build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стадион под Тумбе Кафе - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 10-Mar-2017 at 22:04
Oд ФБ...








Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 09-May-2017 at 14:16
Од ФБ,последниот апдејт од соблекувалните им е од 12 Април...











---


Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 05-Sep-2017 at 19:48
Наводно „привремени“

Стадионот под Тумбе кафе ќе добие монтажни трибини од ФФМ
http://tvorbis.com.mk/?p=241

https://www.youtube.com/watch?v=N57Ub0SQzGw
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1167
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 06-Jan-2018 at 18:55

6.01.2017

„ТУМБЕ КАФЕ“ ЌЕ БЛЕСКА

*Деновиве на стадионот во Битола ќе почне изградба на двете монтажни трибини зад головите, нешто налик на „Младост“ во Струмица. Проект вреден 500.000 евра кој преку ФФМ е донација на УЕФА

Убава вест за сите фудбалски вљубеници во Битола, во градот на конзулите. Имено прашање на денови е кога ќе стартува изградбата на двете монтажни трибини треба да никнат зад головите на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола. Со ова и конечно и дефинитивно се заокружува проектот наречен „Нов стадион во Битола“. Проект кој со  децении се чекаше од страна на сите во Битола, но и на сите искрени љубители на фудбалот во Македонија.

НАЛИК НА СТРУМИЧКИОТ „МЛАДОСТ“

Ова не е ништо ново, барем од аспект на ваков вид на трибини. Имено ова треба да биде нешто налик на она што беше изградено во Струмица, на стадионот „Младост“. И токму затоа овој стадион доби висока оценка и затоа на него се играат натпревари од европски карактер. Да потсетиме дека таму се играа натпревари од квалификациите во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа, а таму играше и ќе игра и нашата најдобра фудбалска репрезентација. Е сега откако се виде дека тој проект е успешен, се применува и во Битола. Никнуваат нови монтажни трибини и со ова, како што веќе напоменавме, заокружува проектот на ново под „Тумбе Кафе“.

ФФМ И УЕФА СО ПРОЕКТ ВРЕДЕН 500.000 ЕВРА

Деновиве почнува со изградба и би требало да биде се готово оваа пролет. Е сега кога ќе се пуштат во употреба останува да се види, секако дека битолчани со нетрпение ги очекуваат новите трибини. И треба да се каже дека целиот овој проект е со вредност од 500.000 евра и е донација на УЕФА, тоа е дел од програмата на Европската куќа на фудбалот, секако дека тука главен збор има и Фудбалската Федерација на Македонија. Поточно ова е проект на нашата Федерација која одлучи да се вклучи во реновирањето или изградбата на стадионот во Битола.

РЕФЛЕКТОРИТЕ ВЕЌЕ СЕ ПОСТАВЕНИ

Се ова треба да биде во насока конечно Битола да добие еден модерен, убав стадион од највисок ранг. Стадион кој би требало да има капацитет од некаде 12.000 гледачи, сосема доволно за потребите на љубителите на фудбалот во Битола но и на Фудбалскиот клуб Пелистер. Инаку познато е дека пред извесно време, пред неколку месеци поставени беа и рефлекторите на стадионот, па така кога ќе се создадат барем и минимални услови за одигрување на натпревари, истите ќе можат да се играат и во вечерни термини, под светлоста на рефлекторите. Нема што, кога се ќе биде готово, новиот и модерен стадион под „Тумбе Кафе“ нема да биде само во ново руво, туку овој стадион и во вистинска смисла на зборот ќе блеска. Секако на задоволство на сите нас но најмногу на задоволство на битолчани.

Монтажни ??????? нели треба да се гради нови трибини ?BashSuicide , зашто мислам дека монтажниве трибини ќе станат актуелни во наредниот период, исто како што се применуваат катастрофа фасади на објекти ?
http://sport.com.mk/default.asp?ItemID=555D814C43F3E14CA9EE80BFC2E974B2
Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 28-Jan-2018 at 22:38
Oд ФБ...

Се е исто само двојче го нема!
#СакамеСтадион во #Битола







Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 27-Sep-2019 at 14:06



Edited by JOE - 27-Sep-2019 at 15:28
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 27-Sep-2019 at 17:52
Опааа, има ли рендер како ќе изгледаат трибините?
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 27-Sep-2019 at 20:24
Како фудбалски фан и како фан на Пелистер иако не сум Битолчанец - додека сите ги градат стадионите да имаат трибини што поблиску до теренот, ние во 2019 градиме трибини на 20 метри од теренот. Ептен ми е мило што се гради стадионов каков-таков, Битола заслужува вакво нешто и дај боже да се најдат силни спонзори за Пелистер, ама на ништо нема да личи, а публиката губи најмногу.

Во Скопје беше истиов случај при големата реконструкција кога ја оставија атлетската патека, па после и ја реновираа и што бидна? Ниту атлетски митинзи имаме, ниту атлетика, само публиката гледа од 70 метри ако си седнат најгоре. Не сум против атлетика, но оваа пракса е од 50-60ти години на минатиот век. Денешно време постојат стадиони специјално за атлетика. Така добива и фудбалот и атлетиката.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 27-Sep-2019 at 20:43
Originally posted by Џоле

Опааа, има ли рендер како ќе изгледаат трибините?



Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 25-Oct-2019 at 09:55

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 28-Oct-2019 at 13:58


Edited by Џоле - 28-Oct-2019 at 19:05
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 29-Jan-2020 at 13:27


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 29-Apr-2020 at 14:55
Од пред некој ден...





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 07-Jun-2020 at 11:05
Состојба од пред 2 месеца (барем видеово е од тогаш)

За сè има вторпат
Back to Top
nekojsio View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nekojsio Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 11-Jul-2020 at 22:29














Back to Top
nekojsio View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nekojsio Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 11-Jul-2020 at 22:32
Back to Top
Nekojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Nekojsi Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 24-Jul-2020 at 15:09
https://nezavisen.mk/stadionot-vo-bitola-dobiva-nov-moderen-lik-po-uefa-standardi/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=stadionot-vo-bitola-dobiva-nov-moderen-lik-po-uefa-standardi





Битола е град на фудбалот, а битолчани од недела до недела живеат за фудбалот чекајќи ги натпреварите на стадионот под Тумбе Кафе. Без оглед дали ФК Пелистер игра со Вардар, Победа или Брегалница, фудбалерите на битолскиот тим имаат безрезервна поддршка од битолчани. Она што спортската јавност во Битола со децении го посакуваше е нов стадион под Тумбе Кафе.

Северната трибина од стадионот интензивно се гради и го добива новиот лик. Наскоро стадионот ќе добие комплетно опремена трибина за 4.500 гледачи, со соблекувални, со прес-канцеларии, свечена ложа и сите пропратни елементи. Или вкупно, стадионот ќе има капацитет од 12.300 столчиња.

„Армирачко–бетонските работи за кои временски е потребно најдолг период на изведба се во завршна фаза и остануваат уште неколку елементи од монтажните трибини. Во овој момент реализацијата на проектот е над 50 отсто. Ѕидарските работи по сите нивоа се завршени 100 проценти. Над 50 отсто е реализацијата на системите за греење, ладење и вентилација. Се работи и делот со столаријата. Отпочнати се активности за изградба на челичната кровна конструкција. Реализацијата се одвива со значително зголемена динамика“, велат од Општина Битола.

Министерството за транспорт и врски го распиша тендерот за градежните работи со со кој ќе се покрие еден дел на каналот кој врви низ поранешната касарна. А друг дел, кој поминува покрај Градскиот стадион, ќе се премести. Со тоа се отвора можност за поврзување на улицата која води низ касарната со улицата „Крушевска Република“ покрај Градскиот стадион. Битола ќе добие нова градска артерија и растоварување на градскиот сообраќај. Ако сѐ се одвива во ред, средината на септември е рокот кога би се почнало со реконструкцијата.

На стадионот во Битола се игра не само машки ами и женски фудбал. На зелениот килим покрај градежните работи ова лето, се игра и тренира, а секој ден е преполно со тимови на млади фудбалери. ФК Пелистер полека, но сигурно се враќа на старите патеки. Оваа година ќе биде конкурент во Првата лига каде се враќа по две години пауза и огромната финансиска дупка наследена од поранешната управа.

„Новата трибина на стадионот во Битола ќе значи подобри услови за работа за сениорската екипа на ФК Пелистер, и за домашните и за гостинските екипи. Трибината се гради според УЕФА стандарди со соблекувални, фитнес сали, допинг сала, она што досега го имавме со просечни услови или воопшто го немавме. Подобрените услови ќе значат враќање на гледачите на трибините“, вели Пеце Коруновски, директор на ФК Пелистер.

Во моментов во Битола само во младинските категории на ФК Пелистер членуваат до 350 деца од 5 до 18 години. А во останатите пет фудбалски школи уште 200 до 250 младинци тренираат фудбал.

Она што на градот му е потребно покрај трибината е нова инфраструктура, нови зелени терени.

„Проблемите со кои се соочуваме се од организациски карактер од одржување во и околу стадионот, заштитата на помошното игралиште, ни недостигаат еден до два терени за подобра работа. Ние имаме само еден терен со вештачка трева, а ни требаат два до три, па макар да се и по пола терен“, вели Коруновски.



Новата северна трибина на стадионот започна да се гради пред четири години, за време на бившата власт, но товарат да се изгради падна на новата локална власт.

Проектот е изработен во февруари 2016 година, од фирмата „Мегарон“ од Скопје.

На почетокот на 2016 г. општина Битола отпочна постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изведба. На аукцијата избран е „Гранит“. Вредноста на основниот договор изнесува 331 милион денари или околу 5,5 милиони евра.

Градежните работи започнаа во октомври 2016 година, за време на мандатот на градоначалникот Владимир Талески. Но од она што се сработи на терен ексградоначалникот исплатил 150 илјади евра што е само три отсто од вкупната вредност на стадионот. Новата општинска структура и градоначалничката Наташа Петровска ги стави во поголема брзина сите градежни активности. Досега се исплатени 1,75 милиони евра за реализирани градежни активности.

Спортската јавност во Битола веќе неколку години јавно ги повикува надлежните стадионот да биде преименуван по репрезентативецот Петар Милошевски, еден од најдобрите голмани што го имала Македонија, кој прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа.


Edited by Џоле - 24-Jul-2020 at 16:16
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 11-Aug-2020 at 23:53
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 21-Sep-2020 at 19:01


https://bitolanews.mk/2020/09/18/фото-вест-се-гледа-новиот-изглед-на-гра/

Edited by Џоле - 21-Sep-2020 at 19:16
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 17-Oct-2020 at 08:32
Originally posted by ТЕРА ТВ


Се поставува кровната конструкција на северната трибина

Продолжуваат градежните работи на стадионот во Битола. Откако се изгради северната трибина, работите продолжија со поставување на челичната контрукција на кровот на трибината.



Следна активност ќе биде поставување на рефлекторите кои ги обезбеди Фудбалската федерација на Македонија.



Претседателот на советот Валентин Груевски вели дека очекувањата се дека северната трибина ќе биде готова во март следната година, а на неа ќе има 4500 седишта. Вели дека завршувањето на градбата можеше да се случи и порано, но сепак коронакризата има свое влијание, особено во оној период кога имаше бројни рестрикции.

За оваа трибина ќе се потрошат околу 5,5 милиони евра. Груевски вели дека за општина Битола оваа е голема сума, но дека тие ги вложиле сите напори она што се започна да биде завршено.



За останататите трибина засега нема било каква најава дека би можело да се влези во еден таков зафат, заради потребата од многу пари, што ги надминува можностите на општината.




Стадионот под Тумбе кафе е спортскиот симбол на градот и на ФК Пелистер. Тука се играле многу натпревари, се одмерувале спортските сили, а навивачите од трибините секогаш го бодреле својот клуб.

Оваа локална самоуправа си ја презеде обврската да го заврши она што го започна претходната. Една од темите на секој изборен процес на локалните избори беше барањето за нов стадион под Тумбе кафе.


https://tera.mk/se-postavuva-krovnata-konstrukczija-na-severnata-tribina
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.