булеварот Јане Сандански и на булеварот АСНОМ, зад Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), а ја почнавме и постапката за изградба на нова општинска административна зграда. Исто така, наскоро ќе почнат реконструкцијата на амбулантата во населбата Лисиче и изградбата на домот на спортовите, со помош на Владата, а во напредна фаза е и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, кој ќе биде готов наесен.

Што ќе им посакате на граѓаните на вашата општина за наредната година?
– На моите сограѓани од Аеродром, пред сѐ, им посакувам многу здравје и исполнување на сите желби. Новата, 2021 година да им биде многу поинаква и многу поуспешна на секаков план.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/со-буџетот-за-2021-година-предвидуваме-по/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 25-Dec-2020 at 13:57
Имаме уште многу работа пред нас

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, САША БОГДАНОВИЌ
Како ќ́е ја оцените изминатава година како градоначалник?
– Оваа 2020 година беше тешка, полна со предизвици и тешки моменти. Затоа требаше да се носат брзи и храбри одлуки. Не смееше ни еден момент да загубиме и да задоцниме со некое решение, бидејќи тоа можеше да има последици по здравјето и животот на нашите граѓани. Да напоменам дека ова беше и изборна година, се одржаа предвремените парламентарни избори. Бидејќи вирусот беше непознат, заедно со предизвикот на одржувањето избори во вакви услови, моравме комплетно да се престроиме во работењето и животот. Како градоначалник сакам да кажам дека успешно се справивме со предизвиците иако, нели, секогаш гледаме дека можело и подобро. Дополнително, Центар е најградската општина и општина во која има најголема раздвиженост, доаѓаат граѓани од сите општини, тука се сместени и поголем број државни институции. Бројот на заразени со ковид-19 беше голем, но морам да напоменам дека Центар е една од општините што навремено ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на населението.

Што ќ́е издвоите како најголем проект реализиран во 2020 година?
– Општина Центар и оваа година, во услови на пандемија, продолжи со предвидените активности. Без оглед на сите тешкотии на патот, помали и поголеми, успеавме да реализираме значајни проекти. Покрај редовните наши обврски и активности, како посебен и најголем проект би го издвоил комплетното реконструирање на градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ – објект „Пепелашка“. Со помош на Министерството за труд и социјална политика и финансиите добиени од Светската банка, успеавме по цели 65 години комплетно да ја реконструираме градинката и на дечињата таму да им овозможиме добри услови за дневен престој. Тука се и изградбата на Дневниот центар за лица со церебрална парализа во ООУ „Киро Глигоров“, темелната реконструкција на објектот на поранешното Матично во дворот на Општината и пренамената во современ Младински центар, кој многу скоро ќе биде готов. Би ја искористил оваа пригода и да ги споменам активностите што како единица на локалната самоуправа ги реализиравме за заштита од коронавирусот – дезинфекција на улиците во општината, дезинфекција на влезовите во колективните станбени објекти, помошта што секојдневно им ја дававме на нашите сограѓани, поддршка на полицајците од ПС-Центар. Тука се и месечните социјални пакети што ги обезбедивме за нашите сограѓани од семејства со висок социјален ризик, превентивните мерки во основните училишта и градинките, помагавме и со дистрибуција на заштитни маски и гелови за дезинфекција итн. Навистина многу активности за полесно справување со предизвиците што ни ги донесе оваа година.

Која е вашата најголема новогодишна желба како градоначалник?
– Годинава беше предизвик за сите нас. Од пандемијата научивме многу, почнавме повеќе да водиме грижа за нас и за нашите блиски, наоѓавме начини како да си помогнеме. Општина Центар покажа дека е одговорна и хумана општина чиј приоритет се граѓаните. Посакувам новата година што е пред нас да донесе нова енергија и нови можности, а моја најголема новогодишна желба е, секако, да ја добиеме битката како држава со опасниот вирус и сите заедно да работиме за подобар и поквалитетен живот.

Што ќ́е посакате за вас и општината за 2021 година?
– Најпрво посакувам сите добро да нѐ̀ служи здравјето. Знаеме низ што сѐ̀ поминавме оваа година, научивме многу нови работи, моравме да се соочиме и да научиме да живееме на дистанца, да сфатиме колку е скапоцено здравјето, да носиме заштитни маски и да не другаруваме како што знаеме и да се собираме и за добро и за лошо. На професионален план, посакувам уште повеќе и посилно да реализираме проекти во интерес на граѓаните. Само така ќ́е успееме во нашата цел, да ја направиме Општина Центар уште поубаво и современо место за живеење.

На што ќ́е се фокусирате во 2021 година?
– Имаме уште многу работа пред нас. Повеќе проекти и активности за заштита на животната средина, за почист и еколошки Центар. Ќ́е се посветиме и на санирање на уличната мрежа и на нормализирање на сообраќајот во општината. Тука ќ́е го споменам и проектот за нова градинка во населбата Пролет, каде што децата ќ́е можат да ги направат своите први чекори во една современа градинка, која ќ́е биде изградена по сите европски стандарди. На ова ќ́е го надоврзам и проектот за доградба на основното училиште „Коле Неделковски“, со што ќ́е го зголемиме капацитетот на училиштето, за децата што посетуваат настава таму да не мора да одат во две смени, како досега. Секако, со уште позасилено темпо ќ́е ги извршуваме нашите редовни обврски и во наредната 2021 година.

Што ќ́е им посакате на граѓаните на вашата општина за наредната година?
– Посакувам да ги служи здравјето, сите да живеат во благосостојба, многу успеси на личен и професионален план и многу убави работи пред нив. Посакувам и крај на пандемијата на ковид-19, да можеме по една потешка и непредвидлива 2020 година сите заедно да продолжиме со нормалниот начин на живеење.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/имаме-уште-многу-работа-пред-нас/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 25-Dec-2020 at 17:49
Моментот кога на прашањето „Што е најголем проект во вашата општина во 2020 г.?“ едноставно и двајцата немаат одговор
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 25-Dec-2020 at 18:35
Сакам Карпош да продолжи напред

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ, СТЕФАН БОГОЕВ

Во интервју за „Нова Македонија“, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, раскажува со кои тешкотии се соочија тој и општината функционирајќи во услови на пандемија, која не го изостави ниту главниот град. На кои проекти е особено горд, која е неговата најголема новогодишна желба, како и што им посакува на жителите на неговата општина, прочитајте во продолжение.

Како ќе ја оцените изминатава година како градоначалник?
– Да беше регуларна година, веројатно, ќе започнев со стандардното набројување на реализираните проекти или на проектите во тек и со изразување задоволство од истите тие. Факт е дека речиси цела година бевме и сѐ уште сме соочени со пандемијата на ковид-19, која во голема мера влијаеше на динамиката на реализација на проектите и на буџетските програми. Општина Карпош и онака има проблем со финансирањето и голема задолженост, а оваа пандемија само уште повеќе ги изрази овие проблеми. Сепак, како локална самоуправа сметам дека оваа година покажавме и еден поинаков пристап во работењето. Да, ние сме тука за да ја одржуваме јавната хигиена, да правиме паркови, детски игралишта, да реконструираме локални улици, да садиме нови дрвја, да ги уредуваме училишните дворови и слично. Но пандемијата најмногу го изрази фактот дека општините се вистински сервис на граѓаните. За време на карантинот и на полицискиот час, нам ни се дуплираа обврските иако улиците беа празни, а кафулињата без посетители. Им дадовме поддршка на лицата во изолација со тоа што обезбедивме поддршка со Црвениот крст, чии волонтери набавуваа храна и лекови за болните и изнемоштени лица. Во седум наврати дезинфициравме повеќе од илјада влеза (иако ова е примарна обврска на станарите), доделивме социјални пакети и еднократна помош за најранливите, дезинфициравме пред маркети, банки, аптеки, а им издававме дозволи за работа и за движење во полициски час на угостители, сопственици на миленици, активисти што хранат бездомни кучиња, на лица со попреченост. Општина Карпош, но и најголем дел од другите општини овозможија непречено да се одвива наставата и во услови на пандемија, со тоа што обезбедивме средства за набавка на ИТ-опрема. Целосно ги подготвивме и градинките за да продолжи и тука воспитно-образовниот процес.
Кога светот застана, фактички сите увидовме дека локалната самоуправа е онаа „најблиска, најистурена власт до граѓаните“. Оттука, јас искрено се надевам дека оваа пандемија може да биде и лекција од повеќе аспекти. Но во однос на општините се покажа дека треба да бидат повеќе вреднувани, да добијат многу повеќе надлежности и механизми за контрола.

Што ќе издвоите како најголем проект реализиран во 2020 година?
– Мене лично, најдраго ми е уредувањето на просторот во рамките на училишниот двор на „Лазо Трповски“. Површина на 11 илјади квадратни метри со децении пропаѓаше, а локалните жители стравуваа дека овој јавен простор ќе се пренамени за градба. Денес тука имаме нови терени за фудбал, баскет, ракомет, фитнес-зона, детско игралиште, клупи и многу зеленило со систем за наводнување. Затоа што и Општината е лоцирана во овој дел, секојдневно кога доаѓам на работа гледам дека овој простор се користи. Доаѓаат млади, баби и дедовци со внуци, родители со своите деца, рекреативци и се создава една убава енергија, еден убав маалски живот по кој Карпош отсекогаш бил препознатлив. Секако, оваа година го финиширавме и Спортско-адреналинскиот парк (кај спортско-качувачката карпа). Паркот уште не е пуштен во употреба, но содржински е завршен и верувам дека граѓаните ќе можат да се рекреираат уште во раната пролет. Овој парк се надоврзува на делот што го исчистивме со Град Скопје, до бунарите на Лепенец, кој претставуваше децениска депонија, а сега е предвидено уредување и на овој простор. Решивме и еден децениски проблем за граѓаните што живеат на улицата Ловќенска 4 во Козле. Направивме санација на свлечиштето, со што се овозможи стабилизација на теренот и поголема безбедност за околните куќи. Многу внимание посветивме и на уредување на маалските зелени површини. Па, така, засадивме нова трева, а се поставија и системи за наводнување во Карпош 1 (на улицата Иван Аговски), Карпош 2 кај Драмскиот театар, Карпош 3 во средишниот и задниот дел на „Лептокарија“, меѓу зградите на улиците Московска и Женевска во Тафталиџе, како и кај воените кули во Долно Нерези. Стандардниот простор пред зградите доби нов лик, со што создадовме уредени маалски паркови. Имавме и повеќе инфраструктурни проекти. Заврши реконструкцијата на поголем дел од улицата Ловќенска 4, пристапните краци од „Вич“ во Карпош 4, паркинг-просторот на Атинска, а Град Скопје ја обнови и Никола Парапунов, дел од булеварот 8 Септември, исто така во тек е и реконструкција на булеварот Никола Карев (од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток).

Која е вашата најголема новогодишна желба како градоначалник?
– И во работниот дел, не само на личен план, сакам да заврши пандемијата затоа што е сериозна пречка за сите нас. И за една година од сега да имаме реконструирана спортска сала „Партизан“ или барем реконструкцијата да биде во полн ек. Деновиве имав работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, на која добив потврда дека оваа институција има планирано средства за обнова на салата.

Што ќе посакате за вас и за општината за 2021 година?
– За себе, за моите блиски, но и за сите граѓани ќе посакам добро здравје. И ова не е клише, затоа што 2020 г. е показател дека здравјето и имунитетот се сѐ. Ако сум докрај искрен, а сакам да бидам, ќе си посакам и повеќе слободно време и можност за дружба со блиските. Работните обврски ме спречија во овој дел, а пандемијата ни забрани групирање, па, така, веројатно и природна е оваа моја желба. Сакам Карпош да продолжи напред. Да го задржи еланот и секогаш да се одвојува од другите општини, по проекти, квалитет на животот и урбано живеење. Да се развива плански и повеќе никогаш да не биде „допрен“ од криминал и урбана мафија.

На што ќе се фокусирате во 2021 година?
– Во делот на проекти, како што спомнав и погоре, очекувам да почне реконструкцијата на салата „Партизан“, да го завршиме паркот со Град Скопје (кај бунарите до реката Лепенец) и да започнеме со реконструкција на плочникот во Порта Влае. Секако дека ќе имаме и други проекти по сите населби, но овие би ги одвоил како покрупни, на чија реализација инсистирам. Исто така, продолжуваме со интензивно одржување на хигиената, миење на улиците и сериозни инфраструктурни активности спроведувани од Општината, но и во соработка со Градот и Владата. Општината ќе ги реконструира улиците Париска, Иван Аговски, Гиго Михајловски, Шекспирова и Мирка Гинова. Градот веќе почна со работа на булеварот Никола Карев (делот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток), а во овој дел ќе имаме и кружен тек, со што значително ќе се намали метежот. Наскоро започнуваат и активностите за изведба на новиот мост од улицата Љубљанска (Карпош 4) преку Вардар до клучката кај Бардовци (проект на Град Скопје).

Што ќе им посакате на граѓаните на вашата општина за наредната година?
– На граѓаните прво сакам да им се заблагодарам за досегашната поддршка и разбирање. Заедно поминавме една исклучително тешка година, во која сепак реализиравме и голем број проекти важни за заедницата. Верувајте дека поддршката, но и секоја конструктивна критика се особено важни во оваа работа, за да имате реална претстава што правите. Тоа што си го посакав за себе и за моите блиски, им го посакувам и на сите граѓани. Да се живи и здрави и во 2021 година да имаат поубави моменти со своите најблиски. Мислам дека сите заслужуваме поспокојна и посреќна година

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/сакам-карпош-да-продолжи-напред/
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 28-Dec-2020 at 12:47
Pozdrav do site.
Nov sum na forumov, inaku ziveam vo debar maalo. So ogled deka edno zeleno kjose ne ostana, imam eden predlog a bi sakal da me posovetuvate dali i kako bi mozel da se realizira. Ziveam vo neposredna blizina na min za kultura. Parkot pozadi min za kultura koj ne e mal stoi zatvoren so ograda koja se raspaga, a nikoj ne go koristi. Dali postoi moznost toj park da se otvori za gragjanite(treba da se trgne samo ogradata) i eventualno da se zasadi uste nekoe drvce. Ulicata antonie grubisik koja e paralelna na boemska moze da stane eden vid kulturno-boemska ulica za izlozbi(neposredna blizina i na arh i gradezen fakultet. Prakticno so mnogu mala investicija bi se razubavil prostorot..
Po nekoi stari dup planovi gledam deka ulicata debarca sto odi kon zadnata strana na pazarot se probiva na bul partizanska. Dali nekoj znae poveke okolu ova dali e napustena taa zamisla i kade bi mozel prethodnata ideja da ja predlozam so cel da se razmisli za javno dobro so mala investicija.
Pozdrav i vi blagidatam
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 28-Dec-2020 at 20:54
Неколку иницијативи имаше за тоа, ама до сега ништо не е направено...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 03-Jan-2021 at 10:33
Пред Сити Мол(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 08-Jan-2021 at 16:16
ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА И ДО 3 МЕСЕЦИ ВОЗИЛАТА КОИ БУЧАТ СИЛНО, ИСПУШТААТ ЦРН ЧАД ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН СЕ НЕИСПРАВНИ

Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.

Овие новини уследија по масовното откривање на нерегистрирани приватни и возила на фирми и по неколку години, како и на технички неисправни возила, кои се најчестите предизвикувачи на тешки сообраќајни несреќи, поради што се познати како возила – убијци. Од сообраќај ќе бидат веднаш отстранети сосе возилата, и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и на такви кои што управуваат возила под силни дејства на антидепресиви, кои возат уморни, пијани, дрогирани.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени.

Ова значи дека големата бучавост, ширење чад од ауспухот, пребавното возење или неможноста на едно возило да закочи, т.е. да застане веднаш со сопирачките, ќе бидат сигнали за сообраќајната контрола и овластување за да се посомневаат во техничка неисправност, т.е. веднаш возилото да го застанат, да го исклучат од сообраќај и да го пратат на технички преглед. Сигнал за неисправност и овластување полицијата времено да го одзеде, е и ако возилото не е регистрирано.

Сите трошоци во ваквите случаи ги носи возачот, се вели во законот.

Тој носи и една друга новина, а тоа е трајно губење на возачката дозвола.

Со цел да се санкционираат возачите, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот, кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со потешки последици, се предлага изрекување на санкција-престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција – забрана за управување, ако во период од една година од денот на правосилноста на одлуката сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, изречена за истата категорија.

Со предложените измени мандатниот платен налог се заменува со прекршочниот платен налог и во таа насока се бришат дел од одредбите кои се однесуваат на регистрирањето негативни бодови.

Со измените, се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола. Досега возачките важеа до 70-годишна возраст, а отсега натаму до 75 години ќе може да се вози.

Законот веќе е стапен во сила.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/politsijata-ke-gi-odzema-i-do-3-mesetsi-vozilata-koi-buchat-silno-ispushtaat-tsrn-chad-ili-na-drug-nachin-se-neispravni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 09-Jan-2021 at 17:51
Нешто се гради во Маџари незнам дали е станбено или деловно затоа постирам тука ако некој знае за што се работи нека сподели па ќе преместиме





https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 18-Jan-2021 at 17:40
Колку повеќе згради, толку повеќе пари за општините



https://samoprasaj.mk/naacik/1875-2021-01-18-10-47-46
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 23-Jan-2021 at 20:10
Извадок од документарка снимана во 1983-та. Кога социјализмот немал идеолошки проблем со тоа дека и ноќната работа е легитимна работна смена и дека не е тоа никакво "малтретирање работници", тогаш што би било денес проблем ова вака да се регулира низ Македонија. И притоа да не изнарипаат душебрижниците за работничките права притоа примајќи надокнада од невладина или партија која секако не им зависи од тоа колку е сработено.

Сите сме ги виделе по Скопје како низ маалски улици се гнетат камиони и тоа не мали камиончиња, него троосовински Д-категорија камиони од пивари и млекари и тоа посабајле после 8 часот кога сите други граѓани одат на работа и кога деца одат накај школо. Треба да се воведе задолжителна ноќна смена за дотур на роба, празните ноќни улици да се искористат и да се намали гужвата преку ден. Фирмите за дистирбуција и маркетите да си воведат трети смени со пресметан коефициент 1.х за ноќна работа и така да се изрегулира ова прашање. Тоа секако ќе ја зголеми цената на некои производи, ама па сеа тоа е цената на живеење во град, тоа е врзаниот круг на пораст на стандардот. Плаќаш поскапо, тоа на некому носи поголема плата и нови работни места и така во круг.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 04-Feb-2021 at 18:21
ИНТЕРВЈУ | Филип Темелковски, градоначалник на Општина Кисела Вода: Најмногу време и енергија потрошив на разрешување на урбанистичкиот хаос

Првиот човек на Кисела Вода, Темелковски, говори за наследените долгови и ДУП-ови, за приоритетите за оваа година, но и за поддршката од граѓаните што чувствуваат дека општината е на нивна страна

П. Кои се приоритетите што планирате да ги сработите во Општина Кисела Вода во последниве месеци од Вашиот актуелен мандат, со оглед на тоа што 2021 е изборна година?

-Плановите се многу, желбите и потребите уште повеќе, а очекувањата на граѓаните разбирливо неограничени. Кога ќе се соочиш со реалноста, а во Кисела Вода тоа беше наследен долг од 184 милиони денари што е еквивалентно со општинскиот буџет наменет за капитални инвестиции за една или две години, работите веќе добиваат друга димензија. Тоа што е изборна година единствено го намалува просторот за дејствување со оглед на законските ограничувања, инаку по ништо нема да влијае врз нашата работа. Нема да работиме ни повеќе ни помалку од досега. Активности во Кисела Вода се одвиваат континуирано од првиот ден кога сум дојден за градоначалник. Можеби несвојствено за градска општина, мандатот го започнав со решавање на насушните основни потреби со изведба на инфраструктурни објекти канализации, атмосферска канализација, водовод и асфалтирање улици. Во оваа година ќе имаме малку повеќе енергија и финансии да се посветиме на реставрирање на зелените површини во општината и уредување на урбаните делови, кои досега морам да кажам, за жал, не беа на листата на приоритети, а причината веќе ја споменав, беше наследена! Планирано е асфалтирање на неколку улици кои никогаш не биле асфалтирани и реконструкција на неколку постоечки кои се во многу лоша состојба.

П. Општината станува пренаселена. Сметате ли дека интензитетот на изградба на станбени објекти треба да се намали?

-Општина Кисела Вода се соочува со друг проблем, а тоа е неразумното и непланско градење односно ДУП-овите донесени во периодот 2013-2017 го нарушуваат секое разумно очекување и тоа особено во деловите на потегот помеѓу Рампа (МЗ Цветан Димов), Шампионче и Расадник, каде што зградите се премногу густо поставени, а узурпирани се и улиците и целиот слободен простор и тоа создава привид на пренаселеност. Тоа е процентуално мал дел од територијата на општината, а пренаселеноста се асоцира поради недостаток на паркинг-простор поради злоупотреби и непочитување на законските обврски и уште побитно човечки здраворазумски услови за густина на градба. Како единствено изводливо решение имаме предвидено изградба на катни гаражи на најкритичните точки.

П. Кој е Вашиот став околу барањата на жителите на Пржино, кои неколкупати излегуваа на протест за да го искажат своето незадоволство? Каде го лоцирате проблемот?

-Проблемот во Пржино е уште еден наследен проблем кој произлегува од ДУП кој е донесен во 2016 година. Согласно тој ДУП приватни лица инвестирале и купиле одреден имот и сега започнаа со градба. Откога сум дојден на позицијата градоначалник скоро 90 отсто од моето време и енергија ги посветив на разрешување на урбанистичкиот хаос и проблеми на кои сите сме заложници. Со стручната администрација на општината и надлежни државни органи ги претресовме сите постојни ДУП-ови барајќи решенија и одговори. Неколку оспоривме пред Уставниот суд, за други за кои не бевме убедени применивме конзервативен пристап при издавање дозволи за градба. Под мое раководство стручната служба на Општината дури сега привршува одредени дополни и измени на постојните ДУП-ови за колку-толку да се санираат последиците, а на планот за Расадник сѐ уште се работи на инкорпорирање одредени забелешки и усогласување со ГУП и јас лично поради тоа сум мета на огромно незадоволство и хајка од одредени таканаречени инвеститори и креатори на овој хаос од минатото. За жал, и граѓаните се жртви и заложници на оваа ирационална состојба на претходно злоупотребена доверба и жалам што голем број чесни граѓани се соочуваат со тешкотии при градбата на индивидуални станбени објекти, но на пат сме во догледен рок да ги разрешиме овие проблеми. Според мојата визија општината мора да е сервис на граѓаните и по брза едноставна постапка мора да издава дозволи за градба. Но за тоа мора да се направаат соодветни планови и ДУП-ови кои оптимално го користат просторот и создаваат услови за пристоен, а јас би рекол достоен живот.

П. Од кои досегашни проекти сте најзадоволни? Има ли нешто што сакавте, но не успеавте да го реализирате?

-Задоволен сум што конечно сме при крај да го решиме најгорливиот и најтежок проблем на Кисела Вода, а тоа е ДУП за Расадник, кој предизвика многу внимание на целокупната јавност. Одржавме три јавни анкети и ќе организираме уште една. Консултиравме повеќе архитекти и урбанисти. Претрпевме огромен број притисоци, обиди за влијание, се соочуваме со лични напади и квалификации, кои воопшто не се пријатни. Но во исто време се запознавме и со голем број добронамерни граѓани кои со конструктивни предлози и размислувања ни помагаат. На овој предмет цел тим работи веќе три години. Мојата визија е да создадеме простор, кој ќе ги обезбеди сите карактеристики на урбана заедница што ќе рече да добиеме своевиден плоштад или барем сквер во општината, пешачка зона, собиралиште за движење и разонода, да обезбедиме простор за неопходните јавни функции кои недостасуваат, а притоа да не го нарушиме правото на лична сопственост. Балансирањето помеѓу јавниот интерес и поединечните барања, но и просторни можности бара многу енергија и посветеност. За мене лично изградбата на 32 километри подземни инсталации, 20 километри улици, училишта и градинки, спортски терени, шеталишта… воопшто не ги сметам како успех или нешто со што би се фалел. Срам ми е и жал што има населби и жители што дури сега за првпат ги добија овие „удопства“. Создадовме и очекувања кај граѓаните, колку повеќе работиме толку повеќе барања пристигнуваат. Граѓаните гледаат дека работите се движат и првпат чувствуваат дека општината е на нивна страна и секојдневно ни пишуваат и предлагаат и бараат нови зафати. Тоа ми е желба да можеме да ги решиме сите овие барања и потреби. Во секој случај, мораме да избираме приоритети согласно расположливите средства.
Задоволен сум од разбирањето и поддршката од градоначалникот на Град Скопје, кој ни помогна за повеќе проекти. Горд сум на општинската администрација која обезбеди проекти и поддршката од повеќе донатори. Во мојот мандат тимот на општината успеа да обезбеди 19 гранта од разни донатори со вредност од повеќе од 100 милиони денари. И се разбира за една презадолжена општина клучна беше поддршката од Владата преку Фондот за развој на рурални подрачја и Агенцијата за млади и спорт.

П. Што направивте како градоначалник за да се реши проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух? Кои се Вашите идни активности за решавање на овој проблем?

-Изготвивме катастар на загадувачи, кој ги содржи потребните податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина. Изработуваме и катастар на зеленило. Во дел од градинките го заменивме начинот на затоплување на просториите, а на тревните површини засадивме околу 2.000 разни видови садници. На територијата на општина Кисела Вода, ги исчистивме најголемите диви депонии. Набавивме сопствени возила и воспоставивме екипи кои се секојдневно на терен и по одреден распоред и динамика ги расчистуваат јавните површини. Од површините на кои несовесни граѓани одложуваа отпад, направивме зелени паркови, уредени со урбана опрема.

П. За месец-два неофицијално ќе почне изборната кампања. Дали ќе „трчате“ за втор мандат?

-Воспоставивме ефикасен систем и добра екипираност, ги отплативме најголем дел од наследените долгови и ги решивме најскапите инфраструктурни зафати. Ни преостануваат полесни зафати и тековно одржување и разубавување но најважниот приоритет е заштита на урбаноста на општината од непринципиелни игри и злоупотреби на кои беше изложена во минатиот период. Да, имам амбиција. Поддршката од граѓаните која ја добивам е голема. Се разбира има и поединци кои секогаш бараат повеќе, а и јас сум еден таков, кој секогаш ја подига пречката повисоко.

Приоритетите зависат од финансиите на Општината
П. Дали сметате дека како градоначалник еднакво се залагавте за развивање на сите делови од Општината?

-Дали родителот повеќе го сака едното или другото дете? Кој и како ќе го измери тоа? Кисела Вода е општина на крајности, опфаќа дел кој гравитира кон централното градско јадро кој е урбанизиран од времето и делови што се развивале без план и каде што недостасува основната инфраструктура и каде што никој досега не се заинтересирал да им обрне внимание. Јас сум градоначалник на сите и не гледам кој како гласал и кој ме поддржал, а кој не при изборите. Прв приоритет ни беа условите за здрав развој и престој на најмладите кои се недолжни за грешките на возрасните. Втор приоритет е воспоставување основни услови. Трето, одржување на постојната инфраструктура и зеленилото, и тоа ќе биде фокус на пролетните месеци. Приоритетите не зависат од енергијата или мултитаскинг на администрацијата или градоначалникот, како што ме советуваше еден мој добронамерен следбеник на Фејсбук, туку од расположливи средства и финансии.


https://www.slobodenpecat.mk/intervju-filip-temelkovski-gradonachalnik-na-opshtina-kisela-voda-najmnogu-vreme-i-energija-potroshiv-na-razreshuvane-na-urbanistichkiot-haos/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 05-Feb-2021 at 18:36
АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ 30 ГОДИНИ/ ATELJE PROEKTING 30 YEARS



http://www.ateljeproekting.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 08-Feb-2021 at 08:36
Интервју | Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје: Немаме право стратешките проекти да ги врзуваме за нашите мандати

Скопскиот градоначалник Шилегов зборува за случувањата околу СРЦ „Треска“, за стратешките проекти и за состојбата на градската каса и најавува дека наредната година Скопје ќе добие забавен парк.

П. Стигнуваат обвинувања на Ваша адреса за случувањата во СРЦ „Треска“. Вие велите минатата градска администрација го дала во владение на Општина Сарај, тие велат не е точно. Која е вистината?

– Во недостаток на градска политика, во ВМРО-ДПМНЕ одбираат само да негираат сѐ што е добро направено. Или да импутираат проблеми кон мене, кои не се проблеми што јас сум ги направил, ниту можам да ги решам. СРЦ „Треска“ е доделено на Општина Сарај со одлука на Владата во 2012 година, а Градот потоа се расходувал со одлука на Советот. Во моментов таму почна да се работи, а сега повторно има обвинувања, зошто се работи. Нема друг начин како да го вратиме СРЦ „Треска“, ако не се обнови. Ние успеавме овој проблем да го издигнеме на државно ниво, при што Владата го прогласи за туристичка зона, со цел да се олесни привлекувањето потенцијални инвеститори. Дел од земјоделското земјиште од селата Шишево и Глумово беше трансформирано во градежно, а Општина Сарај имаше обврска да направи детален урбанистички план, за територијата околу езерото. Според информациите што јас ги имам, почнува да се реализира ДУП на Сарај. Се крена многу врева за монтажните туш-кабини кои се уриваат, а се неупотребливи. Таму ќе има и хотелски комплекс, така што ќе се привлечат туристи.

П. Има проекти што ги најавивте во предизборната кампања, а сѐ уште не се реализирани. Дали ќе побарате втор мандат за да ги реализирате проектите како Луна паркот и Универзалната сала?

– Немаме право стратешките проекти, каков што е Универзална сала, да ги врзуваме за нашите мандати. Нашите мандати се променливи, а тоа се работи што треба да останат. За Универзална сала минатата година имаше сериозна дебата во јавноста. Проценката на стручната јавност беше дека на таа локација не можеме да имаме поголем објект, туку само можеме да извршиме реконструкција на постојниот објект. Одвоени се средства од Владата во износ од два милиона евра. Треба да бидеме внимателни, станува збор за еден фундаментален објект. Се прават и анализи од Институтот за сеизмологија, во однос на издржливоста на објектот. Што се однесува до забавниот парк, тој беше во програмата за јавни набавки за минатата година, но пандемијата го одложи процесот. Средствата ги пренаменивме за изградба на инфраструктура, со цел да ја помогнеме домашната економија и домашните фирми. Одлучивме да инвестираме во забавниот парк, кој дури и да беше готов, ќе беше неупотреблив. Ме нервира опозицијата што од една страна ме прозива зошто не сум го направил забавниот парк, а од друга страна ме обвинува што сум потрошил 300.000 евра за Дино парк. Тоа е лицемерие. Реализацијата на забавниот парк е предвиден во овогодинешниот буџет. Верувам дека ќе можеме оваа година да ја распишеме постапката. Многу е важно Скопје да добие забавен парк како концепт во кој ќе можете да го поминете целиот ден. Такви забавни паркови нема во радиус од 300 километри, а тоа нам ќе ни овозможи да бидеме туристичка атракција. Верувам дека до средината на 2022 година во Скопје ќе има забавен парк.

П. Каков е планот за 2021 година во однос на инфраструктурата?

– Годинава би требало да го реконструираме булеварот Киро Глигоров. ТАВ со седум милиони евра ќе го финансира пробивањето на Илинденска кон западниот дел од градот кон Волково. Реализацијата треба да започне во март. Проектот е целосно готов. Мостот ќе го поврзува Карпош 4 со Бардовци, а во втората фаза ќе се спои со булевар Словенија, а оттука со Визбегово и со Волково. Тоа се проекти од стратешки развој на Скопје, бидејќи ќе се овозможи проширување на градот и кон овие населби. Освен дневните проблеми што треба да ги решаваме, да зборуваме за визија за развој на градот, без притоа да се девастира урбанизмот како што беше случај во минатото.

П. Вашиот претходник Коце Трајановски обвинува дека градската каса ја оставил полна пред неговото заминување, а сега е празна и Градот е задолжен. Дали е ова точно?

– Не е точно. И тогаш имало кредитни задолжувања. Има и сега. Од кредитите што ги наследив има само по еден кредит за катните гаражи што ќе се расчисти во 2021 година. Кредитот на Градот беше околу 11 милиони евра кога јас станав градоначалник, долг што веќе сме го отплатиле. Градот имаше на сметка околу 800 милиони денари, меѓутоа обврски од склучени договори имаше од 2 милијарди и осумстотини милиони денари. Во овој момент на сметка на Градот има околу 650 милиони денари и склучени договори за 2,2 милијарди денари. Тоа е показател дека градот се раздолжувал во изминатиов период, а сепак во меѓувреме завршивме и многу работа.

https://www.slobodenpecat.mk/intervju-petre-shilegov-gradonachalnik-na-grad-skopje-nemame-pravo-strateshkite-proekti-da-gi-vrzuvame-za-nashite-mandati/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 10-Feb-2021 at 17:25
Која е причината за постоење на временска разлика која некој пат е многу кратка(месец-два а некогаш трае и повеќе од година дена) помеѓу издавање дозвола за градба и нејзина правосилност?

Како пример еве ќе ги земам објектите на Елена Лука

Конект 5 во Мичурин дадена дозвола на 08.07.2019г а правосилно 23.07.2019г



Футура

дозвола дадена 16.10.2020 правосилна од 02.12.2020г



А ова пак кај Кат Костов ептен ме чуди дозвола од 30.11.2018 а дури деновиве почнаа со градба

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 11-Feb-2021 at 13:15
Платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце” со околу 20 клучни проекти

Нула цврст отпад за заштита на животната средина, простории за одлагање кабаст отпад, диверзифицирана понуда на енергетска ефикасност до станбените заедници и велодром „Кружен тек – Аеродром”, се дел од проектите во четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 на Општина Аеродром.

Платформата е усвоена неодамна и во неа има околу 20 клучни проекти за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од општината.

Меѓу проектите се и изградба на прв национален професионален голф терен, изработка на семејна апликативна картичка „FamilyAerodrom” наменета за сите жители на Општината (по една на домаќинство), за поволности, можности и вклученост во проектите на Општината, формирање на јавно претпријатие за управување со развојните проекти на општината, креирање енергетски задруги, каки и проекти од областа на спортот и образованието.

– Стратегиската платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со меѓународни асоцијации и здруженија, со медиумите, со институциите и пред сè со граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина, се вели во денешното соопштение од Општината.

https://www.slobodenpecat.mk/platformata-aerodrom-prva-opshtina-so-evropsko-znamencze-so-okolu-20-kluchni-proekti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 11-Feb-2021 at 13:17
Интервју | Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром: Еднакво вложував во развојот на сите делови од општината

Неодамна во населба Лисиче се поставени три мобилни уреди за мерење на воздухот 24 часа на ден, со кои во секој момент може да се увиди нивото и местото на загаденост. Направена е нова реорганизација на инспекциските служби, кои сега во соработка со Град Скопје ја интензивираат работата на терен.

П. Оваа 2021 е изборна година. Кои се приоритетите што планирате да ги сработите во Општина Аеродром во последниве месеци од Вашиот актуелен мандат?

– Како приоритет секогаш го сметам она што е најважно за граѓаните. Така беше во мојата изборна програма, по тоа се раководев и во изминативе три години, а тоа ќе остане како мој патоказ и до крајот на мандатот. За претстојниот период неодамна изготвиме и ѝ презентиравме на јавноста четиригодишна стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Таа платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Тоа значи продолжување на инвестициите за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром. Секако, до крајот на годината фокусот ќе биде насочен кон заокружување на ветените проекти, односно довршување на клучните и капиталните проекти. Со буџетот за 2021 година предвидовме повеќе средства за заштита на животната средина, за развој на спортот во општината, посебна грижа и поддршка за децата со посебни потреби. Исто така, предвидовме и изградба на детската градинка „Црвенкапа“ во стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување на децата. Хортикултурно ќе уредиме уште две површини – на бул. „Јане Сандански“ и на бул. „АСНОМ“ зад Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), а ја почнавме и постапката за изградба на нова општинска административна зграда. Наскоро ќе заврши и изградбата на 4 нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“. Исто така, наскоро ќе почне реконструкцијата на Амбулантата во населбата Лисиче, а во напредна фаза е и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, кој ќе биде готов наесен.

П. Кои Ви се плановите во делот на урбанистичкиот развој на Аеродром? Кои се Вашите следни активности со кои конечно ќе ставите ред во овој сектор?

– Во новата стратегиска платформа, една од четирите точки е модернизација на урбаното живеење. Работиме на тоа постојната индустриска зона покрај булеварот „Трета македонска бригада“ да ја претвориме во модерно место за живеење. Предвидуваме ревизија и хармонизација на процесот на легализација, а тоа значи воведување нова европска практика, решавање што повеќе предмети годишно. Во рамките на новата стратегија во иднина граѓаните ќе можат да си проверат до каде им е предметот преку интернет. Исто така, ќе ги отвориме и урбаните заедници, преку кои граѓаните ќе можат да ги добијат сите овие услуги.

П. Дали сметате дека како градоначалник еднакво се залагавте за развивање на сите делови од Општината. Дел од граѓаните знаат да Ви замерат дека многу повеќе се инвестира во урбаниот отколку во руралниот дел на Општина Аеродром. Кој е вашиот став?

– Моја заложба во овие години е да има еднакво вложување и развој на сите делови од Аеродром. Во Горно и Долно Лисиче во изминатите три години се реконструирани повеќе сообраќајници, а најважен е реконструираниот регионален пат Драчево – Јурумлери. Во делот на обезбедување услови за најмладата популација, пак, изградивме две детски игралишта во Долно Лисиче. Општина Аеродром во новата стратегија предвидува модернизирање на руралните подрачја во Горно и Долно Лисиче, каде што ќе се развие зона за рурален развој. Во делот на подобрување на квалитетниот начин на живот и развој на локалните можности за туризам, ќе се изгради и прв национален професионален голф-терен во државата.

П. Од кои досегашни проекти сте најзадоволни? Има ли нешто што сакавте, но не успеавте да го реализирате?

– Генерално сум задоволен од реализацијата на проектите. Мојот главен фокус беа еколошките проекти, а нивната реализација кулминираше токму во измината 2020 година, кога го зголемивме бројот на зелени површини и ја достигнавме бројката од набавени и засадени близу 10 илјади нови садници на различни локации. Особено сум горд на новите паркови во Мичурин и во Бојмија во населбата Острово, како и просторот во Мичурин кај Железничката станица, некогашна депонија, кој заедно со Град Скопје го претворивме во прекрасен парк. Исто така, оваа година Стар Аеродром ќе добие два нови парка, покрај улиците „Методија Шаторов-Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нови паркови има и меѓу булеварот Трета македонска бригада и касарната „Гоце Делчев“. Исто така, реконструиравме и изградивме над 20 детски и спортски игралишта, изградивме и нова градинка во Ново Лисиче, „Буба Мара“, наскоро ќе почне изградбата и на објектот „Црвенкапа“ во стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување деца. Исто така, во тек е реализацијата на изградбата на 4 нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“, со што решивме децениски проблем со одењето во трета смена на учениците. Од оваа есен учениците во Лисиче ќе добијат и нов објект во училиштето „Димитар Македонски“. Очекуваме оваа година и почеток на реконструкцијата на амбулантата во населба Лисиче и изградба на Домот на спортовите со помош на Владата.

П. Општина Аеродром, особено Лисиче со години наназад е најзагаденото населено место. Што направивте како Општина за да се намали загадувањето конкретно во Лисиче каде што речиси 90 отсто од населението се грее на дрва. Дали досега некој бил казнет што несовесно покрај дрва согорувал и пластика и гуми?

– Ние како општина сме многу посветени на решавање на овој проблем. Уште од почетокот на мојот мандат и во текот на изминатите три години од раководењето со општината, моја цел беше и е да создадеме чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. На тој план направивме многу. За три години засадивме 10.000 нови високостеблести дрвја, изградивме нови паркови и нови зелени површини, обезбедивме прочистувачи на воздух за сите детски градинки и основни училишта, секоја година доделуваме субвенции за велосипеди, инвертер-клими, печки на пелети, за чистење оџаци, организиравме многу еко-акции, исчистивме голем број мини депонии. Неодамна во населба Лисиче се поставени три мобилни уреди за мерење на воздухот 24 часа на ден, со кои во секој момент може да се увиди нивото и местото на загаденост. Направена е нова реорганизација на инспекциските служби, кои сега во соработка со Град Скопје ја интензивираат работата на терен.

П. Станавте прва општина со европско знаменце. Што значи тоа за граѓаните на Аеродром?

– Општина Аеродром е прва општина што декларира дека во наредниот период во целост ќе практикува европски вредности и стандарди и ќе имплементира европски развојни проекти. Станува збор за платформа што вклучува голем број проекти за развој на урбаното живеење, но и низа проекти што се однесуваат на руралниот дел од Општина Аеродром. Планираме соработка со општини од регионот и од Европа, со кои заеднички ќе аплицираме во европските фондови за развој. Едноставно ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за да им овозможиме подобар квалитет на живеење на нашите жители. Предвидено е воведување нова европска, системски базирана методологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината. Ќе продолжат инвестициите во поквалитетно образование – ќе се обезбедат смарт-табли, ќе се постават фотоволтаици како еколошки извори на енергија во сите училишта, како и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште во соработка со Скопскиот плански развоен регион и Светска банка.

П. За месец-два неофицијално ќе почне изборната кампања. Дали ќе „трчате“ за втор мандат?

– Моментално сум фокусиран на дозаокружување на реализацијата на проектите што ги ветив во предизборната програма и ќе продолжам активно да работам на приближување и подобрување на услугите на граѓаните и во претстојниот период. Имајќи ги предвид сите успешно реализирани проекти додека сум на чело на Општина Аеродром, подготвен сум да влезам во трката за втор мандат и да ја побарам поддршката од граѓаните.

https://www.slobodenpecat.mk/intervju-zlatko-marin-gradonachalnik-na-opshtina-aerodrom-ednakvo-vlozhuvav-vo-razvojot-na-site-delovi-od-opshtinata/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 06-Mar-2021 at 20:50
Деновиве се врти по интернет едно видео со поставени детски лулашки во Усје. Некој талент ги поставил така лошо да од лизгалицата директно се иде на улица.

Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #619 Posted: 08-Mar-2021 at 18:56
Арачиново е единствената општина во Македонија што воопшто не наплатила данок на имот, покажува истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации.

Општината за 2017, 2018 и 2019 воопшто нема даночни обврзници.

Тоа што е потрагично е што образложение на локалната самоуправа е оти немаат таква база на податоци, односно дека кај нив не постои даночно одделение.

Данокот на имот е еден од главните извори за полнење на општинските каси. При лошо менаџирање се бараат пари од централната власт. На тој начин Владата од државниот буџет му даде на Арачиново 500 000 евра неповратна помош на крајот на 2020 година.

Покрај Арачиново, половична наплата на данокот има во Тетово (55%), Липково (51%), Врапчиште (46%), Желино (42%), Гостивар (40%), Центар Жупа (36%), Долнени (34%), Студеничани (32%) и Маврово и Ростуше (27%).

Наспрема ова, најдобра е наплата во Македонски Брод (97%), Ѓорче Петров (97%), Велес (97%), Зрновци (96%), Чешиново-Облешево (96%), Македонска Каменица (96%), Илинден (96%), Кавадарци (95%) и Аеродром (95%).




Огромни приходи има во центар, карпош, аеродром и се трошат на партиски вработувања и ништо друго. Затоа освен клупи ништо друго немаме, а многу даваме.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #620 Posted: 05-Apr-2021 at 12:08
Мавровчани го креваат гласот, најавуваат бојкот на локалните избори и барање за враќање на општината

Ова беззаконие веќе не може да се трпи. Мора нешто да се прави. Мора да си ја вратиме општина Маврово и да преземеме мерки против урбанистичкиот хаос, непочитувањето на стандардите, загадувањето на езерото, исчезнувањето на рибата од Мавровското Езеро, нефункционирањето на комуналните служби, неконтролираната сеча на шумите..., велат жителите на мавровските села Маврово, Леуново, Никифорово и населбата Маврови Анови.

Последното што ја прели чашата на незадоволството на мавровчани е најавата за наводна изградба на џамија пред влезот во Маврови Анови, на парцела каде што одамна е истечена дозволата за градба. Тоа не смее да се дозволи, во еден глас рекоа мавровчани на неодамнешниот собир во просториите на некогашната општина Маврово и тука беше за првпат најавен можниот бојкот на локалните избори.

Во Општината Маврово-Ростуше веќе одамна работите не функционираат како што треба. Оваа година ретко кога се чистеше ѓубрето околу езерото, па дел од сопствениците на викендиците сами собираа средства за ангажирање на работници и камиони за празнење на кантите за ѓубре и покрај брегот на езерото. Сѐ почесто снемува вода и струја по куќите.

Локалното население, заедно со „викендашите“ одамна предупредуваат на тоа дека голем дел од хотелите и угостителските објекти околу езерото отпадните води ги испуштаат директно во езерото. Ретко кој хотел тука има пречистителна станица. А и тие што имаат се стари и не им функционираат.

И конечно пред еден месец Инспекторатот за животна средина и официјално го регистрира тоа на што јавноста укажуваше цела година и потврди дека хотелите Радика, Бистра, Спорт, Лодге и Алпине, помали погони, како на пример ЕуроЕдил, Новитет и Техно Блок, сите лоцирани во село Скудриње, немаат пречистителни станици или елаборати за заштита на животната средина. До крајот на март, изјавија тогаш од инспекторатот, ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на неправилностите. Информациите од овој надзор сѐ уште се чекаат.

Дел од жителите на Никифорово се на суд со Националниот парк Маврово за неконтролирана сеча на нивната, приватна шума. Ај што неконтролирано вршат сеча на шума на државно земјиште, се забораваат па тоа го прават и по приватните шуми, велат тие.

Во Општината Маврово-Ростуше се чини дека функционира само издавањето на дозволи за градба. Како никогаш досега во Маврово се гради и покрај сериозните проблеми со инфраструктурата. Од општината признаваат дека не секогаш се почитува стандардот за забрана за градба во заштитниот појас во Националниот парк и дека не секогаш се почитува одредбата од Законот за води за забрана за градба од 50 метри од максималната кота на Мавровското Езеро. Но, за тоа секогаш има некакво објаснување со поинакви толкувања и решенија од Министерството за транспорт и врски, од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЕСМ, државната компанија која стопанисува со езерото.

За сите овие проблеми, велат жителите од месните заедници од селата Леуново, Никифорово, Маврово и населбата Маврови Анови, веќе е информиран и државниот врв и очекуваат соодветна реакција од нив. Во спротивно најавуваат дека на денот на локалните избори ќе се организираат и ќе ги блокираат сите патишта на службениците кои ден пред тоа ќе го носат гласачкиот материјал во оваа општина. А веќе се работи и на моделите за тоа како Маврово пак да стане општина во границите како и претходно.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/mavrovchani-go-krevaat-glasot-najavuvaat-bojkot-na-lokalnite-izbori-i-baranje-za
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.211 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.