build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ERA City
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ERA City

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 261
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 06-Dec-2017 at 15:57
save Metropolis   ( kakov i da e potreben e za pogolemi koncerti )

Edited by gorazd - 06-Dec-2017 at 15:59
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 06-Dec-2017 at 16:29

Originally posted by Dexter26

 
Земјиштето е означено како градежно земјиште, но истовремено се нацртани и халите на саемот, поради што претпоставувам дека не е предвидено нивно рушење со тој ДУП.


Постоечки објекти се дел од подлогата и исто така се вцртуваат и фигурираат во ДУП-овите, а не само тоа што е допрва планирано. Врз халите, на многу поголема површина за градба (баш тој термин е употребен во легендата на ДУП-от) е вцртана нова градежна маркичка. Има нови градежни линии и нова катност. Како приватен инвеститор, ако сакаш да градиш поголем објект на местото на халите, тебе ти е доволна економска логика и градежна маркичка која ќе ти го овозможи таквиот објект. Ако таква маркичка постои, ништо не те спречува да ги урнеш халите, никаде во ДУП-от тоа не мора да е нагласено, ако врз нив веќе има вцртано нова маркичка.


Originally posted by gorazd

save Metropolis   ( kakov i da e potreben e za pogolemi koncerti )
Би било убаво  Thumbs%20Up




Edited by Cloverstack - 06-Dec-2017 at 16:31
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 06-Dec-2017 at 16:37
Previous
 
Значи сепак планираат да ги рушат халите од саемот.
 
Е па ај да видиме каква ќе биде реакцијата на Асоцијацијата на Архитектите на Македонија, бараат ревизија на белиот слон на пвеводбениците наречен проект Скопје 2014, односно проект Македонија 2017, па еве им можност да бараат ревизија и за усвоениот ДУП на Скопски Саем, пред воопшто да започне уништувањето на ова обележје на пост-земјотресно Скопје.
 
И не само Метрополис Арена, туку целиот саем треба да се задржи во неговата автентична форма, а не да се руши.
 
Ене им цела депонија без ѓубре, напуштена и запустена, ене им ја дупката од ЕРА Сити, имаат доволно слободен простор за градење, саемот нека не го чепкаат.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 16:39
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 06-Dec-2017 at 19:41

позитивно би ме изненадиле sds доколку смогнат сили да му дасат на саемот статус на Објект на Културата, пред се од аспект на Шахофска Олимпијада Скопје 1972, иако добро би било Плоштад Слобода со време да напрват притисок ко поблиски до нив, за да не мора и за ова симболично да се протестира, бидејќи Брутализмот не е резервиран ете само за в Центар, а дополнително овој објект ко што спомна Горазд е и своевиден музички споменик за метрополата, од кој аспект би можеле во дуп-от да вметнат и еден плоштад зад сајмиште за опен'ер ивенти од затворен тип, во кој случај единствена промена би било нов главен влез од страната на Керамидница ...

за ова ќе треба пред се' компромис со ЕРА Груп, за објектов да го остави нечепнат, а би требало да се види и дали договорот може судски да се поништи заради неисполнети обврски, и евентуално само да им се рефундираат иницијалните средства од инвестицијата, како откупот на парцелите по багателна цена за сметка на гринфилд инвестиција, за што добија и бесплатна пренамена на дуп, а сигурно и други поволности ...



Edited by Zelenikovo - 06-Dec-2017 at 19:41
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 06-Dec-2017 at 20:08
Previous
 
ЕРА Групацијата е надвор од играта откако ги продадоа халите од Скопски Саем на Балфин Групација од Албанија, а Скопски Саем како компанија го продадоа на Кардфинанс од Бугарија.
 
Дали ќе продолжи да работи и каде ќе се сели Скопски Саем како фирма одлучуваат од Кардфинанс, а за судбината на халите одлучуваат од Балфин, а нивниот план опфаќа уривање на халите и уништување на ова обележје на пост-земјотресно Скопје со цел изградба на трговски центар и деловни објекти.
 
Балфин се тие кои треба да се повлечат од оригиналниот план кој допрва треба да го претстават, но за кој веќе имаат најавено дека опфаќа рушење на Скопски Саем.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 06-Dec-2017 at 20:34

Декс тогаш уште полесно, бидејќи со нив немаме никаков договор како држава, а ЕРА не можеле својот да го отстапат со продажба на земјиште ...

сега мора само опптина Гази Баба под итно да го смени дуп-от, а Владата упте поитно да го прогласи Саем за Споменик на Културата, јаснонповторно треба некаква координација со новиот закупец, како би му се компензирало некако заради цел бучкуриш, и евентуално да му се срочимдуп по мерка ...

но, дали сме волку агилни пред да се случи ова ... затоа и Плоштад Слобода би требало штом намирисаат булдожери за уривање да ги повикаат сите млади на протест и да се спречи рупење на сајмиште, бар тие беа најорганизирани апропо ресетирањето на брутализмот в градов до сега ... но доколку тие свиткаат опаш, би требало бар ние тука од билд да иницираме спонтано завземање маркица ... хм таман Таксират но офлајн пак на сајмиште годинава!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 06-Dec-2017 at 20:47
Previous
 
Не знам каков договор сме имале како држава со ЕРА, но знам дека Балфин ги имаат откупено халите врз основа на тоа дека ЕРА ги ставила под хипотека за кредит кој не го вратила.
 
Но дефинитивно мора да интервенира владата со прогласување на Скопски Саем за споменик на културата, а општина Гази Баба да го смени ДУП-от на Скопски Саем за да не опфаќа рушење на халите.
 
А на останатото земјиште Балфин слободно нека гради што сака, воопшто не ми пречи, баш напротив - во целост поддржувам изградба на било какви станбени, трговски или деловни објекти врз тоа земјиште.
 
Да беше државно земјиште ќе поддржував таму да изградат нови лаборатории за ПМФ и останатите факултети, или таму да го проширеа студентскиот дом Стив Наумов со нови надземни пешачки премини над булевар Александар Македонски. Добро би им дошле нова библиотека, нови лаборатории, трговски центар и забавни содржини на сегашните и идните студенти на таа страна од булевар Александар Македонски.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 20:49
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.