build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 31-Jul-2021 at 11:48
Па и нема сите да живеат добро,ќе се издефинира со тек на време еден-два кои ќе имаат посолидна посетеност и промет а во другите ќе доминираат супермаркет и кафичи.
Овој мол ќе биде ударен привте 5-6 месеци и ќе ги згази Сити мол,секако ГТЦ и некои други и ќе биде доста посетен потоа ќе се отворат оние кај Рамстор па ќе видиме кој колку ќе успее да парира.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 31-Jul-2021 at 14:12

Ова се приватни инвестиции, така да колку трговски центри можат да функционираат и колку профитабилно, во најголема мерка е проблем на инвеститорите.

За општиот интерес, поголемата понуда и поголемата конкуренција мислам дека носи воглавно придобивки: пониски малопродажни цени, пониски закупнини, поголем прилив на купувачи од странство и помал одлив на наши купувачи, поголем обем на работа и повеќе можости за домашните придружни дејности/индустрии и слично...

Edited by Cloverstack - 31-Jul-2021 at 14:13
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 31-Jul-2021 at 16:32
На два месеци од отворањето на Ист Гејт Мол: Кои познати светски брендови доаѓаат во Македонија, освен H&M, Зара Хоум и Лидл?

Во Скопје, на местото на поранешен „Скопски саем“, наскоро вратите за сите љубители на шопингот ќе ги отвори „Ист Гејт Мол“...

Новиот шопинг центар, отварањето го закажа за во средината на септември, на два месеци од сега. Овој мол ќе биде вистинско освежување како за главниот град, така и за целата замја, преку понудата на уникатно шопинг искуство за посетители и за уживателите на добрата храна.

Ист Гејт Мол и „Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ повеќе од три години работеа на дистинктивниот микс од брендови, кои на потрошувачите ќе им понудат едно ново шопинг искуство.

Веќе има инфорамции дека 95% од вкупната површина за изнајмување е веќе издадена на локални и интернационални брендови. На почетокот на оваа година, во јавноста протекоа инфомациите дека во новиот трговски центар пристигнува светскиот бренд H&M, но и дека за влез на пазарот во Македонија размислува ЛИДЛ и уште некои други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу кои се познатите SPAR и BILLA.

Влатко Богоевски, извршниот директор на „Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ откри кои други брендови може да ги очекуваме во рамките на овој трговски центар:

„Беше вистински професионален предизвик да се создаде стратегијата за изнајмување на Ист Гејт Мол. Како прв чекор од стратегијата направивме темелно истражување на навиките на потрошувачите и трендовите на локалниот пазар и вложивме огромен напор за привлекување на нови брендови на пазарот. Ги разгледавме тенденциите во регионот, но и пошироко во Европа и создадовме соодветен микс на закупци кој го рефлектира најдоброто шопинг искуство за посетителите, нагласувајќи ја различноста во категориите мода, забава, рекреација, услуги. Ист Гејт Мол е трговски центар на новата генерација кој нуди микс од брендови, исполнувајќи ги потребите на широка целна група, опфаќајќи ја не само нашата земја, туку и соседите од Косово и Србија. Целта беше да се привлечат нови брендови како полската модна групација „LPP SA“ заедно со своите пет брендови „Reserved“, „House“, „Cropp“, „Mohito“, „Sinsay“, потоа „Zara Home“ и „Oysho“ од групацијата Индитекс, како и модни марки кои за прв пат влегуваат на македонскиот пазар меѓу кои XYZ, Armani Exchange, Twinset, Partrizia Pepe, DeFacto и други. Неминовно е да се потенцира дека посебен акцент и поддршка дадовме и на локалните брендови кои навистина имаат што да понудат, така што 23% од сите закупци се македонски локални брендови.“

https://faktor.mk/na-dva-meseci-od-otvoranjeto-na-ist-gejt-mol-koi-poznati-svetski-brendovi-doagjaat-vo-makedonija-osven-hm-zara-houm-i-lidl
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 12-Aug-2021 at 08:41
od instagram

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 18-Aug-2021 at 16:48








https://www.facebook.com/baukop.com.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 26-Aug-2021 at 15:00
East Gate Mall construction progress July 2021











https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/447755792945676
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 28-Aug-2021 at 16:25
Денешни



Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 28-Aug-2021 at 19:56
Интервју со Игор Давковод.

https://www.youtube.com/watch?v=NYsWDkS-MWM&ab_channel=KnaufMacedonia
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 29-Aug-2021 at 13:44
Originally posted by JovanOdGjorche

Интервју со Игор Давковод.

https://www.youtube.com/watch?v=NYsWDkS-MWM&ab_channel=KnaufMacedonia


KNAUF VLOG Vol.7 - Погледнете како изгледа одвнатре Skopje East Gate

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 30-Aug-2021 at 20:41
Јас имам впечаток дека нема да стигнат во октомври да го отворат. Сепак, и самите продавници внатре треба да се уредат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 02-Sep-2021 at 10:31
East Gate Construction Progress - August
Тимот на East Gate Mall работи со полна пареа на финалните градежни елементи непосредно пред големото отворање!









https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/266430135120736
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 02-Sep-2021 at 10:55
Светските модни гиганти ЛПП и Индитекс во Ист Гејт Мол опфаќаат повеќе од 25 отсто со над 14,500 м2

Ексклузивниот лизинг агент “Cushman&Wakefield/FortonMKA“ заедно со тимот на Ист Гејт Мол во изминативе три години, работеа на креирање различен микс на брендови кој ќе ги задоволи потребите на потрошувачите. Резултатите денес на само неколку недели од големото отворање сведочат за делото – добро реализиран микс на содржини и одлична селекција на брендови со висока популарност од кои поголем дел за прв пат се претставуват на македонскиот пазар.

Светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс претставува синоним за квалитетно шопинг искуство, а своето “деби“ на македонскиот пазар ќе го имаат „Zara Home“ и „Oysho“ како дел од разновидното портфолио на Ист Гејт Мол. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40% од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист Гејт Мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично.

Групацијата Индитекс потпиша договор за закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за своите седум брендови како „ZARA“, „ZARA HOME“, „ОYSHO“, „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „ZARA“, ќе се простира на речиси 4,600 м2 со што ја прави најголемата продавница на „ZARA“ во целиот балкански регион.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници на површина од 6,500 м2 и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“. Секоја од овие продавници ќе понуди разноликост, но и уникатни модни парчиња за сечиј вкус. Групацијата LPPе една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа, а со своите интересни и невообичаени концепти во Ист Гејт Мол ги носи светските трендови од модниот сегмент за жени, мажи и деца.

Модниот сегмент во Ист Гејт Мол ќе се простира на повеќе од 50%, со што го позиционира трговскиот центар како омилена дестинација за оние кои што сакаат поинакво шопинг искуство.

https://faktor.mk/svetskite-modni-giganti-LPP-i-inditeks-vo-ist-gejt-mol-opfakjaat-povekje-od-25-otsto-so-nad-14500-m2
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 08-Sep-2021 at 10:01
Рестораните и кафулињата стануваат се поважен составен дел во трговските центри

Денешните трговски центри имаат зголемена побарувачка за подобра понуда во категоријата храна и пијалоци. Ексклузивниот лизинг агент “Cushman&Wakefield/FortonMKA и тимот на Ист Гејт Мол постојано ги следат трендовите на потрошувачите и врз основа на истите создадоа стратегија со која го позиционираат Ист Гејт Мол како трговски центар на новата генерација.

Фокусот е ставен на креирање на дестинации кои покрај шопинг нудат и различен број на нови искуства за купувачите кои бараат многу поразновидна и пософистицирана понуда на концепти за храна и пијалоци.

Ист Гејт како најсовремен проект во регионот кој ги следи сите шопинг трендови, покрај големиот микс од брендови и различни категории е и место каде што посетителите ќе може да искусат еден сосема различен уникатен концепт таканаречен Café Avenue (Кафе Авенија). Замислете си долга улица на која се наредени најмонденските кафеа и ресторани, и на која се протегаат 6 различни, внимателно одбрани концепти на приближно 3.000 м2, креирани по последните ентериерни и гастрономски трендови кои што ќе ги задоволат и најпребирливите посетители. На Кафе Авенијата меѓу другото ќе се понуди првата франшиза на оригинален стек ресторан, софистициран мексикански ресторан, како и уникатни стилски ресторани со интернационална и македонска кујна.

Трговските центри во светот не се повеќе само едно шопинг место; тие сè повеќе стануваат дестинации за уживање.

https://faktor.mk/restoranite-i-kafulinjata-stanuvaat-se-povazen-sostaven-del-vo-trgovskite-centri
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 09-Sep-2021 at 07:09
Ист гејт мол: Динамични подготовки пред отворање







Отворањето на најголемиот трговски центар во нашиот регион се ближи. Одбројувањето започнува, и за токму еден месец Скопје добива ново место кое ќе обедини шопинг, забава, фитнес и разонода, но и врвно гастрономско искуство. Сè на едно место – во Ист гејт мол. Посетителите ќе може да уживаат во широката понуда на продавници, кафетерии, ресторани, но и во големиот број на услуги како центар за убавина и козметика, фризер, бербер, центар за разубавување на миленичиња, како и забавни активности: кино, игротека, фитнес центар и друго.

Со цел да се постигне уникатна содржина, како ексклузивен лизинг агент беше ангажиран тимот на специјализираната консултантска компанија за недвижности „Cushman&Wakefield/FortonMKA“ кој заедно со тимот на Ист гејт мол интензивно работеше на миксот од 250 интернационални и локални брендови во последните три години

Исклучителното дизајнерско решение од реномираниот архитект Керем Јазган веќе ја добива својата финална форма и наговестува голема посетеност поради уникатниот екстериер и ентериер кој ја нагласува мултифункционалната природа на Ист гејт мол.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/ist-gejt-mol-dinamichni-podgotovki-pred-otvoranje
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 09-Sep-2021 at 07:32

Како да се малку подалеку од 1 месец пред отворање, а? Веројатно ќе бидат отворени само 50% од продавниците. И од LIDL ни трага ни глас.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15049
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 09-Sep-2021 at 09:30
Отворањето некако се чини ќе биде исфорсирано и допрва ќе се досредуваат после некои детали и постепено ќе се вселуваат дуќаните.Со најавите за Лидл незнам што се случува колку што знам официјален маркет ќе биде Тинекс.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1689
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 09-Sep-2021 at 09:38
Originally posted by гитардемон


Како да се малку подалеку од 1 месец пред отворање, а? Веројатно ќе бидат отворени само 50% од продавниците. И од LIDL ни трага ни глас.


Незнам што сте запнале со тој Лидл и баш во Ист Гејт, ко да не сте излегле од државата и не сте виделе дека не постои Лидл во трговски никаде во Европа, концептот на тој бренд не е шопинг центар кастамер модел...
Извинете не е навреда ама ви се чудам на упорност - “ни трага ни глас од Лидл“ - месеци наназад....
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 09-Sep-2021 at 10:24

Не се вреѓа никој, сите си знаеме каде сме биле и колку сме биле. Туку, најавата ако се сеќавам добро беше дека ќе има LIDL во трговскиов, и ми беше и мене доста чудно што избрале мол, а не хангар во предградие.

Не знаев дека ќе биде TINEX. Скоро сум сигурен дека прочитав некаде дека ќе има LIDL во некој од моловите и се чудев.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 09-Sep-2021 at 10:52
Ресторани/продавници со азиска,јапонска храна и продукти ќе има или не сме го достигнале тој степен на цивилизација сеуште ?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1689
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 09-Sep-2021 at 11:58
Originally posted by гитардемон


Не се вреѓа никој, сите си знаеме каде сме биле и колку сме биле. Туку, најавата ако се сеќавам добро беше дека ќе има LIDL во трговскиов, и ми беше и мене доста чудно што избрале мол, а не хангар во предградие.

Не знаев дека ќе биде TINEX. Скоро сум сигурен дека прочитав некаде дека ќе има LIDL во некој од моловите и се чудев.


Ја искрено очекував СПАР или друг од тој вид а го добиваш Тинекс(синоним за дисквалитет) и искрено мислам дека ќе биде ништо спектакуларно и овој “хангар“, а за последниот пост за ресторанитет - ќе кажам само дека франшизата за стек хаос ресторан е САРАЈЕВА од Косово...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.