build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 19-May-2018 at 20:41
Изгледа Балфин веќе ја превзеле сопственоста на Скопски Саем, на рекламниот простор на кој беа прикажувани саемите кои ќе се одржуваат во текот на годината сега се прикажуваат само логоата на Нептун и на Skopje East Gate.
 

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 19-May-2018 at 20:54
Дали непријателите на Скопје ќе го рушат саемот? Доколку да, треба да има протести и петиции за и ова парче историја да се спаси од канџите на окупаторите, од кои кога-тогаш ќе се ослободиме.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 20-May-2018 at 01:08
Ако ова се изгради,мислам нити македонци ќе живеат во тие згради нити македонци ќе идат у тој трговски...бар да се надеваме само дека ќе се отпуши Сити Мол,Рамстор и Капитол со ова од припадниците на едно малцинство и посетители од една соседна "држава"...

ПС.сообраќаен колапс на целата булевардна и улична мрежа наоколу не ни бега...

Edited by kiriOK - 20-May-2018 at 01:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 01-Jun-2018 at 13:47

Кој сака може рендериве да ги симне во полна резолуција (1920х1080px) од овој линк:  https://we.tl/CxiYJDqB7Z

1


2

3

4


5


6


7


8


9


10


11


12

13


14


15



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 01-Jun-2018 at 15:21
Импресивно изгледа вака на рендери, прашањето е дали ќе го добиеме истото или барем нешто слично. Инаку, доста амбициозен проект за град како Скопје. А и дефинитивно ќе го измени изгледот и на самиот град, но посебно на тој дел од градот.
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 01-Jun-2018 at 15:33
Каде се гушкачите на ГТЦ Скопје да го бранат Скопскиот Саем - уште едно обележје на пост-земјотресно Скопје на кое му се заканува рушење ?

Се` задоволија со спасувањето на ГТЦ Скопје од неокласицистичкиот идиотизам кој пвеводбениците и нивниот пастир го планираа, или премногу им е` удобно земањето плата за клатење врата изминативе година дена ?
 
А гледам и зајко кукурајко не планира да го декорира овој објект со балони полни со песок и боја.
 
 

КОМПЛЕКС СО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ЗГРАДИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА 7 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ НА МЕСТОТО НА СКОПСКИ САЕМ

 
1 јуни 2018
 

Трговски центар ќе има површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, 250 продавници и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили.
 
На местото на Скопски саем, за седум години ќе се изгради новиот комплекс „Ист гејт“, кој ќе содржи трговски центар, станбени и деловни згради.
 
Комплексот кој ќе го гради групацијата „Балфин“ ќе зафаќа површина од 152.000 квадратни метри, а вкупната инвестицијата ќе биде 350 милиони евра. Трговски центар кој според најавите на инвеститорот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија, ќе има површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, 250 продавници и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили. Резиденцијалниот комплекс ќе биде со 1.600 станови, ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри. Во комплексот ќе има и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67.000 квадратни метри.
 

Комплекс „Ист гејт“ ќе биде со 1.600 станови, ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри
 
„Нашата цел не е единствено да го прошируваме бизнис-портфолиото туку и да целиме кон повисоки идеи како индивидуи во средините во кои што сме активни. Искрено сакаме да го подобруваме животот на заедницата и нејзиниот развој, да ја заштитиме животната средина и да го збогатиме културниот и образовниот процес. ‘Ист гејт‘ ќе се придржува до сите овие вредности и затоа веруваме дека проектот ќе биде инспиративен не само за нас, туку и за Скопје, за Македонија, но и пошироко“, рече Самир Мане, претседател на групацијата „Балфин“ на вчерашната промоција на проектот.
 
На презентацијата на комплесот „Ист гејт“ која се одржа во првата хала на Скопскиот саем и вчерашниот настан беше последен пред уривањето, присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицкоски, министри во Владата, како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и на општина Гази Баба Борис Георгиевски.
 
А. АНТЕВСКА

 
https://standard.mk/ist-gejt-moderen-kompleks-zgradi-trgovski-centri-parkovi-vo-skopje/
 

„Ист гејт“ – модерен комплекс со згради, трговски центри и паркови во Скопје

 
јуни 1, 2018
 

 
Инвестиција од 350 милиони евра, преку 250 продавници со светски брендови и над 2.000 работни места ќе донесе проектот „Ист гејт“ што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје.
 
„Ист гејт“ е планирано да зафати 152.000 квадратни метри површина. Сместен на помалку од два километра од центарот на градот, во близина на главни сообраќајници, ќе има трговски центар, дел за домување и канцелариски парк од највисока класа.
 
Проектот зад кој стои групацијата „Балфин“ синоќа му беше презентиран на премиерот Зоран Заев.
 
– Ова ново мало чудо што вечерва го нудите преку екраните, а во пракса ќе биде здание што ќе го краси главниот град на Македонија, убеден сум дека уште еднаш ќе ја потврди вашата деловна креативност, ќе помогне во економскиот раст на Македонија, ќе отвори нови работни места и секако, ќе биде нешто кое што ќе биде наше, заедничко, истакна Заев.
 
„Ист гејт“ ќе содржи трговски центар со нето површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, резиденцијален комплекс со 1.600 станбени единици и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67.000 квадратни метри. Шопинг центарот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија и освен голем број светски брендови, ќе има многу содржини за забава, фитнес и паркинг за повеќе од 2.000 автомобили.
 
Станбениот комплекс ќе има паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри.
 
Во оваа фаза се размислува „Ист гејт“ да стане првата населба во Скопје чии што становите ќе бидат приклучени на природен гас за домаќинства. Покрај сегментите за шопинг и за домување, проектот ќе го содржи и првиот канцелариски парк во земјава од „А“ класа. Овие објекти ќе бидат сместени во непосредна близина на булеварот „Александар Македонски“, што на идните закупци ќе им обезбеди уникатна видливост. Целиот проект се планира да се комплетира во период од пет до седум години.
 

 
Автор на проектот е едно од најголемите архитектонски студија во Турција, Yazgan Design Architecture Inc. кое има освоено низа меѓународни награди како LEAF, European и International Property Awards за проекти како Hamamyolu Urban Deck – Eskisehir, YDA Center Ankara и за Volkswagen Arena Istanbul.
 
– „Балфин“ е компанија чиј бизнис е фокусиран не само на создавање економски, туку и на општествени вредности на пазарите на кои што работи. Искрено сакаме да го подобруваме животот на заедницата и нејзиниот развој, да ја заштитиме животната средина и да го збогатиме културниот и обрзовниот процес. „Ист гејт“ ќе се придржува до сите овие вредности и затоа веруваме дека проектот ќе биде инспиративен не само за нас, туку и за Скопје, за Македонија, но и пошироко, истакна претседателот на „Балфин“ Самир Мане.
 
„Балфин“ го реализира „Сити мол“, а стои и зад други проекти меѓу кои Rolling Hills Luxury Residences и Green Coast Resort, како и мрежата на продавници „Нептун“.
 
 

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 01-Jun-2018 at 16:08
Да сме реални, најубавото барем според рендерите што ви се градел во скопје. Одлично!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 01-Jun-2018 at 16:10
Previous
 
Навистина се убави визуелните илустрации, и на мене лично ми се допаѓаат.
 
Но сепак и сегашниот простор на парцелата врз која не е изградено ништо е` доволна за изградба на трговски и деловни центри во тој дел од Скопје, нема потреба од рушење на Скопски Саем.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 01-Jun-2018 at 16:16
Да тука е и поентата, скопскиот заем лично не го чуствувам; 1. Друга генерација 2. не сум сеуште скопјанец.
Трговскиот дел е ок, другото многу ми се допаѓа само да не излезе чист бетон, грдо би изгледл како зградите во Београд.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 01-Jun-2018 at 16:24
Одлично изгледа, ама... имајќи предвид дека се руши уште едно импресивно парче од историјата на Скопје, не можам да бидам многу радосен. Сигурен сум дека може да се изведе нешто слично и без да се руши саемот.
И комшилукот треба да се среди; со изградбата на мостот и булеварот низ Ќерамидница ќе се отворат доста можности.

Мислам дека веќе имам прашано, ама дали рендерите се на било кој начин регулирани?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 01-Jun-2018 at 17:13
Originally posted by my Macedonia

Да тука е и поентата, скопскиот заем лично не го чуствувам; 1. Друга генерација 2. не сум сеуште скопјанец.
Трговскиот дел е ок, другото многу ми се допаѓа само да не излезе чист бетон, грдо би изгледл како зградите во Београд.

 
Тоа е веќе твој личен проблем, но сепак не значи дека и скопјани треба да го прифатат твојот личен став.
 
Сепак ги има повеќе меѓу нас кои веруваме дека обележје на пост-земјотресно Скопје како Скопски Саем треба да бидат зачувани, а не рушени.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 01-Jun-2018 at 17:35
Originally posted by Dexter26


Originally posted by my Macedonia

Да тука е и поентата, скопскиот заем лично не го чуствувам; 1. Друга генерација 2. не сум сеуште скопјанец.
Трговскиот дел е ок, другото многу ми се допаѓа само да не излезе чист бетон, грдо би изгледл како зградите во Београд.
 
Тоа е веќе твој личен проблем, но сепак не значи дека и скопјани треба да го прифатат твојот личен став.
 
Сепак ги има повеќе меѓу нас кои веруваме дека обележје на пост-земјотресно Скопје како Скопски Саем треба да бидат зачувани, а не рушени.


Епа затоа реков дека е мој личен став и никако не мораш да го прифатиш, никој не ти рече да го прифатиш и секако и јас не треба да го прифатам твојот личен став. Тоа е
А штом и така се фокусираш, зборувај за себе си не за сите скопјани.

Edited by my Macedonia - 01-Jun-2018 at 17:37
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 01-Jun-2018 at 17:39
my Macedonia, планираш да се вратиш во Македонија?

Originally posted by Dexter26

На презентацијата на комплесот „Ист гејт“ која се одржа во првата хала на Скопскиот саем и вчерашниот настан беше последен пред уривањето, присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицкоски, министри во Владата, како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и на општина Гази Баба Борис Георгиевски.

– Ова ново мало чудо што вечерва го нудите преку екраните, а во пракса ќе биде здание што ќе го краси главниот град на Македонија, убеден сум дека уште еднаш ќе ја потврди вашата деловна креативност, ќе помогне во економскиот раст на Македонија, ќе отвори нови работни места и секако, ќе биде нешто кое што ќе биде наше, заедничко, истакна Заев.

Јес да е голем проект за наши услови кој ќе го краси главниот град, ќе помогне во економскиот раст и ќе отвори нови работни места, но, освен градоначалниците, не го разбирам присуството на другите политичари. Особено не на оние кои немаат никаква функција, туку се само претседатели на политички партии. Донекаде е разбирливо, ама сепак.

Originally posted by Dexter26

Трговски центар кој според најавите на инвеститорот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија

Заборавија на Санџак, Црна Гора, северна Албанија, јужна Албанија, пиринска Македонија, северна егејска Македонија, Херцеговина, Далмација, западна Србија, источна Србија...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 01-Jun-2018 at 17:44
Сите бегаат а јас да се вратам? 😂😂😂 Дај не за*бавај
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 01-Jun-2018 at 18:26
Originally posted by my Macedonia

Епа затоа реков дека е мој личен став и никако не мораш да го прифатиш, никој не ти рече да го прифатиш и секако и јас не треба да го прифатам твојот личен став. Тоа е
А штом и така се фокусираш, зборувај за себе си не за сите скопјани.

 
Јас не говорам само за себеси, туку и за други скопјани кои се противат на рушењето на Скопски Саем.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 01-Jun-2018 at 21:09
Originally posted by Staro Skopje

Мислам дека веќе имам прашано, ама дали рендерите се на било кој начин регулирани?


Не се


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 01-Jun-2018 at 21:55
 

За Саем. За Скопје кое полека го снемува

 
30/03/2018
 
Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ достави до нашата редакција отворено писмо упатено до премиерот Зоран Заев, градоначалниците Шилегов и Георгивски, како и до сопственикот на локацијата на Скопски саем, г-дин Папранику. Во писмото се вели:
 
Ви се обраќаме со отворено писмо по повод уривањето на Скопскиот саем, кое треба да започне за неколку месеци. Од достапни информации во електронските медиуми, дознавме дека на местото на Скопски саем наесен ќе почне да се гради трговски центар и за таа цел ќе бидат урнати и халите на саемот.
 

 
Ви се обраќаме НИЕ, ГРАЃАНИТЕ на овој град, од сите професии и возрасти, претставници на архитектонската фела, членови на семејствата на проектантите на Саемскиот комплекс, пријатели на Скопје, поддржани од низа организации и компании. Сите обединети во крикот да се сочуваат саемските хали како еден од стожерните бранители на идентитетот на постземјотресно Скопје. Како непобитен дел од историјата на македонската архитектура и македонското стопанство.
 
Ниту една култура, ниту еден сериозен општествен конституент не може да опстојува доколку не го разбере значењето на зборот континуитет. Архитектонската мисла на 20-тиот век ја обележува модерната, која глобално е вреднувана како културна традиција. Во делата на модерната во Скопје се чувствуваат ликовни белези инспирирани од градителската традиција на ова поднебје. Прочистена од декоративност, со совршена функционалност, хумана во својата природа, модерната очигледно живееше во Скопје додека не се посегна по неа со проектот „Скопје 2014“. Со исчезнувањето на Скопскиот саем, ќе исчезне уште една трага на модерното Скопје, кое во чекор ги следеше светските архитектонски текови.
 

 
Изграден во 1972 година, како дело на четворица врвни домашни архитекти Димитар Димитров, Живко Гeлевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ, Скопскиот саем е распослан на 25.000 квадратни метри, од кои 16.000 се затворен простор во шест саемски хали, функционално и архитектонски обликувани и поврзани во оригинална целина, во духот на периодот на којшто припаѓа, модерната.
Почетоците на функционирањето на Скопскиот саем се поврзани со многу значаен настан за историјата и културата на Скопје, а тоа е одржувањето на Светската шаховска олимпијада, манифестација од највисоко светско ниво, прва (а и последна) од тој вид организирана во нашиот град.
 
Подоцна, Скопски саем беше дом на исклучителни фестивали, концерти на Боб Дилан, на Крафтверк, Молоко, на Симон Трпчевски...
 
Халите на Скопскиот саем во текот на 67-годишното постоење беа средиште на бројни саемски манифестации: Саем за мебел, Саем на книгата, Инфоком, Балканска туристичка берза, Саем на градежништво, Модна недела, Вински фестивал... Тука се правеше преглед на развојот на македонската економија, но се следеа и книжевните и културни трендови.
 

 
Денес на овој објект му е пресудена егзекуција без притоа да се прашаат ГРАЃАНИТЕ и стручната јавност.
 
Ние архитектите, градители по вокација, веќе половина година во затворени кругови дебатираме, емотивно се поддржуваме и се обидуваме да создадеме стратегија како да го заштитиме единствениот Саемски комплекс во земјава, кој ги одбројува последните денови на живот. Како да го спречиме натамошното исчезнување на примерите на расната архитектонска практика на постземјотресно Скопје. Овој објект е дел од тој смел проект на постземјотресно Скопје, во кој домашните творци и архитекти ги прифатија сите современи текови во архитектурата и создадоа вредни обрасци, не само за домашната, туку и за светската архитектонска продукција. Тој е дел од таа значајна архитектонска целина во градот и дел од идентитетската рамка во која делува архитектурата како дел од културата.
 
Ние, децата на проектантите, едноставно не можеме да се помириме со фактот дека културното, историското, професионалното, па и емотивното, како дел од творештвото на нашие татковци, може за секунда да се претвори во прашина и да се заборави. Нашите татковци, Димитар Димитров и Живко Гелевски, можеби тивки, молчаливи, но преполни со оригинални идеи и решенија, тие двајца кои не се двоеја, неразделно заеднички молчеа, заеднички работеа, тивко решаваа во договор и најголемо почитување и другарство, професионално и човечки, кое денес ретко го гледаме околу нас.
 
Бајо – Благоја Мицевски, добивањето на наградата за животно дело Андреја Дамјанов, го означи со говор во негов стил: „... Големо задоволство ми беше кога еден обичен човек, гледајќи во фотографија од Сајмиштето на ѕидот зад моето биро ме праша: Зошто олку цркви на мала близина? – Да ви кажам нешто, тие павилјони се места за медитација. Тука истражував со формата на кровот, со начинот на продирање на светлината за да се приближам кон таа цел. И уште се приближувам.“
 

 
Зошто токму овој објект, со толкаво значење и вткаени траги од знаењето и создавањето на НАШИТЕ претходници, да се урне за да се изгради уште еден трговски центар и деловно-станбени згради во Скопје? Ќе го нема она Скопје кое нам лично ни значи нешто. Повеќето објекти кои ни значат, повеќето простори кои, какви и да биле, сме ги сакале и сакаме да ги паметиме. Тие се дел од колективната меморија.
 
Убавото време ни ја зголемува неизвесноста околу иднината на просторот на
Скопскиот саем.
 
Затоа дозволете ни, НИЕ ГРАЃАНИТЕ да бидеме вклучени во донесувањето на вашата конечна одлука. Просторот на Саемот е ваш. Објектите се ваши. Но дозволете ни нашите сеќавања да останат поврзани со таа форма. Не го рушете. Задржете ја уникатната флуктуирачка и повеќенаменска моќ на просторот.
 
Начинот на кој се планира Саемот да исчезне од градот ѝ штети на иднината и на државата, на неговиот специфичен архитектонски идентитет, идентитет кој исчезнува.
 
Затоа вам ви се обраќаме. Да ги прифатите нашите причини. Да бидат и ваши причини. За хармонија на градот со нас граѓаните, на градот и содржината на објектите во него, бидејќи судбината на човекот се едначи со судбината на градот.
 
„Животот е краток, Скопје е вечно“ - Гане Тодоровски
 
Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 02-Jun-2018 at 11:57
1. Jas sum protiv rusenjeto na Skopskiot Saem, no toj ustvari e rusen uste od ko bese nas (drzaven) kradeno, knradeno, krediti zemano kradeno. Na kraj to sto ostanalo od nego e prodadeno, sega e privatna sopstvenost coekot sto platil moze sto saka da si praj. Ne e mozno kako GTC da se "brani"...

2. Se nadevam deka ke imaat bareeem priblizno dobra fasada kako na renderot, i nesto bare od zelenata povrsina na i okolu objektite.

3. Soobrakajot ke bide najgolem problem, da se nadevame deka ke ima poveke funkcionalni vlezovi ne kako vo city Mall sto nekoj ludi glavi zacrtale soobrakajno resenie...

Edited by Portal - 02-Jun-2018 at 12:00
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 02-Jun-2018 at 12:55
Previous
 
Секако дека може и Скопски Саем да се одбрани исто како и ГТЦ Скопје, само треба луѓето да излезат, да се спротивстават на рушењето на саемот, а ако треба нека има и референдум за спасување на саемот од рушење, исто како што имаше референдум и за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ Скопје.
 
Тоа што сопственикот на саемот е приватен инвеститор не значи дека треба да му се дозволи да има неоспорливо право за да руши и да гради што сака на таа парцела, особено ако на таа парцела е` изграден заштитен споменик, и токму тука може државата да интервенира - нека го прогласи Скопски Саем за културно наследство и нека му даде статус на заштитен споменик.
 
Истото се бараше и за ГТЦ Скопје, кој беше спасен исклучиво и само бидејќи беше сменета централната власт, а бидејќи раководството на актуелната влада на Македонија своевремено како опозиција им се придружи на бранителите на ГТЦ Скопје, може и сега да им се придружи на бранителите на Скопски Саем.
 
Но изгледа парите железни врати отвораат, а кога опозицијата доаѓа на власт, предизборните ветувања си летаат низ прозорец.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 02-Jun-2018 at 15:06
Дали сериозно мислите дека Скопски саем треба да остане уште 100 години бидејќи е некаков симбол на градот?
Смешно е тоа да се каже.
Не може Скопје да остане село и наредните 100 години.
Само со вакви проекти може да се модернизира градот и да навлезат пари кои и ќе им го подобрат животот на многу луѓе, и ќе го разубават градот и ќе ја придвижат економијата напред.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.