build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автопат Миладиновци - Штип
    Posted: 21-Feb-2014 at 16:28

Почнува изградбата на автопатот Скопје - Штип

Со асфалтирање на еден километар кај приградската населба Три чешми денес во Штип стартуваше изградбата на автопатот Штип-Миладиновци.

Со асфалтирање на еден километар кај приградската населба Три чешми  денес во Штип стартуваше изградбата на автопатот Штип-Миладиновци. На денешната свеченост присуствуваше премиерот Никола Груевски, министри, градоначалници, како и амбасадорот на република Кина.

Премиерот Груевски истакна дека денес е историски ден за Источна Македонија, бидејќи со изградбата на овој автопат ќе се овозможи економски просперитет и побрза комуникација.
 
Новиот автопат ќе биде во должина од 47 километри и ширина од 27,4 метри. Предвидено е автопатот да има две коловозни ленти во двата правци, како и една дополнителна лента за застанување. На делницата ќе бидат изградени седум клучки кои ке имаат функција влез и излез од автопатот кон градовите и населените места. Се планира долж автопатот да има осум надпатници, пет потпатници, армиран бетонски мост со должина од 154 метри.  

Изградбата на овој капитален проект изнесува 206 милиони евра, средства обезбедни со кредит преку кинеската Ексим банка, а ќе се отплаќа во наредните дваесет години со каматна стапка од 2 отсто. 
Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде завршен во 2018 година со што оддалеченоста помеѓу главниот град  и Штип ќе се намали за триесетина минути. 

Новиот автопат ќе го гради кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитид. Според договорот кој оваа компанија го склучи со Владата во декември минатата година синохридо корпорејшн е обврзана помалку од половина од градежните материјали кои ќе ги користи да се произведени во Македонија, а повеке од половина од работниците кои ќе бидат вклучени во изградбата да бидат македонци. Истата оваа компанија ќе го гради и автопатот Кичево-Охрид.

извор
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Feb-2014 at 18:35
Ова како враќање филм на едниот километар и неколкуте моста кај Велешко Езеро, негде 1994-5...како заедничка особина на двете опции    (се надеввам дека грешам и се радувам ако не испаднам во право).
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Feb-2014 at 12:06
Се плашам дека и така ќе испадне и овој проект, а и избори се ближат, за жал

дај боже да не сум во право и да се направи.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Feb-2014 at 12:58
За неградењето на овие автопати мислам дека непостои начин да биди така.парите ги даваат кинезите кои се обезбедени,тие ќе ги градат со помош на наши фирми,почетокот на плаќањето на ратите започнува после 5 години,т.е. откога ќе се направат...така да негледам начин да не се изградат.

единствени пречки можат да бидат тектонски движења на политичка основа
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Mar-2014 at 12:17
Пред некој ден поминував од овде, поточно кај с. Три Чешми, исчистени и порамнети се некои 50 м. каде што е поставуан темелот и други активности немше во околината а и машините се повлечени, е сега можда има некои активности кај Свети Николе, таму кинезите ке правеле населба па можда од таму ке почнат навака да работат. 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Apr-2014 at 18:17
Почна изградбата на автопатот Миладиновци - Штип

Почна изградбата на првите 10 километри на автопатот Миладиновци-Штип на територијата на општина Свети Николе. Градежната механизација на кинеската фирма Синохидро веќе ја пробива делницата.

Претставникот на кинеската фирма Синохидро вели дека му е задоволство што градежните работи веќе се почнати на територијата на општина Свети Николе, а како компанија добиле и голема стратешка поддршка Локалната самоуправа.

Над 1000 нови работни места ќе обезбеди изградбата на автопатот Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид.

На линкотима и видео прилог http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9776-2014-04-17-15-04-36
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Apr-2014 at 18:38
блазе си им,кај нас во кичево кинезите само се шетаат и чат пат се појавуваат на митинзи
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Jun-2014 at 23:14

Кинезите засилено го градат патот Миладиновци – Штип

За две недели ќе пристигнат моќни градежни машини, кои патуваат од Кина до Солун, од каде што ќе бидат транспортирани во Македонија

Иван Бојаџиски


Штип - Градежната офанзива за изградба на автопатот Миладиновци - Свети Николе - Штип е започната. Патот е „нападнат“ од две страни: од кај штипската населба Три Чешми се расчистуваат површините каде ќе минува магистралата, а тие активности се извршуваат и три километри од Свети Николе во насока кон Куманово. За почеток, домашни фирми под будното око на стручњаци од кинеската компанија „Синехидро“, која ја доби работата, вршат ископ на земја долж трасата по која ќе минува овој автопат, а кој од бизнис заедницата се третира како најважниот елемент за економски развој на источниот дел од државата.

„Со земјените работи започнавме на 2 мај годинава, а според зацртаната динамика автопатот треба да го завршиме до 2 мај 2017 година, односно за само три години. Досега се ископани 30.000 м3 земја, а со секој нов ден вклучуваме се' поголема механизација и така ги забрзуваме работите“, ни рече Даи Ѓидонг, менаџер на одделот за техничка документација.

Според нашите информации од трасата каде што поминавме едно претпладне, вистинската градежна офанзива ќе настане за најмногу половина месец, кога овде ќе пристигнат голем број моќни градежни машини кои патуваат со брод од Кина до пристаништето во Солун, од каде што ќе бидат транспортирани во Македонија.

На потегот кај Свети Николе поставена е табла со сите информации во врска со оваа инвестиција. На таблата пишува дека патот ќе биде долг 45,8 км, ќе има 14 моста, седум клучки, 25 пропусти за водотеци. Јасно е запишан и датумот до кој истиот треба да биде завршен, а тоа е 2 мај 2017 година.

Зенг Ѕонглианг, административен менаџер, е силно убеден дека Македонија ќе добие исклучително квалитетен автопат.

„Во моментот покрај ископите на земја почнавме да работиме и на два моста на кои ја поставуваме основата. Но, вистинската работа допрва ни престои, а без оглед на тоа колку тука ќе бидат високи температурите ние ќе работиме од утро до вечер за да го запазиме рокот“, вели срдечниот Кинез.

Во Свети Николе се дојдени околу четириесетина од вкупно 80 стручњаци од разни градежни области кои „Синохидро“ ги има ангажирано на овој проект. Првично постоеше идеја во овчеполската метропола да се изгради кинеска населба во која требаше да се смести стручната екипа. Но, од таквата намера се отстапи па „Синохидро“ го зеде под закуп хотелот „Овче Поле“ и сега таму се врши негова голема обнова бидејќи беше прилично руиниран. Кинеските стручњаци, кои се дојдени во Македонија, се сместени во овој хотел без оглед на фактот што тој се реновира. Овде наскоро ќе се вселат сите 80 експерти од кинеската компанија.

Автопатот ќе биде широк 29 метри со по две ленти во двете насоки, секоја со широчина од по 3,85 метри, меѓу двете ленти ќе има заштитен зелен појас од 4 метри и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозите. Од двете страни на автопатот ќе има уште по една лента широка 2,50 метри за застанување. По овој автопат ќе може да се вози до 120 км/час, а од Штип до Скопје ќе се патува само 30 наместо сегашните најмалку 60 минути.

За граѓаните од источниот и југоисточниот дел на Македонија, но за бизнис заедницата пред се', ова е најдобрата и најпотребната работа што ќе има големо влијание врз подобрување на развојот на стопанството.

„Белгиската компанија за автобуси ’Ван Хол‘ ја одбра нашата фирма за долгорочна соработка, па ние во Штип градиме голема фабрика за автобуски шасии за автобусите кои ’Ван Хол‘ ги произведува во својата фабрика во зоната ’Бунбарџиќ‘. Најголема забелешка нашите странски партнери ја имаат на лошата патна мрежа, па ова ќе биде една голема, квалитетна промена која ќе придонесе за развој на бизнисот во овој дел од државата“, вели Иле Николов, директор на „Актива“.

На иста позиција во размислувањето е и Славчо Сирачевски, сопственик на супер атрактивниот ресорт и спа-центар „Аурора“ на Беровското Езеро.

„Светското туристичко семејство бара убави, сигурни и брзи патишта за да се стаса до некоја омилена туристичка дестинација. Источна Македонија има голем потенцијал во туризмот, но лошата патна инфраструктура е таа која ги одвраќа странските туристи од одмор во нашите туристички дестинации. Автопатот е голема шанса да се направи квалитетен исчекор, но е неопходно да се изгради и пристоен пат од Штип до Кочани, а од таму и до Берово како место кое најголемиот потенцијал го има во туризмот“, вели Сирачевски.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=D10836BA12CE074A9BBC488DB8BFFCCC

Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Jun-2014 at 12:41
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Jun-2014 at 13:29
Тоа е таа лута машина од Кина што треба да израмни километар дневно :P
Од чаламот си патиме!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Jun-2014 at 13:47
Oвие главата си ја заштитиле, а за нозете ич не им е гајле
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Jul-2014 at 14:01
Pred 2 casa pominav pokraj gradilisteto i ne vidov nitu eden rabotnik...
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Jul-2014 at 14:14
http://kurir.mk/makedonija/vesti/166254-Gruevski-Gradeznite-raboti-na-avtopatot-Miladinovci-Stip-se-odvivaat-odlicno
Денес премиерот заедно со директорот на јавното претпријатие бил во обиколка на градежните работи околу изградбата на автопатот Скопје-Штип.Тие потенцираа дека негде околу 45 % од трасата е пробиена, на автопатот освен кинезите работат и Гранит и Бетон како подизведувачи, и дека се очекува автопатот да биде готов кон крајот  на 2016 година.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Jul-2014 at 17:59
Jas vo poslednite dve nedeli pominav dva pati i ne zabelezav gradezni aktivnosti!?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Jul-2014 at 07:16




фото: МИА.мк
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Aug-2014 at 02:00
Кај Штип иде брзо, На магистралата од Штип до клучката за накај Велес/Скопје целата делница е ископана за дополнителните 3/4 ленти (од левата страна кога одиш од Штип према св.Николе).
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Aug-2014 at 11:31
Веќе два пати издадов одобренија за набавка на експлозиви за фирма што работи на автопатот за Штип и ниеднаш за овој за Охрид.Ваму поспоро работат
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Aug-2014 at 11:54
да не зборуваш за друга делница, не за надградбата темава е за новиот автопат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Aug-2014 at 12:13
за овој автопат зборувам.Во изградбата учествува и една фирма од Кичево(Тајмиште) која некако се поврза со Бетон на Минчо Јорданов.На неколку места имало потреба од минирање на карпи
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Aug-2014 at 15:09
Мислам дека Елнино ми се обрати мене.
И јас зборувам токму за оваа делница, и доколку не си запознат веќе постои магистрален пат помеѓу Штип и Св.Николе и според проектот истата таа делница ќе биде надградена до автопатска форма ,а нова делница е само од Миладиновци до Свети Николе.

Ѓоко ке да било дека експлозивот се користи за пробивање на делот кај Свети Николе ,бидејќи надоле е прилично рамничарски терен.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.