build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ERA City

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
era.mk View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Oct-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote era.mk Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 11-Nov-2009 at 10:35
100.000m2 za novoproektirani objekti i saobrakajnici i 65.000m2 na postoecki  - Skopski Saem
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 16-Jan-2010 at 15:36
pred nekoj den bev vo skopje pominuvav tuka vidov nekoi bageri masini pripremaa nesto samo ne sum sig dali se raboti za era ili za drug obj
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 22-Apr-2010 at 23:35

Две големи дупки зјаат во Скопје

Јамата за комплексот „Ера сити“ е ископана пред две години, со изградбата на подземните инсталации

Сања Наумовска

Наместо претседателски и луксузни апартмани во хотел „Радисон“ со четири ѕвезди, во центарот на Скопје зјае огромна дупка. Наместо елитен бизнис центар, иста таква јама ги пречекува и посетителите на Скопскиот саем и гостите на хотелот „Континентал“. Две дупки две години стојат „зинати“ на две важни локации во центарот на Скопје.

Иако за два месеца истекува рокот за комплетна изградба на хотелот, инвестиција на британската фирма ХЛХ МК ЛТД, која е ќерка-фирма на англиската хотелска групација „Резидор хотел груп“, на градилиштето веќе подолг период нема никаква активност. Две години по свеченото фрлање на првата лопата, се' уште нема ништо ниту од помпезно најавуваната словенечка инвестиција во бизнис-центар во рамките на „Ера сити“.

Единственото објаснување од Министерството за транспорт и врски е дека ако не биде изграден хотелот, ќе се наплати банкарската гаранција од милион евра. За „Ера сити“, пак, не го мерат времето, бидејќи, како што велат, земјиштето не им го продала државата.

„Локацијата на која се гради објектот ’Ера сити’ не е отуѓена од страна на Министерството за транспорт и врски, односно не претставувала земјиште во сопственост на Република Македонија, а соодветната градежно-техничка документација е издадена од Општината. Што се однесува до изградбата на хотел во центарот на Скопје, течат роковите за комплетирање на изградбата. Најповолниот понудувач има доставено банкарска гаранција во висина од милион евра, која ќе биде активирана доколку не бидат исполнети законските рокови, а договорот за отуѓување на земјиштето ќе биде раскинат“, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Инвеститорите и на хотелот и на бизнис-центарот за доцнењето на изградбата се оправдуваат со економската криза.

Не објаснуваат уште колку време ќе траат прекините на проектите. Изградбата на хотелот „Радисон“ запре пред неколку месеци, истовремено со повторното отворање на аферата „хотелска Окта“, во која опозициската СДСМ тврдеше дека има криминал во продажбата на земјиштето зад „Рамстор“. Според наводите на опозиционерите, фирмата ХЛХ МК ЛТД и нејзината фирма-ќерка во Македонија, всушност, не се поврзани со светската хотелска групација, туку се наменски основани од домашни бизнисмени врзани со власта. Од СДСМ во почетокот на годинава презентираа и изводи од Централниот регистар во Лондон, во кои се гледа дека компанијата нема никаква активност, односно нема никакви финансиски трансакции.

Инвеститорот на овој повеќемилионски проект се' уште е мистерија за македонската јавност, која никако не може да добие одговор што се случува со изградбата на хотелот. Прекинот на градежните активности поради финансиски проблеми ги потврди само изведувачот „ГЕММА инженеринг“. „Нема пари, па изградбата е стопирана“, кусо ни рекоа од ГЕММА, не соопштувајќи колку долго ќе трае застојот и што ќе се случува со утврдените законски рокови за изградба на хотелот, кои очигледно нема да се испочитуваат.

„Финансиите и кризата се проблем и за стартот на изградбата на бизнис-центарот во ’Ера сити’“, вели Дејан Кошутиќ од „Ера груп“. Тој објаснува дека за објектот, кој засега е во фаза на градежна јама, се бара партнер-инвеститор. Ќе се гради центар на десет ката на површина од 28.000 квадратни метри. Јамата е ископана пред две години, заедно со изградбата на подземните инсталации. За објектот „Ера груп“ нема извадена градежна дозвола, која ќе почека до изнаоѓањето партнер.

„Преговорите се при крај со неколку светски и регионални компании и тоа не само за бизнис-центарот, туку и за шопинг-центрите кои се дел од ’Ера сити’“, вели Кошутиќ и објаснува дека пред почетокот на минатогодишната криза, биле во преговори со повеќе компании заинтересирани да започнат со изградба, но тие се повлекле поради финансиски проблеми.

Што ќе се случи со овие два објекта доколку инвеститорите не најдат средства, останува нејасно. Очигледно е дека државата не е многу загрижена од тоа што во центарот на Скопје зјаат две огромни дупки, ниту, пак, од можноста такви да останат уште многу години.

Со последните измени на Законот за градежно земјиште што ги изгласа пред два дена Собранието во кратка постапка се дава можност за пролонгирање на роковите за изградба. Така, објектите од трета и од четврта категорија во кои спаѓаат хотелите, катните гаражи и станбено-деловни комплекси наместо за три, ќе може да се градат до шест години. Овој потег власта го оправда со кризата која голем број од инвеститорите ги оставила без пари за инвестициите. За опозицијата, пак, се работи за криминален проект.

Засега не се знае дали новините ќе важат и за веќе започнатите проекти или, пак, како што најавува државата, активирањето на милионската гаранција за несудениот хотел „Радисон“ ќе ја „затрупа“ дупката зад „Рамстор“. Раскинувањето на договорот за продажба на земјиштето нема да го реши проблемот. Несфатлива е и тоталната незаинтересираност кон комплексот „Ера сити“, без разлика што не е во прашање државна земја. За спроведување на законите еднакво треба да се грижат и државата и општините, а сите со цел да им обезбедат подобри услови на граѓаните. (С.Н.)

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 17-Jun-2010 at 12:41

Најавуваниот „Ера - градот во град“ никаде го нема

Од големата словенечка инвестиција две години стои само голема празна дупка, уредно оградено градилиште и ништо повеќе




Познатиот словенечки инвеститор, „Ера“, во февруари 2008 година на дел од просторот на Скопски саем, ги удри темелите на грандиозниот проект „Ера сити Скопје“. Оттогаш досега изградбата стои во место. Голема празна дупка, уредно оградено градилиште и ништо повеќе, остана од овој таканаречен град во град, иако беше најавувано и планирано голем дел објекти да завршат за три-четири години. Скопјани се прашуваат до кога ќе се чека реализацијата на овој проект, кој словенечката групација „Ера“ првпат го најави уште во 2003 година, како дел од серијата поинтензивни вложувања во државава и изградба на грандиозни проекти.

Според проектот, „Градот во град“ требаше да претставува комплекс од неколку луксузни и модерни објекти, згради, трговски центри, деловни канцеларии, бензинска пумпа, салон за автомобили, простор за забава, со акцент на трговскиот центар, најголем во земјава со површина од 85.000 квадратни метри. Во првиот објект требаше да има хипермаркет, објекти за забава, ресторани, повеќенаменска сала, кино и слични содржини. Вториот објект требаше да биде комплекс за мебел со производи „сé за куќата“, како што е на пример „Баумакс“. Комплексот ќе му донесеше на градот и најмалку 800 нови работни места.

Во потрага по вистината и одговорите каде заглави изградбата, кога се планира завршување на целиот проект, зошто се одложуваат работите, го контактиравме претставништвото на групацијата „Ера“ кај нас.

- Одговорите на сите овие прашања останува да ги почекате до септември, затоа што одговорните за проектот не се во земјава - кажаа од секторот за информирање на Скопски саем, дел од групацијата „Ера“.

За да добиеме каква било информација за овој проект и текот на неговата реализација се обративме и до одговорните од општината Гази Баба, на чие подрачје се наоѓа комплексот. Оттаму ни соопштија дека немаат информации до каде е и како се одвива изградбата на комплексот. За општината е битно да се платат комуналиите, а за ризикот од нереализација на проектот е одговорна самата компанија.

- „Ера“ си го купи земјиштето, имаше план да гради на него, а до каде е работата на терен не сме во тек. Како општина се грижиме да бидат наплатени комуналните такси и сите други давачки поврзани со градењето. Кога Словенците го купија земјиштето не постоеше законска обврска да почнат да градат во рок од две години од потпишувањето на купопродажниот договор и плаќањето на давачките. Ова е приватна инвестиција и за ризиците за нејзиното нереализирање се одговорни самите тие - ни изјави Сашо Трајков, одговорен за економски развој на општината Гази Баба.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61710925519&id=14&prilog=0&setIzdanie=22010
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 01-Jul-2010 at 16:14
ovoa izgleda sega brzo go postavile
 objsnuvanje za era city

http://www.eragrupa.mk/subsektor.aspx?sub=Pregled126&menu=7&tip=3&id=Proekt_Grad_vo_Grad

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11772
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 01-Jul-2010 at 16:38
Не е ново, ги има содржините и 2-3 страни поназад во нишкава

Edited by Cloverstack - 01-Jul-2010 at 16:38
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 01-Jul-2010 at 16:40
znam deka gi ima ama go nemashe spakuvano vo video 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Sep-2011 at 11:16

СТОПИРАНА ИЗГРАДБАТА НА БИЗНИС ЦЕНТАРОТ "ЕРА СИТИ"

Словенците се откажаа од Скопски саем

Светската економска криза влијаела словенечката групација "ЕРА" од Велење засега да се откаже од најавената инвестиција на Скопски са­ем

Про­пад­на изградбата на бизнис центарот "Ера сити" на Скопски саем. Сло­ве­неч­ка­та групација "ЕРА" од Велење засега се откажа од најавената ин­вес­ти­ци­ја поради светската економска криза, која влијаела врз нејзината фи­нан­си­ска способност и можност да вложат во него.
"Еко­ном­ска­та криза придонесе да ја стопираме оваа инвестиција. Дали ќе се гради деловно-трговскиот центар и што ќе случува понатаму, ќе кажеме наскоро, кога ќе имаме детали за идните активности", изјави Тања Ма­тов­ска, задолжена да информира за ситуацијата на Скопски саем. Из­град­ба­та на бизнис центарот требаше да почне уште пред четири години. По­ра­ди големината на објектот, Општина Гази Баба направи и измена на Де­тал­ни­от урбанистички план.
"Го изменивме Планот, дури и ние баравме дополнителни инвестиции за да се реализира овој проект. Сè што е во наша надлежност, дури и повеќе од тоа, ние го завршивме. Инвеститорот плати комуналии, доби градежна доз­во­ла, сега сè зависи од него", кусо изјавија од Гази Баба.
Сог­лас­но проектот, кој е стар веќе десет години и вреди 150 милиони ев­ра, словенечката "ЕРА", како мнозински акционер на Скопски саем, тре­ба­ше да изгради деловна зграда и трговски центар на површина од 155.000 квад­рат­ни метри. Деловната зграда беше замислена со три подземни ни­воа и со десет ката каде што требаше да се смести најголемиот бизнис центар во Ма­ке­до­ни­ја. Целиот простор, пак, требаше да се опреми со најсовремена ко­му­нал­на и сообраќајна инфраструктура, а беа најавени и 5.000 паркинг мес­та.
Иде­ја­та на Словенците беше со изградбата на овој бизнис град да се от­во­рат нови 1.000 работни места, а од оваа инвестиција на профит се на­де­ва­ше и Општина Гази Баба, која само од комуналии очекуваше да добие еден милион евра.
(М.Ѓ)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=C937F478A3DC334B9625A6C64F260F8B
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 21-Sep-2011 at 12:56
21.09.2011 12:30
First%20category%20%28entire%20audience%29

ЕРА бара нов инвеститор за Скопски саем

Претходната недела се рашири информацијата дека ЕРА СИТИ ГРУП се откажала од градењето на бизнис-центарот ЕРА СИТИ. Потоа, ден подоцна, дојде демант од страна на компанијата дека не се откажуваат од инвестицијата, што, да потсетиме, треба кај Скопски саем да го изгради и да го разработи најголемиот бизнис-центар на територијата на нашата држава. Сепак, вистината е сосем трета приказна.
 
Факт е дека работите околу изградбата на центарот ЕРА СИТИ се стопирани извесно време. Во инвестицијата во бизнис-центарот Словенците досега инвестираа 5,5 милиони евра во инфраструктура во градежното земјиште од 160.000 м2, со што веќе е изведена целокупната инфраструктура, неопходна за почеток на изградбата на бизнис-центарот. Од ЕРА официјално кажуваат дека се во преговори со потенцијални купувачи на дел од центарот што доправа треба да се изгради, а потенцираат и дека сите даночни давачки се одамна платени, уште во 2008 година.
 
Сепак, она што неофицијално се распространува како информација во финансиските кругови е дека веќе извесен период ЕРА бара партнер кој би им помогнал со финансии за да можат да го доградат почнатиот проект. Во последно време во игра е и опцијата за целокупна продажба, заедно и на проектот и на земјиштето на друг инвеститор, кој би ги преземал обврските. Она што е сигурно е дека земјиштето на Скопски саем е во сопственост на оваа словенечка групација, па таа може да прави што сака со него.

http://www.time.mk/read/NONE/625c4b4534/index.html
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 20-Jun-2012 at 00:12
Датум: 19.06.2012, 17:59

НА ПОВИДОK ТУРСKО-СЛОВЕНЕЧKА СОРАБОТKА

„Турк мол“ заедно со ЕРА ќе го доградува Скопски саем

Една од најголемите градежни и инвестициски компании од Турција со словенечка ЕРА, која е сопственик на Саемот, ќе ги градат најавените деловни и трговски центри

Турската компанија „Турк мол“, која е еден од најголемите инвеститори во изградба на трговски центри не само во Турција, туку и пошироко, станува стратегиски партнер на словенечка ЕРА во изградба на трговскиот центар и другите содржини планирани во рамките на Скопски саем, односно најавениот центар „Ера сити“. Kако што дознава „Дневник“, партнерството веќе е договорено и останува само потпишување на договорот, што, според наши извори, веројатно ќе се случи до крајот на месецов. Од Скопски саем не сакаат да ги коментираат ваквите информации, само велат дека ЕРА е сопственик на Саемот и на целокупното земјиште во неговите рамки и дека остануваат на ставот да го изградат тоа што претходно било најавено.

Со купувањето на Скопски саем, словенечката компанија стана и сопственик на земјиште со површина од 155 квадратни метри, каде, како што беше најавувано, треба да никне најголемиот и најсовремениот бизнис и трговски центар во регионов. Дури, во 2008 година беше поставен и камен-темелник на еден од планираните нови објекти. Меѓутоа, и покрај бомбастичните најави за инвестиција од 150 милиони евра, од тогаш речиси ништо не е направено. Во меѓувреме и Словенија влезе во економска криза, па веројатно партнерство со турска фирма, чија економија е растечка и с` повеќе бара простор за инвестиции во регионов, може да даде и за двете страни позитивни ефекти.

Kомпанијата „Турк мол“ според тоа што може да се најде за нив на нивната интернет-страница, досега има изградено повеќе од 50 трговски центри, а уште 30 се во изградба, и има склучено повеќе од 30 партнерства. Еден од попознатите партнери им е ИKЕА, со која врз база на заедничко партнерство има изградено вакви центри во неколку града во Турција, Романија, Бугарија и во Kина. Kомпанијата има изградено 5 милиони квадрати деловни површини, има склучено 2.500 лизинг-договори и има направено 10.000 стана, а присутна е на пазарите во Турција, Грузија, Азербејџан, Египет, Либија, Русија, Kосово, БиХ, Ирак и Kина и досега има инвестиции од 3 милијарди долари.

Деловниот и трговскиот центар „Ера сити“ според најавите, предвидува изградба на деловната зграда со површина од 33.600 квадрати наменета за издавање странски компании кои влегуваат на македонскиот пазар или во регионов, но и на мали и средни бизниси и институции, а планирани се и голем трговски центар и хипермаркет. Трговскиот центар, според плановите, со подземниот паркинг, приземјето и првиот кат треба да зафаќа површина од 85.000 квадрати. Во негови рамки треба да има фитнес и велнес-центри, куглана, мултикино, ресторани... Хипермаркетот, на површина од 22.000 квадрати треба да нуди прехранбени стоки, но и различни опрема, апарати, алати, производи за домот.

Зденка ПавковиЌ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EA84AE4E1E94CC4D8CF931B2E39FA2A6

23ka.wordpress.com
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 21-Jun-2012 at 11:17
Yes!
Овие ТуркМол излгелдаат како сериозна компанија, која интензивно работи во регионот. Тогаш зошто не би влегла и во Македонија. Инаку одамна сметам дека локацијата на овој мол кај саемот е најдобрата во Скопје, затоа што е сместена на единствената за сега градска магистрала кај нас, на влезот на градот и близу најголемата скопска населба Аеродром.
Многу ќе биде интересно доколку добиеме два мола од висок ранг (а не се сомневам дека ќе бидат и повеќе), што ќе ги примора транзициските недоумици Рамстор и Веро на сериозно преосмислување, а зошто да не и рушење. Плус сето ова дава повод за нов бран за влез на странските ланци во Македонија, што пак позитивно се одразува врз развојот на сообраќајот, логистиката итн.
Какао и да го погледнеш, дај Боже да се реализира!
Cheers
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1892
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 21-Jun-2012 at 11:30
Previous
 
Ја делам твојата надеж дека конечно ќе мрднат работите од мртва точка во таа голема дупка кај Континентал, но од досегашното искуство со најавувани и никогаш нереализирани странски инвестиции од Турција (Шише Џам, Тиџарет итн.) и од Словенија (Искра, Ера итн.) следува мојата претпоставка дека ова се само пусти желби, за жал, а лично посакувам да станат реалност.
Back to Top
Ebatejuzernejm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Jul-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ebatejuzernejm Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 07-Jul-2012 at 09:12
Ајде,нека си го изградат ветеното. Сосема нов шмек ќе добие градот доколку ова се случи.
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 08-Oct-2012 at 15:09
Што бидна со проектов,има ли некаква активност ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11772
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 09-Oct-2012 at 00:11
Мислам нема апсолутно никаква активност и тоа одамна. Еве се чека што ќе се случи со најавениот влез на Турк Мол.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1743
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 27-Dec-2012 at 02:57
Нишкава ја следам подолг период и гледам дека веќе некое време нема никакви информации.
Па ме интересира има ли некој информации што се случи со влегувањето на ТуркМол во проектов ?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 14-Feb-2013 at 13:48
ХМММ ???

Групацијата ЕРА склучи договор со Три Гранит

Групацијата ЕРА склучи договор за деловна соработка со меѓународната групација ТриГранит за реализација на проектот ЕРА Сити на комплексот Скопски саем.  Договорот вклучува  развој на целокупниот проект за развој на недвижности, управување и leasing услуги.

Развојните планови на групацијата ЕРА вклучуваат изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел.

http://ekonomski.mk/?p=25659


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3621
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 14-Feb-2013 at 14:00

Скопски саем заедно со ТриГранит групацијата ќе го реализира проектот ЕРА Сити

14.02.2013 13:50:23


Скопје, 14 февруари 2013 (МИА) - Меѓународната групација Три Гранит заедно со Скопски саем ќе го реализира проектот ЕРА Сити. Договорот за деловна соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари 2013 година.

Како што соопштуваат од Скопски саем, развојните планови на групацијата ЕРА вклучуваат изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел.

Претседателот на Управата на Групацијата ЕРА Гвидо Омладич изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот што, како што вели, значи последен чекор во реализацијата на проектот ЕРА Сити. - Групацијата ТриГранит со своето знаење, искуство и успешни проекти, што се гледа од добиените награди „Developer“ за 2012 година, доделена од страна на CEE Real Estate Quality Awards, ќе го надогради нашето партнерство на највисоко квалитетно ниво. Со целокупниот комплекс Скопски саем и новоизградениот ЕРА Сити сакаме заедно со ТриГранит да ја зајакнеме улогата на водечки понудувач на меѓународни настани и event индустрија во ЈИЕ. Со додавање забавки и деловни содржини ќе ги надоградиме постоечките дејности и ќе ја искористиме меѓусебната синергија и на тој начин ќе ја зголемиме атрактивноста и уникатноста на целиот комплекс, истакна Омладич.

Извршниот директор на ТриГранит Арпад Торок истакна дека нивната компанија има долгогодишни искуства за развој на нови градски шопинг центри. - WestEnd Sity Center  во Будимпешта, Бонарка во Краков или Пзнан Сити Центарот, кој се отвора оваа година, се одлични примери за нашите обемни референци во Средна и Источна Европа. Го развивме и проектот Арена Центар, најголем трговски-забавен центар во Загреб и Арена Загреб, повеќенаменска спортска арена, кои се слични со проектот на групацијата ЕРА во Скопје. Како партнер за развој на Групацијата ЕРА, способни сме да ги искористиме искуствата, кои ги стекнавме досега и во Република Македонија, која за нас е нов пазар, рече Торок.

Извршниот директор на ТриГранит менаџмент Филип Еванс, потенцира дека со влегувањето на пазарот на Република Македонија го пришируваат не само нивното професионално портфолио, туку и сорботката при управувањето на саемскиот и изложбениот простор на нивното стручно портфолио.

Тој додаде дека со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот.

Корпорацијата ТриГранит, како дел од соработката, со Скопски саем ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.

Групацијата ЕРА е сопственик на Скопски саем, најголем саемски и изложбен простор во Македонија со површина од 55.000 метри квадратни. Компелксот е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на Групацијата ЕРА, сместено на 23 хектари детално урбанистички уредена површина.

ТриГранит Девелпмент Корпорејшн е една од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и  има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство. скс/паг/13:48

http://www.mia.com.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/93/102239077#


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1892
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 14-Feb-2013 at 16:08
Многу ветувања, а ништо не се работи на терен.
 
Означените локации на мапите опфаќаат огромна површина, а на истите тие локации има само трева, земја и ништо друго.
 
Ако навистина се толку заинтересирани за инвестирање на овие локации, досега ќе изградеа нешто на локацијата на која сега се наоѓа една голема дупка, на која после 3 или 4 години почнува повторно да расте трева, а тоа не се очекува од земјиште врз кое се копало и кое било израмнето со багери, што повеќе од доволно говори колку е оставена оваа локација на милост и немилост на времето кое си го прави своето.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 14-Feb-2013 at 19:43
ЌЕ е идна форма од глаголот лажам во сегашно време
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.