build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје на Кензо Танге
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје на Кензо Танге

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vladimir Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 07-Jul-2008 at 13:59
Супер е дека сите наведени објекти се од МАКЕДОНСКИ архитекти.
НИЕДЕН не е од Кензо Танге!

Студентски дом - архитект Георги Константиновски
Телекомуникации - архитект Јанко Константинов
Блоковите од Градски Ѕид - групи архитекти од македонските проектантски фирми - Бетон, Македонија Проект..   - концептот произлегува од планот на К.Т.


Во времето кога се изградени тие се во тек со светската архитектура (побарајте Paul Rudolph - YALE University...)





Edited by Vladimir - 07-Jul-2008 at 14:23
Back to Top
Vladimir View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vladimir Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Jul-2008 at 14:31
Еве малку инфо за МКД современа архитектура:
http://www.build.com.mk/docs/MKDCARCHRD.pdf

Ова е само еден дел...







Edited by Vladimir - 07-Jul-2008 at 14:34
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 07-Jul-2008 at 14:43
Masterplanot za rekonstrukcija na postzemjotresno Skopje e na Kenzo Tange. Objektive se gradeni spored negoviot plan i vlijanie, ne znam kade spomnav deka se raboti za negovi dela?


Edited by evolutionary - 07-Jul-2008 at 14:47
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 07-Jul-2008 at 14:49
@Evolutionary

Originally posted by Vladimir


Во времето кога се изградени тие се во тек со светската архитектура (побарајте Paul Rudolph - YALE University...)


Значи не е тоа лично влијание на Кензо туку на светскиот тренд во архитектурата во тоа време.  Ова влијание во Скопје е поизразено бидејќи најголемиот развон импулс на градот му се случил ете кога брутализмот бил актуелен. Независно дали тоа му се допаѓа на некого или не.

Edited by pbanks - 07-Jul-2008 at 14:49
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 07-Jul-2008 at 15:19
Ja vo postot so sliki na objekti spored planot na Kenzo toa veke go kazav.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 08-Jul-2008 at 19:13
што е до честа, неа ја заслужува Иван Мирковски млад архитект и артист кој е асистент на техничкиот факултет во Виена, кој како во авануристичка приказна се крева од таму и почнува да истражува тука за постземјотресно Скопје и ај што тргнал во невозможна мисија па на крај и ја наоѓа и спасува оригиналната макета од планот на Кензо која како заборавено азно дремела во скиснатите депоа на музеј на град скопје, а за да излезе авантурата уште по живописна нашиот урбан херој “со привремен престој во Виена“ снима и документарен филм за идејата Ново Скопје и воедно организира и спектакуларна дебата за истата, ни помалку ни повеќе со 9+1 интерНАЦИОНАЛци и армија домашни интелектУАлци обидуајќи се да поттикне позитивна енергија во главите на апатичните и “претежно без компас“ автохтони неимари кои преживуваат во нашата ни бетонска џунгла...


абе батево иако е млад, мислам дека и за почесен градски архитект треба да се избере, само човек со таква енергија може да проба нешто да подспаси од скопскиов калабалак... чесно заслужен Applause !

на мисла сум дека нашиот урбан херој нема да застане тука и ќе направи и продолженија на веќе почнатиов муабет, па со вакви смели потфати прашањата се отвораат не се затвораат, којзнае може и да добие инспирација за потемелно истражување на просторниот план на МКД ’02-’20, па зошто да не и за она што би не чекало потоа пр. мегалополис, скопски залив или нато балканска логистичка база за крупни куршлуси Question !

инаку филмот што го снимил за оваа авантура се вика “The Name without the City” најверојатно монтирал и музика од No Name Nation за ефектот да биде целосен LOL
се надевам дека урбаниотМКхерој од TUW ќе биде доследен до крај во своите намери па документарецот како и форумот ќе ги пушти free on-line како сведоштво за најимпровизираниот главен град во Европа а воедно и идејно најангажираниот на светско ниво доколку австријците не го повампириле веќе со авторски права бидејќи филмот е снимен во соработка со професорот со кого делат катедра...

за сега од него на нет е достапно само интервјуто со кое почнала трибината www.forumskopje.com со архитектот Богдан Богданович во Белград...




она што фалеше можеби во авантурава е внукот на Кензо со изневерениот впечаток од дедому LOL туку ај од оваа кожа не се бега, негде на нет прочитав доста оригинал изјава...“на скопје не му треба хирург - му треба психијатар“ но ја би додал психијатар со тропикалистички пристап во анализите Grouphug

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Jul-2008 at 19:45
...

















Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 09-Jul-2008 at 19:49
Јас да ви кажам право, од ден на ден како излагаат на виделина материјаливе од Танге, се повеќе не ми се свиѓа неговата идеја. Потполно сум против во тоа време да се тргнело кон враќање на старо Скопје (и се га сум против). Добро е што се тргнало во модернистички правец, но правцето на Танге и не е баш некој добар. Премногу е ниска градба, премногу сци-фи. Камо среќа да го замислел како Њу Јорк, ама не е така.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-Jul-2008 at 19:50
Него кога сме кај маќетиве, да ве прашам: Абе што бидна со онаа макетата што ја имаше во Стоковна Мост внатре. Мислам дека беше дел од турска чаршија.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Jul-2008 at 21:27
очигледно интервјуто не се чита најдобро од сликити најверојатно бидејќи photobucket автоматски ја редуцира сликата на 1024х768..... па еве го во текстуална форма истото
се надевам дека нема да боде очи пак LOL

Теа модерна 7 ноември 2007
АРХИТЕКТОТ ОД ВИЕНА ИВАН МИРКОВСКИ ЈА ОТКРИВА ВИСТИНАТА ЗА ПОСТЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ
СПОРЕД ВИЗИЈАТА НА ТАНГЕ СКОПЈЕ ТРЕБАЛО ДА ИЗГЛЕДА КАКО ЊУЈОРК
Иван Мирковски, 27-го-дишен македонски архитект кој живее и работи во Виена, е на прагот да ја осветли докрај вистината, која 40-ина години лежи подзатскриена, фрлена и заборавена во „кафезот" на еден од скопските музеи. Мирковски успеа да ја пронајде макетата на јапонскиот генијален урбанист Кензо Танге од неговиот детален урбанистички план за ново Скопје по земјотресот, футуристичко - архитектонска визија, која да беше реализирана, Скопје денес ќе беше еден од водечките европски градови, слично како квартот Менхетен во Њујорк. Но балканскиот провинциски дух и овде ги замешал своите прсти... Во текот на неговата експедиција „Скопје", Мирковски успеа да ја пронајде оригиналната скрипта на комплетниот проект на Танге за Скопје, печатена во Јапонија во 1966 година, вреден експонат кој ги содржи сите факти и студии за имплементација на Деталниот урбанистички план

Поводот за разговоров е фантас-тичен, но сепак, најубаво ќе биде да одиме по ред и, пред се, да ја за-познаеме јавноста со тебе. Ја завр-шуваш првата година од Архитектонскиот факултет во Скопје, ама едно туристичко патување во Виена ти ја менува инцидентно иднината. Како?
Во јуни 1999 година завршив прва година на Архитектонскиот факултет во Скопје и заминав во Виена по покана на мајка ми, Елизабета Аврамовска - ликовен уметник и архитект, која живееше и твореше таму еден краток период. Ги запознав Сергеј Никољски и Емилија Гранкова (архитекти од Виена), кои ме насочија кон Техничкиот универзитет во Виена TU Wien. Условите беа прифатливи, татко ми Марјан Мирковски ме поддржа целосно, Виена ми остана во срце... и така се случи...
Иако во мегувреме веќе беше примен на Архитектонскиот факултет во Берлин, каде претходно конкурираше, сепак Виена ја избра и како универзитетска можност и како средина каде би можел да се ритуализираш. Зошто изборот падна на австриската престолнина?
За еден месец престој во Виена, сфатив дека TU Wien е еден од најдобрите универзитети во Европа за студии по архитектура. Австрија е блиску до Македонија, има 12 месеци скијање, нуркање на дофат на рака, Венеција за викенд... Берлин ми беше прва опција и до ден денес сум вљубен во градот, но за жал некои работи кои ми беа приоритет, Универзитетот во Берлин не можеше да ми ги понуди. Варијантата отпадна штом го запознав градот покрај Дунав...
Заврши архитектура на Државниот технички универзитет во Виена, еден од најреспектабилните, потоа го продолжи своето образование на истиот факултет со постдипломски студии. Меѓу двете нивоа на студии реализираше урбанистички проект за еден австриски град, користејќи го филмскиот јазик, и сними експерименталентален филм, иако твојот професор беше во почетокот скептичен... проект кој подоцна се покажа повеќе од успешен...
Првиот дел од студиите го завршив со еден голем урбанистички проект во 2003 година под менторство на проф. д-р Ерих Рајт, декан при катедрата за урбанизам на TU Wien. Се работеше за проект за главниот град на австриската покраина, Niederösterreich, Sankt Pölten. Бевме неколку тимови на студенти кои работеа под директно менторство на проф. Рајт. Проблематиката на градот лежеше во административното ткиво кое никако не можеше да се вклопи со останатиот дел. Се работи за град од типот на Бон во Германија, кој со товарот на се повеќе присутната администрација се отуѓува од населението кое во пораст се отселува. Мојата идеја беше експериментален филм (емисија), односно директен пренос (дигитално) на сите случувања од цела Австрија на главниот плоштад на градот во прашање (преку монтажни структури, видеобимови, локално вмрежување итн). Проф. Рајт на почеток беше скептичен околу филмување на проект кој повеќе припаѓа на хартија... Филмот помина феноменално, беше прикажан во градот Сент Пултен, пред многу новинари и врвни луѓе од политиката. На наше изненадување се пројави интерес за вистинско имплементирање на идејата. Излеговме во повеќе весници, со интервјуа, а проф. Рајт до ден денес е во контакт со администрацијата која работи на тоа проектот да ја види светлината на денот. Следната година филмот доби прва награда како најдобро мулти-медијално решение.
Овој успешен потег го наведе деканот на катедрата за урбанизам при твојот универзитет, професор Ерих Рајт да те побара за негов асистент. Во што се му асистираше?
Во јуни 2003 година проф. Рајт ме покани да работам како асистент на катедрата за урбанизам во Виена. Тука започнува еден нов период од мојот живот. Искуството беше одлично со оглед на тоа што бев единствен странец на нашата катедра. Подготвував предавања и материјали, патував како асистент на екскурзии водејќи студенти на проекти во странство, чував испити... Во Италија, Лацио, се одржа еден од најголемите проекти на кој присуствував како асистент заедно со мојот професор, гости од Германија и 40-ина студенти. Тука снимив неколку кратки филмови кои во 2007-мата учествуваа на изложба во Италија. Наскоро, во декември ќе се појават и на фестивал за краток филм во Бруклин, Њујорк и во Букурешт. До ден денес соработувам со катедрата по урбанизам на различни проекти, во моментов учествувам во голема студија околу пазарите во Источ-на Европа како нов урбанистички концепт под водство на проф. д-р Адреас Хофер.
По оваа загрејувачка увертира следуваат прашања за кои одвај че-кам да ги слушнам одговорите. Со еден од најценетите македонски архитекти, кој долги години живее и работи во Виена, Сергеј Никољски, соработуваш буквално од самото твое доаѓање во Виена. Имате работено од дизајн, преку урбанизам до архитектура. Кои позначајни проекти би ги издвоил?
Од самото мое доаѓање во Австрија учев, а потоа почнав и да соработувам со Сергеј Никољски. Како што времето одминуваше растев по различни архитектонски бироа, соработував со Сергеј и со неговото партнерско биро Schluder Architectur, учев занает. Учествував на ка-питални станбено-урбанистички, индивидуално-станбени и дизајн-проекти. Еден од нив беше огромен конкурс каде учествувавме две би-роа за станбен комплекс во Виена. Светски познатите Coophimmel(b)lau победија и со тоа сфатив дека се дружам со врвен тим архитекти кои можат да изгубат некогаш, но само од најдобрите. Освоивме второ место! Следуваа многу други проекти... Задоволство ми направи проектот за винарија од синџирот Wien&Со во самиот цен-тар на Виена. Денес тоа е едно од „нашите" места за излегување. Како поважни проекти исто така би ги издвоил и станбениот комплекс на улицата Summeringerhaubtstrasse во Виена, првата награда на конкурсот на Казино Австрија и неколкуте огромни конкурси на кои земавме учество во 2006 година во Австрија. Последниве години работам и на индивидуални куќи и ентериери во Скопје и во Италија, заедно со арх. Бојана Димитровска (Рим, Италија).
Но постои еден истражувачки проект на кој и двајцата со особено внимание и амбиција му се имате посветено, проектот за Скопје по земјотресот. Сакавте во Скопје да направите архитектонски центар, кој ќе го носи името на јапонскиот архитект Кензо Танге и во кој ќе бидат архивирани сите архитектонски проекти од земјава... Што се случи со идејава, зошто не успеавте да ја матери]ализирате?
Сергеј го запознав една вечер во неговото биро. Се сеќавам почна да ми раскажува за една негова идеја околу некојси павилјон „Кензо Танге", кој би му служел на градот Скопје како центар за архитектура, јавни трибини... Понатаму, таа идеја се влечка низ целата моја приказна „Виена", за во определени моменти од овие мои 9 години таму, да кулминира на неколку фронта: темата солидарност со постземјотресно Скопје, темата социологија, темата изградба на архитектонски центар, па се до темата урбанизам преку документарен филм. Павилјонот имаше големи шанси да биде реализиран пред 4 години, кога бевме примени на неколку состаноци кај тогашниот градоначалник на Скопје. Јапонската амбасада во Виена не прими на неколку состаноци и одобри 50% од сите средства што би ги обезбедила Македонија. За жал, многу ни е позната на сите нам политичката ситуација кај нас, па проектот остана да чека подобри денови. Денес не гледам на идејата како нереализирана, на Скопје му недостасува архитектонски центар и тоа е факт. Секогаш сум оптимист.
Идејата за овој проект еволуираше и зазема нови димензии. Сериозно се навлекуваш на филмскиот јазик, со чија помош раскажуваш приказни за архитектурата. Затоа ќе снимиш документарен филм за Скопје по звмјотресот и ќе откриеш некои затскриени, сега веќе подза-боравени вистини кои јавноста досега или не ги знаела или ииала ис-кривена проекција за нив. Никој не знае точно што се случи со фамозниот конкурс од 1963 година на кој беа мобилизирани осуммина светски етаблирани архитекти и на кој Кензо Танге ]а извојува победата да направи мастер-план за Скопје?
Идејата документарен филм за Скопје постои уште од самите почетоци на темата, која во суштина е неистражена јама полна со праша-ња и празни одговори. Почнав да истражувам уште пред две години, разговарав со луѓе, копав по книги, документи, тропав по врати на институции... Во целата таа моја екс-педиција „Скопје" наидов на многу интересни работи кои колку-толку излегоа од правта насобрана за овие 40-ина години. Оригиналната скрипта на комплетниот проект на Танге за Скопје, печатена во Јапонија во 1966 година, ја добив со помош на еден мој пријател. Тоа е многу вреден експонат кој ги содржи сите факти и студии за имплементација на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје - сообраќајниот систем, транспортниот центар, Градската порта и Градскиот ѕид. Во 1964 година Југославија ги повикува Обединетите нации кои го овластуваат Специјалниот фонд, како нивно тело, за изработка на главен урба-нистички план за централното градско подрачје на Скопје. Проектот Скопје ќе биде запаметен како единствен од таква големина во историјата на Специјалниот фонд на ОН. Како проект-менаџер со ова тело раководел г. Адолф Циборовски од Полска. Во 1965 година сви-кан е интернационален конкурс на поканети автори. Учествуваат: Ба-кема и Ван ден Брук (Холандија), Александар Ѓорѓевиќ (Белград), Македонијапроект (Македонија), Луиџи Пичинато (Италија), М. Роти-вал (САД), Е. Равникар (Словени-ја), Мишевиќ - Венцлер (Р.Хрватс-ка) и К. Танге (Јапонија). Во мај 1965 година првата награда ја де-лат тимот на Кензо Танге, кој доби-ва 60 отсто и проектот на Мишевиќ - Венцлер, кој добива 40 отсто од наградата. Овие два труда заедно со Институтот за урбанизам и архи-тектура од Скопје ја формираат та-канаречената 9-та варијанта. На 25 февруари 1966 година Танге склу-чува договор со Обединетите нации (број на договор: ЦОН 26/66) за консултант при изработка на Деталниот урбанистички план за централно-то градско подрачје на Скопје...
Повторно со помош на Никољски ти си сега во активен контакт со македонскиот писател Ермис Лафазановски, со чија помош го правиш сценариото и описниот сториборд за филмот. Верувам дека веќе имаш прецизна наративна и сликовита ви-зија како ќе го спакуваш филмот. Па, како?
Со Ермис не се познавам се уште лично. Целата комуникација Виена-Скопје одеше преку мејл и така во 2004-тата настана првиот сториборд за документарен филм. Реномираниот писател Лафазановски го изработи, а јас почнав да го надополнувам и да снимам по него. Приказната е лична. За градот кој тукушто треба да го пушти првиот крик. Име без Град, платна и шаторски крила кои се веат на ветрот, миризбата на смртта, сенките на авионите со хуманитарна помош... Структурата, ликот и перспективата на градот се изгубени засекогаш под правта на уништувањето. Градителите и макетата на Скопје се главниот фокус во целата приказна. Сцените ги снимам низ Скопје, дел преземам од Кинотеката на Македонија. Исто така снимам интервјуа со одредени личности од каде црпам интимни детали од првите неколку моменти по катастрофата. Нарацијата во филмот е на актерот Сенко Велинов, кој активно учествува во проектот.
Практично за овој истражувачки проект ти си добитник на грант од твојот универзитет...
Оваа пролет конкурирав со овој проект за стипендија при надворешниот институт на Техничкиот универзитет на Виена. Проектот доби трикратна стипендија.
Овој проект со Сергеј веќе го презентиравте и во Виена на покана на еден куратор, каде предизвика сериозен интерес. Што говорат искуствата од север, колкава и каква е поддршката за да се реализира?
• Галеријата за модерни уметности во Виена, МАК, ануално одржува изложба наречена МАК NITE, каде куратор е светскиот архитект Хаидулф Гернгрос. Нашиот тим на чело со Никољски беше поканет во 2004. Се претставивме со проектот „Your Aid To Ѕкорје". Се проектираше мој краток филм, а низ галеријата парадираа 77 луѓе претставници на 77-те земји кои му помогнале на Скопје по катастрофалниот земјотрес. Тоа беше голем перформанс, проектот беше објавен во списанието СТ/А/Р и во други печатени медиуми. Искрено, чувствувам резигнаци-а кога гледам дека луѓе кои немаат никакви допирни точки со еден мал град, некаде на југ, активно се интересираат и сакаат да преземат нешто. Додека кај нас, таа тема длабоко е закопана во кал како некаква Пандорина кутија.
Она што е можеби највозбудливо во целава приказна е што многумина го обвинуваат Танге особено за тоа како несоодветно е проектиран Градскиот ѕид во центарот на Скопје, во кој струењето на воздухот е ужасно, а никој не ја знае вистинската вистина што точно се случи, зошто Танге не го реализира својот мастер-план?
Танге (1913-2005) беше еден од најгенијалните урбанисти на сите времиња. Во 1960 година работи на мастер-планот на Токио и на неговата структурна реорганизација, а по Скопје, работи на мастер-план за централен дел на Сан Франциско. Водата и симбологијата му биле главна тема при креирање на урбанизмот. Скопје - град на Вардар, им велел Танге на своите соработници. Од Градската порта (Железничката станица) кон никогаш нереализираниот плоштад Република водела градската администрација на две нивоа: пешачко и сообраќајно. Плоштадот бил замислен на сегашниот куп ѓубре околу Народна банка и реката Вардар, каде би биле концентрирани сите административни тела, мост во средина и широко отворен простор во вид на плоштад.
Градскиот ѕид, пак, бил замислен како аркадно изградени станбени блокови кои требале да бидат 3 ката (9 метри) издигнати од нивото на улицата. Под тие високи аркади (на пример, Џенова) би струел воздух во пеколните летни денови, а граѓаните би можеле под длабока сенка слободно да пешачат низ срцето на градот. Нивото број 4 требало да биде тераса/пасарела каде жителите слободно би можеле да циркулираат пешки. Целиот потег, од железничката станица, двата плоштада (еден непостоен) и околу малиот ринг бил замислен како пе-шачки коридор кој би лебдел врз сообраќајниот метеж. По заминувањето на јапонскиот тим од Скопје, амбицијата полека се разложува и приказната за модерно Скопје исчезнува.

Во тоа време макетата на мас-тер-планот на Танге мистериозно исчезна. За после повеќе од четири децении ти да ја пронајдеш во едно од депоата на Музејот на град Скопје и тоа не целата, искршена и подзатскриена...
Од Музејот на град Скопје добив огромна поддршка. Кураторот Јас-минка Намичева соработува со мене и ми помага на секое поле. Заедно со неа, пролетта 2007-ма ја пронајдовме првата оригинална, изгубена макета од студиото на Танге изработена во 1966 година во Токио. Беше зафрлена во нивното депо и со помош на фотогра-фии успеав да ја идентификувам. Сега е моментално во фаза на ре-конструкција и е главен сегмент од мојот документарен филм.
Тоа значи дека Скопје во тоа време, кога целиот свет му беше наклонет, имал 100 проценти гратис-шанса да прерасне во убав и светски препознатлив град. Каде ја бараш вината? Кој не сакал денес да се гордееме со нашиот матичен град, а не да се срамиме од сиви-лото и грдотиите кои секојдневно никнуваат без особен ред и смисла за естетика?
Вината не може да се бара индивидуално. Целиот концепт на нашето опстојување како држава се сведува на парадокс и импровизација. Скопје се уште ѕирка под си-вилото на урбаниот хаос. Треба убаво да се концентрираш и мислам дека се уште можеш да го видиш. Нашиот Град. Како оние оптички игри во кои мора убаво да се загледаш во хаосот за да излезе вистинската форма.
Вистина ли е дека архитектонскиот мастерплан на Танге за Скопје во тоа време бил дотолку експериментален што Скопје требало да биде Њујорк на Балканот?
И повеќе! Во 60-тите години се појавува бруталистичкиот стил во архитектурата, како одговор на модернизмот инспириран од швајцарскиот архитект Ле Корбизије. Стилот во кој Танге одговара на проблематиката со која се соочува Скопје е наречен според материјалот кој Корбизије го нарекува beton brut. Името Скопје требало да носи град од преодната фаза од модернизмот кон постмодернизмот. Денес со тоа би го носел приматот еден од најинтересните и најмодерните градови во Европа. Слично како квартот Менхетен во Њујорк, кој на средина на 19 век бил експериментално започнат со градење.
Точно ли е дека Танге го има избришано неговиот мастер-план за Скопје од своето сиви?
До пред неговата смрт во 2005 година, мастер-планот за Скопје го немаше во неговото сиви на неговиот официјален сајт. По 2005-тата, на новиот веб-сајт на студиото Kenzo Tange Associates може да се забележи дека проектот Скопје стои во листата на изработени мастер-планови. Се некако ми личи дека господинот Танге тоа не би го одобрил.
Сето ова ќе го снимиш како документарен филм, кој практично ќе биде одбрана на твоите постдипломски студии. Кога планираш сето ова да го завршиш и дали по премиерното прикажување во Виена ќе можеме во Скопје да дознаеме за болната вистина за историјата на нашиот град?
• Завршувам во јануари 2008 година со прикажување во Виена, а потоа следи подиумска дискусија со гости (архитекти) од Австрија и прикажување на филмот во Скопје.

Ивана Тасев
ТЕА модерна 7 ноември 2007















Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Jul-2008 at 23:15
мислам дека танге имал бришан простор за секаков експеримент, но она што го извадил на маса како проект морало да го има во фиока во некаков вид можеби концепт, но преку ноќ туку така не се прави проекција на простор па дури и да ги имаш елементите спремни како лего коцки, такада најверојатно кензо доста и импровизирал (имам такво чувство иако со него работел цел свет архитекти)... исто незнам дали можело нешто да помине а да не биде прочистено во БГ заводите за социјализам и контраразузнавање па така од мастер-план Ново Скопје одобрен е и реализиран планот Шарено Скотје, па сега се бориме да фатиме некој нов ритам кој реално е возможен единствено ако се ослободиме од старите навики само лошото да го бараме во нас... дури и се да искристализираме џабе е кога ностоп имаме активен чип за комплекс од ниска вредност...

она каде сме најјаки а тоа е културата и традицијата, тоа треба да го искористиме креативно (градот да зборува, ако може и да пее LOL) па така доволно е пр. да изворниот ритам од 7/8-ни го распостелиме како плоштади околу центарот и да добиеме ако ништо друго бар симболика на ионака збунетиот концепт кој сме го затерале, исто повеќе од потребно е (навечер) да ги осветлиме атрактивно позначајните мостови, фасади, фонтани, УЛИЦИ, кејот... поле на кое во моментов има доста простор за експерименти и тоа не толку гломазни а воедно и ефтини како што е www.agabekov.com -
Дубровник

Хелсинки


Колоњ


Тортоса


Атина


Женева



дефинитивно само ова чаре ни останува за се друго треба време. живци и пари и тоа многу а од тоа скоро со се сме во дефицит...

може исто да се интервенира и со разни артистички блокови, како што е по сите метрополи еве еден пример на креда графити стереоскопија




Edited by beTon - 25-Jul-2008 at 17:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Jul-2008 at 23:53
Колоњ Question

Ваљда мислиш Келн... Dunno
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 10-Jul-2008 at 00:32
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 10-Jul-2008 at 20:39
Originally posted by beTon

исто незнам дали можело нешто да помине а да не биде прочистено во БГ заводите за социјализам и контраразузнавање па така од мастер-план Ново Скопје одобрен е и реализиран планот Шарено Скопје, па сега се бориме да фатиме некој нов ритам кој реално е возможен единствено ако се ослободиме од старите навики само лошото да го бараме во нас... дури и се да искристализираме џабе е кога ностоп имаме активен чип за комплекс од ниска вредност...


Самокритика е многу битна алатка за да одиме напред а не е комплекс на ниска вредност. Наводниот комплекс на ниска вредонст пак не се "демантира" со реченици како онаа болдираната. Напротив така се потенцира. Ниту пак комплекс на висока вредност ќе ни помогне (како на пример митот дека сме ние најкултурните, најтрадиционалните, најмузикалните итн). Не сме ни полоши ни подобри од другите (т.е. не би требале да бидеме ни полоши ни подобри од другите). Се што треба е ладна глава и многу работа тоа е правиот пат.

Инаку се сложувам дека страшно многу фали добра илуминација по градот. За почеток треба добро да се поработи на камениот мост кејот во потегот од мостовите Гоце Делчев до Народна Банка како и Мал Ринг.

А за Иван Мирковски браво. Иако пораките на Форум Скопје тешко да стигнат до оние до кои треба да стигнат обидот е за почит. Thumbs%20Up


Edited by pbanks - 10-Jul-2008 at 20:42
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 10-Jul-2008 at 20:44
Originally posted by lslcrew

Јас да ви кажам право, од ден на ден како излагаат на виделина материјаливе од Танге, се повеќе не ми се свиѓа неговата идеја. Потполно сум против во тоа време да се тргнело кон враќање на старо Скопје (и се га сум против). Добро е што се тргнало во модернистички правец, но правцето на Танге и не е баш некој добар. Премногу е ниска градба, премногу сци-фи. Камо среќа да го замислел како Њу Јорк, ама не е така.


Незнам каде гледаш ниска градба? Има доста гломазни градби како денес може само да посакуваме. Потегот од ГТЦ до Железничка станица на пример е начичкан со масивни објекти.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 10-Jul-2008 at 20:50
Не е само ниска градба (до20 ката) што ми смета. Премногу му е сци-фи замислата. Требало малце поедноставни градби, прости форми. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 10-Jul-2008 at 20:52
Originally posted by lslcrew

Не е само ниска градба (до20 ката) што ми смета. Премногу му е сци-фи замислата. Требало малце поедноставни градби, прости форми. 


тоа е веќе работа на вкус тука немам што да кажам. Јас лично го обожавам делот што го спомнав (ГТЦ-Железничка). Од друга страна никогаш го немам баш сварено концептот за градска куќа на Плоштад Македонија од тоа време. Како и да е генерално сум доста позитивен кон Танге и неговите идеи за Скопје.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 10-Jul-2008 at 21:31
о
Originally posted by pbanks

Originally posted by beTon

исто незнам дали можело нешто да помине а да не биде прочистено во БГ заводите за социјализам и контраразузнавање па така од мастер-план Ново Скотје одобрен е и реализиран планот Шарено Скопје, па сега се бориме да фатиме некој нов ритам кој реално е возможен единствено ако се ослободиме од старите навики само лошото да го бараме во нас... дури и се да искристализираме џабе е кога ностоп имаме активен чип за комплекс од ниска вредност...


Самокритика е многу битна алатка за да одиме напред а не е комплекс на ниска вредност. Наводниот комплекс на ниска вредонст пак не се "демантира" со реченици како онаа болдираната. Напротив така се потенцира. Ниту пак комплекс на висока вредност ќе ни помогне (како на пример митот дека сме ние најкултурните, најтрадиционалните, најмузикалните итн). Не сме ни полоши ни подобри од другите (т.е. не би требале да бидеме ни полоши ни подобри од другите). Се што треба е ладна глава и многу работа тоа е правиот пат.


не дека не треба човек да е свесен кај му поминала младоста, но бар треба да гледа малку повеќе напред и од она што му останало да направи нешто корисно... мислам дека критичноста е во ред доколку човек е здрав но кога ќе се искилави веќе нема време да гледа доле во врвките зошто може нема да се сопне но така сигурно во ѕид ќе акне па уште и ако е забрзан а тоа ние сме 300 на сат тогаш и прекршување не му гине, него тоа е многу субјективно како и кон што ќе ја насочиме енергијата, битно е да ја насочиме, држи вода тоа дека треба да работиме но проблемот е што имаме многу недоквалификувани или воопшто амбициозни институции, ВМРО наметна темпо ќе видиме дали и ќе го издржат поготово кога сите одоколу се опуштени максимално па така подобро е дури и неодобрени проекти да се туркаат него само ветувања да се расфрлаат...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Jul-2008 at 21:37
Originally posted by beTon


не дека не треба човек да е свесен кај му поминала младоста, но бар треба да гледа малку повеќе напред и од она што му останало да направи нешто корисно... мислам дека критичноста е во ред доколку човек е здрав но кога ќе се искилави веќе нема време да гледа доле во врвките зошто може нема да се сопне но така сигурно во ѕид ќе акне па уште и ако е забрзан а тоа ние сме 300 на сат тогаш и прекршување не му гине, него тоа е многу субјективно како и кон што ќе ја насочиме енергијата, битно е да ја насочиме, држи вода тоа дека треба да работиме но проблемот е што имаме многу недоквалификувани или воопшто амбициозни институции, ВМРО наметна темпо ќе видиме дали и ќе го издржат поготово кога сите одоколу се опуштени максимално па така подобро е дури и неодобрени проекти да се туркаат него само ветувања да се расфрлаат...


На место е ова што го велиш. Темпото е многу битно и (наметнатото) е за респект но битен е и фокусот. За жал фокусот барем во делот на темите кои ние се обидуваме да ги третираме на форумов е погрешен и повторно е (пре)дефиниран од нашите колективни комплекси. 

Cheers
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 22-Jul-2008 at 16:52
eve najdov na net uste nekolku sliki vo vrska so nekoi proekti od Skopje
http://picasaweb.google.com/volclub/UrbanizamPredavanje209
ako ne go mrzi nekoj da gi uplodira, ne bi bilo loso da gi imame i tuka
pa ako nekoj ima informacii sto kako , neka pise

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 4.043 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.