build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Миладиновци - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 13-May-2020 at 09:44
Дождовите предизвикаа свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип, со 440.000 евра ќе се санираат

Првите поголеми дождови пролетва предизвикаа активирање на постојните и појава на нови свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта слегнатата земја на автопатот е констатирана уште во март, по што веднаш е направен увид на терен. За санацијата на појавените свлечишта се издвоени 440.000 евра.

„На 14.04.2020 година е изработено стручно мислење – Извештај од извршена теренска проспекција за проценка на количини за чистење на свлечен материјал од косини на автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип од Градежен факултет – Скопје“, се наведува во образложението на склучениот договор меѓу ЈП за државни патишта и „Гранит“ од Скопје за извршување на итни работи за растеретување и санација на косините на овој автопат.

Од ЈП за државни патишта во нивната вчерашна објава на „Фејсбук“ посочуваат дека неконтролираното слегнување на земјиште на делови од трасата Миладиновци-Штип е последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација во минатото.

– Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта – посочуваат тие.

Автопатот изграден со кинески средства беше отворен за сообраќај на 5 јуни минатата година. Во делницата долга 47 километри беа инвестирани 177 милиони евра, кои беа подигнати како заем од Ексим банката. „Мета.мк“ уште минатото лето пишуваше за проблеми со свлечиштата на овој автопат. За да се заштитат косините од ерозија на земјиштето, извршено е пошумување со 600.000 багреми на површина од 30 хектари.

Уште пред самиот почеток на неговата изградба во февруари 2014 година, овој проект го следеа низа контроверзи, почнувајќи од основното обвинување дека се гради автопат по траса која што не може да генерира доволна фреквенција на сообраќај. Податоците за 2019 година за просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) на потегот од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково изнесуваат 6.421 возила, што е двојно помалку од неопходниот минимум за изградба на автопат на овој потег

https://meta.mk/dozhdovite-predizvikaa-svlechishta-na-avtopatot-miladinovczi-shtip-so-440-000-evra-kje-se-saniraat/
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 13-May-2020 at 14:07
Ova poslednoto so vozilata e stvarno glupavo. Do 2025 ke se dostigne 12.000 vozila so pravilen razvoj na drzavata. Sigurno vo Slovenija ne cekaa da ima tolku vozila za da gradat avtopatista vo ranite 90ti. Patot e na dobra trasa no zasto kosinite gi ostavija taka i zasto se posumuvaat 2 godini po pustanje vo upotreba a ne 2 godini pred vo tekot na gradbata treba da se prasaat nadleznite. Isto dosta popratni raboti ne se dovrseni i se cuva vo losa sostojba patot za koj plativme 200M. Malce tendenciozno ali doboro i od pat se pravi politika...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 13-May-2020 at 15:35
Проблем е што за истите пари (а можеби и за помалку) можеше да се изгради автопат Велес-Штип и да се комплетира Катланово-Велес, со што Штип, а преку него и цела Кочанска и Струмичка Котлина, ќе се поврзеа на точка од автопатната мрежа што овозможува подобар пристап и до Скопје и до цела Македонија. Со еден удар ќе се убиеја две муви. Единствен недостаток би било што од Скопје до Штип ќе се патуваше 10 минути повеќе, што е занемарлив проблем.

Што се однесува до обемот на сообраќајот, се согласувам дека тоа не е некој аргумент. Автопатот се пушти кон средината на 2019, а гледаме и уште се одвиваат градежни работи, така да тие лански мерења треба да се земат со резерва. Вистинските бројки ќе ги видиме после некоја година. А по завршувањето на експресните патишта Штип-Радовиш и Штип-Кочани очекувам и дополнително да се зголеми сообраќајот.
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 13-May-2020 at 15:58
За уредување на косините има специјални компании кои вршат потсејување со секакви семиња на трева, ја миксираат во миксер заедно со вештачки ѓубрива и природни истотака и ја нанесуваат на косините со шмркови, а пред на косините има ставено соодветна мрежа од разградлив материјал која ја држи сета смеса. втората година вршат пошумување со разни видови грмушки и дрвја, по препорака, во зависност од почвата локацијата наклонот и експозицијата. Ова сум го видел на во Турција
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 14-May-2020 at 07:09
Originally posted by elnino

За уредување на косините има специјални компании кои вршат потсејување со секакви семиња на трева, ја миксираат во миксер заедно со вештачки ѓубрива и природни истотака и ја нанесуваат на косините со шмркови, а пред на косините има ставено соодветна мрежа од разградлив материјал која ја држи сета смеса. втората година вршат пошумување со разни видови грмушки и дрвја, по препорака, во зависност од почвата локацијата наклонот и експозицијата. Ова сум го видел на во Турција


Друже си постојат најразлични геомат покривки и тоа е во зависност од предвидувањето на проектантот односно каков состав е косината и колку е нагибот. Доколку е карпеста површина се предлага геокомпозит составен од мрежа за одрони обложена со полипропиленска 3Д волуменска мрежа која што подоцна може да се засее и тревките да се армираат со ПП мрежата. Доколку нагибот е поблаг може да се постави само ПП мрежа прицврстена со У клинови. Точно во некои случаеви може да се постави и биоразградлива најчесто кокосова покривка. Значи решенија има милион и надлежните не е дека не ги знаат но зошто се решија да го пуштат во употреба без санирани косини за кои и некомпетентен човек ќе процени дека не е во ред, тие самите најдобро си знаат.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 24-May-2020 at 20:28
Поминавме од овде пред неколку дена кога одевме накај Радовиш, и морам да ги пофалам надлежните. Но сепак има уште работа.
Прво, повеќето од знаците кои што индицира дека има работа на патот, а сите знаеме дека веќе нема (освен со ова за свлечиштата) беа тргнати, и исто така знаците кои што покажуваа смешна ограничена брзина.
Очекувам и преостанатите да се отстранат, кога целосно ќе се завршат активностите и тие да ги тргнат.
Друга работа.
На неколку места, од страната имаше багери кои што не беа тргнати, ама очигледно се оставени бидејки се работи, па не им се исплати да ги враќаат секој ден, или кога и да работат.

За свлечиштата, повеќето приметив ги имаат пошумено, и преостануваат уште неколку да се пошумат, и тогаш патов ќе се врати во асална состојба, и ќе може да се вози безбедно со соодветна брзина.

На почетокот од Скопје према Штип, одма после големиот рид кај Миладиновци, знакот за едно од селата е шкртнат (со црвена боја мислам), но за тоа село има исклучување.

И да, на местата каде што се менува асфалтот, ќе има патарини, овде на овој автопат мислам дека ќе се само 2.
Е сега глупавата работа е што втората (кон Штип), ќе биде после Кадрифаково. Па така да некој што ќе оди преку Велес, ќе треба да плати патарина, иако не возел низ автопат. Која глупост, само пари да ограбат.
Ајде сфаќам барем Велес - Кардифаково да беше прав експресен пат, ама ни тоа... срамота.

За другото, си е се океј, и јас сум задоволен што почнаа да го средуваат, да биде како што треба. Демир Капија - Смоквица е прав пример како треба да се гради еден автопат. Си ги завршија убаво косините, и ги пошумија свлечиштата, и после тоа никакви несреќи и проблеми.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 24-May-2020 at 21:35
Samo 2 patarini... Steta!
Znaci od Stip do Skopje za seesetina kilometri vkupno 3 patarini, bravos!
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 25-May-2020 at 10:08
Originally posted by Denko

Samo 2 patarini... Steta!
Znaci od Stip do Skopje za seesetina kilometri vkupno 3 patarini, bravos!


Se ima - se gradi
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 26-May-2020 at 15:34
Браво бе од Скопје до Штип 160 денари во еден правец, а 320 денари во два правци за смешни 47 километри автопат...
Срамота бе... гледаат да не ограбат што е можно повеќе. Ајде сфаќам и Штип - Радовиш, или Штип - Кочани да беше автопат...
Патарините иначе ќе бидат кај Преод и Кардифаково. Баш како што предвидов. И тие од Велес што ќе одат до Штип, или накај Кочани/Струмица, иако нема да возат на многу автопат (околу 5 километри автопат), тие пак ќе мораат да плаќаат патарина.

Edited by The Wild Boy - 26-May-2020 at 15:39
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 166
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 26-May-2020 at 19:18
Да.. испаѓа дека ќе мора да платат патарина тие од Велес накај Кочани / Радовиш. Со тоа што не е 5км од Кадрифаково до крајот на автопатот туку е околу 12тина... Колку што знам патарината кај Кадрифаково ќе биде 30 денари, а кај Преод 70 или 80 денари, не ме фаќај за збор...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 26-May-2020 at 20:39
ако патарините се скапи, а знаеме дека има делница преку Велес која е практично нова и брза, и не нуди огромна временска разлика, погодете кој пат ќе го користи населението
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 26-May-2020 at 21:01
Па и преку Велес да се оди до Штип пак 3 патарини ке има исто. 40денари петровец (или Миладиновци исто40) Отовица 80денари и таја новата после Кадрифаково. Ако се оди преку Св. Николе на новиот автопат наместо Отовица ке плати кај преод новата исто 70денари. Се му е однапред израчунато на државата.

Шо се однесува до цената на патарините најдов
(Цитат)
До крајот на јуни се очекува да приврши тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги гради двете нови патарини на новата автопатска делница долга 47 километри. Двете наплатни рампи ќе бидат изградени кај Преод и кај Кадрифаково. Согласно владината одлука ќе чинат по 50 односно 70 денари. Или заедно со постоечката кај Скопје од главниот град до Штип патувањето во еден правец ќе чини 160 денари.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 89
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #733 Posted: 26-May-2020 at 21:41
Siguren sum deka sme zemja so najmnogu patarini po glava na zitel Katastrofa
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #734 Posted: 26-May-2020 at 23:36
Ок да. И од Велес, и од кај Свети Николе, има / ќе има доста патарини.
Поентата ми беше дека за толку малце километри автопат, има многу патарини.
Еве во Србија ако не се грешам, од Граничниот премин со Македонија, па се до Београд дали има 3 патарини. Они 500 пати подобар систем користат, нема налупано милион патарини, а и таму има повеќе автопат на километар.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #735 Posted: 26-May-2020 at 23:49
Мешаш отворен и затворен систем на патарини. Отворен е како во Македонија по делници меѓу градови, затворен е како Словенија на пример, еднаш на влез, еднаш на излез зависно кај си влегот, а внатре мрежата автопати нема патарини. И Србиј амислам во својата автопатска мреже меша на одредени делници затворен, некаде остворен систем, не им тоа докрај решено, затоа се само три, првата е отворен систем ,а после имаш влезп аизлез во затворен систем.

Јас незнам зашто Македонија воопшто наплаќа патарини, тоа во Македониај треба да се укине од неколку причини:
- Неможе да спроведе доследна наплата во сите региони од земјата и излага на крај дека тој што не плаќа е попаметен од другите. Подобро никој да не плаќа него партиски моќници да ги фрустираат другите граѓани.
- Се стимулира движење на товарен сообраќај низ населени места. Типичен пример она што се случува во Петровец да камиони шлепери за да ушпараат некој денар, вртат на пат без тротоари кај што идат деца у школо, па клучката е сечена лепена и прелепувана стопати од банкини, знаци и нацртани ленти. Друг пример и автобуски линии за Куманово идат преку Арачиново низ населено место. Вртење за Куманово пред патарина на див излез преку бензинска. Оградата кај Летевци е искината за излез див према Скопје. Има многу примери.
- Луѓето од Скопје-метро-ареа, ако може воопшто така да се нарече, кои и покрај се го одбрале Скопје за работа, а Велес/Куманово/Тетово/СветиНиколе за живеење ние само ги дестимулираме. Ниту им даваме месечни годишни попусти, само се стимулира да дојдат у Скопје и за живеење. Со ова би им ги намалиле месечните трошоци за превоз, кој им е трошок on-top трошоците што ги имаат Скопјани.
- Тетово-Гостивар, Гостивар-Тетово и Скопје-Велес не се од профил ниту стандард за автопат, по кој се наплаќа патарина.
- Најскапи патарини имаме во регионот гледано за оние кои редовно патуваат, никви програми годишни/месечки, автопревозници, товарни превозници.
- Кога ќе ги собереш сите овие факти на купче, излага дека само патарината кај Градско има реална причина зашто постои.
- Парите кои ги собира Македонија од тој систем се околу 40 милиони евра годишно. Нека ги остави тие пари меѓу граѓаните, има на кој друг начин да се обезбедат. Којзане колку од нив одат како трошоци и плати за самиот систем на патаини да се оддржува.


За да се надомести тоа што Македонија би го изгубила од транзит туристи према Грција во лето и товарни превозници према Солун, може да се воведе некоја електронска наплата за некоја формално правна еколошка такса за странци или како сакаат нека ја викаат, или па електронска вињета и готово. Да се решиме од тој непотребен за Македонија систем од рампи.

Edited by user8642 - 26-May-2020 at 23:53
Back to Top
BrownMade View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BrownMade Quote  Post ReplyReply #736 Posted: 27-May-2020 at 15:54

Зошто после цела година од официјалното пуштање на автопатов, сеуште не е означен на гугл мапс?

Edited by BrownMade - 27-May-2020 at 15:55
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #737 Posted: 27-May-2020 at 22:37
Означен е, ама со тенка линија. Ако зумираш ќе видиш дека има одделни правци. Инаку, неделна, месечна и годишна вињета е спасот од рампи, ама кој паметен да спроведе.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #738 Posted: 30-May-2020 at 20:34
а зошто ние како жители на државата плаќаме ако даваме и данок за истата цел?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #739 Posted: 31-May-2020 at 11:27
Originally posted by zabegan

а зошто ние како жители на државата плаќаме ако даваме и данок за истата цел?
Kakov danok plakate za ista cel? Patarinata e za odrzuvanje na avtopatot. Avtopatot e eden vid "speijalen pat" koj poradi golemite brzini i golemiot broj tovarni vozila bara posebno odrzuvanje i nadgleduvanje. Toa na kratko e sustinata na davakacta koja ne ja plakame vo oblik na danok, tuku kako patarina.
SP: Isklucok e Germanija kade se plaka "danok na avtomobil" vo koj e presmetana i patarinata.

Edited by Denko - 31-May-2020 at 12:38
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #740 Posted: 31-May-2020 at 14:26
Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan

а зошто ние како жители на државата плаќаме ако даваме и данок за истата цел?
Kakov danok plakate za ista cel? Patarinata e za odrzuvanje na avtopatot. Avtopatot e eden vid "speijalen pat" koj poradi golemite brzini i golemiot broj tovarni vozila bara posebno odrzuvanje i nadgleduvanje. Toa na kratko e sustinata na davakacta koja ne ja plakame vo oblik na danok, tuku kako patarina.
SP: Isklucok e Germanija kade se plaka "danok na avtomobil" vo koj e presmetana i patarinata.

Гледаме колку ги одржуваат автопатиштата.
Не вреди ни скршен денар да им се даде искрено, да не знаат еден асфалт да закрпат. Минатото лето од Грчка накај Скопје, делот Демир Капија - Неготино - Градско, за малце ќе излетше автобусот, мислиш земјотрес дрма, патот дупки дупки.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.