build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

„Барокна“ зграда за МЖ-инфраструктура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: „Барокна“ зграда за МЖ-инфраструктура
    Posted: 04-Mar-2014 at 00:58

Коментар е излишен

И Македонски железници – Инфраструктура сака да се смести во барок

Откако ги реши сите проблеми со железничката инфраструктура во земјава, Јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ се одлучи да гради објект во барокен, класицистички или неокласицистички стил во кој ќе ја смести сопствената администрација. На местото на дотраените бараки на претпријатието на улицата „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје ќе никне нов објект. „МЖ – Инфраструктура“ денеска објави оглас за пронаоѓање приватен партнер на кој ќе му го препушти правото за изградба, но и сопственост врз дел од објектот на атрактивната локација. Освен канцелариски простор, идниот инвеститор ќе може до 40% од вкупната површина на градбата да ја намени за хотел, трговски центар или угостителство.

Понудената градежна парцела е со големина од 3.179 метри квадратни, на која е предвидено да се подигне објект со максимална висина од 25 метри, составен од приземје и шест ката. Вкупната изградена површина на објектот ќе изнесува 9.003 метри квадратни, од кои „МЖ – Инфраструктура“ ќе добие минимум 30% или 2.701 метри квадратни, додека останатиот простор ќе му припадне на инвеститорот. Зделката ќе ја добие оној што на железницата ќе и понуди најголем процент од површината на зградата.

Покрај тоа што архитектонскиот стил ќе мора да се прилагоди на проектот „Скопје 2014“, инвеститорот ќе треба да достави банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра, но и да обезбеди адекватен деловен простор од 500 метри квадратни за привремено сместување на седиштето Јавното претпријатие. Објектот ќе треба да се изгради во рок од 24 месеци од денот на обезбедување на градежна дозвола од општина Центар. Крајниот рок за доставување на понудите од заинтересираните компании е 2 април, за кога е закажано и нивното јавно отворање.


http://www.build.mk/?p=33319
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Mar-2014 at 01:07


Edited by mr bombastic - 04-Mar-2014 at 01:07
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Mar-2014 at 02:52
Што е битно бе ,имаме најразвиена железница во Европа ,возовите летаат со 400 км/ч што дури и Кинезите и Јапонците може да ни завидуваат ,па сеа проблем ќе правиме за една барокна зграда.

Јес да нема они да ја платат изградбата ама па „бароков“ не уби начисто.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Mar-2014 at 07:50
Разочарувањето е во тоа што не најавуваат барокни возови.
 
Ако можеме да имаме двокатни градски автобуси во ретро стрил, зошто не нарачаме и барокни возови ? Bash
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Mar-2014 at 08:31
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Mar-2014 at 08:37
А зошто ? Што има лошо во тоа железници да имаат свој објект и да изгледа убаво ? Незнам што толку паѓање во трансови,ок сфаќам во мода е по се да се плука ама овде нема простор за такво нешто.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Mar-2014 at 09:43
Originally posted by Lerin

А зошто ? Што има лошо во тоа железници да имаат свој објект и да изгледа убаво ? Незнам што толку паѓање во трансови,ок сфаќам во мода е по се да се плука ама овде нема простор за такво нешто.


Секако, секако. Најважна работа на една железница е да има убава управна зграда. А железнички станици, пруги, возови - тие работи се сосема споредни.

Нешто што овде не е спомнато, а што може да се прочита меѓу редови, е сумата која ќе биде потрошена за барокнава зграда која сигурно е поголема од 2,6 милиони евра, односно од сумата за реконструкција на целата Железничка станица - Скопје.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Mar-2014 at 09:43
Не ми е јасно како може да прават вакво нешто кога и самото претпријатие е во големи загуби, железничката инфраструктура е ужасна, возовите, за нив немам коментар...
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 112
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Mar-2014 at 10:10
еее шо убаво да си премиер.. си направиш булевар до твојата зграда... си направиш згради одоколу по твоја желба...
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Mar-2014 at 11:19
Originally posted by WhyNot

еее шо убаво да си премиер.. си направиш булевар до твојата зграда... си направиш згради одоколу по твоја желба...


тоа е реалноста ... инаку баш се прашувам дали оваа порака сите ќе ја сфатиме
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Mar-2014 at 16:11
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Lerin

А зошто ? Што има лошо во тоа железници да имаат свој објект и да изгледа убаво ? Незнам што толку паѓање во трансови,ок сфаќам во мода е по се да се плука ама овде нема простор за такво нешто.


Секако, секако. Најважна работа на една железница е да има убава управна зграда. А железнички станици, пруги, возови - тие работи се сосема споредни.

Нешто што овде не е спомнато, а што може да се прочита меѓу редови, е сумата која ќе биде потрошена за барокнава зграда која сигурно е поголема од 2,6 милиони евра, односно од сумата за реконструкција на целата Железничка станица - Скопје.

Значи никој не вика дека не треба прво ПРУГИТЕ И ВОЗОВИТЕ да се средат,нешто што е веќе почнато во лето треба нови возови да стигнат,но тоа не ми е муабетот,муабетот ми е што има пренемагање за џабе,што ќе изгубите вие ако им се изгради на МЖ нова зграда,па уште барокна леле леле,страшно. Кога на некој не му текнало пред 20 години некој ќе мора сега да гради.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Mar-2014 at 16:19
Алоооо пари губиме, пари.... МЖ е во финансиски загуби, и тие загуби ги покрива ДРЖАВАТА со НАРОДНИ пари и која е логиката тука тие да прават нова административна зграда, а тонат во долгови????
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Mar-2014 at 16:21
Им се видел барокот убав де па и вие смешни. Зарем во стаклењак да се сместат? Каков народ и какви размислувања таква држава многу е едноставно.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Mar-2014 at 16:33
Lerin извини те молам од каде тоа дека на лето ќе стигнат нови возови ? Дај те молам кажи која фирма победила на тендерот што сеуште не е отворен и какви возови ќе донесат во Македонија бидејќи јас поима немам ,а веројатно ни тие од МЖ сеуште не знаат.

Инаку дечки значи инвестицијата е ќе биде по пат на јавно-приватно партнерство ,нема МЖИ да инвестира ,но сепак тоа што е барокно здание ме мачи и мислам дека никој нема да се пријави на тендерот за јавно приватно партнерство каде што се уценувани да биде во одреден стил (кој знаеме колку пари лапа за изгледот).
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Mar-2014 at 16:42
Originally posted by Lerin

Originally posted by phenomenon

Originally posted by Lerin

А зошто ? Што има лошо во тоа железници да имаат свој објект и да изгледа убаво ? Незнам што толку паѓање во трансови,ок сфаќам во мода е по се да се плука ама овде нема простор за такво нешто.


Секако, секако. Најважна работа на една железница е да има убава управна зграда. А железнички станици, пруги, возови - тие работи се сосема споредни.

Нешто што овде не е спомнато, а што може да се прочита меѓу редови, е сумата која ќе биде потрошена за барокнава зграда која сигурно е поголема од 2,6 милиони евра, односно од сумата за реконструкција на целата Железничка станица - Скопје.

Значи никој не вика дека не треба прво ПРУГИТЕ И ВОЗОВИТЕ да се средат,нешто што е веќе почнато во лето треба нови возови да стигнат,но тоа не ми е муабетот,муабетот ми е што има пренемагање за џабе,што ќе изгубите вие ако им се изгради на МЖ нова зграда,па уште барокна леле леле,страшно. Кога на некој не му текнало пред 20 години некој ќе мора сега да гради.



Од таквите ко тебе, „Скопје е многу убаво“, што не приметуваат дека резервите се истрошија, а за буџеот да не збориме, и што им е побитна маската отколку функционалноста СИ ПАТИМЕ СО ВЕКОВИ.

За да не кажеш дека те навредувам, чисто да потенцирам (во случајов со МЖ) имаат 2 воза, кои имаа директен судар пред извесно време.
Пругите ретко кој ги користи да транспорт - у превод тоа му доаѓа МНОГУ МАЛКУ или НЕКОРИСТЕНИ, а ти се палиш на тоа дека МЖ ќе имале нова зграда ... тоа ти е исто како приватна фирма (што работи во загуба) за гради ем нова, ем барокна зграда ...

Сами себе headshots си прајме ... аман веќе!
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Mar-2014 at 16:43
Originally posted by martind

Алоооо пари губиме, пари.... МЖ е во финансиски загуби, и тие загуби ги покрива ДРЖАВАТА со НАРОДНИ пари и која е логиката тука тие да прават нова административна зграда, а тонат во долгови????

Можам да се кладам дека ти исто пари ќе имаш и пред и после изградбата на објектов,така да не тролај.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Mar-2014 at 16:57
Не нема да имам исто, а ниту ти и било кој друг жител на Македонија.. Многу ми е тешко да објаснувам зошто нема да имам исто на некој што не ги разбира основните економски појави.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Mar-2014 at 17:35

"На местото на дотраените бараки на претпријатието на улицата „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје ќе никне нов објект. „МЖ – Инфраструктура“ денеска објави оглас за пронаоѓање приватен партнер на кој ќе му го препушти правото за изградба, но и сопственост врз дел од објектот на атрактивната локација. Освен канцелариски простор, идниот инвеститор ќе може до 40% од вкупната површина на градбата да ја намени за хотел, трговски центар или угостителство."


Се бара приватен инвеститор така да МЖ нема да инвестира денар во ова, туку ќе добие готови канцеларии на сметка на парцелата што ја нуди и на сметка на старите бараки. 

Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Mar-2014 at 17:41
Тоа е веќе прифатливо
Во веста каде што ја прочитав оваа информација не пишуваше дека ќе биде јавно-приватно партнерство
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Mar-2014 at 17:44
Originally posted by martind

Тоа е веќе прифатливо

Во веста каде што ја прочитав оваа информација не пишуваше дека ќе биде јавно-приватно партнерство


Мартин пипшав за ова во сугестии и забелешки. Воведниот текст на овој портал е тендециозен и затоа почнува како што почнува. Со оглед на тоа што во поново време луѓето ги читат само првите две реченици јасно е дека првиот впечаток кон веста е негатиен. Искрено не верувам дека тоа е целта на авторот но ете се случило  и затоа најдобронамерно сугерирав. 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.