build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ERA City
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ERA City

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ERA City
    Posted: 06-Dec-2017 at 20:47
Previous
 
Не знам каков договор сме имале како држава со ЕРА, но знам дека Балфин ги имаат откупено халите врз основа на тоа дека ЕРА ги ставила под хипотека за кредит кој не го вратила.
 
Но дефинитивно мора да интервенира владата со прогласување на Скопски Саем за споменик на културата, а општина Гази Баба да го смени ДУП-от на Скопски Саем за да не опфаќа рушење на халите.
 
А на останатото земјиште Балфин слободно нека гради што сака, воопшто не ми пречи, баш напротив - во целост поддржувам изградба на било какви станбени, трговски или деловни објекти врз тоа земјиште.
 
Да беше државно земјиште ќе поддржував таму да изградат нови лаборатории за ПМФ и останатите факултети, или таму да го проширеа студентскиот дом Стив Наумов со нови надземни пешачки премини над булевар Александар Македонски. Добро би им дошле нова библиотека, нови лаборатории, трговски центар и забавни содржини на сегашните и идните студенти на таа страна од булевар Александар Македонски.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 20:49
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Dec-2017 at 20:34

Декс тогаш уште полесно, бидејќи со нив немаме никаков договор како држава, а ЕРА не можеле својот да го отстапат со продажба на земјиште ...

сега мора само опптина Гази Баба под итно да го смени дуп-от, а Владата упте поитно да го прогласи Саем за Споменик на Културата, јаснонповторно треба некаква координација со новиот закупец, како би му се компензирало некако заради цел бучкуриш, и евентуално да му се срочимдуп по мерка ...

но, дали сме волку агилни пред да се случи ова ... затоа и Плоштад Слобода би требало штом намирисаат булдожери за уривање да ги повикаат сите млади на протест и да се спречи рупење на сајмиште, бар тие беа најорганизирани апропо ресетирањето на брутализмот в градов до сега ... но доколку тие свиткаат опаш, би требало бар ние тука од билд да иницираме спонтано завземање маркица ... хм таман Таксират но офлајн пак на сајмиште годинава!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Dec-2017 at 20:08
Previous
 
ЕРА Групацијата е надвор од играта откако ги продадоа халите од Скопски Саем на Балфин Групација од Албанија, а Скопски Саем како компанија го продадоа на Кардфинанс од Бугарија.
 
Дали ќе продолжи да работи и каде ќе се сели Скопски Саем како фирма одлучуваат од Кардфинанс, а за судбината на халите одлучуваат од Балфин, а нивниот план опфаќа уривање на халите и уништување на ова обележје на пост-земјотресно Скопје со цел изградба на трговски центар и деловни објекти.
 
Балфин се тие кои треба да се повлечат од оригиналниот план кој допрва треба да го претстават, но за кој веќе имаат најавено дека опфаќа рушење на Скопски Саем.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Dec-2017 at 19:41

позитивно би ме изненадиле sds доколку смогнат сили да му дасат на саемот статус на Објект на Културата, пред се од аспект на Шахофска Олимпијада Скопје 1972, иако добро би било Плоштад Слобода со време да напрват притисок ко поблиски до нив, за да не мора и за ова симболично да се протестира, бидејќи Брутализмот не е резервиран ете само за в Центар, а дополнително овој објект ко што спомна Горазд е и своевиден музички споменик за метрополата, од кој аспект би можеле во дуп-от да вметнат и еден плоштад зад сајмиште за опен'ер ивенти од затворен тип, во кој случај единствена промена би било нов главен влез од страната на Керамидница ...

за ова ќе треба пред се' компромис со ЕРА Груп, за објектов да го остави нечепнат, а би требало да се види и дали договорот може судски да се поништи заради неисполнети обврски, и евентуално само да им се рефундираат иницијалните средства од инвестицијата, како откупот на парцелите по багателна цена за сметка на гринфилд инвестиција, за што добија и бесплатна пренамена на дуп, а сигурно и други поволности ...



Edited by Zelenikovo - 06-Dec-2017 at 19:41
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Dec-2017 at 16:37
Previous
 
Значи сепак планираат да ги рушат халите од саемот.
 
Е па ај да видиме каква ќе биде реакцијата на Асоцијацијата на Архитектите на Македонија, бараат ревизија на белиот слон на пвеводбениците наречен проект Скопје 2014, односно проект Македонија 2017, па еве им можност да бараат ревизија и за усвоениот ДУП на Скопски Саем, пред воопшто да започне уништувањето на ова обележје на пост-земјотресно Скопје.
 
И не само Метрополис Арена, туку целиот саем треба да се задржи во неговата автентична форма, а не да се руши.
 
Ене им цела депонија без ѓубре, напуштена и запустена, ене им ја дупката од ЕРА Сити, имаат доволно слободен простор за градење, саемот нека не го чепкаат.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 16:39
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Dec-2017 at 16:29

Originally posted by Dexter26

 
Земјиштето е означено како градежно земјиште, но истовремено се нацртани и халите на саемот, поради што претпоставувам дека не е предвидено нивно рушење со тој ДУП.


Постоечки објекти се дел од подлогата и исто така се вцртуваат и фигурираат во ДУП-овите, а не само тоа што е допрва планирано. Врз халите, на многу поголема површина за градба (баш тој термин е употребен во легендата на ДУП-от) е вцртана нова градежна маркичка. Има нови градежни линии и нова катност. Како приватен инвеститор, ако сакаш да градиш поголем објект на местото на халите, тебе ти е доволна економска логика и градежна маркичка која ќе ти го овозможи таквиот објект. Ако таква маркичка постои, ништо не те спречува да ги урнеш халите, никаде во ДУП-от тоа не мора да е нагласено, ако врз нив веќе има вцртано нова маркичка.


Originally posted by gorazd

save Metropolis   ( kakov i da e potreben e za pogolemi koncerti )
Би било убаво  Thumbs%20Up




Edited by Cloverstack - 06-Dec-2017 at 16:31
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 261
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Dec-2017 at 15:57
save Metropolis   ( kakov i da e potreben e za pogolemi koncerti )

Edited by gorazd - 06-Dec-2017 at 15:59
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Dec-2017 at 15:32
Previous
 
Земјиштето е означено како градежно земјиште, но истовремено се нацртани и халите на саемот, поради што претпоставувам дека не е предвидено нивно рушење со тој ДУП.
 
Но на ДУП-от за Автокоманда исто така има веќе изградени објекти кои се означени со точки, па не верувам дека тоа значи дека планираат да ги рушат салонот и станицата за технички преглед на Аутомакедонија, ОУ Стив Наумов, Цибус Маркет кај пазарчето и бројни други објекти означени со точки како градежно земјиште. За волја на вистината, на ДУП-от за Автокоманда не дава легенда на знаците како што е тоа во случајот со ДУП-от за Скопски Саем.
 
http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/02_avtokomanda_ub_2b.gif
 
Но без разлика кој го гласал постоечкиот ДУП за Скопски Саем или било кои идни ДУП-ови за Скопски Саем, неговото рушење е уште поголем архитектонски криминал во споредба со фасадите на пвеводбениците и нивниот пастир, како и нивниот миленик од бел слон наречен проект Скопје 2014, односно проект Македонија 2017.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 15:35
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Dec-2017 at 14:45

Гледам има и такви кои навиваат за сегрегација  Nuts


Originally posted by Dexter26

Можеби конечно ќе видиме нешто асално од пвеводбениците, сега кога се опозиција ги блокираат општинските совети, па можеби ќе спречат изгласување на деталниот урбанистички план за Скопски Саем, или барем ќе успеат да издејствуваат негово делумно усвојување, со задржување на Скопскиот Саем во ДУП-от.

Не знам дали ќе се носи нов ДУП за Skopje East Gate, ама со постоечкиот ДУП кој е изработен во 2015 и изгласан во 2016, веќе е дозволено да се гради на местото на постоечките хали од саемот:

http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi/dupovi_2016/dup_saem_4_5_sintezen_plan.pdf

Баш ме интересира како би изгледало тоа кога истите луѓе што го изгласале тој ДУП, би почнале да леат крокодилски солзи за саемот и да бараат да се донесе нов ДУП за да го заштитат саемот... Мада не е исклучено и тоа да се случи  Nuts

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Dec-2017 at 12:31
Originally posted by kiriOK

Тешко дека македонец ќе сака да припари таму,ќе врие знаете со кој...но барем Сити Мол ќе се разчисти.

 
Не знам какви се твоите математики, но општина Гази Баба и понатаму е општина со мнозинско македонско население, а истото важи и за населбите Автокоманда, Ќерамидница и Железара кои се во непосредна близина на Скопскиот Саем.
 
Ченто, Сингелиќ, Маџари, Крњево и Гази Баба се претежно населени со Македонци, а и на нив Скопскиот Саем им е поблиску од Скопје Сити Мол.
 
И се разбира, тука е најголемиот студентски дом во Македонија - Стив Наумов, како и Природно-математичкиот факултет, Земјоделскиот факултет, Шумарскиот факултет и Ветеринарниот факултет - тешко ми е да верувам дека нема Македонци на овие факултети.
 
Originally posted by iGi_PoP

A sto so imevo glupo: "Ist Gejt"

"Istocna Porta" ili "East Gate" .... da vi ebam recnikot nepismen

 
Тоа ти е единствениот проблем со целиот проект - името ?
 
Не ти пречи тоа што со проектот е опфатено уривање на Скопскиот Саем - обележје на пост-земјотресно Скопје, единствено името не ти чини ?
 
А што со името на Скопје Сити Мол, кој првично требаше да се вика Скопје Сити Мол Александрија, или Соравија, кој првично се викаше Светски Бизнис Центар ?
 
Имињата на објектите доаѓаат и си заминуваат во зависност од сопственикот на објектот и неговите одлуки.
 
Скопскиот Саем е обележје на пост-земјотресно Скопје и мора да се заштити со закон, без разлика кој е сопственикот и што планира да гради на таа локација. Можеби конечно ќе видиме нешто асално од пвеводбениците, сега кога се опозиција ги блокираат општинските совети, па можеби ќе спречат изгласување на деталниот урбанистички план за Скопски Саем, или барем ќе успеат да издејствуваат негово делумно усвојување, со задржување на Скопскиот Саем во ДУП-от.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 12:33
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 414
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Dec-2017 at 09:43
Originally posted by kiriOK


Тешко дека македонец ќе сака да припари таму,ќе врие знаете со кој...но барем Сити Мол ќе се разчисти.

Оние со net worth 5 пати поголем од нашиот и Ера Истрефи аутфит? Немам ништо против.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Dec-2017 at 17:06
A sto so imevo glupo: "Ist Gejt"

"Istocna Porta" ili "East Gate" .... da vi ebam recnikot nepismen
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 298
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Dec-2017 at 16:36
Originally posted by Џоле

Originally posted by my Macedonia

После скопје сити мал албанската фирма ќе гради нов трговски центар. Колку разбрав локацијата треба да биде некаде кај клучка континентал
http://balfin.al/index.php/en/media-en/news/521-balfin-group-invests-180mln-euros-in-its-newest-project-in-macedonia-skopje-east-gate


Во скопска Гази Баба ќе се гради најголемиот трговски центар во Македонија


Balfin Group ќе донесе инвестиција од 300 милиони евра.

Компанијата ‘’Скопје Ист Гејт” ќе го гради првиот модерен повеќенаменски комплекс составен од трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк на земјиште со површина од 155.000 м2.

Атрактивниот комплекс ќе биде лоциран на само 1,5 км од центарот на Скопје, во општина Гази баба, на раскрсница на две главни сообраќајници, долж просторот помеѓу булеварот Александар Велики и улица Беласица.

Вкупната инвестиција во период од 5-7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, создавајќи илјадници нови работни места и можности.

Прво ќе се изгради трговскиот центар, а станбениот комплекс и канцеларискиот парк ќе бидат изградени во текот на следните 5-7 години. Со ‘’Скопје Ист Гејт” Скопје добива нов лик, а граѓаните од источниот дел од градот добиваат услови за многу поквалитетен живот, по терк на развиените европски градови.

Овој комплекс на пазарот на недвижности ќе донесе повеќе од 250.000 м2 нова бруто изградена површина, која се проценува како најголема приватна инвестиција од овој тип во Македонија. Плановите за развој вклучуваат изградба на најголемиот трговски центар во Македонија, на бруто површина за издавање од 45.000 м2, станбен комплекс и канцелариски парк. Трговскиот центар ќе има 2 нивоа, со околу 2500 подземни паркинг места. Особено внимание ќе се посвети на унапредувањето на урбаното еко- живеење. Планот на комплексот предвидува градини и зелени површини по пример на модерните архитектонски тенденции.

Со оглед на успехот на Скопје Сити Мол и идентификуваната потреба малопродажните брендови да ја продолжат својата експанзија во Македонија, беше одлучено дека е одлична инвестициска можност да се изгради нов поголем трговски центар во Македонија. “Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Со изградба ќе се започне есента 2018 година, а трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Локацијата и големината на новиот трговски центар се одлична можност за привлекување на нови малопродажни брендови во Македонија, покрај веќе присутните на пазарот. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен простор со повеќе од 100.000 м2 бруто површина за домување, кој ќе биде завршен во текот на следните 5 години.

Мнозински акционер во Скопје Ист Гејт е Balfin Group, групацијата која го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол (37.000 м2) историски најголемата капитална трансакција на пазарот на недвижности во Македонија, кој беше продаден на странски инвеститор минатата година.

Balfin Group е една од најголемите регионални компании, присутна во 9 земји во светот со инвестиции во трговски центри, комерцијални и станбени недвижности и бројни малопродажни ланци на продавници.

http://www.press24.mk/vo-skopska-gazi-baba-kje-se-gradi-najgolemiot-trgovski-centar-vo-makedonija


Тешко дека македонец ќе сака да припари таму,ќе врие знаете со кој...но барем Сити Мол ќе се разчисти.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Nov-2017 at 14:41

хм, тешко дека народ ќе се качи во воз за џа слези кај саем, ете освен оние од драчево и потака, иако и тие доколку пазарат тро отповеќе, попрво ќе отидат со кола него шинска ламарина, за жал кај нас вак ги перцепираат возовите, во спротивноне би биле полни меѓуградските автобуси додека и со нови композиции ем поефтина карта, речиси и да се празни кинезите, бар оние од/до Битолз ...

во секој случај корисен предлог доколку скопјани конечно се решат за Трам, а истиот бидне булеварски еднонасочно трасиран, а наместо по новиот мост кај МЗТ да се враќа, истиот да оди преку Керамидница до Вардариште та орук назад [1] вака видено можеби има простор и за ЛРТ наместо Трам, она место на секој чекор постојка дупло помалку во однос на автобуските, но затоа и побрз транспорт ...

за почеток нека стават нормална клучка кај Континентал, ко што и беше предвидено пред Трифун да импровизира, а на постојната раскрсница кај Саем нека пуштат кружен ток или пак варијанта на Крушевска која би ги врзала бул.АМ и мостот кај транспортен центар ...

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Nov-2017 at 13:11
Сликава покажува колку убаво би можела да легне една железничка станица за новиот трговски центар (и станбени деловни објекти во најава) + саемот. Во контекст на целата приказна за апгрејд на јавен сообраќај и намалување на загадување треба добро да размилсат на оваа тема. Во понатаможниот дел на трасата има точки како фабриките (Пивара, Алкалоид + ЈСП), бунарџик, аеродромот. Во Маџари веќе има железничка станица а на трасата има уште 2-3 потенцијални локации за станици.

Преку централната станица би имало лесен трансфер и од трасите кон Зелениково и Ѓорче.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Nov-2017 at 12:14
Случајно налетав на фоткава, па да ја имаме во архива:



извор: твитер (@Giotto_mkd)
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Oct-2017 at 20:29
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Aug-2017 at 07:55

СКОПСКИ САЕМ СО НОВ ГАЗДА: „ЕРА“ замина, нов сопственик „Кардфинанс“ од Бугарија!

Објавено во: Економија 11 Август, 2017

Словенците си заминаа од Скопски саем. Гвидо Омладиќ, сопственикот на ЕРА Велење и Пилон Самобор, ги продаде своите удели во компанијата. Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов.

Според информациите на Фактор, преговорите за продажба траеле подолго време, а целата бизнис зделка се официјализирала на 28 јули. Информацијата за преземање на Скопски саем и официјално е објавена во Централниот регистар на Македонија.

Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.

Инаку, претходниот сопственик - Ера во Скопје требаше да гради трговски и забавен центар, деловни згради и хотел. Проектот „Ера сити“ беше најавен помпезно, а на удирањето на камен темелникот беше и тогашниот премиер Никола Груевски. Масивниот комплекс требаше да чини 150 милиони евра и беше инициран во 2008 година, кога започна изградбата на деловен објект од 33.600 метри квадратни веднаш до Скопскиот саем. Набрзо потоа градежните работи запреа, а проектот „Ера сити“ никогаш не беше реализиран.

Ј.М.

http://www.faktor.mk/skopski-saem-so-nov-gazda-era-gi-prodade-udelite-nov-sopstvenik-kardfinans-od-bugarija

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 644
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Jan-2017 at 12:17
Да се надеваме дека наскоро ќе почнат. Незнам какво решение можат да најдат за дупките зад рамстор. Тоа е ептен во центар а стои неискористено. Незнам лимак што направија со подземната мислам им се појавија подземни води.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Jan-2017 at 09:23
НОВИ ГАЗДИ ЌЕ ГРАДАТ „ГРАД ВО ГРАД“ НА САЕМ

Мешовит конзорциум ќе стане сопственик на плацот на „Скопски саем“ каде што веќе требаше да никне таканаречениот „Град во град“. Групацијата „Скопски саем“ е во завршни преговори со заинтересиран инвеститор за земјиштето, откако пролетва објави оглас за негова продажба. Од се' уште актуелниот сопственик велат дека преговорите се во тек и оти е извесно дека ќе резултираат со продажба на плацот. На него со години стои само огромна ископана дупка.

„Преговорите се во завршна фаза. Очекуваме најдоцна до февруари да заврши целата постапка. Тогаш ќе бидете информирани за деталите. Впрочем, станува збор за приватна сопственост и бизнис-интереси, така што во оваа фаза не би сакале да даваме повеќе информации“, ни изјави Дејан Кошутиќ, извршен директор во групацијата „Скопски саем“.

И потенцијалниот сопственик ќе има обврска на просторот да изгради еден вид мал град, каков што беше најавено дека ќе гради „Скопски саем“. На површина од околу 80.000 квадратни метри, односно на четири парцели е предвидено да се градат станбени згради, деловни објекти, спортски игралишта, трговски центри, има маркичка за објекти со намена за култура, државни институции, паркови... Во огласот беше наведено дека најмалата парцела е со површина од речиси 4.000 квадрати, една е поголема и има околу 9.000 квадрати, една е скоро 10.000 квадратни метри, а најголемата парцела е со површина од речиси 55.000 квадрати. Генерално, во сите парцели објектите ќе можат да стигнат висина до четири ката, а во таа од 10.000 квадрати ќе биде дозволена изградба и на 10-катен објект.

На парцелите ќе можат да се градат сите наведени содржини што се планирани во претходните години. Но, во овој случај ќе може да се гради фазно, поточно потенцијалниот инвеститор не е обврзан да ги купи сите четири парцели што се продаваат. Во објавениот оглас не беше наведено по која цена се продава земјиштето.

Ова, всушност, ќе биде трета шанса за таканаречениот „Град во град“. Уште во 2008 година беше најавено дека таму ќе има содржини кои на едно место ќе ги обединуваат бизнисот, шопингот и релаксацијата. Инвестицијата ја најави сопственикот на плацот, „Скопски саем“. Но, кусо време по почнувањето на земјените работи, проектот и официјално беше откажан, наводно, поради светската економска криза. Во 2013 година, истиот проект, но со друг партнер-инвеститор, повторно беше најавен. Словенечката групација „Ера“ и меѓународната групација „Три гранит“ требаше за 3 до 4 години да го реализираат комплексот „Ера сити“ на површина од околу 16 хектари. Беше најавено дека ќе никне проект проценет на 130 милиони евра. Компаниите-партнери уверуваа дека „Град во град“ ќе содржи три деловни објекти, шопинг-центар, забавен центар, две катни гаражи, хотел и енергетска станица.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5175FCC8C847094C8AE725589B62625A
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.