build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Aug-2014 at 17:36
Па незнам точно,работат на тој терен, а и јас вооптшо слабо сум го посетувал овој регион.теренот бил добар за работа но на некои места постоеле некои помали карпи за кои побрза варијанта е да се раскршат со експлозив.

за разлика од таму,автопатот за охрид ќе се гради воглавном со експлозив
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 04-Oct-2014 at 08:57
Една фотка од историјата на овој патен правец...

За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1475
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Oct-2014 at 10:11
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Oct-2014 at 19:49
Eve nesto od mene pokraj Tri Cesmi, celata trasa e probiena osven nekoi mali delovi, na nekoi mesta se pravi nasipot so kamen od kamenolomot ezovo, nekade se kopa, se spremat mostovi,propusti i sl. Slikano e od avtobus pa zatoa i sliktie se takvi kakvi sto se







Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Jan-2015 at 10:37
Ајде малку да ве израдувам петочки
Има обнова на снимките на GoogleMaps...и погодете што се гледа на нив - прогрес!
Ова се први сателитски снимки од новата делница;


Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Jan-2015 at 12:38
Oд Facebook ...


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-Jan-2015 at 13:43
Да не е ова делницата Велес-Кадрифаково?
За сè има вторпат
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 16-Jan-2015 at 16:15
Не знам Џоле... пишуваше  “.. по новиот пат Штип кон Скопје“...

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Jan-2015 at 18:49
И кај "Три чешми" баш забележав пред некој ден дека се гледа напредок само заборавив да постирам.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Feb-2015 at 16:42
Кај клучката пред Миладиновци почнува да се гради дел и за автопатов... Денес поминував оттаму, и сликнав од кола, набрзина (лоша снимка, што да се прави).

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Mar-2015 at 09:20
НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ – ШТИП СЕ ЧЕКА НА АСФАЛТНАТА БАЗА



Малку луѓе и малку механизација видовме при нашата обиколка на градилиштето на патот Штип - Свети Николе – Миладиновци, за кој камен-темелникот беше поставен пред точно една година кај штипската приградска населба Три Чешми. На неколку локации забележавме понекоја градежна машина, понекој камион и по десетина до дваесет работници. За автопат долг 46 километри, широк 29 метри и со зелен појас помеѓу двата правца, интензитетот на работите е слаб. Барем таков беше нашиот впечаток, особено ако се знае дека автопатот треба да биде готов до 2017 година.

Лу Лонг е комерцијален менаџер на кинеската компанија „Синехидро“ која ја доби работата на автопатот, вредна 206 милиони евра. Лонг вели дека има мали незначителни отстапувања од планираната динамика кои биле резултат на неповолните временски услови во текот на минатогодишното лето и оваа зима.

„Имаме проблеми како што се нерасчистени имотно-правни односи на трасата поради што нашиот подизведувач ’Гранит‘ има заостанување во работата. Покрај ова, се јави и потреба од дислокација на телефонска и на електрична инсталација, што не е мала работа. Се надеваме дека Владата ќе ни помогне да ја засилиме динамиката, иако лично верувам дека овој автопат ќе биде изграден во планираниот рок“, ни рече Лу Лонг.

Во моментот, според нашиот соговорник, еден од проблемите за кои се надеваат дека ќе се реши со ангажман на Владата е утврдување на локацијата на која ќе биде инсталирана асфалтната база за која опремата се носи од Кина.

„Асфалтната база треба да се гради на Ежово Поле. Но, локацијата треба да ја утврди Агенцијата за државни патишта на Македонија. Ние се надеваме дека ова прашање бргу ќе се разреши и дека наскоро ќе можеме да пристапиме кон инсталирање на асфалтната база“, оптимист е Лонг.

Целата делница, според нашиот соговорник, е поделена на три дела. Откај Миладиновци работи механизацијата на „Бетон“, а од Штип кон Свети Николе активностите на трасата ги изведува „Гранит“. Се работи на изградба на носачи на мостови и надвозници. На средината, помеѓу Свети Николе и Куманово работи „Синехидро“.

„Од нашата компанија, на овој проект во моментов работат околу 40 луѓе, сите се инженерски кадар од разни струки, а ангажирани се и 60-ина работници од овој крај. Како што ќе се подобрува времето и ќе се отвора простор за работа, така тој број ќе станува се' поголем“, вели Лонг. Тој е сигурен дека наскоро ќе се зголемат и механизацијата и бројот на ангажираните, а ако биде потребно, ќе се работи и во две смени наместо во една, како што се работи сега.

На информативната табла поставена покрај градилиштето стои дека на овој автопат ќе бидат изградени 14 моста, ќе има седум клучки и 25 протоци за водотеци. Како датум до кој треба да бидат завршени работите и автопатот да биде пуштен во употреба е забележан 2 мај 2017 година. Ова е еден од најзначајните проекти за источниот дел на Македонија. Во моментот автопатот од Штип до Велес е во мошне лоша состојба, особено од Штип до Свети Николе каде што има многу крпеници, издадени асфалтни делници и нерамнини, со што возењето претставува голем ризик. Мора да се вози бавно, не повеќе од 80 километри на час, додека по новиот автопат кој растојанието помеѓу Штип и Скопје ќе го скрати за 30 километри ќе може да се вози и со брзина до 120 километри на час. Се очекува овој автопат да даде нов импулс на економскиот развој на источниот регион, кој е еден од најсиромашните во државата и од кој многу млади побегнаа во неможност дома да си обезбедат егзистенција.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=36A9CA57AE8A7A42ADA825344936E94F
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-Mar-2015 at 20:00
Денес разговарав со главниот инженер на делот од трасата на автопатот од 5-ти до 17-ти км, и како што кажа работата оди супер.Планираат до Октомври месец оваа година целосно да ја завршат оваа делница и да ја предадат во состојба до главен тампон .Значи после тоа останува на друга фрима да го стави завршниот слој на тампон и асфалт.

За првите 5 км работата ја има бетон и таму темпото на работа било поспоро,и после Октомври добиваат подршка од овие што ќе ја завршат делницата.

на делот од Св.Николе до Штип,исто така трасата е пробиена,но таму целата делница се изведува со насип,за што треба суви временски прилики и зимава работите биле подзакочени.Неможи да се става насип на врнежливо време,бидејќи наместо насип се добива-кал.

генерално целата траса била пробиена до состојба на движење со работни маши и работа на терен.

Ми се чини дека е задоволително,но само да не ги урочиме
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Mar-2015 at 22:04
Теренот е таков да дозволува брзо пробивање на трасата и добро темпо на работа.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Jun-2015 at 16:14
Пробиени 80 проценти од автопатот Миладиновци - Штип

Инвестициски бум во патната инфраструктура. Градежната оператива е на терен.. Во полн ек е изградбата на автопатот Миладиновци- Штип, се очекува пуштање на патот во предвидениот рок. Во истовреме се работи на 236 километри патна инфраструктура, автопати, регионални и локални патишта...



Преку 500 градежни работници работат на автопатот Миладиновци - Штип каде моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Во моментов работат 2.200 лица на вкупно 230 километри патна инфраструктура од кои 130 километри се автопатишта. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на прва секција од автопатот Миладиновци - Штип на потегот кај селото Средно Коњаре.

Моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Динамиката е запазена. Имавме многу проблеми со врнежите и снеговите, но во моментов добро се одвиваат градежните активности и очекувам во летниот период да се зголемува динамиката, истакна Мисајловски.

Министерот информира дека паралелно се работи на делниците Кичево - Охрид каде работат 900 работници, Демир Капија - Смоквица 700 работници, 100 на Велес -Катланово како и на 46 локални правци.

http://mrt.com.mk/node/23597
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 05-Jun-2015 at 09:12
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 24-Jun-2015 at 12:54
1.


2.


3.


4.


5.


6.

Владо Мисајловски
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Jul-2015 at 16:28
Ima aktivnosti na gradilisteto.
Inaku soobrakajot kon Sv. Nikole i Kumanovo e vo prekin bidejki e srusen mostot na kluckata za Veles (kaj Kadrifakovo).
Eve kratko video od pred nekoj den.

https://www.youtube.com/watch?v=qn_tjX3KLbM&feature=youtu.be

Edited by Denko - 16-Jul-2015 at 17:51
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Jul-2015 at 17:20
Originally posted by Џоле

Да не е ова делницата Велес-Кадрифаково?
Da, taa e...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Jul-2015 at 18:00
Gradeznite raboti na delnicata Veles - Kadrifakovo se vo poln ek. Za zal praksata soobrakajot da se odviva po sred gradiliste po kamenja, pesok i sto li uste ne, ja ima samo vo Makedonija. Bidete vnimatelni... horizontalnata i vertikalnata signalizacija e nikakva, skoro i da ja nema. Gradilisteto ne e obezbedeno, odnosno odvoeno od soobrakajot. Ziva mizerija...
Kratko video:

https://www.youtube.com/watch?v=fHt0YCUyTUo&feature=youtu.be
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 472
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Sep-2015 at 20:29
Како течи работата на трасата , до каде се стигнати дали е некој запознат ? а и ако има некоја пресна фотка не би било лошо да се постави
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.