build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ExpertNo1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 03-Nov-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ExpertNo1 Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 11-Nov-2018 at 16:35
Pred edna godina, na drugo mesto, postirav slednov tekst:

"On a major roadworks, The Employer changed the course, and the personnel, and practically suspended works until further notice.

What triggered such a situation?

Uncomplete and inadequate design including geotechnical investigation, not solved expropriation issues, overlooked a few loops/crossroads on the highway and potential landslide soil points, etc.

Apart from design and other Employer’s issues, responsibility lays and on a contractor’s side who delayed works, and as an experienced contractor had timely to raise alarm that something is wrong with a design.

It appears that both parties agreed to start afresh, not blaming contractually and financially each other.

But what is a way forward?

Works will be most probably continued after 9 months’ suspension. In a meantime, geotechnical, expropriation, design and other issues have to be solved.
There will be need for an agreement on originally contracted and new works rates and revised/in fact new programme of works reflecting a true existing picture until finishing the whole project. Or ... what more?
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 12-Nov-2018 at 20:27
Донесени законските измени за трет анекс на Договорот за автопатот Кичево – Охрид

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 65. седница едногласно со 55 гласови „за” го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка.

Со законските измени ќе се овозможи склучување трет анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид заради потребата од дополнителен заем од 187 милиони евра за непредвидени градежни работи од основниот проект и дополнителни градежни работи што се нужни и неопходни за целосно и квалитетно завршување на проектот.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека во наредниот период ќе бидат надминати сите проблеми кои ги има автопатот Кичево – Охрид, а дел, како што рече, веќе се надминати. Тој се заблагодари на опозицијата за најавата дека ќе го поддржат третиот анекс на Договорот.

-Можеби беше потребен малку подолг временски период, но проблемите беа големи, а проектот комплетно промашен. Во основниот проект кој е правен за автопатот Кичево – Охрид клучки не се предвидени. Кога го видела тоа од претходната влада распишан е тендер за проектирање на клучките. Проектирани се осум клучки и една што е постоечка, а за изведбата согласно фидинг-црвената книга не смее да има тендери, бидејќи на трасата мора да продолжи да работи изведувачот што е избран, појасни  Сугарески.

Хари Локвенец од СДСМ рече дека одлуката за проектирање на клучките е донесена во 2014 година и за тоа на изведувачот „Чакар партнерс” му се платени 40 милиони денари. Проектот за автопатот го оцени како криминален и рече дека изградбата ќе чини речиси 11 милиони евра по километар.

-Оваа влада заштеди 95 милиони евра. Преоктот за доработка по цените со кој првично е договарана изградбата на автопатот во износ од 411 милиони евра би чинел 282 милиони евра, а сега ќе чини 187 милиони евра, рече Локвенец.

Во реплика Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека цената на чинење на проектот од 411 се зголемува на 600 милиони евра, а осумте клучки и паралелниот пат не се дел од договорот со Синохидро. Додавањето на клучките е одлука на влада, но не било прецизирано кој да ги гради.

-Ако одеше овој проект со осумте клучки и паралелниот пат од Арбиново до Врбјани преку Претпријатието за државни патишта ќе беше објавен тендер. Предвидено беше да се градат со пари од Буџетот, а не со кинескиот кредит. Сега ќе се градат без тендерирање, а чинат најмалку 25 милиони евра една, рече Димовски.

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обвини за непринципиелност и додаде дека кога министерот за транспорт беше координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието велеше дека изградбата на автопатот од Кичево до Охрид од 400 милиони евра е прескапа, а сега бара уште нови 200 милиони и плус уште три години да се гради.

– Ќе потрошите дополнителни 200 милиони евра без тендер, а ни велите дека ќе заштедите 150 милиони евра. Ако сте сигурни во себе што не отидовте на арбитража и да ги добиевте Кинезите и да кажевте дека проектот е комплетно промашен. Зошто година и пол ви стоеа патиштата и се пролонгираше изградбата. Во меѓувреме работниците заминаа во странство, рече Ѓорчев и праша зошто сега анексот оди по итна постапка.

Во реплика министерот Сугарески му рече дека само во две ставки сегашната власт договорила разлика од 40 милиони евра помалку. -Разликата меѓу старата и новата влада е 35 отсто. Кога е СДСМ на власт цената е 35 проценти пониска. Ако одевме на арбитража сигурно ќе изгубевме, бидејќи вашата власт создаде таква состојба, рече Сугарески.

Back to Top
LOD View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LOD Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 19-Nov-2018 at 15:31
По четири и пол години пробиен е првиот од двата тунели под превојот Пресека на автопатот Кичево-Охрид, најдолгиот друмски тунел во земјава, со вкупна должина од 1996 метри. Работите во изградбата на овие тунели ги изведува кинеската компанија „Синохидро“, која е и главен изведувач на целиот автопат.

Денес и официјално ќе биде одбележано пробивањето на првиот тунел под превојот Пресека, кој е дел од автопатот Кичево-Охрид. Почетокот на работите на овој тунел започнаа во мај 2014 година и по нешто помалку од четири и пол години пробиен е најдолгиот друмски тунел во земјава, со вкупна должина од 1996 метри.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D1%83%D0%BD%D0%B5%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 15-Dec-2018 at 20:06
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Донесен е анексот на договорот за автопатот Кичево- Охрид. Значи ли тоа дека е утврдена и динамиката на градежните активности за идната година?

-По долги и исцрпни преговори со изведувачот, успеавме да договориме пониски цени, да обезбедиме заштеди и да изнајдеме оптимално решение за продолжување на изградбата на автопатот. Знаете дека треба да се изградат девет клучки кои претходно не беа предвидени, како и неколку алтернативни патишта како составен дел на овој проект. Исто така, изведувачот се обврзува да ги изведе и сите дополнителни работи во тунелот Пресека, сите пропусти за вода на целата траса, како и ископите за стабилизација на косините и санација на свлечиштата на целата траса. Веќе се работи на програмата за работа според новите договорени позиции. Верувам и очекувам дека градежните работи ќе се интензивираат и до 2021 година, согласно со предвидениот рок, граѓаните ќе добијат нов и модерен автопат, изграден по сите безбедносни стандарди.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112413/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 16-Dec-2018 at 02:06
Ама политичка зијава. Се кажа и ништо не кажа.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 04-Mar-2019 at 19:35
Анѓушев: Стопирани се градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, се чека кредит од Ексим банка 

Во моментов градежните работи на автопатот Кичево-Охрид се стопирани бидејќи се чека одобрување на нов кредит од страна на кинеската Ексим банка, изјави за DW вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Додека автопатот Миладиновци-Штип е пред свечено пуштање во употреба, за Охрид-Кичево, кој започна да се гради истовремено пред пет години, е потребна нова техничка процедура.

– За автопатот кон Охрид чекаме да се продолжи кредитот. Техничките проблеми се решени, постигнавме договор и таму направивме заштеди од 92 милиони евра затоа што се намалија цените. Законот за договорот за задолжување од Ексим, кинеската банка, истече во јануари и сега чекаме тој да се пролонгира за да можат да продолжат активностите. Работата е во кинеската влада и таа треба да даде дозвола за кредитот да биде пролонгиран. Во кредитот има средства кои не се потрошени, но имаше рок до кога тие треба да се влечат. Рокот беше до јануари и сега очекуваме тој да се продолжи, објасни вицепремиерот Анѓушев.

Тој очекува до крајот на месецов да се реши сѐ и веќе од април да имам интензивно градење на терен. Според планот, сѐ треба да се заврши до 2021 година.

https://ohridpress.com.mk/104917
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 15-Mar-2019 at 14:47
Пробиен и вториот тунел под превојот Пресека 

Охрид, 15. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со мала свеченост денеска во присуство на вработените ангажирани во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, беше пробиен и вториот тунел под превојот Пресека, откако на 19-ти ноември минатата година беше пробиен, тогаш најдолгиот друмски тунел во земјава со должина од 1.996 метри.

Вториот тунел е со должина од 2.011 метри, што е воедно најдолгиот друмски тунел изграден во земјава, а целокупната должина на двете тунелски цевки изнесува 4.015 метри. При изградбата на овие тунели изведувачот на работите се соочи со многу проблеми во утробата на планината, од графитни шкрилци, голем број подземни извори, до големи камења самотници и поради сите проблеми на кои наиде, мораше да ги адаптира плановите според составот на земјиштето и условите на теренот, јави Нова Македонија.

– По неполни 5 години интензивна работа успеавме да го пробиеме и вториот тунел под превојот Пресека, што е дел од автопатот Кичево-Охрид. Нашите работници во три смени во екстремно тешки услови и со надчовечки напори успеаја да го финализираат и вториот тунел, кој е воедно најдолгиот друмски тунел во земјава со должина од 2.015 метри. Ова беше наше прво eвропско искуство во изградба на тунели, бидејќи нашата компанија „Синохидро“, претходно беше позната по изградба на брани во голем број земји во светот, потсети Џан Хуа, директор одговорен за изградба на овие тунели.

Тој во понатамошниот разговор потсети дека составот во утробата на планината бил од крајно неблагoродни материјали, бидејќи графитните шкрилци биле многу слаб материјал кој при допир со вода се ронел, а како дополнителен проблем претставувале и подземните води кои во период на пообилни врнежи од дожд знаеле да им направат и поголеми проблеми. Хуа додава дека во првичната верзија на изградбата на тунелите не било предвидено дека ќе наидат на толку тежок терен.

– Поради неповолниот состав на материјалот, мораше да се превземат дополнителни мерки и да се додадат уште две дополнителни класи и цевен штит со инекциона маса. За да се стабилизираат карпите, во плафонот од тунелите се вградени анкери. Овие дополнителни операции овозможуваат тунелите да имаат поголема стабилност и подолг век на траење. Дополнително тунелите по целата своја должина имаат и водоотпорна мембрана или хидроизолација, која ќе овозможи целосна заштита на тунелите од зголемен доток на подземните води. За да го добиеме неопходниот квалитет, се што е во доменот од науката е имплементирано при оваа изградба, како би можеле тунелите да ги задоволат и највисоките стандарди својствени за ваков тип на објекти, додаде Хуа.

За целосно да се оспособат за сообраќај, во двата тунели преостанува да се изврши насипување на коловозот, изградба на тротоари, електрична инсталација и вентилација, да се постават сообраќајни знаци и сигнализација и на крај се изврши асфалтирање на подлогата. По завршувањето на церемонија присутните на овој настан се упатија во кинеската населба на мала закуска. (Крај)

https://ohridpress.com.mk/105490

Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 534
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 16-Mar-2019 at 12:45
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 09-Apr-2019 at 11:01
Македонско инженерство at its best Applause Библиски народ

Камион удри во надвозник кај Песочан 

Товарно возило на подизведувач на автопатот во изградба Охрид – Кичево, утрово удрил со приколката во надвозник кај селото Песочан. Најверојатно приколката на возилото не била спуштена, но дали тоа се случило поради некаков дефект или возачот ја заборавил, ќе треба да се утврди.

Во незгодата предизвикана е поголема материјална штета.



https://www.ohridnews.com/kamion-udri-vo-nadvoznik-ka-pesochan/
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1117
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 22-May-2019 at 00:30
Ќе кажат некогаш дали им е во план трета лента по "автопатов", ќе се вадат на Тетово - Гостивар или ќе глумиме колективно изненадени?
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 22-May-2019 at 03:11
патот има димензии за трета лента за застанување, засега се две оти се користи како магистрален
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1117
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 01-Jun-2019 at 09:54
Originally posted by ironm


Македонско инженерство at its best Applause Библиски народКамион удри во надвозник кај Песочан 
Товарно возило на подизведувач на автопатот во изградба Охрид – Кичево,
утрово удрил со приколката во надвозник кај селото Песочан. Најверојатно
приколката на возилото не била спуштена, но дали тоа се случило поради
некаков дефект или возачот ја заборавил, ќе треба да се утврди.Во незгодата предизвикана е поголема материјална штета.https://www.ohridnews.com/kamion-udri-vo-nadvoznik-ka-pesochan/






https://ohridpress.com.mk/109877?fbclid=IwAR2J70QRM7m6kfXPwc_C85yavRd4geObPLk7EW5R6DoGj2PomF3DhAp6Lrg

Илинден ќе се продлават.Втор пат на автопатов на истото место, за нецели два месеци.
На реконструкцијата на Железничка во Охрид им пропадна камион во дупка...

10.05.2010


http://tvm.mk/vesti/ohrid/8403-kamion-propadna-zeleznickaВтор дел...Втор дел....

Edited by Тркало - 01-Jun-2019 at 09:58
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 01-Jun-2019 at 10:06
Сликано со Kompir Galaxy S11 5kg
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 04-Jun-2019 at 08:36
Една година ќе се исправаат пропустите во проектот на автопатот Кичево-Охрид

Скопје/Охрид, 3. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево-Охрид.

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра.

Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите 5 подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „Пресека“ долг 2 километри, ново патни јазли кај Требеништа и Свети Еразмо, денивелација на патиштата поврзани со автопатот, како и проектна документација за идните пристапни правци од околните села до автопатот.

Поучени од досегашното искуство со проблемите што произлегоа од првичниот проект, ЈП за државни патишта во актуелниот тендер воведува два критериума за избор на најповолен понудувач. Покрај најниската цена, со 40 бодови ќе се вреднува квалитетот на понудувачите преку испитување на веќе извршените услуги од нивна страна за проектирање и ревизија во последните 3 години. Идниот проектант ќе треба да ја докомплетира проектната документација за автопатот Кичево-Охрид до летото 2020 година.

Кинеската компанија „Синохидро“ пак има рок до 30 јуни 2021 година за да ја заврши во целост изградбата на овој автопат. Првичниот рок за негова изведба е продолжен за три и пол години, а заедно со него и вредноста на автопатот проценета на 411 милиони евра. Новата влада најпрво ги откри сите неправилности и грешки при изградбата на автопатот Кичево-Охрид, по што склучи и два нови анекса на договорот за неговото целосно завршување.

https://ohridpress.com.mk/109970

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1608
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 04-Jun-2019 at 10:10
Ako "Miladinovci-Tri Cesmi" docni dve godini, ovoj avtopat ke docni dvaeset!?
Back to Top
husejin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 04-Jun-2019 at 14:41
Narodot plaka.Uste mnogu aneksi ke se donesat pred da bide izgraden Avtopatot.Sekogas siromaviot plaka naj skapo.Blagodarenie na pametnite politicari.Barem od predhodnite greski da se naucija ke bea specialisti sega.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 04-Jun-2019 at 17:05
Со оглед на тоа што автопатот ќе се репроектира до лето 2020, а крајниот рок е лето 2021, мислам дека е логично да се заклучи уште сега (2 години пред истекот на рокот) дека крајниот рок нема да биде постигнат. Така што веројатно 2023 е реално да се очекува Big%20smile Или тоа е ..... 9 години градба.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 05-Jun-2019 at 02:13
Како што сите проекти кај нас се одолговлекуваат за подолго време така и јас очекувам автопатот да се пушти можда и покасно од 2023 или со други зборови кажано мнооогу анекси малку работа и поминати 10-тина години во градба на една делница од коридорот 8, а кога ќе ми текне дека допрва најавуваат автопат Гостивар-Кичево и каков е теренот таму излегува само за западниот дел од коридоров потрошени деценија и пол ако не и повеќе
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 05-Jun-2019 at 03:41
Нажалост сите проекти кои имаат грешки при фундаменталното проектирање се осидени на долгогодишни одлагања. И ова е независно од државата, само погледнете колку долго се работи на новиот берлински аеродром, само посради фундаментални грешки при проектирањето. Јас сум сигурен дак ако почнат сега со полна финансиска подршка и прописно да го испоректираат гостивар-кичево, ќе го завршат со изградба отприлика во исто време со Кичево-Охрид. За ова можеме да го земеме Демир Капиј-Смоквица за пример, каде се беше добро испроектирано и се заврши со не така големи одлагања.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12387
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 16-Jun-2019 at 17:27
Една фотка од петокот...

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.