build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 24252627>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 07-Sep-2018 at 19:44
Originally posted by alexsend

Кога успеа бе ти другарче за неполна година 600+ коментари да имаш? Сам си или екипа сте

И мора да одговараат!
И тоа не само прв ешалон, туку и втор и трет.
Мора пример да се постави со лежење по затвори.
А после отпочнување на посериозни преговори со ЕУ тешко и да има некое помилување дури и при смена на власта.



хм што е битно кој сум јас и дали колку успевам да се распишам на форумов, и дали нишкава е воопшто за тоа, од вакви паушални а ефтини спинови комшо нигде со тој памет, чисто колку за потсетник ако не си приметил според начинот на изразување на форумов се вклучив уште од неговото основање и натепав 10к постови за 10 години но за да не биде монотоно та менував профили, прво ко beton сетне Max а посетне +Protagorist за сега заради одредена лична заложба да иницирам мрмрџии да се фатат на општествено оро партиски во однос Рурална Рреемиграција отворив нов профил под псевдоним Zelenikovo но тука верглав пред се во однос темите на форумот а во однос мрмрр волјата бев отворил засебен маклезет форум ...

еве од почит кон тебе бидејќи си постар член на форумов па нема дрско да одговарам, но би сакал да ми посочиш кому и зошто треба да одговарам апропо моите писанија тука, дали тие некого поучиле дека не треба со еу да преговара, а дури и кога би било така кажи како диктаторски ли ќе ме репнат, реално во однос многу еу гачки а особено агитпропот за одродување преку ветување моркови а всушност тепајќи не поуши за сега и перејќи мозок дека мед и млеко ќе потекло тука и те како сум евроскептик, ве поздрави Хрватска ко членка од скоро, која освен кредити за да ги дозадолжат за што полесно да ги манипулираат и екстра бреиндреин одлив на интелектуална елита па и работничка класа, ништо друго не видоа аир, пардон може земјоделието кое им се испусти заради еу-стандардите, или пак распродажбата на обалата, а сигурно и скора концесија за автопатите, иако Народ ги отплаќал 10-те милијарди борџ за А1 приморската магистрала

но пази ние сме и поинветивни, прво кога не најдоа концесионер дпмн кој би менаџирал а не пак да инвестира по атните коридори, ојдоа по кредит ето кинески, за сега sds да ја заглават до немајкаде губејќи време преку бркање вештерки и нормално наскоро да сонуваат концесионер, а на крај веројатно ќе ги шитнат како оди работава на бафтанана, јасно пак под изговор дека тоа е концесионер но по кои поволности, нели додека да дочекаат мед и млеко од еу да потече, бидејќи биле фокусирани пред се на ситнопаланечкиот ерга-омнес дил наместо на економија! но тие АСНОМ сакаат да го шитнат а не пак автопатишта! добро е ако Народ некогаш се отераси од нив како тргнало Фрчко ако ви го опнат претседник самиот ќе ве потепа со малодушност ако се смени влдаа!



Edited by Zelenikovo - 07-Sep-2018 at 19:55
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 21-Sep-2018 at 13:33
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 23-Sep-2018 at 12:49
Вчера поминав на Охрид - Кичево и можам да кажам дека повеќе од една година немав видено толку многу машини на трасата. Скоро по целата траса има работници и машини во работа што значи повторно се забрзаа работите. Се вратија и на делот од Охрид до Подмоље. За жал немам фотки..
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 23-Sep-2018 at 14:28
Така беше и кон крајот на август, да се надеваме дека ќе има напредок. Ако се оди по ова темпо тогаш одлично ќе биде а и Албекат е на терен .
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 05-Oct-2018 at 14:17

Се уште се откриваат пропусти при изградбата на автопатот Кичево - Охрид

Нов скандал со автопатот Охрид – Кичево, денеска обелодени првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Автопатот бил проектиран да се гради врз резервоарот за вода на Кичево, што дополнително ги усложнило работите за промена на трасата.

„Нацртан е патот врз него и надзорот со свои сили и со препроектирање го препроектира патот за да може да функционира сето тоа и да биде резервоарот таму каде што треба да биде и патот. Но, да поместите една траса 100 метри тоа повлекува напред и назад повлекување на траса и сето тоа чини“, рече Китанов.

Китанов изрази надеж дека автопатот комплетно ќе биде завршен до крајниот рок 2021 година, но кажа оти  постепено, како ќе бидат готови делови од патот така истите ќе бидат пуштани во употреба.

„Нашата интенција е од Охрид до тунелите парцијално да се пуштаат како што ќе бидат готови делови од патот. Но, тоа нема да биде километар или два туку 5,10 или 15 километри и со тоа да се оспособи и растовари сообраќајот“, додава Китанов.

Денеска беше направен увид во работите на еден од тунелите за кој беше кажано дека бил предвиден да се работи во карпа, без претходно направени геолошки испитувања и за што биле потребни повеќе пари. Заменик премиерот Кочо Анѓушев рече дека за сите дополнителни работи кои ќе треба да се прават била намалена висината на цената помеѓу кинескиот изведувач и македонските компании.

„Претходно таа разлика во цени беше голема над 50%, сега таа разлика во цени ќе биде сведена согласно меѓународните пропозиции на 10%. Мислам дека со сите заштеди на тунелот и на дополнителни работи ќе направиме значителна заштеда од првичните средства кои беа побарани, до тоа кое конечно ќе биде вредност на овој автопат од 70 до 100 милиони евра заштеда“, рече Кочо Анѓушев-Заменик премиер.

Анѓушев рече дека последниот анекс од договорот деновиве ќе помине во парламентот по што работите интензивно ќе продолжат. Најавите се дека најпрво ќе биде пуштен делот од Охрид до селото Врбјани во должина од 30 километри, по што и делницата до Кичево.

https://www.alsat-m.tv/mk/%d1%81%d0%b5-%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%82%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 05-Oct-2018 at 14:19

Анѓушев најави пониска цена на чинење на автопатот Охрид - Кичево со заштеда меѓу 70 и сто милиони евра

Со третиот анекс на договорот за изградба на автопатската делница Охрид – Кичево, што е во завршна подготовка ќе бидат дефинитивно разрешени сите дилеми и проблеми околу градежните активности на трасата. Ќе се направи јасна динамика по која ќе се изведуваат градежните активности на патот, како и експропријацијата на имотите на граѓаните.

Тоа денеска го изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој заедно со директорот на ЈП „Државни патишта“ Зоран Китанов беа на лице место за да извршат увид на текот на градежните работи на автопатот.

Анѓушев истакна дека со тој завршен анекс ќе бидат дефинирани сите технички аспекти на зафатот согласно светските стандарди, вклучително клучките кон сите населени места долж трасата, со приклучување кон регионалните и локалните патишта, како и со финалната изведба на тунелите на трасата, и тоа според постојната геолошка структура.

– Направивме обемни консултации, вклучивме широки технички и финансиски тимови за да бидеме сигурни дека тоа што го правиме и од технички и од финансиски аспект е максимално издржано, рече тој потсетувајќи на проблемите што беа затекнати.

Како пример тој го посочи токму тунелот кај Пресека, каде материјалот, каде е вршено пробивањето условува многу повисока цена за изведба отколку предвиденото.

– Тунелот бил проектиран без геолошки испитувања и како таков имал една вредност. Сето тоа моравме да го усогласиме со кинескиот изведувач. Преку соработка со австриски и американски агенции и компании за патишта, експерти на Градежниот факултет од Скопје, утврдени се конечните цени на чинење на зафатот. Претходно разиката во цената беше над 50 проценти, сега тоа ќе биде сведено на десетина проценти, така што мислам дека на тој начин ќе направиме сериозни заштеди од некои 70 до сто милиони евра, појасни Анѓушев, најавувајќи интензивирање на градежните активности.

Според динамиката, прва готова ќе биде делницата од Охрид до кај селото Врбјани, додека делот кон Кичево ќе следи подоцна поради сложеноста на тој дел од трасата каде се градат надвозници и вијадукти во должина од повеќе од 7,5 километри. Најсложен зафат на тој дел од трасата накај Кичево е вијадуктот во близина на селото Добреноец.

Директорот на „Државни патишта“ Китанов истакна дека сега веќе е јасна сликата за тоа како ќе продолжат градежните активности на терен и, како што нагласи, по многу пониски цени споредено со оние според кои досега се работело.

https://standard.mk/angjushev-najavi-poniska-cena-na-chinenje-na-avtopatot-ohrid-kichevo-zashteda-megju-70-sto-milioni-evra/

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 05-Oct-2018 at 21:15
За скандалот со резервоарот за вода, не е од сега туку оддамна, тоа го обелодени и надзорниот инженер кој уште на почетоците водел борби со претходната власт но никогаш не биле прифатени неговите забелешки . Дека активно се работи за средување на проблемите, се работи ,лично сум сведок на тоа ,но неможам да кажам како и кој се деталите (не ги знам) , наскоро ќе бидат завршени решенијата за сите проблеми.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 02-Nov-2018 at 17:31
Дополнителни 187 милиони евра за Кичево-Охрид, автопатот вкупно ќе чини 600 милиони, Владата вели- заштедивме 95 милиони

Автопатот Кичево Охрид финално ќе ги чини македонските граѓани 600 милиони евра, или прецизно 598, наспроти проценетата вредност од 411 милиони која пред повеќе години беше наведена при склучувањето на договорот со Кинезите за негова изградба. Ова значи дека државата ќе плати дополнителни 187 милиони евра од првичната вредност, за што Владата денес го усвои третиот анекс на Договорот, кој потоа ќе мора да го изгласа Собранието. Кинеската страна всушност барала многу повеќе екстра пари, дури 282 милиони евра, но од Владата тврдат дека благодарение на нивните едногодишни мачни и домаќински преговори, цените и сумата на дополнителните активности се намалиле, со што се заштедени 95 милиони евра.

https://telma.com.mk/dopolnitelni-187-milioni-evra-za-kichevo-ohrid-avtopatot-vkupno-ke-chini-600-milioni-vladata-veli-zashtedivme-95-milioni/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 679
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 02-Nov-2018 at 21:02
Со овие пари можеа многу работи да се направат, а сега ќе си имаме долг околу врат, кој при тоа ќе не кочи и при создавање на други работи.

Под многу други работи пред се мислам на енергетските проекти, кои ниту минатата влада, ниту оваа не се заинтересирани да ги спроведуваат.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 03-Nov-2018 at 07:47
10,5 милиони евра по километар.

Демир Капија - Смоквица е околку 9,5 мил по км.

Edited by alexsend - 03-Nov-2018 at 18:51
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ExpertNo1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 03-Nov-2018
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote ExpertNo1 Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 03-Nov-2018 at 16:49
Dragi prijateli,
nov sum na Forumot i imam prakticno prasanje:
Da li e dozvoleno pisuvanje
1. na angliski jazik, ili
2. na srpski jazik,
osven na makedonskiot jazik.
Za ovoj gradezen topik, Avtopat Kicevo-Ohrid, najmnogu mi prilega za izrazuvanje (profesionalno), angliskiot jazik.
Pozdrav do site ucesnici


Edited by ExpertNo1 - 03-Nov-2018 at 16:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 03-Nov-2018 at 20:33

@ ExpertNo1

Of course it is allowed, use English or Serbian, whichever you like   Thumbs%20Up
Back to Top
ExpertNo1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 03-Nov-2018
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote ExpertNo1 Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 05-Nov-2018 at 18:35
Ќе се обидам да направам ревизија на проектот од достапните податоци, пред сè од овој форум. Ќе ми биде од голема помош професионализам и многу добро познавање на прашањето на поголемиот дел од учесниците на форумот.
Ајде да одиме ... чекор по чекор. Трпение, молам. Здраво!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 05-Nov-2018 at 19:57
Јас незнам дали целосно сум ги разбрал оние објаснувања за што ќе се потрошат овие дополнителни пари, но да резимирам според она што јас го мислам и познавам:

- Ќе се изградат дополнителни 7 клучки
- Ќе се реши проблемот со свлечиштето на една косина која не била добро испланирана
- Ќе се решат проблемите кој произлегоа од недоволното истражување на земјиштето за тунелите (каде што има одрони и дополнително бетонирање)
- И колку што знам ќе се изгради дополнителна инфраструктура за приклучок на околните села кон автопатот (која досега не постоеше во проектот) на оние клучки кој ќе се изградат, штета што нема да направат дополнителен пат кој според нашите закони е обврзувачки ,но пример ни е Скопје - Велес кој дефакто има пат ама нема.

За овие пари мислам дека е сосема солидно што треба да се изгради. Сумата на чинење на целиот проект не ми е чудна бидејќи е приближна со Демир Капија- Смоквица ,а теренот е сличен и во поголем дел мора да се експропеира .
Да земеме предвид колку ќе чини Гостивар - Кичево и ќе ни стане јасно, таа делница од старт е предвидена на повеќе од пола милијарда евра.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 05-Nov-2018 at 22:21
Во новиот анекс и дополнителната сума влегува и помошен пат од Пресека до Арбиново.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 06-Nov-2018 at 07:51
Затоа споредете колку милиони по км е Демиркапија Смоквица или пак Грделичка Клисура сличен терен. МИслам дека е тука некаде 1+/-
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 06-Nov-2018 at 14:46
Или автопатот Бар-Бољаре каде што првата делница од Смоковац-Увац-Матешево долга 41 км ќе чини околу 810 милиони евра.
http://autoput.me/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 06-Nov-2018 at 16:34
Значи да резимираме: "Поранешната влада знаејки дека нема средства за изградба на автопатот во целост без комплетно расчистени имотно правни обврски кои дополнително ја зголемуваат цената како и без ниту една клучка започнува со градба, на тој начин покажувајки пониска вкупна вредност со цел да има шанси да се почне со градба што порано и надевајки се дека во иднина ќе ја корегира ситуацијата без никој никогаш ништо да дознае знаејќи дека ги контролира сите медиуми со дополнителни задожвуања зошто нема друг начин." Ама се смени власта и ете сите информации се јавно достапни. Реално не биле толку прости, знаеле што прават и 100% ќе искорегирале, т.е. не би било корекција туку фаза 2 од планот.
Цената од 9-12 мил. по КМ е реална сите би се сложиле.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 06-Nov-2018 at 18:53
Не сум баш сигурен дека можеш да го симплифицираш на тој начин. Инфраструктурни проекти од ваков тип не функционираат на таков начин. Промашени тунели, проблемите со косините и недостаток на клучки не би рекол дека можат да се наречат фаза 2 Се согласувам дека не биле прости и знаеле што прават, но не знам дали биле со толку искрени намери за следни фази и корекции. Ако била искрена намерата ќе било спроведено од старт како што треба, а не криено под тепих.
Што ќе правеа жителите од 24 села во Дебрца додека не се завршеше таа фаза 2?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 07-Nov-2018 at 07:44
Само пробувам да најдам некоја логика... елементарно непознавање од толкави размери не е можно да постои. Сигурно многу луѓе искоментирале зошто нема клучки и не е можно никој ништо да не сугерирал, но сепак никој ништо јавно не изнел што е исто така несватливо.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 24252627>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.