build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ERA City
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ERA City

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 14-Oct-2014 at 21:12
Не знам од кога се објавени овие детали, но веројатноста ваква инвестиција да се реализира е многу мала, едноставно не гледам кој би ги користел овие капацитети.
 
Но дури и да се изгради овој комплекс, сепак не верувам дека ќе се изгради во целост според ваквите планови.
 
Особено сум скептичен околу изградбата на планирана енергетска станица која ќе произведува електрична, топлинска и разладна енергија за комплексот, а како примарен енергенс ќе го користи природниот гас.
 
Еден од објектите кој ми делува тотално непотребен, е бензиската станица која е планирана да се гради во источниот дел од комплексот, очигледно наспроти противпожарната станица во близина на раскрсницата во Автокоманда, што е тотално непотребно, бидејќи во радиус помал од 3 километри од овој комплекс, веќе се наоѓаат дури 4 бензиски пумпи, од кои 2 работат 24/7 - бензиската пумпа на Макпетрол кај Скопски Саем - јужно од комплексот и бензиската пумпа на Лукоил во Автокоманда - источно од комплексот, а другите 2 работат од 7:00 часот до 20:00 часот - бензиските пумпи на Макпетрол кај МРТВ - југозападно од комплексот и во Автокоманда веднаш до салонот на Аутомакедонија - североисточно од комплексот.
 
Според податоците од официјалниот веб сајт на ЕРА Група, идниот комплекс ЕРА Сити треба да се состои од:
 
3 деловни објекти, од кои еден со сопствена катна гаража:
2 трговски центра;
2 катни гаражи;
1 енергетска станица;
1 бензиска пумпа.
 
Дури и ако се изградат некои од планираните објекти од овој комплекс, лично воопшто не верувам дека истиот ќе биде целосно изграден, а најмалку надеж негувам за изградбата на таа планирана енергетска станица.
 
Додека градежната офанзива го уништува Центар, токму ова место во Скопје плаче за градежни инвестиции и урбана инфраструктура.
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк, е објавен и видео клип во кој се накратко опишани намените на објектите кои се планирани во овој иден комплекс, кој тешко дека ќе стане реалност во блиска иднина.
 
http://www.eragrupa.mk/mk/EraCity/
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 17-Oct-2014 at 02:46
Презентација од јануари 2013 со детални информации за секој објект од комплексот ЕРА Сити.
 
http://www.eragrupa.mk/forms/EraCity/News/ERA_CITY_-_PRESENTATION_Januar_2013.pdf
 
Не сум добро запознаен со ДУП - овите, но според овој ДУП на Скопски Саем од официјалниот веб сајт на општина Гази Баба, на северната половина од парцелата која ја опфаќа маркицата Г5 пишува Југосуровина - Скопје. Дали ова значи дека тој имот и припаѓа на Југосуровина - Скопје, а не на ЕРА Група ?
 
Како и да е, на наредната слика е прикажан ДУП - от на Скопски Саем од јуни 2007 со планираните објекти од комплексот ЕРА Сити.
 
http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/11_skopski_saem.gif
 



Edited by Dexter26 - 17-Oct-2014 at 02:47
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 18-Oct-2014 at 10:53
Jas mislam deka naj dobro bi bilo da se zatrupat site dupki na ovoj proekt i da se naprava od ova lokacija eden Park so mala šuma
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 18-Oct-2014 at 18:35
Со оглед на близината на парк-шумата во Газибаба би било непотребно трошење на атрактивни парцели.
Од друга страна, овие ЕРА испаднаа најлошиот можен концесионер, само го прибираат профитот, а немаат вложено ама баш ич во целиот комплекс. Почнувајќи од вецињата па до поплочувањето на влезот и одржување на дворот, одржување на фасадата...
Единствена промена е што најголемата сала ја прекрстија во Метрополис арена, повторно само за профит.
Еден саем не е одржан како што треба, знам и дека индустријата и државата ни се такви но сигурен сум дека би можеле барем на технома да ги искористат ситепостоечки хали.
И да, доколку би се градело овде нешто на слободните парцели, би сакал да е продолжение на архитектонскиот израз на постоечките обекти. Колку што се сеќавам саемот кога се градел требало да е поголем од тоа што е денес.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 12-Nov-2014 at 00:12
Originally posted by Dexter26

Презентација од јануари 2013 со детални информации за секој објект од комплексот ЕРА Сити.
 
http://www.eragrupa.mk/forms/EraCity/News/ERA_CITY_-_PRESENTATION_Januar_2013.pdf
 
Не сум добро запознаен со ДУП - овите, но според овој ДУП на Скопски Саем од официјалниот веб сајт на општина Гази Баба, на северната половина од парцелата која ја опфаќа маркицата Г5 пишува Југосуровина - Скопје. Дали ова значи дека тој имот и припаѓа на Југосуровина - Скопје, а не на ЕРА Група ?

 
Не знам за Југосуровина - Скопје, но знам дека ова го видов вчера кај парцелата Б4 наспроти семафорите на раскрсницата во Автокоманда.
 
Или има некаков имотно-правен спор, или Словенците се откажале во целост од проектот, или се откажале делумно од проектот, па нема да го реализираат целосно.
 



Edited by Dexter26 - 12-Nov-2014 at 00:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 02-Mar-2016 at 07:56
Според информации од мој пријател кој е упатен во случајот, наводно тука ќе се гради трговски центар од рангот на Сити Мол. Веќе има заинтересирани фирми за да отворат продавници во него. Но ова се, сепак, непотврдени информации и можни шпекулации.

„СКОПСКИ САЕМ“ ГО ПРОДАВА ИМОТОТ НА КОЈ ТРЕБАШЕ ДА НИКНЕ ГРАД ВО ГРАД

„Скопски саем“ го продава земјиштето на кое требаше да никне таканаречен „Град во град“, проект најавен уште во 2008, па актуализиран повторно во 2013 година. Но, и по толку години и на голема врата најавувани инвестиции, една од најатрактивните парцели во градот до ден-денес е само една огромна дупка. Вчера „Скопски саем“ огласи продажба токму на тоа земјиште со надеж дека конечно ќе се оствари замислата за малиот град.

Во објавениот оглас е наведено дека се продаваат околу 80.000 квадратни метри имот на „Скопски саем“ на влезот на саемот. Станува збор за четири парцели на кои е предвидено да се градат станбени згради, деловни објекти, спортски игралишта, трговски центри, има маркичка за објекти со намена за култура, државни институции, паркови....

Најмалата парцела е со површина од речиси 4.000 квадрати, една е поголема и има околу 9.000 квадрати, една е со без малку 10.000 квадратни метри, а најголемата парцела е со површина од речиси 55.000 квадрати. Генерално, во сите парцели објектите ќе можат да стигнат висина до четири ката, а во таа од 10.000 квадрати ќе биде дозволена изградба и на 10-катен објект.

По која цена се продава земјиштето, во огласот не е напомнато.

„Сите заинтересирани може да достават писмо за интерес. Со подносителите на прифатливи понуди ќе бидат започнати необврзувачки разговори заради утврдување детали околу продажбата. ‘Скопски саем‘ и ‘Саем инвест‘ го задржуваат правото да не разгледуваат ниту една понуда, односно да не започнуваат дополнителни разговори околу продажбата“, стои во објавениот оглас. Рокот за доставување на писмата е до 21 овој месец.

„Ова, всушност, е трета шанса за таканаречениот ‘град во град‘. На парцелите ќе можат да се градат сите наведени содржини што се планирани во претходните години. Во овој случај ќе може да се гради фазно, поточно потенцијалните инвеститори не се обврзани да ги купат сите четири парцели што се продаваат“, ни изјави вчера Дејан Кошутиќ, извршен директор во групацијата „Скопски саем“.

Инаку, уште во 2008 година беше најавено дека таму ќе се гради „град во град“ - содржини кои на едно место ќе ги обединуваат бизнисот, шопингот и релаксацијата. Инвестицијата ја најави сопственикот на плацот, „Скопски саем“. Но, кусо време по почнувањето на земјените работи, проектот и официјално беше откажан, наводно, поради светската економска криза. Во 2013 година, истиот проект, но со друг партнер-инвеститор, повторно беше најавен. Словенечката групација „Ера“ и меѓународната групација „Три гранит“ требаше за 3 до 4 години да го реализираат комплексот „Ера сити“ на површина од околу 16 хектари. Беше најавено дека ќе никне проект проценет на 130 милиони евра. Компаниите-партнери уверуваа дека „град во град“ ќе содржи три деловни објекти, шопинг-центар, забавен центар, две катни гаражи, хотел и енергетска станица.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=137ACE0F8989EA42A0447A9D94728872
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 24-May-2016 at 00:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 03-Jan-2017 at 09:23
НОВИ ГАЗДИ ЌЕ ГРАДАТ „ГРАД ВО ГРАД“ НА САЕМ

Мешовит конзорциум ќе стане сопственик на плацот на „Скопски саем“ каде што веќе требаше да никне таканаречениот „Град во град“. Групацијата „Скопски саем“ е во завршни преговори со заинтересиран инвеститор за земјиштето, откако пролетва објави оглас за негова продажба. Од се' уште актуелниот сопственик велат дека преговорите се во тек и оти е извесно дека ќе резултираат со продажба на плацот. На него со години стои само огромна ископана дупка.

„Преговорите се во завршна фаза. Очекуваме најдоцна до февруари да заврши целата постапка. Тогаш ќе бидете информирани за деталите. Впрочем, станува збор за приватна сопственост и бизнис-интереси, така што во оваа фаза не би сакале да даваме повеќе информации“, ни изјави Дејан Кошутиќ, извршен директор во групацијата „Скопски саем“.

И потенцијалниот сопственик ќе има обврска на просторот да изгради еден вид мал град, каков што беше најавено дека ќе гради „Скопски саем“. На површина од околу 80.000 квадратни метри, односно на четири парцели е предвидено да се градат станбени згради, деловни објекти, спортски игралишта, трговски центри, има маркичка за објекти со намена за култура, државни институции, паркови... Во огласот беше наведено дека најмалата парцела е со површина од речиси 4.000 квадрати, една е поголема и има околу 9.000 квадрати, една е скоро 10.000 квадратни метри, а најголемата парцела е со површина од речиси 55.000 квадрати. Генерално, во сите парцели објектите ќе можат да стигнат висина до четири ката, а во таа од 10.000 квадрати ќе биде дозволена изградба и на 10-катен објект.

На парцелите ќе можат да се градат сите наведени содржини што се планирани во претходните години. Но, во овој случај ќе може да се гради фазно, поточно потенцијалниот инвеститор не е обврзан да ги купи сите четири парцели што се продаваат. Во објавениот оглас не беше наведено по која цена се продава земјиштето.

Ова, всушност, ќе биде трета шанса за таканаречениот „Град во град“. Уште во 2008 година беше најавено дека таму ќе има содржини кои на едно место ќе ги обединуваат бизнисот, шопингот и релаксацијата. Инвестицијата ја најави сопственикот на плацот, „Скопски саем“. Но, кусо време по почнувањето на земјените работи, проектот и официјално беше откажан, наводно, поради светската економска криза. Во 2013 година, истиот проект, но со друг партнер-инвеститор, повторно беше најавен. Словенечката групација „Ера“ и меѓународната групација „Три гранит“ требаше за 3 до 4 години да го реализираат комплексот „Ера сити“ на површина од околу 16 хектари. Беше најавено дека ќе никне проект проценет на 130 милиони евра. Компаниите-партнери уверуваа дека „Град во град“ ќе содржи три деловни објекти, шопинг-центар, забавен центар, две катни гаражи, хотел и енергетска станица.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5175FCC8C847094C8AE725589B62625A
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 644
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 03-Jan-2017 at 12:17
Да се надеваме дека наскоро ќе почнат. Незнам какво решение можат да најдат за дупките зад рамстор. Тоа е ептен во центар а стои неискористено. Незнам лимак што направија со подземната мислам им се појавија подземни води.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 11-Aug-2017 at 07:55

СКОПСКИ САЕМ СО НОВ ГАЗДА: „ЕРА“ замина, нов сопственик „Кардфинанс“ од Бугарија!

Објавено во: Економија 11 Август, 2017

Словенците си заминаа од Скопски саем. Гвидо Омладиќ, сопственикот на ЕРА Велење и Пилон Самобор, ги продаде своите удели во компанијата. Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов.

Според информациите на Фактор, преговорите за продажба траеле подолго време, а целата бизнис зделка се официјализирала на 28 јули. Информацијата за преземање на Скопски саем и официјално е објавена во Централниот регистар на Македонија.

Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.

Инаку, претходниот сопственик - Ера во Скопје требаше да гради трговски и забавен центар, деловни згради и хотел. Проектот „Ера сити“ беше најавен помпезно, а на удирањето на камен темелникот беше и тогашниот премиер Никола Груевски. Масивниот комплекс требаше да чини 150 милиони евра и беше инициран во 2008 година, кога започна изградбата на деловен објект од 33.600 метри квадратни веднаш до Скопскиот саем. Набрзо потоа градежните работи запреа, а проектот „Ера сити“ никогаш не беше реализиран.

Ј.М.

http://www.faktor.mk/skopski-saem-so-nov-gazda-era-gi-prodade-udelite-nov-sopstvenik-kardfinans-od-bugarija

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 21-Oct-2017 at 20:29
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 08-Nov-2017 at 12:14
Случајно налетав на фоткава, па да ја имаме во архива:



извор: твитер (@Giotto_mkd)
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 08-Nov-2017 at 13:11
Сликава покажува колку убаво би можела да легне една железничка станица за новиот трговски центар (и станбени деловни објекти во најава) + саемот. Во контекст на целата приказна за апгрејд на јавен сообраќај и намалување на загадување треба добро да размилсат на оваа тема. Во понатаможниот дел на трасата има точки како фабриките (Пивара, Алкалоид + ЈСП), бунарџик, аеродромот. Во Маџари веќе има железничка станица а на трасата има уште 2-3 потенцијални локации за станици.

Преку централната станица би имало лесен трансфер и од трасите кон Зелениково и Ѓорче.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 08-Nov-2017 at 14:41

хм, тешко дека народ ќе се качи во воз за џа слези кај саем, ете освен оние од драчево и потака, иако и тие доколку пазарат тро отповеќе, попрво ќе отидат со кола него шинска ламарина, за жал кај нас вак ги перцепираат возовите, во спротивноне би биле полни меѓуградските автобуси додека и со нови композиции ем поефтина карта, речиси и да се празни кинезите, бар оние од/до Битолз ...

во секој случај корисен предлог доколку скопјани конечно се решат за Трам, а истиот бидне булеварски еднонасочно трасиран, а наместо по новиот мост кај МЗТ да се враќа, истиот да оди преку Керамидница до Вардариште та орук назад [1] вака видено можеби има простор и за ЛРТ наместо Трам, она место на секој чекор постојка дупло помалку во однос на автобуските, но затоа и побрз транспорт ...

за почеток нека стават нормална клучка кај Континентал, ко што и беше предвидено пред Трифун да импровизира, а на постојната раскрсница кај Саем нека пуштат кружен ток или пак варијанта на Крушевска која би ги врзала бул.АМ и мостот кај транспортен центар ...

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 298
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 05-Dec-2017 at 16:36
Originally posted by Џоле

Originally posted by my Macedonia

После скопје сити мал албанската фирма ќе гради нов трговски центар. Колку разбрав локацијата треба да биде некаде кај клучка континентал
http://balfin.al/index.php/en/media-en/news/521-balfin-group-invests-180mln-euros-in-its-newest-project-in-macedonia-skopje-east-gate


Во скопска Гази Баба ќе се гради најголемиот трговски центар во Македонија


Balfin Group ќе донесе инвестиција од 300 милиони евра.

Компанијата ‘’Скопје Ист Гејт” ќе го гради првиот модерен повеќенаменски комплекс составен од трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк на земјиште со површина од 155.000 м2.

Атрактивниот комплекс ќе биде лоциран на само 1,5 км од центарот на Скопје, во општина Гази баба, на раскрсница на две главни сообраќајници, долж просторот помеѓу булеварот Александар Велики и улица Беласица.

Вкупната инвестиција во период од 5-7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, создавајќи илјадници нови работни места и можности.

Прво ќе се изгради трговскиот центар, а станбениот комплекс и канцеларискиот парк ќе бидат изградени во текот на следните 5-7 години. Со ‘’Скопје Ист Гејт” Скопје добива нов лик, а граѓаните од источниот дел од градот добиваат услови за многу поквалитетен живот, по терк на развиените европски градови.

Овој комплекс на пазарот на недвижности ќе донесе повеќе од 250.000 м2 нова бруто изградена површина, која се проценува како најголема приватна инвестиција од овој тип во Македонија. Плановите за развој вклучуваат изградба на најголемиот трговски центар во Македонија, на бруто површина за издавање од 45.000 м2, станбен комплекс и канцелариски парк. Трговскиот центар ќе има 2 нивоа, со околу 2500 подземни паркинг места. Особено внимание ќе се посвети на унапредувањето на урбаното еко- живеење. Планот на комплексот предвидува градини и зелени површини по пример на модерните архитектонски тенденции.

Со оглед на успехот на Скопје Сити Мол и идентификуваната потреба малопродажните брендови да ја продолжат својата експанзија во Македонија, беше одлучено дека е одлична инвестициска можност да се изгради нов поголем трговски центар во Македонија. “Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Со изградба ќе се започне есента 2018 година, а трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Локацијата и големината на новиот трговски центар се одлична можност за привлекување на нови малопродажни брендови во Македонија, покрај веќе присутните на пазарот. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен простор со повеќе од 100.000 м2 бруто површина за домување, кој ќе биде завршен во текот на следните 5 години.

Мнозински акционер во Скопје Ист Гејт е Balfin Group, групацијата која го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол (37.000 м2) историски најголемата капитална трансакција на пазарот на недвижности во Македонија, кој беше продаден на странски инвеститор минатата година.

Balfin Group е една од најголемите регионални компании, присутна во 9 земји во светот со инвестиции во трговски центри, комерцијални и станбени недвижности и бројни малопродажни ланци на продавници.

http://www.press24.mk/vo-skopska-gazi-baba-kje-se-gradi-najgolemiot-trgovski-centar-vo-makedonija


Тешко дека македонец ќе сака да припари таму,ќе врие знаете со кој...но барем Сити Мол ќе се разчисти.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 05-Dec-2017 at 17:06
A sto so imevo glupo: "Ist Gejt"

"Istocna Porta" ili "East Gate" .... da vi ebam recnikot nepismen
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 414
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 06-Dec-2017 at 09:43
Originally posted by kiriOK


Тешко дека македонец ќе сака да припари таму,ќе врие знаете со кој...но барем Сити Мол ќе се разчисти.

Оние со net worth 5 пати поголем од нашиот и Ера Истрефи аутфит? Немам ништо против.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 06-Dec-2017 at 12:31
Originally posted by kiriOK

Тешко дека македонец ќе сака да припари таму,ќе врие знаете со кој...но барем Сити Мол ќе се разчисти.

 
Не знам какви се твоите математики, но општина Гази Баба и понатаму е општина со мнозинско македонско население, а истото важи и за населбите Автокоманда, Ќерамидница и Железара кои се во непосредна близина на Скопскиот Саем.
 
Ченто, Сингелиќ, Маџари, Крњево и Гази Баба се претежно населени со Македонци, а и на нив Скопскиот Саем им е поблиску од Скопје Сити Мол.
 
И се разбира, тука е најголемиот студентски дом во Македонија - Стив Наумов, како и Природно-математичкиот факултет, Земјоделскиот факултет, Шумарскиот факултет и Ветеринарниот факултет - тешко ми е да верувам дека нема Македонци на овие факултети.
 
Originally posted by iGi_PoP

A sto so imevo glupo: "Ist Gejt"

"Istocna Porta" ili "East Gate" .... da vi ebam recnikot nepismen

 
Тоа ти е единствениот проблем со целиот проект - името ?
 
Не ти пречи тоа што со проектот е опфатено уривање на Скопскиот Саем - обележје на пост-земјотресно Скопје, единствено името не ти чини ?
 
А што со името на Скопје Сити Мол, кој првично требаше да се вика Скопје Сити Мол Александрија, или Соравија, кој првично се викаше Светски Бизнис Центар ?
 
Имињата на објектите доаѓаат и си заминуваат во зависност од сопственикот на објектот и неговите одлуки.
 
Скопскиот Саем е обележје на пост-земјотресно Скопје и мора да се заштити со закон, без разлика кој е сопственикот и што планира да гради на таа локација. Можеби конечно ќе видиме нешто асално од пвеводбениците, сега кога се опозиција ги блокираат општинските совети, па можеби ќе спречат изгласување на деталниот урбанистички план за Скопски Саем, или барем ќе успеат да издејствуваат негово делумно усвојување, со задржување на Скопскиот Саем во ДУП-от.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 12:33
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 06-Dec-2017 at 14:45

Гледам има и такви кои навиваат за сегрегација  Nuts


Originally posted by Dexter26

Можеби конечно ќе видиме нешто асално од пвеводбениците, сега кога се опозиција ги блокираат општинските совети, па можеби ќе спречат изгласување на деталниот урбанистички план за Скопски Саем, или барем ќе успеат да издејствуваат негово делумно усвојување, со задржување на Скопскиот Саем во ДУП-от.

Не знам дали ќе се носи нов ДУП за Skopje East Gate, ама со постоечкиот ДУП кој е изработен во 2015 и изгласан во 2016, веќе е дозволено да се гради на местото на постоечките хали од саемот:

http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi/dupovi_2016/dup_saem_4_5_sintezen_plan.pdf

Баш ме интересира како би изгледало тоа кога истите луѓе што го изгласале тој ДУП, би почнале да леат крокодилски солзи за саемот и да бараат да се донесе нов ДУП за да го заштитат саемот... Мада не е исклучено и тоа да се случи  Nuts

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 06-Dec-2017 at 15:32
Previous
 
Земјиштето е означено како градежно земјиште, но истовремено се нацртани и халите на саемот, поради што претпоставувам дека не е предвидено нивно рушење со тој ДУП.
 
Но на ДУП-от за Автокоманда исто така има веќе изградени објекти кои се означени со точки, па не верувам дека тоа значи дека планираат да ги рушат салонот и станицата за технички преглед на Аутомакедонија, ОУ Стив Наумов, Цибус Маркет кај пазарчето и бројни други објекти означени со точки како градежно земјиште. За волја на вистината, на ДУП-от за Автокоманда не дава легенда на знаците како што е тоа во случајот со ДУП-от за Скопски Саем.
 
http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/02_avtokomanda_ub_2b.gif
 
Но без разлика кој го гласал постоечкиот ДУП за Скопски Саем или било кои идни ДУП-ови за Скопски Саем, неговото рушење е уште поголем архитектонски криминал во споредба со фасадите на пвеводбениците и нивниот пастир, како и нивниот миленик од бел слон наречен проект Скопје 2014, односно проект Македонија 2017.


Edited by Dexter26 - 06-Dec-2017 at 15:35
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.