build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ERA City
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ERA City

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 14-Feb-2013 at 22:07
Значи како што разбрав, овие треба да го финансираат и да го реализираат проектот, а како што гледам на нивниот сајт имаат доста големи реализирани проекти па се надевам дека ќе се мрдне од мртва точка и конечно ќе се изгради барем нешто таму кај нивитеSmile
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 14-Feb-2013 at 22:30
Имаат доста но ЕРА веќе со години го ветува отпочнувањето на ЕРА Сити но досега на терен освен големата дупка и оградата околу неа ништо друго немаат направено...
Не сакам да гледам негативно на оваа вест но времето ќе покаже, доколку е ова вистина тогаш во наредниве неколку месеци ќе ја видиме механизацијата на терен.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 15-Feb-2013 at 15:41
Дали ќе се работи,гради, според истиот проект кој го има наназад во постот или ќе претрпи некои измени?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 27-Feb-2013 at 12:06

ЕРА Сити на Скопски саем за три до четири години

Скопски саем и меѓународната групација Три Гранит за три до четири години ќе го реализираат проектот ЕРА Сити, чија вредност се проценува на 130 милиони евра.

Ова го најавија на денешната прес-конференција претседателот на Управата на групацијата ЕРА Гвидо Омладич и извршниот директор на ТриГранит Арпад Торок.

- Договорот е заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата беше успорен проектот, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација на проектот, рече Омладич истакнувајќи дека очекува проектот да биде поддржан од банки и фондови.

Главниот мотив да се реализира овој проект, Омладич, потенцира дека е да се дадат сите потребни содржини на она што досега се реализира на Скопски саем, а тоа се над 200 случувања во годината.  

Торок потенцира дека Групацијата ќе може да го пренесе искуството во градењето што го има во реализација на проекти 10 земји. Вредноста на проектите што ги има реализирано се 2,5 милијарди евра.

- За нас ова е предизвик бидејќи прв пат станува збор за проект каде може да го пренесеме нашето искуство и знаење од другите земји каде сме активни, изјави Торок.

ЕРА Сити, како што посочија на прес-конференцијата, ќе биде еден од најголемите комплекси во Југоисточна Европа. Ќе содржи деловен центар, шопинг центар, деловни објекти, хотел, катна гаража, забавен центар и се што е потребно за еден ваков комплекс.

Договорот за соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари оваа година. Покрај реализацијата на новиот проект корпорацијата ТриГранит ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.

Три Гранит е едно од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, како и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и  има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство

http://www.sitel.com.mk/era-siti-na-skopski-saem-za-tri-do-chetiri-godini
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 27-Feb-2013 at 13:00

Мислам дека квалитетен и разработен саем е еден многу битен елемент за развој на еден град. Да се надеваме дека со изградбата на овој центар саемот ќе добие на квалитет и содржини и можеби во иднина ќе успееме да организираме поголеми саемски манифестации кои ќе привлечат изложувачи од повеќе држави.

Искрено многу му се радувам на овој проект и се надевам дека нема повторно да се случи одложување на градбата.  

Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 27-Feb-2013 at 14:57
Што бидна со TurkMall? Се повлече?
Има ли готови проекти за посебните делови?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 16-Jan-2014 at 23:16

ИЗМИНУВА ЕДНА ГОДИНА ОД ДОГОВОРОТ ЗА ГРАНДИОЗНИОТ ЕРА СИТИ НА СКОПСКИ САЕМ


Место контурите на "град во градот", зјае празна дупка


Во врска со договорот за деловна соработка меѓу Скопски саем и ТриГранит за реализација на проектот ЕРА Сити, од Скопски саем информираа дека во изминатиот период беше изработен Концепт-дизајн и Предлог Бизнис-план за проектот, а во постапка е прилагодување на Деталниот урбанистички план спрема Концепт-дизајнот, стои во кусиот одговор од Скопски саем


Изминува една година откако Скопски саем потпиша договор за деловна соработка со меѓународната групација ТриГранит, со која заеднички треба да се реализира проектот ЕРА Сити кој, според словенечката Групација ЕРА, ќе биде "град во град" и најмодерен центар на Балканот.

Според најавите од пред една година, комплексот ЕРА Сити треба(ше) да биде готов за три-четири години и да се наоѓа на просторот помеѓу сегашните хали на Скопски саем и хотелот Континентал во Скопје. Но, според сегашната состојба, освен големата дупка што беше ископана пред неколку години и која е оградена, на тој простор не се вршат никакви други градежни активности.
- Во врска со договорот за деловна соработка меѓу Скопски саем и ТриГранит за реализација на проектот ЕРА Сити, Ве информираме дека во изминатиот период беше изработен Концепт-дизајн и Предлог Бизнис-план за проектот, а во постапка е прилагодување на Деталниот урбанистички план спрема Концепт-дизајнот - стои во кусиот одговор од Скопски саем од каде дополнуваат дека за сите нови информации во врска со проектот, медиумите ќе бидат навреме известени.

Овој проект беше најавуван како грандиозен поради неговата проценета вредност од 130 милиони евра.
- Се договоривме заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата проектот беше забавен, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација на проектот - рече пред една година претседателот на Управата на групацијата ЕРА, Гвидо Омладич дополнувајќи дека очекува проектот да биде поддржан од банки и фондови.

Извршниот директор на ТриГранит, Арпад Торок, тогаш нагласи дека за нив ЕРА Сити е предизвик бидејќи прв пат станува збор за проект каде можат да го пренесат искуството и знаењето од другите земји каде се активни и на македонските граѓани да им понудат нешто големо и единствено во кое ќе бидат инкорпорирани најмодерни технологии.

ТриГранит е едно од најголемите претпријатија што се занимава со развој на недвижности во Европа, како и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство.

Со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот. Од компанијата објавија дека тргнуваат и со работа во Обединетите Арапски Емирати која стана 14 земја во светот во која е присутна ТриГранит Менаџмент Корпорејшн.

http://vecer.com.mk/?ItemID=30A584B673A8E041B1A6E8DA00E5B881
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 09-Feb-2014 at 23:37

ПО ШЕСТ ГОДИНИ МИРУВАЊЕ

„Ера сити“ ќе се гради според нов проект

Унгарски инвеститори ќе инвестираат заедно со словенечката групација „Ера“ во изградбата на комерцијално-деловниот комплекс „Ера сити“, најавува раководството на „Скопски саем“. Изградбата на овој комплекс, најавуван како „град во град“, почна во февруари 2008 година и многу брзо застана. Работите оттогаш се во мирување, а има најави дека наскоро повторно ќе се придвижат, но според нов концепт што го подготвиле унгарските инвеститори.

Извршниот директор на „Скопски саем“, Дејан Kошути, вели дека лани напролет бил постигнат договор со компанијата „Три гранит“ од Унгарија, која заедно со словенечката групација „Ера“ ќе гради трговски центар и деловни згради. Kомплексот би се изградил за две години од добивањето на градежната дозвола.

- Површината за развој на проектот е 110.000 квадратни метри. Во моментот е при крај постапката за измената на деталниот урбанистички план во согласност со концептниот дизајн изработен од страна на компанијата „Три гранит“ - потенцира Kошутиќ.

Портпаролот на Општината Гази Баба, Емилија Kипровска, потврди дека предлог-деталниот план е во постапка и се чека позитивно мислење од Град Скопје.

- Измените ќе бидат донесени по спроведувањето на законските регулативи. Опфатот на планот зафаќа површина од 23 хектари за комерцијални и за деловни намени - изјави Kипровска.

Kако што потенцираат од „Скопски саем“, во изминатиот период бил изработен концепт-дизајн и предлог бизнис-план за проектот, а за сите нови информации медиумите ќе биле навреме известени. Не прецизираа точно кога би продолжила изградбата на комплексот, ниту одговорија колку пари ќе бидат вложени.

Kошутиќ вели дека во периодот од 2008 до крајот на 2011 година изградбата на високоградбата била ставена во мирување поради глобалната економска криза.

- Проект од овој вид и габарит бара надворешни финансиски извори, стратешки партнери и закупци на простор. Од тие причини беше ставен во мирување. Од почетокот на 2012 година продолжени се преговорите со стратешките партнери од надвор и со потенцијалните закупци на просторот - вели Kошутиќ.

Изградбата на „Ера сити“ почна на 1 февруари 2008 година кога беше поставен камен-темелник на деловната зграда со планирана површина од 33.600 квадратни метри. Тоа, како што беше најавено, требаше да претставува прв нов објект од најголемиот и најсовремен деловен трговски и забавен центар во регионот. Вредноста на тогаш најавената инвестиција на групацијата „Ера“ беше 150 милиони евра. Беа предвидени бизнис-зграда, два трговски центра, три деловни објекти и три катни гаражи.

Во јуни 2012 година беа објавени информации дека турската компанија „Турк мол“ е заинтересирана да влезе во проектот, но ваквата најава не се оствари.

http://dnevnik.mk/?ItemID=0F11413C55BF4E48BED39E0DEFAC8565

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 10-Feb-2014 at 00:32
Три гранит е сериозна фирма, но мислам дека не постои друга толку несериозна фирма колку што е ЕРА. Само во овие 7 години колку што постои сајтов се изнаслушавме се и сешто, а барем уште толку години мафтаат со овој проект. 
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 10-Feb-2014 at 14:13
Не би се ослонал многу на овие вести,па барем 3-4 пати во годината точно за овој пропаднат проект во изминативе години можам да прочитам дека конечно ќе почне да се гради,а многу јасно од тоа ни абер ни глас.

Што велат американците I've gotta see it to believe it.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 29-Aug-2014 at 16:08
Се продаваат 4 хали од Скопски саем

Се продаваат зграда 1, 6, 7 и 8, со комплетната опрема во зградите и халите



„Комерцијална банка" за да наплати долг огласи на продажба повеќе згради и хали во сопственост на „Скопски саем", „Експо медиа груп" и „Саем инвест", компании кои се во сопственост на групацијата „ЕРА", пренесува емагазазин.мк.
„Станува збор за недвижен имот во Скопје на ул.„Беласица", КО Гази Баба, зграда 1, 6, 7 и 8, со комплетната опрема во зградите и халите, вкупна површина: згради – 15.689 м2, земјиште под згради – 7.046м2, дворно место – 43.968м2 и градежно неизградено земјиште – 8.840м2", се вели во огласот.
Во огласот не се наведува колкав е износот на долгот, ниту пак почетната цена. Имотот се продава на јавно наддавање.

http://vecer.mk/ekonomija/se-prodavaat-4-hali-od-skopski-saem

Сега читам Капитал и oни дошле до сознанија дека и во Словенија групацијата ЕРА е во големи долгови и треба да врати преку 30 милиони евра на 3 банки.
Така да тука проект нема да видиме   
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 29-Aug-2014 at 17:12
Па нели некоја турска компанија го презеде проектот???
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 11-Sep-2014 at 01:36
чаршиски муабет беше тоа, ама со оглед дека уште малку и државава ќе ја дадеме под концесија на турците, за неколку месеци очекувам нов помпезен проект тука со турски шмек
Back to Top
kurto View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kurto Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 13-Sep-2014 at 18:20
do nova godina sopstvenikot si go prodava komplet, posle bankite ke prodavaa hala po hala
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Online
Posts: 109
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 13-Sep-2014 at 18:35
нели се шушкаше дека Чифлиганец ќе гради тука?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 13-Sep-2014 at 19:35
Originally posted by Djole88

чаршиски муабет беше тоа, ама со оглед дека уште малку и државава ќе ја дадеме под концесија на турците, за неколку месеци очекувам нов помпезен проект тука со турски шмек

 
Хехе, како само си во право.
 
Како тргнале работиве, останува отворена можноста во Аеродром преку ноќ да бапнат една џамија таму кај тие висококатниците се додека истите не се изградат до крај и завршат сите градежни работи на таа локација, а тоа нема да се случи во наредниве 2 години, а од друга страна, Скопски Саем колку е само во близина на Бит Пазар, не би било никакво изненадување и во Автокоманда да се случат слични "чуда".


Edited by Dexter26 - 13-Sep-2014 at 20:42
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 14-Sep-2014 at 09:37
Што има врска кој гради ? Да не градат џамии турците случајно ?

Работата е кај што фејлнаа ЕРА тоа место кај саем добро да се искористи,тоа што ќе се изгради да не биде само ради реда,туку да изгледа модерно големо/високо,светски. Јас би сакал огромен трговски,каде што ќе има и ИКЕА,и Мек Доналдс,КФЦ......Облакодери,катни гаражи,економски центри,зошто да не и модерни згради на банките или телевизиите.

Муабетот ми е,да не се уништи тој простор на ради реда згради или ватевр со по два-три ката и рамстор/веро срање шоп.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 14-Sep-2014 at 11:17
Originally posted by Lerin

Што има врска кој гради ? Да не градат џамии турците случајно ?

Работата е кај што фејлнаа ЕРА тоа место кај саем добро да се искористи,тоа што ќе се изгради да не биде само ради реда,туку да изгледа модерно големо/високо,светски. Јас би сакал огромен трговски,каде што ќе има и ИКЕА,и Мек Доналдс,КФЦ......Облакодери,катни гаражи,економски центри,зошто да не и модерни згради на банките или телевизиите.

Муабетот ми е,да не се уништи тој простор на ради реда згради или ватевр со по два-три ката и рамстор/веро срање шоп.


Да, и мене муабетот ми беше да не се уништува Центарот на Градот со "Слим" зградичиња (вредни милиончиња); да не се затрупува со споменици....
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 14-Sep-2014 at 11:23
Голема е парцелава, би можело да се направат напори тука да се смести онаа финансиска зона што се најавува овој период.

Edited by jyvation - 14-Sep-2014 at 11:25
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 14-Sep-2014 at 16:06
Originally posted by jyvation

Голема е парцелава, би можело да се направат напори тука да се смести онаа финансиска зона што се најавува овој период.


Ова и тоа како е најсоодветната локација за финансиската зона.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.