build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стиропор под подна плоча?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Ognen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Mar-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ognen Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стиропор под подна плоча?
    Posted: 27-Mar-2014 at 10:24
За неколку дена почнувам со изградба, моментално се гради во комшии и комшијата под подната плоча пред да се излее стави 5см. стиропор мислам дека беше 20 килски.

Ме интересира дали и каква разлика ќе направи таква инвестиција?

Ви благодарам.


Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Mar-2014 at 18:54
Прави разлика во акумулирање на топлина (односно нема да акумулира ладно) и исто така во губење на топлина. Друго многу не прави разлика ама и ова е доволно.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Mar-2014 at 20:10

koshulica ti treba posekako dali zaradi parket ili podno greenjeno vo sprotivno mozhes da odish so shtafli pomegju stiroporot a odozgora brodski pod ta da ja zaobikolish koshulicata iako kje imash toplinski mostoi kaj shtaflite ta ko shto veli daci kje greesh tro povekje iako ne neshto osobeno, sepak na podot otpagjaat 20% od toplinskite zagubi
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Mar-2014 at 22:21
мојот дневен салон е составен од две соби.во едната соба уште пред 20 години врз плочата ставивме стиропор 2 см непресуван,обичен,после врз него кошулица од 3-4 см, и врз него паркет.другиот дел од салонот го правев пред 5-6 години и пошто имапе висинска разлика,ставив кошулица,па дирекно паркет.пошто сакав и тука да изолирам,ставив стиропор од долната страна на плочата и тоа 5 см пресуван-,во подрумот.

интересно е што потопол под имам таму каде е стиропорот под паркет,а поладен под каде стиропорот е под плочата иако каминот ми се наоѓа во вториов дел каде стиропорот е под плоча.


значи ако можиш ставај стиропор под паркет,и танка кошулица
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Mar-2014 at 15:48
Originally posted by gjoko

мојот дневен салон е составен од две соби.во едната соба уште пред 20 години врз плочата ставивме стиропор 2 см непресуван,обичен,после врз него кошулица од 3-4 см, и врз него паркет.другиот дел од салонот го правев пред 5-6 години и пошто имапе висинска разлика,ставив кошулица,па дирекно паркет.пошто сакав и тука да изолирам,ставив стиропор од долната страна на плочата и тоа 5 см пресуван-,во подрумот.

интересно е што потопол под имам таму каде е стиропорот под паркет,а поладен под каде стиропорот е под плочата иако каминот ми се наоѓа во вториов дел каде стиропорот е под плоча.


значи ако можиш ставај стиропор под паркет,и танка кошулица


Топлината се впива во бетонот (односно тој ја впива) и се шири по целата должина,ширина и висина на бетонот ,а тоа значи дека и ако имаш столбови таа ќе се пренесе и во столбовите и во секој бетон што го имаш поврзан со плочата директно.

Разлика се состои во тоа што секогаш за под е подобро стиропорот да е од внатре а не од надвор (за разлика од ѕидови). На другиот дел од дневната имаш стиропор од внатре и таму плочата е ладна што значи дека бидејќи стиропорот на другиот дел од дневната ти е одоздола топлината од внатре се шири по целата плоча и се губи доле.Затоа е најдобро да се постави или од внатре или од двете страни.
Ако си видел на оние системи за подно греење ги монтираат на едни плочи ,тие плочи се исто така изолациски материјал ,за да не се губи топлината надоле, туку да оди нагоре.

Во принцип на сите понови плочи се става стиропор од 2-3цм непресуван и најлон врз него па се прави кошулица, тоа сум го видел и во згради градени на крајот од 80десетите и почеток на 90тите каде што се реновирал подот комплетно.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Mar-2014 at 19:30
знам Даци,ја разбирам физиката на ширењето на топлината,кај мене беше проблем што веќе имав кошулица во делот каде нема стиропор,па морав да одам со ставање под плоча од страна на подрумот
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Mar-2014 at 00:49
Така и си мислев , него мислам дека колку толку ќе му се разјасни на Огнен и самиот би одлучил за што понатаму.
Back to Top
Ognen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Mar-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ognen Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Apr-2014 at 23:01
Дечки фала пуно за одговорите и искуствата, за под кошулица нормално дека ќе ставам,само уште незнам дали ќе одам со подно греење или парно, мене ми беше чудно за стиропорот под плоча дали нешто ќе смени и дали ќе ми се исплати,како и да е фала.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Apr-2014 at 23:41
Како што кажав и тој менува, но нема многу голема разлика да осетиш од таа изолација под плоча ако имаш стиропор под кошулицата (односно помеѓу кошулицата и плочата), бидејќи ти веќе си изолиран со таа изолација што е под кошулицата.Секогаш е подобро да ги имаш двете но од аспект на исплатливост мислам дека не е толку исплатливо (иако не е многу скапо) и пожелно е да се направи ако ептен ти остануваат така пари од предвидените за изградба па сакаш да правиш некој полупасивен дом.

Јас лично незнам што е поубаво бидејќи ни едното ни другото не користам ,но порано имав од оние електричните подни греења и бев доста задоволен, а другар има подно греење во кујна/трпезарија (го правеше пред 2 години како замена за парното) и е многу задоволен, а и сум бил работно во неколку дома кој целосно домот им бил со подно греење и секогаш биле топли (дури и при -10 степени надвор). Е сега тука  од аспект за живеење е битно дали си/сте подготвени да живеете во дом кој ќе биде целосно со плочки наместо паркет, бидејќи подното греење најдобро загрева кога е со плочки (всушност тоа е и „задолжително“ да се намести), а воедно и често (ако не секогаш) да носите собни влечки/папучи (поради плочките).
Back to Top
Ognen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Mar-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ognen Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Apr-2014 at 20:39
Извинете знам дека ќе бидам надвор од темата, но да прашам само дали има варијанта на подно греење со ламинат наместо плочки,знам дека ќе има загуба, но дали е значителна?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Apr-2014 at 20:43
Хмм не гледам зашто не би било можно ,само лошо е што ламинатот е еден вид на дрво па воедно и лесно ја губи топлината откако ќе се загрее во споредба со керамиката, затоа е и препорачливо да биде керамика ,инаку не гледам причина зашто не би можело, дури и ако не се лажам имаше некаде по интернет такви примери.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.108 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.