build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7782
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 07-Apr-2022 at 22:31

тоа за коли нема паркинг, не па за велосипеди
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 13-Apr-2022 at 12:57
КУЌАРКИТЕ НА КЕЈОТ ДА СЕ ИСПРАЗНАТ ЗА 15 ДЕНА Се користеле 4 години без договори

Претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, свесно ги оставил корисниците на куќарките на Кејот 13 Ноември четири години да ги користат противправно без да постои правен основ за нивно користење, соопштија денеска од Градот.

Оттаму додаваат дека ваквата состојба, која постои од 01.02.2018 година најмалку им одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа Градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата.

Од Градот појаснуваат дека овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, кој се продолжувал со анекс секоја наредна година. „Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат. Постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење. Во следниот период ќе се објави јавен повик на кој овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно за користење на куќарките.

„Апелираме до сите медиуми и граѓани во своите натписи да не шират дезинформации, сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење“, се додава во соопштението на Град Скопје.

https://plusinfo.mk/ku-arkite-na-ke-ot-da-se-ispraznat-za-15-dena-se-koristele-4-godini-bez-dogovori/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7782
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 14-Apr-2022 at 20:02
текстов еј... „Шилегов ги остави на милост и немилост корисниците на овие тезги, па затоа сега ние ќе им ги одземеме и ќе почнеме повторно да ги наплаќаме“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 07-May-2022 at 13:00
ФОРЦА“ НЕЗАКОНСКИ ГО ОДЗЕМА ИГРАЛИШТЕТО ОД ОУ „КИРО ГЛИГОРОВ“-Родителите утре излегуваат на протест

Родителите на учениците во основното училиште „Киро Глигоров“, во скопски Капиштец утре најавија протест против, како што велат комерцијалното отуѓување на игралиштето.

-При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови.

БАРАМЕ:

1. Итно стопирање на градежните активности

2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)

3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.

4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“

https://faktor.mk/forca-nezakonski-go-odzema-igralishteto-od-ou-kiro-gligorov-roditelite-utre-izleguvaat-na-protest
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 07-May-2022 at 13:14
Кај Железничка бивши Колосеум станал Skopje Event Center вечерва се отвара



На 07.05 ( сабота ) во срцето на Скопје, железничка станица - Skopje Event Center - најголемиот модерен евент центар на балканот ќе имате прилика да присуствувате на една одлична журка со еден од најдобрите “live” изведувачи, добро познатиот Zare Berber и мега атрактивната Katarina Grujic, кои се познаваат од “Farma Show”. Ви ветуваме одлична атмосфера и моменти за памтење, Бидете дел од една спектакуларна ноќ- не дозволувајте да ви раскажуваат.

https://www.facebook.com/nexteventskopje/

Патем за кратко време во Мичурин има наплив од нови кафичи кои создаваат огромен хаос во поглед на паркирање бидејќи се буквално на улица без ниту едно паркинг место.

Тука се отвора некој нов



една уличка подолу е Like Cafe



и на раскрсницата кај ОУ Блаже Конески има нов наречен Љубовна Куќичка и Блок Кафе



Така да овој концепт на домување во комбинација со деловни локали е тотално хаотичен и треба да се избегнуваат вакви миксови за во иднина.

Подобро ќе беше Острово,Мичурин и Стар Аеродром да имаат некоја трговска единица каде ќе бидат сместени неколку кафичи,маркет,аптека и нешто слично отколку ова што секој дуќан стана кафич,авто школа итн.
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 13-May-2022 at 16:57
Некое ново градилиште,знае ли некој каде е поточно?









https://www.facebook.com/baukop.com.mk
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2661
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 13-May-2022 at 17:14
Хиподром 2
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 13-May-2022 at 17:39
Originally posted by Staro Skopje

Хиподром 2


Станбено??
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 27-May-2022 at 17:01
КРОС ПАТЕКА ЗА ТРКИ СО МОТОРИ СЕ ГРАДИ КАЈ АКВАДУКТОТ, ИНСПЕКТОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ КОЈ ЈА ПРАВИ



Крос патека за трки со мотори се гради кај скопскиот аквадукт. Околу аквадуктот кој лани Владата го прогласи за споменик од особено значење деновиве со камиони се носи земја, песок и гуми.

Од „О2 Иницијатива“ на својата Фејсбук страна објавија фотографии од камиони кои носат земја за трасирање на крос патеката велејќи дека режимот на заштита на аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината.

„ Поднесовме претставка до Управата за заштита на културно наследство, Инспекторатот на Град Скопје и Општина Карпош, Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење“, велат од „О2 Иницијатива“

Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека уште вчера попладне по пријава излегле на терен и забележале дека се прави патека бидејќи имало истурено земја и поставени гуми.

„Инспектори и денеска беа на локацијата, но не затекнаа никого за да може да се знае кој ги врши овие активности и на кого да му пишеме пријава. И попладне ќе излеземе на терен, а во меѓувреме издаден е налог просторот да биде исчистен односно гумите и земјата да се отстранат“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

Со одлуката на Владата од лани Аквадуктот сега се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

„Со ревалоризацијата на аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита. Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита“, рекоа лани во април од Министерството за култура.

Аквадуктот сега е во одредени делови е пред распаѓање, тулите од столбовите паѓаат, а уште во 2019 година од Конзерваторскиот центар поднесоа пријава до непознат сторител бидејќи беа уништени 10 столбови. Тогаш полицијата го чуваше аквадуктот за да не дојде до негово целосно уништување.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kros-pateka-za-trki-so-motori-se-gradi-kaj-akvaduktot-inspektori-na-grad-skopje-baraat-koj-ja-pravi/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14205
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 30-May-2022 at 15:12
Од утрово има голем пожар во Тетово, наводно некој магацин за градежни материјали (меѓу кои и стиропор), и уште не е изгаснат. Се шират гласини дека за тој простор биле предвидени десетина нови згради за градење.



https://twitter.com/ja_dvojnik/status/1531210175767531520/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1794
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 30-May-2022 at 17:18
У Македонија нема потреба од палење објекти и шуми заради градење згради. Едноставно идеш, рушиш, и градиш. Тоа се муабети од Грција пред се кои доаѓаат кај нас, па сега луќето претпоставуваат дека има некакви задни намери.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 30-May-2022 at 17:18
ПРЕКИНАТА НАСТАВАТА ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТА ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ОД ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ПОФИКС“



Општина Тетово денеска донесе одлука да се прекине наставата во тетовските основни и средни училишта бидејќи воздухот е многу загаден од пожарот што утрово изби во склад за градежен материјал на фирмата „Пофикс“ од Тетово.

„Секторот за јавни дејности на Општина Тетово донесе одлука да прекине наставата во училиштата, а учениците да не престојуваат на отворен простор туку да се упатат во своите домови. Исто така апелираме до сите граѓани денеска и утре да останат во своите домови и без некоја поголема потреба да не излегуваат надвор. Ние со пожарникарите сме на терен и тие работат на гаснењето на огнот. Побаравме помош и од Општина Гостивар од нивната противпожарна единица како и од Град Скопје. Тие се одзваа на нашиот повик и сега со заеднички сили работат на локализирање и гаснење на пожарот. Исто така од МВР е побарано да се испрати и хеликоптер кој би помогнал во гаснењето на пожарот. Од досегашните информации што ги имаме од тука на теренот, нема повредени лица само неколку кај кои има лесно задушување“, изјави Бесар Дурмиши, претседавач на Советот на Општина Тетово.

Пожарот избил изутринава околу 9.30 часот во складишниот простор на фабриката за градежни материјали на формата „Пофикс“ кои се наоѓаат во поранешните простории на „Македонија Табак“. Во складовите имало најмногу складиран стиропор кој како лесно запалива материја, придонел пожарот брзо да се шири и тешко да се гасне. Пожарникарите прават огромни напори да го локализираат пожарот за да не зафат и други делови од складовите и фабриката. Вработените од фабриката и волонтери, забрзано од другите складишта изнесуваат големи количини стиропор за да не дозволат и тој да се запали. Во гаснењето на пожарот се вклучи и еден хеликоптер.

Густиот и црн чад кој се издига од запалениот објект достигна височина од над еден километар и се проширува над целата површина од градот и може да се види од повеќе километри оддалеченост. Тетово полека паѓа во полумрак од густиот чад, па се препорачува граѓаните кога се движат низ градот да носат заштитни маски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prekinata-nastavata-vo-tetovskite-uchilishta-poradi-zagadeniot-vozduh-od-pozharot-vo-fabrikata-pofiks/

---------------------------------------------------------------------------
ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО ДЕЛУМНО СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА, НО И ПОНАТАМУ НАД ГРАДОТ СЕ НАДВИВААТ ГУСТИ ОБЛАЦИ ОД ЦРН ЧАД



Борбата на тетовските пожарникари со големиот пожар во складот на фабриката „Пофикс“ и понатаму трае. Поради големата површина која ја зафати пожарот на нив напомош им притекнаа противпожарните единици од Гостивар, Скопје, Куманово, Кавадарци, и едно возило со специјална пена од аеродромот ТАВ.

Во гаснењето на пожарот учествува и градежната механизација од неколку фирми кои во цистерни носат вода, а се вклучи и еден полициски хеликоптер додека подоцна се приклучи и еден голем армиски хеликоптер. Во пожарот гори градежен материјал но најмногу стиропор поради што се излегува густ црн чад кој се надвисна над Тетово. Од Центарот за управување со кризи велат дека извршиле испитување на воздухот и дека во него не се детектирани отровни материи.

„Тим на македонската армија од четата за атомска, биолошка и хемиска опасност, влезе непосредно до самиот пожар и со најмодерна опрема, донација од САД, изврши испитување на воздухот при што утврдија дека нема отровни гасови. Испитување на воздухот беше извршено и во околината па така од аспект на отровни гасови, воздухот е безбеден. За секој случај ние очекуваме и дополнително испитување на воздухот иако има мала веројатност да постојат отровни гасови кои нивната опрема не може да ги детектира. Видливо е дека има зголемено ниво на ПМ10 честички што значи дека воздухот е загаден, но нема отровни гасови. Покрај полицискиот хеликоптер побаравме поддршка и од еден армиски хеликоптер за да ја одржува линијата на стопирање на ширење на пожарот“, изјави директорот на ЦУГ Стојанче Ангелов.

Поради густиот и црн чад претпладнево, кога изби пожарот, Општина Тетово донесе одлука денеска и утре да се затворат училиштата и градинките, а учениците и децата да се пуштат дома. Оваа наредба попладнево делумно е повлечена па утре наставата во тетовските училишта продолжува.

„Во оваа фабрика се произведуваат производи врз база на нафтени деривати, кои се високо запаливи материјали и затоа иако е локализиран пожарот уште гори. Граѓаните на Тетово беа во неизвесност дали има штетни материи во воздухот поради пожарот. Од информациите кои ги добивме од ЦУК веќе сме посмирени бидејќи е утврдено дека нема отровни материи во воздухот. Сакам да ги информирам сите граѓани дека нема некоја посериозна опасност по нивното здравје. Исто така ги повикувам сите училишта од утре да продолжат со образовниот процес кој денеска беше прекинат сé додека не ги добивме овие информации“, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Пожарот во складишниот простор на фирмата „Пофикс“ изби изутринава околу 9 часот и триесет минути. Складот се наоѓа во просториите на поранешното претпријатие „Македонија табак“, а веднаш до него се и работните погони на фабриката. Иако тетовските пожарникари многу брзо пристигнаа на местото на пожарот, поради силниот пламен предизвикан од лесно запаливите материјали не може да го изгаснат, а густиот чад исто така ги спречуваше поуспешно да интервенираат. Во пожарот нема жртви, а неколку вработени кои се обидувале да го изгаснат пожарот полено се повредени поради вдишување на чадот.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/pozharot-vo-tetovo-delumno-staven-po-kontrola-no-i-ponatamu-nad-gradot-se-nadvivaat-gusti-oblatsi-od-tsrn-chad/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 30-May-2022 at 17:20
Originally posted by stef4o

КРОС ПАТЕКА ЗА ТРКИ СО МОТОРИ СЕ ГРАДИ КАЈ АКВАДУКТОТ, ИНСПЕКТОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ КОЈ ЈА ПРАВИ



Крос патека за трки со мотори се гради кај скопскиот аквадукт. Околу аквадуктот кој лани Владата го прогласи за споменик од особено значење деновиве со камиони се носи земја, песок и гуми.

Од „О2 Иницијатива“ на својата Фејсбук страна објавија фотографии од камиони кои носат земја за трасирање на крос патеката велејќи дека режимот на заштита на аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината.

„ Поднесовме претставка до Управата за заштита на културно наследство, Инспекторатот на Град Скопје и Општина Карпош, Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење“, велат од „О2 Иницијатива“

Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека уште вчера попладне по пријава излегле на терен и забележале дека се прави патека бидејќи имало истурено земја и поставени гуми.

„Инспектори и денеска беа на локацијата, но не затекнаа никого за да може да се знае кој ги врши овие активности и на кого да му пишеме пријава. И попладне ќе излеземе на терен, а во меѓувреме издаден е налог просторот да биде исчистен односно гумите и земјата да се отстранат“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

Со одлуката на Владата од лани Аквадуктот сега се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

„Со ревалоризацијата на аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита. Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита“, рекоа лани во април од Министерството за култура.

Аквадуктот сега е во одредени делови е пред распаѓање, тулите од столбовите паѓаат, а уште во 2019 година од Конзерваторскиот центар поднесоа пријава до непознат сторител бидејќи беа уништени 10 столбови. Тогаш полицијата го чуваше аквадуктот за да не дојде до негово целосно уништување.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kros-pateka-za-trki-so-motori-se-gradi-kaj-akvaduktot-inspektori-na-grad-skopje-baraat-koj-ja-pravi/


Енигма кој гради патека за трки со мотори кај Аквадуктот, надлежните разгледуваат можност за физичко обезбедување



https://telma.com.mk/2022/05/30/enigma-koj-gradi-pateka-za-trki-so-motori-kaj-akvaduktot-nadlezhnite-razleguvaat-mozhnost-za-fizichko-obezbeduvanje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 16-Jun-2022 at 11:16
Originally posted by stef4o

ГРАД СКОПЈЕ И УНДП СО ПРОЕКТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО УРБАНИТЕ ТОПЛОТНИ ОСТРОВИ



Со цел намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“, Град Скопје во соработка со УНДП почнува со реализација на проект за изготвување и поставување заштитни стреи на 9 утврдени пешачки острови низ Скопје. Поставувањето на заштитните стреи на пешачките острови ќе обезбедат заштитни сенки од топлина за пешаците и велосипедистите.
Голем дел од пешачките острови на подрачјето на Скопје, со направени претходни студии се мапирани како места кај кои има зголемен ефект на урбани топлотни острови. Градот Скопје изминатиов период изврши мерења со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации, а според резултатите утврдени се најтоплите девет точки кај кои ефектот на урбаните топлотни острови е најголем. Највисоките температури согласно мерењата на овие 9 локации се движат меѓу 50 и 55 степени целзиусови, а највисоката температура од 60,3 степени е измерена на крстосницата кај објектот на Делегацијата на ЕУ во Центар.
Со цел обезбедување заштита од топлина за пешаците и велосипедистите и намалување на температурите на овие пешачки острови, Град Скопје во наредниот период ќе го реализира проектот за поставување заштитни стреи.
За изработката на проектната документација, во Буџетот на Град Скопје за оваа година се превидени 10.000 евра, а за реализацијата на проектот се предвидени дополнителни 30.000 евра.


Нема да има стреи над жешките раскрсници, ќе ја намалат видливоста

Новото градско раководство објаснува дека овој проект, кој беше најавен, нема да биде реализиран поради финансиските и сообраќајни законски неусогласености и стандарди

Деветте најжешки точки во Скопје што во летниот период достигнуваат многу високи температури и претставуваат сериозен ризик за жителите на главниот град да добијат топлотен удар доколку подолго време се задржуваат на таквите локации, и во следниот период ќе останат еднакво критични. Минатата година Град Скопје изврши мерење на температурата на девет пешачки премини односно на пешачки острови во летниот период кога температурите беа исклучително високи и според мерењата тие биле мапирани како места каде што има зголемен ефект на урбани топлотни острови.

За да се намали можноста од топлотен удар за минувачите и за велосипедистите, градските власти тогаш најавија дека на посочените локации ќе бидат поставени стреи бидејќи на деветте пешачки премини исто така е утврдено дека природното разладување, т.е. садење дрвја со кое би се намалила температурата е невозможно или, пак, нема никакви услови за тоа и од тие причини со поставување заштитни стреи ќе се намалува ефектот на урбаните топлотни острови.

Новото градско раководство сега објаснува дека овој проект, кој беше најавен, нема да биде реализиран, поради финансиските и сообраќајни законски неусогласености и стандарди.

– Претходното градско раководство најави проект за поставување заштитни стреи на девет пешачки острови низ градот Скопје, кој воопшто не започнал со реализација поради финансиските и сообраќајни законски неусогласености и стандарди. Имено, по приемот на техничката документација за истоимениот проект, секторот за сообраќај при Град Скопје доставил допис до правниот субјект што го изготвил, во кој нагласил дека „поставувањето урбана опрема или каква било препрека пред светлосните сигнали е забрането затоа што доаѓа до загрозување на полето на прегледност и значително намалување на безбедноста во сообраќајот. Доколку урбаната опрема од ваков вид биде монтирана, би можело да настане оштетување на семафорската инсталација и канализација“, па затоа е забрането оштетување на семафорските инсталации и канализации – информираат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Оттаму велат и дека реализацијата на овој проект е спорна и поради финансиите.

– Дополнително на ова, секторот за финансии при Град Скопје се произнесува со свои забелешки во однос на самиот договор и анекс за спроведување на проектот, кој како таков имплицирал законски неусогласености и со него се довела во прашање внатрешната финансиска контрола и стандардите за финансиско работење – додаваат од Град Скопје.

Проектот за поставување заштитни стреи на девет пешачки острови низ Скопје, каде што надлежните измериле многу високи температури и биле мапирани како места каде што има зголемен ефект на урбани топлотни острови, требаше да се реализира на посочените локации бидејќи според тогашните објаснувања на градските власти, на таквите места садењето дрвја со што би се намалила температурата и би помогнале да се создаде природна сенка, било невозможно.

Мерењата биле направени со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации, а според тогаш добиените резултати, биле утврдени најтоплите девет точки (пешачки премини) кај кои ефектот на урбаните топлотни острови бил најголем. Според тогашните мерења во текот на летните месеци, највисоките температури на овие девет локации се движеле меѓу 50 и 55 степени Целзиусови, а највисоката температура од 60,3 степени е измерена на крстосницата кај објектот на Делегацијата на ЕУ во Центар, односно на крстосницата кај поранешниот НИП.

Урбаните топлински острови се ефект што се јавува во урбаните области на големите градови, како резултат на покриеноста на земјиштето со згради и асфалтни површини. Овие површини многу повеќе ја задржуваат топлината во споредба со природните екосистеми и руралните средини, кои се покриени од дрвја и вегетација и со тоа дополнително се разладуваат преку процесот на испарување на водата. Градовите, исто така, создаваат сопствена топлина, која се ослободува од извори какви што се печки, климатизери и возила.

Бетонот делува како ладилник, што значи дека ја апсорбира топлината, а како резултат на тоа, потоа зрачи со преголема топлина во летните денови. Сето ова е познато како ефект на урбани топлотни острови. Зрачењето на оваа апсорбирана топлина може да предизвика несакани ефекти, какви што се голема жештина на стапалата кај луѓето и шепите на домашните миленичиња, но и зголемен ризик од изгореници од сончевите зраци.

https://www.slobodenpecat.mk/nema-da-ima-strei-nad-zheshkite-raskrsnici-kje-ja-namalat-vidlivosta/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 16-Jun-2022 at 16:59
Гласни оџи ги оставаат скопјани без сон, што ако и поповите почнат да пеат на појачало?!

Скопјани со почит кон верата, но не и кон преголемата бучава што ги буди секое утро. – Секој има право да си ги ужива своите права и слободи сè додека не навлезе во уживањето на правата на другите, во случајов нашето право на здравје, бидејќи со нарушен сон – нема здравје! Затоа што верата може да ја практикуваат оригинерно, да си вика оџата колку го држи глас, сигурно нема да нè буди од сон така. Но, со појачала од катаљарда децибели, буквално секое утро не будат, коментира Хајди Стерјова-Симоновиќ. Таа прашува како би било во обратна ситуација кога, на пример, камбаните на црквите би тропале во 4 наутро или поповите би пееле на појачало?

– Поради топлото време не се спие до 1-2 часот по полноќ и таман ќе те фати сон, ете ти ги околу 4-5 часот, оџите од џамиите кои со високи децибели ширум ти ги отвораат очите. И потоа, ај биди способен за на работа во 7 часот. Вака на Фејсбук ја кажува својата секојдневна утринска голгота Бојан Велковски, кој е еден од мноштвото граѓани кои живеат во и околу Бит-пазар, селото Сингелиќ 1, во Инџиково, Камник Арачиново, Сарај, а кои секој ден рано наутро се будат од гласните оџи кои преку звучниците поставени на минарињата на џамиите со голема гласност ги повикуваат верниците на утринска молитва.

Порано, оџите се качувале на минарињата и од таму ги повикувале верниците на молитва. Во денешно време на секое минаре има по 5-6 звучници од по 1.000 вати кои создаваат ненормално иритирачка бучава. Поради тишината во градот рано наутро, пеењето на оџите од Бит-пазар се слуша и во другите делови на Скопје, особено оние кои се повисоко – во подножјето и на падините на Водно, а таму нема џамии.

– Се замолуваат институциите кои се задолжени за одредување на гласност на верските објекти да преземат чекори, бидејќи секој ден нè будат во 4:15 часот. Со почит кон верата, но не и кон гласноста – вели битпазарецот Сашо Костовски.

Не бараат да запре пеењето на муслиманските мујазини, но бараат џамиите да се приспособат затоа што ги има премногу на квадратен километар кои ги пуштаат звучниците во различно време од 4:15 – 4:30 часот. Освен што се создава какофонија од гласови, гласноста влијае врз здравјето на луѓето.

– Јас сум секогаш за практикување и почитување на правата на секого, но стварно сметам дека бројот на децибели што го практикуваат од џамиите нема врска со практикувањето на верата. Секој има право да си ги ужива своите права и слободи сè додека не навлезе во уживањето на правата на другите, во случајов нашето право на здравје, бидејќи со нарушен сон нема здравје! Затоа што верата може да ја практикуваат оригинерно, да си вика оџата колку го држи глас, сигурно нема да нè буди од сон така. Но, со појачала од катаљарда децибели, буквално секое утро нè будат – коментира Хајди Стерјова-Симоновиќ.

Таа прашува како би било во обратна ситуација, кога на пример, камбаните на црквите би тропале во 4 наутро или поповите би пееле на појачало?

– Никој од нас не реагира за пеењето од џамиите во 10, 13, 16 и 20 часот и нема зошто да ни пречи, во ред е, меѓутоа зборуваме за време од 23 до 6 часот кога согласно член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир не смее да се прави врева и се казнува со глоба и физичко и правното лице. Пуштање појачало на максимум од џамија или црква е недозволено согласно со овој закон. Никој нема против без појачало да си го вика оџата езанот, како што впрочем правеле стотици години наназад – констатира таа.

Екологистот Дејан Димитровски вели дека загадувањето со бучава е подеднакво опасно како и загадувањето на животната средина, кое влијае не само на здравјето и духот на луѓето, туку и ја менува животната средина.

– Бучавото загадување сериозно влијае на животната средина. Според една неодамна објавена студија, загадувањето со бучава, исто така, придонесува за глобалното загадување. Тоа се подразбира како бучава во животната средина на живите видови што го надминува дозволеното ниво, предизвикувајќи непријатност и замор кај луѓето во таа средина. Покрај тоа, феноменот на звук со различен интензитет и фреквенција, неуредно распоредување е исто така форма на загадување со бучава. Ефектите од овој тип на загадување може да предизвикаат негативни ефекти долгорочно – додава Димитровски.

Научниците, исто така, докажаа дека бучавата со интензитет од 50 децибели ги намалува човечките перформанси. Бучавата што ќе достигне праг од 70 децибели ќе го зголеми ризикот од откажување на повеќе органи, ќе го зголеми отчукувањата на срцето, ќе го зголеми крвниот притисок, ќе влијае на дигестивните и нервните активности. Бучавата до 90 децибели ќе ја оштети функцијата на слухот и ќе предизвика нервен слом.

– Според прописите за бучава во нашата земја, максимално дозволениот интензитет на звук на јавни површини со голема гужва е поделен на две фиксни нивоа. Од 6 до 21 часот е 55 децибели, по 21 до 6 часот е 45 децибели. Ова помага да се ограничат директните ефекти врз човековото здравје и живот, кога звукот се емитува во погрешно време, звукот се емитува со интензитет што го надминува прагот на човечка толеранција – вели Димитровски.

Во членот 8 во Законот за прекршоци против јавен ред и мир стои: кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15 до 18 часот и по 23 часот до 6 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во висина 200 до 500 евра во денарска противвредност. За прекршокот од ставот 1 на овој член на правно лице ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице во правно лице ќе му се изрече глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Властите во Саудиска Арабија пред една година ја ограничија јачината на звукот во џамиите

Властите во Саудиска Арабија точно пред една година ја ограничија јачината на звукот во џамиите, откако јавноста во оваа арапска земја упати жалба на гласната молитва која доаѓа од верските објекти.

Тамошното министерство за исламски прашања нареди сите звучници да бидат поставени на третина од максималната јачина на звукот, како конкретен одговор на жалбите од јавноста.

Во оваа конзервативна муслиманска земја, таквата одлука предизвика реакција, посебно на друштвените мрежи каде што стана популарен хаштаг кој повикува на забрана на гласна музика во кафулињата и рестораните.

Приговори имало и од родителите кои се жалеле дека прегласните молитви од џамиите им го нарушуваат сонот на нивните деца.

https://www.vecer.press/гласни-оџи-ги-оставаат-скопјани-без-со/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 22-Jun-2022 at 12:26
ОБЈЕКТИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ЗГРАДИ СО 15 СТАНОВИ, ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОГРАНИЧИ БРОЈОТ НА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ

Во Карпош нема повеќе да се даваат дозволи објекти за индивидуално домување да прераснат во згради со по 15 станови. Општина Карпош донесе нови одредби во процесот на урбанистичко планирање според кои се ограничува бројот на станбени единици во објекти со намена индивидуално домување.

„Во изминатиот временски период имавме вистинска наезда на претворање на индивидуалните градби во станбени единици за колективно домување. Таа тенденција одеше дотаму, што се одобруваа дури и до 15 станови, и покрај тоа што се работи за индивидуално домување. Притоа, постоечката инфраструктурата и ширината на станбените улици, не можат да овозможат нормално функционирање и живеење ниту за граѓаните кои купуваат станови во тие објекти, ниту пак за останатите жители од тој реон“, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Од тие причини, Општината донесе одлука во урбанистички парцели односно дворовите кои се помали од 350 метри квадратни максимум ќе се дозволуваат до четири станбени единици. Во парцелите до 420 метри квадратни ќе се одобруваат максимум шест станбени единици, а во урбанистички парцели кои се поголеми од 420 метри квадратни ќе може да планираат максимум осум станбени единици.

Исто така, измени при давање на градежни дозволи се направени и во однос на паркирањето. Инвеститортите отсега ќе мора паркирањето да го решат под самиот објект, а не во рамките на градежната парцела.

„Нема веќе да се одобруваат проекти во кои паркирањето е со помош на таканаречени платформи оти не функционираат, како и со таканаречени клацкалки. Целокупното паркирање, за објекти од индивидуално и колективно домување мора да биде планирано под самиот објект. Доколку постои простор за гаражирање во рамките на самата парцела, тој простор нема да се земе во предвид, туку истиот ќе треба да биде резервиран за станарите кои имаат второ и трето возило, како и за гостите кои доаѓаат во предметниот објект“, додава Јакимовски.

Оваа измена, како што вели, Јакимовски е направена поради тоа што кај новите градби особено за индивидуално домување, најголем проблем создаваат возилата кои не се паркираат во парцелата или објектот, туку истите остануваат на улиците и тротоарите и го загрозуваат животот на останатите граѓани од таа улица. Дополнителен проблем претставува второто и третото возило кое го поседуваат многу семејства, а со одобрението за градба не е предвиден простор за толку возила. Истото се однесува и за возилата на гостите кои доаѓаат во станбениот објект, кој во случајот е предмет на одобрение за градба.

Одредбите од овој правилник ќе бидат во важност од денеска (22 јуни) и како што велат од Општина Карпош, ќе се применуваат без исклучок.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/objekti-za-individualno-domuvane-ne-mozhe-da-bidat-zgradi-so-15-stanovi-opshtina-karposh-go-ogranichi-brojot-na-stanbeni-edinitsi/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.