build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стадион под Тумбе Кафе - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стадион под Тумбе Кафе - Битола
    Posted: 22-Apr-2010 at 02:33

Битола ќе добие фудбалски храм

БИТОЛА. - По четиригодишно одложување, наскоро во Битола треба да почне реализацијата на проектот за модернизација на стадионот "Под Тумбе кафе". Според информациите од управата на Пелистер, станува збор за реконструкција на источната трибина и за поставување рефлектори на стадионот. Во финансиската конструкција за реновирање на трибината, со најголем дел на средства ќе учествува УЕФА, по теркот на претходните наменски вложувања во осовременување на инфраструктурата на стадионите во Струмица, Прилеп, Тетово и Куманово.
За разлика од овие објекти, на стадионот во Битола ќе бидат инсталирани и рефлектори, оние од националната арена "Филип Втори" во Скопје, кои на барање на Општина Битола им беа отстапени на битолчани од страна на Министерството за транспорт и врски.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=DB8724382ACE1944937BC81F03888B77

Со Хари на чело на ФФМ оваа работа? Хммм...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Apr-2010 at 07:57
Originally posted by гитардемон


Со Хари на чело на ФФМ оваа работа? Хммм...

Зошто, што е финтата?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Apr-2010 at 12:17
Битола требаше да биде главен град, независна Битола, и такви мајтапи на страна, Хари Паша има проблеми со неговите неистомисленици во Битола (и другите градови секако). Сите знаеме како стана Хари тоа што стана, но нажалост никој не знае во кои криминали се вмешани челниците на ФФМ. Тоа што е сигурно за криминалите е местењето на натпревари, но сето друго е чаршиски муабет кој не може да се потврди. Но традиционално често има закачки со управите на битолските клубови. btw off-topic, Хари и неговиот Mercedes S-600 се барем 3 пати во неделата во Битола каде што има обложувалница. Ко за претседател сигурно многу оди на работа

Инаку ме интересира само по чија иницијатива е ова со стадионот, бидејќи по Хариева волја не е сигурно (ако воопшто се реализира). Доволен показател за тоа дека не се милуваат е што кога беше штрајкот (кога ги дисквалификуваа Македонија Ѓ.П. и Слога Југомагнат) и Пелистер беше од тие што штрајкуваа (но подоцна со потплата од Хари се откажаа, а тогаш Пелистер немаше денар скршен да ги плати ни младинците, така што оваа информација е 99% точна), а исто така кога беше походот на Панчев за смена на Хари пред 4-5 години, и Пелистер беше во тие против Хари.

Сè на сè, во двата обиди за пуч на власта на Хари, Пелистер два пати беше против Хари

Ако е премногу офтопик, слободно да се брише.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Jan-2011 at 01:04
Ќе добие ли градскиот стадион рефлектори
СРЕДА, 05 ЈАНУАРИ 2011 17:05


Изминатиов период опозицијата често ја критикуваше институцијата градоначалникот велејки дека Талески е богат со арсенал од типот ветив но не исполнив посеочени беа Булеварскиот влез, па неасвалтирани улици низ градот и ред други работи на што градоначаникот на последната седница даде одговор и објаснување за се.Така беше и со поставеното прашање од страна на ЛДП каде се донираните рефлектори од скопскиот грдски стадион наменети за битолскиот и зошто истите не се поставени.



„ Вашиот Министер Милошески вети дека рефлекторите од градски ќе ги донира во Битола , според мои сознанија рефлекторите општината ги доби ако не сте информирн прашајте го Трајче Котевски па ве прашувам зошто истите не се поставени."- вели Горан Милевски советник од ЛДП.



Претходно одговарајќи ан советнички прашања и објаснувајќи дека онаму каде општината нема инеренции неможе да работи, градоначалникот ја појасни состојбата со рефлекторите потврдувајќи дека тие навистина се во општината.



„ Кога посегнавме да ги поставиме рефлекторите , наидовме на пречка стадионот не е во надлежност на општината, рефлекторите ајде нека се донација, потребно е докуменатција и проект да изготви тој кој раководи со стадионот."- вели Владимир Талески градоначалник.



Талески уште еднаш укажа дека онаму каде општината нема законска обврска да биде активна тоа нема да го прави а доколку одржувачите на битолскиот стадион достават барање до општината таа експресно ќе го проследи барањето и рефлекторите ќе бидат поставени.

Градоначалников на Нерва ми оди со тоа НЕМАМЕ ИНГЕРЕНЦИИ...
Некел да ги постави,а можи зошто никој не побарал од нив..Алоо кој да побара..свесен е што зборува овај
Back to Top
TomceBT View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TomceBT Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Apr-2012 at 19:08
Originally posted by гитардемон

БИТОЛА. - По четиригодишно одложување, наскоро во Битола треба да почне реализацијата на проектот за модернизација на стадионот "Под Тумбе кафе". Според информациите од управата на Пелистер, станува збор за реконструкција на источната трибина и за поставување рефлектори на стадионот. Во финансиската конструкција за реновирање на трибината, со најголем дел на средства ќе учествува УЕФА, по теркот на претходните наменски вложувања во осовременување на инфраструктурата на стадионите во Струмица, Прилеп, Тетово и Куманово.
За разлика од овие објекти, на стадионот во Битола ќе бидат инсталирани и рефлектори, оние од националната арена "Филип Втори" во Скопје, кои на барање на Општина Битола им беа отстапени на битолчани од страна на Министерството за транспорт и врски.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=DB8724382ACE1944937BC81F03888B77

Со Хари на чело на ФФМ оваа работа? Хммм...

Roll%20eyes



Мижи да те лажам LOL


LOL
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Feb-2014 at 01:45
Фудбалски стадион за 12.000 гледачи ќе се гради во Битола

Понеделник, 03 Февруари 2014 15:10

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, денеска го промовираше проектот за изградба на нов фудбалски стадион со капацитет од 12.000 гледачи.

Според Талески, општината годинава ќе издвои над половина милион евра за изградба на стадионот, реконструкција на спортската сала „Младост“ и други интервенции на спортски објекти во Битола.

- За 120 работни денови ќе биде завршен целиот проект со потребната проектната документација. Решени сме да направиме убав стадион во Битола и затоа одлучивме да идвоиме финансиски седства. Овој проект вреди над 6,5 милиони денари, а ако кон тоа ги додадеме планираните средства за реконструкција на спортската сала, тогаш слободно може да се каже дека во 2014 година општина Битола ќе вложи повеќе од половина милион евра за спортот и спортистите, истакна Талески на денешната прес-конференција.

Тој потврди дека освен за домашни, новиот стадион во Битола ќе биде и за меѓународни натпревари, но ќе се користат и помошните спортски терени и патеки.

- Стадионот ќе биде за натпревари од втора категорија, односно меѓународни натпревари кои во Битола ќе може да ги игра младинската репрезентација на Македонија, како и клубски натпревари од европските купови. Исто така, ќе може да се организираат атлетски натпрервари од ранг на Балкански првенства. Разгледавме 11 предлог решенија за новиот стадион, а се со цел да избереме најоптимално решение со меѓународно признати квалификации, посочи архитектот Предраг Андонов.

Првите тендери за изградба на стадионот под Тумбе кафе ќе бидат објавени пролетва.


http://www.kurir.mk/republika/opstini/146719-Fudbalski-stadion-za-12000-gledaci-ke-se-gradi-vo-Bitola



Се ова убаво е ама ако неможе да игра А фудбалската селекција тука квалификации или пријателски средби тогаш мислам дека е направена голема утка, пред се потребно е да има некоја алтернатива за Скопје зошто само тој ни е стадион за одигрување меѓународни утакмици и сметам дека е навистина глупо ако не испланирале и тука да може да се играат утакмици од највисок ранг, ако требало и поголем капацитет нека бапнеле само да може да ги исполни критериумите од УЕФА и ФИФА зошто кај нас стадион (а и се останато) се гради после неколку децении и ако сега зафркнат нема враќање.


Edited by mr bombastic - 04-Feb-2014 at 01:47
Back to Top
den View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote den Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Feb-2014 at 10:34
Definitivno ako ne se napravi stadion po standardi za medjunarodni natprevari e glupavo frlanje pari,standarsite se mnogu pobitni odkolku kapacitetot koj od 12000 i onaka e prgolem za BT.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Feb-2014 at 10:39


Од Екипа
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Feb-2014 at 10:43
ubavo e da se gradat stadioni, neka ima mladite kade da se tepaat
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Feb-2014 at 11:33
Во Битола ќе градат стадион, исто како што почнаа предизборно и во Прилеп да го градат.

И народов уште верува...   
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Feb-2014 at 14:01
Originally posted by Teglarot

Во Битола ќе градат стадион, исто како што почнаа предизборно и во Прилеп да го градат.

И народов уште верува...   


Нека јадат паштети за празници бе, кој им е крив    
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Feb-2014 at 15:32
Сите предлози за стадионот во Битола...



















За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Feb-2014 at 21:05
Не ми е јасно зашто во повеќето предлози десната трибина е отсечена (односно таа што е на десна страна на сликиве) и зашто во повеќето предлози има отсечени трибини, која е логиката да се гради стадион со отсечени трибини или пак со трибини само на три страни ?

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Feb-2014 at 21:13
Незнам зошто толку форсират патека за трчање како да сме атлетска нација број еден во светот. Непотребно се зголемуваат трошковите и габаритите на стадионот а и се намалува филингот а навивачите се предалеку. Ако толку се сака може да се изгради помошен терен за тренинг и на него нека има една атлетска стаза и монтажна трибина за едно илјада гледачи. 
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Feb-2014 at 21:44
Originally posted by daci92

Не ми е јасно зашто во повеќето предлози десната трибина е отсечена (односно таа што е на десна страна на сликиве) и зашто во повеќето предлози има отсечени трибини, која е логиката да се гради стадион со отсечени трибини или пак со трибини само на три страни ?

Izgleda topolite ke gi ostavat za da nema kritika kako vo Skopje deka gi secat drvata!?

Edited by Denko - 04-Feb-2014 at 21:45
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Feb-2014 at 21:57
Originally posted by Denko

Originally posted by daci92

Не ми е јасно зашто во повеќето предлози десната трибина е отсечена (односно таа што е на десна страна на сликиве) и зашто во повеќето предлози има отсечени трибини, која е логиката да се гради стадион со отсечени трибини или пак со трибини само на три страни ?

Izgleda topolite ke gi ostavat za da nema kritika kako vo Skopje deka gi secat drvata!?


Треба и во Битола како што прави еден градоначалник во СК да ги соберат Чкембарите и да ги прашат кој каква боја на столче сака. Big%20smile А тополите никако да не ги чепакат поради загадувањето во Битола и промените на клима на глобално ниво.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Feb-2014 at 22:00
Од поодамна стана стандард новите спортски објекти да се градат со 3 трибини.
 
СРЦ Борис Трајковски е таков пример, а очигледно и битолскиот стадион е планиран да биде ист таков пример.
 
А кога сме кај атлетските патеки, тие се повеќе од добредојдени, бидејќи речиси и ги нема во Македонија, кога зборуваме за професионални атлетски патеки за професионални атлетичари. Пред некоја година на телевизија 24 Вести ако добро помнам, беше емитувана посебна емисија за запоставеноста на атлетиката во Македонија, во голем дел поради недостатокот на професионални атлетски патеки.
 
" Македонија е мала земја, но секогаш остварувала големи победи "
е една од омилените реклами на актуелната влада на Република Македонија, но тие "големи победи" не можат да се реализираат без потребниот професионален тренинг.
 
Како да не е доволно тоа што ги праќаме националните спортски репрезентативци на квалификации и на натпревари на само неколку дена пред натпреварот, понекогаш на само 1 (ЕДЕН) или 2 (ДВА) дена пред натпреварувањето, поради што немаат доволно време за да се навикнат на околината и за да се подготват за натпреварувањето, додека останатите држави ги испраќаат своите национални спортски репрезентативци неколку недели порано, па уште и да не можеме да им овозможиме асален и професионален терен за професионално тренирање во родната татковина е срам над срамовите.
 
Една професионална атлетска патека повеќе секогаш е плус, и дефинитивно многу поисплатлив плус во споредба со неокласицистичкиот идиотизам на кој се фрлаат десетици милиони евра, ако не и стотици милиони евра секоја година.
 
А ги има и ред други идиотизми на кои се фрлаат не само народните пари, туку и позајмени пари, кои можам да ги набројам, но ајде да не навлегувам подлабоко во деталите.


Edited by Dexter26 - 04-Feb-2014 at 22:07
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Feb-2014 at 23:17
А да имаме и дваесет атлетски патеки и сите потребни услови, јас ама ич не верувам дека некогаш ќе има некој атлетичар од кај нас. Па одвај да се пробива некој од Русија, Германија, Британија, па ние ќе сме успееле. Како што рекоа ова е фрлање џабе пари, а атлетски патеки имаме веќе две и тоа за Македонија е сосем доволно.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Feb-2014 at 23:47
Previous
 
Тоа е веќе твое лично мислење околу тоа дека ич не веруваш дека некогаш ќе има некој атлетичар од кај нас.
 
Факт е тоа дека и 2 професионални атлетски патеки се премалку - ова е моето лично мислење.
 
Лично јас мислам дека секој фудбалски стадион во секој македонски град треба да има професионална атлетска патека, а со оглед на фактот дека не сите македонски градови немаат фудбалски стадиони, говорам за вистински стадиони, а не за спортски игралишта со квази-трибини, мислам дека нема ништо лошо во тоа да се инвестира во нови професионални атлетски патеки.
 
Па дури и да е фрлање џабе пари, јас лично мислам дека поисплатливо е тие пари да се фрлат џабе на професионални атлетски патеки, отколку на неокласицистичкиот идиотизам што се случува во Скопје.
 
Не за нешто друго туку, ем ќе бидат исплатливи и за аматерските и за професионалните атлетичари, ем сигурно нема да чинат десетици милиони евра, а дефинитивно нема да чинат стотици милиони евра.


Edited by Dexter26 - 04-Feb-2014 at 23:49
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Feb-2014 at 00:45
Ужас леле во Африка порани услови имаат за страмота .
Ке граделе европски Пелистер .
Греота е грaд како Битола со традиција да има ваков стадион
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.