build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје на Кензо Танге

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 14-Jul-2011 at 19:12






го прашуваат грчев зошто немало јавна дебата, а им одговара не би сакал да знае како би изгледало тоа, што е малку смешно кога денес некој се повикува на истата, демек сега народот е созреан, сепак и тогаш и сега требало да го запознаат народот и да чујат што има да каже, може во таков случај карикирањето на решението на танге немало да помине, а ќе се реализирал целосно некој од другите понудени проекти...







Edited by Max - 26-Jul-2017 at 08:55
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 14-Jul-2011 at 20:04
Макетите на Кензо Танге





Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 14-Jul-2011 at 20:25
ako bi izgledalo skopje denes vaka, mozelo komotno da se snimaat filmovite star wars vo sk
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 14-Jul-2011 at 21:16
лично мене ми делува ладно,и можеби подобра варијанта тогаш би била стакло-челик,ама секој си има сво мислење и треба да се прифати на мнозинството
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 14-Jul-2011 at 21:34
dobro so nikad ne se izgradilo!!!
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 15-Jul-2011 at 00:35
Доволно грд е градски ѕид. Да не се разбереме погрешно, преубави објекти има од тоа време - Пошта, Народна Банка, гимназијата Карев и слично (натур бетон ама специфично обликуван). Проблемот со овој план и со нашиот изграден градски ѕид ми е повторувањето (20 исти блокови, 20 исти кули). Тоа ми е во ред до некаде во Карпош 4 или Чаир, ама не и во Центар. Центарот мора да биде уникатен, според мене.

Заклучок - штета што инфраструктурата не се изградила по планот, но среќа што и зградите не се изградиле.

Edited by Superman - 15-Jul-2011 at 00:36
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 15-Jul-2011 at 01:31
Не знам зошто велите среќа што зградите не се изградиле, па зар оние лименки што сега ги имаме во Центар се поубави од замислите на Танге? Ако ништо друго ќе го снемало Маџир Маало и Скопје уште во тоа време би добил урбан и модерен лик. За инфраструктурните решенија и да не збориме, само што очигледно тогашната власт немала фурутистички размислувања, ама важно го зголемувала Скопје по секоја цена, без некои долгорочни гледишта. И тоа што има толку пољани на макетата не значи дека тие би останале засекогаш така, но според планов Скопје би бил урбана зелена метропола.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 15-Jul-2011 at 03:15
Може да дадам еден предлог. Да направиме споменик, или спомен обележје, куќа или пак во склоп на друг објект важен или кој би бил важен за Скопје. Споменик на Кензо Танге и неговиот план за Скопје. Притоа ако е поголем комплекс може да се постави споменик и за Константинос Доксиадис и неговата работа, а да има и простор за да се оддаде и благодарност до целиот свет за помошта која ни ја пружиле. Исто така еден вид на спомен за загинатите од земјотресот.
Незнам колку Музејот на Град Скопје би можел да претставува ваков објект, најмногу затоа што е музеј, и во него се претставуваат изложби. А ова би било меморијален центар, нешто како за Холокаустот, по функиција, не по изглед....
Но во секој случај неизбежен е споменик на Кензо Танге.
Мислам дека ова има и поголема вредност и оправданост за да се трошат пари, отколку за други работи.



Edited by FoSsiL - 15-Jul-2011 at 03:16
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 15-Jul-2011 at 14:15
Дали некој чул за инспирацијата за градски ѕид дека било калето...бедеми ,кули= градски ѕид,градски кули.Мислам дека негдека имам прочитано нешто такво ама не сум сигурен каде па ме интересираше дали сум у заблуда или у право...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 15-Jul-2011 at 16:03

FoSsiL тоа јапонците не му изградиле, па ние ќе му градиме, а зошто бидејќи конкурирал на оон конкурс на кој иако неговиот проект победил  сепак не прошол, истиот бил искарикиран и спроведен од сосем други...  а ако такво нешто и навистина некогаш се случи тоа ќе би меморијален центар за промашувањата во и на скопје... може и треба да се направи посебна поставка во МГС,  за сите скопски катастрофи од природни до антропоморфни од миоцен навака се до тајкунскава транзиција...

WNBARCH се е можно, но вакво нешто попрво ми звучи како наша интерпретација, но ако навистина е така тоа и ќе било потенцирано од танге...

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 15-Jul-2011 at 17:04
Originally posted by WNBARCH

Дали некој чул за инспирацијата за градски ѕид дека било калето...бедеми ,кули= градски ѕид,градски кули...
Тоа сигурно...дури и нешто како да сум слушнал за инспирација од гердан со нанижени бисери, алтани или којзнае што - дека не е затворен периметар како калето, туку нешто полуотворено...нема врска...

Originally posted by Max


FoSsiL тоа јапонците не му изградиле, па ние ќе му градиме, а зошто бидејќи конкурирал на оон конкурс на кој иако неговиот проект победил  сепак не прошол, истиот бил искарикиран и спроведен од сосем други...  а ако такво нешто и навистина некогаш се случи тоа ќе би меморијален центар за промашувањата во и на скопје... може и треба да се направи посебна поставка во МГС,  за сите скопски катастрофи од природни до антропоморфни од миоцен навака се до тајкунскава транзиција...

Многу тие HC ставов, а не ми е баш јасно...искарикиран и спроведен од други - не мислиш дека требал Танге лопата да фати и да го спроведува планот...карикирање е импровизација во зборувањето, а со разработката на планот се занимавале други урбанисти и планери, кој во многу подолг период се бавеле со темата отколку Танге и дружината за време на конкурсот, а и секаде во светот така се работи...на кратко - не го претставувајте како плашило или марсовец што дошол и ви се испоганил на градот - барајте ја вината меѓу своите постари сограѓани...

Во продолжение, го сликав текстов од списанието „Пресинг“ кое не знам дали е достапно за купување (го праќа по пошта Комората), а е од овој месец - автор е професорот Георги Константиновски и покрај некои негови ставови и забелешки, има и доста фактографски податоци, па мислев дека ќе биде корисен....





MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 15-Jul-2011 at 18:22

Originally posted by Dave Gahan

Многу тие HC ставов, а не ми е баш јасно...искарикиран и спроведен од други - не мислиш дека требал Танге лопата да фати и да го спроведува планот...карикирање е импровизација во зборувањето, а со разработката на планот се занимавале други урбанисти и планери, кој во многу подолг период се бавеле со темата отколку Танге и дружината за време на конкурсот, а и секаде во светот така се работи...на кратко - не го претставувајте како плашило или марсовец што дошол и ви се испоганил на градот - барајте ја вината меѓу своите постари сограѓани...

поентата ми е дека планот на танге како авторски не ни бил усвоен, туку била спроведена преадаптација  на истиот, односно сосем друг план денес некому му личи како план на танге... тоа ти е исто како да речеш имам  сузуки само што е модифицирано од хрват според она како му наредиле стопаните или според капацитетот на фабриката... а танге лопата не мора да фрли за да го надгледува спроведувањето на сопственото дело, што и го правел како што вели поназад олга папеш но за скастрената верзија од неговата идеја... значи не станувало збор за разработка на неговиот план туку за изработка на друг! еве цитат од пост #78 поназад

Originally posted by Max

така да клучната улога ја нема Танге, плус и тоа што го испланирал не видело ни половично бел ден,  со оглед дека уште веднаш е скастрен оригиналниот проект...
...The 40 percent joint winner, the Croatian Town Planning Institute in Zagreb, produced a more modest flexible proposal to the changing needs. A compromise, therefore, was established. Vojislav Mackic was nominated to lead a team formed from the joint winners, with responsibility for the final design and its implementation. By July 1966, the team completed their work on the Master Plan, influenced mostly by Tange's proposals...

 инаку не велам дека е танге  вишок, нит пак марсовец или плашило, туку дека неговото дело  дотерало само  до макета, заради што не ни може да стане збор за некакво гордеење со истото, освен за исфрустрирано истакнување на таа макета во некоја поставка  на МГС за скопските катастрофи, каде може да се потенцира ете дека  по една таква катастрофа имало футуристички урбан обид на метаболистите од јапонија кој заради повеќе причини доживеал дебакл иако имало обезбедено средства од оон, според мене релеватна причина е "тито и сојузниците",  но повеќе како утеха него оправдување, бидејќи скопје и со и без тито пак немало да ја истера визијата на танге...



Edited by Max - 15-Jul-2011 at 18:26
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 15-Jul-2011 at 18:56

не сум знаел дека мачкиќ е битолец, се си мислев хрват... ето му дале сузукито на битолец да го прави LOL

Мачкиќ, Воислав (1930-1994), архитект, проектант, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и соработник со светските реномирани архитекти Ротевал, Циборовски, Танге и др.
Роден во с. Барешани, битолско, 1930 г. Дипломира на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје, во 1955 г. Првото вработување му е во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје, каде што останува до 1975 г. Потоа преминува да работи во Институтот за просторно планирање во Охрид, а во 1985 г. почнува да работи како редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, на групата предмети од областа на урбанизмот.
По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1964 г., е назначен за директор на Секторот за студии и планирање и го раководи југословенскиот дел од меѓународниот тим планери за изработка на основниот урбанистички план на Скопје и истовремено раководи со меѓународниот тим планери за изработка на урбанистички план на центарот на Скопје.
Воислав Мачкиќ како стипендист на Обединетите нации беше на стручно усовршување од областа на програмирањето и планирањето на реконструкцијата и развојот на градските центри во поранешниот Советски Сојуз, Холандија и Англија, а како експерт на Обединетите нации за планирање работи во Република Перу од 1971 до 1973 г. Соработува со светски реномираните архи-
текти Ротевал, Доксијадес, Циборовски, Танге и др. Бил плоден проектант и изработил импозантен број на основни урбанистички планови, просторни планови, планови на населби и архитектонски проекти. Автор е и на повеќе статии во стручни и популарни списанија. 
Меѓу неговите позначајни дела се издвојуваат: урбанистичките планови за населбите Црниче, Буњаковец, Тафталиџе, Чаир и други населби во Скопје (1959-1964), просторните планови на СР Македонија (техносфера) и просторниот план на Општина Велес (1975-1984), основните урбанистички планови за Струмица, Прилеп, Куманово и Кавадарци (1984), деловниот објект 
на Дирекцијата за регулација на р. Вардар во Скопје (1968), хотелот „Бистра“ во Маврово (1969), Домот на младината и пионерите (со тим) во Скопје (1970) и Земјоделско-шумарскиот факултет во 
Скопје (1972).
Четирипати е првопласиран на анонимни архитектонски конкурси. Добитник е на бројни општествени признанија, плакети и благодарници.

стр. 99 

http://www.nuub.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=7&Itemid=

 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 17-Jul-2011 at 16:25

и во нишката железнички станици има интересни фотки од Владимир http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=531&PID=33631#33631 

а еве и нацрт пресек на транспортниот центар  од планот на танге 

од проектот Aus Tokyo Bay wird Skopje на Sean Snyder [1]

After researching in the archives at the NAI I located a publication with the blueprints of a rail station in Macedonia and went to research[2]
ја ископал публикацијата од холандскиов арх. институт http://en.nai.nl/dialogue/lectures_and_debates/item/_rp_kolom2-1_elementId/1_985420 може некој од архибригадирите да побара копија од колегите со кои соработуваат 



Edited by Max - 17-Jul-2011 at 16:30
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 17-Jul-2011 at 18:58
Не мора да се оди до Холандија.. Овој пресек и уште некои прилози ги има во Skopje Resurgent, ама не во сите верзии. Всушност, ова е дел од Конечниот Извештај на тимот на Танге, кој е дел од некои изданија. Лично јас немам ништо, но сум го имал овој материјал на увид

Примероци од книгата има низ Скопје, ама многумина и не знаат што поседуваат (нпр. членови на тогашното Градско собрание и сл.)
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 17-Jul-2011 at 19:50
    еве го SKR  скоро качен http://www.scribd.com/doc/51456001/Skopje-Resurgent-1 најверојатно во вториот дел го има пресеков, но публикацијава за која говорам се однесува само на транспортниот центар во скопје, бар така излегува преводот на идеограмите  

Edited by Max - 17-Jul-2011 at 19:50
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 17-Jul-2011 at 20:07
Можно е.. ако така кажуваат идеограмите

А ова во SKR го има како прилог, би требало да биде на крај, ама не во сите изданија. Можеби и јас сум помешал нешто..

Во секој случај, сите материјали постојат некаде во Скопје, па затоа и реков дека не мора да се оди до Холандија. Сум дознал дека многу од тоа е уништено, на темелен начин, но тоа е тема за антрополошка опсервација..

Edited by mladen_s - 17-Jul-2011 at 20:07
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 17-Jul-2011 at 21:28
 превиден превод, истиот го имам направено за сликата а мислев дека е  за публикацијата トランスポーテーションセンター搜能図 - Figure 搜能 Transportation Center, тоа  figure првиот пат го немав добиено, инаку публикацијата  е текст од списание а гласи "From architecture to urban design: recent work. (1) Skopje urban plan, (2) Plan for Tokyo Tsukiji area, (3) Yamanashi Communications Center;Architects: Kenzo Tange Team" in Japan Architect 1967   
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 06-Aug-2011 at 13:51
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 06-Aug-2011 at 15:31

уште некој да извади добра копија од архивата на списнаието...

Originally posted by Max

текст од списание а гласи "From architecture to urban design: recent work. (1) Skopje urban plan, (2) Plan for Tokyo Tsukiji area, (3) Yamanashi Communications Center;Architects: Kenzo Tange Team" in Japan Architect 1967 
 

Kenzo Tange, Skopje urban plan, in “The Japan Architect”, n. 130, May 1967, pp. 30-69.

http://www.scribd.com/doc/37608929/Kenzo-Tange-JA-n130-May-1967pdf

Vladimir B. Ladinski, Post 1963 earthquake reconstruction of Skopje: Long term effects [1]    

http://desastres.usac.edu.gt/documentos/pdf/eng/doc13793/doc13793-1.pdf




Reshaping the Skopje City Centre 1965 vs 2014
http://kuleuven.academia.edu/LeonoraGrcheva/Papers/1031239/Reshaping_the_Skopje_City_Centre_as_a_National_Agenda_Skopje_1965_vs._Skopje_2014

Edited by Max - 04-Dec-2011 at 20:05
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.