build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Основно училиште „Киро Глигоров“ - Капиштец

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 02-Sep-2019 at 09:39
Ucilisteto e super. No sepak treba da ima standard za ucilista, nemoze do tolku da sme centralizirano opstestvo, kade edni deca ucat vo vakvo skolo, a drugi (vo istoto skopje) seuste ucat vo baraki (Dimo Hadzi Dimov vo Vlae).
Uste od mali deca so partiska kniska na mama i tato ke se upisuvaat vo skolo izgleda...

Sosema dovolni i ubavi a sigurno i mn poevtini se obnovenite ucilista vo Zelezara, ili Kisela Voda (Nevena Georgieva- Dunja). Ako ne se lazam i vo Hipodrom po toj standard e sredeno skoloto. Ne gledam pricina za vakov elitizam i klasna razlika vo ucilistata. Sepak vakvo uciliste ke recam da ako site se takvi ako ne so parite od ova mozea da sredat use drugi 2 ucilista na nivoto od gore spomenatite.

Edited by MKDSTRUGA - 02-Sep-2019 at 09:41
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 912
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 02-Sep-2019 at 13:36

Не можам да најдам информација колку е блок дотацијата од централниот буџет. Ако е повисока од стандардно, тогаш е нефер пристап. Но доколку е како и за училиште во Кисела Вода на пример, тогаш нема проблем. Освен што граѓаните на Кисела Вода континуирано гласаат неспособни градоначалници...
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 02-Sep-2019 at 13:55
Затоа е и нај крш општина по мене. Сепак мислам дека треба училиштата за децата да се еднакви и да не зависат од општината. На пример сигурно Општина Битола или Гостивар неможат да обезбедат вакви училишта за своите ученици. Би требало да се изнајде системско решение преку кое рамномерно ќе се вложува во условите во кои децата ќе учат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 02-Sep-2019 at 16:47
Од фб профилот на Саша Богдановиќ











Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 02-Sep-2019 at 22:19
Убаво изгледа на последниов сет „појачани“ (фотошопирани) фотки. На другите ми е некако сиво и депре.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 03-Sep-2019 at 01:11
Дали е тоа ламинат на втората слика ? Ако е - страшно!!!
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 03-Sep-2019 at 08:04
Мислам дека е линолеум со изглед на дрво, не мислам дека се толку забегани.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 03-Sep-2019 at 09:00


Училиштево искрено изгледа одлично, со внатрешен хол за приредби, сала, опремени училни, подземен паркинг, се надевам и изведбата е квалитетна. Во Македонија треба да се работи и со наставничкиот кадар и да се инвестира во дополнително нивно обучување за како да го потикнат потенцијалот кај децата, само тоа ваљда не е тема на раговор тука.




Edited by Blagh - 03-Sep-2019 at 09:02
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 624
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 03-Sep-2019 at 10:12
Школото е супер.
али во однос на организација веч видено уште пред 35 години во Аеродром (Кардељ, Бато и сл.). Полигон за велосипеди (своевремено со семафори), игралишта за кошарка и фудбал во рамките на дворот.
подрумси простории за посебен вид на настава, амбуланта, кујна, хол за приредби, опремени кабинети за хемија и физика и сл.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 06-Sep-2019 at 11:57
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 01-Oct-2019 at 07:40
















www.facebook.com/ИНКОМ-ИНЖЕНЕРИНГ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 29-Dec-2019 at 18:46
Некои досега невидени фотки од училиштево...









повеќе на http://bma.mk/kps/?fbclid=IwAR0TwyGek2qr833PZC3YSM09Uv3mShEOe8FzHiBdDZUoAMnbAlM4gjzs0jQ
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 10-Apr-2020 at 22:08
Прокиснал кровот

Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 11-Apr-2020 at 08:21
Аее сеа шупрајме,ќе си одговараат Шилегов и Бугданович ??


Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 11-Apr-2020 at 10:48
Ќе си одговра фирмата изведувач која дала гаранција, како што гледаш веќе одговориле.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 11-Feb-2021 at 13:29
ПРИВАТНА ГИМНАЗИЈА БАРА ДА ГО ИЗНАЈМИ НОВОТО ШКОЛО „КИРО ГЛИГОРОВ“, РОДИТЕЛИТЕ ГНЕВНИ, А БОГДАНОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ТОЈ НЕ ОДЛУЧУВА

Приватното средно училиште „Арс студио“ бара да го изнајми новото основното училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во скопската општина Центар. На 24 ноември лани до училиштето е поднесено барање, по што директорката ги запознала членовите на училишниот одбор. Минатиот месец за идејата средношколци од приватно училиште да учат заедно со основнци во новото училиште биле известени и родителите кои остро реагирале и побарале иницијативата веднаш да се отфрли.

Родителите до сега испратиле неколку петиции кои ги доставиле до училиштето, до градоначалникот на општина Центар, до Советот на општина Центар и до Министерстото за образование.

„Педесет години чекавме да се изгради школо во Капиштец, таман го добивме и сме горди што е најмодерно во државата, сега сакаат да го изнајмат на приватна гимназија. Неприфатливо е ваквото барање бидејќи ќе доведе до мешање на деца од различни возрасни групи со различен емотивен, физички и социјален развој. Тое е несоодветно, дури помалку и скандалозно. Од овие причини постојат посебни објекти за осново, средно и високо образование. Вакви важни одлуки кои е однесуваат на нашите деца и на нашето училиште, кое е изградено со наши пари, не смее и е недозволиво да се носат без општ консензус на сите засегнати страни. Ниту училиштето, ниту Општината, ниту пак Министерството за образование не смеат да имаат ексклузивност во носење на одлуката. Училиштето ‘Киро Глигоров‘, треба да остане училиште за основно образование, во кое нашите деца непречено ќе бидат образувани и воспитувани од наставниот кадар и ќе се дружат со своите врсници како што им прилега на нивната возраст“, велат родителите кои до редакцијата на САКАМДАКАЖАМ. МК ги доставија петициите поднесени против барањето.

Тие велат дека имале состанок и со градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ кој ја прифатил иницијативата да се изнајми училиштето ако децата учат во различни смени.

Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека тој не одлучува за овој предлог туку училишниот одбор. Во училишниот одбор членуваат наставници од училиштето, советници од неговата партија во Советот на Општина Центар и претставници на родителите. Директорката на училиштето ја назнаува Општина Центар и тој како градоначалник.

„Нема потребна од никакви петиции. Ако училишниот одбор одлучи да не се прифати ова барање така и ќе биде. Мојот став е дека не треба да има мешање на децата. И сега некои училишта се издаваат на приватни школи по странски јазик по два часа неколку дена во неделата по завршување на наставата“, вели Богдановиќ.

На нашето прашање што значи тоа дека за него е неприфатливо децата да се мешаат, дали смета дека е во ред да се издаде доколку во една смена одат основците а во втора средношколците, Богдановиќ уште еднаш повторуваше дека не одлучува тој дали ќе се издаде или не, но смета дека ако има смени нема да има мешање на децата.

Родителите пак сметаат дека децата не смеат да учат во смени бидејќи целодневната настава од прво до трето одделение во 15 часот, а постои дежурна училница која работи до 17 часот.

„Училиштето како правен субјет е регистратирано исклучиво за основно-образовна дејност. Дозволени се самофинансирачки активности, само доколку не го нарушуваат редовниот образовен процес. Кој ќе ја понесе одговорноста за било какви непријатни настани кои може да се случат ако двете училишта функционираат заедно? Кој е бенефитот од отварање на паралелено приватно училиште за децата од Киро Глигоров?“, прашуваат родителите.

Училиштето „Киро Глигоров“ беше отворено во септември 2019 и чини 5,5 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/privatna-gimnazija-bara-da-go-iznajmi-novoto-shkolo-kiro-gligorov-roditelite-gnevni-a-bogdanovik-veli-deka-toj-ne-odluchuva/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.