build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Realistic88 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 21-Jan-2022 at 02:58
Januari x
Ajde poleka poleka 2023 i ne e taka daleku. Sramota
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 91
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 24-Jan-2022 at 09:50
Originally posted by Realistic88

Januari x
Ajde poleka poleka 2023 i ne e taka daleku. Sramota


Не се родиле до сега вакви бездарници
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15606
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 07-Mar-2022 at 17:43
АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД МОРА ДА СЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА 2023, ЌЕ НЕМА ПОВЕЌЕ ОТСТАПКИ, КАЖА БОЧВАРСКИ

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до крајот на 2023 година, отстапки повеќе нема да има, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Охрид. Досега, како што кажа, се изградени над 65 проценти, средства има и останува изведувачите да продолжат со градба и да ја завршат работата.

„Важно е дека државните процедури кои требаше да ги завршиме се при крај. Министерството веќе одобри 70 инфраструктурни проекти кои продолжија понатака во институциите. Министерството за земјоделство веќе работи за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, се работи и на имотно-правни работи, на експропријација на парцели. Сега останува на изведувачите, на механизацијата да излезе на терен и оваа градежна сезона да завршиме најголем дел од автопатот, секако и наредната за да на крајот од 2023 година автопатот биде пуштен во употреба“, рече Бочварски.

Министерот Бочварски не знаеше дали за автопатот ќе требаат дополнителни средства оти имало зголемување на цените на материјалите, но вели дека активните договори со изведувачите мора да се почитуваат.

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради вофевруари 2014 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а премиер Никола Груевски.

За дивоградбите во Охрид, Бочварски кажа дека сите надлежни институции, инспекциски служби како државни така и општински треба да контролираат и санкционираат на терен.

„Охрид и Охридскиот Регион треба да се заштитат. Мора да се почитува Планот за управување и таму каде што има донесено урбанистички планови. Се прави урбанистичкиот план за целото охридско крајбрежје со цел да не дозволиме да се загрози статусот на УНЕСКО на Охрид и Охридскиот Регион“, рече министерот и ги повика граѓаните и тие да пријавуваат ако забележат дека се гради на диво.

На денешната средба со бродарите од Охрид министерот им вети измени во Законот за пловидба, со кои полагањата за сертификати ќе биде во Охрид, а кажа и дека Министерството за транспорт и врски за годинава има обезбедено средства за чистење и продлабочување на Охридското пристаниште и пристаништето во Свети Наум.

„Наскоро ќе започне постапката за избор на изведувач, а во однос на состојбата на пристаништето заедно со локалната самоуправа ќе изнајдеме начин, со кои материјали, како би се обновило, да се обезбеди буџет, согласно сите процедури бидејќи Охридскиот Регион е под заштита на УНЕСКО“, рече Бочварски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/avtopatot-kichevo-ohrid-mora-da-se-zavrshi-do-krajot-na-2023-ke-nema-poveke-otstapki-kazha-bochvarski/
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4017
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 09-Apr-2022 at 16:38
Денеска се работеше со голем интензитет





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15606
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 11-Apr-2022 at 17:30
Се сечат дрвја на планината Крушино – Властите: Нема ништо нелегално, се гради автопатот Кичево – Охрид



https://mk.tv21.tv/se-sechat-drvja-na-planinata-krushino-vlastite-nema-nishto-nelegalno-se-gradi-avtopatot-kichevo-ohrid/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15606
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 28-Apr-2022 at 13:56
Автопат ли е, или селски друм: За пола година само 5 милиони евра за Кичево-Охрид

За автопатот Кичево - Охрид, кој се гради осма година по ред, во втората половина од 2021 биле потрошени само нешто повеќе од пет милиони евра, покажува полугодишниот извештај на јавното претпријатие Државни патишта.

Прашање е дали со оваа динамика ќе се запази новопоставениот рок со законски анекс за изградба на оваа делница до крајот на 2023. Во првата половина од 2021 за овој автопат исто така било инвестирано скромно - 760 милиони денари. Ако на овие пари се придодадат 326 милиони од втората половина, тогаш излегува дека во текот на минатата година биле потрошени само околу 17,75 милиони евра.

Како споредба, може да се каже дека од година в година има се помалку трошења на овој автопат. Во 2020 биле потрошени околу 23 милиони евра, додека во 2019 сумата за инвестирање била 42 милиони евра.

Министерството за транспорт и врски за оваа година најави интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проект на две влади, а за кој рокот за завршување повторно се пролонгира, овој пат до крајот на 2023 година.

Изградбата на автопатот, во должина од 57 километри, стартуваше во 2014 година во мандатот на претходната Влада. Требаше да биде готов до 2018 година, но по промената на власта, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот прво беше продолжен 30 јуни 2021.

Од ресорот транспорт очекуваат дека со усвојувањето на законските измени за анексот за продолжување на изградбата, градежните работи ќе се засилат со потребната динамика. Веќе се одобрени 63 од вкупно 70 нови проекти за автопатот и се отстрануваат институционалните пречки. Реализирани се 62 проценти од работите, а седумгодишниот проект чини 598 милиони евра.

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до крајот на 2023 година, отстапки повеќе нема да има, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски минатиот месец во Охрид. Досега, како што кажа, се изградени над 65 проценти, средства има и останува изведувачите да продолжат со градба и да ја завршат работата.

„Важно е дека државните процедури кои требаше да ги завршиме се при крај. Министерството веќе одобри 70 инфраструктурни проекти кои продолжија понатака во институциите. Министерството за земјоделство веќе работи за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, се работи и на имотно-правни работи, на експропријација на парцели. Сега останува на изведувачите, на механизацијата да излезе на терен и оваа градежна сезона да завршиме најголем дел од автопатот, секако и наредната за да на крајот од 2023 година автопатот биде пуштен во употреба“, рече Бочварски.

https://faktor.mk/avtopat-li-e-ili-selski-drum-za-pola-godina-samo-5-milioni-evra-za-kichevo-ohrid
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15606
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 19-May-2022 at 16:39
Рустеми и Бочварски на увид во градежните работи на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните работи на изградбата на автопатот А2, делница Кичево-Охрид.
„На денешниот увид на Автопат А2, делница Кичево-Охрид со министерот за транспорт и врски констатиравме дека се пробиени околу 95% од трасата, најголемиот дел од инфраструкурни проекти веќе се одобрени. При крај се да се решаваат целосно и голем број на постапки од надлежни (релеванти) иснтитуции. И денес побаравме од изведувачот да ја зголемат динамиката на изградба на автопатот со позасилено темпо, се работи на поголем број на вујадукти, на неколку клучки, на алтернативни и паралелно пристапни патишта, на потпорни ѕидови, се работи и на тунелите и на сѐ друго што е предвидено согласно со динамиката на изградба. Да потсетам дека автопатската делница Кичево–Охрид се состои од пет подделници, со вкупна должина од 57 км и со вкупна предвидена вредност од 598 милиони евра. Кичево-Охрид не е само автопат во должина од 57 километри, туку паралелно со него се градат и дополнителни 30 километри паралелни пристапни патишта, клучки, а се градат и шест девијации за локални патишта“, изјави по извршениот увид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
Коридорот 8 е значаен за Република Северна Македонија и токму затоа неговата изградба и модернизација е доверена на конзорциумот Бехтел и Енка. Во таа насока, и Собранието го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, кој опфаќа делница Тетово-Гостивар-Букојчани и проект за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан, како и коридорот 10 Д, односно делница на автопатот Прилеп-Битола.
Веќе е формиран и Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење, а по интензивната подготовка на целокупната тендерска документација објавивме оглас за избор на Надзор и правен Консултант кој што ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет од страна на Владата. И оваа постапка е во завршна фаза, така што со овој чекор се овозможува почеток на припремни работи за конкретна реализација на Проектот.





https://www.facebook.com/drzavnipatista
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 19-May-2022 at 17:02
Ајдееее, се накрадоа пари, доста им е па сега ќе се градело... Епа ќе се гради, кога се испокраде се на крајта, а народот не мрдна ни со прст да смени нешто...

Edited by The Wild Boy - 19-May-2022 at 17:02
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 315
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 19-May-2022 at 20:43
Ако сега имаат 95% пробиеност, тоа значи дека рамниот дел од Охрид до Требеништа можеле одамна да го средат со клучки, истампонираат, асфалтираат и да ги пуштат барем тие 15-тина километри. Ќе беше полесно прифатена оваа неспособност после 10 години и 600 милиони евра буџет да не можат барем делумно да пуштат по некоја делница.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 19-May-2022 at 21:05
Нема шанси да имаат 95% пробиеност... ако имаа ќе се видеше убаво на сателит.

Еве ви гледајте овде:
https://apps.sentinel-hub.com/sentinel-playground/
https://apps.sentinel-hub.com/sentinel-playground/?source=S2&lat=41.1802609111513&lng=20.749590396881104&zoom=16&preset=1-NATURAL-COLOR&layers=B01,B02,B03&maxcc=20&gain=1.0&gamma=1.0&time=2021-11-01%7C2022-05-16&atmFilter=&showDates=false

Еве од 2021 снимки vs 2022 снимки, пишува датум горе лево. А може и сами да си проверите:





Делот кај требеништа











Делот кај тунелот:





Делот после тунелот према Кичево:






Пааа реално и нема баш некој wow напредок. Можам да приметам напредок во изградбата на виадуктите / мостовите, и некој ситни делови асфалтирани кои што претходно не беа асфалтирани.

п.с, горе десно имате една сателит икона, таму може да си одберете Sentinel-2 L1C и Sentinel-2 L2A, да ви даде различни видови на сателитска снимка.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5369
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 20-May-2022 at 07:35
Пробиеност и изграденост не е исто. Впрочем, поразително е што традата не е целосно пробиена толку години. Има да се изначекате на автопатов.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15606
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 20-May-2022 at 07:55
Автопатот Кичево-Охрид ќе се комплетира на крајот од 2023, еден дел се очекува да биде пуштен во август, а другиот на крај на годината



https://mk.tv21.tv/avtopatot-kichevo-ohrid-ke-se-kompletira-na-krajot-od-2023-eden-del-se-ochekuva-da-bide-pushten-vo-avgust-a-drugiot-na-kraj-na-godinata/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14244
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 20-May-2022 at 09:00
Десната страна од автопатската подделница од Требеништа кон Охрид се очекува да биде комплетно завршена и пуштена кон почетокот на август, а левата до крајот на годината, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој изврши увид на градежните активности на подделницата, на 8,5 километри пред Охрид, при што информираше дека се во тек завршните асфалтерски работи. Денеска ќе се вградат 320 тони асфлат – прв слој, а веќе утре се засилуваат асфалтерските работи со вградување и по 900 тони асфалт дневно. Таквите активности ќе продолжат во тек на целата градежна сезона на сите подделници на автопатот во должина од 57 километри, во вредност од 598 милиони евра. На терен, долж целата траса, како што рече Бочварски, се повеќе од 700 работници и над 280 градежни машини. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 70 проценти.


https://www.slobodenpecat.mk/po-osum-godini-i-600-milioni-evra-vo-avgust-se-otvora-prvata-delnica-od-avtopatot-kichevo-ohrid/
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 20-May-2022 at 18:51
Originally posted by гитардемон

Пробиеност и изграденост не е исто. Впрочем, поразително е што традата не е целосно пробиена толку години. Има да се изначекате на автопатов.


Знам. Ама политичарите го прават како да е 95% завршен автопатот, а всушност имаат уште минимум година ипол - две работа... Освен ако не се фатат озбилно да го завршат овој автопат веќе еднаш... ама и тоа забрзување го слушаме веќе години години уназад. Никако да се убрза работава. Ајде здравје боже оваа пат навистина да се убрза работата, да се засили темпото, и веќе еднаш засекогаш да се заврши овој автопат...

Ќе проверувам на секои 2-3 месеци, баш да видам каков напредок имаат. Ако лажат политичарите, сателитот неможе да излаже
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 20-May-2022 at 22:10
Напредок има само кога доаѓаат политичарите да се сликаат. Тогаш собираат работници демек еве се работи нешто. После недела две пак по стара песна. Едвај десетмина работници на терен. Застој има на сите делници кои се градат во моментот. Можеби само на експресниот пат Градско-Прилеп да има некоја динамика, на другите делници речиси и да не се работи. Делницата Кочани-Крупиште 4 години е во изградба, а најмалку уште една со сегашново темпо на работа. Ептен ако има предвремени избори па да се запне. Роковите се пробиваат како од шала и нема никаква одговорност.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 484
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 20-May-2022 at 23:13
Јас сепак мислам дека некој ги "кочи" сите ниско развиени земји. Ваљда не може народот и владите да се толку глупи?
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 680
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 21-May-2022 at 08:11
Originally posted by FT

Јас сепак мислам дека некој ги "кочи" сите ниско развиени земји. Ваљда не може народот и владите да се толку глупи?


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14244
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 21-May-2022 at 13:24
Originally posted by FT

Јас сепак мислам дека некој ги "кочи" сите ниско развиени земји. Ваљда не може народот и владите да се толку глупи?


Ако може малку пошироко образложение за изјавава, однапред благодарам.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1810
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 21-May-2022 at 14:01
Originally posted by FT

Јас сепак мислам дека некој ги "кочи" сите ниско развиени земји. Ваљда не може народот и владите да се толку глупи?
Одговорот на прашањето од првата реченица, ти се наоѓа во втората реченица. Да, народот и владите се толку глупи!    И тоа е во немоќ само префрлање на фокус према некаков фактор "од надвор" дека е крив за својата глупоќа. Фактор кој истура милиони пари за ова парче земја да се нормализира! И добива на крајот неблагорадни изјави дека "не кочел" и добива зашеметеност од локалниве домородци со деструктивни проруски фашистички причи.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2164
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 22-May-2022 at 11:10
Originally posted by user8642

Originally posted by FT

Јас сепак мислам дека некој ги "кочи" сите ниско развиени земји. Ваљда не може народот и владите да се толку глупи?
Одговорот на прашањето од првата реченица, ти се наоѓа во втората реченица. Да, народот и владите се толку глупи!    И тоа е во немоќ само префрлање на фокус према некаков фактор "од надвор" дека е крив за својата глупоќа. Фактор кој истура милиони пари за ова парче земја да се нормализира! И добива на крајот неблагорадни изјави дека "не кочел" и добива зашеметеност од локалниве домородци со деструктивни проруски фашистички причи.
Ne znam dali terminot "Glup" e vistinskiot. Se raboti poveke za neodgovornost, nedostatok na cuvstvo za red, nepocituvanje na pravila i propisi, neobrazovanost, netolerantnost, ignoriranje na problemite, otpor kon odgovorni luge koi zagovaraat red i disciplina, nedostatok na rabotni naviki i sl.
Ete toa se izvorite na problemi kaj prosecniot Makedonec.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.453 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.