build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 33343536>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 534
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 28-Jun-2019 at 20:00
Avtopatov nemoze u nieden slucaj da se sporedi so Demir kapija - Smokvica , se gleda po kvalitetot deka ne e uopste dobro izvedeno.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 309
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 28-Jun-2019 at 22:50
Автопатот е катастрофа. Воопшто не изгледа дека е граден пред 3 години. Колку му беше цената?
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 67
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 02-Jul-2019 at 07:39
Автопатот е ок. Косините се катастрофа. кИтанов знаеше да го прозива милошоски дека асфалтирале бандери и дека они кога го земале да го доградуваат автопатот гордо изјавија со сугарески дека автопатот вемеро го граделе аматерски и они ги ОТСТРАНИЛЕ сите недостатоци и сега ќе го направеле автопатот по сите стандарди. И еве косините ги заборајвме. До сега на две места им лизна. Јас очекувам уште на две три места да се лизнат косините до есен.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 02-Jul-2019 at 08:01
Цел нека го преправат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 02-Jul-2019 at 10:13
Глупо е да се цитираш сам себе си но во случајов ќе мора. На 19та страна од нишкава. Причина - види фото подолу.

Originally posted by Влатко

Можеби брзаат да го пуштат проформа. Според мене во моментов најсериозна нерешена работа се необезбедените косини долж трасата. Лесно може да се појави свлечиште кое ќе се најде на коловозот.




Edited by Влатко - 02-Jul-2019 at 10:16
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 02-Jul-2019 at 18:04
Ова е од неделава?
нема шанси....
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 02-Jul-2019 at 21:23
Изведбата е катастрофа, асфалтот е многу нерамен.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 03-Jul-2019 at 06:46
Originally posted by alexsend

Ова е од неделава?
нема шанси....


Мој пријател ја снимил завчера, сега, ако он ме лаже и јас ве лажам.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 03-Jul-2019 at 09:27
Back to Top
husejin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 03-Jul-2019 at 14:42
Ovaa e katastrofalna situacija.Vo vakvi uslovi ne bi trebalo da se koristi patot.Svecilistata trebalo da se posadi so drva ili treva uste vo pocetokot koga e iskopana trasata.Ove ke pravi mnogu golemi problemi
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 04-Jul-2019 at 07:53
Originally posted by husejin

Ovaa e katastrofalna situacija.Vo vakvi uslovi ne bi trebalo da se koristi patot.Svecilistata trebalo da se posadi so drva ili treva uste vo pocetokot koga e iskopana trasata.Ove ke pravi mnogu golemi problemi



Точно така, но наместо класичното и најефтино решение со трева или багреми, постојат геокомпозити составени од мрежи и полипропиленски 3Д мрежи кои се најдобар материјал за спречување како на површинска така и на останата ерозија. Ама кај нас како и за се друго се чека да падне жртва па да се реагира.

Според мене, кога би биле нормална држава, за вака пуштен автопат некој треба дебело да одговара !!!
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 04-Jul-2019 at 17:40
Значи избрзале со пуштањето на автопатот
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 05-Jul-2019 at 09:30
https://expres.mk/vladata-kani-na-svechenost-za-pushtanje-na-avtopatot-miladinovci-shtip/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 05-Jul-2019 at 10:20
Јас спомнав пред повеќе од месец дена дека кога возев на тогаш пуштениот дел од Кадрифаково до Штип заклучокот ми беше дека автопатот е катастрофа, што е многу жално за голем инфраструктурен проект во мала држава како нашава. Без разлика на владите и мешање политики, за нас како граѓани ова е поразително, уште еден од многуте показатели дека нема да доживееме да видиме нормална држава во нашиот животен век.

Инаку мислам дека Миладиновци - Штип ќе е германски автопат споредено со Кичево - Охрид. Со оглед на тоа што сум од Охрид и секое доаѓање во МК поминувам на таа делница, впечатокот ми е дека ќе се срамиме како држава од тој автопат, но дај боже да грешам.
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 06-Jul-2019 at 08:46
абе чути нели го отворија. Какви скапаници се можеа уште да го држат затворен..
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12374
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 06-Jul-2019 at 13:36
Автопатот Миладиновци-Штип денеска свечено беше пуштен во употреба. Автопатот беше пуштен за сообраќај на 5 јуни и тогаш од Министерството за транспорт и врски рекоа дека свечено отворање нема да има.

На свеченото отворање денеска премиерот Зоран Заев кажа дека на косините долж автопатот ќе се засадат 600 илјади садници багрем.

„Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10 отсто како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90 отсто сите ние даночните плаќачи ќе го враќаме кредитот кој што е поволен за вакви инфраструктурни проекти. Овој модерен автопат е лице на новата, модерна Северна Македонија“, рече премиерот Зоран Заев.


https://sdk.mk/index.php/naslovna/dolzh-avtopatot-miladinovtsi-shtip-ke-se-zasadat-600-000-bagremi-kazha-zaev-na-svecheno-pushtane-vo-upotreba/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12374
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 06-Jul-2019 at 15:03
За сè има вторпат
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 09-Jul-2019 at 18:44
Забележав дека на новата сателитска снимка од јуни 2019 има една линија (1) која изгледа слично со таа од снимката од мај 2016 (3) и одредени активности близу кракот Кочани-Скопје (2). Линијата 1 продолжува точно како продолжение на надвозникот со радиус р=350м. Таква варијанта на јазолот Три Чешми се вртеше на интернет пред некое време. Дали има шанси да модифицират јазол што сеуште не е ни пуштен во употреба (и зошто е изграден како што е) имајќи предвид дека патот за Радовиш е планиран да почнува од овде
[/IMG]
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 15-Jul-2019 at 22:44
За 5,7 милиони евра ќе се доградува автопатот Миладиновци – Штип

Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги догради 10-тината сервисни патишта и клучката кај Свети Николе на автопатот Миладиновци – Штип. Градежната фирмата „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на работите за докомплетирање на овој автопат, кои не биле претходно влезени во проектот по кој кинескиот изведувач „Синохидро“ ја градеше оваа делница. Сервисните патишта ќе му олеснат на локалното население, кое со нив ќе може да се поврзе со автопатот или со најблиските локалитети околу него. Ќе се реши прашањето и со цевките на Водостопанството за наводнување на полето, а со овој тендер ќе се доградат и спојниците на клучката кај Свети Николе.

Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, на изведувачот ќе му се исплатат над 353 милиони денари (5,7 милиони евра) за докомплетирање на градежните работи на автопатот Миладиновци – Штип. Притоа, изведбата на планираните сервисни патишта во наредниот период нема да го прекине одвивање на сообраќајот на овој автопат, но на местата каде што ќе се гради ќе има времен режим на сообраќај.

Покрај овој тендер, за автопатот Миладиновци – Штип е распишан и дополнителен тендер за изградба на двете патарини „Кадрифаково“ и „Преод“. Доставувањето на понудите на објавениот тендер е во тек, а очекувањата на Европската банка за обнова и развој се изведбата на патарините да отпочне од 1 октомври годинава, по изборот на најповолен понудувач.

Автопатот Миладиновци – Штип беше свечено пуштен во употреба на 6 јули годинава, а граѓаните почнаа да ја користат делницата долга 47 километри еден месец претходно. Вкупната инвестиција за изградбата на овој автопат изнесуваше 177,3 милиони евра.

https://meta.mk/za-57-milioni-evra-%d1%9ce-se-dograduva-avtopatot-miladinovczi-shtip/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 04-Aug-2019 at 16:23
(ВИДЕО) Дали багремите ќе го „спасат“ автопатот Миладиновци-Штип?



Земја од косините и засеците се свлекува врз новиот автопат Миладиновци-Штип, делница која е во употреба нецел месец по пет години изградба и потрошени 177 милони евра. За возачите и патниците, тоа значи голема веројатност да се наиде на куп земја при движење со дозволените 120 километри на час.

Ерозијата ја заблежале и од Јавното претпријатие за државни патишта, но од таму не гледаат опасност.

„Обезбедени се сите законски мерки за безбедно одвивање на сообраќајот: времен режим на сообраќај, изградба на мали потпорни ѕидови и 24 часовно следење на состојбата и превземање соодветни активности, доколку е потребно“,
тврдат од ЈП за државни патишта.

Со други зборови, привременото решение на проблемот е редовно чистење на коловозот. Конечното решение се багремите кои ги најави премиерот Зоран Заев при официјалното пуштање на автопатот. На површина од 30 хектари, треба да се засадат околу 600,000 садници. Веќе е избран изведувач на тендер, фирмата „Хорти Дизајн“. Цената е околу 215 илјади евра.

„Пошумувањето на теренот ќе започне оваа есен, веднаш штом бидат поволни временските услови за пошумување и треба да заврши најдоцна пролетта 2020 година, но тоа ќе зависи и од временските услови во сезоните за пошумување“,

велат од ЈП за државни патишта.
Професорот на Градежниот факултет при УКИМ, Јосиф Јосифовски, вели дека површинската ерозија е честа појава кај новите патишта, бидејќи треба време да пораснат растенија. Пошумувањето со багреми, додава, е докажана мерка против свлечишта. Но, предупредува дека пошумувањето треба да почне порано.

Со други зборови, привременото решение на проблемот е редовно чистење на коловозот. Конечното решение се багремите кои ги најави премиерот Зоран Заев при официјалното пуштање на автопатот. На површина од 30 хектари, треба да се засадат околу 600,000 садници. Веќе е избран изведувач на тендер, фирмата „Хорти Дизајн“. Цената е околу 215 илјади евра.

„Пошумувањето на теренот ќе започне оваа есен, веднаш штом бидат поволни временските услови за пошумување и треба да заврши најдоцна пролетта 2020 година, но тоа ќе зависи и од временските услови во сезоните за пошумување“,

велат од ЈП за државни патишта.
Професорот на Градежниот факултет при УКИМ, Јосиф Јосифовски, вели дека површинската ерозија е честа појава кај новите патишта, бидејќи треба време да пораснат растенија. Пошумувањето со багреми, додава, е докажана мерка против свлечишта. Но, предупредува дека пошумувањето треба да почне порано.

Багремите не се единствено, но се најефтино решение

За професорот Јосифовски ублажувањето на косините е вообичаена и ефикасна мерка против ерозијата. Но, вели има и други решенија да се осигура безбедноста на новиот автопат додека да пораснат багремите.

„За спречување и на најмала ерозија може да се применат современи материјали како што се геотекстили и геокомпозити во комбинација со семиња од ниска вегетација која брзо расте и ја спречува оваа појава и нејзиното развивање“,
советува Јосифовски.

Материјалот за кој говори Јосифовски наликува на тепих кој ги содржи семињата и се нанесува врз земјените косини. Тој ја држи почвата цврста, а по зазеленувањето се „претопува“ во самата земја. Но, надлежните немаат намера да употребат вакви геокомпозити, неофицијално, бидејќи се скапи, официјално – не се дел од проектот.

„Геокомпозитите се материјали кои можат да се користат за заштита на косините. Со проектот за овој објект е предвидено да се изврши пошумување на косините со што ќе се изврши заштита од ерозија“,

велат од ЈП за државни патишта.
Јосифовски се согласува со решенијата против ерозија, но вели дека ваквите проблеми треба да се предвидат уште пред изградбата, во фазата на геомеханички истраги.

„Оттука, крајно време е да ја разбереме пораката дека за сложени градби и тешки теренски услови мора да има соодветни истраги, иако некогаш може на почеток на проектот да чинат повеќе, затоа што, ако недостасуваат, трошоците подоцна во текот на градба како резултат од нив ќе бидат неколку кратно повисоки“,
потенцира професорот.
Од неодамна, вели Јосифовски, домашните програми за планирање на геомеханички истраги се во согласност со европските стандарди. Но, тие ќе важат за идните градби.

На крајот, може да се заклучи дека сегашноста, додека да пораснат багремите, е примитивна – чистење на земјата со лопата в рака.

Дополнителни милиони за „докомплетирање градежни работи“

Багремите сепак не се единствениот нов трошок за автопатот Скопје-Штип. На почетокот на јули, на Бирото за јавни набавки е објавен договор меѓу ЈП за државни патишта со АД Гранит кој чини близу 5 милиони евра. Парите ќе се потрошат за доизградба на пристапни патишта, премини, клучка, краците Штип-Кочани и Кочани-Св. Николе, поврзување со експресениот пат што се гради кон Кочани и за да се изместат цавководи за наводнување. Работите ќе траат две години.






https://360stepeni.mk/video-dali-bagremite-ke-go-spasat-avtopatot-miladinovtsi-shtip/?fbclid=IwAR2gIxjVdr72FZByqxDfU1ptVLWdtqaB8_wZbP-24RO8-36Q80K0xGwcrR0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 33343536>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.309 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.