build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Semir View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote Semir Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 09-Sep-2021 at 13:05
Најавите никогаш не беа официјално од Ист Гејт, туку медиумите ја буткаа таа приказна, секој знае дека лидл е дисконт маркет (сличен на кам/стокомак) и дека во молови го нема.
Отворањето на Лидл не е најавено се уште но ќе го има во неколку градови и во свои посебни објекти.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5281
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 09-Sep-2021 at 17:10

Драго ми е што не сум матуф туку навистина сум го прочитал некаде ете.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 11-Sep-2021 at 11:37
Состојбата со станбениот дел







https://www.facebook.com/baukop.dooel
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 665
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 11-Sep-2021 at 13:19
Значи, зградите со деловен простор ќе се градат последни?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 11-Sep-2021 at 16:48
Originally posted by skopskodete

Значи, зградите со деловен простор ќе се градат последни?


Да,и станбениот дел ќе се гради етапно прва е оваа зграда на СМС Констракшн незнам следните кој ќе ги гради,чинам беа предвидени 4 деловни кули што мислам дека се премногу и би стоеле во голем процент непродадени/неиздадени.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 13-Sep-2021 at 07:09
ЕКСКЛУЗИВНО: Детали околу франшизата го проблематизираат влезот на McDonald’s во Македонија

Финишираат подготовките и наскоро најголемиот трговски центар во земјава ќе ги отвори вратите. Ист Гејт Мол ќе стартува со работа, а граѓаните кои сакаат шопинг уште по најавите со нетрпение очекуваа да влезат и да пазарат во некои од дуќаните на познатите брендови кои прв пат се отвораат овде, но и дел од нив кои веќе се присутни како „Зара“ на пример, чија продавница тука ќе биде најголема во регионот. Додека се подготвуваат и рестораните и кафулињата, а отворањето е за еден месец, нема конечна потврда дека интернационалниот гигант McDonald’s сепак ќе биде присутен во земјава.

Сигурни извори за Фактор во април потврдија дека преговрите финишираат и американскиот гигант одлучил да отвори ресторан во земјава, сепак се уште не е ставен потпис на договорот. McDonald’s не се откажале, но нема конечен договор, а клучната работа била околу франшизата.

Се тврди дека се допрецизираат детали околу тоа кој треба да ја поседува франшизата сега, па отворањето затоа можело и малку да се пролонгира односно да не се случи годинава.

Како што е познато, во 2013 година „Мекдоналдс Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, од тогаш не смееше да работи под брендот „Мекдоналдс“.По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседуваше правата да работи со рестораните под тој бренд.

Инаку ексклузивниот лизинг агент “Cushman&Wakefield/FortonMKA и тимот на Ист Гејт Мол веќе објавија дека постојано ги следат трендовите на потрошувачите и врз основа на нив создале стратегија со која го позиционираат Ист Гејт Мол како трговски центар на новата генерација.Фокусот е ставен на креирање на дестинации кои покрај шопинг нудат и различен број на нови искуства за купувачите кои бараат многу поразновидна и пософистицирана понуда на концепти за храна и пијалоци.

„Ист Гејт како најсовремен проект во регионот кој ги следи сите шопинг трендови, покрај големиот микс од брендови и различни категории е и место каде што посетителите ќе може да искусат еден сосема различен уникатен концепт таканаречен Café Avenue (Кафе Авенија). Замислете си долга улица на која се наредени најмонденските кафеа и ресторани, и на која се протегаат 6 различни, внимателно одбрани концепти на приближно 3.000 м2, креирани по последните ентериерни и гастрономски трендови кои што ќе ги задоволат и најпребирливите посетители. На Кафе Авенијата меѓу другото ќе се понуди првата франшиза на оригинален стек ресторан, софистициран мексикански ресторан, како и уникатни стилски ресторани со интернационална и македонска кујна, велат од “Cushman&Wakefield/FortonMKA и тимот на Ист Гејт Мол.

А светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс за прв пат во Ист гејт мол ќе го отворат „Zara Home“ и „Oysho“. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40 отсто од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“.

https://faktor.mk/ekskluzivno-detali-okolu-franshizata-go-problematiziraat-vlezot-na-mcdonalds-vo-makedonija
Back to Top
Vire View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 14-Sep-2021 at 07:19
Ако МекДоналдс го водат турци или албанци ич нека не го враќаат.
Само албанци и турци ќе бидат вработени,услуга никаква,промоции новитети практично и да нема,цени хаос.Зборувам од досегашново искуство од КФЦ и Бургер Кинг.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 790
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 14-Sep-2021 at 07:55
Мене уште не ми е јасно како сеуште опстојуваат КФЦ и Бургер Кинг...кои им се потрошувачите? странци? туристи? албанци од дијаспората што доаѓаат на одмор?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5281
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 14-Sep-2021 at 07:57
Нивна си е франшизата, како сакаат нека истураат пари во неа. Ако не чини услугата, нема да имаат потрошувачи и ќе ги фрлаат парите во бунар без дно.

Туку, знае некој дали во KFC и во Бургер Кинг месото е халал?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 14-Sep-2021 at 12:58




https://www.instagram.com/baukop.dooel/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 404
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 14-Sep-2021 at 19:44
КФЦ е океј, Бургер Кинг ми е без везе.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1416
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 14-Sep-2021 at 20:36
Јас еве на пример никогаш, ама баш никогаш, не сум купил брза храна од КФЦ и БургерКинг. Уствари имам еднаш купено КФЦ, ама во Америка и толку. Тоа е толку безвезна глупост што незнам како уопште опстојува уопште во светов. Особено што па во Македонија последниве години пазарот на брза храна е толку многу солидно раздвижен во позитивна насока, и има толку многу крафт-бургери локални со сосема одличен вкус и квалитет, да уопште не ти требаат овие ѓубриња.

Edited by user8642 - 14-Sep-2021 at 20:37
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5281
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 15-Sep-2021 at 11:51

Во светот опстојува бидејќи е буквално најевтиното нешто од сектор брза храна. Сите други попристојни работи се поскапи. Кај нас, пак, поскапо е од било што друго што има квалитет. Навистина и мене не ми е јасно како опстојува кај нас.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 790
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 15-Sep-2021 at 13:43
Можеби пошто кај нас се доживува како луксуз, луѓе се сликаат на социјални медиуми кога јадат во Бургер Кинг , голем буст во посетеност сигурно добиваат кај нас од тоа што има многу искомплексирани души кои барем еднаш месечно јадат само за да се осетат дека искусуваат нешто светско и брендирано.
Back to Top
anna75 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote anna75 Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 16-Sep-2021 at 11:01
Во Софија ринг молот го има Лидл, така што... не дека е невозможно да го има во молов
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 16-Sep-2021 at 15:48
Денешни,однадвор се работи интензивно на фасадата









Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 17-Sep-2021 at 07:13
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 21-Sep-2021 at 07:24
Од вчерашното поставување на логото на молот











https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 21-Sep-2021 at 12:11
УЛТРА МОДЕРНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНИ ОД 1.250 ДО 1.350 ЕВРА ПО КВАДРАТ: East Gate Living гради 10 згради кај Скопски саем

Нови десет згради ќе никнат на местото на поранешен Скопски саем.

East Gate Living денеска објави нов модерен концепт на домување, и велат дека тоа се конечно добри вести за сите кои се во потрага по промена во начинот на живеење во главниот град на земјава.

„На само пет минути од ценатрот на Скопје и на помалку од три минути од парк шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визиопнерски проект во изградба, позициониран веднаш до Ист гејт молот, кој треба да биде пуштен во употреба во втората половина на октомври. Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, овој станбен комплекс е одговор на потребата од нова визија во живеењето и потребата од квалитетен активен живот“, рече Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист гејт.

Бројот на планирани станбени единици е 672, а тоа е повеќе од 50 отсто од вкупниот број завршени стамнови во изминатава 2020 година. Токму оваа градежна динамика е тесно поврзана со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.

Една од уникатните карактеристики е чистото опкружување околу зградите и детално планираниот простор, при што паркинзите се лоцирани под зградите на паркинг простор, кој брои 818 паркинг места, а на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 места“, вели Давков.

Изборот на станови од 42 до 210 метри квадратни ветува разноликост и динамика, велат инвеститорите.

„Нашите блокови се на ртастојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно. Зеленикло проектиравме насекаде, а до нас е и парк шумата Гази Баба“, потенцира Давков.

Инаку, во првата фаза ќе бидат готови четири згради, и тие ќе бидат завршени до 2023 година.

Првите четири згради ќе имаат висина од П плус 14 ката. Оние од втората фаза ќе бидат П плус 12, а од третата фаза четирите згради исто така ќе бидат во висина П плус 14 ката.

За овие станови има голем интерес, односно како што велат од компанијата, веќе се резервирани 50 стана.

Сите десет згради ќе треба да бидат готови до 2027 година. Во сите згради вкупно ќе има 1.600 станови. Овие згради ги градат четири различни изнвеститори, со кои компанијата има партнерски однос.

Цената на становите ќе се движи меѓу 1.250 евра до 1.350 евра по метар квадратен. Инвеститорите велат дека цената ќе зависи од големината на станот, при што поевтин квадрат ќе имаат поголемите станови, како и од нивната местоположба.

Оној што ќе сака да купи стан ќе треба да купи и макар еден паркинг простор, кој ќе чини 7.000 евра.

Изборот на станови ќе биде од помали станови од 42 метри квадратни, па се до дуплекс станови, од 210 метри квадратни.

Она што сигурно многу ги интересира граѓаните кои сакаат да купат станови во овој комплекс, е какво ќе биде греењеето. Во овие станови греењето ќе биде на градско парно. Но, како што објаснуваат инвеститорите, становите ќе бидат опремени со смартфон решенија, преку кои всушност ќе може да се управува со сите уреди во станот.

На овој простор се предвидени да се изградат и пет деловни згради, покрај десетте станбени згради.

Станарите ќе плаќаат и за одржување на становите, но, како што велат инвеститорите, не станува збор за висока цена, односно оние со помалите станови од 42 метри квадратни, ќе треба да платат сума од околу 15 евра месечно.

https://faktor.mk/ultra-moderni-stanovi-po-ceni-od-1250-do-1350-evra-po-kvadrat-east-gate-living-gradi-10-zgradi-kaj-skopski-saem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12160
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 21-Sep-2021 at 12:14
Нема да има McDONALD'S, и ЛИДЛ во Ист Гејт Мол: Нови познати брендови отвараат следниот месец

Новиот, најголем трговски центар во Македонија Ист Гејт Мол ќе се отвори во втората половина на октомври. Во него ќе има многу познати светски брендови, а како што е потврдено, светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс ги носи во земјава како “деби“ на македонскиот пазар познатите „Zara Home“ и „Oysho“ . Трговскиот центар има 220 продавници, а 40 отсто од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист Гејт Мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично. Сепак веќе е јасно, дека на денот на отворањето нема да има Лидл, Мекдоналдс и познатат продавница H$M.

Игор Давков, генерален менаџер на Ист Гејт Мол денеска потврди дека се уште се разговара со H$M, но засега во овој трговски центар дефинитивно нема да има Лидл и Мекдоналдс. Како што Фактор веќе објави проблемот со синџиот на храна настаналсо имателот на франшизата, која во моментов за овој пазар ја има бугарска фирма.

Давков рече дека се подготвува систем за целсона валидација на QR кодот за вакцинација, а ќе се валидираат и вакцините кои се примени во Србија и најверојатно и Косово.

Инаку во Ист гејт мол ќе има и „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „ZARA“, ќе се простира на речиси 4,600 квадратни метри со што ја прави најголемата продавница на „ZARA“ во целиот балкански регион.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници на површина од 6,500 квадратни метри и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“.

https://faktor.mk/nema-da-ima-mcdonalds-lidl-i-hm-vo-ist-gejt-mol-otvoranjeto-sledniot-mesec---
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.