build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Миладиновци - Штип
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 10-Aug-2018 at 16:00
Originally posted by WolfLeader

Da termin za zavrsuvanje e Septemvri , ama kako sto stoat rabotite nema teoretski sansi da bide zavrsen za 20 dena

Всушност рокот е 30 септември, но тоа не менува ништо, нема да биде испочитуван.

Можам да споделам "off the record" информации што ги добивме од повеќе луѓе ангажирани на изградбата, додека ја правевме јунската репортажа. Тие информации можам да ги сублимирам отприлика вака:

Ако не се случат дополнителни проблеми и одложувања, автопатов може да биде отворен за сообраќа на самиот крај на 2018. Но не можам да кажам дека провејуваше преголема сигурност за таков развој на настаните. Главен проблем е скопски Бетон, кој во континуитет доцни и генерално лошо и неодговорно работи на својот сегмент. Гранит не е беспрекорен, но е далеку подобар од Бетон. Синохидро не само што доследно ги почитува обврските туку има доволно капацитет и да ја забрза изведбата на деловите кои ги завлечка подизведувачот Бетон, а токму тоа и го понудиле, но биле одбиени од страна на инвеститорот (државата), очигледно за да се заштити добивката на Бетон како домашна фирма.

Инаку најголем дел од непредвидените проблеми се произлезени од недоволните геолошки испитувања, кои резултирале со неадекватен проект, што на терен се преточи во бројни свлечишта.



Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 11-Aug-2018 at 01:07
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by WolfLeader

Da termin za zavrsuvanje e Septemvri , ama kako sto stoat rabotite nema teoretski sansi da bide zavrsen za 20 dena
Всушност рокот е 30 септември, но тоа не менува ништо, нема да биде испочитуван.
Можам да споделам "off the record" информации што ги добивме од повеќе луѓе ангажирани на изградбата, додека ја правевме јунската репортажа. Тие информации можам да ги сублимирам отприлика вака:
Ако не се случат дополнителни проблеми и одложувања, автопатов може да биде отворен за сообраќа на самиот крај на 2018. Но не можам да кажам дека провејуваше преголема сигурност за таков развој на настаните. Главен проблем е скопски Бетон, кој во континуитет доцни и генерално лошо и неодговорно работи на својот сегмент. Гранит не е беспрекорен, но е далеку подобар од Бетон. Синохидро не само што доследно ги почитува обврските туку има доволно капацитет и да ја забрза изведбата на деловите кои ги завлечка подизведувачот Бетон, а токму тоа и го понудиле, но биле одбиени од страна на инвеститорот (државата), очигледно за да се заштити добивката на Бетон како домашна фирма.
Инаку најголем дел од непредвидените проблеми се произлезени од недоволните геолошки испитувања, кои резултирале со неадекватен проект, што на терен се преточи во бројни свлечишта.

Strasno , banana drzava sme teska , neznam samo do koga takvi firmi ke dobivaat vakvi tenderi , znaci ovie se isti kako prethodnite .. I se da se odviva kako so treba nema realni sansi avtopatot da bide gotov , realno vreme e 2019 ovoj period , a za sinohudro znam deka mnogu dobro ja vrsat rabotata a ovie nasite firmi se problem , kako i na skoro sekoj proekt ...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 11-Aug-2018 at 08:29
Ако ништо друго барем нека ја завршат квалитетно работата... да не се распадни за две години патот.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 50
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 11-Aug-2018 at 08:30
Вака, имам некои непотврдени и некомплетни информации и јас од човек кои работи во Јавното претпријатие за државни патишта кои има одредени информации бидејќи тој проект не му е примарна работа. За следната или неделата после тоа се планира посета на министерот за Транспорт и врски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и евентуално премиерот ( негово било да одлучи дали да оди на поледната обиколка или на пуштањето во употреба кое се планирало пред крајот на годината ). Процентот на реализација на проектот кумулативно изнесувал од 86 до 88%. Делот на Синохидро е околу 97% завршен, на Гранит 85%, на Бетон околу 77%. Гледам и овде на сите Ви е јано дека нема да биде запазен рокот од 30 септември. Сепак,од  делот од Кадрифаково до Штип го возев пред 5-6 денови, но и од краткиот разговор со вработениот кој ми ги напомена овие оскудни податоци и даде свое мислење вака мојата субјективна проценка е дека завршувањето на градежните работи би било средината на ноември или крајот на ноември. На делот на синохирдо гледав слики дека има поставено дури и сигнализација и заштитни огради. За крај сакам да спомнам дека човекот кажа дека и овде имло проблеми како Кичево - Охрид меѓутоа одлучиле медиумски да не го експолатираат тоа бидејќи ќе се создало впечаток дека само се жалат на грешките на претходната власт а дека не се способни да ги поправат. Конкретно имало две свлечишта кај што се изгубило доста време бидејќи во проектната документација не бил добро проценет типот на земјата. Мислам дека и јас како и сите останати овде нема потреба да мешаме многу политика, меѓутоа човекот ми кажа дека навистина, на многу проекти, посебно за трите автопати кои се градеа ( се градат ) излегле сериозни и воопшто непредвидени проблеми.. Се надевам дека и оваа информација како и претходните ќе бидат од корист.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 11-Aug-2018 at 20:40
Za greski na proektite da toa ima skoro na site , kaj mnogu proekti duri nemalo ni napraveno ni zemeno nikakvo rezultati za toa za kakva zemja se raboti , i za toa kaj skoro sekoj proekt osven mislam Demir Kapija - Smokvica nemase takov problem oti nadzorot go pravese stranska firma italijanska ili francuska , a site proekti kaj sto nadzorot bese od mkd ima propusti uste pree pocetok na samata izgradba ne sobirale dovolno informacii za toa na kakov zemjen del ke se raboti i za toa ispadnaa mnogu problemi so svlecista , a isto taka i neresenata eksproprijacija na zemjistata ne se resavala pred pocetok na gradba tuku od koa se pocna , primer e Prilep - gradsko kade sto edna stara napustena kukjarka go blokirase cela godina izgradbata na kluckata kaj Kavadarci i sega konecno pred mesec i pol se pocna so gradba i toa covekot koj sto go kocese toa imase dobieno pari za osteta ama toj baral uste duplo od toa sto dobil mislam okolu 15.000 evra , sega dali e reseno neznam samo znam deka kukjata se urna i se prodolzi so rabota .. Isto takvi problemi ima i kaj Kicevo - Ohrid i toa mnogu ja zakocuva izgradbata , nesto imase i na ovoj avtopat ama mislam ne tolku seriozno .. Taka sto nekoi takvi banalni raboti gi kocat proektite , a i da dosta od nasite firmi koj sto se pod izveduvaci na proektite rabotat so dosta zastarena mehanizacija kaj sto cesto pati ima defekti ...
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 14-Aug-2018 at 06:16
Сите на некој начин го избегнуваме очигледниот заклучок:
1) Во МК не постои адекватен know-how за изведба на проекти за автопати. Најдобро е за сите евентуални нови автопатски делници да се побара да ги прават странски експертски фирми со значаен минат труд во проектирање автопатишта. На пример сите одбегнуваат да го обвинат директно Градежниот Факултет и неговите професори кои го правеле проектот за автопатот Кичево - Охрид. Професорите испаднале класични дунстери и аматери без доволно знаење, експертиза и интегритет.

2) Најдобрите МК фирми (како на пр. Гранит и Бетон) се обични аматери во ефикасноста во работа споредено со светските стандард

3) Дали некој има историска информација колку “успешни“ и прецизни биле проектите за автопатиштата во МК изградени во 20 век? Би се опкладил дека проектите биле исто промашени или дури и полошо. Гледајќи какви магистрални патишта има со перманентни одрони, свлечилишта и сл. дефинитивно проектите направени во 70 - 90-тите биле тежок крш.

Edited by Glava - 14-Aug-2018 at 06:20
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 14-Aug-2018 at 09:29
Браво за кажаното, тоа и јас цело време го трубам, дека ние сме неспособни да направиме нешто како што треба. А уште по трагично е дека и никој не одговара за нанесената штета. Тоа го може само во банана држави.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 14-Aug-2018 at 19:52
Potpolno si vo pravo , najgolemite vinovnici se Gradezniot fakultet i negovite ‘profesori’ koj sto je znaat edna cesma da proektiraat a ne cel avtopat , a i da vinovni se onie koj sto nim im dale takva zadaca ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 15-Aug-2018 at 08:36
Не би ги обвинувал на ангро професорите од Градежен факултет во една општа и генерална форма. Да се разбереме, прво да сакала државата да плати добар проект ќе ангажирала странска фирма/консултант, во зависност од тоа што се прави. На исклучително ниски по вредност проекти по правило се ангажираат македонски проектанти, за жал.

Тука е и главниот проблем. Кога беше интересно концесионирањето на автопатиштата кон Охрид пред едно 10 години, државата сметаше дека целиот автопат од Гостивар до Ќафасан ќе чини околу 430 милиони евра... над 120 километри автопат... на таков терен!

И тука лежи главниот проблем. Некој намерно си нарачувал проекти што ќе чинат многу малку и мислел дека ќе ги протне за што е можно помала сума на пари. На крајот, излезе дека само автопатот Кичево-Охрид ќе чини 400 милиони евра.

Да не заборавиме, на самиот почеток задачата за тоа што ќе се гради ја дава државата. Ако таа постави нереални параметри за проектот, ангажираните фирми за проектирање ќе бидат приморани да ги следат ваквите параметри. Јас ги обвинувам нив единствено за тоа што не говореле јавно за овие проблеми.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 15-Aug-2018 at 11:55

Мое мислење/искуство барем во ИКТ е постојано деградирање на професијата од страна на државата/јавни набавки. Генерално постојат 2 типа на набавки. Оние кои се преплатени и кои се многу веројатно местени. И оние кои не се местени но каде единствен услов е цената а максималниот буџет е многу низок. Максималниот буџет континуирано се намалува и атрактивноста на проектите е многу мала уште пред да почне надавањето дури и да се земе проектот по цена на максималниот буџет. Кога ваквите набавки ќе завршат, се добива крајно неквалитетен продукт кој единствено може да го испорача фирма со дискутабилна експертиза и да и се исплати.

Така да се додека цената, а не квалитетот е главниот/единствен критериум во набавките, ќе имаме вакви ситуации, а квалитетните кадри кои градежниот факултет сигурно ги има, нема да дојдат до израз.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 20-Aug-2018 at 16:19
Амбициозна најава...

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде готов до октомври

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува до крај на септември или почеток на октомври да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип, со евентуално мало пролонгирање за помали работи, а до крајот на месецов во Собранието да биде доставен и законот за анекс договорот за автопатот Кичево-Охрид.

– Очекувам градежните активности согласно рокот за изградба на автопатот Миладиновци Штип да бидат завршени до крајот на септември-почетокот на октомври. Евентуално би останале одредени помали работи како што е поставување знаци кои можеби ситно би го продолжиле рокот – изјави денеска Сугарекси.

https://plusinfo.mk/%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF-%D1%9C%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%B3%D0%BE/
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1541
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 20-Aug-2018 at 17:04
Originally posted by Џоле

Амбициозна најава...

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде готов до октомври

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува до крај на септември или почеток на октомври да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип, со евентуално мало пролонгирање за помали работи, а до крајот на месецов во Собранието да биде доставен и законот за анекс договорот за автопатот Кичево-Охрид.

– Очекувам градежните активности согласно рокот за изградба на автопатот Миладиновци Штип да бидат завршени до крајот на септември-почетокот на октомври. Евентуално би останале одредени помали работи како што е поставување знаци кои можеби ситно би го продолжиле рокот – изјави денеска Сугарекси.

https://plusinfo.mk/%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF-%D1%9C%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%B3%D0%BE/
Ovoj eden rok ne pogodi do sega... Tolku sovetnici vrabotija, ta nema li nekog da go posovetuva da ne se glupira so izjavite!?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1508
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 20-Aug-2018 at 17:24
Ako bide do prvata nedela na oktovmri, jas site sto ke projavat zelba na forumot pivo gi castam
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 669
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 20-Aug-2018 at 18:17
Ама видете нема кажано која година ќе биде, може мисли почеток на октомври 2019 година
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 21-Aug-2018 at 07:41
Клучниот дел од изјавата е "евентуално мало пролонгирање за помали работи". На повеќе од 4.5 години градба, ако речат се пролонгира до јануари 2019 или околу 3-4 месеци е релативно мало пролонгирање ))) Тоа што веќе еднаш се пролонгира за година и пол е друг муабет хахаха
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 21-Aug-2018 at 19:02
Ne mi e jasno samo edni znaci kolku se teski i vreme ke treba da se postavat 🙄😅
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 50
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 25-Aug-2018 at 19:42
Вчера го возев  делот  од  Кадрифаково до Штип и направив 2-3 видеа меѓутоа не знам  како да ги прикачам овде. Делот од Кадрифаково до Три - Чешми слободно можам да кажам дека е 90-95% завршен. Освен последните 2 километри кај кои што сеуште нема последен слој на асфалт и каде што последната клучка не е завршена и има доста работа, другиот дел е целосно асфалтиран со последен слој на асфалт и моментално се работи на уредување на средишниот дел со порамнување со земја и садење на трева. Звучните бариери кај Кадрифаково се веќе поставени, канделабрите и осветлувањето е веќе поставено, фалат уште заштитните огради и хоризонталната и вертикална сигнализација. Не знам за делот од Кадрифаково преку Св. Николе до Миладиновци ( меѓутоа таму мислам дека е слична ситуацијата ), но од она што го видов можам да кажам дека оптимистичките најави дека до крајот на октомври ( со само еден месец доцнење од поставениот рок ) се реални и можат без посериозни проблеми да бидат постигнати.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 26-Aug-2018 at 12:37

Видеата не можаш директно да ги хостираш тука, ама ако ги ставиш на YouTube, можеш едноставно да ги постираш овде. Види точка 5 во упатството:



Back to Top
01 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Aug-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote 01 Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 30-Aug-2018 at 21:53
Drone



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11656
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 30-Aug-2018 at 22:39
Има и подобри видеа од поставените...













Edited by Џоле - 30-Aug-2018 at 22:39
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.