build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 18-May-2009 at 20:50
ОПШТИНИТЕ ГИ ПОСТАВУВААТ, ПА ГИ ЗАБОРАВААТ
Никој не се грижи за детските игралишта

За детските игралишта кои се градат со донации од странски организации, амбасади или, пак, со средства од Општините никој не води сметка. Општинските власти ги поставуваат, а потоа никој не ги чува. Не се ангажираат чувари, а и се поретко се заклучуваат затоа што нема кој да ја преземе обврската за нивната грижа. Иако од пред извесно време практика е новоизградените игралишта да се оградуваат, ни тоа не помага многу зашто набргу потоа тие завршуваат со разбиени врати и со оштетени и искршени реквизити. Меѓу несредените игралишта се тие во центарот на градот, кај зградите зад Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и кај Зелениот пазар. Таму одамна стојат искршени и рѓосани лулашки и искривени клацкалки. Игралиштето кај касарната „Илинден“, спроти новата американска амбасада на Кале, кое е странска донација, никој не го одржува ниту го обезбедува. Жителите од населбата Француски Гробишта велат дека местото одамна е претворено во ѓубриште и таму веќе нема ниту еден здрав реквизит. Тие тврдат дека просторот во летниот период, жителите од ромската населба го користат за свадби. Запуштени и искршени игралишта со неупотребливи реквизити има и во Карпош, а скопјани реагираат дека местата сега наместо малите деца ги користат тинејџери, кои тука се собираат. - Престанав да ја носам ќерка ми на игралиштето зад Драмскиот театар затоа што лулашките се скршени, а тобоганот е оштетен и се случува децата да си ги искинат алиштата кога се спуштаат по него. Во прво време имаше чувар кој се грижеше и за хигиената и за реквизитите, но дали потоа Општината го повлече, не знам. Игралиштето е во лоша состојба веќе цела година и таму сега се собираат тинејџери за да пијат “ тврди Марија од Карпош 2. Надлежните од Центар велат дека немаат практика да најмуваат чувари за детските игралишта. Сите такви места им биле оградени и навечер заклучени, а клучот го чува некој од Урбаната заедница што живее во близина. За одржување на реквизитите е задолжена фирмата која ги поставува. - Пред година и половина ги оградивме постојните игралишта, а редовно поставуваме огради и на сите нови кои ги градиме. Но вандалските однесувања не може да ги спречи ни железна ограда. Бидејќи триесетте игралишта колку што ги има во нашата општина се во централното градско подрачје очекуваме помош и од полицијата “ објаснува Лидија Неделковска од Општина Центар и додава дека, сепак, случаите на кршење на реквизитите се намалиле во изминатиов период. Од Карпош велат дека игралиштата изградени за време на првиот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски имале чувари и во тој период биле зачувани, но поради оптоварување на буџетот подоцна службите биле редуцирани и на крајот отпуштени. - Со тоа голем дел од нив се руинираа, како од поголемите деца кои ги искршија, така и од забот на времето. Со повторното доаѓање на Јакимовски, во тек е постапка за собирање тендерска документација за реконструкција на сите игралишта, а по барање на жителите на општината ќе се изградат и нови “ вели Виолета Цветковска, портпаролка на Општината. Властите во Аеродром, пак, најавија дека ќе се прават модерни игралишта, обезбедени со камери на кои родителите ќе може да си ги гледаат децата додека си играат. Се најави и поправка на педесетина стари игралишта, но властите не посочија кој ќе биде задолжен да ги одржува и надгледува реквизитите.



Да да, се разбира...

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1708&ArticleID=114080
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 19-May-2009 at 17:36

sea napraija igraliste u park vo koj veke ima 4 i celoto e postaveno na beton...valjda ne planiraat i drugive igralista so kameri (WTF) da gi napraat isto...(zboram za aer)

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 14-Jun-2009 at 17:04
На 13-06-2009 по втор пат се запрашуваше Скопје за комарци



Ановите буквално прелетуваа над глава
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 14-Jun-2009 at 17:06
Eeek2
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 14-Jun-2009 at 17:38
Јас не ги видов ама ги слушнав. Од прелетот се пренесоа вибрации на зградата и трепереше неколку секунди од кога помина авионот. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 14-Jun-2009 at 17:56
Кај мене се се тресеше, буквално ми помина над глава. Nuts
Иначе беа првиот пат 4 авиона, но вториот пат мислам само три ан-а
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 14-Jun-2009 at 18:59
владимир, не знам кај живееш, ама јас живеам на девети спрат, и минатиот пат буквално ми прелетуваа на пет метра од моите прозори, ме будеа со вибрациите и бучавата во почеток на зората Nuts
е сега бидејќи обожавам авиони, сепак останував да ги гледам како вртат низ градот Big%20smile

само сигурен ли си дека е втор пат?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 19-Jun-2009 at 18:15
Уредување на кејот во Куманово (www.kumanovo.gov.mk)...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 20-Jun-2009 at 00:01
ми се допаѓа зеленилото





Edited by zabegan - 20-Jun-2009 at 00:02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 22-Jun-2009 at 11:42

Пукната водоводна цевка ги нагризува темелите на зграда кај Зелен пазар

Станарите трет месец чекаат „Водовод“ да им го санира дефектот

Снежана Калабакова

Станарите од вториот влез на зградата број 32 на булеварот „Кочо Рацин“ трет месец веќе мака мачат со пукнатата главна водоводна цевка во подрумските простории. Уште во април ги алармирале службите на ЈП „Водовод и канализација“ да дојдат и да ја заменат пукнатата цевка, но проблемот се' уште не им е решен. Неколку пати стручни лица од претпријатието доаѓале и го детектирале дефектот. Станарите се подготвени да платат за поправката колку што ќе треба, само да се реши проблемот. Велат дека од течењето на цевката во подрумот дневно црпат по петнаесетина кофи вода, па стравуваат дека влагата веќе им ги поткопува темелите на зградата која е изградена во 1952 година.

Штом се влезе во објектот се чувствува силна реа на влага и мувла, а се наѕираат и раскопани ѕидови пред подрумските простории. Ништо не останало и од бетонскиот плочник под скалите што водат до подрумите. Станарите велат дека го слушаат шумењето на водата некаде во темелите и тоа многу ги плаши, бидејќи и мала сеизмичка активност на земјиштето за нив може да биде катастрофална.

Од „Водовод“ им било речено дека пукнатата цевка е надвор од вентилот, што значи дека обврската за поправка е нивна и тие сами треба да копаат до оштетениот цевковод или, пак, да ангажираат приватна фирма и потоа да ги повикаат службите од „Водовод“. Од Градот им објасниле на станарите дека во случај ако не можат сами да го решат проблемот, ќе мора да поднесат барање до „Водовод и канализација“. Притоа ќе треба да уплатат аванс од 30.000 денари, под услов сами да го организираат ископот и кршењето на бетонот во подрумите. Потоа „Водовод“ ќе го санира дефектот.

„Во зградата има дефект под водомерната шахта, а таа ги разграничува обврските меѓу ЈП ’Водовод и канализација‘, како давател на услуги, и корисниците. Очигледно дека дефектот е во надлежност на странките, кои треба да го санираат во сопствена режија“, објаснија од одделението за информирање во Градот.

„Во претпријатието навистина немаат разбирање. Ние најдовме приватна фирма, но од ’Енергомонт‘ ни рекоа дека само во ’Водовод‘ имаат таков инструмент, со кој може точно да се утврди каде е пукната цевката. Тоа и им го кажавме. Како ние сами да го кршиме бетонот и да копаме за да дојдеме до цевката, ако не знаеме тоа стручно да го направиме. Со црева и со кофи ја црпиме водата. Деновиве повторно се јавувавме во ’Водовод‘, но постојано не' лажат дека ќе дојдат“, вели Крсто Минговски, станар од зградата број 32.

Јорданка Романова, која живее во вториот влез, вели дека ако „Водовод“ им го реши проблемот станарите се подготвени да го платат она што претпријатието ќе им го фактурира. Само така шестемина постојани станари ќе можат да го обезбедат и оној дел од парите што треба да го платат нивните соседи, кои не живеат во зградата, а становите им се издадени на фирми, кираџии.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FC43A1F23A1F114AB7FA1FECFFDE3540

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 22-Jun-2009 at 11:44
Добро у водовод има ли некој паметен?! Во целиов случај највеќе губи водовод со целата таа непотребно излиена вода од нивната мрежа. Водомерите се по становите на граќаните и оваа вода никој нема да им ја плати. Наместо да се потепаат први да го санираат дефектот уште па паметни као демек важи не било нивни проблем! 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 02-Jul-2009 at 14:29
ЗАЈАКНУВАЊЕ ВО КОМУНАЛНАТА СФЕРА
Во Скопје ангажирани 1.650 луѓе

Првите дваесет работници, кои со одлука на Владата се ангажирани како дополнителна сила во комуналната сфера, од вчера почнаа да работат на локации во Градскиот парк. Според градоначалникот Коце Трајановски, од петте илјади работници за кои беше распишан оглас пред еден месец, во градот и општините се ангажирани 1.650 луѓе. - Како град ние вработивме 330 луѓе во јавните претпријатија „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“. Покрај дваесет луѓе кои ќе го чистат новиот и стариот дел од паркот, работници се ангажирани и на кејот на Вардар, парк-шумите Водно и Гази Баба “ вели Трајановски. Во јавните претпријатија овие работници ќе бидат задолжени за миење на улиците, чистење мини-депонии, на коритото на Вардар и за ископи и други работи поврзани со водоводната мрежа. Градот решил покрај 6.300 денари кои на вработените месечно ќе им ги исплаќа државата, да им дава дополнителни 2.700 денари, а намирени ќе им бидат и трошоците за осигурување. Градоначалникот напомена дека овие вработувања се во пониските структури на јавните претпријатија, а превработеноста за која тој зборуваше пред извесно време, се однесувала на повисоките структури. Тој вели дека нема отпуштања, ниту смена на директори во претпријатијата.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1746&ArticleID=116928
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 04-Aug-2009 at 11:17

Отстранет кран што 16 години висел над Автокоманда

Жителите на една зграда конечно добија помирен сон, откако јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор во соработка со градежната компанија „Пелагонија“ го размонтираа кранот заборавен откога се градел објектот

%20
По цели 16 години е тргнат кранот над зградата со број 6 на улицата 16 Македонска бригада во населбата Автокоманда, со што се отстранети и сите опасности од него, од кои се жалеа жителите. Тие велат дека добиле известување од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор дека се подготвува акција да се демонтира оваа железна конструкција, што уште од 1993 година им висела над главите. Граѓаните се вселени во комплексот веќе две години. Толку време живееја под застарен кран, кој можеше во секој момент да се урне.

- Кога дојдоа работниците да го расклопат кранот не ни се веруваше. Сега местото ќе го уредиме со зеленило и со клупи и ќе направиме парк. По толку години поминување под кранот, сега првпат се почувствував слободно. Страшна беше сликата кога пред еден месец имаше невреме и ветар на кој кранот постојано се вртеше во круг. Околните жители стоеја на прозорците од своите станови и чекаа секој миг да падне некој од бетонските блокови и да ја сруши половина зграда. Конечно надлежните се смилуваа на нашата мака и направија нешто како што треба - објаснува дедо Тоде, жител на населбата Автокоманда.

Некои од околните жители велат дека кранот ќе им недостига, бидејќи се навикнале на неговото присуство и претставувал средство со кое полесно да објаснат каде живеат.

Од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор додаваат дека долго време се залагале да го решат одложуваниот случај и да го тргнат кранот од населбата Автокоманда.

- На тендер беше избрана компанијата „Пелагонија“ која ни помогна да го тргнеме кранот. Тој е сега во наша сопственост и се наоѓа на наш плац - рече Владимир Бахчовановски, директорот на претпријатието.

Пред два месеци од ЈПССДП се правдаа дека постапката за да се тргне кранот се одложувала поради обжалување и пропаѓање на трите тендери кои биле распишани за да се избере фирма која ќе сака да го купи и да си го земе.

Зградата со број 6 на улицата 16 Македонска бригада почна да ја гради градежната фирма АД „Техника“, која и го поставила кранот. Но, таа отишла во стечај и не успеала да ја доврши работата. Потоа градежните работи ги продолжила фирмата „Промотинг“, која ја довршила зградата, но тие немале надлежност да го тргнат кранот, бидејќи не бил нивни.

Од општината Гази Баба, исто така, додаваа дека не можеле да преземат ништо, бидејќи станувало збор за приватно земјиште, дека фирмата која го поставила била во стечајна постапка, но дека нивните инспектори биле на терен и ги информирале надлежните служби за да се најде решение за кранот и да не настрада никој од нивните жители.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=849111209&id=14&prilog=0&setIzdanie=21754
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 05-Aug-2009 at 22:08
Водата од климите и понатаму си капе!


Со измените на Законот за градежништво, климатизерите стануваат дел од градежните стандарди и за контрола на истечните води од нив надлежни се градежните инспекции во општините за санкционирање на прекршителите, информираат службите на Град Скопје


Станарката во повеќекатница на улицата Даме Груев во центарот на градот, пензионерката Лилјана Попова револтирано вели дека секое утро мора да ја собира водата од својата тераса која капе од комшискиот клима-уред.
-Водата која капе од климата, фактички не доаѓа од комшијата над мене туку од погорните катови над мене и директно се сливаат на мојата тераса. Принудена сум да чувам крпи и стари пешкири за да ја соберат водата која се слива, - вели Лилјана која објасува дека водата која беспрестано и тече не само по терасата туку и по ролетните, деновиве и ги скапале целосно и скоро сите ролетни.
-Доколку бидам принудена случајот ќе го пријавам во инспекција. Му предложив на куќниот претседател да се попишат сите клими во зградата кои немаат сигурен одвод на водата и тој проблем или да се реши заеднички еднаш за секогаш или да викнеме инспекција па тие да направат записник. Доколку тоа не се санира во наредните два до три дена, планирам сама да го пријавам случајот во комуналната инспекција. Јас своето црево од мојот клима-уред, уредно го имам спроведено во самиот олук на зградата. Ако можам јас да водам сметка, можат и другите - вели Лилјана која својот реши да го објасни јавувајќи се во нашата Редакција..

Во таа насока побаравме информации од градските власти да објаснат дали постои било каква регулатива за овие разладни уреди од кои, особено во централното градско подрачје, треба да се шета со чадор над глава.

Со измените на Законот за градежништво, климатизерите стануваат дел од градежните стандарди и за контрола на истечните води од нив надлежни се градежните инспекции во општините за санкционирање на прекршителите, информираат службите на Град Скопје.
Во комуналната инспекција во Општина Центар велат дека во овој период имаат по некоја пријава за непрописно поставен одвод за клима-уред.

Освен што реагирааме по добиените пријави на граѓаните, комуналните инспектори и самите организираат акции за проверување дали одводите за вода од разладните уреди правилно се поставени. Доколку се увиди на терен прекршок на прописите и капењето нанадвор од објектот, сопственикот најпрво ќе биде опоменат а подоцна и казнет доколку тој не преземе ништо, дали тоа било физичко лице или правен субјект, велат надлежните од Општина Центар.

МАЛКУМИНА ЦИВИЛИЗИРАНИ ВО СКОПЈЕ
Само на две локации овој проблем е решен уште при самата изградба на објектите. Едната е на булеварот "Осми септември" во населбата Тафталиџе. Таму, на новата станбена зграда уредно се поставени климатизерите и нивниот одвод. Другата е во Дебар Маало, во комплексот згради на местото на старото кино Карпош, каде со систем на мини олуци е спречено истекувањето на водата.

ДОСЕГА НИЕДЕН КАЗНЕТ
Иако постои и парична казна со измените во Законот за Градежништво, во оние неколку општини што успеавме да исконтактираме и побараме информации за било какво санкционирање на овој проблем во секојдневието, општините засега немаат податоци за било каква пријава или казна на прекршителите на овој кумунален проблем.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0BC114115A99DE49BBD7D0F2117777E8
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 07-Aug-2009 at 13:52
Говорниците станаа огласни табли

Градските говорници се искршени и исчкртани со еден куп броеви за разни огласи

Во дефект и целосно искршени се речиси сите телефонски говорници во Скопје. Телефонските апарати се без сигнал, со искинати кабли и преполовени слушалки, а кабините се изналепени со разни огласи. Не работат ниту специјалните говорници за инвалиди кои пред неколку години, на барање на Друштвото на инвалиди во Македонија, беа поставени на 35 локации во градот. Проблемот со градските говорници не е од вчера. Скопјани веќе со години трчаат од една до друга говорница на градските улици со надеж дека ќе можат да се јават, но, како што велат, бадијала. Речиси сите кабини ги наоѓале искршени и исчкртани со еден куп броеви за разни огласи.
"Веќе навикнавме дека Скопје е град без јавни говорници. Не верувам дека вакво нешто се случува во кој било друг град во земјава и во светот. Вчера бев во ГТЦ и десетина минути барав нова говорница, бидејќи морав итно да се јавам, а немав од каде. Кога се распрашав дали некаде има исправна говорница, ми рекоа да проверам во Капиштец, па нормално се откажав оти нема логика за еден телефонски повик да трчам од Центар до Капиштец и пак да не е сигурно дали тој телефон работи. Ако не за повик барем ни користат како огласни табли", се пожали една скопјанка.
Објаснување за непријатните случки на граѓаните со јавните телефонски говорници вчера не добивме од "Телеком", оти беа недостапни за изјава. На територијата на Скопје има околу 600 телефонски говорници на сите пофреквентни локации во градот, близу здравствени установи и образовни институции, но ниту една не функционира.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=EEC15A53C50AEC468CFE933DA41126E1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 07-Aug-2009 at 13:53
Секоја ноќ моторџиски трки на Првомајска

По полноќ децата ги паркираат моторите и скутерите пред "Тинекс", кај општинските бараки, се групираат во неколку групи и почнуваат да дивеат до разденување. Зборно место на моторџиите им е просторот пред "Тинекс" маркетот, од каде што и почнува трката

И летово најинтересна патека за трка со мотори и скутери е улица Првомајска во Општина Кисела Вода. Секоја вечер малолетници ги јавнуваат моторите и скутерите, се групираат во неколку групи и дивеат до разденување. И годинава ја возат истата маршрута.
По полноќ децата ги паркираат моторите и скутерите пред "Тинекс" и почнуваат да се подготвуваат за трката.
Трката стартува од детското паркче, спроти општинските бараки, се дивее по Првомајска, потоа моторџиите вртат на улицата Народни херои и возат до раскрсницата кај Димо Хаџи Димов. Кај раскрсницата вртат лево на Мариовска за да одморат. Се одмораат петнаесет минути, возат неколку круга на Мариовска и, по истата маршрута, се враќаат назад. Потоа доаѓа нова група моторџии и трката продолжува до раните утрински часови.
Од ноќното дивеење на моторџиите тамошните жители немаат сон.
"По цели ноќи не можеме око да склопиме. Неподнослива бучава се слуша секоја ноќ. Во нашата зграда има многу мали деца што се плашат од брмчењето на моторите. Никогаш не сме виделе полиција на улицата да ги брка, а нас не можат ни да нe слушнат кога ги бркаме", се жали жителка на Првомајска.
ОД МВР велат дека досега граѓаните не ја пријавиле трката со мотори. Од таму велат дека на Првомајска има полициски патроли, но не постојано. Доколку граѓаните се пожалиле на неподнослива бучава од мотори, полицијата веднаш ќе излегла на терен за да ги казни.
Проблемот со моторџиските трки на Првомјаска Општина Кисела Вода го пријавила во подрачната полициска станица за безбедност на патиштата и сообраќајот. Општинарите велат дека веќе секоја вечер патролираат полицајци на улицата и доколку ги фатат моторџиите, соодветно ќе ги казнат.
Минатата година Општина Кисела Вода постави радари за ограничување на брзината на возилата, но и покрај тоа, моторџиите летово пак се тркаат.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=78F1AD50556B2D4F8BC1AA376985F2D8
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 10-Aug-2009 at 04:00
Зачувување на старата амбиентална архитектура во Куманово


Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово е рускиот инженер Владимир Антонов. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот дом, Бановинската градска болница, Соколарскиот дом и Хотел "Куманово"


Кумановскиот огранок на Асоцијацијата на архитекти ќе побара од локалната власт формирање стручен тим, кој советодавно ќе влијае на зачувување на старата амбиентална архитектура во градот.

Според претседателот на кумановскиот огранок, Горан Митевски, во Куманово има значителен број објекти со сочувана амбиентална архитектура.
- Пожелно е со урбанистичкото уредување станбените и објектите од јавен карактер да не може да се доградуваат доколку не добијат одобрение од Асоцијацијата на архитекти со цел за зачување на старата амбиентална градба, смета Митевски.

Станбените објекти се лоцирани на улиците "Ленинова", "Моша Пијаде", "11 Октомври", "Илинденска", "Иво Лола Рибар", и во строгиот центар на градот.

Од здружението на архитектите го поздравуваат зачленувањето на Куманово во Асоцијацијата на градови со стара амбиентална архитектура. Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово е рускиот инженер Владимир Антонов. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот дом, Бановинската градска болница, Соколарскиот дом и Хотел "Куманово".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1738258E0D55E64DA2647A74E6D9167C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 13-Aug-2009 at 00:23

Граѓаните сами си местат громобрани

Има примери кога две-три семејства се организираат и ставаат громобран за соседството, како што е случајот со неколку куќи во Бардовци и на Водно, а како куриозитет, еден граѓанин си постави громобран на бачилото

Се' почестите невремиња годинава предизвикаа да се зголеми интересот кај граѓаните за поставување громобрани за заштита на куќитеод громови.Од Управата за хидометеорлошки работи велат дека годинава е рекордна по бројот на ударите од гром. Летово облаците достигнуваат големи височини и имаат голема енергија, поради што громовите се и многу силни. Во фирмите што се занимаваат со поставување на громобрани велат дека резултат од таквото време е поставувањето „приватни“ громобрани по домовите.

Кај нас ниту една институција не води евиденција на кои локации е неопходно да се постави громобран, па граѓаните ги местат ваквите уреди на своја рака. Милорад Димишковски од населбата Стопански Двор вели дека вложил многу пари во својата нова куќа, а ниту една осигурителна компанија не му понудила осигурување што ќе му ги надомести штетите од атмосферски електрични празнења, па решил сам да си постави громобран.

- Вложив многу во мојата куќа и сакав да се заштитам од громови. Со години плаќав осигурување на имотот во една наша компанија. При едно невреме поради електрично празнење во бандерите во околината ми се расипаа телевизорот, телефонот и неколку апарати во кујната. Кога се обратив до компанијата ми рекоа дека осигурувањето од гром подразбира само исплата на штетата ако ми се запали куќата. Тогаш решив сам да се заштитам. Успеав од Австрија да си увезам громобран и според сите пропишани стандарди сам си го монтирав. Сега помирно спијат и моите соседи, оти громобранот ги штити и нив - вели Димишковски. Една од фирмите-увозници на електронски нерадиоактивни громобрани вели дека во земјава не постои правилник за тоа кој каде смее да постави громобран. Сепак, се' повеќе граѓани бараат да им се постави громобран , бидејќи куќите им се „погодни“ за удари од гром.

- Во зависност од параметрите и додатоците на громобраните се формира и цената. Тие се изработуваат во повеќе димензии, а можат да штитат објекти во радиус од 40 до 100 метри, битен е заштитниот чадор. Цената на уредот се движи од 900 до 3.000 евра, а потребни се уште најмногу 1.000 евра за изградба на придружните градби и за заземјување. Новите громобрани не се радиоактивни, безопасни се за околина и не предизвикуваат несакани дејства. За жал, во земјава се' уште има радиоактивни громобрани и никој не води сметка зошто тие со години стојат на објекти со луѓе - велат од фирмата што увезува француски електронски громобрани.

Оттаму велат дека досега поставиле громобрани на дваесетина станбени објекти. Има и примери кога две-три семејства се организираат и ставаат громобран за соседството, како што е случајот со неколку куќи во Бардовци и на Водно. Како куриозитет, еден сопственик на бачило си постави громобран на бачилото.

Од фирмата додаваат дека громобран поставиле и на Милениумскиот крст на Водно, каде што само во оваа сезона се регистрирани стотици удари. Вакви уреди има на претседателската вила на Водно, Националната арена „Филип Втори“, аеродромот „Александар Велики“, Собранието, голем број објекти на Министерството за одбрана, повеќе објекти на ЕЛЕМ и на многу други компании.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=505840AF3B9D14418B7A807104E427BB
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 21-Aug-2009 at 22:16
Чистење на речни корита

Ќе се чистат речните корита на Вардар, Брегалница, Лепенец, Пчиња, Црна Река и Драгор. Одлуката ја донесе министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески со Главното координативно тело, стопанските комори во земјата, АРМ, јавните претпријатија и градоначалниците на општините, кои се вклучени во реализација на Акцискиот план.
-Со акцијата која е продолжение на интервентната акција за чистење на реката Вардар која Владата успешно ја реализираше во 2008 година, ќе се обезбеди целосно чистење и регулирање на коритата на реките Вардар и Брегалница, дел од Лепенец, Пчиња, Црна Река и Драгор, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Министерот упати апел до градоначалниците, јавните претпријатија и градежните компании да ги вклучат своите расположливи ресурси за целосна реализација акцијата.
Со акцијата ќе се спречи излевање на водите и загрозување на месното население, материјалните добра и земјоделските површини, а ќе се подобри и еколошкиот амбиент околу реките. Акцијата е предвидено да трае до крајот на октомври оваа година.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3F1C937006B2444C9E65BD2ACA93626D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 28-Aug-2009 at 22:19
Applause Applause Applause

Пресвета Богородице, сега премногу ни требаш во Скопје


 

Граѓаните на главниот град денеска го слават Денот на својата заштитничка, Мајката Божја, барајќи од неа заштита од планерите што цртаат градби насекаде, од градоначалниците што земаат дел и им даваат малку на планерите и од бизнисмените што градат сé и им даваат малку на градоначалниците

 
 
%20  

Стотици години граѓаните на Скопје на овој ден и се поклонувале на Пресвета Богородица, заштитничката на градот. И се молеле и барале од неа да ги заштити од зло, од болести, од глад... Знаејќи што сé му се случуваше и уште му се случува на главниот град, токму на овој ден, на 28 август 2009 година, треба повторно да и се обратиме на Пресвета Богородица. Бидејќи има многу нешта за кои треба да се помолиме и од кои треба да побараме заштита.
Да и се помолиме на Богородица да нé заштити од урбанистичките планери што само навидум наивно цртаат сé и сешто во своите детални планови, без оглед на последиците што ќе ги предизвикаат со изградбата на сите тие згради што ги предвидуваат. Новите маркички што ги внесуваат сé почесто изгледаат како да се направени кога им протекло мастилото од пенкалото, па неконтролирано паѓале капки насекаде врз листот хартија на кој е нацртан просторот, на тој начин зафаќајќи површини и што смееле и што не смееле да се узурпираат.

Да и се помолиме на Богородица да нé заштити и од нивните нарачатели, во форма на разни градоначалници што зборот „план“ го поистоветуваат со „плен“, па се трудат што поголем простор да запленат за себе, да станат градски татковци или мајки во вистинската смисла на зборот, бидејќи кај нив дома би живеел половина град. Нека нé заштити и од советниците што незаинтересирано креваат раце за да ги изгласаат тие планови, кои народот ги избрал, а не ги познава, затоа што не гледаат ниту сантиметар подалеку од своето советничко столче и од џебот во кој се трудат да набутаат што повеќе хонорари и надоместоци од општинските буџети што се полнат со парите од граѓаните за да се прават улици, тротоари, паркови, игралишта... Овие не се мерат во квадратни метри како градоначалниците, но често се подмачкуваат и со две-три плати, за одвај тридневен општинско-советнички ангажман во месецот.

Да и се помолиме на Мајката Божја за заштита и од нивните нарачатели, таканаречената бизнис-елита-урбана-мафија (мислам дека сите овие зборови се синоними), на кои им треба многу малку за од глава до петици да се покријат со легални документи за сите згради што ги прават во зелени зони, заштитени зони, врз траси на сообраќајници, врз игралишта и простори за рекреација, па дури и низ влезовите на соседните објекти. Да го чува градот од тие што од катните гаражи направија катни негаражи, од спортските хотели кинески ѕидови, а од трошните куќи висококатници.

На овој голем ден да и се помолиме на Пресвета Богородица да нé заштити од сите лажни надежи дека ќе добиеме подновен јавен превоз со автобуси на еден или на два ката. Воедно, да упатиме молба секогаш кога влегуваме во сегашните возила за јавен превоз да издржат до крајот на патувањето, да не им излета некој дел што сам себеси се прогласил за вишок. Ако го крстосуваме градот со автомобил, пак, треба да се помолиме да не поскапуваат горивата толку често и да не ги трошиме толку залудно стоејќи заглавени од еден до друг семафор. Не за друго, за да ни остане барем некој денар за свеќи во црква. Да не мораме да се молиме само гледајќи во крстот закачен на средниот ретровизор.

Да и се поклониме на Мајката Божја и да се помолиме да нé заштити од таканаречените „несовесни граѓани“, за кои секое празно место е невидлив контејнер за отпад, секое детско игралиште е магацин со стока што може да се пренесе во дворот, секое сезонско растение во парковите е украс за терасата, секоја шахта е еднаква на два леба и на три кутии цигари, а секоја канта за ѓубре е бесплатна тренинг-опрема за удирање клоци.

Да се помолиме. Но и да се заштитиме. Сите овие појави можеме и самите да ги искорениме и да станеме заштитници на својот град. Не мораме веќе да слушаме приказни дека ниту Господ ниту Пресвета Богородица не можат да го спречат ова или она. Можеби можат. Но им треба само малку помош.

 
   
Автор: Гоце Трпковски



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82792237321&id=13&prilog=0&setIzdanie=21775
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.404 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.