build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 33343536>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13150
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 07-Aug-2020 at 09:25
Грешки на автопатот Кичево-Охрид

од Божидар Миљовски

Грешките на автопатот Кичево-Охрид може да се сумираат во три крупни насоки: грешки на политичарите и политиката, корупциски грешки на Владата и грешки на градежниците и на надлежните институции.

Грешките на политичарите и политиката се состојат во тоа што 20 години во Македонија немало градење автопати и 20 генерации што завршиле факултет немале шанса да проектираат и да градат автопатишта. По 20 години доаѓаат наеднаш четири автопати, поради што овие генерации учат на грешките. Понатаму, 16 години во Министерството за транспорт и врски, како и во Јавното претпријатие за патишта, седеле правници поради што не можело да се очекува некаква стратегија во градежништвото, никакво планирање од страна од политиката.

Владата направила корупциски грешки при продавањето на проектот, за лична и партиска провизија, со цени кои биле двапати поголеми од пазарните.

Со овие две грешки немам намера да се занимавам, бидејќи постојат посебни органи за тоа. Но, имам намера да ги анализирам грешките на градежниците и на надлежните институции.

Пред да почнам да ги анализирам овие грешки ќе направам една мала дигресија во врска со моите 32 години активност во градежништвото во САД. Таму работев како консултант во три фирми: „Perini MA“, „O&G Industi CT“ и „Tudor Selima CA“, кои заедно сега прават од 10-12 милијарди годишен обрт. Моето учество беше во „CONSTRAKT ABILITY“, односно „Како да се гради поевтино“, а тоа значи оцена, предлог за препроектирања на проектот за поевтино градење и заштеда на пари. Работејќи на вакви објекти јас го сметам констракт абилити како многу важна ревизија и преправка на проектите, заради што ќе се обидам и овој проект да го анализирам од овој аспект.

Во 2014 и во 2015 година го посетив градилиштето и добив претстава за случувањата, бев консултиран за тунелот, стабилноста на косините, додатните истраги за мостовите и друго. Да ги наброиме фирмите кои учествувале во изготвувањето на документацијата: Проектанти на патот се „Prima Enginering“ (сега ликвидирана) и ZIM, и двете фирми не се проектанти на патишта и користеа надворешни проектанти. Истражните работи ги работел ГИМ и неколку геолошки фирми, но најважно е што испитувањата ги нарачувале и воделе инженери на Јавното претпријатие за патишта и тука е направена најголемата грешка во претходните геолошки испитувања кои беа 0,5-0,6 % од чинење на проектот, а во светот се движат од 2-3 %. Со вакви постапки „грешките од секој долар помалку за испитување, после се плаќаат 100 долари“. Во време на изведувањето се воочени овие грешки од недоволните испитувања и се нарачаа дополнителни испитувања за мостовите, тунелот и за некои други објекти.

Главниот ревидент и консултант на сите проекти на Јавното претпријатие за патишта е Градежниот факултет. Градежната дозвола ја издаде Министерството за транспорт и врски. За изведувач на работите по партиска линија е избрана фирмата „Трансмет“, на која ова ѝ беше прв објект во автопатиштата. Надзорот го зеде фирмата ГИМ. Наброените фирми се учесници во целиот процес од испитување до градење на автопатот Кичево-Охрид и тие најдобро ги знаат сите проблеми.

Ги набројуваме проблемите од проектирањето, испитувањата и градењето од аспект на „констракт абилити“. Не можеме да градиме ваков проект со испитувања од 0,6 %. Проектантот и инженерите од Јавното претпријатие за патишта морале проектот да го поделат на два дела. Прв дел од Кичево до Пресека и втор дел од Пресека до Охрид. И во двата дела проектантот не ги решил приклучоците од споредните патишта. Проектантот заборавил дека постои „банализација“ на сообраќајот, односно никако долги правци со ист наклон, зашто возачите заспиваат од монотонија. Ако оваа делница беше направена со благи наклони горе-долу ќе се избегнеа многу мостови и многу високи потпорни sидови.

Втора голема грешка на проектот е водењето на двете ленти на исто ниво, наместо да се поделат на две нивоа. Кој е тој автопат со косини од 150 метри? Тоа не е можно да се одржува. Ако го поделеа на две нивоа ќе имаа косини по 20-30 метри. Една од големите грешки е и тунелот. Изгледа сите заборавија дека пред 30 години, кога се реконструираше делницата од Извор до Пресека беше работена варијантата од Извор до Пресека долу и со тунел под Пресека. Оваа варијанта со тунел под Пресека ја напуштивме, зашто беше заклучено дека ќе имаме тунел со големи притисоци и подземни води. Не знаеме како дојде до тоа тунелот да биде дефиниран за градба во тврди карпи, дури и без подграда, а во суштина излезе најтешка категорија на тунел и чини 2-3 пати поголема сума од договорената.

Изведувачот, кој немал никакво искуство со автопатиштата се впушти да работи по целата траса, а не концентрирано по 3-4 километри, па кога ќе ги заврши нив до тампон да оди на следни, итн. Овде има забелешка за Јавното претпријатие кое требаше да ургира брза изградба на лесната делница од тунелот до Охрид, која според мои оценки по две години можеше да биде пуштена во сообраќај.

Пред две години држев предавање во Друштвото на инженери, гласно им кажав на сите 120 присутни дека на западниот пат ќе изгубиме уште 150 милиони евра. Пред неколку месеци беше потпишан анекс на 182 милиони евра. Бидејќи во ова не се вклучени санациите на косините ќе се додадат нови 30 милиони евра, па така цифрата ќе стане 210 милиони.

Завршувам со ова објаснение зашто сакам јавното мислење да знае кој е виновен што Северна Македонија ќе плати најскап автопат во регионот, за што сигурно јас не сум повикан да судам. Предлагам да седнат на иста маса сите учесници во проектот: проектанти, изведувачи на програмата за испитување, ревидентот на испитувањата, консултантите, ревидентите на проектот, издавачот на градежната дозвола, надзорот и самите тие да кажат кој е и колку е виновен за штетата од 210 милиони евра.

https://www.slobodenpecat.mk/greshki-na-avtopatot-kichevo-ohrid/?fbclid=IwAR2-qdDyZ3Rcq4a3XeOddujbmKB7rQEuEWG5ljstxFB7zXhlTv04lTloMuQ
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 07-Aug-2020 at 10:54

CONSTRAKT ABILITY


For real? Сигурно бил во САД а не во Индија?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 07-Aug-2020 at 19:18
Originally posted by гитардемон


CONSTRAKT ABILITY


For real? Сигурно бил во САД а не во Индија?

Баш се зачитав во текстот, но проектант во САД да бил, а Constructability да го пишува како Јамајканец, чудно троа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13150
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 07-Aug-2020 at 21:09
Минатиот викенд го возев овој дел, можам да кажам дека видлив напредок има само кај вијадуктите, додека на рамен терен речиси и да не видов работник, само на враќање се асфалтираше еден мал дел, ама не се сеќавам каде поточно.
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 08-Aug-2020 at 17:50
Срамота, срамота.
Денес поминав одејки накај Струга, и апсолутно ништо немаат чепнато. Едноставно срамота.
Од делот кај Охрид се вози по новиот лев асфалт, де вози повеќе од пропишанпто, правила не се почитуваат, се престигнува по полна линија.
Од бензинските ништо нема(т) срушено, и кај подмоње надвожњакот го имат срушено, и има некој импровизиран кружен тек. Другото појма немам оти не одевме преку Кичево за Охрид, туку преку Ресен.

За тоа со косините неможат да го средат сега па да ги поделат на 2 дела?
Косини со 150 метри??? Wtf кој будала прави таков автопат...

Ајде делот со наклоните и така и така, ако има мостови нема да треба да се искачува толку многу ама пак цената нагло ќе порасне, што во овој случај се деси.

За другото се што е кажано е во право.
За жал тоа е што се деси, претходната власт си намести компанија која што нема врска со правење автопат. Тоа што утнаа е утнато.

До сега Македонија требаше по 15 пати да беше целосно комплетирана планираната автопатска мрежа. Ќе чекаме уште 10 години за Кичево - Гостивар да го завршат, и уште дупло ќе се исперат пари.

Се надевам еден ден ќе се смени ова што ни се дешава во државата па ќе се казнат сите тие што се криви за овие грешки.

Епа од мене толу, веќе нема што да кажувам а и немам живци да се нервирам веќе да зборам за овакви ствари, и сево ова што ни се дешава во последните 10 - 15 години.

Уште нешто:

Охрид - Струга - Дебар иако за немој не му личи така, ама има далеку повеќе автомобили во просек. Моментално се враќам кон Охрид и можам да ви го потврдам тоа. Исто и за Охрид - Ресен - Битола. Има премногу камиони.
Во иднина и овие правци ќе треба да имаат нови и соодветни патишта.
Еее има многу патишта за кои што повеќето мислат дека нема многу коли ама има. Особено летна / зимска сезона.

И Радовиш - Струмица треба да биде автопат а не експресен пат, од повеќе причини. Да не зборам за Струмица - Ново Село.

И друга работа, на овој автопат сега само 1 градежна компанија работи???
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 08-Aug-2020 at 18:13
Ако не грешам на терен треба да работат Гранит и Викторија Инвест Елбасан,нели Гранит ја преземаа делницата на Трансмет? Сигурно имаат и некои ситни изведувачи ангажирано чинам Ноче ДООЕЛ помага со кранови за вијадуктите...можеби грешам но во секој случај уште долго ќе се чека завршницата на овој автопат.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 08-Aug-2020 at 19:34
Фирма од Албанија работи знам. Земале пари за Ковид19 помош да исплатат плати и не дале плате. Каква Банана Држава колку ли пари се перат на патов. Замислете фирма која единствено постои во државава за да работи на Државни проекти зема помош од истиот тој државен буџет за плати? Перат пари лом праат си делат по 1 евро сите.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 12-Aug-2020 at 06:35
Originally posted by MKDSTRUGA

Фирма од Албанија работи знам. Земале пари за Ковид19 помош да исплатат плати и не дале плате. Каква Банана Држава колку ли пари се перат на патов. Замислете фирма која единствено постои во државава за да работи на Државни проекти зема помош од истиот тој државен буџет за плати? Перат пари лом праат си делат по 1 евро сите.


Toa dokazuva kakva drzava sme za zal , nema poveke so da se komentira Ne e ukrivuvam firmata voopsto , krivi se nasite gladni volci so i do den deneska ne se nasitia so kradenjeto , treba nekoj povod da im dade na taa stranska firma pa tie da napravat takvo nesto.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 16-Aug-2020 at 14:25
Извадоци од видеото

https://www.facebook.com/IDSCS/videos/355733295588776

...







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 26-Aug-2020 at 11:30
Foundation of Overpass km 5+374.25- Interchange Podmolje Section 5!
-Highway Kicevo-Ohrid





https://www.facebook.com/mne.2018
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 05-Sep-2020 at 17:35
Аууу човече патов страшен за возење ќе биде :-)

Мајка ми кога го виде тој високиот вијадукт мислам после тунелите вика бегај таму јас нејќам волку високо да ме возат хахахахаха

Инаку, оваа ли е таа контроверзна бензинска:









Човече овде немаат ништо чепнато, ни бензинските, а мислам дека има повеќе вака, и негде пред подмоље требале до сега тие куќи да ги срушат, а баш и видов луѓе со малтер работеа.
Па нели се тие обавестени дека треба автопат низ нивните земјишта да минува? Што тогаш градат?
Незнам што да кажам ова е безредие, веќе не се знае кој што прави...

Делот со виадуктите имаше малку повеќе работа, ама сепак генерално слабо.

И тоа горе што го пративте, со тој архитектот што си кажа убаво кои грешки ги имаат направено, во еден дел спомнува дека не било соодветно да прават тунели, оти во тој рид имало многу вода.
Па и тунелот Караванке, граница Словенија - Австрија кога го имаат градено (период 80 - те до 90 - те) имаат наидено на голема количина вода, и тоа мислам не е толку комплицирано, се покрива со цврст слој бетон, и не пропушта вода. Дали нашиве овде тоа го имаат земено во обзир? Или и овој тунел ќе стане темпирана бомба? Што ако некогаш избие силен притисок вода и го оштети тунелот? Како ќе се извадиме тогаш?
Може ли да видам пресек на тунелите како изгледаат, должина, скица, дали ќе имаат лента за застанување или ќе е само обичен 2+2 профил? Соби за излез при итни случаеви ќе има ли?

Каде ќе биде таа 1 патарина што кажаа дека ќе имало?

Другото си е како што е.

Вие вака другите што мислите, дали ќе се заврши овој автопат до 2021 како што ветуваат?

И зошто има многу малце што работат на овој пат? Дали е тоа поради моменталната ситуација со Covid - 19 или генерално е намален бројот на работници на оваа делница? Зошто неможат да вработат повеќе на овој проект па да се заврши побрзо?
Штип - Радовиш далеку повеќе вработени има, и еве до крај на годинава ќе е готова оваа делница, ама таму турбо се работи, а овде ништо.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13150
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 07-Sep-2020 at 18:58
Од минатата среда...



...



























За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13150
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 07-Sep-2020 at 19:04












За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 07-Sep-2020 at 21:17
Одговор на мојот пост???
Прашав многу клучни прашања, особено околу безбедноста на оваа делница.

Бидејки претходно имаше многу обвинувања и прашања за безбедноста, и тоа од слободен печат што го пративте, се што е напишано си ја кажува вистината за овој пат.

Нели претходно пишувате имало проблеми со тунелите при градба?

Овој регион е исто така доста сеизмички активен.

Дали пак си терале по тие истражувања што ги правеле пред 15 - 20 години, или имаат измени направено?

Што ако некој ден се случи нешто на оваа делница, да се оштети нешто, или во најлош случај да се сруши. Кој ќе одговара?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3889
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 07-Sep-2020 at 22:35
Можам само да ти давам одковор за прашањето: Кој ќе одговара: НИКОЈ
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 09-Sep-2020 at 14:19
So jako tempo se odviva rabotata na ovoj proekt , ako vaka terat zavrsen ke bide taman za slednite izbori )
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 09-Sep-2020 at 15:17
Мало сутра јако темпо...
Јас лично видов и знам што пишувам..

Ауу, извини не прочитав убаво
До следните избори ништо чудно да се чуваат.

Edited by The Wild Boy - 09-Sep-2020 at 15:18
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 11-Sep-2020 at 13:24
Jas mislam deka proektot go kocat eksproprijaciite koj sto ne se reseni i objektite koj sto se prepreka na samaata trasa , kako sto moze da se zabelezi tie objekti kako benzinska , dalnovodi ili sto ima , banderi , ne se trgnati , sto znaci zakonski seuste ne e odobreno nivno dislociranje ili rusenje , vo zavisnost od toa kakov e sudskiot akt i presuda , e sega dali tie objekti se legalno tamu izgradeni ne kazuva nikoj , ako se legalno tamu izgradeni za drzavata da napravi tamu trasa mora da im go dislocira toj objekt i da im plati osteta taka , a ako ne se pravno gradeni tamu tie objekti togas mora da ima nivno rusenje od strana na sopstvenikot , a ako ne znaete i sami drzavata gi uriva tia bespravni objekti ,a seto toa e proces koj sto moze da trae mnogu vreme , svesni sme kakvi se sudskite lavirinti , ako covekot si ima dokument na benzinskata deka e pravno izgradena nema sila koja sto ke mu ja trgne toa e fakt , zosto do sega taa benzinska ne e otstraneta ?? znaci ima nekoj problem koj sto drzavata ocigledno nemoze da go resi. Po toa sto moze da se vidi ima mnogu rabota na mostovite , na kosini i svlecista , pristapni patista , i uste koj znae sto , taka da sekoe uveruvanje na vladata deka avtopatot mu se gleda kraj e samo blamaza i perenje na mozok , ali kako i da e do 2024 pred slednite izbori ke bide pusten vo upotreba ))
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 12-Sep-2020 at 01:43
Друже 9 години малце ли беа да ги решат проблемите со земјиштата?
Јас повеќе мислам дека и за ова си има политичка позадина.
Арно викаш и ти, ако е правно ама и да не е, оти кај нас ништо не функционира како што треба, пак сопствениците ќе си гледаат да си исциаат што е можно повеќе пари за да го отстапат земјиштето, и после да може да се гради трасата низ тоа земјиште.

Edited by The Wild Boy - 12-Sep-2020 at 01:44
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 17-Sep-2020 at 11:06
Бочварски: Автопатот Охрид – Кичево е приоритет, проширување на автопатот Тетово – Гостивар, проект за изградба на автопат Кичево – Гостивар

Новиот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски, денеска на прес-конференција најави доизградба на автопатот Охрид – Кичево, како и изградба и реконструкција на неколку патни правци.

„Продолжуваме интензивно на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран“, рече Бочварски.

Министерот за транспорт најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар. Истовремено се врши проектирање на изградба на нов автопат Кичево – Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион. Бочварски најави изградба на автопатот од Скопје до Блаце.

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.

Јавниот простор ќе може да се користи само на начин прошишан со закон. Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни – рече министерот.

https://tv21.tv/mk/bochvarski-avtopatot-ohrid-kichevo-e-prioritet-proshiruvane-na-avtopatot-tetovo-gostivar-izgradba-na-avtopat-kichevo-gostivar/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 33343536>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.