build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 26-Oct-2019 at 18:15
Mislam deka platite se okolu 20000 za rabotnicite sto rabotat na avtopatite.

Edited by Bakica - 26-Oct-2019 at 18:16
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 27-Oct-2019 at 15:54
Автопат Кичево – Охрид: Од идеја до 600 милиони евра долг (хронологија)

Три и пол години доцнење во изведбата на проектот и негово поскапување за над 180 милиони евра е краткиот пресек од досегашната изградба на автопатот Кичево – Охрид. „Најголемата инфраструктурна инвестиција во земјава во последните пет децении“, помпезна најава искажана лично од поранешниот премиер Никола Груевски, претворена е во проект кој опасно придонесува за натамошен раст на надворешниот долг на нашата земја со неговата вредност од 598 милиони евра.

До заминувањето од власт на ВМРО – ДПМНЕ, многу мал број од граѓаните на земјава знаеја за големите проблеми со кои се соочува изградбата на делницата долга 57 километри. По промената на владејачките структури, во јавноста се дозна за бројните пропусти во проектната документација, вклучувајќи ги погрешната категоризација на квалитетот на земјиштето низ кое се пробиваше тунелот „Пресека“, недостатокот на клучки за поврзување со автопатот на околните населени места, грешки во проектирањето на косините и други недостатоци.

На 4 септември годинава, беше потпишан договор за препроектирање и допроектирање на откриените пропусти во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид. Паралелно на ова, кинеската Ексим банка ги стави на располагање дополнителните средства што се неопходни за довршување на изведбата на овој инфраструктурен проект, за чие користење треба допрва да се потпише договорот за заем.

Во меѓувреме, на терен продолжува изградбата на неспорните делови од делницата долга 57 километри, со ветување дека првите километри автопат меѓу Врбјани и Охрид ќе бидат пуштени во употреба во 2020 година. До моментов, завршени се 75,42 отсто од севкупните градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. Крајниот рок на неговото ставање во функција за возачите е 30 јуни 2021 година.

https://meta.mk/avtopat-kichevo-ohrid-od-ideјa-do-600-milioni-evra-dolg-hronologiјa/
Back to Top
velezoski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2019
Location: Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote velezoski Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 27-Oct-2019 at 20:40
^ Хехехехе...
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 28-Oct-2019 at 08:48
Originally posted by Bakica

Mislam deka platite se okolu 20000 za rabotnicite sto rabotat na avtopatite.


Срамота е и за 20.000 да црнчат, и затоа и бегаат. За истата работа на запад верувам дека минимум 1000 евра би земале.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 28-Oct-2019 at 09:31
Originally posted by Влатко

Originally posted by Bakica

Mislam deka platite se okolu 20000 za rabotnicite sto rabotat na avtopatite.


Срамота е и за 20.000 да црнчат, и затоа и бегаат. За истата работа на запад верувам дека минимум 1000 евра би земале.


Во Швајцарија 6000 плус ќе си научиш како се работи и како се живее со албанци
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1914
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 28-Oct-2019 at 10:13
За Германија би било 1500+ во најмала рака .
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 28-Oct-2019 at 13:02
И веројатно ќе избегнеш некој полуписмен шеф да ти сер* над глава.
Back to Top
velezoski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2019
Location: Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote velezoski Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 28-Oct-2019 at 16:14
Доста се шесте илјади
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 28-Oct-2019 at 16:39
6 години а плус за 2 години пропаѓа асвалтот. Изградба на автопат значи доволно ,,квалификуван,, персонал со доста добри материалии за да држи автопатот барем 5 години. Делот од автопатот каде има асфалт веќе пропаднал тоа е скандал!!
На македонски патишта им треба нов концепт, како да се задржува еден автопат, пунудите не треба да имаат критериум за најниска цена туку најдобар квалитет. Секаде се зборува за најниска цена- е тоа е како прво една голема грешка.
Автопатот пуштен во употреба во Албанија мерак да ти е да се возиш и плус функционира веќе 3 години ,,бојата на асфалт,, сеуште ја има. И Косово сега да унапреди и како серани ќе си гледаме.

Edited by my Macedonia - 28-Oct-2019 at 16:46
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 28-Oct-2019 at 19:30
Кој дел од автопатот е пропаднат?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 28-Oct-2019 at 19:59
Originally posted by ironm

Кој дел од автопатот е пропаднат?



Тука имаше една сервисна улица што се спојува со автопатот каде точно не знам можеби 5-10 км од охридскиот аеродром кон кичево? Јас пак се надевам дека можеби е уште некоја сервисна улица . Колку што знам тој дел (ако не се лажам 1км беше) во 2017 беше асфалтирана но тогаш не возев кон таа улица.
Ако може некој да слика би било одлично.

Edited by my Macedonia - 28-Oct-2019 at 20:00
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12385
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 30-Oct-2019 at 09:53
Со нов закон ќе се гарантира завршувањето на автопатот Кичево – Охрид

Владата на седница го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на автопат делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу „Експорт – импорт“ банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Прес-службата соопшти дека е донесен заклучок тој да биде доставен до Собранието.

– Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатската врска Кичево – Охрид за трајно решавање на утврдените проблеми при досегашното изведување на работите и да се обезбеди брз и сигурен сообраќај на овој значаен патен правец, се вели во соопштението.

https://plusinfo.mk/%d1%81%d0%be-%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd-%d1%9c%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a/
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1117
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 03-Nov-2019 at 01:32
Да не беа толку пари фрлени во ветер, ќе речев подобро никогаш да не го завршат.Криминал не се парите фрлени, туку начинот на изведба и 'квалитетот'!
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 05-Nov-2019 at 10:58
Originally posted by ironm

Кој дел од веста е лажна?


Целата вест е лага и манипулација. како и се до сега.


Edited by AmyntA - 05-Nov-2019 at 10:58
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 05-Nov-2019 at 12:27
Пост на твитер со исечок на изјава од градоначалникот на Штип за да ја докажеш поентата?

Ако е се лага и манипулација и истовремено се било во ред со проектот, тогаш зошто автопатот не беше завршен во јануари 2018 година?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 05-Nov-2019 at 14:03
За многуте недостатоци на овој проект е испишано доста на темава. Дека „цела траса е промашена“ не е една од нив. Тоа беше лажна вест што лесно се прифати меѓу народот и како таква беше користена во политички цели.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12385
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 16-Nov-2019 at 09:10
Цената на автопатот Охрид – Кичево надмина половина милијарда евра

Расте цената на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја усвои предлог одлуката за нов заем од кинеска Експорт-Импорт банка во висина од 180 милиони евра, со што цената на изградбата на овој капитален проект надмина половина милијарда евра.

Според првичните проекции во 2014 година, кога започна изградбата на 57-километри долгата автопатската делница, истата се проценуваше на околу 360 милиони евра. Но поради сериозни пропусти во трасирањето и проектирањето истата значително ќе ги надмине првичните проекции.

повеќе на

https://www.ohridnews.com/cenata-na-avtopatot-ohrid-kichevo-nadmina-polovina-mili-arda-evra/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 16-Nov-2019 at 18:23
Од првичните и погрешни проекции дојдовме до реалната сума. И никој не е виновен за грешната проценка стандард ситуација
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 24-Nov-2019 at 12:24
Нов кредит од 180 милиони долари за автопатот Кичево – Охрид и надеж дека ќе биде последен

По промената на подизведувачите и отпочнувањето со препроектирање на оние сегменти што се покажаа како изоставени или неизводливи за градба, автопатот Кичево – Охрид вчера од Собранието доби амин и за ново задолжување на државата од 180 милиони долари за завршување на делницата долга 57 километри. Пратениците од власта и опозицијата го поддржаа законот, со кој државата ќе гарантира за враќање на новиот заем подигнат од кинеската Ексим банка.

На Кинезите ќе треба да им го вратиме кредитот во рок од 20 години, со вклучен грејс период од пет години и со фиксна каматна стапка од 2 проценти годишно. Дополнително, кинеската компанија „Синохидро“ останува главен изведувач на автопатот, додека македонските фирми ќе бидат подизведувачи. Со новиот кредит, актуелната цена на автопатот ќе се искачи на речиси 600 милиони евра, односно за изведба на еден километар автопат е предвидено да се потрошат нешто над 10 милиони евра.

Новиот кредит од 180 милиони долари ќе се искористи за изградба на деветте клучки за поврзување на околните населени места со автопатот. Дополнително, Кинезите ќе го градат алтернативниот пат од Пресека до Арбиново, ќе ги отстранат сите слабости околу изведбата на тунелот „Пресека“, како и најважното – ќе ги санираат сите косини на кои се појавени свлечишта за да се овозможи безбедност на сообраќајот во иднина.

Во изминатиов период имаше послаб интензитет на изведба на автопатот Кичево – Охрид, поради потребата од препроектирање на автопатот, појавените свлечишта на патот и неповлечените средства од првиот кредит во износ од околу 200 милиони евра. Владата летово склучи анекс со Кинезите, којшто овозможи оваа сума од првичниот кредит да се повлече и да се искористи за изведба на оние сегменти од автопатот што не се спорни.

Досега се завршени над 75 отсто од градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, а пробиени се 96 отсто од трасата. До септември 2020 година треба да заврши докомплетирањето на проектната документација за автопатот. Владата веќе вети дека догодина ќе се пуштат во употреба десетина километри од делницата. Крајниот рок за комплетно завршување на автопатот е 30 јуни 2021 година.

https://meta.mk/nov-kredit-od-180-milioni-dolari-za-avtopatot-kichevo-ohrid-i-nadezh-deka-ќe-bide-posleden/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.