build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Миладиновци - Штип
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 10-Jan-2019 at 22:23
Некако ми изгледа дека се преувеличуваат незавршените работи... По пишувањето очигледно станува збор за работи околу автопатот, не и на самиот затоа што асфалтирањето е завршено, осветлувањето исто, обележан е, само на едно место околу 500м фали ограда на средината. Ќе има 2 патарини кои ќе се градат во втората половина на оваа година, едната пред Св.Николе, другата меѓу Кадрифаково и Три Чешми...
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 11-Jan-2019 at 09:18
Мене некако ми изгледа дека ти сакаш да ги минимизираш работите. Еднаш ти дури и најави дека од извор од министерството ќе го пуштеле крај на Октомври или прва недела на Ноември. Јас возев на Божиќ од Св. Николе до Штип, две клучки не беа асфалтирани и фалеше најмалку 5 километри ограда и жица. Да не зборам за сливовите кои не се бетонирани. Ако не се бетонираат ќе биде полош од експресниот пат Велес - Кадрифаково каде секаде има бетонирани сливови. Така да за да се направи како што треба најрано до крај на Март.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 11-Jan-2019 at 13:30
Се подготвува документација за технички прием на автопатот Миладиновци-Штип

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска изјави дека е завршен автопатот Миладиновци-Штип и оти очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата.

– Автопатот Миладиновци-Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата.

Инвестицијата во изградбата на овој автопат изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската Ексим банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со изведувачот на работите, кинеската компанија „Синохидро", беа склучени два анакса на Договорот за изградба, со кои во два наврата се продолжуваше рокот за пуштање во употреба.

Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 11-Jan-2019 at 13:44
Originally posted by Tozovac

Мене некако ми изгледа дека ти сакаш да ги минимизираш работите. Еднаш ти дури и најави дека од извор од министерството ќе го пуштеле крај на Октомври или прва недела на Ноември. Јас возев на Божиќ од Св. Николе до Штип, две клучки не беа асфалтирани и фалеше најмалку 5 километри ограда и жица. Да не зборам за сливовите кои не се бетонирани. Ако не се бетонираат ќе биде полош од експресниот пат Велес - Кадрифаково каде секаде има бетонирани сливови. Така да за да се направи како што треба најрано до крај на Март.

Еве и официјална изјава како потврда дека автопатот ќе биде пуштен месецов, а не март или април. Заштитна ограда нема на 500 метри кај што ќе биде патарината, а не на 5км... За заштитна ограда е точно дека нема на 3-4км ама тоа се средува за еден ден... Автопатот е целосно асфалтиран и обележан и осветлувањето во функција...
Back to Top
nonamemacedonia View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote nonamemacedonia Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 11-Jan-2019 at 13:51
А што ако имаат забелшки од техничиот прием, и они сугерираат да се корегираат некои работи? Тогаш ќе има одолжување?
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 11-Jan-2019 at 13:55
Живи били па видели. Ако одам пак натака ќе застанам да сликам.Овој автопат го чекаме 20 години откако е најавен. Ќе почекаме уште две три недели. Знам дека до сега требаше да се заврши. А ограда од две страни по 4-5 километри се 10 километри. А за сливниците не збориме. Оди Велес - Штип и види како се направени сливниците. Надвозниците два на број не беа завршени. Може се прави за еден ден. Ама како до сега не го направија ако се правеше за еден ден.
Back to Top
husejin View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 11-Jan-2019 at 14:43
Potpolno se slozuvam so Tozovac i drugite komentatori.Nikade vo svetot ne se prolongira rokovite kolku sto vo Makedonija.Nie ne go terame Ministerot za soobrakaj i vrski ili Direktorot za drzavnite patist.Prvo planiraj racunaj pa posle prolongiraj.Znaci nekoj ne planiral ili pak ne znael da planira.Drug odgovor nema.Se drugo e cista laza.A so laza gubis poverenje.Jas prakam mnogu gradezni raboti ovde vo Svedska.Sekogas na pocetokot na proektot stoi golema tabla na koja stojat site informacii okolu objektot.Koga zapocnuva koga zavrsuva kolku kosta i koj stoi zad invsticijata.Se nadevam ovoj pat nema da bide laza.
Back to Top
vlavot View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jan-2019
Location: Stip
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote vlavot Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 11-Jan-2019 at 22:25
Оооо колку пати излегле со официјални податоци, требаше 2017, па 2018 па сеа 2019 да биде завршен, па рокови па бла бла, Се додека не видам со свои очи не верувам дека до крајов на месецот ќе биде пуштен.
Medicus
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 12-Jan-2019 at 13:04
Вчера со гласањето ја протнаа веста за автопатот за Блаце. Истиот ќе чини 8.8 милиони евра по километар. За илустрација автопатот Кичево Охрид ќе чини 9.8 со провизија и грешките и се. Сега и провизија и грешки платено унапред. Све лопови.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 12-Jan-2019 at 14:08
За твоја информација ќе има 4 тунели со должина од 4,5 километри....
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 12-Jan-2019 at 16:16
И Кичево Охрид пола пат е во мостови и тунели. Па првично не чинеше толку. И тогаш есдеес обвинуваа за криминал дека е многу скап автопатот а вемеро дека се бранеа дека е скап оти имало мостови и тунели ама ќе бил квалитетен. Сега вемеро е во нокдаун не може ни да праша. Ама ќе дојде некој понатака ќе праша. А за просечна цена на автопат изгуглајте сами.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1707
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 12-Jan-2019 at 17:30
Направи споредба за чинење на автопат по КМ за било кој автопат направен во МКД или во соседните Балкански земји. Да не збориме на памет.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 13-Jan-2019 at 17:01
Мала пажња http://m.novinite.com/articles/189877/Bulgaria+is+Building+the+Cheapest+Highways+in+Europe
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11904
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 13-Jan-2019 at 17:16
Дали ги прочита коментарите под статијата?

За сè има вторпат
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 13-Jan-2019 at 19:13
Јас само дадов мислење за просечна цена по км пошто ме прозваа. Темата колку еден автопат кошта можеме да ја гледаме само така. А за криминал може да се види детално во документацијата. Квалитет ќе видиме.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1707
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 13-Jan-2019 at 19:17
Originally posted by Tozovac

Мала пажња http://m.novinite.com/articles/189877/Bulgaria+is+Building+the+Cheapest+Highways+in+Europe


Значи до толку си мрзлив што само копи паст на туѓ текст направи.

Ајде вака сега...

Направи истражување (нема да ти одзме многу време, сите бројки ги има на форумов), еве ќе ти помогнам делумно, ти најди и допиши ги сумите, па ќе сумираме на крај:
Демиркапија - Смоквица -
Миладиновци - Штип -
Кичево - Охрид -
Грделица -
Приштина - МКД граница
Приштина - Албанска граница
Бар - Српска граница


*Можеш и некоја делница од Албанија да уфрлиш како и конкретна делница од Бугација пр.Софија-Дупница или Дупница - Кулата

Па после ќе дебатираме

Edited by alexsend - 13-Jan-2019 at 19:17
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 14-Jan-2019 at 12:30
Ме мрзи да барам цени на автопати. Јас тоа што сакав да го кажам го кажав. Кој ме разбра, разбра. Само сакав да укажам на можен криминал. Ама ме фати мрза па ќе одморам ако ми пројде ќе направам анализа и ќе ја доставам до редакцијата на увид па ќе ја објавам
Back to Top
vlavot View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jan-2019
Location: Stip
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote vlavot Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 15-Jan-2019 at 15:46
Некој возел скоро по автопатот, тргнати се блоковите и ладата, може да се вози по него или сеуште не.
Medicus
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 19-Jan-2019 at 19:23
Ете се јавил сугарески најдоцна до крајот на овој .... или средина на следниот месец че го пуштеле. Ете пак најава за февруар средина. Ако на први март одиме за Штип по автопат ќе биде добро.
Back to Top
none_ski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jan-2019
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote none_ski Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 19-Jan-2019 at 21:09
Мислам дека со овој автопат ќе се дешава нешто слично ко со Демир Капија-Смоквица. Ќе го одложуваат официјалното пуштање дур не помине зимска сезона затоа што немаат средства за чистење снег
the more you use your brain, the more brain you will have to use.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.152 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.