build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 19-Jun-2019 at 06:08
Најдов уште една фотка што сум ја штракнал, на која се гледа еден завршен мост/вијадукт (само не можам да се сетам на точната локација):

За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 11-Jul-2019 at 09:13
Кинезите одобрија нова транша за продолжување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Охрид, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Она на што се чекаше за да продолжат градежните зафати на автопатот Кичево – Охрид е завршено, кинезите одобрија нова транша.

Надлежните велат пробивање на роковите нема да има, па се очекува интензивирање на градежните зафати за автопатската делница да биде готова до јули 2021 година.

– Амбасадорката најави дека кинеската страна го одобрува кредитот за продолжување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид кој го чекавме како одлука од Народна Република Кина. Порачувам дека продолжуваме интензивно да работиме на комплетирање и завршување на негова изградба, изјави премиерот Зоран Заев.

– Автопатската делница наскоро ќе почне со полна имплементација мислам дека со кинеските партнери постигнавме разбирање и наскорот може да очекуваме оваа автопатска делница да почне да се гради со забрзана динамика, за бенефит на граѓаните од западниот дел на земјата но и за туристичките потреби, потенцира вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Владата претходно потпиша два анекс договори со кинески „Синохидро“, за продолжување на рокот за изведба и за дополнителната сума што ќе треба да се одвои за изведба на клучки, изградба на патишта, санација на косини и стабилизација на свлечишта.

Автопатот во должина од 57 километри, кој почна да се гради во февруари 2014 година, сега ќе чини 598 милиони евра. (Крај)

https://ohridpress.com.mk/?p=92310

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 17-Jul-2019 at 22:11
Викторија Инвест и Илинден од Струга се вратени на трасата со по неколку десетици работници, работат на сливници и рабници на одредени делови.
Видов околу тунелите некоја активност но многу мало движење за да разберам што се работи, на останатиот дел ништо засега.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2470
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 18-Jul-2019 at 07:21
Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид

Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево – Охрид“, се наведува во соопштението на „Гранит“ објавено на веб – страницата на Македонска берза.

Главен изведувач на овој автопат е кинеската компанија „Синохидро“, додека „Гранит“ и други фирми се ангажирани како подизведувачи. Ваквиот епилог доаѓа откако кинеската Ексим банка им ги стави на располагање неопходните 380 милиони евра на македонските власти за довршување на автопатот Кичево – Охрид. Во речиси идентичен период, Јавното претпријатие за државни патишта во моментов избира проектант што ќе ја докомплетира проектната документација за автопатот, со што ќе се надминат веќе констатираните грешки во проектот.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека следната година ќе биде завршен половина од автопатот долг 57 километри, на потегот меѓу Врбјани и Охрид. Преостанатата траса на овој автопат е предвидено да се комплетира до јуни 2021 година. Проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид чини вкупно 598 милиони евра.

https://meta.mk/granit-namesto-transmet-ќe-go-dogradi-avtopatot-kichevo-ohrid/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 18-Jul-2019 at 08:26
Ај, баш да видиме дали ќе биде така...

Дел по дел: Половина од автопатот Кичево-Охрид во функција догодина

Планираме наредната година да се обидеме триесете километри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме и да може да се вози по тој пат, по тој дел од автопатот Кичево-Охрид, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој исто така рече дека кинеската Еским банка ги известила институциите дека ќе бидат исплатени резервираните 200 милиони евра од првиот кредит и 180 милиони од вториот кредит и очекува динамизирање на активностите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Наредната година министерот Сугарески очекува по дел од автопатот да се вози, да биде во функција а другитот дел да се изгради и да се стави во употреба согласно рокот во 2021 година.

https://faktor.mk/del-po-del-polovina-od-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-funkcija-dogodina
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 18-Jul-2019 at 09:54
Хаха сагата продолжува. Догодина ако мисли на 2021 или покасно во ред. Од Врбјани до Охрид имаат еден милион нерешени имотно правни проблеми кој неможат така лесно да се решат.
Пред Песочани две куќи, пред Ботун клизишта, Две бензински пумпи на патот, поврзување со Аеродром и малку пред Аеродромот поврзување со пат за село за кое нема друг пристап,  мостовската конструкција на постоечката клучка за Струга треба да се урне и да се преправи со тоа што ќе се навлезе во насипот за да се отвори нов правец.
Се работи на клучката што е факт, но се работи само кривината за влез на патот кон Струга.

Не се сеќавам што се уште видов, но битно на секој 500-1000м имаат дел каде што не е чепнато ништо поради проблеми со имот и пристапи.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 25-Jul-2019 at 14:18
Китанов: Ќе се забрзува интезитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид 

Скопје/Охрид, 25. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автпатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интезитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Тој рече дека е дадена е наредба на „високо црвено светло“ за програмата што ќе биде донесена на состанокот со Анѓушев, да се работи интезивно на изградбата на оваа делница и дека со изведувачите ќе се разговара за конкретни активности кои мораат да ги завршат во договорениот период.

Китанов рече дека ќе се потрудат да го запазат дадениот рок за изградба на автопатот, но и дека паралелно ќе се пуштаат сите делници кои ќе бидат изградени од потегот од Охрид кон Кичево.

Тој информираше дека од многуте експропријации за решавање каде поминува автопатот, останати се уште три. (Крај)

https://ohridpress.com.mk/?p=93278

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 19-Sep-2019 at 20:32
Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид

Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на изградбата на автопатот долг 57 километри.

– Предвидениот временски рок за изготвување на проектната документација изнесува 12 месеци по склучување на договорот – велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.

Изготвувањето на проектната документација е поделено во три фази заради практичност и континуирано градење на самиот автопат. Договорот со ГИМ е склучен на 4 септември годинава.

Идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите пет подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „Пресека“ долг 2 километри, нови патни јазли кај Требеништа и Свети Еразмо, денивелација на патиштата поврзани со автопатот, како и проектна документација за идните пристапни правци од околните села до автопатот.

Паралелно на докомплетирањето на проектната документација, на автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи изградбата на оние сегменти од трасата што не се спорни во проектот. Кинескиот изведувач „Синохидро“ има рок до 30 јуни 2021 година за да ја заврши изградбата на автопатот. Висината на инвестицијата во овој проект од Коридорот 8 изнесува 598 милиони евра.

https://meta.mk/so-23-milioni-evra-%d1%9ce-se-popravaat-greshkite-vo-proektot-za-avtopatot-kichevo-ohrid/

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.