build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Feb-2008 at 17:41
Искрено се надевам дека не си во право. Се случувало ова и порано, но сепак, словенците се сериозно заинтересирани да инвестираат кај нас. Ако некој забушава тоа би било од наша страна. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Feb-2008 at 15:03
И скоро две недели од камен темелникот нема ама баш никаква активност на терен Ohno

Овој проект ги има сите предиспозиции да го надмаши Лумикс по развлекување. Стварно несериозно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 27-Feb-2008 at 16:27
hm... zasto togas stavaa kamen temelnik ako uste ne odbrale firma?

Македонски компании ќе градат од проектот „Ера сити“

Анета Додевска  
27.02.2008 16:17

Македонски градежни компании ќе ја градат инфраструктурата и деловниот центар од проектот „Ера сити“, а за изградба на огромните, луксузни трговски центри домашните компании ќе водат конкурентска трка со странски изведувачи.

Битката за првата фаза од инвестицијата вредна 40 милиони евра е во завршница. Се споменуваат имиња на поголемите македонски градежни фирми.

„Селекцијата оди по основ, прво на квалитет, материјали па потоа по основ на цена и условите на плаќање. Се работи за голема и педантна работа. Постапката ќе се спроведе по европски стандарди“, изјави Петер Тршан, директор во „Ера сити“.

Дали македонските компании ќе ја градат само инфраструктурата или ќе учествуваат и во градежните зафати во останатиот дел од инвестицијата, вредни 110 милиони евра?

„Зависи од понудата што ќе ја пратат македонските фирми“, додаде Тршан.

Вредноста на проектот се проценува на 150 милиони евра, трговско-деловниот комплекс ќе се протега на 157.000 метри квадратни. Изградбата треба да заврши за пет години.

Оваа словенечка инвестиција беше блокирана повеќе од една година. Сопствениците на Скопски саем не можеа да обезбедат комплетна градежна документација поради административно бирократски бариери.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90171

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 28-Feb-2008 at 16:00
Еве некоја информација повеќе за почетокот на активностите... ај да го видиме и тоа чудо

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ
Македонски компании ќе го градат „Ера сити“


Македонски градежни фирми ќе ја градат инфраструктурата и деловниот центар од огромниот проект наречен град во град - „Ера сити“, кај Скопски саем. Словенечките директори велат дека битката за зделката вредна 40 милиони евра е во завршница. Во игра се речиси сите поголеми градежни компании од земјава. Според информациите на „Време“, победникот е веќе познат. Станува збор за скопска фирма што располага со голема градежна оператива и работи на повеќе проекти надвор од земјава. - Селекцијата се прави по основа на квалитет, на материјали за изградба, па потоа по цена и услови на плаќање - вели Петер Тршан, директор во групацијата „Ера“, посочувајќи дека критериумите биле по европски стандарди. Дел од градежните фирми што ги консултираше „Време“ велат дека се работи за строги критериуми за изборот на компанијата што ќе ја реализира првата фаза. Останува отворено прашањето дали македонските фирми ќе добијат и дел од планираните изградби во наредната фаза, проценети на 110 милиони евра. - Имаме намера да соработуваме со фирми од Македонија, но дали ќе учествуваат во изградбата на двата огромни трговски центри во рамките на „Ера сити“ ќе зависи од нивните понуди, велат словенечките директори. Изградбата на првата фаза треба да почне во март. Оваа словенечка инвестиција со месеци беше блокирана. Сопствениците на Скопски саем не можеа да обезбедат комплетна градежна документација поради административно-бирократски бариери. Изградбата на деловно-трговскиот комплекс кај Саемот ќе чини 150 милиони евра. Објектите ќе бидат на површина од 157.000 квадратни метри. Според планираната динамика - комплексот треба да биде изграден за пет години, а инвестицијата да донесе 800 нови вработувања.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1330&ArticleID=85840
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 02-Mar-2008 at 13:50
Еве убава слика од локацијата Cheers


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-Mar-2008 at 14:14
Previous Овдека би била Management house што е означена на планот под број 1? ЕRA city би зафаќала многу поголема површина
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 02-Mar-2008 at 14:25
Originally posted by La Linea

Previous Овдека би била Management house што е означена на планот под број 1? ЕRA city би зафаќала многу поголема површина


Management house e belata zgrada sto se gleda desno na slikata. Ovaa parcela e za Br. 3, t.e. za objektot za koj imame renderi i za koj ocekuvame uste od septemvri da pocne da se gradi vo sekoj moment Ohno

Ostatokot od ERA City treba da legne na ova prostranstvo


Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Mar-2008 at 00:48
Ера сити ќе почне да се гради во април


Деловниот центар Ера сити на Скопски саем ќе почне да се гради најдоцна до почетокот на април, најави Гвидо Омладич, претседател на Управата на групацијата ЕРА и на Управниот одбор на Скопски саем по вчерашното отворање на саемот МЕБЕЛ 2008. Центарот ќе го гради македонска фирма, која ќе биде објавена во наредните неколку денови.

На отворањето на саемот за мебел беше посочено дека на дрвната индустрија во Македонија отпаѓаат 3,22 отсто од вкупното индустриско производство. Заменик-министерот за економија Киро Спанџов нагласи дека за подобрување на бизнис-климата во дрвната индустрија веќе е формиран и кластер кој засега брои 55 фирми.

- Саемот за мебел претставува можност за обединување на компаниите учеснички и размена на мислења за нови технологии - истакна Спанџов.

МЕБЕЛ 2008 ќе трае до 26 март. Манифестацијата е организирана на вкупно 15.300 квадратни метри, а учествуваат околу 400 фирми. Од нив 158 се директни, а 240 индиректни изложувачи. На МЕБЕЛ 2008 ќе се претстават над 260 странски брендови од регионот, Австрија, Белгија, Кина, Чешка, Германија, Италија, Кореја и Полска. Учесници има и од Тајван, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Шпанија, Швајцарија, Турција и САД, како и околу 130 домашни изложувачи.
Во текот на шесте саемски денови изложувачите ќе понудат саемски попуст на своите производи и услуги за сите заинтересирани посетители.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8A6445F3A5AB9A4AAD439ED60486A89C
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Mar-2008 at 01:10
Учесници од тајван и кина во исто време... чудно. Ќе видиме дали кина ќе примети


Edited by ProMKD - 22-Mar-2008 at 01:10
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Apr-2008 at 12:20
 
 
 
 
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-Apr-2008 at 13:35
Ej vardar dobar 'find'. Konecno se resija na malku transparentnost pa ete da go evidentirame i oficijalniot sajt

http://www.eracity.com.mk

Za zal na terenot uste ne se slucuva nisto. Posledna najava bese kraj na Mart, pocetok na April a eve go kaj i da e kje pocne maj :(

Od nivniot sajt eve dve mali rendercinja koi dosega ne sme gi videle i verojatno se odnesuvaat na delovnata zgrada sto treba da pocne da se gradi. Nemoze mnogu da se vidi no vo sekoj slucaj izgleda razlicno od prethodnite renderi (koi isto taka figuriraat na sajtot)




Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 19-Apr-2008 at 14:44
И ја очекував повеќе од словенциве Unhappy Ова се најавува веќе....
И мене ми изгледа различно особено 10-иот спрат, изгледа како да планираат ресторан или нешто  има еден куп маси а и целиот спрат е повнатре...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-Apr-2008 at 15:25
Добро 10-ти кат е повнатре, ама тоа останатото ми изгледа како тераса некоја, зашто гледам и тамо има барки маси (коњопој) и слолчиња!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Apr-2008 at 15:42
Можда skybar Big%20smile
 
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Apr-2008 at 15:52
Не е баш тераса......селиот простор е ко стакленик......фино у секој случај
Back to Top
SkaNdErBeG View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SkaNdErBeG Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Apr-2008 at 20:17
Originally posted by pbanks

Еве убава слика од локацијата Cheers





great location... this is where the ERA complex will be located?


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Apr-2008 at 20:19
yeap that's where the first building that we have renders of will be located
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-Apr-2008 at 18:23
Судејќи според најновиов рендер на целиот комплекс овој објект кој го промовираа пред година и кусур изгледа дефинитивно отпаѓа Ohno



Еве каде требаше да се наоѓа во рамките на комплексот значи некаде пред раскрсницата што води накај Железара




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 30-Apr-2008 at 18:32


Стварно штета... 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 28-May-2008 at 13:54
Нова промена во матриксот Nuts

Македонски конзорциум ќе го гради „Ера Сити“

Конзорциумот на македонски изведувачи предводени од „Гранит“ е избран за најдобар понудувач на тендерот за изградба на комплексот „Ера Сити“ на словенечката Групација ЕРА, што во наредните пет години треба да се изгради на просторот кај Скопски саем.

„Предноста за изведување на градежните работи ја доверивме на најдобриот понудувач кој обезбедува висок квалитет на градежни работи. Понуди испратија градежни компании од Македонија и ЕУ, меѓутоа, инвеститорот сепак на крајот се одлучи за конзорциум на домашни, односно македонски изведувачи кои ги предводи „Гранит“ како носител на работата“, велат од ЕРА.

Според најавите од компанијата, денеска ќе започне изградбата на комуналната инфраструктура и на комерцијално-деловната зграда, која претставува приоритетен објект од целокупниот комплекс „Ера Сити“.

Таа треба да биде готова за една година. Паралелно ќе продолжи и изградбата на комплексот и другите предвидени објекти, кои ќе бидат со различни дејности, со најсовремен деловен, трговски и забавен карактер во регионот.

„Веќе длабоко влеговме во разговори со потенцијалните партнери за двата шопинг мола, односно трговски центри. Нашата цел е до наесен со партнерите да ги договориме сите услови на заедничка изградба на двата трговски центри. Со тоа ќе постигнеме истовремено завршување на главните објекти на комплексот“, додаваат од ЕРА.

Во наредните пет години групацијата ЕРА ќе го гради најголемиот деловен комплекс според планираниот динамичен план.

Вредноста на целата инвестиција на комплексот „Ера Сити“ ќе изнесува приближно 155 милиона евра, што групацијата ЕРА ќе ги реализира преку партнерства.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93460
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.124 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.