build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Порта Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Порта Македонија
    Posted: 11-Feb-2010 at 06:29
Портата Македонија - симбол на независноста


Темата за планираните урбанистички концепции за Скопје во 2014 не прекинува да ја бранува јавноста. Иако најголемиот дел од граѓаните ја поддржуваат идејата за изградба на нов имиџ и идентитет на метрополата со оформено централно градско јадро, сепак, оваа концепција за опозицијата е кич и основа за поделби. Најмногу полемики предизвика изградбата на Портата Македонија, која е планирана да се гради на Плоштадот Пела. Тоа е споменик, којшто според експертите претставува историска градба - симбол на триумфална победа. Всушност, вакви објекти во историјата се граделе по триумфалните победи на големите војсководци.

Симбол на триумфот, но на триумфот на независноста ќе биде и Портата Македонија.
- Нема поголем триумф од тоа по вековна борба еден народ да добие независнот и затоа Портата на независноста ќе го означува триумфот, чинот на стекнувањето независност. Македонија со векови чекаше и се бореше за независност. Затоа, таа ќе биде изградена до 8 септември 2011 година и по повод 20-годишнината од независноста ќе биде свечено пуштена во употреба. На портата во рејлеф ќе бидат обработени огромен број ликови и настани од историјата на македонската борба за независност - појаснуваат од Општина Центар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A76EDD2AABD1B44083827F0D9055742A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Jul-2010 at 09:21

Темелите на портата ќе се удрат на 8 Септември?

Забрзано се бараат изведувачи на градежните работи и мермерните релјефи и бронзени фигури

Деспина Трајковска

Подготовките за почеток на градба на портата „Македонија“ се во полн ек. Неофицијално, камен-темелникот на портата, која, всушност, ќе ја симболизира независноста на државава, е планиран да се постави токму на празникот 8 Септември. Од тие причини, Министерството за култура како носител на проектот забрзано бара изведувач на градежните работи, а во меѓувреме ги привршува геомеханичките испитувања на теренот. Во изминатиот период надлежните го пролонгираа, односно го скратија периодот за доставување на понудите за избор на фирма-изведувач на објектот што очигледно кажува дека активностите за теренски почеток на проектот се брзаат.

Од надлежното Министерство вчера до затворањето на весникот не ги потврдија овие информации ниту, пак, објаснија од кои причини ги менуваат термините за јавните набавки. Нема ниту официјални информации до која фаза, всушност, е проектот и што досега е сработено за почеток на неговата реализација. Всушност, речиси целиот проект, кој е дел од „Скопје 2014“ во целост не се спроведува транспарентно. Досега министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во врска со портата единствено изјави дека за неа веќе е обезбедена градежна дозвола со цел да ги негира наводите оти изградбата на објектот би била спорна дури да не се усвои новата верзија на ДУП „Мал ринг“.

Инаку, ресорното Министерство планира до крајот на август да избере фирма што ќе ги врши градежните, занаетчиските и инсталационите активности, а истовремено ќе изврши и пунктирање на релјефи во мермер и ќе излее фигури во бронза за потребите на објектот. Токму од јавната набавка може да се заклучи дека портата ќе биде изведена во комбинација од мермер и бронза, податоци, кои надлежните речиси ги кријат. Досега штуро информираа дека најверојатно основата на објектот ќе биде бетонска, а пак релјефите на портата мермерни. Се' уште нема информации каде ќе се изработува или веќе се работи, и дали ќе се склопува на самото место или, пак, во целина ќе биде транспортирана до предвидената локација за поставување. Се кријат и димензиите на портата, иако од анимацијата на владиниот проект видливо е дека таа ќе биде габаритна и ќе ја засени околината. Тајна е и колку средства има предвидено Министерството за изградба на контроверзниот објект. Автор на репликата на триумфалната капија е Валентина Стефановска, по чие идејно решение се работат и спомениците на Александар Македонски и на Филип Втори што треба да се постават на плоштадот во Автокоманда.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D79F11298D4B5E4F8FE1292C1B09E5F9
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Sep-2010 at 17:35

Нови тендери за непопуларната Триумфална порта

четврток, 23 септември 2010, 17:47

Македонија на чекор од рецесија – власта не отстапува од триумфалната порта, барок фасадите и мостови на уметноста со скулптури во Скопје. И за овие непродуктивни зданија кои не се административни згради туку идеолошка матрица власта не отстапува – постојано се распишуваат нови тендери. Министерката Канчевска прибира понуди од фирми кои ќе вршат стручен надзор на непопуларната триумфалната порта за која дури 65 проценти од граѓаните велат дека не ни треба. Портата архитектите ја критикуваа уште кога се обелодени три де анимацијата.

Скулпторката Валентина Стефановска за триумфалната порта и за Александар Македонски зема хонорорар од 650 илјади евра. И градоначалникот Трајановски остварува – ги подготвува фасадите во центарот на Скопје – проектот веќе го направила фирмата Жагра-ком за 20 илјади евра и барок обланди ќе се залепат на две згради. Во исто време и Тодоровиќ бара уметници за да прават скулптури што ќе ги стават на мостот на уметноста – на преродбеници, основоположници на културата, писатели, сликари, композитори, актери.
 
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Oct-2010 at 14:51
ПОРТА МАКЕДОНИЈА
Известуваме дека ГД Гранит АД Скопје на 25.10.2010 год потпиша нов договор со Министерство за култура на РМ.
Предмет на договорот е Изведување на градежни работи за објект Порта Македонија.
Вредноста на договорот изнесува 267.630.363,00 МКД со вклучен ДДВ и рок на изведување 12 месеци.
25.10.2010 год ГД Гранит АД
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?MK&docID=25641
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Oct-2010 at 00:39

Триумфалната порта ќе не' чини 4,4 милиони евра



Триумфалната порта на плоштадот Пела ќе чини 267.630.367 денари со вклучен ДДВ или 4,4 милиони евра, обелоденето е вчера на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Министерството за култура склучило договор со „Гранит“ за набавка на градежни, занаетски и инсталациски работи, пунктирање релјефи во мермер и лиење фигури во бронза за објектот Порта Македонија.

Оваа јавна набавка ја доби „Гранит“ на меѓународниот оглас, објавен во август годинава од Министерството за транспорт и врски, на кој имаше вкупно три понуди: највисоката беше 390.580.883 денари, а најниската 226.805.393 денари. Според договорот, АД „Гранит“ треба да ја изгради портата во рок од една година, откако инвеститорот ќе ги воведе во работата.

Од „Гранит“ очекуваат многу брзо да ги почнат градежните работи.

- Се надеваме дека следната недела ќе почне дел од подготовките за изградбата на Портата, но се' зависи од тоа кога ќе бидеме воведени во работата од страна на инвеститорот, односно Министерството за култура - изјави Венко Зафиров, член на Управниот одбор на „Гранит“.

Портата Македонија или попозната како Македонската триумфална порта, е дел од проектот „Скопје 2014“. Автор на идејното решение е Валентина Стефановска, чие дело е избрано на конкурсот за избор на скулптури на Министерството за култура во 2008 година.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13C3B09336577443BC7C2B44FA24FE96
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Oct-2010 at 13:40
Originally posted by


Портата Македонија или попозната како Македонската триумфална порта, е дел од проектот „Скопје 2014“. Автор на идејното решение е Валентина Стефановска, чие дело е избрано на конкурсот за избор на скулптури на Министерството за култура во 2008 година.
Три пати ура за Валентина...како мала сигурно не ни сонувала дека ќе ги надмине и Донатело и Микеланџело во само еден мандат...можеше барем еднаш да излезе да подраскаже нешто за своите дела, не мора за висината на хонорарот да ја прашуваат....

Од сите будалаштини портава ми е favorite...скапа е, на не-место е тупосана и не служи за ништо...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Oct-2010 at 13:54
Originally posted by Dave Gahan

...Од сите будалаштини портава ми е favorite...скапа е, на не-место е тупосана и не служи за ништо...
Служи, служи.
Два лифта во столбовите, видиковец на покрив, билет десет евра за возрасни, три за деца, за групи и студенти повластена цена.
За најубавиот поглед врз најголемиот Александар споменик во Светот.
Македонија како Париз, l'Arc de Triomphe - une belle vue sur les Champs Elysées.
П.С. Да, да, чичко Стоилко ќе биде дислоциран!
Cheers



Edited by OKA - 27-Oct-2010 at 16:00
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Oct-2010 at 14:01
PreviousPrevious +1
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Oct-2010 at 14:08
Zdravo, zdravo! Mnogu me nasmea OKA, taka da se resiv da kazam zbor dva i ja

Se slozuvam so gradinarot, ako veke odlucija da ja pravat kapijata mozea po drug stil da ja napravat. Vakvi porti se pravele i seuste se pravat niz cel svet, i iako poveketo simbolizirale vojni pobedi, nekoi go simboliziraat mirot ili pak odredeni dostignuvanja. Makedonskata moze da bide simbol na izdrzlivosta na Makedonskiot narod. Niz mnogu gluposti ovoj narod bil i stvarno e za voshit sto seuste postoime kako nacija.

Dobro e sto se gradi samo se nadevam ke gi odrzuvaat site objekti koi sto ke se napravat.
I koja i da bide sledna vlast, se nadevam deka nema namerno da gi zapostavat ovie objekti.


Edited by LouReed - 27-Oct-2010 at 14:09
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Oct-2010 at 14:29
Ваљда не претерав со цената за погледот!?
http://www.youtube.com/user/Deltafontane#p/u/3/GktWAuln__U
П.С. Лу Рид, добродојде и стави си со време шлем на глава! Како е во големото јаболко, иначе!?


Edited by OKA - 27-Oct-2010 at 14:37
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Oct-2010 at 14:41
Fala, fala... Ne vo opsto OKA, mislam cenite se vo red

Dobro e malce vrne denes... :/

Se mislam da dojdam do Skopje za Nova Godina i Bozik.... da vidam sto se e ispogradeno.

Ke bidam kako turista i ke slikam se zivo i divo.

P.S.  Steta sto ke go dislociraat Cicko Stoilko. Treba da mu napravat spomenik na covekot. So godini prodava tamu.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Oct-2010 at 14:49
Па да ти кажам ОКА, вчера бев во зградата на Пелагонија, имаат остаток од ресторан горе и некоја проодна (неоградена) тераса. Погледот би бил отприлика истиот. Какви лепоти има да се видат од горе, ретко кој е свесен - сите испорушени оџаци, нелегални поткровја, испокршени тараби...глетка као на птичја перспектива над некој пазар во Замбија...на елисејските полиња (кои btw стварно се полиња) има што да видиш и не си спикан на 5-6м од соседниот објект (и еден куп работи што овде ги нема, меѓу кои и некакви француски триумфи ваљда???)...стварно не ти го сфаќам постов дали ти е саркастичен или сериозен...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Oct-2010 at 15:16
Dave, imas nekoi sliki od gore?
Nemozam da se setam za koj pogled zboris....
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Oct-2010 at 19:06


За жал или за среќа НЕ. Зградата на АД Пелагонија е лево од портата на сликава, со тоа што не и сега ваква фасадата. Ќе се потрудам да направам некоја слика. Во секој случај, тоа е генералната слика на зградите од Мал Ринг - тема што не верувам дека некој ја потегнал. Логично е затоа што се движат луѓето во непосредна близина на зградите да не го креваат погледот нагоре и немаат убава претстава за тоа што се случува горе.
Скоро да нема зграда што нема некаков чир на последното ниво. Од таму стварно идеите за некакви видиковци, рингишпили за разгледување, па и ова со портава се крајно банални. Кој е тој што би се качил да го гледа тој резил горе. Во коминација со заградувањата на балконите, бурињата со туршија и обесените гаќи на внатрешната страна на затворените блокови - само уште јапонци со фотоапарати фалат.
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Nov-2010 at 15:07
ОГРАДЕН ВЛЕЗОТ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА

Портата почнува да се гради

Во моментов изведувачот го оформува градилиштето, по што за нај­мно­гу десетина дена се очекува машините да излезат на терен и да се поч­не со градба на дваесетметарската порта

Ми­нис­терс­тво­то за култура почна со подготовки за изградба на три­ум­фал­на­та порта на влезот на Плоштадот. Викендов екипите на ГП "Бетон" со бе­тон­ски конструкции го заградија просторот каде што треба да никне два­е­сетметарската порта. Во моментов изведувачот го оформува гра­ди­лиш­те­то, по што за најмногу од десетина дена се очекува машините да излезат на терен и да се почне со градба. Од Министерството за култура не ка­жу­ва­ат кога точно ќе биде поставен камен-темелникот на триумфалната пор­та.
"Во моментов на теренот се преземаат подготвителните работи, се офор­му­ва градилиштето. Откако ќе завршат сите подготвителни работи, из­ве­ду­ва­чот ќе почне со работа", велат од Министерството за култура.
Из­град­ба­та на портата за влез на плоштадот Македонија чини 4 милиони ев­ра, а треба да биде комплетно готова за една година. Ќе се гради според идеј­но­то решение на авторката Валентина Стефановска. Ќе зафаќа по­вр­ши­на од 193 квадратни метри, а ќе биде висока 21 метар. Релјефите ќе би­дат изработени од мермер и на нив ќе бидат прикажани мотиви од ис­то­ри­ја на македонскиот народ.
Во внатрешноста на портата се предвидува постоење на атрактивен га­ле­ри­ски простор, наменет за одржување изложби и други културни настани. Га­ле­рис­ки­от простор е распореден на две нивоа и достапен со скали и лиф­то­ви од двете страни на портата. На последното ниво од портата ќе би­де изведена отворената тераса. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=606F69A4928E214FB54CA684AA42C089
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Nov-2010 at 15:22
Ова го имам кажано до сега, но ќе го повторам. Има голем број граѓани што го поддржуваат концептот Скопје 2014 но се против оваа порта. Овој објект излезе како најосудуваниот од целиот проект и со најмалку поддржувачи и мислам дека ќе и беше паметно на владата да ретерира од изградбата. Е сега постои и една друга работа. Идејата за триумфална капија е политички оправдана како споменик на независноста (барем така е најаувана) за што се согласувам дека треба да имаме споменик. Но има една друга битна работа. македонија веќе има едно искуство во поставување ваков споменик со Крушевска Република. Тое е столбот на републиката или како и да се вика. Идејата за денешниот столб на републиката мора да се исцрпи од Крушево. Супер ќе изгледаше со сите рељефи што ги планираат за триумфалната, а и просторот некако е на ќош и по прикладен за вакво нешто. А особено сега како што ми изгледа дека е поместена локацијата за разлика од клипот како што беше прикажано врз улицата што треба да биде иден влез во тунелот. По се изгледа локацијата е корегирана да не се попречува иден тунел што е добро, барем од она што го гледам што е оградено градилиштето. Но уште еднаш, Македонија за среќа има од каде да ја црпи идејата за споменик на независност, а за несреќа не го користи.




Edited by lslcrew - 02-Nov-2010 at 15:22
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Nov-2010 at 15:26
И јас мислев дека ќе се спасиме од повраќаницава , но ете им 267.000.000 денари на Гранит мислам дека беше.

Сочуство за овој дел од центарот Big%20smile
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Nov-2010 at 15:30
Зошто упорно се користи терминот Триумфална Порта или Капија кога се вика Порта Македонија? Пропаганда...
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Nov-2010 at 15:44
Не, не е пропаганда, "триумфална порта" е термин, генеричко име за овој архитектонски тип. Името е нераскинливо поврзано со создавањето на типот во периодот на Римската Империја и со традицијата на римските воени триумфи.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Nov-2010 at 15:54
@ Observer

Во право си за името, но дека причината е толку длабока за да биде пропаганда и некаква конспирација, тоа тешко богами. Погледни ги овие, па можеби ќе ти биде појасно зошто сите рефлексно ја ословуваат како триумфална капија, без разлика какво официјално име и залепиле. Во секој случај, сето тоа е многу далеку од суштината - не може семантика да биде клучно прашање, кога во суштина имаме здание кое ќе не чини 4,4 милиони евра и за кое најголем број граѓани сметаат дека е урбанистички и естетски чир. Вистинското прашање не е „зошто упорно се користи терминот триумфална порта“, туку зошто упорно и слепо се турка проектов.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.