build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 31323334>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 19-Jun-2020 at 08:33
Китанов: Патот Кичево – Охрид ќе биде готов 2021 година

Најгоркиот проблем – Кичево – Охрид. Јас мислев дека тоа кога ќе дојдеме ќе може да го раскинеме и да почнеме од ново. На крај памет не ми паѓаше дека јас ќе треба да се борам со „Сизифовски“ работи. 74 препроиктирања веќе се направија за оваа делница. Експропријацијата 100% е завршена. Планот е Кичево – Охрид да биде готов 2021 година, рече Китанов.

https://www.slobodenpecat.mk/kitanov-patot-kichevo-ohrid-ke-bide-gotov-2021-godina-video/
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 19-Jun-2020 at 10:20
2021 или 3021 ???
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 23-Jun-2020 at 10:11
Летото дојде, првите километри од автопатот Кичево – Охрид допрва ќе се пуштаат во употреба (галерија)

Новата летна сезона е пред самиот праг, а првите километри од автопатот Кичево – Охрид сè уште не се ставени во функција за возачите. Најавите на државните власти беа дека годинава ќе возиме по првите десетина километри од овој автопат на потегот од Врбјани до Охрид, на којшто потег всушност има и најголема фреквенција на сообраќај и најголема опасност од сообраќајни несреќи. Градежните компании работат на изведба на автопатот на терен, но со забавено темпо поради појавата на корона вирусот во земјава и непредвидените негативни ефекти што ги донесе таа.

Мета.мк“ уште на крајот на мај побара одговори од Јавното претпријатие за државни патишта за реализацијата на автопатот Кичево – Охрид, но до денешен ден не добивме одговори на поставените прашања. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов во изјава за „Дојче Веле“ појасни дека албанската компанија „Викторија“ имала проблеми со работниците од Албанија, кои периодов не можеле да бидат ангажирани во изградбата. Токму овој изведувач во изминативе години работеше на изградба на последните километри од автопатот пред Охрид.

Китанов во интервју за „Слободна ТВ“ посочува дека експропријацијата на земјиштето на трасата е целосно завршена, додека досега биле завршени 74 препроектирања од договорот за неопходното препроектирање и допроектирање на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за овој автопат. Завршени се 80 отсто од препроектирањата, изјави директорот Китанов.

Тој посочи дека 685 градежни работници и 228 машини работат на терен во изградбата на трасата долга 57 километри, но и дополнува дека овие бројки ќе се дуплираат во следните два месеци. Директорот на ЈП за државни патишта посочи дека годинава ќе биле пуштени во употреба измеѓу 5 и 15 километри од овој автопат, но не посочи во кој временски период ќе се случи ова.

Од состојбата што може да се увиди на терен, на секцијата која што се очекува прва да се пушти во функција, во делот меѓу Охрид и Врбјани, се одвиваат градежни работи со забавена динамика. На терен може да се согледаат две бензински станици што се наоѓаат на самата автопатска траса, кои и понатаму работат, а не се срушени и неколку куќи во кои живее месното население. На потегот од Подмоље до Охрид се вози по новоизградената траса, но допрва ќе се реконструира досегашниот пат што ќе служи за движење на возилата во спротивен правец. Пролетва беше срушен надвозниот над патот Кичево – Охрид, каде што се гради нова клучка за идниот автопат.

Автопатот Кичево – Охрид започна да се гради во февруари 2014 година, со актуелен рок на завршување на проектот до 30 јуни 2021 година. Цената на изградба на автопатот изнесува 598 милиони евра, средствата се обезбедија преку кинеската Ексим банка, а за главен изведувач на автопатот е избрана кинеската компанија „Синохидро“.













https://meta.mk/letoto-dojde-prvite-kilometri-od-avtopatot-kichevo-ohrid-doprva-kje-se-pushtaat-vo-upotreba-galerija
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 23-Jun-2020 at 17:58
Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 23-Jun-2020 at 18:53
Originally posted by WolfLeader

Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....



Денес проверив и на Google Maps, и на Sentinel Hub, и трасата изгледа целосно пробиена.
Останува да се довршат мостовите, вијадуктите, за тунелите тоа појма немам, да се асвалтира сето тоа, да се поврзе автопатот со Кичево, за тој мостот што го срушија незнам дали почнаа со реконструкција на таа клучка, но вака мислам крајта на 2021 или некаде средина 2022 сигурно ќе биде пуштен овој автопат.
И требаше до сега и со Кочани - Тетово да се почне.
Ќе чекаме уште 10 - 15 години во целост да се среди овој коридор.....
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 23-Jun-2020 at 21:15
Скоро никаде не се работи на трасата, единствено на вијадуктите меѓу Пресека и Кичево и тунелите под Пресека, вкупно не повеќе од 5км. Трасата Охрид - Врбјани што најавија дека ќе биде пуштена во 2020 не е возможно да биде завршена годинава.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 23-Jun-2020 at 21:15
Па колку што се сеќавам викаа дека во 2020 година ќе почнат со првиот дел од Кичево-Гостивар, ама очигледно ништо од тоа. Да не правам муабет за проширување со уште една лента (во двете насоки) на Тетово-Гостивар.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 24-Jun-2020 at 20:29
Originally posted by The Wild Boy

Originally posted by WolfLeader

Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....



Денес проверив и на Google Maps, и на Sentinel Hub, и трасата изгледа целосно пробиена.
Останува да се довршат мостовите, вијадуктите, за тунелите тоа појма немам, да се асвалтира сето тоа, да се поврзе автопатот со Кичево, за тој мостот што го срушија незнам дали почнаа со реконструкција на таа клучка, но вака мислам крајта на 2021 или некаде средина 2022 сигурно ќе биде пуштен овој автопат.
И требаше до сега и со Кочани - Тетово да се почне.
Ќе чекаме уште 10 - 15 години во целост да се среди овој коридор.....


Siguren si deka benzinskite i kukjite koj sto se na toj del od trasata se urnati ?? Ako e toa taka togas mediumot ni plasira netocni i neprovereni informacii , ako se navistina otstraneti kako sto kazuvas ti togas ima realni sansi do 2022 da bide gotov , AMA ako ne se urnati i tamu seuste rabotat 2 benzinski i ima lugje koj sto ziveat vo kukji toa sigurno ke potrae uste dolgo vreme.
Inaku za tunelite kako sto rekoa vlastite do kraj na godina bi bile skoro gotovi , a najgolemata rabota momentalno bila na vijaduktite , mostovite , novo proektiranite klucki , patista za vklucuvanje i isklucuvanje na avtopatot , sto tie ne bile staveni vo plan od prethodnata vlada , e sega realnata sostojba na teren kakva e nie moze da si nagoduvame , edinstveno nekoj koj sto e momentalno tamu moze da potvrdi taka da .....
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 24-Jun-2020 at 22:10
Originally posted by WolfLeader

Originally posted by The Wild Boy

Originally posted by WolfLeader

Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....



Денес проверив и на Google Maps, и на Sentinel Hub, и трасата изгледа целосно пробиена.
Останува да се довршат мостовите, вијадуктите, за тунелите тоа појма немам, да се асвалтира сето тоа, да се поврзе автопатот со Кичево, за тој мостот што го срушија незнам дали почнаа со реконструкција на таа клучка, но вака мислам крајта на 2021 или некаде средина 2022 сигурно ќе биде пуштен овој автопат.
И требаше до сега и со Кочани - Тетово да се почне.
Ќе чекаме уште 10 - 15 години во целост да се среди овој коридор.....


Siguren si deka benzinskite i kukjite koj sto se na toj del od trasata se urnati ?? Ako e toa taka togas mediumot ni plasira netocni i neprovereni informacii , ako se navistina otstraneti kako sto kazuvas ti togas ima realni sansi do 2022 da bide gotov , AMA ako ne se urnati i tamu seuste rabotat 2 benzinski i ima lugje koj sto ziveat vo kukji toa sigurno ke potrae uste dolgo vreme.
Inaku za tunelite kako sto rekoa vlastite do kraj na godina bi bile skoro gotovi , a najgolemata rabota momentalno bila na vijaduktite , mostovite , novo proektiranite klucki , patista za vklucuvanje i isklucuvanje na avtopatot , sto tie ne bile staveni vo plan od prethodnata vlada , e sega realnata sostojba na teren kakva e nie moze da si nagoduvame , edinstveno nekoj koj sto e momentalno tamu moze da potvrdi taka da .....

Не ме зимај за збор, не проверив убаво туку така.
Бензинските може се сеуште таму.
Ако ги срушиле уште подобро.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 24-Jun-2020 at 22:53
Не се срушени ниту бензински, ниту куќи, ниту се почнати некои клучки. Како што пишав погоре моментално се работи единствено на вијадуктите меѓу Пресека и Кичево и тунелите под Пресека.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 25-Jun-2020 at 19:07
Znaci seuste ima uste mnogu rabota!!!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 06-Jul-2020 at 06:59
Od fb-NOCE DOOEL(15.06.2020)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 07-Jul-2020 at 15:08
Шекеринска: Автопатот Кичево-Охрид во последна фаза, готов до крај на 2021



Автопатот Кичево – Охрид со сите девет клучки, по сите можни грешки на минатата влада е во последна фаза, и до крајот на 2021 ќе биде комплетно функционален, порача вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска при денешниот увид на градежни работи на автопатот. Како што потенцираше, претходната Влада го оставила овој проект без документација, пресметки и план, како и без ниту една клучка, а сегашната ги надминала наследените проблеми, испланирала девет автопатски клучки што ќе овозможат комуникација на населението и работи на делниците. -Автопатот Кичево – Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4 – 5 години владеење на ВМРО ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во бомбите а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија. Провизијата ја зеле, ама проекти и проектна документација не оставиле. Како Влада наследивме обврска која што беше почната но беше почната и поставена на глава. Овој пример, автопатот Кичево – Охрид е доказ, колку е тешко од кал да извадиш нешто што е оставено без проект, без план, без документација и без ред, изјави Шекеринска. Откако е избрана новата Влада и ја добила одговорноста, како што рече, покажала како е да се работи плански. – Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево – Охрид. Ако ВМРО ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават девет клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници од кои само една можете да ја видите овде, рече Шекеринска. Според информациите на сите кои што се вклучени во проектот, укажа министерката, најголемиот дел од тунелските решенија е завршен и се завршени најголемиот дел од тешките точки што не биле проектирани како што треба. Откако ја обезбедиле и потребната механизација, работници и средства, повторно започнала изградбата на автопатот Кичево – Охрид. -Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со девет клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година. Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии. Затоа граѓаните можат тоа да го видат со свои очи. Со свои очи не можеа да го видат она што го градеше ВМРО ДПМНЕ, но со свои очи можеа да видат како 15 до 18 милиони евра се дадени за провизија за Груевски и неговата група. Затоа, наместо да поставуваат прашања за автопатот Кичево – Охрид овие од ВМРО ДПМНЕ треба да го повикаат Груевски и да му побараат да и ги врати на државата 15-те до 18-те милиони евра коишто ги зема од овој автопат и го остави неизграден, без тунели и без клучки. На темава ВМРО ДПМНЕ треба и да молчи и да одговара, изјави Шекеринска.
Шекеринска: Автопатот Кичево-Охрид во последна фаза, готов до крај на 2021 |

https://opserver.mk/biznis/shekerinska-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-posledna-faza-gotov-do-kraj-na-2021/


Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 07-Jul-2020 at 16:16
А дали некоја политичка партија спомна нешто за автопатот Гостивар-Кичево?
Јас ништо немам слушнато, ниту прочитано.
Back to Top
Aleksandar oh View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jun-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Aleksandar oh Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 07-Jul-2020 at 20:34
Овој автопат засекогаш ќе блокира 10 км од и онака малиот брег. Делот од автопатот од Оровник до Охрид е целосно непотребен и штетен. Без никаква економска оправданост т.е. ќе направи само економска штета. Селата Оровник и Подмоље кои излегуваат на езерото имаат огромен туристички потенцијал сега ќе "излегуваат" на автопат . Потегот од Охрид до Струга, а посебно до Подмоље е целосно асфалтиран и бетониран. Наместо идилична природа и езерски рај со птичји песни, и ветренце и бранови, плажи, пешачки и велосипедски патеки ќе има автопат и регионален пат. Браво на планерите и проектантите а најмногу на оние кои на овој автопат се радуваат. Сега кога имаме автопат ни останува уште покрај езеро на најубавите плажи да се изгради уште некоја индустриска зона. Ќе беше идеално автопатот да не се доближуваше до Охрид и Струга, туку од Требеништа (15км пред Охрид и Струга) да одеше накај Ливоишта и Косел и од таму да се поврзуваше накај Битола и Охрид. Можеби на крајот после неколку години ова и ќе е решението. Согледува ли некој колку ова ќе направи штета на Охрид? И за тоа се плаќа милиони евра?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 07-Jul-2020 at 21:17
Идејата е одлична дека треба автопатот за Охрид да заврти преку Косел и таман да го приближи и Ресен, а за Струга кракот да заврти некаде по права линија Мешеишта -Шум и да отиде од кај Драслајца некаде низ Полето. Сегашните патишта меѓу Охрид и Струга се сосема доволни за локалниот сообраќај.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 59
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 07-Jul-2020 at 22:54
Се изнадрдореа за тие 9 клучки, но ајде да видиме зошто. Меѓу излезот на Виена и влезот на Братислава има околу 50 км (слично како и Охрид-Кичево). Тие 50 км иако поврзуваат две европски метрополи и уште неколку помали градчиња меѓу нив, имаат далеку повеќе сообраќај, сепак јас не избројав повеќе од 10 клучки. Па се поставува прашањето дали навистина е потребно да фрламе милиони за неколку села со 30 жители да имаат пристап до автопат, или во игра е огромна кражба на нашите пари? Цврсто сум убеден дека причината е проневера. На таа делница сметам дека повеќе од 4 клучки не се потребни, една на излез од Кичево, една кај аеродромот и максимум две меѓу нив. Се согласувам и со тоа да врти од Мешеишта кон Ресен, или евентуално да оди до аеродром и ако е изводливо од таму да се направат краци кон Струга и Косел.

Edited by Marxentric - 07-Jul-2020 at 23:02
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 08-Jul-2020 at 12:18
Споредбава со Виена и Братислава (или која и да е друга високоразвиена држава) не е соодветна. Таму има уште 20 други споредни патишта што ги поврзуваат околните населени места, па затоа ја нема потребата од клучки (ти верувам дека се помалку бидејќи не сакам да пребарувам). Проблемот со селата во Дебрца е дека нема ниту еден друг пат освен излезите што ги имаат сите села директно на магистралниот, кој патем секоја зима за многу села е блокиран од снег и паднати дрва. Прашањето е дали ќе е поевтино да се изградат сите тие споредни патишта или клучките за чија одлука веројатно е потребна цела студија, а во мнозинството одлуки за нашава инфраструктура главен проблем е ниското ниво на едукација и стручност.

За коментарот погоре од Aleksandar Oh - истата власт што го проектира и смисли автопатот да влегува директно во градот имаше идеја и за експресен пат низ национален парк. Истата логика за уништување на непроценлива природа во името на парите и туризмот кој воопшто не е потребен на такво ниво. Според мене ниту на регионалниот пат за Струга местото не му е таму бидејќи го узурпира еден од најубавите предели кој во најдоброто сценарио треба да претставува една голема пешачка и велосипедска патека. Но, ако го нема патот ќе има ресторани, шанкови и платформи, така што горе-долу сеедно е.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 08-Jul-2020 at 12:30
Ај доста со душегрижништво за националниот парк, кога гужвите што се ствараат во Пештани ствараат поголемо загадување и штета на околината него било кој прокет со докажано и измерено влијание врз животна средина. Ајде решение дајте за гужвата у Пештани.

Edited by user8642 - 08-Jul-2020 at 12:30
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 08-Jul-2020 at 13:12
Не знам какви комплекси имаш и од каде ти потекнува постојаната потреба за навреди на форумов во многу твои постови и како дојде до заклучок дека е душегрижништво тоа некој да го сака националниот парк или општо природата.

Ако толку е дојден проблемот до гужвата во Пештани можеби како за почеток треба полицијата да си ја врши работата и да не се дозволи паркинг буквално на сред пат, што всушност претставува 95% од проблемот со сообраќајот таму. Според новиот план за крајбрежјето нема да се дозволи градба во појасот од 50 метри (што чисто се сомневам дека ќе се почитува). Тогаш нека се сруши целиот прв ред на куќи (кои никогаш не требало да се изградат), а исто така и оние кои влегоа директно во езеро со единствена цел да заработат, па не само што ќе има доволно простор за сообраќај туку ќе може и воз да поминува низ Пештани.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 31323334>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.