build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Основно училиште „Киро Глигоров“ во нас. Капиштец
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Основно училиште „Киро Глигоров“ во нас. Капиштец

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 02-Jul-2019 at 16:29
Се бара име за новото училиште во Капиштец

На почетната страница на веб страницата на Општина Центар е активна анкета за името на новото училиште што ќе се отвори во Капиштец.

Како што информира на својата фејсбук-страница градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, тие сакаат да го слушнат мислењето на граѓаните во врска со името на училиштето.

Тој додаде дека можноста за предлози за име на новото училиште ќе биде отворена пет дена, а потоа, наредните седум дена имињата што ќе бидат повеќе пати предложени, ќе бидат ставени на јавна анкета.

Од општина Центар информираат дека изградбата на основното училиште Капиштец е во третата, завршна фаза. Зафаќа бруто површина од 9.428 квадратни метри квадратни, а може да прими од 500 до 600 деца.

– Во училиштето има 20 училници и кабинети за физика, хемија, биологија, музичко образование, историја, географија, а има и ботаничка градина. Училиштето ќе има и фискултурна, но и гимнастичка сала – велат општинските власти.

Училиштето се планира да започне со работа на први септември со тоа што сите простории нема да бидат пуштени оваа година, затоа што се почнува со одделенска настава (од прво до петто одделение), а останатите ќе се пуштаат во употреба тековно.

Изградбата на училиштето започна во октомври 2016 година, уште кога градоначалник на општината беше Андреј Жерновски. Тој изградбата ја најави уште на почетокот на декември 2015 година.

(А.П.)

https://www.vecer.press/се-бара-име-за-новото-училиште-во-капиш/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Jul-2019 at 18:09
Како се конкурира за наставен кадар?

Ако веќе градиме најмодерно улилиште во центар на главен град на држава сакам да знам кој и по кои критериуми ќе предава таму.

Како до вработување на најдобриот кадар?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 24-Jul-2019 at 10:06
Внатрешниот двор(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 24-Jul-2019 at 15:37
ЦЕНТАРЦИ ПРЕДЛАГААТ: Новото училиште во Капиштец да се вика Киро Глигоров

При крај е изградбата на новото основно училиште кое се гради во населбата Капиштец. Денеска во обиколка на објектот беше градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и најавија дека училиштето ќе почне со работа со почетокот на новата училишна година. Кон почетокот на август ќе започне опремувањето на училиштето.
За првпат по 47 години општина Центар добива ново основно училиште. Со современ изглед и капацитет за 500 ученици, ова е првото училиште во регионот кое е целосно адаптирано за лица со попреченост – истакна Богдановиќ.

Ова училиште сè уште нема име. На почетокот на овој месец на веб-страницата на општина Центар активна е анкета преку која надлежните сакаат да го слушнат мислењето на граѓаните во врска со името на училиштето.

Богдановиќ вели дека најголем процент од граѓаните го предложиле името на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија. Сепак, кое име ќе добие училиштето ќе одлучат советниците на општина Центар.

Новиот објект зафаќа бруто површина од 9.428 квадратни метри, а може да прими од 500 до 600 деца. Во училиштето има 20 училници и кабинети за физика, хемија, биологија, музичко образование, историја, географија, а има и ботаничка градина. Училиштето ќе има и фискултурна, но и гимнастичка сала.

Од септември нема да бидат пуштени сите простории затоа што се почнува со одделенска настава (од прво до петто одделение), а останатите ќе се пуштаат во употреба тековно.

Изградбата на училиштето започна во октомври 2016 година и чини околу 5 милиони евра.                            (С.Бл.)

https://www.vecer.press/центарци-предлагаат-новото-училиште/
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 43
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 24-Jul-2019 at 15:54
бахахаха па нормално ЦЕНТАРЦИ дека ќе предложат да се вика Киро Глигоров....нормално
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Online
Posts: 522
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 24-Jul-2019 at 16:17
А што е проблемот или смешното во тоа да се вика Киро Глигоров? Smile
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 02-Aug-2019 at 22:17






За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 03-Aug-2019 at 16:52
Само требало да им текне да направат и пола лента за застанување...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 04-Aug-2019 at 04:41
Основна школа градеа два и пол градоначанички мандата ејјјјј...да не правиме муабет за локацијава...место да бараат што повеќе зеленило и разтеретеност од сообраќај они го тутнаа тука...Иначе треба да се прекине со праксата (оставштина на комунизмот) основните училишта да носат имиња на било која личност и да се премине кон западниот модел на именување кој е присутен дури и во соседна Грција...

Edited by kiriOK - 04-Aug-2019 at 04:45
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Aug-2019 at 14:16
Основно училиште "Капиштец", "Капиштец Парк" такво име треба
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 21-Aug-2019 at 16:37
Може да се додаде името во насловот на нишкава......

--------------------------------------------------------------------------

Новото училиште во Капиштец се вика „Киро Глигоров“

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата, на вчерашната седница усвои информација и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар.

Првите генерации ученици новото училиште ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.

Инаку, ова е прво училиште што се изгради во Центар, по „J.X.Песталоци“ изградено во 1969 година, како донација на швајцарската Влада по катастрофалниот земјотрес. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште.

Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата.
За да стигнат до најблиските училишта децата мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност.

Со изградбата на новото основно училиште, конечно Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици.

https://nezavisen.mk/novoto-uchilishte-vo-kapishtec-se-vika-kiro-gligorov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 22-Aug-2019 at 13:54
Капиштец ќе се поднови со „Киро Глигоров“ – Модерно училиште за модерни генерации





Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“.

Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“.

Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште. Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта, мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност.

Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец добива модерна образовна установа на површина од 12.000 квадратни метри за 500 ученици, а новата учебна година во него ќе ја почнат 250 ученици, од кои најголемиот дел се првоодделенци. Другите се преместени од неколку училишта во Центар, затоа што им е поблиску до дома.

Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“.

Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“.

Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште. Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта, мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност.

Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец добива модерна образовна установа на површина од 12.000 квадратни метри за 500 ученици, а новата учебна година во него ќе ја почнат 250 ученици, од кои најголемиот дел се првоодделенци. Другите се преместени од неколку училишта во Центар, затоа што им е поблиску до дома.

Во очекување сме на согласности од Министерството за образование за техничкиот персонал, стручната служба и администрација. Од следната учебна 2020-2021 година ќе се вработат и наставници по предметна настава, во зависност од бројот на запишани ученици – додаваат од Центар.

Греењето на училиштето е централно и во основа ќе биде подно греење.

Анкетата за името на училиштето ја спроведе Општина Центар, при што граѓаните што гласаа одлучија тоа да се вика „Киро Глигоров“, а на предлог на МОН, Владата усвои информација и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште во Општина Центар. Финансирањето на изградбата на училиштето е целосно покриено од Општина Центар. Дел од средствата се сопствени, а дел од средствата се со кредит од Европската банка за обнова и развој и чини нешто повеќе од 5,5 милиони евра.

Училиштето во Капиштец почна да се гради во октомври 2016 година, кога градоначалник беше Андреј Жерновски.

https://nezavisen.mk/kapishtec-kje-se-podnovi-so-kiro-gligorov-moderno-uchilishte-za-moderni-generacii/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 22-Aug-2019 at 15:13
Се надевам дека внатре испланирале паркинг со обележани паркинг места, а не вака без ред испаркирани внатре... Прегрдо.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-Aug-2019 at 19:20


од фб профилот на Саша Богдановиќ
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 27-Aug-2019 at 20:56
Kolku sto mozam da vidam od slikive skolovo voopsto nema zelenilo ili greska sum? Nekako mnogu asfalt po dvorot. Samo od prednata strana ima nekolku drva.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 28-Aug-2019 at 11:09
Дефинитивно фалат дрва, но фали и лента за кратко застанување со возила кои неминовно ќе направат хаос. И најбитно од се фали образложение на кој начин ќе ги изберат најдобрите и најсоодветни професори за најдоброто училиште во градот убав? Објектот не значи ништо за процес на образование, кадарот е!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 31-Aug-2019 at 10:39
Од фб на градот поставена е заштитна ограда поред тротоарот за поголема безбедност







Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 31-Aug-2019 at 10:42
seriozno u 2019ta uste se pravat pesacki so trotoar sto moze samo so skok da se pomine? dali se normalni?

Originally posted by stef4o





Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 31-Aug-2019 at 16:46
Училиштето е 10ка.
Но само после 1 недела се избришани новите пешачки и натписот "Школо"...!!!
И пак ќе пишам, како ќе ги изберат најдобрите наставници за најдоброто училиште? Кога знаеме дека 90% од наставниците се брука сама за себе, и 90% од оние кои завршиле педагошка се исто така брука сама за себе.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Online
Posts: 522
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 02-Sep-2019 at 09:18
Со партиска книшка - како поинаку?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.