build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Миладиновци - Штип
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3435363738 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 05-Aug-2019 at 06:56
Не се нормални , и тие што проектирале, и тие што граделе и надзорот и владата, и бившата што почнала со таков проект... страшно...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Tozovac View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Oct-2018
Online Status: Offline
Posts: 67
  Quote Tozovac Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 18-Aug-2019 at 20:40
Знае ли некој каде треба да се пријави проблем на автопатот. Денес возев Штип -Скопје. После знакот 59 км до Скопје, два пара банкини беа извадени и еден ли со кола си помина и да ме престигаше некој ќе го пресечеше на пола.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 19-Aug-2019 at 09:13
Можеби тие се дивите приклучоци за кои се зборува од ЈПДП неколку месеци, веројатно намерно се оставени дупки додека се изградат приклучоците.

Проблем можеш во АМСМ да пријавиш, имаат и некоја мобилна апликација само не знам колку функционира https://mojpat.mk/web/
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 03-Nov-2019 at 01:14
Originally posted by ironm

Јас спомнав пред повеќе од месец дена дека кога возев на тогаш пуштениот дел од Кадрифаково до Штип заклучокот ми беше дека автопатот е катастрофа, што е многу жално за голем инфраструктурен проект во мала држава како нашава. Без разлика на владите и мешање политики, за нас како граѓани ова е поразително, уште еден од многуте показатели дека нема да доживееме да видиме нормална држава во нашиот животен век.
Инаку мислам дека Миладиновци - Штип ќе е германски автопат споредено со Кичево - Охрид. Со оглед на тоа што сум од Охрид и секое доаѓање во МК поминувам на таа делница, впечатокот ми е дека ќе се срамиме како држава од тој автопат, но дај боже да грешам.


Ги вртев мислењава наназад и можам ова целосно да го повторам после прво возење на тој правец.
На делот одма после Миладиновци неколку доста големи угорнини/надолнини, а и доста нерамен асфалт на неколку места (нешто налик на сегашниот дел од Охрид - Кичево) и тресење на возилото.
Асфалтот на Велес - Штип делуваше порамно.

Патем, од Тетово преку скопска обиколница до самиот влез на автопатот не сретнав ниту еден знак за Свети Николе или Штип.
Првиот знак е на кратко после знакот за Велес - Гевгелија, а претходно се делат на Куманово и Велес - Гевгелија, крајно збунувачки и ај да искористам убав збор - глупо.
Можам да замислам како би му било на некој странец во правец Тетово - Штип на пример.А и јас имав чувство дека сум во странство, едноставно изгубено...

За делот со Охрид - Кичево истото го мислам, со малку постартна кола ептен е занесно на доста места, едноставно лажиТ на гас, а кривините се преостри за таква брзина ~ 120 км.Знаејќи дека ќе имаме и летачи со 150+ и на делот Пресека до Кичево и тунели/високи мостови уште отсега ми е страв за можни последици.

Edited by Тркало - 03-Nov-2019 at 01:27
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 05-Nov-2019 at 10:39
Излезот од Штип - очај

За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 604
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 12-Nov-2019 at 13:57
Ocaen izlez od Stip , neznam zosto e izostaven toj del , a i na avtopatot se gleda deka ima dosta nedovrsen raboti..
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 24-Feb-2020 at 07:53
Зошто има еден дел после миладиновце кој е 3 ленти наместо 2 + 1 за застанување?
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 143
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 24-Feb-2020 at 09:08
Заради тоа што е стандард на угорници и уголници лентата за застанување да помине во трета лента наменета за бавни возила. Не е само тамо, истото го има и на Велес - Катланово, и на Миладиновци - Штип на 2-3 места во двата правци
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 24-Feb-2020 at 13:21
Они треба ама многу за жал не се приклучуваат кон третата лента.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 18-Apr-2020 at 11:11
Вчера возевме низ овој автопат, и имам нешто да кажам.
На почетокот од миладиновци, има големо искачување, зошто е така направен патот незнам, ама ок.
Самата клучка кај Миладиновци е збунувачка, за малце накај Куманово ќе залутавме.
Подоцна низ автопатот постојано знаци дека треба да се вози смешни 70 km/h, и дека има работа на патот, а на некои места нема.
На тие места каде што има, има расфрлано предмети, средено е а немаат тргнато опрема, на многу места видов земја и измет на патот, на еден надвожњак дел од железото му беше извадено, свлечиштата не беа покриени, а на некои места имаше, ако не се грешам поставено некој вид на бетонски плочки, но и тие не беа довршени.
На многу места асфалтот од црн стануваше бел, и обратно.
Колку тоа е квалитетно направен патот господ знае. Чим не го пуштиле со зурли и тапани, или барем не сечеле лента ондак има нешто.
Кога фати снегов овој и минатиот месец, на Фејсбук некој поставил видео, овој автопат пун со снег нема кој да го исчисти.
Да не зборам минатата година кога се враќавме за Скопје што ни се деси.
Накај Свети Николе, ни искочи куче и тоа среде автопат, веднаш закочивме. Да имаше некој позади нас улетан, ќе не учукаше и тоа убаво. Сега гледам мрежа ставиле, ама колку е заграден патов господ знае.
Се на се вака си е одличен пат. Го избраа доста да го пуштат и сеуште не е целосно довршен, а тоа мене не ми се допаѓа.
Треба да го тргнат изметот и остатоците од тоа што работеле, да довршат тоа што не е довршенп, да го сменат лимитот за максимална брзина оти со смешни 70 km/h не се вози на цел пат. Сваќам, има доста кривини, ама делот накај Свети Николе - Штип е сосема рамен.
И никаде не видов ископано за патарина, незнам каде ке ја прават.

А за делот после три чешми, ќе кажам дека е навистина лош. Полн со дупки, едноставно не се вози убаво. Треба што побрзо да го средат тој дел или автопат да биде до самата клучка, или експресен пат, па после да се спои Штип Запад - Штип Југ со експресен пат, и подоцна од Штип Југ до Радовиш се по новиот експресен пат.
Минатата година, Макпетрол си ја реновираа бензинската станица кај Три Чешми, незнам дали знаат у опште дека ќе треба во блиска иднина да се селат (ќе треба да се рушат тие објекти ако се проширува тој пат после Три Чешми до клучката Штип запад).
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 18-Apr-2020 at 12:01
Најголем проблем е што сегашната влада има огромна одбивност да ги доврши проектите финансирани од Кинеската банка. Автопатот итекако е не довршен. Овој автопат ги има истите проблеми како ТЕ-СК пред да се посади вегетација на косините. Да се што треба е да ги пошумат косините за да нема свлечишта. Е сега наместо да признаат дека е недовршан се правдаат дека предходните го направиле не квалитетен. Иначе и јас возев пред некој ден и мене првиот дел кај миладиновци малце ме разочара вожњата но остатокот е добар. За жителите на Св.Николе, Штип, Кочани, Струмица, Виница ова е квантен скок ако се присетиме каков беше патот пред да се изгради експресниот велес кадрифаково и пред да се изгради овој автопат, но мора нешто да фали... Иначе за кучето, има места каде автопатот не е заграде, ни банкина ни мрежа (недовршен за инает). Иначе тие финални работи со се пошумувањето не се воопшто скапи и не гледам причина зашто упорно не се доправуваат. Чисто сумјам и дека асално ќе го одржаваат патот како тргнале да го третираат. Сепак го поврзува скопје со Источниот и Југо источниот регион или преку 250.000 до 300.000 жители.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 143
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 18-Apr-2020 at 12:48
Во делови се согласувам со тебе ама мислам дека во делови имаш претерено. Еве зошто:
прво таа угорница и да бил 2 км посеверно или појужно проектиран автопатот ќе ја имало, и 35 километри јужно кај Велес накај Лозово постои угорница - Велешко брдо. Второ, можеби не е најдобро проектирана клучката, ама сигнализацијата е на ниво. 4 пати има патокази, Куманово/Белград/Софија лево, Штип десно, потоа Штип е право, Велес/Гевгелија/Атина десно.
Трето, таму кај што автопатот е бел, нема последен слој и таму ќе се патарините. Четврто, заштитна ограда има секаде.
Пето - целосно се согласувам за делот после Три-Чешми, ама тој дел е вклучен во експресниот пат Три Чешми - Радовиш
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 18-Apr-2020 at 13:26
Delot "Tri Cesmi-Kadrifakovo" go vozev pred edna godina. Kako vozac nemav zamerka na asfaltot, na del i so brzina od 170-180 km/h vozenjeto bese udobno.
Inaku signalizacijata generalno vo Makedonija e zanikade. Eve npr. na delnicata "Radovis-Strumica del od signalizacijata sto oznacuva gradezni raboti so godini stoi i nikako da ja trgnat

Ova sum go objavuval no eve uste ednas edno spontano video od delnicata "Tri Cesmi-Kadrifakovo".

https://www.youtube.com/watch?v=gbJZ_1tZO3I&t=199s
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 18-Apr-2020 at 16:07
За белиот асфалт не е само на едно место. Туку возиш, црн асфалт, се менува у бел, после црн и пак исто, се до кардифаково мислам каде што после тоа е скрос црн асфалт.
А за тоа со угорницата сакав да кажам дека можеле повеќе да се потрудат и да ја ископаат подлабоко, или да направат тунели, за да нема толкаво искачување, ама како поевтина варијанта имаат одбрано така да биде.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 19-Apr-2020 at 13:00
Следно поминете по Кичево - Охрид за да видете што е искачување и спуштање на сред автопат Crazy
Back to Top
none_ski View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 17-Jan-2019
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote none_ski Quote  Post ReplyReply #716 Posted: 21-Apr-2020 at 08:59
Не гледам проблем во тоа да има патот угорница. Тунел е многу скапа опција, и не гледам зошто би имало тунел, кога и ова решение е сосема во ред. Исто така бојата на асфалтот не значи дека е лош квалитетот на асфалтот, туку дека се правени различни мешавини, со различни фракции (црниот асфалт е од еруптивен материјал, со вулканско потекло, па поради тоа е црн). Кога се работат повеќе проекти во исто време како во периодов, има недостаток на материјали и се зема буквално од кој каменолом колку може, и се прават различни мешавини за асфалти, бетони.. Тоа секако не значи дека квалитетот е лош на едниот асфалт во однос на другиот.
Пошумување на косините се заврши минатата година, но сеуште се мали посадите па не се гледаат поради мимикрија со бојата на материјалот по косините. Погледнете повнимателно и ќе видите дека има огромен број на мали дрвца. Претпоставувам дека се багреми.
Согласно првичното проектно решение патот е завршен, меѓутоа поради огромен број на грешки во проектот (што се гледа по барем 10 тргнати или паднати косини) и поради тоа што не било предвидено како ќе се уклучуваат голем број на локални патчиња на автопатот имаше дополнителен тендер од околу 5мил евра (мислам Гранит го доби). Поради тоа што тој тендер е уште активен, уште средуваат ситници, мораат да имаат такво ограничување поради работа на пат. Се заштитува Инвеститорот сам себе. Мислам дека поради сите овие пропусти сеуште не е направен технички прием на автопатот (што значи дека техички автопатот не смее да се вози), но поради притисок од јавноста го пуштија за возење - со знаци за помала ограничена брзина, ко што кажав погоре, да се заштити Инвеститорот. (пример: доколку не дај Боже некој излета од пат или удри во паднатите косини со 90км/час ќе биде виновен шоферот, ограничувањето му е 70км/час)
the more you use your brain, the more brain you will have to use.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #717 Posted: 21-Apr-2020 at 11:33
Внимание!!!
За сите оние кои што возите на овој автопат од Свети Николе према Скопје, внимавајте, оти на едно место накај Скопје, после големиот мост (вијадукт) има свлечиште. Ќе приметите по тоа дека има бутнати знаци на земјата, а и кај самиот одрон не е убаво означено да се намали со брзина и нема никакво означување дека има свлечиште.
Срамота.

Edited by The Wild Boy - 21-Apr-2020 at 11:36
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5061
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #718 Posted: 12-May-2020 at 12:35
Се санираат косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека во тек е растеретување и санација на косини на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип коишто се појавија по обилните врнежи од дожд и снег во текот на изминатиов период. Ова предизвика неконтролирано слегнување на земјиштето по косините и нивно оштетување.

Ова е како последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација своевременото, согласно со кој е изведен автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип во минатото.

Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта.

ЈПДП започна со вршење на работите за санација на свлечиштата и во моментов во тек е санација на косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Воедно, известуваме дека со извршеното пошумување на 30 хектари при што се засадени околу 600 илјади садници на косините на автопатот Миладиновци - Свети Николе – Штип кое е направено од страна на ЈПДП дополнително ќе се придонесе за нивна стабилизација и заштита од ерозија.











https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #719 Posted: 12-May-2020 at 20:07
Originally posted by stef4o

Се санираат косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека во тек е растеретување и санација на косини на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип коишто се појавија по обилните врнежи од дожд и снег во текот на изминатиов период. Ова предизвика неконтролирано слегнување на земјиштето по косините и нивно оштетување.

Ова е како последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација своевременото, согласно со кој е изведен автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип во минатото.

Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта.

ЈПДП започна со вршење на работите за санација на свлечиштата и во моментов во тек е санација на косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Воедно, известуваме дека со извршеното пошумување на 30 хектари при што се засадени околу 600 илјади садници на косините на автопатот Миладиновци - Свети Николе – Штип кое е направено од страна на ЈПДП дополнително ќе се придонесе за нивна стабилизација и заштита од ерозија.











https://www.facebook.com/drzavnipatista



Дури сега им текна... каква непрофесионалност. Требаше уште пред да се пушти автопатот да го средат ова.
Се виде уште од кога го пуштија автопатот дека не е целосно завршен, и дека беше пуштен само да испадне дека од власта прават нешто.

Еве автопатот низ Грделичка Клисура, исти проблеми имаше и не го пуштија во употреба се дур не го средина проблемот со свлечиштата. Безбедноста пред се.

Се надевам дека по завршувањето на овие активности ќе ги тргнат и знаците кои што беа наменети за привремена употреба. Патов не е во градба, смешно е да има знаци сеуште кои го индицираат тоа и да пишува на нив максимална брзина до 70 km/h.
А веќе кога средуваат, нека стават мрежа насекаде каде што нема, и да ја средат нумерацијата.
Патов на одредени делови е проектиран да се вози 130 km/h, а не сега да пишува 70 km/h и знаци за градба...

Edited by The Wild Boy - 12-May-2020 at 20:10
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #720 Posted: 13-May-2020 at 07:46
Originally posted by Влатко

Можеби брзаат да го пуштат проформа. Според мене во моментов најсериозна нерешена работа се необезбедените косини долж трасата. Лесно може да се појави свлечиште кое ќе се најде на коловозот.


Пишано на 10 јануари 2019, а сега потенцирам дека засадување на багреми не е решение и само ќе се продлабочи проблемот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3435363738 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.