build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 337
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 06-Aug-2021 at 16:52
Може беше прашано ова претходно, ама пак ќе прашам да не знае некој каде точно треба да биде таа една патарина на овој автопат?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1169
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 07-Aug-2021 at 17:27
Originally posted by my Macedonia

Што ќе видиш, се трева е




Добро кажано.Мислиш фудбалски стадион градат на некои места, а не автопат...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 14-Aug-2021 at 17:49
Поминав уште еднаш, лошо! Некој да ми помогне да изкачам слики?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12030
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 18-Aug-2021 at 07:07
До 31 декември 2023 треба да завршат работите на автопатот Кичево – Охрид, одлучи Владата

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

https://kanal5.com.mk/do-31-dekemvri-2023-treba-da-zavrshat-rabotite-na-avtopatot-kichevo-ohrid-odluchi-vladata/a488735
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12030
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 24-Aug-2021 at 16:39
Selo Izvor - Kicevo(od fb)











Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 337
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 25-Aug-2021 at 15:29
Северна Кореја ццццц

Дали само двајца работници видов на сликата...
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 677
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 25-Aug-2021 at 22:04
Efektivni se i tie dvajca
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 29-Aug-2021 at 14:05























Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 29-Aug-2021 at 14:11







Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 29-Aug-2021 at 15:23
Во близина на Охрид е најден некаков арфиолошки локалитет веднаш до трасата или во планирана траса не знам точно, за жал не успеав да сликам.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 677
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 30-Aug-2021 at 19:04
Ajde uste 1 godina zastoj pisi na zdravje , mozebi do kaj 2030 ke bide zavrsen avtopatov )
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12030
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 02-Sep-2021 at 15:32
Бочварски: Со анексот нема дополнителни трошоци за автопатот Кичево – Охрид, само се продолжува рокот за изградба

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски денеска кажа дека се надева во најскоро време Собранието да ја усвои владината одлука за анекс-договорот на автопатот Кичево – Охрид, зафат вреден 600 милиони евра.

Според министерот не се создадени дополнителни трошоци, туку само се продолжува рокот за изградба.

„Посакувам на следната прва седница да биде првата точка, за да се усвои во најскоро време, како би имале силни градежни активности во следниот период. Државата ги презеде своите активности и одговорности кои ги даваме ние кон изведувачите за да можат и тие со своите гаранции за рокот за конечна изградба на сите подделници да гарантираат пред државата дека ќе ги почитуваат роковите. Очекувам дека овој автопат ќе го завршиме до крајот на 2023 година. Тоа е сериозно решение, вредно 600 милиони евра“, рече Бочварски.

https://mk.tv21.tv/bochvarski-so-aneksot-nema-dopolnitelni-troshotsi-za-avtopatot-kichevo-ohrid-samo-se-prodolzhuva-rokot-za-izgradba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12030
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 03-Sep-2021 at 16:36
НАМЕСТО ДА ФИНИШИРА ДО ЈУНИ ГОДИНАВА КАКО ШТО СЕ НАЈАВУВАШЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД СЕГА ДОБИВА НОВИ РОКОВИ



Наместо да финишира до јуни годинава како што се најавуваше, изградбата на автопатот Кичево- Охрид сега добива ветувања за нови рокови.

Декември 2023 година е новиот краен датум до кога конечно ќе треба да завршат градежните активности на оваа делница кои започнаа уште пред седум години во февруари 2014 та година.

Актуелниот министер за транспорт Бочварски како и неговите претходници одолговлекувањето на изградбата го правдаат на грешната проектна документација. Ова е трето продолжување на рокот откако првично оваа автопатска делница требаше да биде готова до 2018 та година.

Проектот освен што доцни со години, стана и речиси двојно поскап од првичната замисла. Најмалку 10 милиони евра за еден километар ќе ги чини граѓаните автопатот Кичево-Охрид.

Првичниот проект претрпе промени поради несовпаѓање на проектираната и изведената траса, градежните активности беа сопрени, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните.. Беше најавено дека автопатот долг 57 километри ќе чини 374 милиони евра, но цената со дополнителните анекси на првичниот договор досега достигна речиси 600 милиони евра.Граѓаните и понатаму се скептични дека до 2023 навистина ќе возат по нов автопат до Охрид.

https://www.24.mk/details/namesto-da-finishira-do-juni-godinava-kako-shto-se-najavuvashe-avtopatot-kichevo-okhrid-sega-dobiva-novi-rokovi
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12030
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 07-Sep-2021 at 07:26
Еден километар од Кичево - Охрид се гради два месеци: Новиот договор со „Синохидро’’стаса во Собрание

Владата предлага по скратена постапка да се донесе Законот за изградбата на автопатот Кичево- Охрид со кој треба да се усвои нов анекс и да се продолжи рокот што кинеската компанија Синохидро како изведувач го има за да го доврши проектот. Како што веќе објави и Владата наместо веќе да е готов, како што беше предвидено првично, со анексот рокот се пролонгира до 31 декември 2023 година. Кинезите ќе имаат точно 3.531 ден од денот кога почнале за да ги изградат тие 57 километри колку што се долги сите делници меѓу двата града. Изградбата почна во 2014 година, а со новото пролонгирање всушност значи дека еден километар од автопатот ќе се гради за над 60 дена или за два месеци.

Во законот стои дека се предлага да се носи по скратена постапка затоа што не станува збор за обемен и сложен закон. Додадено е и дека новиот анекс не носи нови трошоци од буџетот, но во предлог законот нема рокови за тоа како ќе се пушта автопатот во употреба. Тоа веќе беше проблем на усогласување меѓу Владата и Синохидро. Додека Владата бараше Кинезите да довршуваат делница по делница и да ја пуштаат во употреба, тие на тоа не се согласуваа. Имено ако целиот автопат од Кичево до Охрид е во пет делници, Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок. Во анексот такви детали нема, но стои дека изведувачот е должен секој месец, најдоцна до 10 во месецот, до Јавното претпријатие за државни патишта да доставува и да презентира редовни месечни извештаи за извршените работи и прогресот на активностите од претходниот месец.

За реализација на сите градежни активности за изградбата тие во рок од 90 дена треба да доставуваат финален извештај за завршените градежни работи до вршителот на надзорот на градбата, а вршителот на надзорот на градбата во рок од 90 дена од добивањето на извештајот од изведувачот доставува извештај до Јавното претпријатие за државни патишта

Претпријатието треба да ја информира и Владата. Инаку Синхидро, стои во анексот, треба да обезбеди и банкасрки гаранции за до крајот на периодот на изградба. Пред четири дена министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека од 70 -те нови репроектирања на автопатот Кичево - Охрид, за само два месеци државата изготвила и одобрила 35 проекти.

„Очекувам час поскоро Собранито да го изгласа Анекс на договорот за да се овозможи силна градежна активност на автопатот, изведувачот има обврска со конкретни рокови да ги заврши петте делници од автопатот, односно да биде целосно завршен до декември 2023 година, рече Бочварски.

Инаку Синохидро го гради овој автопат за 598 милиони евра. Иако во анексот нема зголемување на сумата потребна за изведувањена работите во јули годинава Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор вреден над 8,2 милиони евра со Градежен институт Македонија за надзор на докомплетирањето на градежните работи на автопатот кој всушност е нов трошок. Станува збор за условен договор кој се реалзиира кога ќе продолжи и изградбата, но тие пари секако се дополнителна сума која ќе ја покрива државата. За милионскиот договор и надзорот Градежниот институт Македонија се здружи со скопската компанија Евро консалтинг.

На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој се гради од 2014 година.

Во новиот договор со ГИМ, пак кој е со рок на траење од 65 месеци или 5 години и пет месеци, 41 месец се за изградба на автопатот, а другите се за надзор во фазата по изградбата. Во делот кога ќе се гради, Јавното претпријатие всушност остава простор од 11 месеци од сега планираните ако евентуално има некои пролонгирања.

Откако ќе се пролонгира, ова ќе биде второ продолжување на рокот за изградба на оваа автопатска делница. Првично беше најавено да е готова во 2018 година, но со анекс на договорот се продолжи рокот до 30 јуни годинава. Тогаш, се зголеми и цената на чинење на автопатот на вкупно 598 милиони евра.

https://faktor.mk/eden-kilometar-od-kichevo--ohrid-se-gradi-dva-meseci-noviot-dogovor-so-sinohidro-stasa-vo-sobranie
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.211 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.