build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мариово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мариово
    Posted: 02-Jul-2022 at 15:20
Се разбира, ако си во Зовиќ, тогаш задолжително треба да го посетиш кањонот на Градешка река, со познатиот мост и воденица.



















Толку од репортажата. Довидување до некое наредно патешествие.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Jul-2022 at 15:17


Супер, ти благодарам.

Да продолжам со последното село што го посетив во Мариово – Зовиќ. Според Википедија, селото има 31 постојан жител.









Етно ресторан













Edited by Џоле - 02-Jul-2022 at 15:18
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Jul-2022 at 15:09

Горна црква, еве нешто повеќе за недовршената градба што наликува на црква.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jun-2022 at 23:41
Селото Старавина од ридот каде што се наоѓа манастирот Свети Атанасиј:



Погледот оттаму:







Црквата Свети Атанасиј:



продолжува...
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Jun-2022 at 16:21
Село Старавина, со население од 23 постојани жители.

На влезот од селото ве пречекува оваа разурната градба што потсетува на црква. Во неа има некаков бетонски бункер (не се гледа на сликиве).







Сретсело. Поранешна крчма „Кај компасот“.









Куќата на Калеш Анѓа (спомен дом или музеј) и, се разбира, не беше отворена за посетители.







Успение на Пресвета Богородица





продолжува...


Edited by Џоле - 27-Jun-2022 at 16:24
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Jun-2022 at 21:39


Свети Никола











Видете ја иконава



Свети Димитрија, на влезот од селото









Фино местенце за одмор, надвор од селото



продолжува...
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Jun-2022 at 21:36
Уште некоја фотка од Градешница...



















За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Jun-2022 at 18:43
Во Градешница оваа вила издава соби за преноќување (300 ден. од вечер), со сосем пристојни услови (соби со кревети, кујна, бања, убаво дворче).













продолжува...
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Jun-2022 at 18:41
Градешница, можеби најживото село во Мариово (население: 86 лица)









Шлемови од Прва светска војна (во близина бил фронтот)







За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Jun-2022 at 11:29
Минатиов викенд го шетав Мариово со друштво, па да споделам некоја фотка. Инаку, патот до село Рапеш е широк, потоа се стеснува, а кај Старавина се стеснува за само едно возило, но е асфалтиран до Градешница и главно во одлична состојба.

село Рапеш









околината околу селото





продолжува...
За сè има вторпат
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-May-2016 at 16:48

па биваше ли во исто време со заврнишцата на Џиро да го организираат настанов, кој е тој бициклист кој би скубнал баш тогаш в планина ... а можеби и намерно е вака темпирана турата за да се зберат само дустабанлии со пошироки педали ...

http://veloevropa.mk/nastani/mariovo1 



Edited by +Protagorist - 14-Jul-2017 at 16:04
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-May-2016 at 19:17
Панорамска фотографија на Зовиќ

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-May-2016 at 12:00


она по што е познато ова плато се и мариовските Манастири а како пуст крај сигурно бил магнет за локалните средновековни аскети, за што сведочат и пештерните Цркви таму, од оние за кои знам една е кај браната над тиквешко езеро а мислам ја викаа Маркова, но индиректно еве разбрав дека кај зовичкиот мост всушност некогаш имало некоја ... и ајде црквички туку имало и големи манастири, можеби ко таков најпознат е Полошкиот Манастир [1][2] но има и многу други сочувани или заминати па дури и живи односно оживени ко што е Свети Никола во с.Манастир [1][2] интересно е дека овде по овие планини човек може со леснотија да си исполни верувањето за Прва Молитва односно т.н. Отворање на Црквата [3]



http://www.off-road.mk/en/off-road-events/4x4-tours-and-excursions/142-churches-and-monasteries-in-mariovo-unforgettable-4x4-driving-experience


инаку еден од регионите каде има Изворен Kосмос муабет кај нас [1] е и Мариово а во случајов и буквално, бидејки веднаш под самиот мост кај с.Зовиќ оставен/останат е и космички печат [2] од некогашна пештерна Црква која постоела таму, а веројатно што било и повод за нов мост токму тука [3] та може симболично да се каже дека оној кој сака да скубне од канџите на бетонска џунгла да неречам аждаја, а тоа и го посакува, нека мине низ овој мост за Свети Ѓорѓи и да му помогне, ќе остане сетне само да не вртите глата назад за да пак не ве прелаже градскиот комформизам и егзотичното гетоизирање, а така и ви ја земе шансата за слобода, иако ова ќе важи секогаш кога би морале и требало да слезете од планина ... бар додека сесрдно и трајно не се одврзите од градот и заградените ...

Живописот со приказот на Свети Ѓорѓи е возобновен најнапред во 1925 година кога се испишани и имињата на реставраторите.



Сместен е во правоаголна рамка која во горниот дел завршува лачно. Бордурата е од три ленти; во средината црвена која е најширока и е ограничена со потенка бела лента од внатрешната и црна од надворешната страна. Централно поставена е фигурата на Свети Ѓорѓи на бел коњ и со развиорена црвена наметка како ја убива аждајата. Фонот е обоен со светлосина боја, во долниот дел претставен е карпест пејсаж, а во горниот дел на фреската на црковно словенски е испишано Велико Маченик Ѓеорѓи. Живописот на карпата е реставриран во 2006 година од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-May-2016 at 08:58

она што е најизобилно и најозбилно азно во Мариово како еколошки недопрен регион е лековитата флора, тие диви билки полни светлина, иако мислам дека Пелистерот е без конкуренција но заради тоа пестицид табиетод на преспани денес не би можел да се мери со Селечка, Ниџе и Кајмакчалан планини кои кријат и нешто повеќе пример како дивиот мед, макар и култивиран изваден од тие краишта ќе биде идеален лек за душа, особено ако е натопен со некоја мариовска есенција [1]

[1] http://itarpejo.org/za-mariovo/bilki-lekoviti-rastenija-vo-mariovo

[1] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=174900#174900 [1]


во кавадарачкиот дел од висорамнината нели викан и Витачево имале пак од секогаш најубо вино во тиквешијата добро познатиот благ Витач дури бидејки сушни предели во недостаток од вода селаните пр. во с.Ресава куќите ги натопувале во вино

не би било лошо да брендираат некоја 3М комбинација ко маривоски мед вино и риба за астал на секоја туристичка трпеза ... бар ко награда за то бајкерите ако ништо друго нели после добра турнеја нема полезет работа од тоа да сте накркани електролити од локалната природа, иако веќе попат сте се насркале убава енергија, уште да има успат да ви запее некој локален метузалем [1] та и душа да одморите


Здружението „Кајмакчалан“ со иницијатива за брендирање на мариовскиот мед


Еколошкото здружение „Кајмакчалан“ со седиште во мариовското село Маково, почна иницијатива за брендирање на мариовскиот мед.

Стратегијата за оваа активност е промовирана пред локалната самоуправа во Новаци, експерти од странство, како и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Мариово е чиста, еколошки незагадена средина каде навистина пчеларите имаат можност да произведуваат еколошки чист мед. Токму затоа потребно е брендирање и заштитување на мариовскиот мед, посочи Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци и поддржувач на иницијативата на здружението „Кајмакчалан“.

На средбата со градоначалникот Котевски, членовите на здружението „Кајмакчалан“ истакнаа дека иницијативата за брендирање на мариовскиот мед е со цел да се потврди тоа што со години е познато за мариовскиот мед како препознатлив и со вистинско, сигурно, чисто и еколошкото потекло.

Во Македонија постојат над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства од кои над 150 пчелни семејства имаат 2,1 отсто, речиси 30 отсто имаат од 50 до 150 пчелни семејства, 49,4 отсто од 20 до 50, а 18,4 отсто од едно до 20 пчелни семејства. Во земјава најмногу од пчеларите, дури 83,5 отсто практикуваат стационарно пчеларење кое дава помал принос, а само 16,5 отсто селидбено пчеларење. Од едно пчелно семејство во Македонија во просек се добиваат по 12 килограми мед годишно, а на годишно ниво се троши само по 700 грама мед по глава на жител, додека во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија дури 16 килограми по жител.

„ Започнавме иницијатива за брендирање на мариовскиот мед затоа што сакаме да биде препознатлив по вистинско, сигурно, чисто и еколошкото потекло. Досега имаме случаеви на продавачи на мед кои го користат името мариовски мед а истиот е произведен во друг регион. Токму затоа за да го заштитите сакаме да го брендираме бидејќи сите ги знаеме здравствените придобивки кои се добиваат од медот и медните производи. “ вели Менде Трајковски, ЗГ – Кајмакчалан.

Кочански ориз, тетовски грав, малешевско сирење, охридски чај и македонски ајвар, ова се само дел од вкупно 18 наши брендови со заштитено географско потекло, според меѓународните процедури.[1]


не е лошо со вакви, та и понадежни перспективи [1] да го колонизираат Мариово, бар колку да има нешто народ за туристички чекпоинт, хм дај му цело село и нека се ладат на то сонцето со субвенционирани бунари, хм со артериски ко ништо [2] иако заради тоа езерата штосе в план чинам Мариово нема веќе да чуе за склет жега, доколку воопшто и ги кренат некогаш имајки предвид каков сушен век најавуваат то научниците, нејсе, Маривово и сега е атрактивно за надежни пчелари [3] само штотаму би требало да одат со багрем место субвенционирани треви
Originally posted by +Protagorist

место сред фацелиа на моите социјално дарувани 3 хектара би ошол и со поуникатен багрем ко sophora japonika [1][2][3] чинам и него го субвенционираат точка 10 во следниот пост ...

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-May-2016 at 18:48


стратиграфски по мермерниот појас се распослани разноразни кристали, а заради што и сета оваа област има екстра резонанца, односно прилика за супер вортекси, иако на ова влијаат и други фактори ... златото пак е од другата страна кај Алшарот на Кожуф но ко што знаеме него одамна го имале проретчено сите владетели од антика наваму, иако од време на време разно азно се растурало по ридоите на пелагонците, а нешто им се истурало попат и на разни карвани пример во турско на отоманската банка од Битола [1]

но што и да имало, до сега сигурно ко што не тешат упатените веќе е откопано и однесено, освен ако тоа не е некоја нова златна жица, иако јас попрво би барал смарагдна [1] но неа и со gpr скенери тешко човек да ја најде со леснотија, освен ако не е вичен во астрал та медитирајки да ја закачи од прва нормално со глава ~ шала на страна но бркањето азно само ќе ви зароби свеста та додека слините по златни тронови покрај вас ќе ви замине сета светлина од природата со се се' понеа, животот е тука и сега, најубав и во најмалиот цвет кој ви е при рака, јасно доколку имате кому да му го подадете како честитка или утеха, онаа лековита мистика која в себе ја има секоја една растителна клетка, да не почнувам за печурки бобинки и останати мевлеми ... но добро е да се чуе од време на време некоја легенда и да се посматра среброљубивата наивност на сите кои неможат да префрлат подалеку од идеалот за мај-прешес-чекмеџе и својот верен коџабашија мамона

Во Мариово се крие турско азно http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12311850297



Edited by +Protagorist - 20-May-2016 at 18:51
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-May-2016 at 12:31

фрлив абер во нишката Рељефни панорами дека не се сложувам со гео-стратиграфската поделба на Мариово како Мариово и Витачево туку цел тој потег го гледам како една целина [1] муабетов е сличен ко на Поречието да се гледа подвоено наместо исцело ... а и не за џабе иако административно поделено разнолико народ го делел и запамтил како битолско, прилепско и кавадаречко Маривово [2] а има и зошто
...
Познато е дека во XV век целата област била засебна политичка територијална управна единица – мариовски хас која над себе директно немала управа од турски паша, туку била полуслободна автономна единица со обврска да плаќа годишни даноци на земјоделските производи и стоката. За време на овој период Мариово ја задржало својата слобода и било управувано од земски кметови – наследни домашни господари кои сочинувале тело наречено Сбор кое имало судска власт до право на смртна казна, а Мариовците имале право да избираат „земски крсердар“ кој ја носел титулата „војвода на Мариово“, а имал должност да ја води „земската чета“ на народната самоодбрана заради заштита на областа од турските, арнаутските и други злосторнички и ограбувачки банди и арамии.

Заради ова ваквиот начин на живот наречен „земско време“ кој траел сѐ до XIX век, кај Мариовците развила чувство на слободољубивост, бунтовност, непокорност и бестрашност. Така, заради зачестените грабежи на мариовски деца како на прилепскиот пазар така и од грабачки наезди во селата, зголемените давачки, даноци, подароци и самоволие кое го барале османлиските службени и неслужбени лица и сеопштата неиздржлива положба довеле до тоа Мариовците во 1564 да ја организираат и дигнат првата мариовска буна, која била воопшто прва побуна на поробеното христијанско население во Македонија и на Балканот.
... [3]

http://itarpejo.org/kultura-i-religija/monografija-za-gradesnica/202-2011-01-28-22-53-30

веројатно мариовскaва буна му била инспирација на Милчо за Прашина само што како сцена односно увертура на македонската самосвест за слобода ја споил со илинденско вклопувајки го и вестерн муабетот со америчкиот комита
Originally posted by Max

i'll be glad if it stays as it is, a rural or primitive museum, as such best portrayed in the movie Dust a ethno-western drama waffle inspired by an american volunteer in IMRO during the Macedonian Struggle for independence from ottoman rule [1][2][3]





карпава е кај село Штавица на влез во Мариово, а тука е и Црквичката од Прашина поврзани во монтажа со мостот кај село Долен Зович [1][2]


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-May-2016 at 12:55


секое село е убаво во пролет а особено мариовските, чинам и ова е


~


еве и по нешто абер за Тур д Мариово корисно за секој дружељубив авантурист

1] http://karas4training.com/mk/events/cycling-roller/mariovo-road-experience-2016

[1] http://www.to4ak.com/index.php/interesting/39-mariovo-off-road-experience-enter-the-wilderness




Edited by +Protagorist - 14-Jul-2017 at 15:57
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-May-2016 at 16:55
Originally posted by +Protagorist

по течението на Црна Река [1][2]


сигурно во блиска иднина убав селски одмор со поглед на идното езеро Чебрен ќе може да се истера во некое од селата по падините на Селечка планина пр. село Брник иако и останатите села ко Орле или под него Маково се повеќе од инспиративни по тоа сушните предели, кои во минатото биле домакин на градот Пелагон [1][2] гребенот карши овие села над село Крушевица [3]

~


еве репортажа од прилепскиот дел на првата или последната мариовска планина зависно кому што му е горе или доле на компасот лично Селечка ја доживувам како мариовски излез иако за повеќето вардарци е влез в Мариово веројатно оти сум егеец по потекло па затоа наопаку


ВИКЕНД НА СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА
Планински туризам - ПАТОКАЗ-Бр.15 Илија Ацески


Планинарењето ми е во крвта – со татко ми планинарев, со моето семејство, сам и со пријателите. Сум бил на многу места, но најмногу сакам да одам на Селечка планина. Селечка... иако изгледа како да е многу далеку, под нејзините ридови се стигнува за еден час. Сум пешачел од Триглав до Титоврв, Олимп, Ниџе, Солунска глава, Беласица, Пелистер, Козјак... но од секогаш и засекогаш Селечка е планината која ми е на душа. Се протега од исток до југ, и не е многу висока (само 1500 м.н.в.), не е многу атрактивна, нема многу карактеристични природни белези, нема познати урбани објекти, поточно кажано, нема работи кои би привлекле многу туристи. Но има нешто што јас до сега го немам сретнато на друго место. Мир. Велат дека на Селечка нема многу растителен и животински свет. Тоа е многу голема грешка. Има жив свет, но тој е сокриен. Жителите на ова место сакаат мир и тишина, а исчезнуваат ако има бука, каква што создаваат големите групи на планинари. Затоа сакам да одам сам. Уживам во мирот и природните звуци, а исто така, само тогаш можам да ги видам животните кои живеат тука. Уште едно скриено богатство на Селечка е нејзината вода. Тоа е планина со многу природни извори. Има и многу чешми изградени од прилепчани од дамнина. Сум пиел води од многу извори, но немам пробано ни приближно убава вода како водата од изворите кои се наогаат под леска. Има слатко ладен вкус, а откако еднаш ја пробате, телото ќе ве моли за уште, а мозокот ќе мечтае за да најде уште еден извор. Совет од мене, кога одите на Селечка, носете си неколку празни шишиња. Доколку пак ја посетите од мај до јули, тогаш спремете се да ги наполните ранците со мајчина душица, кантарион, ајдучка трва, и уште многу, многу билки и познати чаеви!



Исто така, Селечка може да биде извор на инспирација. Љубителите на фотографијата, како малите деца што научиле дека шеќерот е благ, немаат наситка! Мотивот може да биде панорама, погледот кон околните планини, цветовите или живинчињата кои се насекаде за оној што знае да гледа на правото место и многу друг нешта за креативните. Ако пак Ви се погоди времето, тогаш ќе уживате во прекрасниот поглед на Ниџе, Пелистер и Солунска глава.

Селечка била раскрсница, или врска на Мариовските села со цивилизацијата. Преку нејзиниот срт се стасува до Кокре, Кален, Дуње и многу други Мариовски села.

Кој е правиот пат кон врвот не можам да ви кажам, затоа што не е еден.

Има многу патеки, некои обележани а некои не, но ако планирете за прв пат да ја освоете планината, појдете со локален планинар. Се разбира има и лоши страни како и се друго, на пример добро ќе се испотите и измачите како почетници. Нема чести сенки за во летните денови и на места е пострмна, но ако издржите до врвот, сето тоа ќе се исплати кога ќе стасате на сртот. Прилеп цело време се гледа, па затоа нема ни најмала шанса да се загубите.





http://www.patokazmagazin.com.mk/patokaz-br-15/selecka-planina




Edited by +Protagorist - 18-May-2016 at 16:58
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-May-2016 at 16:16

[1] http://itarpejo.org/za-mariovo/mapa-na-mariovo


можеби последна прилика да се загрее народ да скитне по 200км течение на Црна Река [1][2] по најдолгиот и најубавиот Кањон во земјава 100км кој врви сред Мариовката висорамнина тн Скочивирска Клисура [3]

http://mojden.mk/ideas/mojvikendmariovo

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=127853#127853

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=138734#138734



Буши в Мариово



Edited by +Protagorist - 20-May-2016 at 17:19
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Jan-2015 at 20:14
Кај мене не се појавуваат сликите..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.