build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Порта Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-Dec-2011 at 23:18
слика од горниот линк
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2526
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 28-Dec-2011 at 00:44
Не дека е нешто ремек дело во прашање, ама пак бронзениве скулптури тотално ми се непотребни.
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 28-Dec-2011 at 01:10
Портата гледана во изолација е убава, но за да е воопшто складна, ќе треба да се пеработи околината, што е впрочем во план. Ќе видиме како тоа ќе испадне. Да бев надлежен, немав да им дадам да ја прават од бели материјали, туку ќе инсистирав на сив гранит (не рустикација, но не и сосем мазен). Изгледот натписот „Македонија“ и неговата позадина лично се заложував да се смени, но за тоа очигледно не најдовме слух. Но секако, тоа може да се исправи.


Edited by Граѓанин - 28-Dec-2011 at 01:13
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7655
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 28-Dec-2011 at 01:26
Originally posted by Граѓанин

Портата гледана во изолација е убава, но за да е воопшто складна, ќе треба да се пеработи околината, што е впрочем во план. Ќе видиме како тоа ќе испадне. Да бев надлежен, немав да им дадам да ја прават од бели материјали, туку ќе инсистирав на сив гранит (не рустикација, но не и сосем мазен). Изгледот натписот „Македонија“ и неговата позадина лично се заложував да се смени, но за тоа очигледно не најдовме слух. Но секако, тоа може да се исправи.
една од најголемите грешки на Ск2014 уште од самиот почеток - ориентирање на постоечката средина кон новите идеи, наместо обратно, ориентирање на идеите кон она што го ружа околината, и тука пази, не зборам за изглед, туку за тематско вклопување на објектите, како и просторната невклопеност на објектите општо, по тема, функција, стил, форма и димензии
сега, за да проработе идејата која некој си ја креирал во глава, треба да се менува цел град, нешто што скоро воопшто не беше потребно, како и тешко возможно од разни аспекти

настрана од дискусијата на портава
инаку, има една интересна страна околу фасадите на објектите од Ск2014 и една стара дискусија што се вртеше при зачетоците на Ск2014... барајќи и копирајќи веќе постоечки стилови и објекти од разни страни од светот, креиравме нови, досега невидени стилови во кои нема никаква иновација и се користат со изобличување на нешто веќе постоечко... тоа, со други зборови, се нарекува кич, и тоа според дефиниција извадена право од речникот Big%20smile
да не збориме па колку е точно ова за менувањето на фасади, кои уште повеќе го појачува кичот во сето ова
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kitkiritki1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki1 Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Dec-2011 at 02:01
За ПОРТАТА - архитектонски неоправдана, поетската димензија ,,Триумфот за оваа порта е независноста,, -многу паметно смислен, но никако не го објаснува арх. стил......... но за тоа е веќе доцна, па го тргаме еве настрана...... НО,
1.Фонтот кој е одбран за натписот Македонија е фонт карактеристичен за МЕНИ во кафана, евентуално бифе и малска биртија,
2. Македонското знаме се аплицира во неточни пропорции, а тоа мислам дека не е дозволиво за објект од ваков карактер,
3. На портата се аплицирани некои од македонските вредности, материјални, културни, духовни итн...... Како во таа селекција, успеа да влезе ,,Заливот на коските,, исклесан во мермер, не можам да разберам и не можам никако да се помирам..... Ако тоа е нешто што го ставаме  во првите редови на македонските вредности, тогаш сами си правиме смеа од себе...
4.а за прилегната девојка што листа буквар и ноџињата што и надѕираат, не сакам ни да почнам со муабет за каква наивност зборуваме...( кога веќе сме тргнале со реалистично прикажување на нештата) .. Ако тоа е фазонот во кој ние ја градиме во оваа порта, мислам дека им фали уште да ја исклесаат адресата на некоја од страниве за промоција на Мк...... онака целосно со www.macedonija A u. com. mk..... 
Back to Top
Gjorgjiev Jr. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gjorgjiev Jr. Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Dec-2011 at 12:09
Поздрав до сите. Ве следам веќе некоја година и никако да се наканам да станам и ја член на форумов. Секоја чест за идејава, вие сте ни единствениот извор на тоа како се развива Македонија во полето на изградба, инфраструктура и архитектура. По тоа што се приметува на сликата и по краткото мое видување на Портава летово, мислам дека ова ќе биде една од најубавите градби на Скопје 2014. За нејзината локација нема да дискутирам.

Кога ќе може некој, нека пушти некоја нова слика, баш ме интересира каков е финалниот изглед.

Edited by Gjorgjiev Jr. - 28-Dec-2011 at 12:09
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 28-Dec-2011 at 14:40


Фотографија: Андреј Гиновски
Back to Top
Suprise View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Suprise Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 28-Dec-2011 at 15:07
Демек сиромашен беден народ под скапа триумфална порта со дискутабилна потреба.

Добра фотка, нема што.

Да имаше и некое циганче да проси под нејзе ќе беше уште подобра... ау туку да, ги собраа оние тетките од социјално.. и не сме веќе сиромашна држава.

Би можеле да пуштат инспекција за бедни граѓани кои се шетаат по улица и сите инстант да ги приведат и да ги носат по периферни места и центри, за кога се шеташ на град, само добростојечи народ да гледаш, да не ти се крши филмот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 28-Dec-2011 at 16:13
Ne gledam nisto loso osven realnosta. Taka e lugje, zemja bez prespektiva da ne vleguvame podetalno.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 28-Dec-2011 at 16:22
А на Казахстанците кои исто така имаат тазе нова триумфална порта сигурно се им оди како вода, кај нив нема невработени и сиромашни.
 
Или сеуште не поминале низ капијата ?
 
И во САД со Милениумската Порта, моментално над 8% од американците се невработени, претежно млади луѓе, се разбира тоа не е ништо во споредба со невработеноста и сиромаштијата во Македонија кои изнесуваат над 30%, но факт е тоа дека и таму има невработени и сиромашни луѓе.
 
И тие ли сеуште не поминале низ портата ?
 
А во скопските автобуси, поточно во автобусите на ЈСП Скопје, во вторник и во петок што ќе видиме, невработени и сиромашни стари лица, или пензионери кои уживаат бесплатно возење на сметка на државата ?
 
Да, ова ја отсликува економската и социјалната реалност во Македонија која не смее да се игнорира, но сликата повеќе испраќа политичка критика отколку што испраќа економска и социјална критика.


Edited by Dexter26 - 28-Dec-2011 at 17:53
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 28-Dec-2011 at 16:32
Haha sto ti treba da se vozis gratis so avtobus koga si gladen? Kako sto rekov, da ne navleguvame mnogu vo temata. Slikata sekako deka isprakja politicka poraka no sepak taa poraka e realna, ne e nesto sto ne e tocno/realnost
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 28-Dec-2011 at 16:33
Луѓе, последно предупредување, не забегувајте со дискусии што немаат врска со темата и што навлагаат во политика. Особено бидејќи сметам дека од сите страни се' е кажано за овие прашања, и дискусијава може само да премине во препукувања, а ништо нема да се реши.

Апелирам, смирете се, да не испадне после "овие само знаат да бришат постови". Ве молам!
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Suprise View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Suprise Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 28-Dec-2011 at 16:43
Океј иако контекстот веќе забега, само би те поправил..

невработеноста е над 30%

сиромаштијата ако не се лажам е над 50ина % (нели сметајќи колкав број на лица дневно живеат со под 2 долари)

Ми се допаѓа портава не дека не, само единствено не сметам дека целиот проект требаше толку интензивно да се гради, можеше да трае подолго, со што дел од финансиите ќе беа тековно повеќе насочувани на пр. на нешто што би ја намалила невработеноста и сиромаштијата.

Искрено несакам да забегам офтопик ама таква е темава. Можеби некој проценил дека влезот во Нато ќе ни обезбеди финансиски/инвестиционен бран и поквалитетен живот АМА кога нема да се случи тоа, тогаш треба целата стратегија да се ревидира и прилагоди на новото окружување, а не со сила да се турка.

Затоа сега ќе си имаме вакви фотки за разгледници.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 28-Dec-2011 at 16:43
Видео: Финалниот изглед на Порта „Македонија“

http://www.kurir.mk/republika/skopje/55160-Video-Finalniot-izgled-na-Porta-Makedonija


Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 28-Dec-2011 at 16:55
Ako dobiva zgradata levo fasada spored animacijata na sk2014 togas bi se sklopil portata barem malku. Momentalno vakov stil nema vrska so okolinata. Se nadevam deka naskoro kje pocne so fasadata na zgradata levo, sto da praeme i taka pocna da se siri takov stil, barem da se paravi najdobroto od sk 2014 a ako se realizira planot na alexgixh togas toa bi bilo totalen uspeh za taa okolina.

Edited by my Macedonia - 28-Dec-2011 at 16:56
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7655
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 28-Dec-2011 at 19:33
Originally posted by my Macedonia

Ako dobiva zgradata levo fasada spored animacijata na sk2014 togas bi se sklopil portata barem malku. Momentalno vakov stil nema vrska so okolinata. Se nadevam deka naskoro kje pocne so fasadata na zgradata levo, sto da praeme i taka pocna da se siri takov stil, barem da se paravi najdobroto od sk 2014 a ako se realizira planot na alexgixh togas toa bi bilo totalen uspeh za taa okolina.
фасадита на околните објекти се најмал проблем на портава, проблем е локацијата која воопшто не е прикладна за објект од ваков калибар, самата културна, историска, секојдневна, функционална и каква се не друга димензија, се сосема различни од културните димензии кои ги пропагира поратата
само погледни со какви објекти е опкружена портата и за какво секојдневие служи просторот и мислам дека ќе ти стане јасно што сакам да кажам...

ќе бидам досаден со ова, ама истата бледа приказна се шири кај сите идеи од Ск2014, дека не чинел просторот на кој се предложуваат, а не дека не чинат предложените објекти... според таа логика сакаме потполно да го модифицираме истиот простор, за да може идеално да се остварат таквите идеи, а всушност се работи за видоизменување на просторот за насилно да се збута таква идеја, по секоја цена, и потешко да се приметува колку всушност нелогично било да се примени новиот објект како идеја на тој простор...
затоа и имаме толку брза експанзија на таквите идеи низ градов, само никој тоа не го приметува


Edited by zabegan - 28-Dec-2011 at 19:34
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3651
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 29-Dec-2011 at 12:54

Порта Македонија ќе го отвори проектот „Скопје 2014“ догодина

Силвана Жежова

Министерството за култура наредната година ќе оперира со буџет „тежок“ 55, 5 милиони евра, што е за речиси половина милион евра повеќе од 2011 година

Порта Македонија, Стариот театар и Археолошкиот музеј се објектите кои ќе бидат отворени во 2012 година, а се дел од проектот „Скопје 2014“. Реализација на овие капитални инвестиции, најави Министерството за култура за следната година за следната година. Порта Македонија е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје. Со промоцијата на трите врби во Вардар кои ќе бидат промовирани во јануари-февруари ќе биде заокружен целиот проект.

„Дел од капиталните инвестици кои беа во програмата на Владата, ги промовиравме и отворивме за јавноста, а дел се очекуваат за следната година. Во јануари ќе биде отворена и промовирана скулптурата Порта Македонија, која ќе има мултидимензионална функција во културата. Во однос на капиталните инвестиции во јануари ќе биде поставен и камен-темелник на Турскиот театар“, изјави министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Од општина Центар информираа дека во паркот Жена борец се планираат да се постават и дел од предвидените спомен-обележја. Станува збор за скулптурите на Основачите на ВМРО (групна скулптура), спомен-обележје на Паднатите херои, спомен-обележје на Првото заседание на АСНОМ (групна скулптура), спомен-обележје на Питу Гули (коњаник), спомен-обележје на Кузман Јосифовски Питу, спомен-обележје на Павел Шатев и Христо Татарчев. Ќе бидат поставени спомен-обележјата и на албанските дејци Пјетар Богдани, Јосиф Багери и Неџат Аголи кои ќе се леат во бронза. Овие личности од историјата и културата на Албанците ќе се постават во паркот Жена борец, во близина на Стариот театар и во зоната на Кеј 13 ноември и плоштад Македонија. Салата на Македонската филхармонија ќе биде завршена во 2013 година.

Во врска со активностите за 2012 година, од Министерството за култура информираа дека во првата половина на 2012 година се очекуваат и првите 67 наслови од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“. Во областа на издаваштвото во план е и превод на едицијата „130 македонска книжевност“ на уште пет светски јазици покрај англискиот.

Во завршна фаза е изработката на Стратегијата за развој на културата која ќе опфаќа период од пет години и за која ќе има јавна дебата.

Буџетот на Министерство за култура во 2012 година изнесува 55,5 милиони евра и во споредба со буџетот за 2011 година е поголем за 457 илјади евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78336/porta_makedonija_kje_go_otvori_proektot_%E2%80%9Eskopje_2014%E2%80%9C_dogodina.aspx?iId=2535

Back to Top
Pallatino View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pallatino Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 29-Dec-2011 at 14:08
Дали знаеде од каде можат да се купат сувенири од објектите од СК 2014 ако воопшто се излезени во продажба ?
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 29-Dec-2011 at 15:44
Originally posted by Pallatino

Дали знаеде од каде можат да се купат сувенири од објектите од СК 2014 ако воопшто се излезени во продажба ?


Mislam deka se prodavaat nekoi suveniri vo noviot muzej.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 29-Dec-2011 at 21:02

http://www.build.mk/?p=11415


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.152 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.