build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Миладиновци - Штип
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 15-May-2019 at 08:22
Јас што го возев пред некој ден можам подетална анализа да дадам .
Километрите без жица не ги изброив, ама видов вкупно две екипи на автопатот околу 7-8 луѓе да работат. На автопатот се работи на оградата а паралелно се бетонираат некакви бразди зошто на сливницци не личат. Изгледаат како да е направена бразда во земја и да е турен бетон само. Ако е така фуш како што изгледа за неколку години бетонот ќе пукне и после ќе се лизне надоле на патот.
Back to Top
nonamemacedonia View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote nonamemacedonia Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 16-May-2019 at 16:18
Јас да сум новинар или уредник на некои портал или ТВ станицата, кога ќе изјават дека ќе го пуштат автопатот јас ќе и речам: „Добро, министре за сега нема да пренесеме на Телевизија, прво Вие пуштетето го автопатот па ние ќе објавеме.“ Јас незнам новинарите што толги ги жалат?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 21-May-2019 at 12:07
АКО НЕ ВРНЕ, за седум дена ќе се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип

За седум работни дена, доколку нема дожд, треба да заврши поставувањето на заштитната мрежа на автопатот Миладиновци-Штип, во должина од 47 километри, вели за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Непоставената заштитна мрежа во должина од 30 километри на потегот од Свети Николе кон Миладиновци, според образложението од ЈПДП, пред околу два месеца го одложи пуштањето во употреба на автопатот со кој треба да се скрати патувањето од Скопје до Штип за околу 30 минути.

Китанов тврди дека се отстранува и последната пречка за пуштање на автопатот. Првично по него ќе се вози со времен режим во близина на натпатникот кај Свети Николе каде што треба да се градат спојници, исто како што сега се одвива сообраќајот на делот од автопатот кај Кадрифаково. Паралелно ќе се работи на изградба на 10-ина сервисни патишта што претходно не биле предвидени. За тие активности веќе е објавен тендер што треба да заврши на 2-ри следниот месец, а со него се опфатени и работите за натпатникот кај Свети Николе. Дополнително во тек на летото ќе стартува изградбата на двете планирани патарини, кај Кадрифаково и кај Свети Николе. И во тие делови во тек на изградбата што се очекува да трае околу половина година исто така ќе има времен режим.

Во одговор на дилемите што се отворија во јавноста по пролонгирањето на ставањето во функција на автопатот, Китанов за МИА појаснува дека во декември лани добиле известување од кинескиот изведувач „Синохидро“ дека автопатот е готов, но оти при надзорот било утврдено дека нема сервисни патишта и оти недостига 35 проценти од заштитната мрежа. Мрежата била предвидена во проектот, но ја немало во премер пресметките.

Констатиравме дека ја нема како фактура за плаќање. Затоа се даде казнен налог на Синохидро да ја довршат мрежата. Моментно е останата работа за уште седум осум работни дена но тие да бидат без дожд. Надзорот утврди дека не е завршен делот со заштитната мрежа, околу 35 проценти. Тие се повикуваат на тоа дека имавме времен режим на сообраќај, дека треба таму да се градат патарини, но ние рековме дека за нас најбитно нешто е безбедноста на граѓаните и затоа го одложивме тогашното пуштање бидејќи се поклопуваше и со претседателските избори за да се доврши делот од патот каде требаше да се стави таа заштитна мрежа – изјави Китанов.

Дополнително биле формирани тимови кои ги направиле потребните геодетски снимања каде да се поставува мрежата, утврдено е дали има потреба од експропријација, како и цената, за што се земале параметри од Кичево-Охрид за каде имало премер пресметка. Откако изведувачот ја завршил постапката со понудите пристапил кон нејзино поставување.

Автопатот, според проектот, е завршен комплетно, но проектот имаше многу недостатоци, никој не ги имаше земено предвид населените места околу Свети Николе каде има 30 куќи за кои немало сервисни патишта. И клучката која беше предвидена за Свети Николе беше неупотреблива. Таа се проектираше повторно, се градеше и до декември до кога беше рокот беше завршен натпатникот, но без спојниците. Ги евидентиравме сите работи, како што се цевките на Водостопанство за надводнување на полето, пристапните патишта за населените места, за приклучување кон Свети Николе. Не можевме да ги дадеме на Синохидро затоа што не се во проектот. Направена е проектната задача, објавен тендерот и тој требада заврши на 2 јуни. Но, сите тие активноти се надвор од трупот на автопатот, укажува Китанов и дополнува дека очекува за месец до два да завршат сите работи што се непосредно до патот.

Изградбата на автопатот почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата. Инвестицијата во изградбата на овој автопат изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската Ексим банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со изведувачот на работите, кинеската компанија „Синохидро“, беа склучени два анакса на Договорот за изградба, со кои во два наврата се продолжуваше рокот за пуштање во употреба.

Според Китанов, автопатот Миладиновци-Штип требаше да биде готов во мај 2017 година, а новата Владата дојде еден месец подоцна и неосновани се обвинувањата од опозицијата дека „го кочи“ автопатот.

За три години претходно беше направено 50 проценти, а по утврдување на сите проблеми и потпишувањето на анексот на Договорот ние за една година изградивме 50 проценти – вели директорот на ЈПДП.

Во летниот период ќе следува изградбата на патарините кај Кадрифаково и кај Свети Николе, за кои, укажува, од претходната власт немало проект.

За една година направивме нов проект, извршивме експропријација и извадивме дозвола за градба и веќе аплицираме во ЕБРД, од каде се обезбедуа заем. Очекувам тендерот да заврши до јули и да почне изградбата. И на тој дел од автопатот сообраќајот во тој период ќе биде со времен режи, исто како и секаде каде што се градат патарини – наведе Китанов.

Со заемот од ЕБОР треба да се изградат и патарините за автопатот Кичево-Охрид и да се овозможи софтверско опремување на патарините долж Коридор 8. Изградбата на една патарина со електронска наплата чини околу 1,8 милиони евра.

На автопатот Кичево-Охрид , како што информира Китанов, моментно се работи со намален интензитет, но деновиве се очекува одлука со која ќе може да се користат средствата за изградбата од бидат од кинеската Ексим банка. Станува збор за околу 200 милиони евра од првиот кредит и 185 милиони евра од вториот што беше побаран за дополнителните работи на автопатот утврдени по едногодишниот застој на работите на терен.

Добивме известување дека се одобрени парите од Ексим банка, одобрено е и од Министерство за финансии и од Влада, и знам дека овие десет дена треба да помине во Парламентот во Кина. Тоа се два пакета. Таму се останати 200 милиони евра. Времето за повлекување на тие пари беше до 15 јануари, пет дописи испративме до Ексим банка за да ни дозволат овие да можеме да ги влечеме додека да стаса кредитот, потоа на тие да се пролонгира, но не известија дека плаќањето ќе биде во пакет – објаснува Китанов.

Според проектот, на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри, се завршени 60 проценти од планираните градежни работи.

Нема застој, но ако треба да работи со 100 проценти, сега се работи со намален интензитет и со пристигнувањето на средствата од Ексим банка капацитетот ќе се зголеми за 100 проценти – најавува Китанов, посочувајќи дека се завршени 98 проценти од експропријацијата на земјиштето.

Изградбата на автопатот според првичниот Договор со „Синохидро“ чинеше 411 милиони евра, а со третиот анекс на Договорот беа обезбедени дополнителни 187 милиони евра.

Според новиот анекс „Синохидро“ треба да изгради девет клучки кои претходно не биле предвидени, како и алтернативен пат од Пресека до Арбиново, да изведе дополнителни работи во тунелот Пресека, како и сите пропусти за вода на целата траса и ископите за стабилизација на косините и санација на свлечиштата на целата траса

https://vecer.mk/node/17054
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 21-May-2019 at 12:57
А тоа што им лизна земја пред некој ден не објавуваат.
китанов пред неколку месеци кога рече за 15 дена ќе го возиме рече заштеда направиле на овој автопат од 40-ина мил. евра. Сега сугарески истото го повтори на телма ама 20-ина рече. Заштедата не ме чуди да се однесува на потенцијалните свлечишта што сега со нов тендер го решаваат со пошумување. Да се надеваме дека нема уште да лизга. И дека нема капка да капне наредните 7 работни дена па да видиме дали ќе го пуштат.
Back to Top
husejin View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 21-May-2019 at 14:27
Pa koj go tera ovoj Zoran Kitanov da dava se vakvi kontradiktorni izjavi.Do sega navikata mu bese "patot ke se pusti vo upotreba za 15 denovi"a sega za 7 denovi.Novata vlada koga dojde na vlast napravi analiza na site proekti RM sto bea vo graddba.Pomegu ovie proekti bea Ohrid-Kicevo i Stip Miladinovci.Sto e propusteno od bivsata vlada i samite imaa sansa da vidat.Posle site analizi sami si dadoa rokovi.Se raboti za sopstveni rokovi.Pa kazuva gore deka na patot Ohrid-Kicevo sega se raboti so namalen kapacite a koga ke gi dobijad parite ke rabotat so poln kapacitet.A ne e svesen dodeka dojdat parite Esen Zima ke dojde pa togas nikako ne ke mozat da rabotat.Sto ima vrska postavuvanjeto na ogradna zica so dozdovite.Toj sto raboti raboti i na dozd i na sonce.A sto bi se slucilo ako temperarurata bide poveke od 40 C togas pod zeskoto nema da rabotat.Patarinite neli mozea paralelno so avtopatot da se gradat.Tolku lazat mislat deka narodot nisto ne razbira.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1087
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 22-May-2019 at 00:27
Originally posted by stef4o



Во летниот период ќе следува изградбата на патарините кај Кадрифаково и кај Свети Николе, за кои, укажува, од претходната власт немало проект.

https://vecer.mk/node/17054


Па добро, ако воопшто немало проект за патарините, не морало ни нов проект.😉

Edited by Тркало - 22-May-2019 at 00:27
Back to Top
zlatkom954 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 19-Feb-2019
Location: Niš
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote zlatkom954 Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 23-May-2019 at 20:32
😂😂😂😂
😢😢😢😢
😭😭😭😭
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1589
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 23-May-2019 at 21:17
Koga veke proektiraat moze uste nekoja da stavat, sho se dve patarini!?
Kadrifakovo - Sv. Nikole 10km, a planiraat dve patarini... Sramota!
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 53
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 23-May-2019 at 21:43
Siguren sum deka sme zemja so najgolem broj na patarini po glava na zitel
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #630 Posted: Today at 17:39

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #631 Posted: Today at 17:48
Вчера возев од Кадрифаково до Штип (единствената секција што е пуштена) и можам да кажам дека разочарување е најблагиот збор што може да се употреби за тоа каков е патот. За автопат граден во изминативе 4-5 години имав многу поголеми очекувања. Се чини дека ни 10% од стандардите што се користат во западна Европа при градба на вакви проекти не се употребени кај нас. Всушност за многу проекти во Мк (не само автопати) скоро и да немаме стандарди за градба.

Автопатов е "квалитетен" колку реконструкцијата на А1 што е/беше "квалитетна".
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.