build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Порта Македонија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Порта Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 08-Jun-2016 at 01:49
Originally posted by Kid_A

Originally posted by zabegan


а за што се крева повеќе галама? за тоа што му се направи на градов или за гревчињата што фрлаат боја? и за што би било побитно да се дискутира со оглед на тоа дека се работи за неповртани штети на јавен простор наспроти боја што се чисти и префарбува за евтини пари...
и тоа што коментираш тука, не те прави ништо попаметен или подобар од оние што фрлаат боја... баш напротив, тука негде, на исто ниво сте

за што се се дускутира меѓу луѓево, е тоа е трагичното... не поделеноста, не бизарноста на Ск2014 и на „протестите“ и контрапротестите и политикава зад нив, туку кафанските сеирџиски муабети... за вицови на сметка политика мислам дека сме светски прваци, а за нешто сериозно да се случи во земјава во права насока, тоа тешко

Се прашувам дали шарениве ќе одат да ги фарбаат новите фасади на албанските и турските споменици? Или тука веќе имаат сопирачки, затоа што знаат дека Албанците и Турците ќе им ги натегнат боите во аналот ако се осмелат да фарбаат и да уништуваат нивни национални обележја? Исто така голем дел од џамиите во Македонија се изградени нелегално без никаква дозвола, орелот во Чаир е без дозвола. Зошто не одат нив да ги фарбаат и уништуваат? Не, Албанците нема никогаш да дозволат некој да им уништува споменик кој ја глорифицира нивната кауза и историја за разлика од дебилите Македонци. Се надевам дека интернационализмот и снобизмот на Македонците ќе им се начука до грло за некоја деценија, а ќе им се начука.
еве ти како најголем борец за македонштината почни да фрлаш со бои, па ќе ти се придружам...
врвот на дебилизмот на македонците е тоа што расправаат за тоа што е подобро, да градиш глупи спомениви, или да фрлаш боја на истите, и вечните дилеми за тоа која политичка страна да ја фатат...
па дај боже на сите да им се начука бедотијата во гуша за некоја деценија како казна за денешната незаинтересираност за општо добро и подобар живот...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 08-Jun-2016 at 11:00
Originally posted by zabegan


врвот на дебилизмот на македонците е тоа што расправаат за тоа што е подобро, да градиш глупи спомениви, или да фрлаш боја на истите, и вечните дилеми за тоа која политичка страна да ја фатат...
па дај боже на сите да им се начука бедотијата во гуша за некоја деценија како казна за денешната незаинтересираност за општо добро и подобар живот...


Toa e суштинскиот проблем. Фрлаат боја политичките наследници на оние кои со својата незаинтересираност потполно го занемарија плоштадот на Скопје и автобуската станица на Пролетер со неговата околина, така што целиот тој потег личеше на африканска ливада, збогатен со шверцери, шибицари, диви таксисти, чистачи на чевли и распаднати трафики. Да беа заинтересирани да го уредат и облагородат тој простор, наместо што се занимаваа со крадење и грабење, денеска на тоа место немаше да бидат изградени овие стиропорни згради.

И уште нешто. Ако се толку по боја, наместо да фрлаат боја по скопскиот плоштад, нека дојдат во Куманово и нека видат дека скоро и да нема ниту еден обележан пешачки премин и линии по улиците - ниту во најстрогиот центар, а за периферијата да не правиме муабет, па нека почнат со нивно бележење кога имаат толкава склоност кон боите. Исто нека ги офарбаат и оградите на мостовите во Куманово, кои последен пат виделе боја додека сè уште биле во фабриките во времето на СР Македонија.

Еве, под претпоставка да дојдат на власт - што конкретно ќе добиеме од нив? Три ЦД со МП3 конверзија за 100 денари во кои Миле и рекол на Гоца ова, Никола му кажал на Миле она, Теута рекла вака, Трајко рекол онака, едниот му опцул мајка, другиот го отерал во П.М. итн. Што имам јас од тоа?

Нека кажат, зошто во Куманово градат згради во тесни сокачиња, згради без паркинг простор, згради измеѓу куќи, згради чиј приклучок на улицата се наоѓа помеѓу два семафора на раскрсница на два булевара. Нека кажат зошто кога сега градат десеткатна зграда со предвидени два ката деловен и продажен простор кај спортската сала, затворениот и отворениот базен кои исто така ќе имаат продажни простори, кафулиња и сл., две двојни тениски игралишта и уште најавуваат дека дел од сегашниот паркинг простор (пред спортската сала)ќе се преуреди во парк со фонтани, скулптури и амфитеатар, додека ПАРКИРАЛИШТЕ не изградија никаде, ниту ќе остане простор за да го изградат, а уште сега не може да се помине по тротоарот на улица Пиринска која се наоѓа спроти објективе узурпиран од возила, како ли ќе биде кога сето ова ќе се изгради?


Edited by phenomenon - 08-Jun-2016 at 11:05
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 08-Jun-2016 at 11:05
Триумфалната порта е заштитен објект поради тоа што поседува некаква колекција на дела која убутана во таа грдосија од другите музејски установи во Скопје. Откако тоа се направи, објектот се вметна во листата на културно наследство. Е сега, во моментов кога таа колекција на објекти ќе се тргне од овој објект и кога некоја друга власт нема да ја води Триумфалната капија како културна установа, тогаш ќе нема никаква заштита.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 08-Jun-2016 at 12:45
Не ме сфаќајте погрешно ама само да потсетам дека ниту едните ниту другите подобри. И двете партии кога беа своевремено на власт закопаа по една страна од една од најбитните инфраструктурни проекти за Скопје логичниот тунел под центарот/плоштадот. Едните со објектот Тифани другите со Портава.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 10-Jun-2016 at 01:30
Originally posted by mirakuliks

Не ме сфаќајте погрешно ама само да потсетам дека ниту едните ниту другите подобри. И двете партии кога беа своевремено на власт закопаа по една страна од една од најбитните инфраструктурни проекти за Скопје логичниот тунел под центарот/плоштадот. Едните со објектот Тифани другите со Портава.
и освен капиталниот огромен проект за импровизиран булевар со мост над Вардар кај железничка, со легендарниот слалом на влезот, Скопје нема добиено никаков сериозен инфраструктурен проект во целата своја 20 и кусур годишна независност...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 28-May-2017 at 19:19

Триумфалната капија која го слави триумфот на идиотштината врз здравиот разум, ја снајде токму онаа судбина којашто секој разумен човек можеше да ја предвиди.

Горе на платформата запуштено и валкано, инвентарот пропаднат, на столчињата пола кило прашина... Се гледа дека е магнет за туристи.

Влезница 30 денари. Ако отидете да купите карта долу на билетарата, после првичниот шок кај вработената која очигледно не е баш навикната на посетители, ќе земе телефон и ќе јави кај некого дека има муштерија, па ќе ве препрати да купите карта од друг вработен на вториот спрат... Кој да очекува дека „сјајната“ економска логика на концептот за овој објект може да се издигне на уште повисоко ниво со ваква брилијантна систематизација и организација.

Сега кога ќе секнат и настаните кои со сила се организираа тука по налог на партиската централа, ќе нема како да се платат ни сметките за струја и вода, а камо ли плати, одржување и слично... Или тоа секако доаѓаше директно од државниот буџет?

Што сега, генијалци?












Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 28-May-2017 at 20:25
Како што веќе најави новиот мандатар на владата, на врвот од Триумфалната капија ќе има бројчаник што ќе го отчукува јавниот долг на оваа земја. Тоа ќе биде одлично надополнување.

Инспириран од Шарената револуција, предлагам балони со боја да се постават до оваа капија, истата да постане предмет за интервенција на граѓаните кои ќе посакаат да плеснат по некој балон боја. Ќе биде тоа сјајен изглед на објектот, секој ден ќе се менува неговиот изглед во зависност од боите што ќе ги одберат граѓаните (и туристите се разбира!) за да покажат колку го сакаат СК 2014.

Да резимирам, Триумфалната капија со ваквата интервенција ќе ја личи.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 28-May-2017 at 20:56
Originally posted by Cloverstack

Триумфалната капија која го слави триумфот на идиотштината врз здравиот разум, ја снајде токму онаа судбина којашто секој разумен човек можеше да ја предвиди. Горе на платформата запуштено и валкано, инвентарот пропаднат, на столчињата пола кило прашина... Се гледа дека е магнет за туристи.Влезница 30 денари. Ако отидете да купите карта долу на билетарата, после првичниот шок кај вработената која очигледно не е баш навикната на посетители, ќе земе телефон и ќе јави кај некого дека има муштерија, па ќе ве препрати да купите карта од друг вработен на вториот спрат... Кој да очекува дека „сјајната“ економска логика на концептот за овој објект може да се издигне на уште повисоко ниво со ваква брилијантна систематизација и организација.Сега кога ќе секнат и настаните кои со сила се организираа тука по налог на партиската централа, ќе нема како да се платат ни сметките за струја и вода, а камо ли плати, одржување и слично... Или тоа секако доаѓаше директно од државниот буџет?Што сега, генијалци?


А кој тоа тебе ти кажал дека позади споменик треба да има голема економска логика и исплатливост? Портата е споменик пред се, и добро е што е концепран да биде и објект во кој може да се влезе, да се одржуваат различни настани во внатрешноста и да има излез на рамниот кров горе за сликање или за седење и релаксација.

Е сега, без разлика дали некој објект има 1 или 1000 посетители месечно, дали е нов или стар, изграден по највисоки стандарди и со најскапи и најквалитетни матерјали, ДОКОЛКУ се остави така на времето и не се оддржува и чисти редовно ќе изгледа ужасно и постапокалиптично! Тоа е факт. Настрана што за рамен кров во наши услови кој непокриен во голем дел и е константо на отворено и изложен на секакви временски услови, дождови итн. Не правдам ништо, сакам да кажам дека било што ако не се оддржува ќе почне да се уништува.

Лумикс има испусти на катот кои гледаат кон плоштад, нешто слично налик визурите кои ги пружа Портава, па ете ни тие од отварањето па се до сега не сум видел да "заживеат". Истото важи и за скалите на Лумикс кој се концепирани да бидат место за седење и одмор и поглед кон плоштадот. Ултра модерен и одличен објект.

А се разбира дека туристите кои доаѓаат тука ќе го чувстуваат истото она кое им е кажано да го чувствуваат уште однапред. Ако погледнете дел youtube видеа од странци од Америка, Англија, Европа итн. кои доаѓаат да го видат Скопје, особено оние кои уште претходн се напукани со сугестии и информации од разни обоени и пристрасни медиум и поединци како тука било се вака или онака или како тука имало "фашисти и диктаторски власти", овие објекти или скулптури и споменици се копии, режим, криминал, и што уште не што се изнаслушаме се разбира дека и странците кои доаѓаат да се запознаат со градот и земјата ќе гледаат со резерва, аверзијам, незаинтересираност или потсмев кон истите. Ако гледате видеа од туристи-странци кој дошле во Скопје, а не се премногу запознаени со политичката ситуација во Скопје или под нечии сугестии ќе видите дека немаат некоја значителна реакција и предрасуди кон сите стари или овие новите згради, фасади и скулптури од СК2014.



Edited by HugoGoulding - 28-May-2017 at 21:34
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 28-May-2017 at 20:59
Originally posted by BOJAN

Како што веќе најави новиот мандатар на владата, на врвот од Триумфалната капија ќе има бројчаник што ќе го отчукува јавниот долг на оваа земја. Тоа ќе биде одлично надополнување.

Инспириран од Шарената револуција, предлагам балони со боја да се постават до оваа капија, истата да постане предмет за интервенција на граѓаните кои ќе посакаат да плеснат по некој балон боја. Ќе биде тоа сјајен изглед на објектот, секој ден ќе се менува неговиот изглед во зависност од боите што ќе ги одберат граѓаните (и туристите се разбира!) за да покажат колку го сакаат СК 2014.

Да резимирам, Триумфалната капија со ваквата интервенција ќе ја личи.


И еве одма и пример за што зборам во вториот дел од постот претходно. Ендемичен вид, неандерталец.

Edited by HugoGoulding - 28-May-2017 at 21:01
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 28-May-2017 at 21:06
Портата е крајно непотребна. Парите можеа да се потрошат за побитни работи, малку ли проблеми имаме во државава? Освен комплекс на помала вредност и искажување фрустрации, јас лично не гледам ништо друго во неа. А изговорот за нејзина изградба - божем, славиме 20-годишнина од осамостојувањето - е повеќе од очаен. Ајде сега за 30-годишнината да изградиме една пирамида од 500 метри.

Освен тоа, визуелно и естетски портата е чиста утка, препомпезна, накинџурена, мега кич од кој јас се срамам.
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 28-May-2017 at 21:44
Originally posted by HugoGoulding

А кој тоа тебе ти кажал дека позади споменик треба да има голема економска логика и исплатливост?


Трубадурите на груевски на времето и такви бајки раскажуваа, не се сеќаваш? Не ти замерам, во океан од бесмислици и небулози, кој може да ги памти сите.

А кој тоа тебе ти кажал дека овој урбанистички чир, ова архитектонско злодело, ова градежно фијаско, некој сериозен го смета за споменик?
Ова може да биде само споменик на кичот и лудилото, од кои штотуку се ослободивме  Cheers



Edited by Cloverstack - 28-May-2017 at 21:49
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 28-May-2017 at 22:56
Originally posted by Cloverstack





Originally posted by HugoGoulding

А кој тоа тебе ти кажал дека позади споменик треба да има голема економска логика и исплатливост?
Трубадурите на груевски на времето и такви бајки раскажуваа, не се сеќаваш? Не ти замерам, во океан од бесмислици и небулози, кој може да ги памти сите. А кој тоа тебе ти кажал дека овој урбанистички чир, ова архитектонско злодело, ова градежно фијаско, некој сериозен го смета за споменик?Ова може да биде само споменик на кичот и лудилото, од кои штотуку се ослободивме  Cheers




Тогаш дефинирај ни што според тебе претставува споменик и монументална градба.

Што според дефиниција овој објект и градба прекршува и со тоа не е споменик односно монументална градба.

Мислам дека прашањето е и реторичко, бидејќи одговорот е со ништо не отстапува од дефиницјата за тоа што е монумент. Прашањето на потреба и арх. стил не значи дека не е споменик и монумент.

Edited by HugoGoulding - 28-May-2017 at 23:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 28-May-2017 at 23:45
Originally posted by HugoGoulding

Што според дефиниција овој објект и градба прекршува и со тоа не е споменик односно монументална градба.


Го прекршува здравиот разум, во секој поглед. Се согласувам дека тоа не е пречка да биде споменик, поточно споменик на многу лоши работи кои ги одбележаа изминатите 11 години.

Што се однесува на прекршувањето на базичните урбанистички норми, за очајната архитектура, за квалитетот на изведбата, сето тоа е одлично документирано во нишкава. А што тек да се каже за машинската просторија и за настршницата на кровот? Дали и тоа е работа на вкус и дали затоа овие „детали“ беа подложени на отстранување со фотошоп од сите промотивни фотографии, па и видео снимки кои беа нарачани од истиот центар кој го нарача објектот. Монументална градба или монументална глупост?


Originally posted by HugoGoulding

Единствено прашање е дали беше навистина потребен


Ова „единствено“ прашање не е баш некое ситно и безначајно, туку е огромно прашање. Со сите анекси-манекси, за шампитава која меѓудругото му тури пепел и на планираниот крак на сообраќајниот коридор под плоштад, се изгореа 6,31 милиони евра. Да ги пресметаме тие пари во градинки? Да ги пресметаме во стипендии? Да ги пресметаме во инвестиции во енергетска ефикасност? Да ги пресметаме во инвестиции во одржлив јавен превоз? Да ги пресметаме во Тамари? Во што да ги пресметаме, за да видиме колку многу пари се всушност 6,31 милиони евра?

Портава и ред други објекти од Ск2014 се толку забегани, што веќе не можат да се сметаат дури ни како прашање на екстремно изместени приоритети, туку единствено како прашање на умоболни пориви.



Edited by Cloverstack - 28-May-2017 at 23:46
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 01-Aug-2020 at 19:13

Анароднио професор Проговори, тешки друг да беше та да не предизвикуваше инает кај симпатизерите на дпмн, не дека неможат да ја рушат sds, но дефакто дополнително се поларизира Општество заради и навистина упад во ГУП, мислам што очекуваа груевци дека тунелот би почнувал кај Собрание или може Градска Болница, сепак на Грчев како заколнат титоист (ни за последен) не требаше ова да му го остават институционално да го коментира од позиција на Урбана Комисија, но да речеме негова работа каков табиет има, само смешното е што ко таков е автор и на постојното знаме, поентата ми е дека тоа е бонус апропо ригидноста во однос легализмот, која може да се истера апансаз, но очигледно е дека се каска (изгледа намерно) со Јавна Дебата и пак ко и во времето на груевци се’ си тера по старо најонака дрско елитистички, што нормал и да не предизвика сега особен револт, ќе продуцира иден инает при следната ротација на власт, наместо сега фино да се испегла се’ како што треба пред да се премине на рушење!

https://360stepeni.mk/grchev-porta-makedonija-i-majka-tereza-da-se-urnat-spomenitsite-da-se-dislotsiraat/


веројатно најбезболно решение е портата да се смикса во однос материјалите заради предна модерна визура а задна неокласична [1] што ќе бидне не само естетски ами и туристички спин, а притоа парите фрлени за кревањето на капијата нема да бидат така топтан зијан, нормал додека се обезбедат средства за изградба на тунелот, кои 200 милиони евра чинам и баш лесно нема да се најдат, значи би се искористила некако ошторумно нејзината појава во костец нејзиното идно издишување!

реално не само од легалистички ами и од идеолошки аспект е проблематична капијава, иако на авторката изгледа ова не и е јасно "Главната цел е да го привлече посетителот, да му создава навики и љубов кон народот, државата и нејзината историја, култура, традиции и достигнувања - вели авторката на објектот, скулпторката Валентина Каранфилова Стевановска." [1] ако била целта да има портал зошто тој не бил срочен поинаку него типично римски бреј да си ги величаш робовладетелите каде тоа значи не е напа традиција и немаме никаков особен историски белег сонеа [1][1] а единствен позитивен штимунг од свовремен аспект што би останал се прославите за ЕХФ Титулите на Вардар и минувањето на двокатнио автобус низ капијата, но ако ова е главен адут зошто би преживеала истата, тогаш бидејќи имаме парламентарен континуитет во Собрание така никогаш нема ни да треба да се крене нова Собраниска Зграда иако е неопходно бидејќи постојната е масонски осветена односно сатанистички зачната [2] а кусур е што прометеј (анатемаго) е карши него сега кренат ем со се изида која ја прикажуваат како ника, дали не е така, конечно треба и мора да се отвори Широка Јавна Дебата та многу што вишок на тој начин да се излуфтира без да има премногу спинување и некаков партиски инает а така и дополнителна непотребна поларизација во Народо!

некој трет компромис освен половично пресоблекување или пак дрско рушење, е со неа да се обележат симболично токму некогашните римски капии во државава, значи да се исече капијата на делои и да се транспортира до соодветната локација ... рељефите пак може да ги закачат можеби во некој павиљон на МСУ повтороно како туристички спин за едно време кога Народ не се прашуел ами му товареле што ќе стигнат наплеќи негоите удбалитичари минатите 70 години кулминирајќи со шампстирањето на Скопје виа Ск’14!
The Via Egnatia of the Romans (mod. Jassijol or Grande Rue de Vardar) traverses the city from east to west, between the Vardar Gate and the
Calamerian Gate. Two Roman triumphal arches used to span the Via Egnatia. The
arch near the Vardar Gate -- a massive stone structure probably erected toward the end of the 1st century AD, was destroyed in 1867 to furnish material for repairing the city walls; an imperfect inscription from it is preserved in the British Museum....

http://www.archipelago.org/vol1-2/Vol1No2.pdf

Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 99
  Quote David Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 01-Aug-2020 at 20:39
На страна емоции,курч на Грчев,комплекси итн итн.....не е матично сместено во портава ? Кај ќе го селат него кога очигледно офицерски нема да бие готов во догледно време ?

Мислам дека некои задпулисни игри се играат,во кој дел од објективе ќе добијат пренамена а дел од спомениците "шминка". Се си мислам дека не очекува нов ск2014 само модерен и без споменици...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 01-Aug-2020 at 22:30

хаха, сега од вона-би римски внуци ќе населат можеби на Кале матичарите, таман Млади да бираат сакаат ли во МСУ модерно да си кажат Судбоносно=Да или пак в сред Тврдина во то несудената Музеј Црква можеби ...

а може и Офицерски ќе го рушат, мислам агитпроп-мајндсетот им е зошто би го финансирале финиш на објект кој е зацртан и кренат од дпмн за овие да ги рибаат како тоа е нивна заслуга, иако финишот во однос изолација дограма финеси чини исто толку ко и карабината, во случајов ако не и повеќе доколку се оди со мермер внатре, значи просто Матично за во Офицерски ќе се изначека на некои поарни времиња, бар да го покриеја со Платна, или да го спакуваат во некои оригинални банери, макар и со нивни париски симболи накитени! а можеа истото до сега да го сторат и со Пелагонка па и со триумфалката ако се спремаат да ја рушат онака за да си легне Народ што полесно на брашно додека билдаат за тоа моментум, но такво нешто испуштија минатата ротација, а оваа дали и ќе стигнат нешто правилно да испеглаат освен да им се додворуваат на својте верни гласачи та да ја затераат насила, хм, дали мицковци на тоа ќе реагираат ќе видиме, но би било смешно кога за шиткањето на Устав молчеа а сега за воа вишокот на груевци да скокаат, арно ама за тоа им беа врзала евроатланските детерминисти двете раце двете нозе, но може за ова да се нафураат да пумпаат и тие поени со гушки чушки пушки шушки и останати мучки за одработување шампаста-агитпроп, битно Народ си има други гајлиња но удбалитичарите и порано и денес со Ск’14 си го олабавуваа за да не мрчи за скапа струја или затворени граници па дрмај за урбана етика естетика и еклектика, како Уста Не Ги Заболе во празно да верглаат, бар едно нешто што биле ветиле да го заокружиле топтан, чунки капијава ќе ја биде, но о.Центар тера една приказна а Хрчев&ко друга, па да видиме шчо и како ќе визат!

тешки да имаа некаков проект, ем изборно да им беше верифициранм на груевци бар ова им беше апсолвирано, иако изостана Широка Јавна Дебата, вадејќи се токму ко и сега sds агитпроповски по тв емисии и тук таму некоја трибина, а капак ветуваа дека ќе било поинаку ќе биле европски ориентирани, но дефакто освен популизам до сега ништо не видов, бар со ААМ да имаа редовна јавна комуникација, а не пак со цело општество, така речи тие да модерираат само дискусии на некој Институционален еФорум (во случајов при Портало на Град Скопје) а да им се остави на сите експерти во засегнатите фели да дебатираат, но каде кога и матрицата им е од минатиот век ем така ризикуваат тоа да стане норма и за други области, а така бреј оди лапај на мала врата тендери локации субвенции непотизам итн. шеми со кои си одржуваат во кондиција не само елитниот чалам нали они се државници, ем си ги помачкуваат послушници, проблемот е што ниту тие ниту другите се кадарни за Непосредна Демократија, а трета обединета опција од помалите партии не се формира, практично чекаме само кога ќе рокне систем финансиски та евентуално тогаш ако земат да бегаат од земјава бидејќи крива им капа од секогаш, та така евентуално Народ да дочека сплотеност, иако попаметно е уште сега сами да ја иницираат виа Институционални еФоруми ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 02-Aug-2020 at 02:01

Кале портале, и таму да ја зајсат нема да биде склет, некако уметнички, меѓу МСУ и Тврдина, за таму не ни мора цела да се сечи на делои, туку може комотно во мали да неречам тенки слајсои од фасадата да извадат колку за се стори бетонската кутија, нели да се сеќава Народ од кој бетон е сторена, повторно може модуларно да се оди при сечењето, но немора одкрај докрај туку доволно е така и десет сантима длабочина а квадрат по квадрат исецкана и сетне можеби клесана задниот дел арпаџик, мислам на Луѓе за по дома да им дадат така секој да си зајси по една коцка Па То Чинам заради икс причина а особено ЕХФ Титулите на РК Вардар та Народ ќе грне да си земе парче за по дома, можеби да си стори масичка, рамка, скулптурче во фонтана, украс на гелендер, лустерп или столната ламба в собите итн. итн. над телевизор вазна за Цвеќе ...

мислам на Сувенирници нека го раздадат бетонот да си штанцаат оригинални носталгични примероци од капијата, конечно можат ко што реков со Мермерните Рељефи многу што да сторат, но нека имаат акал дека може ко прилог и кај Македониумо в Крушево да се зајсат, можеби Смилево, можеби Пелинце, можеби Преспа на Мал Град, можеби на Кораб на Врв Планина како Планинарски туристички спин и евентуално таму некој импровизиран портал, но не месонско-римски туку изворен македонски, онака Капија на Авлија од Селска Куќа а за да не ги џапне некој истите да се вградат во масивни арпаџик камени ѕидои кои би биле покриени со панцир стакло ем сензори таман има близу и Караула па може да ја запазуваат постојано со дронови ...

ако видам поубо фора ќе биде да остане и од неа да стори нешто сосем дрого, можеби мултинаменски павиљон во чија основа би била капијата а истиот би можело да е налик стејџ горе в среде и слично за концерти тука пред Собрание или одзади, сепак најнапред треба Широка Јавна Дебата сетне Референдум а потоа интервенција, баш ко и во случајо што при требало за Универзална Сала, во спортивно трасираме патерн за утре секој што би се дочепал до власт да си биде исклучив кон делата на својте претходници, а доколку тоа не доведе до диктатура може да биде искра за Граѓанска Војна, замисли им се може легалистички утре на едикои Вистински Македонци да земам насила да изрушат сите нелегални учк споменици и останати етнички симболи кои излегуваат од легалистичкиот контекст, бреј зар вака не им даваме Амин на тие некои идни генерации да си имаат три чисти заради нечија денешна ситнопаланечка матрица!? Аирлија што и да праите Господ да ви е напомош бидејќи се сосила си чините а на крај за нус-ефектите други обвинувате, бар земете тогаш видете се прво во Огледало!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.