build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мариово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мариово
    Posted: 26-Jan-2014 at 14:27














exploring.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Jan-2014 at 14:28














exploring.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Jan-2014 at 14:31














exploring.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Jan-2014 at 14:34














exploring.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jan-2014 at 14:35














exploring.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jan-2014 at 14:36














exploring.mk
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Jan-2014 at 15:43
Овој мост не е тој што се користеше при цнимањето на првиот спот на Милчо манчевски со пеперутката од сребро?Неможам да го најдам видеото да споредам



Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Jan-2014 at 16:13
Мислам дека не е. Мостот над Гарска река (Еленски скок) беше колку се сеќавам.



Него рекава Црна река е?
И fcck it - лепота е ова Мариово!!!
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Jan-2014 at 16:46
Напротив, тој е мостот од филмот „Прашина“ на Манчевски. Се наоѓа во село Зовиќ, Мариовско. А реката не знам која е.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Jan-2014 at 23:00
Точно така, тој е мостот од филмот „Прашина“. Реката се вика Градешка и се влива во Црна Река, која во поголемиот дел тече низ Мариово. Еве и статија на Википедија за мостов.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Aug-2014 at 21:20
На ова мариовско село никако не можам да му го откријам името...

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr

Mariovo, Macedonia by axel.meiss, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Aug-2014 at 21:26
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Aug-2014 at 11:05
Мислам дека овој крај заслужува своја тема.


Македонија за почетници: Мариово, Марина земја, Мореја

Гоце Ристовски

„По пат одам за пат прашам, кој пат води за Мариово…” Со прашување далеку се стига. Дур до Мариово, а ене каде е. Долж средното сливно подрачје на Црна Река, заградено со Ниџе и Кожуф од југ, со Селечка Планина од запад, Дрен планина од север и со Козјак од исток, со просечна височина од 700 до 1.000 метри над морето.

И кога и да слушнам, кога и да помислам на Мариово, умот ми оди на Итар Пејо. Така се стори по итроманецот Пејо да се познава Мариово, иако пред помалку од сто години во некои описи за мариовчани не се кажува дека биле итри… Напротив.
Дури и за Итар Пејо се раскажува како ја сечел гранката на која седел и како се струполил обезглавен, та никој дури и Итра Пеја, неговата жена, не можела да се сети дали Пејо имал глава. Ама запишано е и нешто друго, дека мариовци биле „диви“ и „бунтовни“ што може горделиво да се прими на знаење. Запишано е многу за Мариово и мариовци.

Мариовците како составен дел од македонската нација ги споменува Ѓорѓија Пулески. Ми прави впечаток описот од првата половина на дваесеттиот век: „… природата неизмерно ги надарила мариовци со чудесна убавина и прекрасна – стројна снага, особено жените. Сите мариовци се одликуваат со висока и стројна става, силна телесна градба и убави црти на лицето. И ако на таа телесна убавина се додаде женската селска носија, украсена со секаков вид на сребрен и други накити, имаме убавици какви ретко се среќаваат.“ Мариовската женска носија е меѓу колоритно најбогатите македонски народни носии. Невестинската Мариовска носија тежи 48 килограми.

ИТАР ПЕЈО И КАЛЕШ АНЃА

Кога, пак, ќе се сетам на Пеја-итроманецот, ми текнува на писателот Стале Попов. На легендата за Калеш Анѓа, што овој современ македонски писател, кој долго време беше прв на листата најчитани домашни автори, овековечена во истоимениот роман. Куќата на најубавата и надалеку позната мома (опеана и во познатата песна „Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо“), е во Старавина.

Преубавата Анѓа, не сакајќи да се потурчи, била грабната и однесена кај турскиот бег или кадија во Прилеп. Мариовци се разгневиле поради постапката на бегот, отишле и успеале да ја вратат Калеш Анѓа дома. Потоа се сокриле во тврдината Пешта, која и денес се заѕира од селото, во која живееле под опсада цели десет години, сè додека, според едно предание, една баба не ги предала на Турците.

Тврдината е на 52 километри од Битола, помеѓу селата Градешница и Старавина. Таа постоела уште во времето на античките македонски кралеви, а во време на Римската империја во неа имало војска. По Мариовската буна била оставена на милост и немилост на времето, а била разурната во бамбардирањата за време на Првата светска војна. Спасувањето на Калеш Анѓа било вовед во организирано востание против Отоманската империја (1564/65) познато како „Мариовска буна“, првата масовна форма на отпор на македонскиот народ против Османската власт.

И, кога сме кај Итар Пејо, бездруго се присеќавам на генијалниот прилепски терзија, неуморниот собирач на народни умотворби и самиот раскошен творец, Марко Цепенко кој го овековечи мариовецот Итар Пејо кој живеел во селото Градешница. И веднаш, и на актерот Благоја Спиркоски –Џумерко. Не само затоа што тој така уверливо го играше мариовскиот итрец, туку и зашто и самиот е Пејо.

Мариово е ридско-планински предел во јужниот дел на Република Македонија (средишен на етничка Македонија). Низ Мариово протекува ЦрнаРека и го двои на две (Мало Мариово на левата страна од реката и Старо или Големо Мариово, од десната страна), создавајќи ја најдолгата клисура во Република Македонија, сто километарската Скочивирска Клисура.

Не знам кој од кога и зошто го поделил Мариово на три: Битолско (Старавина, Маково, Рапеш, Зовиќ, Градешница, Будимирци, Груништа, Орле, Брник, Ивени и Петалино), Прилепско (Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Жиово, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште и Гудјаково) и Тиквешко (Рожден, Клиново, Р’жаново, Мајден и Галиште).

Во Мариово имам одено од трите страни, и од секаде сонце грее. Еднаш во Р’жаново, сетне малку се подзагубивме, па за малку не појдовме, неканети, преку граница, кај нашиот јужен сосед.

Областа Мариово била населена уште од антиката, а била и дел на Античка Македонија, за што сведочат остатоци од многу тврдини и пронајдоците на штитови и други предмети од антиката.

Во Мариво биле населени повеќе од 40 населби. Меѓутоа, за само 40 години населението и стапката на раѓање се неколкукратно намалени. Во училиштето во Старавина, во шеесеттите години учеле над 1.000 ученици. Имало интернат и кујна. Денес ништо од тоа. Мариово во пописот од 1948 година имало највисока стапка на раѓање во тогашна СФРЈ, а денес детски плач не се слуша, оти Мариово е речиси запустено.

Некаде околу 1800-тата година селото Мелница што се простира по двата брега на реката Бутирица, броело 50 куќи, но населението било прокудено и селото останало пусто. „Јужно од селoто, на 500 метри оддалеченост, изграден е нов манастир Свети Илија. Ктитор на манастирот е дедо Стале од село Полчишта, умрен на 115 години. Угоре од с. Мелница, во правец на северо-исток, патот води низ клисури, образувани од реката Бутурица. По еден час пат, се стига во главното мариовско село Витолишта. Тоа брои 168 куќи, 1.225 жители, и има две цркви, два свештеника и училиште, кое датира от 1829 година.“ – пишува во книгата „Мариово“ од 1923 година.
Родната куќа на писателот Стале Попов е токму во веќе иселеното мариовско село Мелница. Во близина на една од најпознатите македонски цркви – Свети Илија.

Со прашување далеку се стигнува. Ама со расприкажување – уште подалеку.

Во една прилика со сликарот Проф. Владимир Георгиевски и Проф. д-р Ивица Џепаровски тргнавме кон манастирот Свети Илија, каде веќе не очекуваа. Тргнавме во манастирот изграден 1872 година од мајсторПере Лауц, роден во Прилеп, кој во животот изградил триесетина цркви, а за негова најзабележлива градба се смета градскиот часовник во Прилеп.

Не знам како дојде до тоа, но се отвори дискусија за воспитувањето на децата, Карлос Кастaнеда, Берѓаев, Аристотел… И, возачот што требаше да не одвезе до Мелница, во манастирот Свети Илија, во чија близина е и куќата на Стале Попов, дали го шашардисавме, не однесе во Витолишта.
- Стале Попов овде завршил основно образование, убаво е да го видите и ова убаво село, резимираше возачот.

МАРИОВО МИРНА ЗЕМЈА

Повеќе легенди кажуваат за потеклото на името на овој прекрасен македонски крај – Мариово. Во „Македонска библиотека” ГеоргиТрајчев во 1923 година првата книга ја посветува на Мариово. Според него, областа го добила името според владетелката Мара, сестра на последниот бугарски цар Шишман Трновски, кој ја дал за сопруга на Султан Мурат.

Според преданието на кое се повикува, таа неколку години живеела под името Тала-Мара и Тамар-Мара, јавно исповедувајќи ја својата христијанска вера и воспитувјќи ги децата според христијанската вистина. Муслиманските духовници не можеле да гледаат како Султанката горделиво посетувала христијански цркви и како во султанските палати прибирала свештеници кои вршеле христијански обреди.

Поради нивните приговори, Султанот и предожил на Мара да прими муслиманска вера. Откако таа решително одбила да се потурчи, тој и понудил да побара од него што сака, но да отиде некаде далеку каде тој нема да може да ја види, ниту неа ниту четиригодишниот син.

Мара се согласила и посакала да и даде да владее со областа меѓу Прилеп, Битола, Воден и Демир Капија. Султанот ја испратил, подарувајќи и многу имот и благороден накит, со придружаба од 500 телохранители. Кога пристигнала до Прилеп, посакала да се замонаши во прилепскиот манастир Света Богородица, во Трескавец, но калуѓерите не ја прифатиле. Навредената Мара заповедала да ги убијат сите монаси и да го запалат манастирот.

Потем се населила во убавото село Витолиште, каде изградила величествена палата, а покрај Црна Река изградила нов манастир – Свети Димитрија Чебренски. Од тогаш таа област го добила името Мариово. Марина земја или Марино поле.

По нејзината смрт Мариово одново било во Турската империја, а нејзините палати и прекрасниот Чебренски манастир, Турците ги урнале, за да не остане споменот на Мариовската самостојност. Но, благодарение на самостојноста во времето на Мара, Мариово било поштедено од исламизација.

Според Георги Трајчев, Мариово го воодушевува патникот со својата убавина, природните богатства и древнините. Со еден збор, намерникот во душата чувствува наслада бидејќи се наоѓа во царството на „вечнозелените борови“, прибежиште на мечката, дивата свиња, дивата коза, фазанот, срната и други диви ѕверки и од помислата дека тука секоја педа земја, секое камче се облеани со човечка крв. Славното Мариово запишало уште пославна историја.

Антон Поп Стоилов, исто така, детално го опишал Мариово, село по село, и ја споменува истата легенда за султанката Мара и султаниките по неа, нагласусвајќи ја независноста на овој крај во „турското“. Според Стоилов, прилепската поговорка „Мариово мирна земја“, води потекло од тоа убаво време кога мариовецот ги ползувал привилегиите што му биле дадени од султанките.

Друга легенда вели дека името Мариово сведочи дека предмногу векови таму имало море што, пак, се потврдува со многубројните карпи во форма на школки. По мое, Мариово било – Мориево, т.е. Мореа, што се споменува и во светите книги.

БЕЗБРОЈ ТАЈНИ И ЛЕГЕНДИ

Според една легенда, во Мариово постои „трева што бега“ од која се подготвувал волшебниот напиток кој им давал сила на јунаците. Дојдете и проверете и узнајте зошто низ овој регион водел патот Виа Игнација. Посетете некоја од многубројните цркви и манастири.

Во Градешница, на пример има девет, најстарата е од 14-от век. Дознајте зошто една црква во Старавина се нарекува Магарешка црква. Поминете преку мостот во село Зовиќ, од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски, изграден без врзивен материјал во 1955/56 година од мајсторот Џуладин од Струга. Видете го насликаниот Свети Ѓорѓи на карпа под мостот. Отидете до водопадот во близина на селото Брник, каде водата паѓаод 18 метри, Расимбеговиот мост за кој постојат многу легенди и преданија, до кој се доаѓа по асфалтен пат од Прилеп.

Можеби ќе ви се посреќи да го пронајдете скриеното богатство – 1.200 килограми злато. Посетете го манастирски комплексЧебрен – некогаш еден од најбогатите македонски манастири што се наоѓа по течението на Црна Река, на нешто повеќе од пет километри од Зовиќ, каде може и да се преспие.Посетете ја црквата Свети Никола во Манастир каде се откирени фрески од 1271 година, едни од најстарите во Република Македонија.

Искачете се на Кајмакчалан, највисокиот врв на Ниџе, една од клучните позиции за време на Првата светска војна каде се наоѓа црквата Свети Петар, во која до Втората светска војна се чувало позлатеното срце на Рудолф Арчибалд Рајс, професор, криминолог, фоторепортер и дописник на повеќе весници кој известувал од Фронтот. Од Битола тргнете со возило до селото Скочивир по асфалтен пат, а потоа со џип или пеш (за околу пет часа). Може да ноќевате во ловечкиот дом или во шумската куќа.

Мариово изобилува со лековити води: Извор – Манастир Свети Илија во близина на селото Градешница. Дојдете и напијте се од водата од која се снабдувала тврдината Пешта по Мариовската буна и Светонеделската вода во селото Брник.

Посетете ги археолошките наоѓалишта во Витолишта каде постоела римска населба и каде живеел и предисториски човек. Бидете од оние на кои Мариово им стана уште поинтересно по откривањето на античките штитови во Бонче…

Во Мариово секој ден можете да возите по различна велосипедска патека или да уживате во прекрасниот предел, возејќи се со џип. Поминете прекрасни мигови во сè уште недоистраженото археолошко наоѓалиште Мариово.Тука во овој песнопоен крај одново послушајте ја (и запејте ја) песната „Заплакало е Мариово / За тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре./ За шпиуните Параловци, Ѓорѓија што ми го предадоа…“

И, поддржете ја идејата/иницијативата Мариово да биде прогласено за национален парк!
http://www.maticanaiselenici.com/?p=1206




Edited by kultuzin - 24-Aug-2014 at 11:13
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Aug-2014 at 11:06
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Aug-2014 at 11:07
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Aug-2014 at 11:12
Не сум сигурен дали целото видео е од Мариовскиот крај па ако знае некој нека каже.

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Aug-2014 at 11:57
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Aug-2014 at 02:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Dec-2014 at 05:50

http://www.mariovofilm.mk/mk/regioni/mariovo

Мариово Филм - Региони дури Вмбел в костурско им фатила кадри камерата на мариовциве

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Dec-2014 at 21:31



Нешто и за на Мара Виорот значи вортекси има по цел балкан но Мариово велат е главната спона, да не звучам пагански ќе речам просто бадијала не се креваат лесно таму во облаци Соколите, Мршојадците и Орлите а преку нив и мариовската земја стига високо до небото [1]

Originally posted by Max

to conclude, here bridging-climbing-naturalizing i.e. bridge-climb-nature means to be closer to the Sun, Winds and Sky so one can recharge its directions-batteries-horizonts... and if these are done or fulfill as in land that is unique place and not just confound location, it could trigger sci-vortexes or art-portals like the scientific premise that here is the center of Rodinia [1][2][3] or the fantastical premise that here is the center fi Middle Earth [1][2][3], all in all a peninsular glow that has primordial beauty > reachable only if all countries and people that exist here are seen without borders...




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.